КАФЕ ПАУЗА

Tag: видови

  • 20 илустрации што докажуваат дека во светот има само два вида луѓе

    20 илустрации што докажуваат дека во светот има само два вида луѓе

    Во психологијата постојат многу теории кои ги објаснуваат различни видови луѓе на кои можете да наидете на работа или во секојдневниот живот. Кога ги споредувате навиките и начинот на живот на луѓето, ќе забележите дека има многу различни начини на соочување со секојдневните предизвици, како и различни начини на уживање. Овие илустрации ќе ви покажат дека и малите навики прават огромна разлика.rn

    1. Луѓе кои спијат со една перница и луѓе кои спијат со многу перници

    rn20 илустрации што докажуваат дека во светот има само два вида луѓеrn

    2. Луѓе кои носат апостолки со чорапи и луѓе кои ги носат без чорапи

    rn20 илустрации што докажуваат дека во светот има само два вида луѓеrn

    3. Луѓе кои се будат со еден аларм и луѓе кои сакаат да поспијат уште малку

    rn20 илустрации што докажуваат дека во светот има само два вида луѓеrn

    4. Луѓе кои мрдаат додека спијат и луѓе кои воопшто не се движат

    rn20 илустрации што докажуваат дека во светот има само два вида луѓеrn

    5. Луѓе на кои им треба 1 час за да се подготват и луѓе кои можат да се подготват за 5 минути

    rn20 илустрации што докажуваат дека во светот има само два вида луѓеrn

    6. Луѓе кои не ги јадат крајчињата од пицата и луѓе кои ја јадат целата пица

    rn20 илустрации што докажуваат дека во светот има само два вида луѓеrn

    7. Луѓе кои го полнат својот телефон цело време и луѓе кои сметаат дека 10% батерија е доволно за цел ден

    rn20 илустрации што докажуваат дека во светот има само два вида луѓеrn

    8. Луѓе кои веднаш одговараат на повиците и луѓе кои никогаш не одговараат

    rn20 илустрации што докажуваат дека во светот има само два вида луѓеrn

    9. Луѓе кои јадат црно чоколадо и луѓе кои јадат бело чоколадо

    rn20 илустрации што докажуваат дека во светот има само два вида луѓеrn

    10. Луѓе кои сакаат да бидат сами и луѓе кои сакаат да се дружат

    rn20 илустрации што докажуваат дека во светот има само два вида луѓеrnrnЗа повеќе илустрации продолжете на следната страница…rnrn

  • 13 видови соседи што треба да се евакуираат од нашата планета

    13 видови соседи што треба да се евакуираат од нашата планета

    Љубопитни, паничари, вознемирувачи, воинствени – соседите го прават животот посветол и нè учат да бидеме трпеливи. Ако ги нема нивните пародични случувања, нема да има причина за смеа или што да им кажете на пријателите.rnrnВо продолжение се најпознатите видови на соседи, овековечени во илустрации.rn

    1. Извор на миризби од храна во влезот

    rn13 видови соседи што треба да се евакуираат од нашата планетаrnrnРечиси секој има сосетка кој постојано готви нешто и во сите станови се чувствува мирисот на нејзините супи и пржениот компир. Покрај тоа, таа преферира и кромид и риба.rn

    2. Соседите со „железната топка“

    rn13 видови соседи што треба да се евакуираат од нашата планетаrnrnДали ви е познат звукот како соседите да фрлаат нешто тешко на подот или како да тркалаат метална топка на подот? Овој звук се појавува како резултат на прераспределување на внатрешниот товар на зградата и температурната разлика во арматурата која се загрева во текот на денот и се лади ноќе.rn

    3. Кралот на забавите

    rn13 видови соседи што треба да се евакуираат од нашата планетаrnrnДоколку имате сосед кој сака да ги споделува звуците на неговата омилена музика со целиот свет, единствено што ви останува е да се надевате дека вашите музички вкусови ќе се совпаднат. Како по правило, овој вид на сосед започнува да се фали со моќта на неговите децибели кога почнува да паѓа мрак, а понекогаш му се придружуваат и неговите пријатели кои се љубители на музиката.rn

