КАФЕ ПАУЗА

Tag: врски

  • 13 мажи ги споделуваат најдобрите цитати од љубовните писма на поранешните девојки

    13 мажи ги споделуваат најдобрите цитати од љубовните писма на поранешните девојки

    Љубовните писма не се заборавени. Всушност, многу луѓе сè уште им пишуваат љубовни писма на саканите. Сепак, не е секогаш лесно да се напише вакво писмо. Дури и на писателите одвреме-навреме им е потребна инспирација. Па, погледнете некои од најубавите цитати што група момци ги издвоиле од љубовните писма на поранешните девојки.rnrn13 мажи ги споделуваат најдобрите цитати од љубовните писма на поранешните девојкиrn

    1. Од девојка чиј дечко ѝ помогнал да ја надмине зависноста од хероин

    rn

    „Дури и ако ти не се гледаш на овој начин, јас те гледам како херој. Ме спаси од мене.“

    rn

    2. Кратко и слатко

    rn

    „Навистина ми се допаѓа твојот задник.“

    rn

    3. До момче со ниска самодоверба

    rn

    „Само кога би знаел колку многу те сакам. Навистина сакам да се видиш на начинот на којшто те гледам јас.“

    rn

    4. Нема потреба од дополнително објаснување

    rn

    „Ти си неверојатен љубовник и со тебе доживувам оргазми како со никој друг.“

    rn

    5. Искрено и од срце

    rn

    „Брат, те сакам.“

    rn

    6. Извадок од писмо пред раскинувањето на парот

    rn

    „Не знам дали ќе завршиме заедно. Не сакам да кажувам што ќе се случи во иднина. Сепак, знам дека секогаш ќе имаш делче од моето срце. Толку си ми важен.“

    rn

    7. До ниско момче – писмо што направило да се чувствува големо

    rn

    „Дури и ако сум повисока, секогаш гледам нагоре кон тебе.“

    rn

    8. До момче што ја изгубило работата

    rn

    „Можеме заедно да создадеме нешто. Можеме да создадеме свет во кој сме во ред. Можеби немаме пари, но сепак сме богати бидејќи се имаме еден со друг.“

    rn

    9. Повеќето мажи сакаат да слушнат дека предизвикале промена кај девојката

    rn

    „Ноќта кога прв пат ме зема од барот ми го промени животот. Сега сум поразлична благодарение на тебе.“

    rn

    10. Девојката која го напишала ова писмо набрзо потоа умрела од рак

    rn

    „Знам дека нештата можеби не се совршени сега, но многу ми значи тоа што те имам во мојот живот.“

    rn

    11. Необичен избор за омилен цитат

    rn

    „Навистина не знам дали да ти купам цвеќе или не. Не знам како би се чувствувал. Но, преправај се дека ова писмо е цвеќе ако сакаш.“

    rn

    12. Единственото писмо кое го добило ова момче било за раскинување

    rn

    „Навистина не можам повеќе. Извини.“

    rn

    13. Од новата девојка до момчето што страдало по бившата

    rn

    „Твојата бивша е идиот.“

    rnПрочитајте ги и љубовните писма на Фрида Кало кои ќе ви предизвикаат вистинска бура од емоции.

  • 5 игри во врските на возрасните и како истите да ги спречите

    5 игри во врските на возрасните и како истите да ги спречите

    Врските помеѓу луѓето ги инспирираат не само режисерите и писателите, туку и научниците. Научникот Ерик Берне објавил книга, со наслов „Игри што ги играат луѓето“ (Games People Play), која стекнала голем број следбеници. Авторот ги опишал популарните „игри“ коишто ги играат возрасните и дава совети за тоа како да ги препознаете и да ги спречите пред да ѝ наштетат на врската.rnrn5 игри во врските на возрасните и како истите да ги спречитеrn

    1. „Сè е поради тебе“

    rnЗамислете си сопруга која често се жали дека не постигнала многу во нејзиниот живот поради сопругот – тиранин кој не ѝ дозволува да прави ништо, дури ни да посетува часови по танцување. Интересно е што кога сопругот ѝ дозволил да оди на часови по танцување, излегло дека таа се плашела од танцувањето. Оваа игра е начин за оправдување на стравот, мрзеливоста или некоја друга причина што ја спречила сопругата да направи нешто, како посетување часови за танцување. Покрај тоа, вината што му ја префрлила на сопругот го тера да ѝ дава разни подароци и да ја охрабрува.rn

    Што да правите?

    rnОваа игра ќе трае сè додека постои забраната. Во моментот кога сопругот ќе ѝ дозволи на сопругата да прави што сака, како на пример да се дружи со пријателките, сè ќе се врати во нормала. А голема е веројатноста дека нејзините пријателки се зафатени или дека таа не сака да оди никаде.rn

