КАФЕ ПАУЗА

Tag: врски

  • 6 вида токсични луѓе со кои не треба да започнувате сериозна врска

    6 вида токсични луѓе со кои не треба да започнувате сериозна врска

    Среќните врски се составени од стотици мали работи. Една од нив е вербата. Секој ќе се согласи дека е многу важно да му верувате на вашиот партнер. Но, некои луѓе не можат а да не го изневерат својот партнер. Погледнете ги 6-те видови луѓе со кои не треба да почнувате сериозна врска. Со нив само ќе го трошите вашето време.rn

    1. Нарциси

    rn(1)6-vida-toksichni-lugje-kafepauza.mk.jpgrnrnОвие личности сакаат да го имаат вниманието на сите. Тие многу често го бараат совршениот партнер и искрено мислат дека нивната сегашна врска не е доволно совршена за да продолжат понатаму. И се разбира, тие секогаш ги обвинуваат другите.rn

    2. Претерано романтични

    rn(2)6-vida-toksichni-lugje-kafepauza.mk.jpgrnrnПроцесот на заведување и создавање нова врска е многу важен за романтичарите. Овие луѓе сакаат да бидат импресионирани, бидејќи во спротивно им станува здодевно. Тие не сакаат граници и најмногу ја ценат својата слобода.rn

    3. Личности со ниска самодоверба

    rn(3)6-vida-toksichni-lugje-kafepauza.mk.jpgrnrnСекому му се случува да има ниска самодоверба за одредени работи. Но, ако некој не знае да го живее својот живот и постојано бара признание од другите, тоа е опасен знак. Кога овие луѓе ќе почувствуваат и најмало оддалечување од партнерот, тие веднаш бараат нова врска која ќе биде поразлична.rn

    4. Себични луѓе

    rn(4)6-vida-toksichni-lugje-kafepauza.mk.jpgrnrnСебичните луѓе толку многу се грижат за себе, што забораваат дека можеби и нивните блиски имаат проблеми. И не разбираат дека можеби токму тие се причината за овие проблеми. Сепак, секогаш си простуваат за работите кои не можат да ги поднесат кај другите.rn

    5. Страдалници

    rn(5)6-vida-toksichni-lugje-kafepauza.mk.jpgrnrnОвие луѓе секогаш глумат жртви. И најмалите работи ги прават тажни. Тие секогаш бараат некој што ќе ги утеши, па кога партнерот нема да го направи тоа, тие ќе почнат да бараат некој нов.rn

    6. Критичари

    rn(6)6-vida-toksichni-lugje-kafepauza.mk.jpgrnrnИ овие луѓе имаат проблем со самодовербата. Тие го користат критикувањето како одбранбен механизам. Ним не им е проблем да ги повредат другите и не се способни за здрава и сериозна врска.rnrnПогледнете ги и токсичните врски на работното место од кои треба да бегате.

  • 13 знаци дека прерано сте стапиле во брак

    13 знаци дека прерано сте стапиле во брак

    Идејата дека љубовта е сè што ѝ е потребно на една врска звучи многу добро, но често ситуацијата е поинаква. Некои луѓе толку многу се заслепени од љубовта, што воопшто не разговараат за големите проблеми пред да стапат во брак. Овие 13 знаци ќе ви покажат дека сте избрзале со оваа одлука.rnrnBoyfriend requesting hand of his girlfriend with a engagement ringrn

    1. Мислевте дека бракот ќе ви ги реши проблемите

    rnБракот нема да ги реши проблемите како осаменоста и несреќата. Ако сте стапиле во брак мислејќи дека вашите лични проблеми ќе исчезнат, брзо ќе сфатите дека сте згрешиле.rn

    2. Сте чувствувале притисок

    rnБез разлика дали притисокот бил од општеството, семејството или религијата, ова не е причина за стапување во брак. Бракот е голем чекор во вашата врска и треба да биде според вашиот распоред, а не според некој туѓ.rn

    3 Сте сметале дека бракот е следниот природен чекор

    rnКако што можете да чувствувате притисок однадвор, можете и самите да си го создавате. Можеби сте мислеле дека предолго сте во врска, па бракот е единствената опција која ви останала. Добро размислете дали бракот навистина е следниот чекор.rn

    4. Живеете заедно пред да разговарате за брак

    rnКога двајца луѓе ќе почнат да живеат заедно, важно е да имаат исти очекувања од врската. Едно истражување покажало дека паровите кои живееле заедно пред да стапат во брак имале помало задоволство во бракот за разлика од оние кои чекале.rn