    4. Соседот кој кива гласно

    rn13 видови соседи што треба да се евакуираат од нашата планетаrnrnЗа да го слушнете овој вид на сосед, не треба да живеет во стан со тенки ѕидови бидејќи гласноста на неговото кивање ја надминува гласноста од музиката на соседот кој сака да се забавува. Тој, исто така, кашла, го користи тоалетот и се тушира „гласно“. Остатокот од времето тој е скоро невидлив и нечуен.rn

    5. Активистката

    rn13 видови соседи што треба да се евакуираат од нашата планетаrnrnОбично таа е шеф на станарите, кој секогаш собира пари за јавни потреби. Таа секогаш ги откачува знаците во лифтот, ги одлепува објавите во влезот и внимава на моралот на станарите. Секогаш кога се среќавате, тој веднаш започнува со своите поплаки и „брилијантни“ препораки.rn

    6. Љубителката на животни

    rn13 видови соседи што треба да се евакуираат од нашата планетаrnrnОва е сосед кој сака кученца кои лаат, мачиња кои „мјаукаат“ и какви било други суштества кои трчаат низ неговиот стан. Сите станари можеби ја споделуваат оваа љубов со животните, но не им се допаѓа мирисот кој доаѓа од неговиот стан.rn

    7. Неуморните

    rn13 видови соседи што треба да се евакуираат од нашата планетаrnrnСе чини дека имаат најмалку 10 деца кои играат со екстремно тешки играчки и никогаш не спијат. За време на викендите, утрото е периодот на нивните најинтензивни активности, па сите станари разбираат дека малите деца се вистинска среќа и затоа се обидуваат да се скријат од нивните звуци под ќебето.rn

    8. Фаталната жена

    rn13 видови соседи што треба да се евакуираат од нашата планетаrnrnЖена со тешка судбина која бара љубов и комуникација. Нејзе постојано ѝ е потребна „машка сила“ за да може да пренесе кревет или да исецка големо парче месо. Кога ќе се завршат сите тешки задачи, таа повторно ќе се појави да позајми шеќер.rn

    9. Озборувачката

    rn13 видови соседи што треба да се евакуираат од нашата планетаrnrn„Радио Милева“ е нејзиното средно име. Таа шири вести побрзо од жолтиот печат и социјалните медиуми. Таа знае сè за сите. Ако ја сретнете наутро, може да се случи да задоцните на работа.rn

    10. Бушачот за време на викенд

    rn13 видови соседи што треба да се евакуираат од нашата планетаrnrnПоправките во неговиот стан никогаш не завршуваат и лицето кое му ја позајмило или му ја продало бормашина на овој сосед ќе биде редовно проколнувано. Другите соседи се секогаш навистина заинтересирани да дознаат зошто овој сосед треба да избуши нешто толку итно за време на викендот наутро. Дупчењето, соседот го прави на 2 начина: безмилосно и нежно. Во првиот случај тој буши постојано со часови, во вториот, тој повремено прави паузи, изгледа за да не ги вознемири премногу соседите.rn

    11. „Водоземен човек“

    rn13 видови соседи што треба да се евакуираат од нашата планетаrnrnСоседот чија санитарна инсталација постојано има проблем, и секогаш овој факт е усклучително неочекуван за него. После сите извинувања, тој им обезбедува на соседите под него уште едно протекување.rn

    12. Тиранинот со радијаторот

    rn13 видови соседи што треба да се евакуираат од нашата планетаrnrnПостојано нешто не е во ред за овој сосед. Според нив, оние што се во нивната околина премногу гласно се смеат, готват и ги трескаат вратите. Штом ви падне парче хартија или го вклучите телевизорот тивко, тие веднаш почнуваат да го удираат радијаторот за да го покажат своето незадоволство.rn

    13. Учесници во реално шоу

    rn13 видови соседи што треба да се евакуираат од нашата планетаrnrnОвие луѓе не се срамат да се справуваат со нивните проблеми јавно. Сите станари се свесни за нивната семејна драма. Тие се караат гласно, но исто така и се помируваат гласно. На почеток, тоа иритира, но подоцна може да започнете да ги следите нивните заплети, па дури и да поддржувате некој од нив.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 14-те неуморни соседи кои не знаат да бидат досадни.

  • Пронајдете се во еден од овие 10 случаи: Каков вид врска имате со партнерот?

