КАФЕ ПАУЗА

Tag: видови

  • 5 видови депресија за кои треба да бидете добро информирани

    5 видови депресија за кои треба да бидете добро информирани

    Иако лошо е чувството кога не сте расположени, оние кратки моменти на тага не можат ни да се споредат со депресијата. Ова нарушување може да води до екстремен замор и толку силна тага што спречува уживање во кои било работи што личноста ги сакала. Постојат неколку видови депресија. Потребно е да ги познавате овие 5 вида за да знаете што се случува доколку вие, или некој што го познавате, страда од депресија.rn

    1. Клиничка депресијата

    rn(1)5-vidovi-depresija-koi-treba-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrnКлиничката депресија е сериозно нарушување на расположението и се појавува кај 20% до 25% од возрасните во некој период во животот. Ако не е третирана, клиничката депресија може да трае неколку недели, месеци, па дури и години. Таа пречи во секојдневните задачи, вклучувајќи ги работата, училиштето, јадењето и спиењето. Некои од симптомите се недостаток на енергија, несоница, чувство на вина и безвредност. Исто така може да предизвика намален интерес за дружење со пријателите и семејството, па дури и да влијае на промена во телесната тежина. Важно е да посетите лекар доколку некои од овие симптоми ви звучи познато.rn

    2. Дистимија

    rnSad womanrnrnОвој вид има слични симптоми како и клиничката депресија. Луѓето кои страдаат од дистимија имаат постојано чувство дека депресијата им поминува, па повторно им се враќа. Не е толку сериозна како клиничката, но обично трае подолго. Луѓето кои страдаат од овој вид може да бидат навистина нервозни и имаат шанси да развијат и клиничка депресија. Иако нема начин да се спречи, комбинацијата од лекови и терапија е обично добар третман.rn

    3. Постпородилна депресија

    rn(3)5-vidovi-depresija-koi-treba-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrnЖените кои родиле, може да го искусат овој вид депресија или неколку денови после породувањето, или пак неколку месеци подоцна. Овој вид обично предизвикува екстремна тага, замор и анксиозност. Жените може да плачат без причина, да спијат повеќе и може да имаат проблеми да се поврзат со нивното дете. Ако не се третира, може да трае со месеци, па дури и со години. Третманите обично вклучуваат терапија со антидепресиви или советување. Ако чувствувате некој од овие симптоми после вашето породување, веднаш отидете на лекар за да ја добиете потребната грижа.rn

    4. Сезонска депресија

    rn(4)5-vidovi-depresija-koi-treba-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrnСезонската депресија најчесто се појавува во зимските месеци. Луѓето кои страдаат од ова нарушување многу често имаат променливо расположение, се чувствуваат тажно и анксиозно во текот на студените месеци. Сезонската депресија може да ја зголеми желбата за храна полна со јаглехидрати, како леб или тестенини. Додека може да се појави кај секого, најчеста е кај жените и мажите на возраст од 15 до 55 години. Причината за нејзината појава не е целосно јасна, но најверојатно е поради недостатокот на сончева светлина. Терапија со светлина, антидепресиви и советување може да помогнат во справување со неа.rn

    5. Функционална депресија

    rn(5)5-vidovi-depresija-koi-treba-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrnДепресијата не е секогаш лесно да се забележи. Всушност, некои луѓе кои страдаат може да изгледаат навистина среќно и успешно. Но, зад затворени врати им е навистина тешко. Ова нарушување е познато како функционална депресија. Ова е ментална болест со која луѓето можат да ги извршуваат секојдневните обврски иако се чувствуваат депресивно. Најчесто се појавува кај жени кои тежнеат кон совршенство. Не е лесно да се препознае, но постојат некои показатели како нервоза, чудни шеги или постојана психичка отсутност. Медитација, разговор со лекар и лекарства можат да помогнат. Ако мислите дека го имате ова нарушување, не плашете се да побарате помош.rnrnПогледнете и како луѓето кои страдаат од депресија ја маскираат оваа болест.

  • Каков вид пријатели ви се потребни според хороскопскиот знак?

    Каков вид пријатели ви се потребни според хороскопскиот знак?

    Сите ние имаме потреба од вистински пријател, некој со кој ќе ги делиме најсреќните, но и најтажните моменти од нашиот живот. Сепак, како што минува времето, така сфаќаме и дека сѐ потешко е да се најдат ваквите пријатели. Ако го следите својот хороскопски знак, тогаш веќе знаете кои се вашите лични особини. Но, она што можеби не го знаете е тоа дека овие особини можат да ви помогнат да дознаете каков вид пријател ви е потребен. Пронајдете го својот хороскопски знак и откријте кој вид пријател најмногу ви одговара.rnrnВидови пријатели коишто ви потребни според хороскопскиот знакrn

    1. Овен

    rnНа Овенот му треба пријател кој ќе биде до него, без разлика каква е ситуацијата. Овните секогаш се спремни за предизвици, па истото го бараат и од нивните пријатели. Барајте луѓе коишто имаат енергија и страст за животот. Вам ви е потребен пријател кој ќе оди на забава, на дневно патување или пак само едноставно излегување од дома за да јадете, во кое било време.rn

