КАФЕ ПАУЗА

Tag: врски

  • 20 интересни прашања кои можете да му ги поставите на момчето кое ви се допаѓа

    20 интересни прашања кои можете да му ги поставите на момчето кое ви се допаѓа

    Нема подобар начин да запознаете некого од тоа да му поставите неколку прашања. Исто така кога ќе се заинтересирате за нечии лични аспекти од животот, вашата врска може да стане посилна. Па, кога разговарате со момчето што ви се допаѓа, поставете му некое од овие прашања. Ќе дознаете нешто повеќе за него и можеби вашата љубопитност ќе го фасцинира.rnrn(1)20-interesni-prashanja-za-momcheto-koe-vi-se-dopagja-kafepauza.mkrn

    1. „Дали некогаш си јадел во ресторан без да платиш?“

    rnСекој го има помислено ова. Да заврши со оброкот и да си замине без плаќање.rn

    2. „Што сакаш повеќе, многу пари или многу љубов?“

    rnИако веќе е клише, како што стареете ќе почнете да сфаќате дека љубовта нема да ги исплати вашите долгови.rn

    3. „Дали си бил во сообраќајна несреќа и дали била по твоја вина?“

    rnНа многу нови возачи им се има случено да го удрат автомобилот на нивните родители.rn

    4. „Ако би можел да глумиш во филм, кој филм би било тоа?“

    rnОва прашање може да започне навистина интересен разговор.rn

    5. „Кој емотикон најчесто го користиш?“

    rnБидејќи емотиконите се новите хиероглифи.rn

    6. „Што е последното нешто што си го украл?“

    rnСекој има „лошо момче“ длабоко во себе.rn

    7. „Дали ти се поважни платонските или романтичните врски?“

    rnПријателството може да значи многу работи.rn

    8. „Иако во светот има многу проблеми, дали постои временски период кој бил подобар од овој?“

    rnДали тој смета дека е роден во најубавиот период?rn

    9. „Кој ти бил омилениот диносаурус кога си бил мал?“

    rnРечиси сите деца се вљубени во овие неверојатни ѕверови. Можеби и тој е едно од нив.rn

    10. „Кој е твојот хороскопски знак?“

    rnСо оваа информација ќе можете да проверите дали вашите знаци си одговараат.rn

    11. „Дали сакаш да ти ја кажат вистината или да те заштитат со лага?“

    rnОва ќе ви даде до знаење колку искрени треба да бидете со него.rn

    12. „Кој ти недостасува повеќе, Мајкл Џексон или Принц?“

    rnЌе откриете нешто повеќе за неговиот вкус за музика.rn

    13. „Ако си заробен на пуст остров со пријател, кој пријател би го одбрал?“

    rnОва е невозможно прашање и понекогаш не постои вистински одговор. Сепак поставете го.rn

    14. „Ако можеш да дознаеш како ќе умреш, дали би сакал да знаеш?“

    rnМорничаво, но интересно прашање.rn

    15. „Ако треба да одбереш само една личност која ќе ти испраќа пораки, кој би било тоа?“

    rnИ за овој одговор ќе треба да се помачи.rn

    16. „Дали би работел ноќна смена или би работел сам засекогаш?“

    rnЌе дознаете дали тој е тимски играч.rn

    17. „Дали е подобро во глава да ти се „врти“ песна од Бијонсе или од Рајана?“

    rnУште едно прашање за музика.rn

    18. „Ако повторно тргнуваш на факултет, што би направил различно?“

    rnДали можеби би учел повеќе? Или пак би запишал друг факултет?rn

    19. „Која секција си ја посетувал во средно?“

    rnОткријте нешто повеќе за неговите интереси.rn

    20. „Која е тајната која сè уште ја криеш од својата мајка?“

    rnСите имаме тајни кои ги криеме од своите родители.

  • Зошто на партнерот му е потребно вашето признание, а не вашиот совет?

    Зошто на партнерот му е потребно вашето признание, а не вашиот совет?

    Врските, дури и оние најдобрите, можат да бидат навистина комплицирани. Ова е особено вистина ако ви недостига признание. Потсетете се на последниот пат кога сте му кажале на вашиот партнер како се чувствувате. Можеби тој кажал нешто што ви ги повредило чувствата. Можеби сте свесни дека целта не му била да ве повреди, но поради нешто што сте го искусиле во минатото, неговите зборови имале такво влијание на вас.rnrnzoshto-na-partnerot-mu-e-potreno-vasheto-priznanie-a-ne-vashiot-sovet-kafepauza.mkrnrnАко ова ви звучи познато, тогаш сигурно ја знаете важноста на признанието во една врска. Целта не е постојано да ви кажуваат дека сте во право, или пак секој да се согласува со вас. Ова признание значи да чувствувате дека вашето мислење има важност во врската и дека можете да комуницирате со партнерот.rn

    Вашата врска созрева кога ќе престанете со судење и ќе почнете да прифаќате

    rnКога ќе му покажете разбирање и прифаќање на вашиот партнер, тој ќе се чувствува подобро во врска со себе и ќе сака да ги споделува неговите мисли и чувства со вас.rn