    Пронајдете се во еден од овие 10 случаи: Каков вид врска имате со партнерот?

    Постојат врски во кои се гледате со партнерот 3-4 пати неделно, но кога вашата мајка ќе ве праша дали имате дечко, одеднаш заборавате дека тој постои. Водите бескрајни разговори на социјалните мрежи каде што никој од вас сè уште не го следи другиот. Статистички гледано, потребни се шест недели за да ја официјализирате вашата врска, а во продолжение прочитајте какви видови врски постојат помеѓу партнерите.rnrnПронајдете се во еден од овие 10 случаи: Каков вид врска имате со партнерот?rn

    1. Партнер за секс

    rnСекоја ваша средба завршуваше во спалната соба (или во некоја друга просторија), но во вашиот однос има недостаток на какви било подлабоки чувства. Можеби едноставно немате потреба да бидете во врска или партнерот го сметате за совршен за истражување на некои нови сексуални фантазии. Во секој случај, вашата врска се одвива исклучиво во кревет и двајцата сте свесни за тоа.rn

    2. Џокер за секстинг

    rnБез оглед кој ги испраќа пораките, вашите разговори генерално се сведуваат на два збора: „Буден си?“. Оваа комуникација генерално се случува кога некој од вас е пијан, осамен или двете. Нема потреба од романтика, вашите тела зборуваат сами за себе.rn

    3. Пријатели со бенефиции

    rnОдвреме-навреме завршувате заедно во креветот, но тоа не значи дека не појадувате заедно следниот ден. Освен тоа, му верувате доволно за да разговарате за тоа колку сте добар материјал за врска (дури и кога сте целосно голи) и знаете дека можете да зборувате за многу работи без никаква љубомора или срам.rn

    4. Вашето безбедно пристаниште

    rnДали вашата средба помина лошо или минувате низ раскинување? Тој е тука да ви ја врати вашата самодоверба. Секогаш ќе ви кажува дека сте одлична девојка и дека само идиотите не го забележуваат тоа. Сепак, во вашата врска никогаш не се случило ништо друго освен неколку страсни бакнежи.rn

    5. Замислено момче

    rnНе само што одамна сте биле во фаза на жесток секс на неколку платформи, туку него го интересира и како поминавте на интервјуто за работа. Проблем? Целата врска се одвива преку телефон. Вашите дружења настрана од допишувањето се случуваат многу ретко или, уште полошо, никогаш не се случиле.rn

    6. Сигурна симпатија

    rnНевини флертувања, значајни погледи и неколку секунди предолги прегратки, освен што сè уште не се случило ништо сексуално. Факт е дека уживате во фантазирањето, па не сакате да го расипете со донесување сериозни одлуки. На крајот на краиштата, на тој начин никој нема да биде повреден.rn

    7. Вашиот плус еден

    rnОд забава на работа до свадбата на вашата сестра, неговиот костум е секогаш подготвен без какви било прашања. Луѓето постојано ви кажуваат колку сте слатки заедно, иако навистина нема хемија надвор од подиумот за танцување.rn

    8. Врска со рок на траење

    rnНеспорно е дека се сакате еден со друг и се согласувате дека сте во врска, но го знаете точниот ден кога таа ќе мора да заврши и ќе бидете принудени да продолжите понатаму. Можеби тој ќе се пресели на друг континент на крајот на годината или вие одлучивте да уживате во летна авантура што ќе заврши до крајот на студените есенски денови.rn

    9. Фрлање трошки

    rnТој повремено ќе ви фрла „трошки“ на внимание во форма на сексуални пораки, коментари на вашиот профил на Инстаграм или повици како „може некогаш да пиеме кафе“ – сè за да го задржи вашиот интерес, но никогаш не го исполнува тоа што го ветил. Всушност, оваа личност ви дава апсолутен минимум, а вие верно се држите за тенката нишка од вашата врска.rn

    10. Пропуштена можност

    rnПрвата средба помина толку добро што мораа да ве изнесат од кафеаната, но средбата број два не се случи следните шест недели. Во овој момент, веќе не можете да утврдите дали тоа е затоа што состанокот сепак не бил толку совршен или затоа што тоа не се случило во вистинскиот момент. Можеби не ви пречи моменталната состојба, но еднаш ќе мора да дефинирате дали сте во врска. Избегнувањето на разговорот само ќе ја зголеми непријатноста, особено ако не сакате иста работа.rnrnДали знаете дека освен вистинската, постојат уште 4 видови љубов? Прочитајте за која од нив вреди да се борите.