    5. Никогаш не сте живееле со партнерот пред бракот

    rnОд друга страна пак, многумина веруваат дека заедничкиот живот пред бракот е најдобриот начин да откриете дали сте добри еден за друг. На некој начин, ќе знаете што ве чека кога ќе стапите во брак и ќе откриете дали вашите животни навики си одговараат.rn

    6. Никогаш не сте биле тим

    rnВажно е да го поддржувате партнерот и понекогаш да се помирите дека некои работи не може да бидат како што сакате. Ако вие и вашиот партнер никогаш не сте се сложувале, веројатно исто ќе биде и во бракот.rn

    7. Не знаевте кои сте пред бракот

    rnАко не сте уверени во вашата индивидуалност, премногу е рано за брак. Пред да можете да ѝ се посветите на друга личност, важно е јасно да ги гледате вашите цели и да знаете каква личност сте.rn

    8. Никогаш не сте разговарале за деца

    rnВажно е вашиот партнер да знае дали сакате да имате деца. Ако имате многу различни ставови за оваа тема, ќе настанат многу проблеми.rn

    9. Никогаш не сте разговарале за целите во кариерата

    rnДенес изгледа најважно е да бидеме успешни во работата. Деновите кога работел само едниот родител, а другиот се грижел за децата се одамна зад нас, па важно е да разговарате со партнерот за плановите во вашата кариера. Треба да знаете што да очекувате еден од друг.rn

    10. Вие го сакате потенцијалот на вашиот партнер

    rnКога двајца луѓе стапуваат во брак, се очекува да ја сакаат личноста која веќе се. Луѓето се менуваат, но не треба да стапите во брак со надеж дека партнерот ќе се промени. Ако не ви се допаѓа сегашната „верзија“ на партнерот и само чекате да се појави неговиот вистински потенцијал, можеби е рано за брак.rn

    11. Планиравте само до венчавката

    rnНормално е да ѝ се радувате на венчавката. Но, важно да а разговарате и што ќе се случи по неа. Ако сте немале никакви планови за после прославата, можеби не сте биле подготвени за брак.rn

    12. Религиозни верувања

    rnИако можеби не размислувате за религијата, оваа тема сигурно ќе се појави во бракот. Најмногу проблеми се создаваат кога ќе имате деца. Можеби сте мислеле дека вашиот партнер не е религиозен, но откако дошле децата сте дознале дека сака да ги носи во црква. Разговарајте за овие работи однапред.rn

    13. Пари

    rnЕдниот партнер смета дека после бракот сите финансиски средства ќе се делат, додека другиот не е спремен за тоа. Пред да стапите во брак разговарајте за тоа како ќе ги делите финансиите. Секој има различно мислење за оваа тема па со овој разговор ќе избегнете многу потенцијални проблеми.rnrnПогледнете ги и 7-те погрешни причини за стапување во брак.

  • 12 приказни кои се доказ дека вистинската љубов навистина постои

    12 приказни кои се доказ дека вистинската љубов навистина постои

    Постојат многу скептици кои воопшто не веруваат во љубовта. Но кога ќе ја почувствувате не можете да не признаете дека таа е вистинска. Овие 12 вистински приказни ќе ве убедат во постоењето на вистинската љубов.rnrnrn

    „Мојот сопруг замина на забава на работното место. Нивниот тим беше млад, па имаше и атрактивни девојки. Секогаш му верував, но се чувствував малку љубоморна. Кога се врати дома малку напиен и отиде да спие, решив да го бакнам. Тој буквално ме удри. Бидејќи беше речиси заспан, тој си помислил дека јас сум една од неговите колешки. Повеќе не сум љубоморна и сум многу горда на својот сопруг.“

    rn

    „Вистинската љубов за мене не се скапи подароци и цвеќиња. Вистинска љубов е кога татко ми ѝ помага на мајка ми да се избања, и купува сè што ѝ е потребно и секојдневно ѝ ги чисти чевлите. Исто така, тој никогаш не заборава да ѝ каже колку е убава. Тој навистина ја сака својата сопруга која има сериозни проблеми со ‘рбетот.“

    rn

    „Кога бев малечка поминував многу време со мојот пријател Мајкл. Одевме во полето надвор од градот за да ги гледаме ѕвездите. Не правевме ништо погрешно, тоа беше само детско пријателство. Тој ми кажуваше приказни за соѕвездијата и за ѕвездата Северница. Се сеќавам кога си помислив дека нема да ми биде многу лошо ако му ја перам облеката. Изгледа тоа било вистинска љубов.“

    rn

    „Еднаш решив да направам романтична вечера за сопругот. Нашиот распоред на работење обично не ни го дозволува тоа. Само што завршив со готвењето некој заѕвони на ѕвончето. На вратата беше мојот сопруг со букет цвеќе. Ми рече дека само сакал да ја направи својата сопруга среќна.“

    rn(3)12-prikazni-koi-se-dokaz-deka-vistinskata-ljubov-navistina-postoi-kafepauza.mkrn