    2. „Во тесно“

    rnЗамислете си дека сопругата го поканува сопругот на кино и тој се согласува. Почнуваат да се подготвуваат и одеднаш сопругата изјавува дека сопругот треба да поправи нешто. Шокиран, сопругот изјавува дека имаат финансиски проблеми, дека работи напорно и дека е само еден човек. Сопругата е навредена и му вели на сопругот самиот да оди на кино бидејќи таа не е расположена. Тој го прифаќа предлогот, но наместо во кино, оди во некој бар со пријателите. Сопругата се наоѓа во тесно – ситуација во која самата се ставила. Но, ја има можноста да го прекори сопругот бидејќи ја оставил сама.rn

    Што да правите?

    rnИ двајцата партнери можат да ја напуштат играта. Ова е полесно за сопругата бидејќи знае дека реакцијата на сопругот е нормална на нејзината критика. И тој работи напорно, па неговото однесување е обид да привлече внимание кон тоа. Најдобро е да се согласи дека е изморен и да го одложи разговор за поправањето за друг пат. Оваа игра може да ја спречи и сопругот. Тој знае дека критиката на сопругата не треба да ја сфати сериозно. Она што таа го сака е прегратка од него. Би требало да не ѝ се противи и во тој случај и двајцата би отишле во кино.rn

    3. „Љубена“

    rnОваа игра обично се одвива во јавност. Сопругот кажува приказна или фраза која ја прикажува сопругата во лошо светло и завршува со: „Во право ли сум, љубена?“ Колку понавредлива е приказната, толку полошо звучи зборот „љубена“. Сопругата е навредена, но последната реченица не ѝ дозволува да каже ништо. Таа е гневна, но нема очигледна причина за гнев бидејќи сопругот се однесува како џентлмен.rn

    Што да правите?

    rnПостојат 3 опции. Првата е да му дозволите на сопругот да ги кажува овие приказни, но да го замолите да не го користи зборот „љубена“ на крајот. Втората е да одговорите со: „Да, миличок“ без никакви емоции. А третата, која е најдобро да ја користите многу ретко, е да раскажете слична приказна за сопругот и да ја завршите како него.rn

    4. „Гледаш што направив поради тебе?“

    rnЗамислете дека сопругот е целосно посветен на варосување на некоја просторија. Во тој момент се појавува неговата сопруга со прашањето: „Дали ме сакаш?“ Прашањето може да биде и друго: „Ќе ручаме ли?“ и слично. Бидејќи вниманието му е одвлечено од сопругата, тој ја истура бојата. Скандалот почнува со неговата реченица: „Гледаш што направив поради тебе?“rn

    Што да правите?

    rnРеакцијата на сопругот најверојатно е поради тоа што не сака да биде вознемируван кога работи нешто. Друга причина е тоа што е премногу уморен и, во овој случај, варосувањето му е здодевно. За да ја прекине играта, најдобро е сопругата да излезе од просторијата.rn

    5. „Гледаш ли колку се трудам?“

    rnСопругот сака развод, но не сака да биде иницијатор. Сопругата сфаќа дека нешто не е во ред со семејството и предлага посета на психотерапевт. Сопругот се согласува, но почнува да се однесува уште полошо за да докаже дека терапијата не функционира. На крај, бидејќи сопругата не може да издржи повеќе, бара развод. Целта на сопругот е постигната, но тој не може да биде виновен бидејќи не го побарал разводот, па дури и се обидел да го спречи. Друг познат пример за оваа игра е ситуацијата кога еден од сопружниците не работи бидејќи е мрзелив. Тој, или таа, нема да ја каже вистинската причина за невработеноста, туку ќе се обиде да изгледа како да бара работа. Ова му/ѝ овозможува да каже дека дава сè од себе за да ја промени ситуацијата. Другиот сопружник ќе се чувствува виновно, па овој разговор долго ќе се избегнува.rn

    Што да правите?

    rnЦелта на оваа игра е иницијаторот да ја префрли важноста од проблемот кон потенцијалното решение. Најдобриот совет за оваа ситуација е да не одите на психотерапевт и да не нудите помош за наоѓање работа. Вашата помош е најлесниот начин да ве манипулираат бидејќи вие ќе бидете виновни за предлогот што не функционирал.rnrnСпоред Ерик Берне, најчестата игра во семејствата е првата – „Сè е поради тебе“.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашиот брак пропаѓа.

