Секојдневно сме опкружени со клишеа. Дури уште од школските клупи, и не само љубовни. „Наставничке, може да си одам, ме боли стомак/ме боли глава/женски проблеми/ми умре мачката?!“ Љубовни пораки, писма, песни, слатки зборови. Како и колку тие влијаат на нас? Некогаш ги кажуваме без воопшто да размислиме за нивното значење. Тие се како кратки и лесни верзии за без мака да се искаже она што (не) се мисли. Моето прашање е, колку жените „паѓаат“ на клише постапки и фрази кога станува збор за љубовта?rnrn
Дечкото ѝ пишува пораки секоја вечер пред легнување и секое утро по станување. И така си докажуваат љубов. И што би значело тоа, ќе те сакам дури имам кредит или додека тато ми ја плаќа сметката? И најчесто тоа се веќе слушнати пораки, веќе видени фрази, сето тоа е само препишано или повторено од филм. Не секој е романтична душа, не секој знае да се изрази вистински романтично кога сака да искаже љубов, ама наместо да го цитираш Рајан Гослинг, смисли друг начин да ја покажеш љубовта.rnrnДруга клише постапка која ми оди на нерви, купување подарок секој месец. Си славите „месечнина“? Подарокот треба да биде израз на љубов и милост, онака ти текнало, од срце ти дошло да купиш некоја ситница. Да биде вистинско изненадување, а не да се глуми изненаденост кога се знае дека на тој и тој датум во месецот ќе си „размените“ подароци.rnrnИ во никој случај да не ја заборавиме најклише постапката од сите – јавното запросување. Колку појавно толку подобро. Ја сакаш девојка ти и сакаш да ја запросиш, ама само таа слушнала, а не цела Македонија, така што не ти се важи. Е сега, од друга страна, има клише постапки кои се и тоа како слатки. Кога од нигде никаде ќе ти отвори врата од автомобил или ќе го задржи столчето за да седнеш, е таквите клишеа држат вода, барем според мене.rnrnКлише изрази. Секој „експерт“ за љубов и за врски знае да ги цитира. Колку се вистинити? rnrnrnКлише израз број 1: Далечината ја разгорува вистинската љубов. Ма немој. Како прво, далечината не ја разгорува љубовта, туку ја гасне. Каква и да е, љубовта бара географска блискост. Скајп, интеренет, пораки, телефон… ништо ако ја немаш личноста во близина. Кога ќе престанеш да добваш бакнежи за добра ноќ, готово е, преку интернет нема хемија.rnrnrnКлише израз број 2: Љубовта ќе ја најдете кога најмалку ќе ја барате. Тоа е исто како некој да ви рече седи си и од небо пари ќе ти паднат. Ја паметите приказната со нашиот големец Колозов? Тој сакаше сам цар да се стори. Пиј си кафенце, азното само ќе си дојде. Да, ама во приказна. За да добиеш нешто во вистинскиот живот треба да го бараш, а не „да се правиш на Тошо“. Од небо паѓа дожд и снег, ама не љубов.rnrnrnКлише израз број 3: Спротивностите се привлекуваат. Да, баш затоа животните се парат со животни од друг вид, и металци се во врска со фолкери итн. Секој си бара некој спроти себе. Колку и да не изгледа така навидум, луѓето кои се заедно, паровите, друштвата, ужасно многу си се прикладни едни на други. Она што привлекува е сличноста. Заедничкото хоби или делење исти интереси. Спротивностите се надополнуваат ако ги има до одредена граница.rnrnИ колку повеќе навлегувам во темава, сè повеќе страв ме фаќа. А што ако и она „те сакам“ станало клише? Станува здодевно ако постојано се кажува, не ти се верува ако доаѓа од уста која лесно се расфрла со медни зборови, ама не е клише ако истовремено и се докажува.rnrnА ова моево, пиј си кафе, читај Кафе пауза, напиши некоја реченица од мерак, да не е клише ситуација? Со оглед на тоа што не се замислувам Кери од „Сексот и градот“, мислам дека не е. Сè што е ваше и ве исполнува максимално, да не ви е грижа дури и да изгледа по малку клише.rnrnДо следното читање,rnВашата Ели.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
rn