    2. Бик

    rnБикот сака да се грижи за своите пријатели, па затоа, неопходно е да пронајде некој кој ја цени неговата грижливост. Тие најчесто бараат луѓе кои се огледало на нивната личност, но бидејќи се многу смирени личности, важно е да пронајдат пријател кој може да биде мрзлив во сабота вечер. Биковите исто така се заинтересирани и за храна и музика, па, одберете некој кој ги има истите вкусови.rn

    3. Близнаци

    rnБлизнаците имаат специфичен хумор кој го користат за да го добијат тоа што го сакаат, па затоа, за нив е важно да имаат пријатели кои ќе го разбираат. Близнаците се комбинација на сериозност и забава, па нивните пријатели треба да научат како да се справат со нивниот карактер. Покрај тоа, тие исто така сакаат да имаат длабоки разговори со луѓето, па честопати им е потребен пријател со кој ќе можат да се занесат во разговорот.rn

    4. Рак

    rnРакот е емоционална личност, па му треба пријател кој ќе ги разбира неговите чувства и со кој ќе може да се поврзе. Ракот има голема имагинација, па истото го бара и од своите пријатели. Тие исто така сакаат да поминуваат време и дома, па бараат пријатели со кои може да поминат една ноќ гледајќи филмови и тоа да биде нивниот совршен викенд.rn

    5. Лав

    rnЛавот е секогаш расположен за забава, што значи дека и неговите пријатели треба да бидат вакви. Ова може да биде одење на некој настан или пак едноставно да се организира дружење во нечиј дом. Сепак, тоа што го планира Лавот ќе сака да го сподели и со своите пријатели. Тој е и голем љубител на филмовите, па потребен му е некој со кој ќе може да разговара на оваа тема. Лавовите сакаат да патуваат, но доколку не добијат можност да патуваат со нивните пријатели, тие дефинитивно ќе го сторат тоа и сами.rn

    6. Девица

    rnДевицата е сериозна личност која знае дека во животот малите работи се најважни. На Девицата ѝ е потребно да биде окружена со пријатели кои можат да ја комбинираат забавата со сериозност. Таа треба да одбира личности со кои може да ги споделува своите омилени книги или некој со кој може да оди на еднодневно патување и да ужива во убавините на природата.rnrnВидови пријатели коишто ви потребни според хороскопскиот знакrn

    7. Вага

    rnВагата обожава да биде окружена со пријатели, па затоа ѝ е потребен некој кој ќе биде до неа повеќето часови во денот. Вагата е дарежлива личност која сака да ги споделува своите омилени работи, а тоа дефинитивно ја вклучува и нејзината најдобра пријателка. Всушност, таа треба да бара пријател кој во основа е нејзин близнак.rn

    8. Скорпија

    rnНа Скорпијата ѝ се потребни пријатели кои се доволно храбри да пробуваат нови работи, бидејќи сака сè да искуси. Таа сака некој со кој може да биде пријател засекогаш. Како личност полна со страв, потребни ѝ се пријатели што ќе одговараат на оваа карактеристика.rn

    9. Стрелец

    rnСтрелецот постојано е во потрага по некој кој може да одговори на неговото ниво на оптимизам и ентузијазам. Нему му се потребни пријатели кои можат да поднесуваат шеги, без разлика какви се. Стрелците исто така сакаат да патуваат, па кога ќе го најдат вистинскиот пријател, тие секогаш ќе го планираат патувањето со него.rn

    10. Јарец

    rnЈарецот ги сака своите пријатели исто толку колку што го сака своето семејство, па нему му треба некој со кој може да излезе или пак, да го однесе на семејните собири. Јарецот исто така сака љубители на музика кои ќе може да ги однесе на концерти или да споделува мислења. Јарецот одвреме-навреме може да биде сериозен, но неговите пријатели знаат дека тоа е само дел од она што го прави голема личност.rn

    11. Водолија

    rnВодолијата секогаш размислува длабоко. Таа може да биде социјална личност, но исто така на моменти е тивка, при што ѝ се потребни пријатели кои можат да ја разбираат промената во нејзините емоции. На Водолијата ѝ треба еден пријател кој ќе ја дели со неа способноста за слушање на другите и за помагање, кога тоа е потребно.rn

    12. Риби

    rnРибите секогаш се подготвена да истражуваат нови места и нови интереси, па сакаат некој кој ќе им биде партнер во ова. Тие бараат пријател кој е исто толку пријателски и љубезно настроен како нив. Сакаат и пријател со кој ќе ужива во филмови, музика или книги.

  • Колку од овие испраќачи на пораки ви се познати?

    Колку од овие испраќачи на пораки ви се познати?