    „Мајка ми ми кажуваше дека татко ми секогаш ја чекал од работа на автобуската постојка. Му било страв да не ѝ се случи нешто. Автобусот пристигал само 2 пати во еден час, а тој ја чекал дури и кога доцнела. Без разлика дали врнело дожд или снег, тој секогаш бил таму. И никогаш не се жалел за тоа.“

    rn

    „Беше вечерта пред мојот роденден, а моето момче заминуваше од кај мене во 23.50 за да не го испушти автобусот. Тогаш на полноќ добив порака со која ми го честиташе роденденот. Додека му го пишував одговорот, го слушнав ѕвончето. Кога отворив ме пречека моето момче со многу балони. Беше многу нервозен, но сепак успеа да ја прочита поемата. Тоа е најубавото нешто кое го имам видено.“

    rn

    „Само што ја почнавме врската кога го поканив момчето кај мене. Но, баш тој ден настинав и тоа толку многу што одвај зборував. Си помислив дека тоа е крајот на нашата врска. Но, момчето ме изненади. Вечерта отиде до аптеката и ми ги купи потребните работи. Потоа легна до мене и цела вечер остана да се грижи за мене.“

    rn

    „Еднаш го прашав сопругот што е тоа љубов. Тој ми напиша: ‘Тоа е кога таа има дамки од чоколадо и мајонез на нејзината блуза, а вели дека јаде само зеленчук бидејќи е на диета. А ти ѝ веруваш бидејќи премногу ја сакаш оваа жена’.“

    rn(1)12-prikazni-koi-se-dokaz-deka-vistinskata-ljubov-navistina-postoi-kafepauza.mkrn

    „Баба ми не може да оди и дедо ми се грижи за неа. Секоја пролет, па и во текот на целата година, тој ѝ купува цвеќиња и слатки. Не можам да не се воодушевам од него.“

    rn

    „Секој има слатка и романтична љубовна приказна. Дали знаете како јас го запознав моето момче? Бевме на забава и тој само ми рече: ‘Ти си моја сега. Да не си се осмелила да ме напуштиш!’ Ете тоа е мојата љубовна приказна.“

    rn

    „По една жестока расправија со мојата девојка, отидов да спијам во автомобилот. Тогаш ја здогледав девојка ми во пижами пред мене. Ми донесе перница и ќебе. Ноќта ја поминавме заедно.“

    rn

    „Вчера ни беше втора годишнина со сопругот. Требаше да одиме во ресторан за да прославиме, но не бев расположена и го замолив сопругот да не купува цвеќиња. Кога дојде да ме земе за да одиме во ресторанот, здогледав мал рачно изработен букет од хартија. Тој го направил за мене и овие цветови ми се поважни од кој било друг подарок.“

    rnПрочитајте ги и овие цитати за безусловната љубов кои ќе го променат вашиот живот.