За време на конференцијата, истражувачи од Универзитетот на Нотр Дам презентирале „експеримент за искреност“ кој мерел дали кажувањето лаги може да има некакви ефекти врз нашето здравје. Студијата траела околу 10 недели и вклучувала 110 учесници. На половина од групата им било кажано да избегнуваат да кажуваат какви било лаги, вклучувајќи ги и „белите“ лаги за време на овие 10 недели, додека пак другата половина не добила никакви посебни инструкции.rnrnСекој испитаник еднаш неделно поминувал низ мерења за здравјето и врската, како и низ полиграф за да може да се процени отприлика колку лаги кажувал во текот на неделата. Истражувачите откриле дека и во двете групи оние кои помалку лажеле покажувале значително помалку поплаки за менталното здравје (како анксиозност или тага) како и помалку поплаки за физичкото здравје (како болки во грлото или главоболки).rnrnОвој ефект бил многу посилен во групата која „не лажела“ и која воглавно била поискрена отколку во другата група. Дополнително, истражувачите откриле и дека индивидуите кои биле поискрени покажувале подобрување во нивните блиски врски и во општата социјална интеракција таа недела.rnrn
Искреноста е клучниот дел од среќата и успехот во животот. Можеби постојат ретки ситуации во коишто мала лага би била попогодна, но сепак искреноста е нешто што сите ние би требало да го применуваме што е можно почесто. И најважно од сè, мора да бидеме искрени со себе. Не е можно да бидеме искрени со другите доколку избегнуваме да бидеме искрени со себе.rnrnНеколку од најчестите начини со кои можете да научите како да бидете поискрени во текот на денот се:rnrn
Јас велам дека треба да си премногу глупав за да трпиш нечие однесување кое те повредува. Затоа кога ќе ме вбројат во тие храбрите, само велам дека така правам бидејќи се грижам самата за себе.rnrn
Кога треба да бидеме „најдобри што можеме“ и да направиме значаен чекор напред во нашиот живот, луѓето околу нас често знаат да претставуваат еден вид бариера која не ни дозволува никаква промена. Да пробувате да се смените додека сите околу вас постојано ве потсетуваат какви сте биле е навистина невозможна мисија. Кога почнуваме да живееме посовесно и кога правиме намерни одлуки за нашиот живот, едно од многуте нешта за кои навистина стануваме свесни е тоа како и со кого го поминуваме нашето време.
Доколку сакате да работите на одредена промена на себе, како и на промена на вашиот досегашен начин на живот, ќе сфатите дека некои личности во него не ја поддржуваат вашата цел. Но, тоа не значи дека треба да бидете само во друштво на луѓе кои се еднакви како вас во секој поглед, туку дека повеќе ќе се стремите кон нив. Сите имаме потреба во одреден период од животот да се чувствуваме дека припаѓаме некаде. Поради тоа вие ќе почнете природно да барате пријателски/љубовни врски со луѓе со кои ќе можете да го делите патот по кој веќе сте тргнале.
Тоа секако не значи дека треба да ги прекинете сите досегашни врски во вашиот живот, но ќе треба убаво да размислите со кои ќе продолжите да го поминувате вашето време и дали тие личности ќе влијаат позитивно при постигнување на вашите цели. Можеби некои врски сами по себе ќе тргнат во спротивна насока, но за останатите најдобро е вие сами да одлучите дали треба да ги одржувате или да ги прекинете на време.
Ако се обидувате да ја намалите негативноста во вашиот живот, можеби мора да направите нешто со вашиот однос со колегите кој е изграден само на професионална основа. Доколку сакате да намалите со пиењето, пушењето како и со други активности кои се негативни по вашето здравје, ќе мора целосно да го намалите контактот со оние кои ве „мотивираат“ на ваков вид постапки. Ако имате големи и амбициозни сонови кои се спротивставуваат на негативните, песимистички и ограничени мисли на оние со кои често се гледате, можеби е време за целосна промена на вашиот друштвен круг со цел да се заштитите себеси од негативното влијание.
Можеби во овој момент сè ова ќе ви изгледа малку страшно, но со тек на време ќе сфатите дека така било најдобро за вас. Доколку сакате да бидете среќни, исполнети и успешни на секое поле, мора да бидете опкружени со луѓе кои секојдневно ќе прават да се чувствувате така. Луѓе кои со самото нивно присуство постојано ќе измамуваат насмевка на вашето лице и покрај кои ќе се чувствувате слободно и опуштено. Сите личности во вашиот живот треба да ве бодрат и поддржуваат да бидете најдобри што можете.
На крајот, нема формула според која можете да одлучите која е вистинската одлука во дадена ситуација. Поради тоа потпрете се на вашите чувства кои ќе ви служат како водичи и ќе ве насочуваат во вистинската насока. Можеби понекогаш нема да ви се допаѓаат одговорите кои ви ги даваат, но верувајте тие најдобро знаат. Промените се застрашувачки, но понекогаш тие се навистина потребни за да можеме да живееме онака како што сме си замислиле. Надворешното влијание од луѓето околу нас знае да биде премногу силно и доколку таа сила влијае на лошо, наместо на добро – резултатите можат да тргнат во сосема спротивна насока…rnrn
rnrnМомци, слушнете женско мислење на оваа тема, би ви било од корист. :)rnrn
rnrn
Главни улоги:
Ситуацијата станува незгодна уште во пилот-епизодата кога Алекс го напушта Дејв на олтарот, по што тој паѓа во депресија, а нивните заеднички пријатели се мачат да го балансираат своето присуство во животот на двајцата. Набргу станува јасно дека вака работите нема да може да функционираат, па Алекс и Дејв ќе мораат да најдат начин да ги надминат недоразбирањата и чувствата за да останат дел од друштвото, но сега како пријатели.


Џејн и Бред се во совршен брак, кој се базира на разбирање и доверба. Џејн е компетитивна и сака да ја има контролата над сè, додека Бред има најдено совршен начин да се согласува со неговата сопруга, така што секогаш ќе се труди да ја уверува дека тој го прави тоа што таа го сака.
Макс е геј кој е отворен за својата сексуалност, а неговата одамнешна девојка Пени му е сега најдобра другака. Таа пак е одлична во својата работа, но стравува дека нема да успее да го најде совршеното момче за себе.
Можеби навидум изгледа како некој обид за репликација на ТВ серијата „

Бидејќи е серија за пријателството и блиските љубовни врски, најдобро е да ја гледате во пар со некого, вашиот партнер, сестра, пријател, кој пак може да е црн или бел, геј или стрејт.rnrn


Ова се 5 погрешни начини да го заборавите бившиот партнер и неколку алтернативни совети кои можат да ви помогнат.rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rnrn rnrn