    Пишувањето пораки е дел од секојдневието. За разлика од минатото кога се испраќаа пораки само во итни случаи, денес тие се испраќаат многу често. Имаме опција да испратиме текстуална порака, фотографии, видео пораки или пак, гласовни пораки. Според ова, постојат некои личности коишто практикуваат одреден начин на составување на нивната содржина. Имајќи го тоа на ум, можете ли да ги пронајдете своите пријатели во некои од овие видови?rnrnrn

    1. Луѓе кои испраќаат гласовни пораки

    rnГласовните пораки се брз начин да испратите одговор, но понекогаш тоа не е најдобра идеја. На пример, преслушувањето на говорната порака преку којашто вашиот пријател ви ги кажува случувањата од минатата вечер понекогаш може да биде навистина непријатно.rn

    2. Луѓе кои испраќаат пораки со многу емотикони

    rnДа, јасно е дека емотиконите се забавни, но треба да постои граница за нивното користење. Подобро е доколку имате да кажете нешто, да го пишете токму тоа, отколку да испраќате забавни емотикони. Сепак, возрасните треба да го почитуваат ова.rn

    3. Луѓе кои постојано испраќаат фотографии

    rnДали ја видовте новата фотографија од бебето на вашата другарка… Повторно? Иако технологијата овозможува брзо и лесно споделување на значајните моменти од животот, испраќањето исти фотографии повторно и повторно може да биде напорно. Некои слики треба да бидат зачувани само за себе.rn

    4. Луѓе кои секогаш ги испревртуваат зборовите

    rnНекои луѓе едноставно се држат до автоматската корекција на зборови и не ја проверуваат содржината на пораката пред да ја испратат. Резултатот е бесмислен.rn

    5. Луѓе кои премногу се смеат во пораките

    rnБез разлика дали ќе употребат некои кратенки или пак едноставно ќе напишат „ха ха ха“, овие луѓе имаат навика премногу да се смеат, што понекогаш може да го изнервира читателот.rn

    6. Луѓе кои пишуваат повеќе од што сте очекувале

    rnПораките коишто содржат премногу текст не се толку добра идеја. Всушност, овие пораки се како есеи и многу често знаат да бидат досадни и да се случи да не бидат прочитани до крај.

  • Постојат 12 видови членови во секое семејство. Кој сте вие?

    Постојат 12 видови членови во секое семејство. Кој сте вие?

    Секое семејство е посебно на свој начин, но постојат неколку видови личности кои се присутни речиси во секоја фамилија. Кога ќе помислите на вашите најблиски, кои од овие карактери можете да ги препознаете во нив?rnrnrn

    Грижлив

    rnНа секое семејство му е потребен барем еден член којшто ќе се однесува грижливо. Оваа личност ги става потребите на другите пред сопствените и секогаш сака да знае како сте, како оди работата и дали ви е потребна помош. Оваа личност ќе ви подготвува супа кога сте болни, а и среќна е да ги слуша вашите најнови приказни.rn

    Контролор

    rnКонтролорите секогаш имаат свое мислење и секогаш сакаат да биде по нивно, почнувајќи од семејните јадења, па сѐ до дестинациите за одмор. Иако понекогаш може да бидат досадни, тие имаат тенденција да бидат и одлични партнери! Особено се среќни кога им е дадена слободата да организираат одредени настани.rn

    Миротворец

    rnСите семејства одвреме-навреме имаат по некоја кавга, па тука доаѓа улогата на миротворецот. Тие се оние личности на коишто не им се допаѓа кога е нарушена семејната хармонија, па затоа настојуваат да го подобрат расположението.rn

    Хаотичен

    rnНекои луѓе едноставно се неуредни. Тие некако ќе успеат во дневната да создадат вистински хаос, каде што за само неколку часови ќе соберат еден куп ѓубре. Ако живеете со ваква личност, прифатете дека вашиот дом никогаш нема да биде сосема чист. За жал, тие дури не ни сфаќаат што направиле!rn

    Тивок

    rnДали имате роднина којшто речиси никогаш не дозволува да знаете што мисли? Можеби тие само сакаат да ги задржат мислите за себе или пак се чувствуваат срамежливо кога се во друга средина. Понекогаш овие личности можете да ги слушнете како зборуваат отворено, но само доколку се разговара за нивната омилена тема, во спротивно, тие се воздржани и се држат на страна.rn

    Кловн

    rnНајчесто очигледно е кој ја игра улогата на кловн во семејството. Оваа личност секогаш се шегува и не се грижи дури и луѓето да се смеат на нејзина сметка. Овие луѓе секогаш имаат да раскажат некоја интересна приказна, па дури и сериозните ситуации ги гледаат од поинаков аспект. Кловновите често ги забавуваат и помладите членови во семејството.rnrnrn

    Саркастичен

    rnНекои луѓе никогаш не ја поминуваат тинејџерската фаза на сарказам. Имено, тие се саркастични во секоја прилика кога можат и иако ова не им одговара на потивките членови на семејството, сепак тие со нивниот саркастичен однос може да ги забавуваат останатите.rn

    Поврзувач

    rnОваа личност знае сѐ за секого. Ако ви требаат информации за некој член на семејството, оваа е вистинската личност на којашто треба да ѝ се обратите. Најчесто оваа улога ја има некоја тетка или баба којашто може да потроши многу часови озборувајќи ги роднините. Но, тие исто така се добри и за поттикнување на семејни собири.rn

    Оној кој зборува гласно

    rnОвие личности секогаш се бучни и сакаат да бидат сигурни дека секој знае што точно тие мислат. Тие некогаш може да бидат иритирачки, но честопати се забавни и знаат како да си поминат прекрасно!rn

    Готвач

    rnОвој тип личности секогаш испробуваат нови рецепти и ви нудат да ја пробате нивната храна. Ако сте среќници, ќе уживате во нивните одлични специјалитети, во спротивно ќе ги избегнувате нивните „интересни“ и „експериментални“ комбинации на храна.rn

    Мрзливец

    rnПозната ли ви е онаа личност којашто постојано лежи на каучот, а повремено е и во потрага по храна? Интересно е колку тие може да останат во една позиција со часови. Сепак, ниту едно семејство не би било комплетно без барем еден член којшто е добар токму во правењето ништо!

