КАФЕ ПАУЗА

Tag: врски

  • 6 работи што не смеете да ги жртвувате за вашата врска

    6 работи што не смеете да ги жртвувате за вашата врска

    За една врска да биде успешна потребен е компромис. Сепак, без разлика колку сте вљубени во вашиот партнер, постојат некои жртви што не треба да ги направите. Да бидете вљубени не значи да се откажете од секое нешто што ве прави личноста којашто сте. Потребно е и вие и вашиот партнер да бидете целосни, независни личности кои ќе пронајдат заеднички јазик. Партнерот кој ве љуби ќе го сака најдоброто за вас и нема да ве тера да правите жртви кои ќе ви наштетат. Ова се 6-те работи што никако не смеете да ги жртвувате за вашата врска.rnrn6 работи што не смеете да ги жртвувате за вашата врскаrn

    1. Вашите животни цели

    rnАко сте со некој кој не сака да ги следите вашите соништа, тогаш сте во погрешна врска. Никој не треба да ве тера да се откажете од вашата кариера или од целите за да имате заедничка иднина. Единствената личност која може да донесува одлуки за вашата кариера и животни цели сте само вие. Ако вие и вашиот партнер имате различни цели кои можеби ќе ви ги разделат патиштата, потребно е да најдете нешто што ќе ви одговара и на двајцата. Никој не треба да се откаже од соништата.rn

    2. Вашата независност

    rnБез разлика колку време сте заедно, па дури и ако имате семејство, некои работи се свети, како вашата независност. Се разбира, во врската треба да го земете предвид и партнерот, а често ќе донесувате и заеднички одлуки. Но, ова не значи дека треба да се откажете од целата приватност и од вашето право некои работи да ги правите сами. И вие и вашиот партнер нормално е да имате животни надвор од врската, дури и кога градите заеднички живот.rn

    3. Вашите пријателства

    rnДенот има ограничен број часови, па понекогаш е тешко да најдете време за работа, за вас, за пријателите, за семејството и за партнерот. Кога сте во врска можеби нема да можете толку често да ги гледате пријателите, и тоа е во ред. Но, ако партнерот прави да се чувствувате лошо бидејќи поминувате бреме со пријателите или семејството, тогаш настанува проблем. Во здрава врска со партнер кој ве сака, нема потреба да ги жртвувате вашите пријателства.rn

    4. Вашиот идентитет

    rnПромените се нормална работа, особено кога созревате и искусувате нови нешта во животот. Вашиот идентитет постојано еволуира додека учите за личноста којашто сте и личноста која сакате да станете. Она што не е здраво е целосно да се изгубите кога сте во врска. Никогаш не треба да го менувате вашиот идентитет за љубовта. Ако врската прави да заборавите кои сте навистина, можеби не сте со совршениот партнер. Без разлика колку долго сте заедно, не откажувајте се од работите кои ве прават вас.rn

    5. Вашите хобија и интереси

    rnКога сте во врска нормално ќе поминувате време со партнерот, па можно е да изгубите голем дел од вашето слободно време. Но, ако партнерот бара премногу од вашето време што немате кога да се посветите на нештата што ги сакате, внимавајте. Покрај тоа, ако партнерот прави да се чувствувате лошо бидејќи се занимавате со некое хоби или не ви дозволува да им се посветите на вашите интереси, тоа е голем проблем. Заслужувате да бидете со некој кој целосно ве поддржува и кој сака да правите нешта што ве прават среќни.rn

    6. Вашите радост и здравје

    rnНиту една врска не треба да биде ризик за вашата среќа или за вашето здравје. Ако врската има лошо влијание на менталното здравје, ве повредува на каков било начин или ве тера да верувате дека не заслужувате да бидете среќни, тоа не е врска за вас. Без разлика колку се силни вашите чувства кон некого, ако партнерот прави и кажува нешта кои се штетни за вас и ве прават несреќни, можеби е време за крај. Никогаш не треба да ја жртвувате среќата за друг. Партнерот кој ве сака никогаш нема да го побара тоа од вас. Зарем врските не треба да ве направат посреќни?rnrnБез разлика на сè, вие заслужувате да бидете со некој кој ќе ви помогне да созреете, а не некој кој ќе очекува да жртвувате сè за него. Тоа не е љубов.rnrnДознајте кои се алармантните знаци кои покажуваат дека сте во лоша љубовна врска.