    Со признавање на неговите чувства, ќе ги отстраните грижите на вашиот партнер

    rnИако вашата прва реакција можеби ќе биде: „Знаеш дека не го мислев тоа на тој начин…“, ова сепак може да ги повреди чувствата на вашиот партнер. Наместо тоа, подобро е да кажете нешто како: „Извини што те загрижив на тој начин. Знаеш дека мислам дека си паметен. Не внимавав и се извинувам.“rn

    Вашиот партнер ќе се чувствува сакано и повеќе ќе ја цени врската

    rnПотсетувајте го партнерот дека го сакате и дека го цените. Прифатете ги неговите чувства и прашајте го дали сака да разговара за тоа зошто бил повреден од вашите зборови.rn

    Расправиите ќе бидат спречени или ќе се решаваат многу брзо

    rnАко партнерот почне да ви објаснува зошто се чувствува повредено од вас, немојте да почнете да се браните. Запомнете, целта на тој разговор е да го ислушате. Оставете го да заврши пред да почнете да зборувате.rn

    Ќе му помогнете на партнерот да ја согледа ситуацијата од ваша страна

    rnВашиот партнер сака да разберете што се случува во неговата глава. Извинете се за лошите зборови ако навистина го повредиле партнерот. Емпатијата е клучна во овој случај.rn

    Дури и да не го решите проблемот, ќе овозможите охрабрување и поддршка

    rnКога ќе се случи нешто вакво, не можете да се вратите назад и да ја промените ситуацијата. Но она што можете да го направите е да направите простор за отворен разговор. Можеби извинувањето нема да биде доволно на почетокот. Дури и да ви изгледа како партнерот да претерува, бидете трпеливи и дајте му време да размисли за ситуацијата.rn

    Колку повеќе признание му давате на партнерот, толку подлабока ќе станува вашата врска

    rnПризнанието е клучно за здрава и силна врска. Постојат 6 нивоа на признание, а секое од нив ви помага подлабоко да се поврзете со вашиот партнер.rn

    1. Бидете присутни

    rnОбрнете внимание на она што ви го кажува партнерот. Гледајте во неговите очи, држете го за раце, па дури и прегрнете го за да му покажете дека сте со него.rn

    2. Рефлексија

    rnКога ги рефлектирате чувствата на партнерот, вие ќе сфатите што тој сакал да ви каже или пак го споделувате вашето мислење за проблемот. Со ова ќе му покажете дека сте биле присутни и фокусирани, додека истовремено сте му помогнале во ситуацијата и сте ги одделиле мислите од емоциите.rn

    3. Читање мисли

    rnИако би било добро навистина да можевте да ги прочитате мислите на партнерот, целта на ова ниво е да се обидете да погодите што тој навистина мисли. Ако вашиот партнер ви кажува за некоја ситуација од работното место која го разочарала, обидете се да го разберете. Користете фрази како: „Сигурно се чувствуваш тажно бидејќи…“rn

    4. Разберете го неговото искуство

    rnПонекогаш некои ситуации нè повредуваат бидејќи нè потсетиле на некое минато искуство. Ако вашиот партнер е разочаран од нешто што според вас не е проблем, обидете се да ја согледате ситуацијата од негова страна.rn

    5. Препознајте ги емоционалните реакции

    rnНајлесниот начин да му дадете признание на вашиот партнер е да укажете на некоја ситуација на глобален начин. На пример, ако вашиот партнер е разочаран за нешто, кажете му: „Се разбира дека си разочаран, секој би се чувствувал така!“ Оваа едноставна изјава ќе го утеши вашиот партнер бидејќи ќе му даде до знаење дека не е сам.rn

    6. Радикална искреност

    rnАко и вие сте биле во слична ситуација со онаа на партнерот, споделете ја со него. Не е целта да го направите разговорот за вас, туку на овој начин ќе му покажете дека сте исти и дека и вие сте го искусиле истото.rn

    Дајте му признание на партнерот почнувајќи со суптилни работи

    rnПотребно е време за секое признание бидејќи во него се вклучени многу вештини за комуникација како трпеливост, вештини за слушање, начинот на кој ги искажувате вашите мисли, или пак како покажувате емпатија. За полесно да му дадете признание на партнерот, пробајте ги следниве совети.rn

    Обидете се да ги постигнете првото и второто ниво

    rnОва значи да бидете присутни за време на разговорот. Потребно е време да влезете во шема, па најпрво почнете со вашиот говор на телото. Вкрстените раце и оддалеченоста од вашиот партнер може да направат да изгледате како навистина да не ви е грижа за она што партнерот сака да ви го каже.rn

    За да ги постигнете третото и четвртото ниво, набљудувајте

    rnБидете свесни за минатите искуства на вашиот партнер и набљудувајте го начинот на кој тој се однесува со вас. Кое е неговото вообичаено однесување и како се однесува кога е разочаран? Штом ќе станете свесни за ова, разговорот ќе биде многу поедноставен.rn

    За петтото ниво разберете го партнерот, но и другите

    rnИако не треба да се споредувате со другите, може да ви биде од помош ако се запрашате како некој друг би реагирал во таа ситуација.rn

    За шестото ниво, искусете повеќе

    rnОва може да биде предизвик бидејќи мала е веројатноста вие и партнерот да имате исти искуства. Но, ако има каква било сличност, споделете како сте се чувствувале во таа ситуација.rnrnПотребни се двајца за среќна и здрава врска која ќе трае. Добро е уште веднаш да разговарате за признанието со вашиот партнер. Како сте се однесувале во минатото? Дали сте можеле да направите повеќе? Направете простор за разговор за во иднина да ви биде полесно да ги споделувате овие работи.rnrnОткријте и кои се грешките кои ги прават жените во љубовните врски.