  • Животни од различни видови кои како да се родени од иста мајка

    Животни од различни видови кои како да се родени од иста мајка

    Не треба да бидете експерт по биологија за да знаете дека животни од два различни вида не можат да потекнуваат од истата мајка. Или барем така сме верувале досега. Следниве животинчиња од различни мајки изгледаат толку слично, што разбирливо е ако помислите дека имаат исти родители.rnrnrnrnПогледнете ги следниве фотографии и ќе видите дека сите ваши досегашни верувања ќе се превртат наопаку.rnrn

  • Дали флертувате повеќе отколку што мислите?

    Дали флертувате повеќе отколку што мислите?

    Можеби се сметате себеси за лојален и верен партнер кој никогаш не би изневерил. Меѓутоа размислете малку за момент: Дали постои можност да се впуштате во ненамерни и „невини“ флертувања? Можеби понекогаш се задевате со вашиот колега, сосед или пријател. Дали можеби ненамерно праќате сигнали дека сте сексуално достапни? Ова задевање кое вклучува одредени невербални пораки, може да ви донесе многу неволји, иако сметате дека е безопасно. rnrnДали флертувате повеќе отколку што мислите?rnrnБез да бидете свесни за тоа, вие сте ја навеле личноста со која сте си разменувале заводливи погледи да помисли дека сте навистина сериозни. Потоа вие сте изненадени и одрекувате дека сте испратиле какви било сексуални сигнали, по што следува непријатна тишина. За да ги одбегнете ваквите ситуации, обрнете внимание на видовите флерт што постојат, и внимавајте да не ги применувате истите во ситуации кога немате такви намери…rn

    Физички флерт

    rnАко флертувате на овој начин, вие веројатно суптилно ги допирате луѓето кои ве привлекуваат физички. Жените кои флертуваат физички го отвораат телото така што ги тргаат рацете од нивното торзо и често кимаат со главите во текот на конверзацијата. Изненадувачки, мажите кои се опишуваат себеси како физички флертувачи, помалку гледаат директно во девојките што ги привлекуваат и ретко им даваат комплименти.rn

    Традиционален флерт

    rnДоколку спаѓате во оваа категорија, верувате дека мажите треба да го направат првиот чекор. Мажите кои се сметаат за традиционални флертувачи почесто им приоѓале на жените, додека пак жените кои го применувале овој начин на флертување, се користеле со вербално задевање како средство за комуникација.rnrnДали флертувате повеќе отколку што мислите?rn

    Искрен флерт

    rnВие навистина се интересирате за другата личност и пред да трепнете ќе видите како луѓето ви ги доверуваат нивните најскриени тајни. Во овој случај, помали се шансите дека само ќе „пуштате водичка“ (особено ако сте маж) и голема е веројатноста дека ќе разменувате заводливи погледи при средбите со непознати лица.rn

    Учтив флерт

    rnАко флертувањето не ви се допаѓа баш и сакате да посветите доволно време за да запознаете некого, вашите интеракции со нови луѓе се формални и учтиви. Дури и кога некој ве привлекува физички, нема да се обидете да му се приближите, нема да го задевате и нема ниту да поставувате премногу прашања.rn

    Разигран флерт

    rnОвие флертувачи уживаат во играта, но не се заинтересирани за врска. Ако припаѓате на оваа категорија, не сте баш искрени за тоа дека навистина сакате да запознаете некого и честопати го користите флертот како средство за да го добиете она што го сакате. Несвесно праќате физички сигнали како што се истакнати гради и кратки заводливи погледи, особено додека разговарате.rnrnОпшто земено, доколку некој ве привлекува, помалку ќе го допирате сопственото тело, ќе давате многу комплименти, заводливи погледи, ќе се смеете почесто и ќе се обидувате да останете прибрани.