  • Истражување: Постојат 5 различни видови несоница

    Истражување: Постојат 5 различни видови несоница

    Наместо да ги разгледуваат само симптомите поврзани со спиењето, истражувачите од едно ново истражување од Холандија ги зеле предвид и карактерот и емоциите на испитаниците. Благодарение на ова, тие откриле дека всушност постојат 5 видови несоница. Ова откритие може да помогне да се разберат причините за несоницата, како и да се направи личен третман за секој личност.rnrnИстражување: Постојат 5 различни видови несоницаrn

    5 видови несоница

    rnОд несоница страдаат речиси 10% од луѓето на Земјата. Најчестите симптоми се тешкотии при заспивањето или будење во текот на ноќта. На пример, луѓето со ова нарушување може да лежат со часови во кревет пред да заспијат, или пак да се разбудат прерано и да не можат да се вртат на спиење. И покрај тоа што сите имаат слични симптоми, секој реагира различно на третманот. Поради ова научниците заклучиле дека можеби постојат повеќе видови несоница.rnrnСо цел да ги најдат подвидовите на ова нарушување, истражувачите анализирале податоци од над 4.000 луѓе кои пополниле онлајн анкета за нивните навики за спиење, како и нивните карактеристики.rnrnСпоред одговорите од анкетата, околу 2.000 од учесниците страдале од несоница. Според анкетата, тие покажувале симптоми, но немале добиено дијагноза за ова нарушување. За да ги откријат разните видови несоница, истражувачите почнале да бараат подалеку од симптомите поврзани со спиење и земале предвид други фактори како лични карактеристики, расположение, емоции и реагирање на стресни ситуации. Благодарение на ова, успеале да ги поделат испитаниците во пет категории.rn

      rn 011

    • Тип 1: Луѓето со овој тип имале високо ниво на негативни емоции, анксиозност и грижи, и ниско ниво на среќа.
    • rn 011

    • Тип 2: Овие луѓе имале умерено ниво на стрес и грижа, но нивото на среќа и задоволство било воглавно нормално.
    • rn 011

    • Тип 3: Овие луѓе имале умерено ниво на стрес, но ниско ниво на среќа и чувствувале помалку задоволство.
    • rn 011

    • Тип 4: Овие луѓе воглавно имале ниско ниво на стрес, но се соочувале со несоница поради нивното реагирање на стресни животни ситуации.
    • rn 011

    • Тип 5: Овие луѓе имале ниско ниво на стрес, а нарушувањето во спиењето не било предизвикано од стресни ситуации.
    • rn

    rnОвие симптоми останале исти со текот на времето. Испитаниците повторно ја пополниле анкетата пет години подоцна, и повеќето од нив останале во истата категорија.rn

    Личен третман

    rnИстражувачите откриле дека луѓето со разни видови несоница реагирале различно на третманот и имале различен ризик од развивање депресија. На пример, луѓето со тип 2 и 4 покажале најдобро подобрување откако земале бензодиазепин, еден вид лек за смирување. Луѓето со тип 3 не забележале подобрување кога го земале овој лек. Луѓето со тип 2 почувствувале подобрување по терапија со разговор, додека луѓето со тип 4 немале придобивки од ова. Кај луѓето со тип 1 постоел најголем ризик од депресија.rnrnОвие резултати покажуваат дека одреден третман е најдобар за одреден тип, а идните истражувања треба дополнително да го истражат ова. Покрај тоа, идентификувањето на луѓето со несоница кај кои постои ризик од депресија може да помогне во спречување на развојот на болеста.rnrnДоктор Цујоши Китаџима од Јапонија кој го разгледувал истражувањето, и заклучил дека е можно да постојат овие типови кај луѓето со несоница. Но тој исто така изјавил дека лекарите можеби нема да се согласат со ова бидејќи факторите не се директно поврзани со спиењето. Сепак, тој истакнал дека некои од типовите опишани во истражувањето се слични со претходно прифатените категории на несоница. На пример луѓето со тип 1 и 2 настојуваат да ги чувствуваат симптомите порано во животот – во детството или за време на адолесценцијата. Ова е слично со симптомите кои се појавуваат кај луѓето со таканаречената идиопатска несоница, традиционална категорија на несоница каде што луѓето се соочуваат со нарушувањето без некоја причина.rnrnКитаџима исто така додал дека ќе биде од корист да се потврдат овие наоди и со луѓе кои се дијагностицирани со нарушувањето. Истражувачите истакнале дека испитаниците волонтирале да учествуваат во истражување за спиењето, а оваа група не би можела да го претстави целото население. Исто така постои можност да постојат и други типови несоница кои допрва ќе се идентификуваат.rnrnПробајте ги овие ефикасни техники што ќе ви помогнат да се справите со несоницата.