  • Како подобро да се поврзувате со луѓето?

    Како подобро да се поврзувате со луѓето?

    Ако сакате да напредувате во вашата кариера или пак, да имате подобри врски со вашите пријатели и семејството, треба да научите како подобро да се поврзувате. Поврзувањето е способноста да се пронајдете себеси во другите. Комуникацијата е различна од ова бидејќи сите ние испраќаме и добиваме пораки, но тоа не значи дека сме се поврзале. Па, како да остварите вистинска поврзаност и истата долго да ја одржите?rn

    1. Имајте интерес во другите

    rn(1)kako-podobro-da-se-povrzuvate-so-lugjeto-kafepauza.mkrnrnНајчесто, луѓето кои најдобро се поврзуваат се оние кои се грижат за другите. Како лидер не можете да очекувате некој да ви даде почит. Вие треба да ја заслужите таа почит. Почитта се заслужува на тој начин што ќе покажете одреден интерес за другите, а ова ќе води до поврзување со некоја личност.rn

    2. Почнете со одговор на прашањето „Зошто?“

    rn(2)kako-podobro-da-se-povrzuvate-so-lugjeto-kafepauza.mkrnrnПред да почнете со поврзување, важно е да ги разјасните вашите намери. Така луѓето повеќе ќе ви веруваат. Јасно кажете која ви е намерата и која ви е целта за да ја добиете потребната почит. Дури и ако некој не се согласува со вашите методи, тој сепак ќе ве почитува бидејќи вие сте го наложиле тоа.rn

    3. Поставувајте прашања

    rn(3)kako-podobro-da-se-povrzuvate-so-lugjeto-kafepauza.mkrnrnЗа да станете одлични во поврзувањето, мора да научите како да го префрлате вниманието врз другите. За ова е доволно само да поставувате прашања. Со тоа луѓето ќе се чувствуваат удобно околу вас. Дајте им шанса на луѓето да споделат нешто за себе и тие навистина ќе ве засакаат. Тие ќе ви кажат што им е важно и што сакаат да прават.

  • 5 предупредувачки знаци на кои треба да внимавате на почетокот на врската

    5 предупредувачки знаци на кои треба да внимавате на почетокот на врската

    Конечно сретнавте некои кој ги исполнува сите ваши услови. Тој е паметен, интересен и привлечен и веќе се надевате дека ќе почнете нешто сериозно. Но, поради некоја причина се прашувате дали сепак можете да ѝ верувате на таа личност. Доколку имате и најмал сомнеж, обрнете внимание на предупредувачките знаци кои се појавуваат на почетокот на врската. Иако можеби е тешко да „прочитате“ некој кој го познавате малку време, подобро е да размислите што ќе правите понатаму ако забележите некој од овие знаци.rn

    1. Контролирање и критикување

    rn(1)5-predupreduvachki-znaci-na-koi-treba-da-vnimavate-na-pochetokot-na-vrskata-kafepauza.mkrnrnГолема е веројатноста да сте биле во врска или да сте биле пријатели со некој што сака да биде главен. Овие луѓе постојано ве советуваат што и како да правите. Иако понекогаш е заморно, тоа однесување обично е безопасно. Но, постојат и луѓе кои мислат дека треба да донесуваат одлуки место вас, или пак постојано ве критикуваат за сè. Ако на почетокот на врската партнерот прави да се чувствувате неудобно, можеби станува збор за личност која сака да ве контролира.rn

    2. Невнимателност и расеаност

    rn(2)5-predupreduvachki-znaci-na-koi-treba-da-vnimavate-na-pochetokot-na-vrskata-kafepauza.mkrnrnИма луѓе кои го сакаат адреналинот и не им е страв да пробуваат нови и луди работи. Но ако вашиот партнер постојано го прави тоа, можеби има поголеми проблеми. Можеби ова не е доволна причина да ставите крај, но ако кога сте со него често се наоѓате во ситуации кои прават да се чувствувате небезбедно или под притисок, можеби неговата намера не е најдобра.rn

    3. Себичност

    rn(3)5-predupreduvachki-znaci-na-koi-treba-da-vnimavate-na-pochetokot-na-vrskata-kafepauza.mkrnrnНа почетокот можеби е тешко да ја забележите себичноста бидејќи и двајцата ќе се обидувате да се импресионирате. Себичните луѓе имаат некој страв дека ако не внимаваат на себе ќе завршат со помалку од она што го заслужуваат. Стравот дека ќе немаат доволно внимание, љубов, пари и слично ги тера да реагираат импулсивно и да ги манипулираат ситуациите за тие секогаш да добијат нешто. Ако вашиот партнер постојано заборава да земе пари кога излегувате, или пак не сака да планира со вас и да ви враќа на пораките, можеби си имате работа со себична личност.rn