  • Видови среќа кои нема да ги пронајдете во љубовната врска

    Видови среќа кои нема да ги пронајдете во љубовната врска

    Кога ќе ја пронајдете љубовта на вашиот живот, вие доживувате одредено ниво среќа. Светот ви станува розов, се чувствувате полетни и расположени. Можно е дури и да го почувствувате она магично чувство дека вашиот живот е комплетен. Но, тоа е само делумно точно. Постојат одредени видови среќа кои не можете да ги добиете од врската, без разлика колку е таа среќна и успешна. Тоа воопшто не е поврзано со недостатоците на вашиот сакан, туку со фактот дека вие сте независни индивидуалци. И покрај тоа што го делите вашиот живот со уште некој, вие сте сѐ уште посебна личност и самите сте одговорни за сопствената среќа.rnrnВидови среќа кои нема да ги пронајдете во љубовната врскаrnrnКога очекувате целата среќа да ја добиете само од врската, тоа доведува до негативни последици. Прво, се разочарувате, потоа почнувате да му замерувате на вашиот партнер за на крајот да почнете од секого да барате совет за тоа како да ја спасите врската. Запаметете дека врската треба да го разубави вашиот живот, а не целосно да го исполни. Ова се неколкуте видови среќа кои можеби се обидувате да ги добиете од вашата врска, кога всушност би требало да ги добивате од самите себеси…rn

    Професионална среќа

    rnВашиот партнер не може заљубено да ве гледа во очи и да ви најде работа. Не може да ви купи цвеќиња кои магично ги завршуваат сите ваши обврски. Дури и ако вашата работа е да се грижите за домот и семејството, вашиот партнер не може да ви помогне да го искусите задоволството од тоа дека одлично сте ја завршиле работата. Сите ние имаме свои замисли во однос на тоа со што би сакале да се занимаваме и на нас останува да станеме среќни со тоа што ќе ги оствариме нашите цели.rn

    Пријателска среќа

    rnВашиот партнер може да биде вашиот најдобар пријател. Така и би требало да биде. Но, тој не може да биде вашиот единствен извор на пријателска среќа. Кој ќе ви биде издувен вентил кога ќе сакате да се пожалите дека партнерот ви оди на нерви? Мора да имате и други пријатели и треба да продолжите да ги негувате односите со вашето семејство. Овој извор на среќа е неопходен без оглед на тоа во каква врска сте.rn

    Лична среќа

    rnДали сте задоволни од самите себеси? Дали ви се допаѓаат вашите морални вредности, размислувања и генерално вашите карактерни одлики? Ако не сте среќни поради тоа каква личност сте, тоа нема магично да се смени кога ќе запознаете некого. Многу важен сегмент од животот е откривањето на сопствената личност, учењето и развојот. Морате да станете човекот кој сакате да бидете и таа личност не би требало да се смени драстично кога ќе бидете во врска.rn

    Духовна среќа

    rnВашата душа ви припаѓа само вам. Некои луѓе влегуваат во врска и заедно си помагаат да ја зацврстат нивната вера. Но, без разлика дали верувате во Исус, енергија или во вашиот круг на друштвени атеисти, само вие знаете што е најдобро за вас. Мора самите да дојдете до сите заклучоци и да формирате сопствени верувања. Врската нема да го направи тоа за вас.rnrnВидови среќа кои нема да ги пронајдете во љубовната врскаrn

    Телесна среќа

    rnВашиот партнер може да ви кажува колку сте убави милион пати на ден, но тој не може да направи да поверувате во тоа. Сите имаме некои недостатоци поради кои не сме баш задоволни од нашето тело. Но, самите сме одговорни за тоа да се помириме со тие недостатоци и да ги прифатиме на здрав начин. Тако што, ако не можете самите целосно да го прифатите вашето тело, врската нема магично да направи тоа да се смени. Може да помогне, но поголемиот дел од работата останува на вас.rn

    Сексуална среќа

    rnПартнерот не е клучот за вашата сексуална среќа. Сигурно ќе си помислете дека ова врска нема, но не сте сосема во право. Точно, вие имате сексуални односи со партнерот, но сексуалноста е само ваша. Луѓето се сексуални суштества уште во мајчината утроба. Сексот е поврзан со вашата самодоверба, здравје, полов идентитет, духовност, физичка способност и уште многу други работи. Развојот на овие нешта може да се случи со партнерот, но нема да го почувствувате туку-така. Најголемиот дел од вашето сексуално задоволство треба да ви дојде од внатре.rn

    Креативна среќа

    rnЛуѓето се креативни суштества. Некои се навистина уметници, но постојат различни начини на кои би можеле да ја изразите вашата креативност: Начинот на кој се облекувате, како го средувате вашиот дом, како готвите… Сите ние сме ја почувствувале таа потреба да доживееме убавина или самите да ја создадеме. Оваа потреба не може да биде задоволена само со тоа што ќе се заљубите. Кога сте во врска, можно е да ја насочувате вашата креативност кон партнерот, но сепак ваше е да ја негувате и развивате.rnrnДоколку не ги чувствувате овие видови среќа, тие нема едноставно да се случат само затоа што сте запознале некој кој прави срцето да ви затрепери. Треба да продолжите да работите на себе и вашиот личен развој за да искусите вистинска среќа која ќе ве доведе до исполнет и успешен живот од секој можен аспект.