  • Вистински парови или тотални странци: Моќни фотографии ја бришат границата меѓу реалноста и фантазијата

    Вистински парови или тотални странци: Моќни фотографии ја бришат границата меѓу реалноста и фантазијата

    Моќта на социјалните мрежи е поголема одошто мислите. Често гледаме фотографии од совршени утра, заљубени парови и неверојатни локации, но колку има вистина во нив? 24-годишната фотографка Мери Хилд повеќе не сакала да ги гледа истите нашминкани фотографии и објави на веб-сајтовите и апликациите. Обидувајќи се да најде нешто пореално, се одлучила самата да го направи тоа. Нејзиниот проект наречен Lifeconstruction содржи фотографии во кои Мари се преправа дека има сериозна врска со странци кои ги запознала неколку минути пред да ги направи фотографиите.rnrn

    Фотографка се преправа дека е вљубена во странци кои само што ги запознала
    Запознавање пред 10 минути
    rnrnНа својот профил на апликацијата Тиндер таа ја објаснила својата намера и напишала дека сака да се сретне со луѓето и да се фотографира со нив како да се пар. Исто така изјавила дека фотографиите ќе бидат објавени. Таа го запознала своето момче со коешто е во врска веќе 4 години токму на оваа апликација и изјавила дека и двајцата редовно ја користат бидејќи им било интересно.rnrn
    Фотографка се преправа дека е вљубена во странци кои само што ги запознала
    Запознавање пред 10 минути
    rn

    „Сметам дека ни недостасува комуникација лице во лице. Никогаш не сме навистина присутни во нашите интеракции. Како што гледам јас, станува полошо, а главен виновник се социјалните мрежи. Иронично е тоа што мојот проект не би постоел без Тиндер.“

    rn

    Фотографка се преправа дека е вљубена во странци кои само што ги запознала
    Запознавање пред 35 минути
    rnrnМери намерно не ги планирала нејзините „состаноци“ однапред.rn

    „Понекогаш чувствував дека немам енергија и мотивација да се поврзам со моето подлабоко јас, а понекогаш сакав да копам што е можно подлабоко до моето и до јадрото на странецот.“

    rn

    Фотографка се преправа дека е вљубена во странци кои само што ги запознала
    Запознавање пред 16 минути
    rn

    „Еднаш или два пати бев потресена бидејќи странецот ги помина моите граници. Но на некој начин бев подготвена за тоа и сега можам да кажам дека тоа ми помогна подобро да се запознам себеси.“

    rn

    Фотографка се преправа дека е вљубена во странци кои само што ги запознала
    Запознавање пред 20 минути
    rnrnМери изјавила дека нејзиното момче ја поддржувало и ѝ давало слобода да се изразува како што ѝ одговара. Таа смета дека секогаш треба да се осмелиме да создадеме интимност и длабочина со другите.rn

    „Важно е да барате, да најдете и да се исполните со нешто реално.“

    rnПогледнете ги останатите фотографии на следната страница…rnrn

  • Што да правите кога ќе почувствувате интензивна поврзаност со некого?

    Што да правите кога ќе почувствувате интензивна поврзаност со некого?

    Во текот на нашите животи може да сретнеме многу луѓе со кои веднаш се поврзуваме. Се вљубуваме прилично лесно како резултат на некои хормонални промени. Некогаш тоа е вистинска бајка, но понекогаш е само страст.rnrnШто да правите кога ќе почувствувате интензивна поврзаност со некого?rnrnСепак, да најдете некој посебен и да започнете сериозна врска во којашто има и физичка и емоционална поврзаност е нешто навистина ретко и уникатно. Го имате секое право да го следите вашиот инстинкт и да правите што сакате, но не постои поголема награда од зрелата посветена врска.rn

    Дали ние сме одговорни за нашите животи?

    rnДали сте научиле да се сакате? Дали сте подготвени да се соочите со вашата темна страна? Дали се грижите за себе и се чувствувате среќно? Дали сте продуктивни и креативни? Дали се почитувате? Дали сте во положба во животот што ве прави горди на себе?rnrnДосега веројатно сте сфатиле дека не сте жртва на вашиот живот, туку актер кој знае како да се справи со секоја улога што ќе му ја доделат. Ако не сакате некои работи во животот, време е за промена. Не сте жртва, вие само глумите така.rnrnПрифатете ја божествената енергија и дозволете ѝ да ве води. Отстранете ги сите нешта што ве кочат и не ви даваат радост. Преземете одговорност и направете ги потребните промени кои ќе ви помогнат да го постигнете она што го сакате.rnrnВие сте сценаристот и режисерот на вашиот живот. Вашето минато може да има многу лузни и неуспеси поради депресија, болести и други пречки. Но сега сте во положба во којашто можете да почнете со размислување. Овие настани ве оформиле како личност и ве научиле да сакате и да бидете искрени. Ве натерале да ја цените убавината на вистинската љубов. Сега сте ментално подготвени да започнете врска со некој посебен што ве разбира и што ве сака онакви какви што сте.rn

    Врските што траат ги имаат овие карактеристики:

    rn

      rn011

    • И двајцата имате минато, историја, корен што е многу сличен. Сте искусиле слични работи кои ви помагаат да се поврзете.
    • rn011