    4. Проблеми со посветување

    rn(4)5-predupreduvachki-znaci-na-koi-treba-da-vnimavate-na-pochetokot-na-vrskata-kafepauza.mkrnrnНе секој кој е во врска сака да се посвети на својот партнер. Ова е во ред доколку партнерот уште на почетокот ви каже дека не е заинтересиран за нешто сериозно. Но, ако ви каже дека е заинтересиран, или пак почнал да ве запознава со пријателите и семејството, но постојано избегнува да каже дека сте официјално заедно, големи се шансите да си игра со вас. Луѓето кои се плашат од сериозна врска обично имаат други проблеми кои мораат да ги средат пред да му се посветат на партнерот.rn

    5. Неискреност

    rn5)5-predupreduvachki-znaci-na-koi-treba-da-vnimavate-na-pochetokot-na-vrskata-kafepauza.mkrnrnНикој не треба да ја толерира неискреноста, особено на почетокот на врската. Ако вашиот партнер ве лаже додека работите сè уште се едноставни, тој ќе продолжи со тоа и понатаму во врската. Бидејќи сè уште немате стекнато доверба еден во друг, во е ред е малку да истражите и да се заштитите. Ако тој нема што да крие нема да му биде проблем да ви одговори на прашањата, но внимавајте да не звучите премногу љубоморно.rnrnИако не би требало прерано да ја осудувате личноста со која се гледате, бидете внимателни. Не брзајте и дозволете им на работите сами да се одвиваат. Со тек на време ќе дознаете со каква личност си имате работа и ќе можете правилно да одлучите дали вреди да се продолжи врската.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата врска нема да трае долго.

  • Дали се уништувате себеси? Вашиот хороскопски знак може да ви открие колку сте самодеструктивни

    Дали се уништувате себеси? Вашиот хороскопски знак може да ви открие колку сте самодеструктивни

    Самодеструктивното однесување е одраз на нашите мрачни страни кои произлегуваат од ниската самодоверба. Некои психолози го сметаат самоуништувањето за механизам на соочување со проблемите, како што се големиот стрес, притисок и слично. Други, пак, веруваат дека самодеструкцијата е начин на одржување на удобната зона поради недостаток на доверба или чувство на недостојност. Самодеструктивното однесување може да се јави во многу облици. За го продолжите вашиот личен развој и да си подобрите животот најдобро е да се соочите со вашите демони. Па, што има хороскопот да каже на оваа тема? Дознајте кои хороскопски знаци се најсклони кон самодеструкција во меѓучовечките односи…rnrnДали се уништувате себеси? Вашиот хороскопски знак може да ви открие колку сте самодеструктивниrn

    Скорпија

    rnНа прво место се наоѓа Скорпијата. Тие имаат разорна моќ на нуклеарна бомба! Тие не се уништуваат само себе, туку и луѓето околу себе. Генерално гледано, Скорпиите се полни со љубов, затоа и ги привлекуваат останатите, но имаат тенденција во врските да бидат претерано посесивни и љубоморни.rn

    Бик

    rnВторото место го зазема Бикот, кој е познат по неговата страст. Биковите имаат необична способност да ги оставаат луѓето без зборови, благодарение на нивната привлечност. Но, исто како и Скорпиите, и тие треба да решат многу работи. Дозволете ѝ на вашата страст да го извлече најдоброто од вас, наместо да бидете претерано опсесивни во врската и да го згушите партнерот.rn

    Близнаци

    rnОднадвор, Близнаците делуваат како многу енергични и позитивни. Тие секогаш ја гледаат светлата страна на работите. Но, однатре работите не се баш такви какви што изгледаат. Близнаците постојано се борат со анксиозност, несигурност, недоверба, а тоа влијае на динамиката на нивните врски во животот. Коренот на проблемот потекнува од нивната неспособност да им се отворат на другите.rn

    Лав

    rnСѐ е во ред со Лавовите на почетокот од врската. Тие се одлични партнери кога врската е нова и свежа. Секогаш зрачат со возбуда и радост во првата фаза. Но, кога ќе влезат подлабоко во врската, нивните демони на гордоста и егото почнуваат да излегуваат на површина и да предизвикуваат проблеми.rn

    Рак

    rnНајчесто, Раковите се многу чувствителни и конзервативни. Исто така, тие се многу експресивни кога се работи за нивните емоции и луѓето секогаш знаат како се чувствуваат. Меѓутоа, честопати знаат многу долго да замеруваат за некои работи. Тешко ги забораваат караниците и несогласувањата со партнерите.rn

    Девица

    rnНајголемите непријатели на Девиците се тие самите. Иако на почетокот знаат како да управуваат со врската, подоцна нивниот ум почнува да потфрлува. Премногу размислуваат и ги анализираат работите, па затоа на крајот заглавуваат во канџите на самоуништувањето.rnrnДали се уништувате себеси? Вашиот хороскопски знак може да ви открие колку сте самодеструктивниrn

