КАФЕ ПАУЗА

Tag: видови

  • Најголемиот аквариум во светот

    Најголемиот аквариум во светот

    Овој аквариум се наоѓа во Атланта, Џорџија, САД и воедно е најголемиот во светот. Тој е исполнет со 32 милиони литри свежа и морска вода и претставува дом на преку 120.000 животни од 500 различни видови. Главни ѕвезди за посетителите се четирите кит-ајкули, четирите бели китови и четирите манти. Ова е единствената институција која се грижи за кит-ајкули надвор од Азија.rnrnНајголемиот аквариум во светотrnrnАквариумот бил отворен на 23 ноември 2005 година, а на 25 јуни 2009 го пречекува својот 10 милионити посетител. Преку овие фотографии направени од Дејвид Хиплер и Фриц Бруниер, можеме да видиме како би изгледало да стоиме пред прекрасниот аквариум во кој можат да се видат многу видови риби и други водни животни во различни големини. Аквариумот исто така претставува и второ по ред најголемо стакло за гледање во светот. Тоа е високо 7 метри, а широко 18,5 и им овозможува на посетителите да ги видат сите волшебни животни на еден начин кој вечно се памети.rnrnНајголемиот аквариум во светотНајголемиот аквариум во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Видови кафиња според начинот на печење

    Видови кафиња според начинот на печење

    Најдоброто кафе расте на надморска височина од околу 915 метри. Висината придонесува за произведување на поелегантни, комплексни вкусови на црешките од кафе во кои се содржани зрната. Плодовите мора да се собираат рачно од дрвјата на кои може да има цветови, зелено овошје и зрели цреши истовремено.Видови кафиња според начинот на печењеНадворешната пулпа и пергаментот од црешовото кафе се отстрануваат, по што остануваат две зрна, кои потоа се чистат, сушат, градираат и рачно се проверуваат. Зрната варираат во бојата од бледо зелени до темно жолти кога се сирови.Видови кафиња според начинот на печењеДодека се такви се експортираат за печење, мешање и мелење до нивната финална дестинација. Повеќето комерцијални компании ги користат Ц. Робуста и Ц. Арабика како примарни во нивните смеси.Видови кафиња според начинот на печењеАмериканско (нормално) печење на кафето: зрната се средно печени, како резултат на што се прави умерен пијалак, не многу лесен, ниту тежок на вкус.rnrnФранцуско печење и темно француско печење на кафето: јако печени зрна, со длабока чоколадно-кафена боја и појако кафе на вкус.rnrnИталијанско печење на кафето: сјајно, кафено-црно, со силен вкус, се користи за еспресо.Видови кафиња според начинот на печењеЕвропско печење на кафето: 2/3 јако печено кафе помешано со 1/3 нормално печено кафе.rnrnВиенско печење на кафето: 1/3 јако печено кафе помешано со 2/3 нормално печено кафе.rnrnИнстант кафе: прашкаста материја добиена со сушење на свежо приготвен пијалак од кафе на висока температура.rnrnЗамрзнато сушено кафе: сварено кафе кое било замрзнато пред да испари водата. Вообичаено е поскапо од инстант кафето, но и со подобар вкус.rnrnБезкофеинско кафе: кофеинот се отстранува од зрната пред да се пече со користење на хемиски растворувач кој целосно исчезнува откако зрната ќе се испечат. Ова може да се постигне и во процес  со швајцарска вода во кој се чистат зрната со машина на пареа по што однадвор се отфрлаат наталожените кофеински слоеви.rnrn

  • На кафе во Виена

    На кафе во Виена

    Утрото не е комплетно без жешко кафе. Оваа реченица ја покажува својата вистинитост во Виена. Кафето е најпреферираниот пијалак во овој Австријски град, а тоа се покажува по големиот број кафе-барови кои ги има на секое ќоше во главниот град.На кафе во ВиенаКафето во Виена е повеќе од обично кафе со млеко на кое сме навикнати. Во Виена постојат повеќе видови кафиња кои треба да се знаат. Прочитајте повеќе за најразличните кафиња и одберете какво ќе си нарачате кога ќе се најдете таму.rnrnKapuziner – мала доза кафе со многу млекоrnrnFiaker – Ако сакате ликер во вашето кафе, еве го кафето што треба да го нарачате. Мока кафе со рум или коњак и шлаг.rnrnEinspanner – силно црно кафе со шлаг и чоколаден прав. Се служи во голема стаклена чаша.На кафе во ВиенаKaffee Maria Theresia – мока кафе со ликер од портокал и шлагrnrnEiskaffee – идеално за оние кои сакаат ладно кафе, кафе со сладолед од ванила, шлаг и чоколадни снегулкиrnrnSchwarzer – Ако сакате чисто и силно црно кафе, ова е вистинското за вас. Може да побарате мало или големо.rnrnGrosser Brauner – кафе сервирано во голема шолја со додаток шлаг или млеко. Ова кафе е австриска варијанта на Американското капучино.rnrnKleiner Bauner – мала верзија од Grosser Brauner, сервирано во мала шолја со малку млеко. Ова е италијанска верзија на Espresso Macchiato.rnrnSchale Gold – еспресо кафе во голема шолја, сервирано со шлаг настрана.На кафе во Виенаrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.