    • И двајцата имате слични вредности. Вашиот систем на верување е ист.
    • rn011

    • Вашата врска е силна и убава бидејќи започнала со прекрасно пријателство кое резултирало со разбирање и меѓусебна почит.
    • rn011

    • Си дозволувате да бидете ранливи пред вашиот партнер бидејќи му верувате и се чувствувате безбедно со него.
    • rn

    rnОбидете се да направите листа со нештата кои навистина сте ги сакале во минатите врски. Потоа направете уште една листа со нештата од минатите врски кои не сакате да се повторат. Сега замислете си некој што ги има сите особини што ги запишавте.rn

      rn011

    • Замислете бивш партнер што ве повредил и ги има карактеристиките кои не ги сакате. Кога ќе сретнете некој нов ќе знаете што не сакате и ќе можете да се заштитите.
    • rn011

    • Прифатете го предупредувањето и брзо повлечете се. Не сакате повторно да минувате низ пекол. Запомнете колку било болно. Ако се сакате, нема повторно да си го правите истото.
    • rn011

    • На луѓето им се допаѓаат личности кои личат на нивните партнери. Ова може да биде добро или лошо во зависност од врската.
    • rn

    rnВажното прашање е дали ќе можете да бидете со таа личност повеќе од 1 година и уште да чувствувате „пеперутки“ во стомакот. Дали секојдневно сте возбудени кога ќе ѝ го видите лицето? Дали врската е здрава и во развој? Дали уште има нешто возбудливо и ново кон коешто можете да гледате?rnrnДали оваа личност ве разбира кога сте гневни, иритирани и слично? Дали ве сака онакви какви што сте?rnrnКонструктивното соочување во врската е многу потребно и корисно. Клучно за здравата врска е комуникацијата помеѓу вас, слушањето на двете страни и гледање од друга перспектива. Ова ќе ви помогне да ја развиете врската во нешто здраво, убаво и инспиративно.rnrnЗапомнете дека душата е поважна од егото. Кога чувствувате интензивна и силна врска со друга душа, ќе почувствувате промена на вашиот поглед кон животот и ќе се подобрите како личност.rnrnСепак, понекогаш напнатоста во врските е потребна. Луѓето сакаат да си ги прават врските позабавни. Ова може да биде во форма на страсна, интелектуална или емоционална енергија. На крај од краиштата, најважно е да бидете искрени и лојални еден кон друг. Бидете искрени кон себе и кон партнерот и прифатете ги вашите идеи. Создадете зона во која и двајцата ќе можете да бидете личностите коишто сте. Сето ова ќе ви помогне вашата романтична авантура да остане исполнета со радост и заедничко разбирање.rnrnПрочитајте и како да знаете кога станува збор за вистинска љубов.

  • Вљубете се во личноста што ќе ве научи како да се сакате

    Вљубете се во личноста што ќе ве научи како да се сакате

    Вљубете се во личноста којашто нема само да ве сака, туку и ќе ве научи како да се сакате себеси. Преку нејзината добрина ќе научите да бидете подобри кон себе. Преку нејзината прошка ќе научите и самите да си простувате.rnrnВљубете се во личноста што ќе ве научи како да се сакатеrnrnСите велат дека треба да се сакате себеси пред да засакате некој друг. Но понекогаш потребно е да го следите примерот на другите. Љубовта кон себе не е едноставна, особено кога сме програмирани да ги гледаме нашите недостатоци. Се гледаме секој ден и се навикнуваме на тоа. Но бидејќи се знаеме толку добро, не знаеме како изгледаме низ очите на другите, низ очите на некој што нè нема видено.rnrnИ тие не ги гледаат работите за коишто сте несигурни. Не ви судат за грешката што сте ја направиле минатата недела. Гледаат колку сте привлечни. Гледаат колку сте убави кога се смеете. Ги забележуваат овие мали детали.rnrnНе знаете како да се гледате без призмата на судењето, па не знаете како изгледате во очите на странците кои прв пат ве погледнуваат.rnrnИ потоа кога некој ќе ве запознае и кога ќе почнете врска, привлечноста се заменува со емоционална поврзаност. И како таа личност ве запознава, сфаќа дека не сте совршени. Ги забележува сите ваши навики и недостатоци. Можеби ги гледа дури и работите што не ги сакате, но не се фокусира на нив како вас. Она на коешто се фокусира е вашата совршеност.rnrnСо текот на времето се вљубувате уште повеќе и таа личност ги согледува сите ваши страни. Се познавате многу добро, а личноста не бара непознати недостатоци. Она што го гледа овде е личноста која и покрај сè е совршена.rnrnНе треба да ги гледате вашите недостатоци како нешто лошо. Токму тие недостатоци ве прават човек. Тие недостатоци ве поврзуваат со другите. А сечија најголема несигурност прави повеќе да им се допаѓате на другите. Бидејќи тоа се нештата што ве прават реални.rnrnАко сите бевме совршени немаше да има потреба да се поврзуваме едни со други, немаше да имаме потреба од никого. Потребни сме си еден на друг за да се научиме да се сакаме себеси.rnrnЗаљубете се во личноста која ќе ве научи да бидете подобри кон себе. Заљубете се во личноста која ќе ве научи подобро да се однесувате кон себе. Заљубете се во личноста која сака сè во врска со вас, дури и вие самите никогаш да не се чувствувате така кон себе. Заљубете се во личноста која ве прави подобри без да ве менува. Ова е личноста во која треба да се вљубите и оваа личност ќе ве научи да се сакате.rnrnНемојте да се лажете дека мора прво да се сакате себеси за да сакате некој друг. Потребно е да се почитувате. Потребно е да се сакате барем малку. Потребно е да се грижите за себе. Ако ги немате овие основи, ќе им дозволите на другите да се однесуваат лошо со вас.rnrnНо љубовта се учи различно од секого. Понекогаш е потребна само една личност, а ова знаење е она што го заслужувате и од вас и од себеси. Ова е врската што ќе ви го промени животот.rnrnПрочитајте и како да најдете љубов што ќе трае.