    Овен

    rnОвните секогаш изгледаат заљубено. Отворено ги покажуваат нивните емоции и љубов. Меѓутоа, нивната неспособност да се врзат и да останат верни е она што ги доведува нивните врски до пропаст.rn

    Вага

    rnВагите не се многу самодеструктивни во врските. Знаат што треба да направат за да опстои врската, но тоа не им доаѓа толку природно колку на другите. Тие се многу дружељубиви, а тоа им го одвлекува вниманието и ги доведува до донесување погрешни одлуки во врските. Вагите се обидуваат да им угодат на премногу луѓе одеднаш и забораваат да си постават приоритети.rn

    Јарец

    rnНајчесто, Јарците се многу посветени на врските. Многу се стабилни, сигурни и смирени, дури и во ситуации кои предизвикуваат голем притисок. Тие не поднесуваат глупости и никогаш не се плашат да го кажат она што го мислат. Не ги толерираат луѓето кои не можат сериозно да ги сфатат работите. Нивните единствени недостатоци се тоа што се песимистични и негативни.rn

    Водолија

    rnИронично е тоа што недостатокот на емоциите е она што ги прави Водолиите добри партнери во врските. Многу се паметни и аналитични, па затоа знаат како да се извлечат од сите неволји без многу потешкотии. Единствената пречка што треба да ја надвладеат е нивната неподготвеност да се поврзат со луѓето на духовно и емоционално ниво.rn

    Стрелец

    rnНа Стрелците им е тешко да сфатат што значи поимот самодеструкција. Тие секогаш зрачат со среќа, радост и оптимизам. Стрелците несебично ги пренесуваат позитивните вибрации со луѓето околу нив. Но, мора да научат да го држат оптимизмот под контрола. Не смеат да му дозволат да ги одлепи од реалноста.rn

    Риби

    rnОд сите знаци во зодијакот, Рибите се најмалку самодеструктивни. Тие навистина знаат како да воспостават рамнотежа во врските. Многу се чувствителни и искрени. Знаат како да ја искажат нивната љубов на прекрасен и посебен начин. Ако дојде до прекин на врската, многу ретко може да се обвинат Рибите за раскинувањето.rnrnДознајте ја и морничавата страна на вашиот хороскопски знак.

  • 10 причини зошто не можете да го преболите поранешниот партнер

    10 причини зошто не можете да го преболите поранешниот партнер

    Повеќето луѓе закрепнуваат по крајот на врската, особено ако одлуката за разделба е обострана. Тие учат од нивните грешки, наоѓаат утеха кај семејството и пријателите и по некое време ѝ се посветуваат на друга врска. Но, приказната е поинаква ако едниот партнер си замине, а другиот е сè уште приврзан.rnrn10-prichini-zoshto-ne-mozhete-da-go-prebolite-poraneshniot-partner-kafepauza.mkrnrnНекои луѓе чувствуваат бескрајна тага, песимизам и страв дека никогаш повеќе нема да се вљубат. Доколку се наоѓате во ваква ситуација, погледнете кои се одликите кои не ви дозволуваат да го заборавите партнерот кој ве напуштил и да продолжите понатаму.rn

    1. Несигурност

    rnНормално е луѓето да се чувствуваат несигурни кога постои закана да изгубат нешто што им е важно. Нивната удобност е нарушена од непредвидливата закана и повеќето луѓе развиле одбранбен механизам кој им помага да ги надминат чувствата на тага и страв. Со текот на времето тие успеваат да продолжат понатаму. За жал, некои луѓе потешко го доживуваат тоа, особено ако биле напуштени повеќе пати. Тие се чувствуваат беспомошно и безнадежно, а нивната болка е посилна од секоја надеж дека ќе им биде подобро.rn

    2. Посветеност

    rnКога луѓето мислат дека конечно го пронашле „вистинскиот“, и тогаш партнерот ги напушти, тие ќе мислат дека никогаш нема да имаат таква врска. Овие луѓе секогаш сонувале за посебен партнер на кој можат да се потпираат. Но, многу често кај нив постои страв за тоа дали партнерот го мисли истото. Кога сметаат дека оваа врска е вистинска, тие вложуваат сè во неа со надеж дека засекогаш ќе бидат заедно. Но, поради ова ги игнорираат знаците за предупредување од другиот партнер.rn

    3. Трауми од напуштање од детството

    rnАко децата биле сведоци на напуштање, многу е веројатно да им биде тешко да веруваат некому. Нивната несигурност често ги прави возрасни кои се плашат премногу од неизбежниот крај на врската. Овој страв многу често е фрустрирачки за личностите кои се обидуваат да ги сакаат. Многу често се обесхрабруваат и сами ја напуштаат врската со тоа повторно преживувајќи ја траумата од детството.rn

    4. Страв од осаменост

    rnАко некоја личност се плаши дека никогаш нема да биде сакана, таа е во можност да трпи омаловажување, злоупотреба и лошо однесување само за да биде во врска. Ако ситуацијата е ваква, можни се два резултати – партнерот ќе се чувствува премногу виновен за да остане во врската, или ќе остане во врска додека истовремено бара некој подобар.rn