  • Љубовни парови кои сите ги знаеме и обожаваме

    Љубовни парови кои сите ги знаеме и обожаваме

    Без оглед на тоа дали сте во врска или сингл, вашиот избор на партнер кажува многу за вашиот животен стил. Иако спротивностите се привлекуваат, сепак мора да постојат одредени интереси кои ќе ви бидат заеднички со вашиот партнер. На пример, ако сакате да излегувате и да останувате во клубовите до раните утрински часови, веројатноста е дека ќе завршите со некој кој сака да се забавува на истиот начин. А можеби ќе бидете од оние парови кои повеќе сакаат да ги поминуваат вечерите во домашна атмосфера со филм и добро вино. Факт е дека постојат најразлични парови. Некои од нив нè нервираат со постојаното лигавење и објавување фотографии на социјалните мрежи, додека, пак, за некои парови воопшто не можеме ниту да забележиме дека се заедно. Ова се неколкуте парови кои сигурно сте ги сретнале во животот, а можеби и ќе се пронајдете во некој од нив…rn

    Искулиран пар

    rnЉубовни парови кои сите ги знаеме и обожавамеrnrnШто прават најчесто: Отвораат добро вино, ги облекуваат нивните најудобни тренерки и гледаат романтична комедија која им се допаѓа и на двајцата (Веројатно се работи за „Бележникот“)rnrnКако се запознале: Класичната „местенка“. Нивните заеднички пријатели решиле да ги спојат затоа што сметале дека би биле одличен пар. И не згрешиле.rn

    Спортски пар

    rnЉубовни парови кои сите ги знаеме и обожавамеrnrnШто прават најчесто: Се пријавуваат на маратони за да ги прослават посебните прилики, навиваат еден за друг и ја координираат нивната облека за вежбање од глава до пети. Знаете како велат: Парот кој се облекува заедно, трча заедно, ја поминува завршната линија заедно, и потоа прави испотено селфи заедно… Останува заедно.rnrnКако се запознале: Додека џогирале на истото место или во истата сала за вежбање. Носеле исти хеланки за трчање.rn

    Модерен пар

    rnЉубовни парови кои сите ги знаеме и обожавамеrnrnШто прават најчесто: Си разменуваат облека, парфеми, модни додатоци и списанија. Постојано се под стрес поради тоа што не знаат како да ја организираат облеката во нивниот шкаф (Според сезона? Годишно време? Боја? Расположение?).rnrnКако се запознале: На улица се фатиле како се одмеруваат еден со друг. Прво доаѓа стилот, а потоа љубовта.rn

    Џет сетерски пар

    rnЉубовни парови кои сите ги знаеме и обожавамеrnrnШто прават најчесто: Одат на одмор на егзотични дестинации (и објавуваат фотографии на Инстаграм на кои сите им завидуваат). Останатите обични смртници со завист им ги лајкуваат фотографиите додека ги гледаат како полетуваат за Бали, Грција, Мароко… И сите секогаш се прашуваат дали тие воопшто работат или нивната работа е да бидат професионално секси и мистериозни?rnrnКако се запознале: Додека учеле во странство. Веројатно одбрале предмет целосно посветен на уживањето во виното.

  • Еден лајк – илјада зборови

    Еден лајк – илјада зборови

    Фејсбук… Толку жалби имам, од љубов спрема него не можам да ги кажам. Станува збор за врска на љубов и омраза. Фејсбук можеше да биде најдобро нешто што ни се случило, да знаевме да го користиме како што треба. Навистина е доста корисен кога треба да се информираме за културни настани, отворања, актуелни случувања, кога треба да најдеме прашања за испит, да дознаеме дали предавањето е откажано во последен момент, да организираме собир со поголема група луѓе… Со неколку зборови ни помага да бидеме во тек со сè што се случува.rnrnЕ сега, човек како човек, пусти слабости и искушенија, не често туку секојдневно ја злоупотребува транспарентноста на оваа социјална мрежа. Па, како последица Фејсбук е пред сè причината за караници на голем број парови („Која е оваа што ти лајкнала?“, „Како смее овој да ти коментира?“, „Што има сега па бившиот да ти пишува?“, „Избриши го од тој од френдс!“ и слично…), што евентуално може да доведе до крај на врската.rnrnЕден лајк-илјада зборовиrnrnПотоа, Фејсбук е причината за многу недоразбирања, особено кога станува збор за групно договарање, па некој се налутил и на крај ништо не се решило. А да не почнам да зборувам за манијаците што рандом додаваат за пријател и пишуваат на кој ќе стигнат (иако постои опција за да се одбрани човек од овој напад, сепак не е во ред…). Па, илјадниците исфрустрирани млади (сега веќе и постари) луѓе кои лечат комплекси преку „филозофски“ статуси, зајадливи коментари на туѓи статуси, разголени фотографии итн итн…rnrnИ полека доаѓаме до тој кобен ЛАЈК. Лајкот на прв поглед изгледа како најбезопасното нешто што го нуди Фејсбук. Но, тоа е далеку од вистината, бидејќи со еден лајк можат да се кажат многу работи. Лајкот е дури и посериозна работа од новите тотално непотребни реакции. Еден лајк може да значи многу работи, па според тоа постојат повеќе видови лајкови. Да погледнеме кои се најзастапените…rnrnЕден лајк-илјада зборовиrn

    Искрен лајк

    rnОвој лајк е прилично ретка појава и обично се однесува на слики со некои животинчиња, дечиња, трогателни или смешни статуси, во принцип понеутрални работи. Овој лајк ја исполнува својата првобитна намена: Тој значи дека некому нешто навистина му се допаѓа.rn