  • 3-те видови љубов што сите ќе ги искусат во текот на животот

    3-те видови љубов што сите ќе ги искусат во текот на животот

    Сигурно се имате вљубено повеќе пати и голема е веројатноста дека сте забележале одредена шема. Постојат 3 клучни видови луѓе кои нè учат за разните фази на љубовта и ни помагаат да се откриеме себеси. Па, погледнете кои се 3-те видови љубов со кои ни се вкрстуваат патиштата, и тоа со добра причина.rnrn3-те видови љубов што сите ќе ги искусат во текот на живототrn

    1. Незрела љубов

    rnОва е кога мислите дека навистина треба да имате момче. На некој начин, оваа врска е пробна. Бидејќи сте немале искуство со вљубување и врските, се сопнувате и „паѓате“ директно на лице. Навистина сте збунети за ова нешто наречено љубов. За жал, незрелата љубов најчесто нема среќен крај. Можеби причината е што и двајцата не сте биле подготвени. Можеби требало да созреете уште малку за да ја прифатите таа личност како нешто повеќе од фаза во вашето патување. Штета е што таа личност ќе ве познава пред да се промените. Како и да е, незрелата љубов ве научила на многу за разликата помеѓу искрите и вистинската хемија.rn

    2. Минлива љубов

    rnОвој вид љубов навистина ве тестира. Веројатно направила да се чувствувате како помала личност и ве натерала да се прашувате која е вашата вредност. Можеби сте верувале дека оваа личност е вистинската, но на крајот изгледа дека е спротивна од секој ваш сон. Не ве почитувала и ве тестирала на секој чекор. Ви давала предизвици и навистина сте мислеле дека можете да ја промените. Оваа љубов е токсична и злобна. Не постои компромис бидејќи оваа врска е како битка помеѓу навидум совршените моменти и хаосот. Оваа љубов е премин од личноста којашто сте биле и личноста која сте денес.rn

    3. Доживотна љубов

    rnОва е љубовта која дошла во вашиот живот кога најмалку сте ја очекувале. Можеби станувало збор за некој што го знаете и на крај излегол вашата сродна душа. Ова е љубовната приказна со која завршуваат сите романтични приказни. Знаете дека оваа личност е вистинската бидејќи ве слуша, го цени вашето мислење и останува. Останува кога претерувате со критики и е трпелива со сите ваши испади. Ова е љубовта која се појавува по темниот пат полн со погрешни одлуки. Ова е љубовта што ве тера да разберете зошто се случила во тој момент. Ова е љубовта што ја чекавте цел живот.rnrnПогледнете и кои се разликите помеѓу заљубеноста и вистинската љубов.

  • 6-те брутални фази по раскинувањето

    6-те брутални фази по раскинувањето

    Ако некогаш сте доживеале тешко раскинување, сигурно знаете дека тоа може да биде вистинска битка. Наредните неколку недели, па дури и месеци, животот може да ви биде навистина тежок. Но, секогаш има светло на крајот од тунелот. Повеќето од луѓето што ги гледате ја почувствувале болката на раскинувањето барем еднаш. И покрај сè, тие преживеале и продолжиле со нивните животи. Ова се 6-те фази со кои ќе се соочите по болно раскинување.rnrn6-те брутални фази по раскинувањетоrn

    1. Фаза „Црна дупка“

    rnОва е можеби најтешката фаза. Почнува веднаш по разделбата кога сè ви изгледа мрачно и очајно. Ова е фазата кога останувате дома, јадете нездрава храна и гледате серии. Има многу плачење и сигурно си замислувате дека ќе бидете сами целиот живот. Бившиот партнер е единственото нешто на коешто можете да мислите. Иако ви изгледа како болката да ќе трае засекогаш, нема. Дајте си време. Нормално е да бидете тажни.rn

    2. Интервенција од страна на пријателите

    rnСо тек на време, на вашите пријатели ќе им биде доста од вашата „црна дупка“ и ќе истапат напред. Како прво, не сакаат да ве гледаат тажни и повредени, а како второ отсекогаш мислеле дека поранешниот партнер баш и не е доволно добар за вас. Ќе ве натераат да станете од креветот, да се средите и да излезете. Во оваа фаза ќе сфатите дека навистина сте им благодарни на пријателите што ве натерале да излезете од дома.rn