    5. Потпирање на партнерот за сопствената вредност

    rnОпасно е за кој било партнер да му дозволи на другиот да ја дефинира неговата вредност. Ако партнерот одлучи да стави крај на врската, другата личност ќе остане само со негативната слика за себе. Таа постојано ќе ги бараат своите грешки, своите недостатоци и ќе смета дека никој друг не може да ја сака.rn

    6. Страв од неуспех

    rnПостојат луѓе кои буквално се преплашени од каков било неуспех, а овде спаѓаат и врските. Тие ќе дадат сè од себе и не можат да се соочат со тоа дека нивните напори можеби нема да успеат. Многу често претерано реагираат во врските и се фокусираат и на најнепотребните работи.rn

    7. Романтични фантазии

    rnУспешните врски не се романтични како во приказните. Иако секоја врска почнува со заеднички работи, со текот на времето се откриваат разликите кои мора да се надминат. Луѓето кои се потпираат на романтичните фантазии се приказна за себе. Тие сакаат да му бидат сè на партнерот и кога ќе се појави некој проблем го гледаат само како привремена пречка и не го сфаќаат сериозно. Во ваква врска, многу често другиот партнер ќе почне да бара нешто пореално.rn

    8. Бесмртна љубов

    rnПостојат луѓе кои сметаат дека љубењето на еден партнер е големо достигнување и се гордеат со тоа што не се откажуваат, дури и кога врската завршила. Тие се држат до верувањето дека љубовта некогаш била многу убава и подготвени се да чекаат засекогаш за да им се врати партнерот. Желбата да му останат верни на некој кој ги напуштил не им дозволува да продолжат со животот. Секој нов партнер го гледаат како бледа копија на љубовта на нивниот живот.rn

    9. Една заедничка работа

    rnПонекогаш партнерот наоѓа некој друг кој е совршен во една важна област. Остатокот од врската можеби не е најдобар, но убавината во само таа област ги исполнува. Поради ова, тие ги стеснуваат своите идни можности. Откако ќе бидат одбиени тие се фокусираат само на тоа да го вратат партнерот и подготвени се да жртвуваат сè.rn

    10. Демнење

    rnЗа жал некои луѓе не можат да се откажат од партнерот без разлика што врската одамна е завршена. Дури и ако поранешниот партнер ги избегнува, игнорира па дури и понижува, тие нема, и не сакат да се откажат. Постојат неколку причини зошто луѓето се повредуваат на овој начин. Можеби чувствуваат дека немаат каде да одат. Или пак сметаат дека нема веќе никогаш да пронајдат некој добар за нив. Или пак секогаш одбираат партнери кои не можат да ги сакаат исто и никогаш не го прифаќаат тоа. Ако болката е преголема, тие може да го демнат, казнуваат или да му пречат на партнерот без можност да престанат да ја бркаат завршената врска.rnrnШтом ќе сфатите зошто ви се случуваат овие работи, ќе ви биде полесно да ги надминете и во иднина ќе избирате подобри партнери. Треба да се соочите со вистината на врските и да бидете свесни дека секоја врска може да заврши. Станете посилни и полесно поминувајте низ разделбите.rnrnОвој тест ќе ви помогне да откриете дали уште сте опседнати со бившиот парнтер.

  • Во животот ниту една средба не е случајна

    Во животот ниту една средба не е случајна

    Во овој свет секогаш постои причина зошто сретнувате некои луѓе. Без разлика дали станува збор за благослов или лекција, секој што се појавува во вашиот живот е таму со причина. Понекогаш кога сретнувате некој, хемијата е толку силна што и двата живота се трансформираат. Понекогаш пак се појавуваат луѓе кои ви го нарушуваат целиот мир.rnrnSilhouette of young couple under stars. The concept on the theme of love. Elements of this image furnished by NASA.rnrnСекоја средба, лоша или добра, е од ваша корист. Разните врски кои ги градите со луѓето го прават вашиот живот интересен, предизвикувачки, а многупати и го променуваат. Понекогаш среќавате луѓе кои мислите дека сте ги познавале цел живот или ја чувствувате магијата на синхроницитетот. Синхроницитетот е концепт составен од Карл Јунг со кој се објаснети значајните случајности. Тој го поддржува верувањето дека универзумот ни праќа знаци и луѓе за да нè водат кон целта во нашиот живот. Овие знаци најчесто се гледање на истите луѓе или броеви одново и одново.rn

    Никој не е испратен случајно

    rnКога ќе го разберете значењето на овие средби, тие ќе ви бидат како алатка за учење и движење нанапред во животот. Ако се чувствувате изгубено и збунето, голема е веројатноста да запознаете некој што ќе го промени тоа. Можеби нивното однесување ќе ве повреди и ќе се разделите, но тогаш ќе научите нешто што ќе ве врати на вистинскиот пат. Кога ќе знаете што навистина сакате, ќе ви биде полесно да ги разликувате врските.rn

    Средба со причина

    rnЛуѓето кои доаѓаат во вашиот живот обично се овде да исполнат некоја ваша потреба. Ако минувате низ тежок период, оваа духовна поврзаност може да ви изгледа како вистински благослов. Кога ќе ја исполни својата цел, оваа личност може и ќе исчезне од вашиот живот.rn

