Некои парови едноставно сакаат да ги комплицираат работите. Во денешно време, спектарот помеѓу тоа да се биде „во врска“ и „сингл“ е поширок од кога било претходно. Откријте кои се 9-те нездрави и токсични типови љубовни врски и дали можеби вие се наоѓате во некоја таква.rnrn
rn
1. Поранешниот партнер со којшто сè уште повремено се „плеткате“
rnВие двајца сте биле навикнати да бидете постојано заедно, па сè уште не можете сосема да се откажете еден од друг. Не сакате веќе да бидете во љубовна врска, сте раскинале со добра причина, но секојпат кога се чувствувате осамено, сè уште чувствувате хемија и привлечност меѓу вас и се договарате да се дружите. Иако, ова не е најздравиот начин да се стави крај на една љубовна врска, барем сте во добри односи, додека не дојде некој следен партнер.rn
rn
rn
2. „Те сакам, но се плашам да ти го признам тоа“
rnВие двајца сте тотално „луди“ еден за друг и сите околу вас тоа го забележуваат, освен вие двајца. Едноставно, премногу сте преплашени да му ги признаете на партнерот вашите искрени емоции, како и тој на вас. Наместо тоа, се преправате дека сте потполно рамнодушни и вечно го одложувате движењето на работите на повисоко ниво.rn
rn
rn
3. Повик за помош
rnЕдинствено се слушате, кога на некој од вас му е потребна малку акција. Вие двајца не сте компатибилни по ниеден основ и не ви ни паѓа на памет да комуницирате, за нешто повеќе од дружење. Можеби ни за дружба не ви е идеалниот кандидат, меѓутоа помеѓу другите опции коишто ги имате на располагање, тој/таа е најмалото зло.rn
rn
rn
4. Сродна душа од „Тиндер“
rnИако апликацијата „Тиндер“ не ја користите многу одамна, сепак таму сте запознале фраер/фраерка кој/а што со еден збор, е совршен/а! Веќе со недели разговарате преку чет секоја вечер, постојано ве засмејува и забавува и навистина уживате во неговото/нејзиното виртуелно друштво. Единствениот проблем, се состои во тоа што очигледно и на двајцата ви недостасува храброст да ја пренесете „врската“ во реалниот живот, зошто поудобно и побезбедно ви е вака.rn
rn
rn
5. „Моментално не сакам да сум во врска, ама не сакам да се гледаш со други“
rnОва е една од најбесмислените лажни врски коишто постојат. Тој јасно ви дал до знаење дека не е заинтересиран за врска, но запаѓа во лошо расположение, секојпат кога вие ќе спомнете некој друг. Имајте на ум, дека последно нешто што ви е потребно, е фраер којшто со месеци и години ќе го чекате да се одлучи што сака, додека во светот постојат безброј други, коишто би „убиле“ за да бидат во врска со вас.rn
rn
rn
6. Пријатели кои повремено се нешто повеќе
rnНе сакате да сте во врска, но вашето пријателство е толку силно и неверојатно многу ви значи. Но, иако би сакале да е поинаку, вие едноставно не можете да го доживеете како фраер со којшто би биле во врска. Но, од друга страна, повремено го доживувате како совршено соодветно друштво, за разубавување на осамените ноќи.rn
rn
rn
7. Врска за којашто „не се грижите“
rnВие сте во врска, но поради некои причини, коишто само вие ги знаете, вам не ви е толку грижа за таа личност. Ниеден од вас, не сака да делува премногу посветено и заљубено, па и двајцата глумите дека сте рамнодушни ледени брегови, а во реалноста сте всушност врели гејзири, на коишто и тоа како им е грижа еден за друг.rn
rn
rn
8. Вие само сакате да „разговарате“ и ништо повеќе
rnВие сте биле излезени на неколку состаноци со различни луѓе коишто ви се допаѓаат, но и понатаму немате претстава што тие точно мислат за вас. Додека не решите вие да смислите и не се одлучите за некој од нив, само продолжувате да разговарате со потенцијалните кандидати, без да правите ништо посериозно од тоа.rn
rn
rn
9. Вие сте најдобрите пријатели на светот
rnВие сте најдобри другари, веќе години наназад и сè правите заедно. Нити вам, нити на пријателот, не ви ни паѓа на памет дека можете да бидете заедно како пар и никогаш досега не сте ни допреле. Од друга страна, и двајцата насамо полудувате од љубомора, кога ќе чуете дека тој/таа запознал/а некоја друга личност.rnrnМоже да ве интересираат и овие 3-те видови љубов што сите ќе ги искусат во текот на животот.