    3. Здодевност

    rnКога ќе се тргне темниот облак, конечно ќе сфатите дека ќе поминете низ ова. Раскинувањето нема да ве скрши. Можеби сè уште сте тажни, но веќе сте подготвени да продолжите со вашиот живот. Истовремено, почнува да ви стане здодевно. Сфаќате колку време сте посветувале на врската, а сега сте полни со слобода и можности.rn

    4. Нова рутина

    rnБидејќи не може постојано да ви биде здодевно, ќе почнете со некоја нова рутина. Ќе најдете начин да го исполните целото слободно време. Наскоро ќе немате време ни да се опуштите. Сепак, и ова е некој напредок.rn

    5. Повторно жалење

    rnБидејќи постојано сте зафатени, почнувате да се чувствувате подобро. Тоа што сте продуктивни ви е од корист. Во оваа фаза сте подготвени да му ги вратите работите на бившиот што останале кај вас. Почнувате со чистење на вашиот живот, но повторно почнува да ве интересира поранешниот партнер. Ќе почнете да го следите неговиот профил на социјалните мрежи и повторно ќе се чувствувате тажно. Исплачете се, но следниот пат немојте да си го отежнувате преболувањето.rn

    6. Вистинско преболување

    rnСо тек на време „нападите“ на плачење за бившиот ќе станат поретки и пократки. Ќе почнете навистина да го прифаќате фактот дека не сте заедно и ќе се отворите кон нови можности. Ова е знакот којшто го чекавте. Официјално се лекувате и сте посилни од кога било порано. Конечно стигнавте до светлото на крајот на тунелот.rnrnПогледнете и кои се 5-те видови раскинување кои сите ги имаме искусено.

  • Бидете нежни со овие 4 хороскопски знаци, бидејќи тие најмногу веруваат во љубовните врски

    Бидете нежни со овие 4 хороскопски знаци, бидејќи тие најмногу веруваат во љубовните врски

    Додека довербата е клучна за секоја врска или пријателство, формирањето на таа поврзаност може да биде навистина тешка за некои луѓе. Но, постојат и луѓе кои започнуваат нови врски без грижите од претходните. Често се фокусираат на најдобрите особини на новата личност и се обидуваат да ги инспирираат другите. Погледнете кои се хороскопските знаци кои најлесно веруваат во врските.rnrn4-те хороскопски знаци кои најлесно веруваат во врскитеrn

    1. Рак

    rnБидејќи постојано се со својот штит, можеби мислите дека Раковите се плашливи или внимателни луѓе. Но, тие преземаат ризици кога станува збор за љубовта. Можеби тоа е бидејќи знаат дека секогаш ја имаат опцијата да се повлечат во својата школка која им дозволува да бидат емоционално ранливи во врските. За ова потребна е голема доверба. Раковите се во допир со своите емоции, а кога се вљубуваат тоа е брзо и силно. Всушност, дури и кога има знаци дека не треба да веруваат некому, ако се вљубени навистина им е тешко да го направат тоа. Во овој случај нивната доверба може да се претвори во заблуда.rn

    2. Вага

    rnВо речиси секој дел од животот, Вагите ги разгледуваат предностите и недостатоците. Но, кога станува збор за љубовта нивната идеалистичка страна му се спротивставува на разумот. Вагите се романтичари и идеалисти. Ова обично создава рамнотежа, но тие често се ранливи кон луѓето со лоши намери. Вагите треба да внимаваат на туѓото влијание од манипулативните знаци.rn

    3. Водолија

    rnНа Водолиите им е лесно да му веруваат на партнерот бидејќи не претпоставуваат дека некој би можел да има лоши намери. Тие се екстремно искрени и лојални, па го очекуваат истото од сите околу нив. Не е лесно да влезете во тесниот круг на пријатели на Водолиите, но тоа не е поврзано со довербата. Ова на некој начин им помага да ги отстранат лошите луѓе. Кога ќе ја изневерите нивната доверба, тоа е вистински шок за нив.rn

    4. Риби

    rnАко знаете барем малку за Рибите, нема да се изненадите што се наоѓаат на оваа листа. Тие се луѓе со најголемо и најотворено срце. Не само што започнуваат нова врска без товарот од претходните, тие им даваат шанса на луѓето дури и откако ќе ги изневерат. Рибите се вечни оптимисти и секогаш сакаат да го гледаат најдоброто во другите. Тие веруваат дека љубовта навистина може да победи сè само ако ѝ дадете доволно време. Иако можеби се во право, понекогаш потребно е да бидат повеќе внимателни.rnrnДознајте и зошто немате среќа во љубовта според вашиот хороскопски знак.