    Средба за една сезона

    rnПостојат луѓе кои се во вашиот живот само одреден период. Овде може да станува збор за вистински духовен близнак чија цел е да ве „разбуди“. Можеби таа личност ќе ви постави некоја пречка, а енергијата помеѓу вас ќе биде толку силна што веднаш ќе ја забележите. Оваа поврзаност најчесто е овде за да ве натера да созреете и да ја откриете вашата страст. Оваа сродна душа е овде само една сезона, а штом ќе си ја заврши работата, ве напушта.rn

    Средба за цел живот

    rnОвие врски се највредни. Тие се мирни, полни со љубов и во нив нема место за брзање и силна енергија. Овие врски го вадат најдоброто од вас и вие созревате заедно со оваа личност. Оваа врска трае цел живот и е премногу ретка и скапоцена. Може да станува збор за партнер, пријател, но и член од семејството.rnrnКога ги чувствувате овие врски, најдобриот начин да ги привлечете вистинските луѓе е да се опуштите и да го исполните вашето срце со љубов. Никогаш немојте да ги присилувате врските, дозволете им сами да се развиваат. Простувајте и ширете љубов кон сите бидејќи и другите луѓе се обидуваат да го пронајдат својот пат. Ништо не е случајно. Секоја ситуација, личност и искуство само ве приближува кон вашата цел.rnrnДали знаете што ќе се случи кога ќе го сретнете вашиот духовен близнак?

  • Зошто жените се одлучуваат на неверство?

    Зошто жените се одлучуваат на неверство?

    Кога една жена ќе го изневери својот партнер, тоа не е одлука која ја донела во моментот. Многу често постојат проблеми во врската кои ја натерале на овој потег. Погледнете некои од најчестите причини зошто жените се одлучуваат за неверство.rn

    1. Не се чувствува ценето

    rnelegant couple ready to party with champagnernrnНа жената ѝ е потребно да се чувствува сакана. Ако нејзиниот партнер не прави да се чувствува така, голема е веројатноста да го побара тоа кај некој друг. Психологот Џудит Шербен вели дека на жената ѝ е важно да се чувствува значајно.rn

    „Она што мажот треба да го знае за жената е дека таа сака, па дури има и потреба да се чувствува посебно. Да биде посебна онаква каква што е во очите на мажот кој што го сака.“

    rn

    2. Недостаток од физички контакт

    rn(2)zoshto-zhenite-se-odluchuvaat-za-neverstvo-kafepauza.mkrnrnДопирот е важен во секоја врска. Ако нема физички контакт во врската, жената ќе се чувствува како да не е посакувана. Жените сакаат кога се „бркани“ од мажите. Ним им е многу важно да бидат посакувани.rn

    3. Партнерот не ја слуша

    rnAngry woman looking at manrnrnЖените сакаат да бидат слушнати кога зборуваат. Без оваа поврзаност, голема е веројатноста за неверство. Експертот за врски, Април Масини, изјавила:rn

    „Направете вашата партнерка да се чувствува важно. Жените најмногу се жалат за тоа дека нивниот партнер не ги слуша. Тоа е бесплатно, не ви троши многу време и не губите ништо ако ја слушате додека зборува. И ако активно ја слушате и реагирате на кажаното, не само што ќе ја подобрите интимноста помеѓу вас, туку ќе го подобрите и сексуалниот живот.“

    rn

    4. Партнерот ја прави несреќна

    rn(4)zoshto-zhenite-se-odluchuvaat-za-neverstvo-kafepauza.mkrnrnАко сакате вашата партнерка да ви остане верна, немојте да бидете груби кон неа. Ако редовно ѝ кажувате неучтиви работи и секој разговор е полн со критики, таа ќе побара некој друг кој ќе ја третира како што треба. Ако не ѝ помагате да ја зголеми својата самодоверба и ако не правите да се чувствува среќно, некој друг ќе го направи тоа наместо вас.rn

    5. Лош секс

    rnYoung Woman Listening Music with Headphones on the BedrnrnЖените уживаат во сексот исто колку и мажите, па немојте да бидете себични кога станува збор за задоволување на партнерката. Масини изјавила дека е важно работите во креветот да бидат интересни.rn

    „Променете ја рутината во креветот. Зачинете ја со патување или вечера на подот, или пак со некоја забава. Иако звучи детинесто, на овој начин ќе се запознаете подобро и ќе си покажете колку се цените. Правете го ова не само за партнерката, туку и за вас.“

    rnПогледнете и како да го спречите неверството во бракот.

