Појавата на интензивно чувство на каење по одредени видови секс е многу почесто кај девојките отколку што би помислиле. Станува збор за оние ситуации во кои биле понесени од моментот и едноставно не размислувале разумно за тоа во што се впуштаат, па откако сè ќе заврши тие едноставно жалат за стореното.rnrn
rn
1. Секс под дејство на алкохол
rnКога ќе испиете неколку чашки повеќе одошто би требало, често се случува сексот со згодниот тип со кој танцувате цела вечер да ви изгледа како добра идеја. Но, кога наредното утро ќе дојде и вие ќе се отрезните, сфаќате дека тоа било далеку од добра идеја. Но, грижите не можат да го променат тоа што се случило, па затоа е најдобро доколку гледате на ова искуство како добра лекција за следен пат.rn
2. Секс со личност која штотуку сте ја запознале
rnНајчесто станува збор за секс за една вечер. Ова може да им се случи дури и на оние девојки кои веруваат дека сексот во кој не чувствувате ништо освен физичка привлечност е лош, бидејќи едноставно биле понесени од моментот. Но, не грижете се, сексот за една вечер не ве прави да изгледате како „лесни“. Живееме во 21-ви век каде што сите ние заслужуваме мала забава без обврски која не треба да направи да се чувствуваме како да сме лоши личности.rn
3. Секс со личност надвор од вашата врска
rnБез разлика колку се обидувате да го оправдате вашето однесување, тврдејќи дека немало емоции во игра, сепак фактот е дека сте го изневериле. Ако сте сигурни дека е само прашање на време пред тој да ја дознае вистината, најдобро би било доколку сте искрени со него и се обидете да разговарате. Ако сте сигурни дека нема да се дознае, ниту пак дека нема никогаш повеќе да ви се повтори, извлечете лекција од вашиот живот и научете како сами да живеете со овој товар зад себе.rn
4. Секс во кој сте одглумиле уживање
rnТој толку многу се трудел да ве задоволи што едноставно не сте можеле да не му ја дадете бараната заслуга, па токму затоа и сте одглумиле возбуда, воздишки, оргазам и сè останато што оди во пакет со односот. Но, и покрај тоа што сметате дека вашето дело е со добра намера, сепак подобро е доколку не го повторите ова. Следен пат, наместо да се впуштите во однос кога не сте расположени за тоа, едноставно бидете искрени и разговарајте со вашиот партнер. Во сексот треба да уживаат и двете страни, а не само едната.rn
5. Секс со бившото момче
rnТаман сте помислиле дека сте го преболеле и некако сте успеале да најдете мир во себе, вие одеднаш без никакво предупредување сте се нашле под него. Сосема е разбирливо да се „падне“ на некој кој толку добро го познавате, но тоа на што треба да обрнете внимание е дека постои причина зошто вие двајца сте завршена приказна. Не ги занемарувајте старите проблеми и не се вовлекувајте повторно во истата неволја кога длабоко во себе знаете дека нема да успее.





rnrnТој долго време не можел да го прифати фактот дека вие веќе не сте заедно, па токму затоа и постојано ви праќал пораки, ве молел да се смирите, ви праќал цвеќиња на работа, доаѓал пред вашиот дом…rn
rnrnСекогаш постои барем еден бивш дечко кој едноставно сте го заборавиле. Вие сте се обиделе да бидете во врска, но меѓу вас немало никаква хемија и денес не се сеќавате ниту како се вика, ниту пак како изгледа. Можеби и подобро.rn
rnrnВие најпрво сте биле пријатели и одлично сте функционирале, но потоа се одлучиле да пробате дали може да има нешто повеќе меѓу вас. Но, колку подобро сте го запознавале, толку повеќе сте сфаќале дека сте направиле грешка. Можеби потоа сте се обиделе да останете пријатели, но веќе ни тоа не функционирало…rn
rnrnНе велиме дека е лесно, но ниту една тага не трае вечно. Кога ќе погледнете наназад и ќе сфатите точно што се случило, ќе разберете и дека можеби вака е подобро за вас. Токму затоа и сега сте спремни за нови предизвици.rn
rnrnТој бил душата на сите ваши фамилијарни забави и никому не му е јасно зошто сте раскинале. Секако, тие никогаш немале можност да ја видат неговата вистинска страна, која вие многу добро ја познавате.rn
rnrnИако одамна сте продолжиле понатаму, тој секогаш успева да најде начин повторно да биде присутен во вашиот живот. Можеби еден ден…