  • Совети од мајки: Како да бидете добра девојка во 20-тите?

    Совети од мајки: Како да бидете добра девојка во 20-тите?

    Без разлика дали сакате да признаете или не, вашата мајка е полна со мудрост. Таа има многу совети за вашиот живот, вклучувајќи ги и оние за романтичните врски во вашите 20-ти. Можеби ќе ви каже дека треба да учите од вашите грешки, но и ќе ве советува како да ги избегнете. Па, прочитајте ги овие совети од 8 мајки за тоа како да бидете добри девојки во вашите 20-ти.rnrnСовети од 8 мајки: Како да бидете добра девојка во 20-тите?rn

    1. Не брзајте за сериозна врска

    rn

    „Движете се бавно и имајте на ум дека луѓето многу се менуваат во нивните 20-ти. Ова е период за истражување, а не за пребрзо донесување сериозни одлуки.“ – Шери, 58

    rn

    2. Забавувајте се и создавајте сеќавања што ќе траат целиот живот

    rn

    „Забавувајте се за кога ќе имате деца да можете да споделите прекрасни приказни со нив.“ – Лиса, 57

    rn

    3. Ценете ја независноста, но бидете и добар партнер

    rn

    „Немојте да бидете зависни. Сакајте ја својата независност. Хранете ја неговата душа и неговиот стомак.“ – Одри, 53

    rn

    4. Не попуштајте под туѓиот притисок

    rn

    „Почитувајте се. Ако некое момче или девојка прави да се чувствувате неудобно, има причина за тоа. Откријте ја.“ – Кети, 61

    rn

    5. Уживајте во моментот, не секогаш планирајте за иднината

    rn

    „Личноста со којашто се гледате на 23 години можеби нема да биде добра за вас кога ќе наполните 40. Не дозволувајте ова да ве спречи. Во ред е да се забавувате дури и ако не гледате заедничка иднина.“ – Мередит, 43

    rn

    6. Одберете го она што е најдобро за вас

    rn

    „Немојте да одбирате факултет поради вашето момче. Одете на факултетот што е најдобар за вас и за вашата иднина. Ако тој е вистинскиот, врската ќе преживее и на далечина.“ – Кети, 58

    rn

    7. Вашите цели нека ви бидат приоритет и не ѝ дозволувајте на врската да ве забави

    rn

    „Нема потреба да брзате во врските во 20-тите бидејќи ова е еден од највозбудливите периоди во вашиот живот. Време е да ги искористите сите можности. Фокусирајте се на вашите цели без грижа како тие ќе влијаат на некој друг.“ – Кристин, 58

    rn

    8. Подгответе се за неочекувани околности

    rn

    „Секогаш имајте приватна банкарска сметка на името на мајка ви за која никој не знае.“ – Лорен, 52

    rnИако овие совети се различни, сите го кажуваат истото. 20-тите се период на созревање и промени, па нема потреба да се „смирите“ со некого уште веднаш. Она што треба да се случи, ќе се случи. Не е себично приоритет да ви биде образованието, а не момчето или девојката. Вистинската личност за вас ќе ве почитува и ќе ја сака вашата амбиција. Ако вашиот партнер не го подржува вашиот успех, тогаш тој не е за вас.rnrnДознајте и кои се грешките што е добро да ги направите во вашите 20-ти.