    Пријателски лајк

    rnОвој лајк има две поткатегории: Размена на лајкови помеѓу најдобри пријатели и размена на лајкови помеѓу познајници. Разликата е во тоа што најдобрите пријатели мора да си ставаат лајк едни на други, без оглед на сè! Тоа е знак на поддршка, особено во случај на дефицит на лајкови! Овој лајк обично е придружен и од коментари од типот „Лепотица моја!“, „Кажи кој те сликаше?“, „Си газиш тебра“ и секако стикери. Во случај најдобриот пријател да забушава и да не става лајк, тоа веднаш се средува, по брза постапка со порака на чет: „Стај ми лајк на профилната, бе!“rnrnЕден лајк-илјада зборовиrnrnЛајковите помеѓу познајниците пред сè служат за да се искаже меѓусебна почит. Овие лица обично не се многу блиски, можеби и никогаш не направиле муабет, но ете се знаат така од социјалните мрежи и си ставаат лајк на сè и сешто. Овој однос е двонасочен, така што ако едната страна од некоја причина престане да ја „почитува“ другата страна, размената на лајкови ќе престане.rn

    Флертувачки лајк

    rnОва е многу чест облик на виртуелен флерт кој се одвива помеѓу симпатии кои може, но и не мора да се знаат во живо. Во оваа фаза од флертот, најверојатно ни еден од нив сè уште не се осмелил да пише, но по одреден број постојани лајкови, обично машката страна го крши мразот. Тие не си лајкнуваат што било, бидејќи не чини да се претера, ама неколку пати неделно на овој начин симпатиите си кажуваат дека се заинтересирани еден за друг.rnrnЕден лајк-илјада зборовиrn

    Манијачки лајк

    rnМанијачкиот лајк може многу лесно да се помеша со флертувачкиот лајк. И тука станува збор за флертување , само што тоа во овој случај најчесто е еднострано, односно не доаѓа до размена на лајкови. Ова е буквално лајкување без усул! Најдобро можете да го препознаете по тоа ако добиете лајк на некоја слика од пред сто години, уште кога сте носеле протеза. Тоа значи дека лицето што лајкува поштено ви го има изманијачено профилот, внимателно прегледувајќи ја секоја ваша фотографија и не се срами тоа јавно да го признае! Па добро, на тој што признава пола му се простува, нели?rn

    Ироничен лајк

    rnОва е еден од најопасните лајкови што постојат. Тој може да значи сè освен „ми се допаѓа“. И обично прилично е јасно дека станува збор за ироничен лајк, бидејќи лицата кои си го разменуваат не се сакаат баш и тоа многу добро го знаат и двете засегнати страни. Да ги разгледаме најчестите поткатегории на овој озлогласен лајк…rnrnЛајк од девојката која ви е конкуренција: Не, не, не, таа не ви се воодушевува! Таа ви љубомори. Без разлика дали сте ѝ ја украле симпатијата, сте имале конфликт некогаш во минатото или луѓето често ве споредуваат по успех и убавина, таа ве доживува како конкуренција и со нејзиниот лајк сака да ви порача дека не можете да бидете подобри од неа. Ова не важи баш за машкиот пол, бидејќи тие не се заморуваат толку со овие работи.rnrnЕден лајк-илјада зборовиrnrnЛајк од поранешната девојка на вашето сегашно момче: Ова е многу интересен лајк кој доаѓа сосема ненадејно и неочекувано. Првата реакција е подотворена уста и ококорени очи. Потоа ги затворате очите, па пак погледнувате за да се уверите дека видот не ве мами. Потоа следува громогласно смеење, пола од паника, пола од што е навистина смешно. И на крајот потонувате во размислување и разглабање за да ја откриете целта на овој необичен лајк. Не, овој лајк не е нејзин благослов за вашата врска со нејзината поранешна љубов. Овој лајк има за цел да ве потсети дека таа сè уште е тука и не планира да ве остави на мира уште некое време, додека не си најде попаметна работа. А можете да бидете и сигурни дека таа е редовен посетител на вашиот Фејсбук профил. Лајкот е обично поттикнат од нешто (читај: од некој кој ја мотивирал за оваа акција), така што не ја префрлајте целата вина на неа. Сличен е на оној од девојката која ви е конкуренција, само што тука не постои реална конкуренција, бидејќи тој е со вас, а не со неа. Истото се однесува и за лајкот од поранешното момче на вашата сегашна девојка.rn

    Екс фактор лајк

    rnИли размена на лајкови помеѓу две лица кои порано биле во врска. Овој лајк може да значи неколку работи:rnrn1. „Тотално сум кул кога станува збор за нас двајца, ти посакувам сè најдобро и мило ми е што те гледам вака среќен/на.“rnrn2. „Хмм… Толку многу ме прогонуваше, што те снема одеднаш? Ме заборави? Сега ќе те потсетам на мене со еден голем лајк (или повеќе). “rnrn3. „Уште имам чувства за тебе, сакам да ми пишеш, да ми се јавиш и да разговараме… Сè уште те немам преболено и сакам да пробаме пак.“rnrn4. „Не те сакам веќе, ама некако се чувствувам осамено во последно време и плус досадно ми е и си реков дека можеби и ти немаш што да правиш, па би сакал/а да подругаруваме малку во име на старите добри времиња.“rn