  • Кажете им збогум на сите луѓе што не ја возвраќаат вашата љубов

    Кажете им збогум на сите луѓе што не ја возвраќаат вашата љубов

    Збогувајте се со љубовниците што не ве љубеле, со оние во кои сте се заљубиле длабоко и на кои сте им дале сè, а за возврат не сте добиле ништо. Оние со кои сте биле во врска, сте се гледале и љубеле, но како од далечина. Оние што не сакале да се венчаат со вас, како и оние што не сакале да имаат деца со вас. Збогувајте се со оние сакани што едноставно секогаш ве ставале во втор план и ве држеле во близина само за кога ним им требало друштво.rnrnkazhete-im-zbogum-na-site-lugje-shto-ne-ja-vozvrakjaat-vashata-ljubov-www.kafepauza.mkrnrnЗбогувајте се и со оние што можат да го живеат својот живот без вас – оние што направиле да се чувствувате како никогаш да не сте доволно добри за нив. Оние што ве суделе кога вие сте ги прифаќале токму онакви какви што сте и што никогаш не можеле да видат колку сте прекрасни. Збогувајте се со оние што прават да се чувствувате исплашено, разочарано и виновно во нивна близина, со оние што само ве искористуваат кога нешто ќе им биде потребно, а потоа ве исфрлаат од својот живот без никакво предупредување (додека не им притребате повторно).rnrnЗбогувајте се со семејството што не ја возвраќало вашата љубов, со оние што ве оставиле да бидете бездомници кога не сте имале каде да одите. Оние што биле себични, љубоморни, злобни и насилни. Оние во кои сте инвестирале години од вашиот живот, а тие само земале и земале сè додека не останало ништо од вас, а за возврат ви дале само нервози. Збогувајте се со оние за кои сте жртвувале дел од себе, а тие никогаш не ви кажале ниту едно единствено„благодарам“. Збогувајте се со оние со кои единствената поврзаност ви е крвта, а немате ништо друго заедничко. Оние што никогаш не верувале во вас, никогаш не ве поддржувале и никогаш не ве бранеле.rnrnЗбогувајте се со најдобрите пријатели што не ви ја возвратиле искрената љубов. Оние што не биле тука кога ви биле потребни, иако вие сте им биле достапни 24/7! Оние што не го славеле вашиот успех, остварувањето на вашите соништа, туку само завидливо гледале во вас и правеле да се чувствувате несигурни во своите чекори. Збогувајте се со оние што биле презафатени за да се видат со вас, оние што заборавиле да ви се јават…rnrnЗбогувајте се и со оние што ве земаат здраво за готово. Оние што ја предале вашата доверба. Оние што одбрале друга врска наместо врската со вас. Збогувајте се со оние што дозволиле далечината да ве раздели, со оние што не го ценеле вашето пријателство и со оние што бегале од вас кога сте минувале низ тешки денови.rnrnИ најважно од сè, збогувајте се со оние што прават да се чувствувате мртво однатре, а кажете им здраво на оние што прават да се чувствувате живот. Збогувајте се со оние што само земаат од вас, а кажете им здраво на оние што ви возвраќаат со секој чекор. Збогувајте се со оние што ве повредиле, а кажете им здраво на оние што ве излечиле. Животот е прекраток за да се опколите со луѓе што не ве сакаат, не ве ценат и не ве поттикнуваат да бидете најдобрата верзија од себе.

  • Да се биде сингл е чудна форма на сила

    Да се биде сингл е чудна форма на сила

    Во денешниот свет на постојано разменување пораки и повици многу е лесно да најдете личност која ви одговара. Целиот концепт на врските станува толку многу познат што ако после одредена возраст немате партнер, луѓето ќе почнуваат да се прашуваат зошто уште сте сами. Овде не спаѓаат само членовите на вашето семејство, овде спаѓаат и вашите пријатели кои се во врска, но и оние кои не се.rnrnda-bidete-singl-e-chudna-forma-na-sila-kafepauza.mkrn

    Да се биде сингл е избор

    rnОва е разумен избор. Да се биде сингл не значи дека имате некое нарушување или нестабилност, туку тоа покажува дека вам не ви е потребна друга личност за да бидете стабилни. За зрелост се смета да бидете во врска, но и да се биде сингл спаѓа во истата група. Вие сте доволно зрели за да знаете што е најдобро за вас.rn

    Да се биде сингл е чудна форма на сила

    rnТреба да бидете навистина силни, трпеливи и храбри за да се соочите со сите проблеми на личностите кои се сингл. Треба да ги впивате „советите“ од другите, сами да одите на настани, да им објаснувате на пријателите и семејството…rn

    Да се биде сингл е забавно

    rnВие сте вашиот господар. Јадете што сакате, носите што сакате, одите кај сакате… Гледајте се со луѓето според вашиот распоред, без никакви обврски. Покрај тоа не мора постојано да барате компромис за да го усогласите вашиот распоред. Не мора постојано да ги разбирате верувањата на некого иако не се согласувате со нив. Не заборавајте и на сите викенди кои можете да ги поминете со најдобрите пријатели наместо со некој друг.rnrnВо олку напреден свет, време е сите да разберат дека секој има право да го живее животот што го сака, да ги донесува одлуките што ги сака и да го следи својот пат.rnrnПогледнете ги и работите кои секоја сингл девојка си ги има кажано барем еднаш.

  • 5 работи што секој од вас треба да ги побара во љубовната врска

    5 работи што секој од вас треба да ги побара во љубовната врска

    Врските бараат многу работа и не можат да опстанат ако е задоволена само едната страна. Важно е партнерите да пронајдат компромис и да ги прилагодат своите животи. Љубовта не е најважното нешто во една врска, потребно е и време и внимание со цел таа да опстане. Но некои луѓе можеби се плашат да побараат одредени работи од партнерот. Погледнете кои работи не треба да се плашите да ги побарате во врската доколку сакате таа да биде успешна.rnrn5-raboti-koi-e-vo-red-da-gi-pobarate-vo-vrskata-kafepauza.mkrn

    1. Внимание

    rnЗа врската да функционира потребно е партнерите да бидат достапни еден за друг. Мора да бидете подготвени да ги ислушате проблемите на партнерот и заедно да најдете решение. Комуникацијата е клучна за функционална врска.rn