  • 11 карактеристики на здравата и среќна врска

    11 карактеристики на здравата и среќна врска

    Многу парови имаат проблеми. Понекогаш овие проблеми се толку сериозни што тие бараат помош од стручни лица. Стручните лица им помагаат да одлучат дали треба да продолжат заедно или секој по свој пат. Понекогаш, љубовта и комуникацијата не се доволно за парот да остане заедно. Вo продолжение прочитајте што е доволно да останете заедно и што е потребно за вашата врска да биде здрава и среќна.rnrn11 карактеристики на здравата и среќна врскаrn

    1. Комуникација

    rnНиту една врска нема да напредува без конфликт. Она што ја враќа рамнотежата е добрата комуникација. Поради ова, комуникацијата е најважниот фактор во врската бидејќи ја претставува нејзината способност да се исправи. Важни се неколку работи поврзани со комуникацијата.rn

      rn 011

    • Превентива: Најдобро е да се зборува однапред и да се спречи проблемот наместо да се искуси.
    • rn 011

    • Постојаност: Нема никаква полза ако комуницирате одвреме-навреме. Комуникацијата ќе биде успешна само ако се случува постојано.
    • rn 011

    • Искреност: Добрата комуникација е основана на доверба. Неискреноста ќе има само спротивен ефект.
    • rn

    rn

    2. Започнете со доверба

    rnВо врската мора да постои доверба. Сигурно нема да уживате во врска со личност на којашто не ѝ верувате. Оној кој не му верува на партнерот често ќе прави тој да почне да чува тајни, дури и ако нема потреба од тоа. Ова само го зголемува сомнежот.rn

    3. Вредности

    rnПовеќето парови не се согласуваат на разни теми и тоа е во ред. Но секоја личност има верување кое нема да го промени. За некои тоа е политика, за други имањето деца, а помеѓу пријатели може да станува збор и за етика. Без разлика кое е вашето верување од овој тип, важно е партнерот да го дели. Во спротивно ќе се чувствувате како постојано да барате компромис на подлабоко, лично ниво. Сепак, ако и двајцата имате разбирање и ако се слушате еден со друг, компромисот нема да ви претставува проблем.rn

    4. Интимност како мерило

    rnИако интимноста најчесто се поврзува со сексот, таа е многу повеќе од тоа. Интимноста може да се дефинира како способност за комуницирање на подлабоко ниво. Ова може да се случи помеѓу пријатели, членови од семејството и романтични партнери. Кога интимноста се гледа како секс, таа има важна улога во врската. Здравиот сексуален живот можеби не укажува на здрава врска, но е индикатор на многу позитивни нешта.rn

    5. Ранливост

    rnЕдно од најдобрите нешта кога сте во врска е тоа што со партнерот можете да споделувате работи кои не би ги кажале никому. Способноста да бидете целосно отворени кон некого е од голема важност. На овој начин вие сте ранливи. Потребно е вие и вашиот партнер да развиете способност да се отворите, но и да се прифатите еден со друг.rn

    6. Разговор за иднината: Деца

    rnИзненадувачки, но заедничкото минато не мора да значи подобра врска. Но, заедничките погледи и желби за иднината може да бидат клучни. Овде станува збор за деца, финансии и животен стил. Важно е да ја разберете визијата на партнерот за овие нешта. Најчестото сценарио кај паровите во брак е (не)согласувањето за имање деца. Потребни се комуникација и разбирање за да се дојде до компромис.rn

    7. Разговор за иднината: Финансии

    rnРазличниот став кон парите може да предизвика многу проблеми, и кај романтичните врски и кај пријателите. Ако еден од партнерите сака да штеди а другиот да троши, може да се појават проблеми кога ситуацијата со пари ќе стане лоша. Иако нема потреба да имате ист став, важно е да разговарате на оваа тема.rn

    8. Разговор за иднината: Животен стил

    rnОвде спаѓаат многу работи како поминување слободно време, исхрана, па дури и распоред на спиење. Вистината е дека секој си има свои желби и потреби па важно е да се најде компромис. Кај помладите парови може да биде потешко да се прилагодат на заедничкиот животен стил. Паровите кои се запознаваат подоцна полесно се справуваат со овој проблем.rn

    9. Рамнотежа помеѓу зависност и независност

    rnПреголемата зависност е лоша и колку преголемата независност. Ако не постои барем малку зависност, ниту еден од партнерите нема да се чувствуваат како да се тим. Ако зависноста е преголема, едниот или двајцата партнери брзо ќе се заморат. Најважно е да се пронајде рамнотежа.rn

    10. Не заборавајте ги пријателите и семејството

    rnОва е нешто што често се заборава бидејќи романтичната врска обично не ги вклучува пријателите и семејството. Но доаѓа фаза кога партнерите треба да ги запознаат своите пријатели и семејство. Важно е да бидете на иста страница со овие луѓе. Ако вашиот партнер не може да се справи со вашите пријатели или со вашето семејство, размислете дали ќе можете да го толерирате тоа.rn