  • 4 работи што е сосема во ред да ги направите кога партнерот ќе ве напушти

    4 работи што е сосема во ред да ги направите кога партнерот ќе ве напушти

    Колку и да е болно кога ќе ве напушти партнерот, гледајте го тоа како ново поглавје во вашиот живот. Потребно е да најдете начин да се справите со ситуацијата. Секој се справува на свој начин со емоционалната болка и колку и да ви изгледа чудно потребно е да се слушате и да го направите она што сметате дека ви е потребно. Погледнете некои работи кои е сосема во ред да ги направите кога сте во ваква ситуација. Одберете ја вашата стратегија според вашите потреби.rnrn4 работи кои е во ред да ги направите кога партнерот ќе ве напуштиrn

    1. Смејте се

    rnИако е вистинско искушение да се затворите дома и да слушате тажни песни, дајте си дозвола и да се смеете. Смеата е дел од лекувањето, и тоа многу важен дел. Па маратон со комедии, излегување со пријателите и секаков вид забава се повеќе од добредојдени.rn

    2. Направете „книга за горење“

    rnИако звучи малку злобно, ако ги запишете сите ваши мисли за партнерот кој ве напуштил може да ви биде од голема помош. Запишувањето можете да го наречете и дневник, но ако повеќе ви помага изразот „книга за горење“, не двоумете се.rn

    3. Оттргнете се од ситуацијата

    rnПо раскинувањето целиот град може да ви биде како минско поле. Постојат места што ве потсетуваат на бившиот, но постои и „опасноста“ од тоа да го сретнете. Излегувањето во град можеби е последното нешто што ќе ви падне на ум, но потребно е да се оттргнете од ситуацијата и да продолжите да го живеете вашиот живот.rn

    4. Јавете им се на родителите

    rnПонекогаш мајката и таткото навистина знаат што е најдобро. Можеби сте премногу горди да им се јавувате во многу ситуации. Можеби ќе се чувствувате како мало дете. Но, раскинувањето е една од оние ситуации во кои ќе ви помогнат нивните совети и поддршка.rnrnШто и да направите за да се справите со болката е во ред. Се разбира, сè додека не си наштетувате. Раскинувањата можат да бидат навистина брутални, па дајте си време да го надминете тој период.rnrnПогледнете и што не смеете да правите по прекинување на врската.

  • Дали интелигенцијата е навистина секси?

    Дали интелигенцијата е навистина секси?