    2. Посветеност

    rnНајдобрите работи во животот никогаш не се добиваат туку-така, вие треба да се борите за нив. Ако сакате да го поминете вашиот живот со партнерот, треба навистина да му се посветите.rn

    3. Емпатија

    rnЕмоциите може да бидат навистина комплексни и понекогаш да ве надвладеат. Луѓето можеби ќе ве гледаат чудно кога ќе станете премногу емоционални, но партнерот не треба да спаѓа во таа група. Вашиот партнер треба да биде способен да ве сфати и да се обиде да ви помогне.rn

    4. Разбирање

    rnВрската е еден вид тим. Мора да внимавате на вашиот партнер. За ова е потребно многу трпение и грижа и треба секогаш да бидете овде еден за друг.rn

    5. Спонтаност

    rnВрската може да стане здодевна со текот на времето, па и двајцата треба да ја цените едноставноста, но и да одите на заеднички авантури.rnrnИмате апсолутно право да ги поставите и овие 15 барања во вашата љубовна врска!

  • 6 знаци кои покажуваат дека сами си ја саботирате врската

    6 знаци кои покажуваат дека сами си ја саботирате врската

    Ако долго време не можете да ја најдете причината за проблемите, можеби треба да погледнете во огледалото. Можеби токму вие ја саботирате вашата врска, а не сте ни свесни за тоа. Погледнете ги 6-те знаци кои ќе ви помогнат да дознаете.rnrnRelationship breakdown. Depressed young man holding hand on head and looking away while woman sitting behind him on the couchrn

    1. Се повлекувате кога работите стануваат сериозни

    rnМногу луѓе мислат дека љубовта ќе биде лесна штом ќе го пронајдат вистинскиот човек. Вистината е дека колку поблиски станувате со партнерот, толку повеќе може да бидете повредени. Ако се повлекувате кога работите стануваат сериозни, можеби сакате да ја избегнете болката. Поврзувањето може да разбуди емоции кои биле закопани со години, а вашата врска нема да просперира ако не се справите со лузните од минатото.rn

    2. Премногу контролирате

    rnЗа врската да биде успешна, на секој од партнерите му е потребен простор. Ако не сакате да му дозволите на партнерот тој да го контролира својот живот, вашата врска сигурно нема да биде здрава.rn

    3. Врската се состои само од расправии без напредок

    rnАко сакате да правите сцени, голема е веројатноста вашата врска да не трае долго. Ова однесување може да биде обид да го прекриете вашиот страв од повреда, несигурност или подлабоки проблеми со кои се немате справено. Многу е поважно да се справите со вашите проблеми отколку да бидете во нездрава врска.rn

    4. Премногу барате

    rnНикогаш не е добро премногу да бидете зависни од партнерот. Ако постојано му се јавувате и ако постојано барате нешто од него, вие само го терате вашиот партнер да се оддалечи од вас. Важно е да се ослободите од оваа негативна навика и да станете личност со самодоверба која е независна.rn

    5. Никогаш не реагирате

    rnИако негрижата за постапките на партнерот можеби изгледа како врската да е совршена, сепак ова однесување е само маска. Тоа ќе го натера партнерот да мисли дека навистина не ви е грижа за него. Немојте да го држите партнерот на дистанца само затоа што ви е страв да ги кажете вашите мисли и чувства. Ако тој направи грешка, бидете искрени и разговарајте за тоа.rn

    6. Не му дозволувате на партнерот отворено да зборува

    rnАко партнерот ја нема слободата да биде свој во врската, таа нема да функционира. Важно е да му дозволите отворено да ви каже што мисли бидејќи тогаш ќе знае дека го прифаќате и цените. И покрај несогласувањата, секој заслужува да биде слушнат.rnrnПогледнете ги и 4-те фази на секоја успешна врска.

  • 5 знаци дека сте со вистинската личност во погрешно време

    5 знаци дека сте со вистинската личност во погрешно време

    Голема е веројатноста да ви се случило ова. Конечно ја пронајдовте вистинската личност, но времето е погрешно и судбината на врската е однапред запечатена. Но како да знаете дали навистина станува збор за ова? Дали постојат знаци дека сте со вистинска личност во погрешно време. Дали овој феномен воопшто постои? Погледнете ги следните знаци кои ќе ви помогнат да го одредите ова.rnrn5-znaci-deka-ste-so-vistinskata-lichnost-no-vo-pogreshno-vreme-kafepauza.mkrn

    1. Сè уште не сте најдобрата верзија од себе

    rnМожеби имате некој проблем или некаква зависност. Тогаш сигурно имате уште многу да работите на себе, а веројатно вашата врска ќе страда додека се обидувате да се подобрите. Можеби после неколку години кога конечно ќе ги надминете проблемите би биле совршени еден за друг, но сегашното време е погрешно.rnrn(1)5-znaci-deka-ste-so-vistinskata-lichnost-no-vo-pogreshno-vreme-kafepauza.mkrn