    11. Посветеност

    rnНа почетокот на врската не се обрнува премногу внимание на ова. Сè изгледа совршено и мислите дека нема да се појави никаков проблем. Посветеноста може да се дефинира како желба да останете со една личност дури и кога ќе поминат забавните моменти. Успешните и долги врски поминале низ многу такви фази. Кога станува збор за посветеност, важно е да запомните неколку нешта.rn

      rn 011

    • Посветеноста е полесна кога ги цените квалитетите на личноста коишто не се менуваат со околностите. На пример, повеќе ја цените смислата за хуморот на партнерот отколку неговата плата.
    • rn 011

    • Преголемата посветеност може да биде штетна. Поради ова многу луѓе остануваат во насилни врски предолго. Здравата посветеност значи да имате перспектива за квалитетите на личноста што ја сакате. Нездравата посветеност значи да го ставате партнерот пред вашата среќа.
    • rn 011

    • Посветеноста е потребна од двете страни. Полесно е да му се посветите некого кој ви е посветен и вам.
    • rn

    rnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте во врска со маж кој сака да ве направи среќни.

  • 3 знаци дека не се чувствувате удобно околу вашиот партнер

    3 знаци дека не се чувствувате удобно околу вашиот партнер

    Колку и да се обидувате да ги игнорирате знаците дека не ви е удобно околу партнерот, тие се таму. Она што е чудно е што можеби нема да ги забележите на почетокот. Сакате да ви биде удобно и се обидувате да се чувствувате така. Па, ако сте забележале кој било од овие знаци, можеби е време за некаква промена.rnrn3 знаци дека не се чувствувате удобно околу вашиот партнерrn

    1. Избегнувате контакт со очи

    rnМногу често, реткиот контакт со очите е поради ниска самодоверба. Сепак, понекогаш е и поради намален интерес. Потребно е да препознаете и некој друг сигнал за да знаете со што си имате работа. Ако го избегнувате погледот на вашиот партнер или се чувствувате непријатно ако долго се гледате во очи, тоа е сигурен знак дека не се чувствувате удобно во негово друштво. Можеби се чувствувате несигурно, или пак не сте заинтересирани да го насочите вашето внимание кон таа личност. Како и да е, нешто не е во ред и сигурно не се чувствувате потполно безбедно околу партнерот.rn

    2. Присилно се смеете

    rnЛуѓето кои се несигурни или на кои им е неудобно често се смеат нервозно. Овие луѓе не се сигурни во себе и ситуацијата, па се обидуваат да ги насмеат и другите. Сакаат да ја намалат напнатоста со смеа. Ако го правите ова околу вашиот партнер, дефинитивно не сте доволно релаксирани пред него. Ако постојано го прекинувате разговорот со нервозно кикотење, голема е веројатноста и вашиот партнер да ја чувствува напнатоста.rn

    3. Се држите на оддалеченост

    rnКога некој премногу ќе се доближи до нас, се активира делот од мозокот познат како амигдала и се чувствуваме нападнато. Очигледно, ако се чувствувате така околу вашиот партнер, сигурно не ви е удобно. Најверојатно причината за ова е што не сакате да се отворите пред него, и физички и емоционално.rnrnСекој е нервозен на почетокот на врската. Но, ако поминале месеци, а вие сè уште го избегнувате погледот или допирот на партнерот, време е да размислите за вашата врска.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата љубовна врска нема да трае долго.

  • Како да ја одржите мистеријата во вашата врска?

    Како да ја одржите мистеријата во вашата врска?