    Неколку психолози откриле дека мажите со најздрава сперма се оние со највисок коефициент на интелигенција. Покрај тоа, квалитетот на спермата е поврзан со квалитетот на мозокот. Ова објаснува зошто жените сакаат паметни и духовити мажи – тие имаат најдобри гени за нивното потомство. Ова конечно објаснува зошто најинтелигентните луѓе имаат најмногу обожаватели. Изгледа дека веќе изгледот не е најважен и првото место на листата го зазема токму интелигенцијата.rnrnzoshto-inteligencijata-e-navistina-seksi-kafepauza.mkrnrnИстражувањето, што било спроведено од страна на психологот и професорот Џефри Милер од Универзитетот во Ново Мексико, вклучувало студија од 400 воени ветерани на коишто им биле зададени тешки ментални тестови, а потоа од нив било побарано да овозможат и примерок од сперма. Според резултатите, мажите што добиле повисок скор на тестовите за интелигенција исто така имале и повисок степен на здрава сперма.rnrnНо ова не значи дека само жените сакаат интелигентен партнер. Постои верување дека мажите се чувствуваат лошо ако нивната партнерка е интелигентна. Но, едно истражување покажало дека 86% од мажите би сакале да имаат партнер кој е попаметен од нив. Ова докажува дека интелигенцијата е секси без разлика на полот. Од друга страна пак, пониските скорови биле поврзани и со понеквалитетна сперма.rnrnПрофесорот Милер верува дека квалитетот на спермата е директно поврзан со квалитетот на мозокот. Овие две карактеристики паралелно еволуирале како начин за рекламирање добри гени. Тој исто така верува дека и голем број човечки особини, како јазикот, интелигенцијата, хуморот и несебичноста, исто така е можно да еволуирале да бидат атрактивни за женскиот пол.rnrnНо ова не значи дека само жените сакаат интелигентен партнер. Постои верување дека мажите се чувствуваат лошо ако нивната партнерка е интелигентна. Сепак друго истражување покажало дека 86% од мажите би сакале да имаат партнерка што е попаметна од нив. Ова докажува дека интелигенцијата е секси без разлика на полот.rnrnПрочитајте и зошто токму хуморот се смета за една од најпосакуваните и најсекси особини кај спротивниот пол.

  • Совети од секс терапевт кои ќе ве направат неверојатни љубовници

    Совети од секс терапевт кои ќе ве направат неверојатни љубовници

    Иако изгледа комплицирано, секогаш е едноставно. Слушајте што ви кажува спротивната страна и менувајте се според тоа. Постојат многу совети кои гарантираат дека ќе ве направат добри љубовници, но според секс терапевтот Трејси Кокс, овие 7 ќе ви бидат сосема доволно.rnrnСовети од секс терапевт кои ќе ве направат неверојатни љубовнициrn

    1. Слушајте и учете

    rnТехниката може да се научи, но таа не е толку важна.rn

    „Кога велиме дека некој е одличен во кревет, мислиме на тоа дека нам ни одговара, го прави она што ние го сакаме“, објаснува Трејси.

    rnАко најдете некој што сака бавен и романтичен секс исто како и вие, ќе бидете воодушевени. Целта е да го слушате она што ви го кажува партнерот и да го правите тоа. Толку е едноставно.rn

    2. Теорија и пракса

    rn

    „Сексот е како пишување на тастатура. Ако работите со 2 прста во ред е, но нема да бидете ни приближно добри како оние што ги користат сите 10 и редовно го вежбаат тоа.“

    rnПотребно е да научите некои техники, да ги користите рацете, јазикот и играчки за возрасни, без разлика колку се сметате за привлечни. Тоа се основите, а кога ќе ги знаете прилагодете ги со вашиот партнер. Прашувајте дали е во ред, дали му/ѝ одговара она што го правите. Запомнете го одговорот и постапувајте според него.rn

    3. Со вежбање до совршенство

    rnКолку повеќе секс имате, толку подобри станувате. Ова особено важи за жените – оние кои имаат најмногу секс имаат најмногу оргазми.rn

    4. Рутината е бакнеж на смртта за сексот

    rnРутината е добра бидејќи знаете што ве чека, но по извесен период таа е убиец на страста. Паровите кои не сакаат да пробуваат ништо ново, сигурно немаат возбудлив секс. А со текот на времето имаат сè помалку секс бидејќи им станува здодевно. Најчесто луѓето не пробуваат нови работи бидејќи им е страв дека нема да им се допаднат, дека ќе изгледаат смешно или дека нема да знаат што да прават. Но сексот треба да биде забавен, зарем не? Така треба и да му пристапувате, без оптоварувања, само забава.rn

    5. Не судете

    rnДа му кажете на партнерот што сакате не е наједноставното нешто на светот. Кога партнерот ќе почне да ви кажува за неговите желби, смирено слушајте и немојте да се смеете како тинејџер, да осудувате или да го сфаќате тоа како напад врз вас. Важно е да можете отворено да разговарате и вашиот партнер да знае дека нема да го осудите. Ова ќе има позитивно влијание на вашиот сексуален живот, дури и ако не се согласувате со сите предлози.rn

    6. Потребно е да разговарате за сексот без срам

    rnСигурно често слушате за ова, но малку парови навистина го практикуваат. Важно е да сфатите дека само со зборови можете да опишете што точно сакате. За да избегнете каква било навреда или лутење за време на сексот, немојте да критикувате. Потоа кажете што не ви се допаднало, но внимателно. Сите се чувствителни во врска со својот перформанс, па потребно е и тоа да го земете предвид.rn

    7. Самодовербата е многу важна

    rnДобриот изглед сигурно привлекува многу погледи, но срамежливиот секс нема да ви ја овозможи возбудата што ја очекувате. Штом почнете да се доживувате како привлечна личност, но и така да се однесувате, во сексот ќе станете многу подобри, а уживањето ќе биде загарантирано.rnrnПогледнете ги и овие секс трикови за посилен оргазам.