    Пишман лајк

    rnОва е кога некој ќе ви стави лајк, па ќе го тргне. Ако лајкот е тргнат веднаш откако е ставен, веројатно станува збор за грешка и тоа е сосема во ред. Ако е тргнат после неколку дена, тоа значи дека во моментот кога бил ставен лајкувачот не бил баш при себе и по некое време сфатил колку лош потег било тоа, па се премислил и помислил дека е подобро ако го тргне. Тоа е всушност уште полоша одлука, бидејќи зборува за тоа колку неодлучна и непринципиелна личност е тој/таа. Доколку лајкот е тргнат по навистина подолг период (неколку месеци/година на пример), запрашајте се зошто воопшто сте забележале дека го нема.rnrnЕден лајк-илјада зборовиrnrnСекако дека постојат и луѓе кои едноставно не му придаваат никакво значење на лајкот и лајкуваат сè што ќе стигнат без некоја особена причина. Секоја чест за нив, но со оглед на тоа што тие се малцинство мора да го имаат предвид фактот дека нивниот ноншалантен лајк може да има големо влијание врз некое лице кое ќе му даде на значење и ќе се впушти во негова длабока анализа.rnrnНаравоучение: Внимавајте што и кому лајкувате бидејќи може да бидете сфатени погрешно и непотребно да си го искомплицирате животот. Не заборавајте дека за некои луѓе еден лајк вреди илјада зборови.

  • Крзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолго

    Крзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолго

    Повеќето кучиња живеат помеѓу 10 и 13 години, но има и такви кои живеат многу подолго, па дури и двојно повеќе од тоа достигнувајќи ја и 27-мата година. Иако тие кучиња се дел од листата на најдолговечните раси на кучиња во светот, сепак рекордот го држи австралискиот овчар Блуи, кој проживеал неверојатни 29 години. Би било навистина прекрасно кога сите кучиња би живееле толку долго. Во продолжение, прочитајте кои раси на кучиња живеат најдолго.rn

    1. Чивава

    rnКрзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолгоrnrnЕдно од најдолговечните кучиња е чивавата која веројатно затоа е и толку малечка. Во просек, тие живеат помеѓу 15 и 20 години, додека најстарата забележана чивава на светот починала изминатава година на 20 години.rn

    2. Јоркширски териер

    rnКрзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолгоrnrnЕдно од најпопуларните кучиња кое долго ги усреќува и радува своите сопственици – јоркширскиот териер, живее помеѓу 17 и 20 години.rn

    3. Померанец

    rnКрзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолгоrnrnОвие крзнени топки во просек живеат помеѓу 12 и 16 години. Нивните влакна се многу меки и густи и сопствениците обожаваат да им прават интересни кучешки фризури, како што е случајот и со најпознатиот померанец – Бу, кој секогаш изгледа како плишано мече.rn

    4. Јазавичар

    rnКрзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолгоrnrnОвие кучиња имаат многу енергија и жив, динамичен карактер и обично живеат помеѓу 12 и 15 години, но можат да доживеат и повеќе. Еден од најстарите јазавичари на светот, по име Шанел, доживеал дури 21 година.rn

    5. Мини пудлица

    rnКрзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолгоrnrnЖивотниот век на овие паметни кучиња кои можете лесно да ги тренирате, обично трае помеѓу 12 и 15 години. Сепак, најстарата пудлица по име Шејмус живеела дури 20 години.rn

    6. Малтезер

    rnКрзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолгоrnrnУште едно популарно мало кученце кое со своите сопственици ужива од 12 до 15 години. Малтезерот е древно кинеско куче чии корени потекнуваат од Малта, од каде и го добива своето име.rn

    7. Ласа Апсо

    rnКрзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолгоrnrnОвие кучиња имаат прекрасен карактер и просечен животен век како и преостанатите мали кутриња, односно од 12 до 15 години. Ласа Апсо се наводно одгледувани за да помогнат во чувањето на будистичките храмови.rn

    8. Мопс

    rnКрзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолгоrnrnСтанува збор за едно од најпознатите мали кутриња со кое ве очекуваат 12 до 15 години среќа и веселба. Како и малтезерот, така и оваа раас се древни кинески кучиња кои се обожавани низ скоро целиот свет.rn

    9. Бигл

    rnКрзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолгоrnrnБигловите се сметаат за едни од најдобрите домашни миленичиња, посебно за децата, бидејќи се послушни и сакаат да бидат активни. Во просек живеат помеѓу 12 и 15 години, но познатиот бигл Буч, кој починал во 2003-тата, живеел дури 27 години.rn

    10. Џуџест шнауцер

    rnКрзнени рекордери: 10-те раси на кучиња кои живеат најдолгоrnrnОва весело кутре е полно со енергија и обожава да си игра, а исто така можете и лесно да го тренирате. Во просек живее помеѓу 12 и 15 години, а е најсреќно кога времето го поминува активно, играјќи си со своите сопственици.