rn
rn
rn
rn

rnrnСите ние имаме емоционални испади. Постојат денови и случувања кои нè прават емотивни до тој степен што тоа има големо влијание на нас и нашето секојдневие. Соништата кои прочистуваат ни помагаат да ги исфрлиме лошите емоции, односно емоционалниот отпад. Овие соништа нè ослободуваат и ни даваат духовна рамнотежа. Тие ни помагаат да се чувствуваме полесно, подобро и посмирено.rn
rnrnОва е можеби најчудниот вид. Овие соништа доаѓаат од нашата потсвест, а таму се складирани повеќето од секојдневните проблеми. Сепак, не успеваат сите да допрат до тој скриен дел од мозокот, па решенијата за проблемот остануваат длабоко во потсвеста. Но овие проблеми „излегуваат“ на површина преку соништата кои ни помагаат да ги решиме. Овие соништа често се дел од животите на многу научници.rn
rnrnОва се соништа кои се полни со предвидувања и работат на ниво на интуицијата. Најчесто им помагаат на луѓето кои имаат поизразена интуиција. Овие соништа може да ви кажат за настани кои допрва треба да се случат во вашиот живот. Тие можат да ви помогнат да избегнете некои потенцијални проблеми во иднина.rn
rnrnВо овој случај се работи за соништа кои се поврзани со духовниот пат на некој човек. Овие соништа нè насочуваат и ни помагаат да останеме на потребното духовно ниво. Ако застраниме од нашиот пат, овие соништа ќе нè предупредат. Секој би требало да ги слуша своите соништа бидејќи тие ни кажуваат што е добро за нас, а што не.rn
rnrnОвие соништа се засновани на секојдневните настани. Делови од нашиот живот остануваат во потсвесниот ум и придонесуваат за создавањето на овие соништа. Иако понекогаш изгледаат како нашиот секојдневен живот и не се ни посебни, ни спектакуларни, соништата за надворешните случувања можат да ни помогнат да разгледаме некоја ситуација од друга страна.rnrnАко имате соништа кои се повторуваат, 
rnrnМаслото од лаванда е едно од најпопуларните. Познато е дека ги намалува симптомите на депресија, стрес, анксиозност, па дури и симптомите на посттрауматскиот стрес. Лавандата помага во спиењето, па е одлична за луѓето кои страдаат од несоница. Неколку капки масло од лаванда е сè што ви е потребно за да се чувствувате подобро.rn
rnrnЕсенцијалното масло од нане има магична моќ да ве разбуди кога тоа ви е најпотребно. Можете да го ставите во сад за горење есенцијално масло, или пак да нанесете неколку капки на вашата кожа. Ако се чувствувате лошо, употребете го ова масло кое ќе ве расположи и ќе ви ги исчисти мислите.rn
rnrnМаслото од сандалово дрво има смирувачки и терапевтски ефект. Покрај тоа мириса прекрасно. Ова есенцијално масло ги спречува и воспаленијата, а може да намали и некои болки. Ако сте имале лош ден, маслото од сандалово дрво ќе се погрижи да се чувствувате подобро.rn
rnrnСлично како нането, така и ванилата спаѓа во аромите кои или ги сакате или не можете да ги поднесете. Маслото од ванила може дури и да воспостави рамнотежа на вашите хормони, а ова има големо влијание на вашето променливо расположение.rn
rnrnЕсенцијалното масло од камилица се добива од цветот камилица, исто како и чајот. Ова масло е одлично во борбата против инфекциите и може да ги намали симптомите на депресија и да ве смири ако чувствувате гнев. Исто така го подобрува здравјето на нервниот систем. Без разлика дали пиете чај од камилица, или ќе нанесете неколку капки масло на вашата кожа, тоа сигурно ќе го опушти вашиот ум и ќе ви помогне со концентрацијата.rn
rnrnМаслото од јојоба е чудотворно за вашите кожа и коса. Одлично е за справување со инфекции и акни, а го навлажнува и вашиот скалп. Исто така може да ги ублажи болките предизвикани од ревматизам и артритис. Обидете се да го комбинирате маслото од јојоба со пенлива купка за вистински да се релаксирате после напорниот ден.rn
rnrnРастението еукалиптус одамна се користи во медицината, па не е ни чудно што маслото од него е одлично за вашите ум, тело и душа. Кога имате вртоглавица, вдишете малку од маслото и веднаш ќе се чувствувате подобро. Маслото може да се користи и за отстранување непријатни миризби, чистење на вашите раце, како и за намалување на симптомите на настинка и грип.rn
rnrnМаслото од темјан е познато како „крал на есенцијалните масла“. Ова масло го подобрува вашиот имунитет и е одлично за навлажнување на вашата кожа. Покрај тоа, неговата арома е прекрасна и речиси сигурно ќе ви помогне да се релаксирате.rnrnПогледнете и зошто е добро да користите 

rnrnВо продолжение се 4-те главни стилови на комуницирање. Кога ќе го откриете вашиот, но и стилот на вашиот соговорник многу полесно ќе разговарате со другите. Искористете го ова за да го подобрите вашиот живот, но и квалитетот на вашите врски.rn