    2. Кариерата ви е поважна

    rnНема ништо лошо во тоа кариерата да ви биде на прво место. Всушност, важно е да бидете мотивирани, страсни и финансиски независни пред да се впуштите во сериозна врска. Кога сте во овој дел од животот нема да сакате да зависите од партнерот. Не сакате да бидете уценувани со тоа.rnrn(2)5-znaci-deka-ste-so-vistinskata-lichnost-no-vo-pogreshno-vreme-kafepauza.mkrn

    3. Сè уште го преболувате бившиот

    rnДали ви се има случено да сретнете некоја одлична личност веднаш по разделбата со бившиот? Ако сè уште сте со една нога во минатото, нема да можете да му се посветите на новиот партнер во сегашноста.rnrn(3)5-znaci-deka-ste-so-vistinskata-lichnost-no-vo-pogreshno-vreme-kafepauza.mkrn

    4. Имате проблеми со зависност од партнерот

    rnАко не знаете кои сте и ако не се сакате, тогаш сигурно не можете да сакате некој друг. Без разлика каква е хемијата помеѓу вас, ако не постојат граници врската ќе пропадне. Здравата врска вклучува две различни индивидуи кои созреваат заедно, но ја имаат својата независност.rnrn(4)5-znaci-deka-ste-so-vistinskata-lichnost-no-vo-pogreshno-vreme-kafepauza.mkrn

    5. Наскоро ќе се селите

    rnАко го сретнете „вистинскиот“ баш пред да се преселите во друг град, тогаш врската нема никакви шанси. Можеби ќе имате кратка авантура пред да заминете, но таа врска си има рок на траење.rnrnrnrnАко ја сретнете вистинската личност можеби времето ќе биде од ваша корист. Понекогаш кога мислите дека сте ја сретнале вистинската личност во погрешно време, може да станува збор само за партнер кој не е добар за вас.rnrnДали знаевте дека вашето тело ви покажува дека сте го пронашле вистинскиот?

  • Што всушност е анксиозноста и зошто ги отежнува врските?

    Што всушност е анксиозноста и зошто ги отежнува врските?

    Анксиозноста е широко распространет проблем, но многумина не сфаќаат што всушност претставува таа. Продолжете со читање доколку сакате да разберете како се чувствуваат луѓето кои страдаат од анксиозност.rnrnshto-vsushnost-e-anksioznosta-i-zoshto-gi-otezhnuva-vrskite-kafepauza.mkrnrnАнксиозност е почетната фаза на врската која се мачите да ја поминете бидејќи мислите дека постојано уништувате нешто уште пред да го започнете. Таа е останување до доцна во ноќта, превртувајќи се во креветот бидејќи се прашувате како се чувствува некој. Анксиозноста е кога се прашувате дали нешто е реално или се наоѓа само во вашата глава.rnrnАнксиозноста е возбудата за состанокот, но и мислењето дека ќе ви откажат во последниот момент. Таа е гледање во вашиот телефон и чекање на откажувањето. Тоа е секоја врска од минатото која се повторува, а вие се надевате дека овој пат ќе биде различно.rnrnАнксиозноста е крај што ве уништува емоционално. Вие се обидувате да се справите со неа со елеганција и гордост, но истовремено сте во солзи и се прашувате каде сте погрешиле. Се обвинувате дури и кога знаете дека вината не била ваша.rnrnАнксиозноста ви вели: „Не, тој не беше погрешната личност, вие сте тие со недостатоците што не сте доволно добри.“ Анксиозноста е стремење кон совршеност, иако тоа ве убива.rnrnАнксиозноста ви вели: „Намерно ве игнорираат. Не им е грижа. Ќе ве остават. Налутени ви се.“ Анксиозноста е верување во лаги кои постојат само во вашиот ум. Вам ви е полесно кога ќе сфатите дека сè е во вашата глава, но сепак продолжувате да се грижите. Конечно сте во прекрасна врска, но постојано сте парализирани од страв дека ќе заврши.rnrnАнксиозноста ве тера да ги тргате луѓето настрана бидејќи мислите дека тоа е подобро за нив. Ако направите и најмала грешка, мислите дека ќе бидете напуштени. Премногу сте строги кон себе иако вие не сте личност која суди.rn