  • Паровите кои вистински се сакаат никогаш не престануваат да ги прават овие работи

    Паровите кои вистински се сакаат никогаш не престануваат да ги прават овие работи

    Кога двајца се во подолга врска, тие престануваат да прават многу работи кои ги правеле на почетокот. Сето ова е дел од заедничкото созревање. Но, кога ќе почнат да исчезнуваат одредени нешта, врската може да го изгуби квалитетот. Паровите кои вистински се сакаат всушност продолжуваат да прават многу работи, а со тоа ја зајакнуваат нивната врска. Ако сте лудо вљубени во вашиот партнер, голема е веројатноста дека сè уште правите барем половина од овие работи.rn

    1. Сè уште си се восхитувате

    rn(1)parovite-koi-vistinski-se-sakaat-nikogash-ne-prestanuvaat-da-gi-pravat-ovie-raboti-kafepauza.mkrnrnВие ги знаете сите недостатоци на вашиот партнер, но сепак го сакате. Кога ќе го видите сте возбудени и секогаш се чувствувате безбедно во неговата прегратка.rn

    2. Си давате комплименти

    rn(2)parovite-koi-vistinski-se-sakaat-nikogash-ne-prestanuvaat-da-gi-pravat-ovie-raboti-kafepauza.mkrnrnНа почетокот на врската луѓето постојано си кажуваат колку се убави или згодни. Со текот на времето овие комплименти стануваат поретки. Но, кај паровите кои вистински се сакаат комплиментите никогаш не престануваат.rn

    3. Одвојувате време само за вас двајцата

    rn(3)parovite-koi-vistinski-se-sakaat-nikogash-ne-prestanuvaat-da-gi-pravat-ovie-raboti-kafepauza.mkrnrnДури и ако поминувате многу време заедно, тоа обично е со пријатели или кога сте излезени. Ако вистински се сакате, вие секогаш одвојувате време само за вас двајцата, останувате дома, разговарате и уживате во вашето друштво.rn

    4. Работите на проблемите

    rn(4)parovite-koi-vistinski-se-sakaat-nikogash-ne-prestanuvaat-da-gi-pravat-ovie-raboti-kafepauza.mkrnrnСакате врската да трае, па секогаш кога има некој проблем се обидувате да го решите што побрзо. Вие сте вљубени, вие сте тим и знаете дека во врската треба да се негуваат потребите на двајцата.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Како влијаат социјалните мрежи на модерните љубовни врски?

    Како влијаат социјалните мрежи на модерните љубовни врски?

    Способноста да се вљубиме, и тоа не само за репродукција, е особина која ја имаме само ние луѓето. Како и многу други работи, претставувањето на љубовта и нашиот однос кон неа се менувал со текот на времето, а технологијата си има свој удел во оваа промена. Љубовните врски никогаш не биле едноставни – да имате друга личност покрај себе со многу различни желби и навики понекогаш може да биде навистина тешко.rnrnkakvo-vlijanie-imaat-socijalnite-mrezhi-na-modernite-ljubovni-vrski-kafepauza.mkrnrnТехнологијата го променила начинот на кој гледаме многу работи, вклучувајќи ги и врските. Иако љубовта некогаш била нешто интимно и лично, социјалните мрежи го променија тоа. Погледнете какво влијание имаат социјалните мрежи на модерните љубовни врски.rn

    1. Се заборава заедничкото патување

    rnДовербата е како кула од карти – штом еднаш ќе се сруши почнува да предизвикува деструктивни мисли. Благодарение на социјалните мрежи и лесниот пристап до нови потенцијални партнери, многу луѓе го забораваат патот кој го поминале со личноста која е со нив.rn

    2. Лажење, неверство и барање излез

    rnДодека комуникацијата е клучна во една врска, социјалните мрежи го прават тоа да биде толку едноставно, па многу луѓе стануваат склони кон лажење и неверство. Тие почнуваат да ја сакаат личноста која ја запознале онлајн, па полека ги забораваат љубените кои се до нив во реалноста. Покрај тоа, бројните апликации за состанување уште повеќе го олеснуваат неверството.rn

    3. Комуницирање со бившите партнери

    rnКако што кажавме, комуникацијата е многу полесна со социјалните мрежи, па луѓето се под искушение да направат грешки. Постојат ситуации каде што едниот партнер комуницира со бившиот, а другиот треба да се помири со тоа бидејќи тоа се „само пораки“. Чувството не е пријатно, а фактот дека ова се случува секојдневно го прави уште полошо.rn

    4. Постојано надгледување и параноја

    rnТоа што можете да видите пред колку време вашиот партнер бил онлајн може да навистина да ве излуди. Особено ако имате историја со неверство. Постојаното надгледување на партнерот преку социјалните мрежи навистина ја убива романтиката во врските.rn

    5. Љубомора

    rnСè е јавно и транспарентно, а ова има негативно влијание на врските. Кога ќе видите фотографија од партнерот со некој друг, сигурно ви поминуваат секакви мисли низ глава. Или пак, кога ќе видите фотографија од богат пар станувате љубоморни на нивната врска, наместо да бидете среќни за вашата.rn

    Добри страни

    rnСепак, како и сите работи, и социјалните мрежи имаат по некоја добра страна. Всушност, сè зависи од вашата намера. Сигурно слатката порака од партнерот која ќе ја добиете наутро ќе ви го разубави денот. Ако вашата врска е силна и си верувате еден на друг, социјалните мрежи не би требало да бидат пречка. На крај, најважна е почитта и љубовта која ја имате еден кон друг.rnrnПогледнете го и влијанието на социјалните мрежи врз човековата психа.