  • Дали хуморот е навистина секси?

    Дали хуморот е навистина секси?

    Постои голема разлика од она што го сметаме за смешно и она што го сметаме за духовито. Разлика помеѓу смеата како израз за добро расположение, ведрина и радост и како реакција за нешто што ни е смешно. Во разните истражувања за тоа кои особини се ценат најмногу кај потенцијалните партнери, духовитоста се наоѓа многу високо, и кај мажите и кај жените. Но никој не би започнал врска со некого само затоа што е забавен. На крај, привлечноста и хемијата се на прво место, а ако личноста која ве привлекува има и смисла за хумор, тоа е само уште еден вид поврзаност. Потребно е да го цениме партнерот, да го сметаме за паметен, способен и добар човек, а ако има и смисла за хумор која ни годи, тоа е само бонус.rnrnДали хуморот е навистина секси?rn

    Хуморот како показател за менталното здравје

    rnНаучниците биле зачудени од тоа што духовитоста е една од најпосакуваните одлики кај партнерот, па во истражувањата забележувале одговори за тоа зошто ни е важен хуморот во односот. Една од вредностите на хуморот можеби е тоа што тој е показател на менталното здравје и стабилноста. Личностите кои духовито реагираат во стресни ситуации, влеваат доверба со својата ментална сила – тие нудат друга перспектива на целата ситуација и на здрав и конструктивен начин се справуваат со околностите.rn

    Духовитоста како израз на интелигенцијата

    rnДобрата смисла за хумор секогаш оди со висок степен на интелигенција. Односно, ако некој знае да се шегува, сигурно е многу паметен. Ако е паметен, можете да се потпрете на неговата способност да се снајде во непознати ситуации. Животот е полн со непредвидливи и непознати ситуации, па интелигенцијата влева сигурност.rn

    Хуморот како дел од сексот

    rnКакво би било флертувањето ако во него нема доза хумор? Сепак, ако хемијата е силна, додека флертувате со некого дури и најлошите шеги може да бидат причина за смеа. Кога две личности флертуваат, тие се смеат и изгледаат како добро да се забавуваат. Сексот вклучува заведување со шеги, од кажување глупави вицови, до софистицирани интелектуални провокации. Веројатно го правиме ова бидејќи немаме раскошни пердуви или рогови како животните.rn

    Без телесна привлечност, хуморот не функционира

    rnАко сте биле во прилика да одбирате помеѓу партнер кој лудо ве забавува и партнер кој навистина ви го одзема здивот, сигурно сте го избрале вториот.rn

    Смеата како израз на радоста во односот

    rnДури и ако хуморот на вашиот партнер не е сличен со вашиот хумор и ако сметате дека не е многу духовит, голема е веројатноста и покрај тоа често да се смеете заедно. Во кревет, во друштво, додека гледате некој филм, хуморот е важен начин на комуницирање, а со смеата во која уживате заедно ја покажувате вашата радост, виталност и поврзаност во врската.rnrnЗнаевте ли дека мрачната смисла за хумор е знак за висока интелигенција?

  • Мажите откриваат: 19 романтични начини на кои жените им покажуваат дека ги сакаат

    Мажите откриваат: 19 романтични начини на кои жените им покажуваат дека ги сакаат

    Иако мажите и жените се навистина различни, има едно нешто што им е заедничко. Секој сака да биде посакуван од партнерот, без разлика колку долго е во врска. На Редит било поставено прашањето: Како вашиот партнер прави да се чувствувате љубено и посакувано? Момците не се плашеле да ги споделат нивните приватни приказни за искуствата во нивните врски.rnrnmazhite-otkrivaat-19-romantichni-nachini-na-koi-zhenite-im-pokazhuvaat-deka-gi-sakaat-kafepauza.mkrn

    1. Покажување ентузијазам!

    rn

    „Можам да набројам неколку слатки примери, но сè се сведува на едно – таа и после 10 години ѝ пристапува на интеракцијата со мене со ентузијазам и искреност. Очигледно се грижи и тоа го покажува со секој нејзин збор и гест. Ниту еднаш немам почувствувано дека ѝ е сеедно за нашата врска.“

    rn

    2. Изненадување со прегратки

    rn

    „Постојано ме изненадува со прегратки, дури и кога се обидувам да направам нешто. Речиси секое утро ми прави чај бидејќи мене ме мрзи. Таа сака контакт со кожа и постојано ме прегрнува и ми ја краде топлината! Се разбира, и јас постапувам исто, но овие мали гестови прават да се чувствувам значаен за неа.“