    Анксиозноста е несигурност

    rnВие сте во полна соба, ја држите неговата рака додека ги запознавате неговите пријатели. Но сè што сакате во тој момент е да им се допаднете. Сакате и да се напиете, но ви е страв да не испиете премногу. Се плашите од извинувањето кое всушност не му го должите никому.rnrnАнксиозноста е кога сакате да му објасните: „Со ова ќе се справуваш. Ова го доби и разбирам ако сакаш да ме оставиш.“ Но, во исто време вие се обидувате да го скриете тоа. Ви треба многу време за да му верувате.rn

    Ви треба постојано успокојување

    rnАнксиозноста е кога вашиот партнер ќе ве прегрне, а вие конечно ќе попуштите, и тој мора да ви каже дека сè ќе биде во ред. Некој друг е силен за вас бидејќи вие не можете. Но во исто време ви е страв да му дозволите да ви се приближи бидејќи отсекогаш сте биле силни и страв ви е од вашата ранливост.rnrnТоа е гласот кој ве критикува и кој постојано го слушате. Дури и кога ќе добиете некој комплимент, вие не верувате во него. И никој не разбира зошто не можете да се гледате како што ве гледаат другите.rnrnАнксиозноста е убавината и ценењето кога некој добро ве познава и ве прифаќа, иако вие не можете да се прифатите. Гледате како тие го менуваат нивното однесување само за вие да се чувствувате поудобно.rnrnРетки се луѓето кои можат да сакаат некој со анксиозност, бидејќи тоа не е лесно. Но ако можете да сфатите како, ќе добиете безусловна љубов. Ќе бидете со некој што ве цени и што ве прифаќа. Ќе слушате заблагодарувања многу често, а изјавување љубов уште почесто. Тоа ќе биде љубов која ве тестира и ве предизвикува, но ќе ве натера да сфатите дека за некои луѓе вреди да направите сè.rnrnПогледнете ги и овие совети за справување со анксиозноста.

  • Зошто девојките со добро срце заглавуваат во токсични врски?

    Зошто девојките со добро срце заглавуваат во токсични врски?

    Се чини дека само најдобрите луѓе завршуваат во врски со луѓе кои воопшто не ги заслужуваат. Сигурно познавате таква личност или можеби токму вам ви се случува истото. Зошто одбирате погрешни луѓе? Зошто постојано ја правите истата грешка? Вашите врските секогаш започнуваат, се одвиваат и завршуваат на истиот начин. На крајот вие сте скршени и се обвинувате себеси поради она што се случило. Можеби навистина вие сте виновни. Можеби треба да бидете повнимателни и да размислувате со главата наместо со срцето. Но, тоа не е воопшто лесно за луѓето со добро срце.rnrnЗошто девојките со добро срце заглавуваат во токсични врски?rnrnПа, зошто најдобрите луѓе заглавуваат во најлошите врски? Следниве причини можеби ќе ви го дадат одговорот…rn

    1. Го гледаат доброто во сите

    rnЛуѓето со добро срце не се слепи за туѓите недостатоци. Тие можат да ги забележат негативните страни, но намерно одбираат да ги согледаат само најдобрите квалитети. Иако станува збор за позитивна карактерна особина, ова е и нивната најголема мана, бидејќи постојано ги игнорираат очигледните знаци на предупредување.rn

    2. Даваат премногу шанси

    rnСѐ што треба да направите ако згрешите е да кажете извини. Толку им треба. Тие ќе продолжат понатаму и ќе ви дадат втора шанса. Ова прераснува во проблем кога токсичните луѓе сфаќаат дека можат да кажат и направат што сакаат и личноста со добро срце секогаш ќе ги пречека со отворени раце. Постојат поединци кои не заслужуваат ни втора шанса, но добрите девојки им даваат десет и на крајот завршуваат повредени.rn

    3. Никогаш не се однесуваат лошо со никого

    rnЗнаат како е кога некој се однесува лошо со нив и затоа никогаш не би повредиле некого намерно. Никогаш не се одмаздуваат. Тие не веруваат во тоа дека треба да ги повредат луѓето кои ги повредиле нив. Тие навистина веруваат во моќта на добрината.rn

    4. Многу лесно простуваат и забораваат

    rnТие имаат голема способност да ги заборават дури и најлошите моменти. Нивните пријатели треба да ги потсетат што преживеале за да се сетат на болката. Без оглед на тоа колку пати им било скршено срцето, тие лесно забораваат на болката. Не се плашат да им го отворат срцето на луѓе кои не ја заслужуваат нивната љубов. Нивната способност за љубење не познава граници и никогаш не се троши. Бестрашното љубење им доаѓа природно. Проблемот е во тоа што љубовта која треба да си ја дадат себе им ја даваат на другите луѓе.rnrnЗошто девојките со добро срце заглавуваат во токсични врски?rn