  • 5 видови пријателки што секоја девојка треба да ги има во својот живот

    5 видови пријателки што секоја девојка треба да ги има во својот живот

    Пријателите се едни од најважните луѓе во нашиот живот. Затоа е многу важно да ги негувате овие односи, бидејќи без нив, нивото на вашата среќа може многу да опадне. Ова особено важи за девојките и пријателки – погледнете ги следните 5 видови дами што треба да ги имате во вашиот живот.rnrnrn

    1. Сојузничка на работа

    rnАко работите во канцеларија, оваа личност може да ви биде од огромна помош. Не само што ќе бидете попродуктивни, туку истовремено и ќе се забавувате. Работата ќе ви се чини полесна и поинтересна, а и секогаш побрзо ќе ја завршувате затоа што таа ќе биде тука кога ќе ви треба помош.rn

    2. Истомисленичка

    rnПријателката со која ги делите сите интереси е личност што е секому потребна. Без разлика дали и двете се љубителки на ист вид музика или делите страст за истото хоби, здраво е да имате покрај вас некој со којшто искрено можете да поразговарате за сите оние нешта што ве интересираат.rn

    3. Партнерка во злочин

    rnТаа е секогаш расположена за пијалак или за излегување, дури и ако е понеделник а таа има навистина тежок работен ден. Со неа сте ги доживеале најлудите авантури и сте ги запознале најинтересните луѓе. Ѝ верувате за сè и знаете дека таа може да ви го осветли дури и најтемниот ден во вашиот живот.rn

    4. Блиска шегаџијка

    rnБез разлика дали гледате фотографии од младоста или ги читате вашите стари разговори на Фејсбук, вие секогаш имате причина за да се насмеете заедно. Имате толку многу интерни шеги, што никој друг не може да се вклучи во вашиот разговор. Таа е пријателката што секогаш ја барате кога ви е потребно да го подобрите расположението.rn

    5. Најдобра пријателка

    rnТаа знае сè за вас и ве сака исто како ви е сестра. Пред неа немате ниту една тајна, ниту пак таа пред вас – заедно сте поминале и среќни и тажни моменти и знаете дека можете да сметате една на друга до крајот на вашиот живот.rnrnДознајте и кои видови машки пријатели секоја девојка треба да ги има покрај себе.

  • 5 видови доверба што му се потребни на вашиот брак

    5 видови доверба што му се потребни на вашиот брак

    Повеќето луѓе ја поврзуваат довербата со сексуалната верност, но довербата е чувство што опфаќа многу повеќе. Довербата е некажана посветеност на партнерот и правење сè што е во вашата моќ за да го поддржувате во неговиот развој. Паровите во здрави и среќни врски, ги покажуваат следниве 5 видови доверба.rnrn5 видови доверба што му се потребни на вашиот бракrn

    1. Сексуална и емоционална верност

    rnВерноста е важен дел од секоја врска, а секој има различна дефиниција за неа. Поради ова е важно да разговарате со партнерот за неговите и вашите верувања за верноста за да знаете дали сте на истата страница.rnrnВерноста не е ограничена само со сексуалната интимност, туку важи и за емоционалната интимност помеѓу двајца. Ако сте несреќни во вашиот брак, разговарајте со партнерот или побарајте професионална помош, наместо да барате афера надвор од бракот.rn