    Модерниот брак е навистина комплициран. Секој има повеќе обврски отколку што може да заврши и зафатеноста само се зголемува. На сета зафатеност додаваат и социјалните мрежи. Денес сме во контакт со многу повеќе луѓе од кога било порано. Но поради оваа зафатеност, имаме помалку време за личностите што ги сакаме.rnrnКако да ја одржете мистеријата во вашата врска?rnrnЧесто сме презафатени со пријателите на социјалните мрежи, а ова создава цела низа проблеми. Поради ова многу често партнерите бараат љубов или само флерт од поранешни партнери и други личности. Па, како резултат, модерните парови имаат ново барање во врските – дигитална транспарентност.rnrnНо, целосната дигитална транспарентност има своја цена. Кога знаете сè за вашиот партнер, нема простор за никаква мистерија. Без мистерија нема привлечност. А штом ќе исчезне привлечноста, врската тргнува во надолна линија. Ви станува здодевно и на двајцата, се чувствувате осамено и дури можете да почнете да барате некој друг. Па, што можете да направите во врска со ова?rnrnПостои тенка линија помеѓу таинственоста и мистеријата, а таинственоста не е секогаш добра. Ако ви е потребна поддршка во оваа област, не сте сами. Премногу парови се обидуваат да внесат нешто ново во врската без да ја расипат истата. Но самото барање на нешто ново е вредно бидејќи мистеријата е можеби клучното нешто за одржување на здравиот брак со текот на времето. Па, дајте сè од себе за да ја зачувате „свежината“ во вашата врска. Навистина вреди!rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте во духовна љубовна врска.

  • 20 кратки потсетници за сите кои имаат проблем со преболувањето

    20 кратки потсетници за сите кои имаат проблем со преболувањето

    За жал, на многу врски им доаѓа крајот. Ако сте биле оставени, сигурно знаете колку е тешко да ја преболите личноста која толку многу сте ја љубеле. Важно е да ги знаете следниве работи кои ќе ви помогнат да ја оставите неуспешната врска во минатото и да продолжите со вашиот живот.rnrn20 кратки потсетници за сите кои имаат проблем со преболувањетоrnrn1. Преболувањето не значи дека се откажувате, тоа значи дека го прифаќате она што се случило.rnrn2. Во ред е длабоко да сакате, во ред е личноста да постои длабоко во вашето сеќавање.rnrn3. Постојат над 7,4 милијарди луѓе на планетава.rnrn4. Не секоја љубов е направена за созревање.rnrn5. Не сè се случува со причина, но работите секогаш настојуваат да излезат како што треба.rnrn6. Само затоа што вашиот живот не изгледа како што сакате, не значи дека не можете да го искористите она што го имате.rnrn7. Тие не се единствената личност која ќе можете да ја сакате и не се единствената личност која можела да ве сака.rnrn8. Таа личност никогаш не била висинската, но тоа не значи дека сте го потрошиле вашето време со неа.rnrn9. Можеби нема да станете посилни, но ќе станете помудри.rnrn10. Понекогаш треба да ги цениме луѓето за тоа што биле кога биле, ништо повеќе и ништо помалку.rnrn11. Љубовта нема да ве спаси.rnrn12. Надевањето за некого кој повеќе не е овде нема да го натера да се врати.rnrn13. Нема лекција во секое љубење и тоа е во ред.rnrn14. Не е важно дали сте биле доволно за таа личност, едноставно не сте биле вистински еден за друг.rnrn15. Ќе преболите.rnrn16. Постојаното посетување на минатото нема да ви даде нов увид за тоа зошто требало да биде крај или да ве заштити од болка. Тоа само ќе ве спречи да сретнете некој нов.rnrn17. Има повеќе во животот од повторното вљубување.rnrn18. Дури и ако вие сте причината за проблемите, не значи дека сте ужасна личност. Тоа ве прави човек и можете да научите од вашите грешки.rnrn19. Престанете да го посетувате нивниот Инстаграм или Фејсбук профил, или да ги читате старите пораки. Речиси сигурно нема да ви се допадне тоа што ќе го пронајдете.rnrn20. Изгубената љубов нема да ве убие. Таа е универзално човечко искуство и не сте толку осамени колку што мислите. Ќе бидете во ред.rnrnПрочитајте и зошто раскинувањата се толку болни.

  • Вашиот хороскопски знак открива зошто сè уште сте сингл

    Вашиот хороскопски знак открива зошто сè уште сте сингл

    Можеби не знаете, но вашиот хороскопски знак може да биде виновен за тоа што сè уште сте сингл. Во продолжение погледнете некои од можните објаснувања од астрологијата за тоа зошто не можете да го пронајдете вистинскиот партнер.rnrnВашиот хороскопски знак открива зошто се уште сте синглrn

    Овен

    rnВие сте директни и храбри и знаете да го побарате она што го сакате. Најверојатно сте сингл бидејќи барате нешто конкретно. Или пак можеби вашиот последен партнер не го сакал вашиот став кон животот. Како и да е, немојте да се помирите со некого кој не ја разбира вашата посебна енергија. Верувајте му на инстинктот. Кога ќе се појави вистинската личност ќе го знаете тоа.rn