    rn

    3. Постојан контакт

    rn

    „Секогаш ми ја подава рака за да ја фати мојата или ме фаќа под рака кога сме на шопинг, кога средува по дома, па дури и кога седиме и гледаме телевизија. Сакам кога ќе ми ја подаде раката и кога оди пред мене. Исто така сакам кога ќе ја фати мојата рака кога јас одам пред неа.“

    rn

    4. Праќање пораки со Морзеова азбука

    rn

    „Еднаш, уште кога бевме дечко и девојка, сопругата почна да ми ја стиска дланката. Кога ја прашав што прави, ми рече дека тоа било „Те сакам“ со Морзеов код. Ниту јас ниту таа не ја знаеме Морзеовата азбука и таа се шегуваше. Но, го правиме ова до денес.“

    rn

    5. Заедничко глупирање

    rn

    „Кога го местевме подот во нашата прва куќа на кој имаше широки и тенки штици, го искористивме бинарниот израз за „љубов“. На крајот излезе интересен, навидум случаен дезен на подот, па сега таа куќа секогаш ќе има љубов.“

    rn

    6. Правење кафе

    rn

    „Секогаш ме буди со шолја кафе во креветот. Знам дека кога сум направил нешто лошо не добивам кафе. Ова обично води до непријатен разговор во кујната… ги мразам тие утра.“

    rn

    7. Утрински прегратки

    rn

    „Оние мрзеливи утра кога ќе се разбуди, ќе ми посака добро утро и ќе дојде да ме прегрне. Можеби ќе се успиеме или пак, ќе лежиме во тишина. Како и да е, сака да е близу до мене, а мене ми се допаѓа тоа.“

    rn

    8. Праќање сугестивни пораки

    rn

    „Кога се немаме видено повеќе од една недела, ќе ми прати порака дека мисли на мене или нешто слично.“

    rn

    9. Подигнување на самодовербата

    rn

    „Јас бев машко што не ја соблекуваше блузата пред жена. После 2 години врска со жена која сметам дека е мојата друга половина, сфатив дека таа направи да се чувствувам поудобно во мојата кожа. Сето ова бидејќи таа прави да се чувствувам сакано.“

    rn

    10. Поддршка

    rn

    „Секогаш кога правам нешто, таа е овде за да ми помогне. Без разлика на сè, освен ако е навистина зафатена. Пред неколку денови работев на камионот, а бидејќи таа немаше што да прави едноставно седеше до мене и ми подаваше алати. Не можев да бидам позаљубен во тој момент.“

    rn

    11. Мали љубезни гестови

    rn

    „Ми праќа пораки само за да ми каже дека ме сака. Секогаш ме држи за нога кога возам. Сака да гледаме серии на лаптопот во креветот за да можеме да се гушкаме. Ми вели дека сака да го помине целиот ден лежејќи со мене секогаш кога преспива кај мене.“

    rn

    12. Физички контакт

    rn

    „Мојот љубовен јазик дефинитивно е допирот. Само што ќе ми допре на рамената, рацете или градите се чувствувам подобро.“

    rn

    13. Слатки електронски пораки

    rn

    „Секогаш ми праќа електронски пораки со работите што ги сака за мене. Како електронско љубовно писмо.“

    rn

    14. Искажување на ценењето

    rn

    „Зборовите се мојата силна страна, па навикнат сум повеќе да давам отколку да добивам. Но таа секогаш се обидува да ги искаже работите што ги сака кај мене. Денес добив порака во која ми се заблагодари за разговорот што го имавме пред некој ден и поради тоа што сум личност која започнува разговор. Тоа е навистина специфичен коментар, па знам дека е искрен.“

    rn

    15. Чешкање на грбот

    rn

    „Понекогаш ми го чешка грбот. Правиш вечера? Чешкање. Гледаш телевизија? Чешкање.“

    rn

    16. Грижа за децата

    rn

    „Ја дипли целата облека. Многу е подобра во организирање настани и координација. Многу е помотивирана да ја исчисти куќата. А најмногу од сè го сакам начинот на кој се однесува со нашите синови. Можеби понекогаш ја нервираат, но 99% од времето се насмевки и кикотење што ми го топлат срцето.“

    rn

    17. „Пукање“ прсти

    rn

    „Ми помага да си ги испукам прстите. Многу терапевтско.“

    rn

    18. Будење

    rn

    „Жена ми се буди во 5:45. Практично скока од креветот, го пушта кучето надвор, ги мие забите, ми прави кафе и почнува со вежбање. Кога ќе се разбудам во 6.00 секогаш ме пречекува шолја топло кафе. Мислам дека сум многу среќен и секој ден сум благодарен за тоа.“

    rn

    19. Прегратка одзади

    rn

    „Го сакам физичкиот допир и кога ќе ме прегрне одзади. Се чувствувам како најдоброто момче на Земјата.“

    rnДознајте и на кои начини мажите покажуваат колку ја сакаат жената покрај нив.