    5. Даваат повеќе одошто добиваат

    rnТие не очекуваат ништо од никого и постојано даваат сѐ од себе за луѓето кои им значат. Проблемот настанува тогаш кога токсичните луѓе почнуваат да ги искористуваат. Тие наместо да ја ценат нивната добрина, почнуваат да ја очекуваат по секоја цена и се лутат кога нема да ја добијат. Девојките со добро срце имаат потреба да ги освојуваат луѓето со нивните хумани гестови дури и тогаш кога не им возвратена добрината.rn

    6. Никогаш не ги осудуваат туѓите грешки

    rnТие се подготвени да ги прифатат луѓето такви какви што се. Тие се подготвени да ги разберат дури и најлошите работи што некогаш сте ги направиле. Добрите луѓе никогаш не осудуваат, бидејќи знаат дека и тие имаат направено грешки на кои не се гордеат. Проблемот е во тоа што токсичните луѓе не учат од нивните грешки, а девојките со добро срце страдаат поради тоа.rn

    7. Ги привлекуваат луѓе со емоционален багаж

    rnДевојките со добро срце секогаш започнуваат врски со луѓе кои имале тешко минато. Но, не ги осудуваат поради тоа, туку ги прифаќаат. Врската станува токсична кога нивните партнери почнуваат премногу да зависат од нив. Тие наместо да ги канализираат емоциите на здрав начин, им се истураат на луѓето кои се до нив. Знаат дека девојката со добро срце може да се справи со нив дури и тогаш кога се во најлошо издание и не се двоумат да го искористат тоа.rn

    8. Никогаш не ги повредуваат луѓето со зборови

    rnЛуѓето со добро срце знаат колкава е моќта на зборовите. Ним им се случило повеќепати да се распаднат поради туѓите сурови зборови. Не забораваат дека плачеле по цели ноќи поради пораките што ги добиле. Добрите девојки навистина не ја разбираат злобата, бидејќи немаат ни ронка зло во нивното срце. Токсичните луѓе, од друга страна пак, располагаат со остри зборови и недостаток на грижа на совест. Тие многу добро знаат што треба да кажат за да ги повредат луѓето со прекрасно срце.rnrnЗошто девојките со добро срце заглавуваат во токсични врски?rn

    9. Никогаш не се караат

    rnДобрите луѓе одбегнуваат караници. Тие се извинуваат дури и тогаш кога не се виновни. Никогаш не го повишуваат тонот и не се залагаат многу за својот став. Токсичните личности го забележуваат тоа и ја користат приликата да започнат врска со човек кого можат да го контролираат. Девојките со добро срце ги прифаќаат и им угодуваат без збор.rn

    10. Сакаат да ги спасат луѓето

    rnОштетените и скршени поединци не ги сметаат за луѓе со недостатоци, туку за предизвик. Сакаат да ги поправат и да им помогнат. Но, во обидот да ги поправат токсичните луѓе и да ја задржат нивната целина, губат делови од себе.rn

    11. Не сакаат да се откажат од луѓето

    rnТоксичните врски се вртат во бесконечни кругови, затоа што луѓето со добро срце одбиваат да се откажат од некого во кого веруваат. Тие остануваат со нивните токсични партнери со месеци или години надевајќи се дека ќе се променат. Но, нивното време е залудно потрошено, бидејќи ништо не се менува, а тие завршуваат повредени.rn

    12. Мислат дека можат да ги променат луѓето

    rnДевојките со добро срце мислат дека можат да ги променат луѓето, но тоа никогаш не се случува додека врската трае. Токсичните врски ги уништуваат сите кои учествуваат во нив. Дури откако врската ќе заврши, токсичните поединци почнуваат да стануваат свесни за личноста која ја имале до себе и за начинот на кој ја искористувале. Тие сфаќаат колку лошо се однесувале со девојката која најмалку го заслужувала тоа од нив. Дури тогаш тие можат да свртат нов лист и да се променат.rnrnЛуѓето со добро срце ги менуваат токсичните луѓе, но токсичните луѓе ги уништуваат добрите. Тие успеваат да ја прекинат токсичната врска, но тоа им паѓа многу тешко, бидејќи се чувствуваат како да разочарале некого. Со текот на времето, сфаќаат дека тоа што го направиле е за нивно добро и полека заздравуваат. Но, нивното добро срце се менува.rnrnПочнуваат помалку да им веруваат на другите. Градат високи непробојни ѕидови околу себе што никој не може да ги сруши. Се сомневаат во сите, само поради една единствена личност. Луѓето со добро срце се жртвуваат себеси за да спасат некого, но тоа доведува до нивно самоуништување.rnrnПрочитајте ги и следниве 12 вистини за „добрите девојки“.