    Бик

    rnБиковите го сакаат она што им е познато. Сингл сте веќе некое време? Можеби причината е тоа што сте се навикнале на вашата независност. Се разбира, нема ништо погрешно во тоа да бидете сами, но запрашајте се дали тоа е така бидејќи се чувствувате удобно или бидејќи навистина не сакате врска?rn

    Близнаци

    rnБлизнаците ја вложуваат својата енергија во врските на различни начини. Но, речиси сигурно барате партнери кои ќе разберат што мислите и што чувствувате. Ако сте сингл, можеби сè уште не сте пронашле личност која може да се справи со вашата енергија. Тоа е сосема во ред. Вдишете и уживајте со вашите мисли. Постојат многу луѓе за вас и сигурно ќе го најдете вистинскиот.rn

    Рак

    rnОдамна ви е замислена иднината со некоја личност. Веројатно сакате сериозна врска, можеби дури и семејство. Најверојатно сте сингл бидејќи луѓето околу вас не секогаш се заинтересирани за долга врска уште на почетокот. Обидете се да се отворите кон состанувањето во меѓувреме. Ќе се изненадите како се менуваат врските со текот на времето.rn

    Лав

    rnВие ја разбирате вашата вредност. Знаете дека сте привлечни и не ви е страв да го покажете тоа. Вие сте сингл не затоа што немате самодоверба, туку затоа што така сакате. Забавно ви е да флертувате и да добивате внимание од потенцијални партнери. Но ќе знаете кога ќе сретнете некој кој заслужува сè што имате да понудите.rn

    Девица

    rnВие барате премногу од себе. Знаете дека можете да бидете најдобри во сè, а единственото нешто што треба да го направите е да работите на тоа. Ако барате врска, веројатно сте сингл бидејќи премногу се трудите. Ако постојано барате потенцијален партнер, само си правите лошо. Дајте си одмор и ќе се вратите посилни од секогаш.rn

    Вага

    rnВие сте мирна личност и обично барате партнер кој ја дели таа особина. Најверојатно сте сингл бидејќи се среќавате со погрешни луѓе. Ако сте на состанок со неучтива и агресивна личност, тргнете се настрана. Или пак одвојте време само за вас. Да се биде сингл е едноставно и ќе ви овозможи да бидете дел од сите социјални активности.rn

    Скорпија

    rnМожеби сте сингл бидејќи барате само секс, или пак ви е страв од врзување сè додека не станете опседнати со совршената личност. Исто така причината може да е тоа што ви е тешко да верувате некому. Скорпиите мразат лажговци, па ако сте биле повредени во минатото веројатно ви е потребно повеќе време.rn

    Стрелец

    rnВие навистина саката да водите. И додека треба да постои „водич“ во врската, поважна е рамнотежата помеѓу партнерите. Можеби не сте подготвени да следите туѓи планови. Вие сте истражувачи па вам ви е потребна личност која ќе сака да истражува со вас. Сепак, тоа можете да го правите и сами. Верувајте им на вашите инстинкти.rn

    Јарец

    rnРечиси секогаш сте воздржани и додека ова е одлично кога треба да бидете скромни и учтиви, може да ви претставува проблем кога станува збор за љубовта. Ако сте подготвени за нешто романтично, најдете партнер со кој ќе се чувствувате удобно и ќе можете да се отворите пред него. Исто така кажете му дека ви е потребно време да стигнете до таму. Ако не сте подготвени за врска, не грижете се. Ќе дојде и тој момент.rn

    Водолија

    rnОбично Водолиите се сингл бидејќи се обидуваат да го направат светот подобро место. Сепак, не дозволувајте вашите долгорочни планови да ви стојат на патот до љубовта. Можете истовремено да бидете во врска и да се фокусирате на вашата иднина.rn

    Риби

    rnКога Рибите се вљубуваат, тие се вљубуваат до крај. Вие сте искрени и чувствителни, но знаете кога треба да забавите. Најверојатно сте сингл бидејќи вашата интуиција ви вели да одвоите малку време за себе. Лесно верувате во другите, но можеби е време да почнете повторно да верувате во себе.rnrnВашиот хороскопски знак открива и зошто немате среќа во љубовта.