    2. Доверба дека нема да се манипулирате или да се повредувате еден со друг

    rnВистинската љубов треба да биде дива, но слободна. Љубовта цути во безбедно опкружување. Немојте да го гушите партнерот со непотребна посесивност и никогаш не обидувајте се да го манипулирате, да го повредувате или да го контролирате.rn

    3. Доверба дека се сакате без скриени намери

    rnВажно е и вие и партнерот да чувствувате дека сте сакани поради личноста којашто сте, а не поради некоја скриена намера. Овде спаѓаат нешта како изглед, пари, социјален статус или други награди.rn

    4. Доверба дека нема да се напуштите во тешките периоди

    rnВо секоја врска, почетната возбуда избледува со текот на времето. Ако поминувате доволно време со некого, постепено ќе почнете да сфаќате дека не се согласувате за сè, ниту пак дека имате исти приоритети. Поради ова, конфликтите се неизбежни во сите врски.rnrnВажно е да разговарате и да го искажувате вашиот гнев во безбедна и пријателска околина, без да се заканувате дека ќе го напуштите партнерот или да му предизвикате страв од тоа.rn

    5. Доверба дека ќе одвоите време за врската

    rnНа почетокот секој сака да минува многу време со партнерот. Но откако ќе помине тој период, бројот на состаноци се намалува. Престанувате да бидете благодарни за малите нешта што ги прави за вас и престанувате да си давате комплименти. Премногу сте зафатени со работата или хобијата, па поретко одвојувате време за партнерот.rnrnОд огромна важност е да научите да воспоставите рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот и да одвоите време за вашата врска.rnrnСоветите на овој адвокат за развод ќе ви помогнат да го сочувате вашиот брак.

  • 9-те најпознати видови насмевки и нивното значење

    9-те најпознати видови насмевки и нивното значење

    Луѓето можат да препознаат насмевка на растојание од над 90 метри. Ова е особина што се развивала со цел да можеме да препознаеме дали ни се приближува пријател или непријател. Но, понекогаш е навистина тешко да ги протолкувате насмевките. Тие можат да се користат за покажување, но и за криење чувства. Затоа добро е да можете да го препознаете скриениот мотив зад некои од најпопуларните видови насмевки.rn

    1. Насмевка со затворена уста

    rn9-те најпознати видови насмевки и нивното значењеrnrnНасмевката што ја преферираат политичарите покажува дека личноста знае нешто важно, но не планира да ја сподели тајната. Лесно е да ја препознаете оваа насмевка бидејќи е слична со намерата што ја покажува – можете да ја видите насмевката, но устата е затворена и ги крие забите.rn

    2. Искривена насмевка

    rn9-те најпознати видови насмевки и нивното значењеrnrnКога некој е збунет, можете да препознаете по неговата насмевка. Едната страна од усните е искривена нагоре што означува дека иднината крие нешто добро. Другата страна е искривена надолу што значи дека не е сè така добро.rn

    3. Присилена насмевка

    rn9-те најпознати видови насмевки и нивното значењеrnrnИма денови кога едноставно не ви е до смеење, но ситуацијата бара да се насмевнете. Или пак можеби некој ви кажува шега и нормално, очекува барем насмевка. Бездушната насмевка што ја покажувате во овие моменти е всушност присилена. Додека вашите усни се обидуваат да изгледаат среќно, вашите очи откриваат како навистина се чувствувате.rn

    4. Вистинска насмевка

    rn9-те најпознати видови насмевки и нивното значењеrnrnВистинската насмевка е широка и се познава по брчките што сте создаваат околу очите. Со неа ја покажувате вашата среќа. Оваа насмевка е заразна и може да им го подобри расположението на луѓето околу вас.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Познат психолог открива: Постојат 5 видови мајки и секоја од нив поинаку влијае на своето дете

    Познат психолог открива: Постојат 5 видови мајки и секоја од нив поинаку влијае на своето дете

    Психологот д-р Стефан Полтер објаснува дека сите мајки можат да се сместат во само 5 категории и дека секој вид различно влијае на своето дете. Дознајте во продолжение какви мајки постојат и како секоја од нив се снаоѓа со улогата на родител.rnrnrn

    1. Мајка перфекционист

    rnСтанува збор за мајката што сака да има контрола над сè, која се плаши од сè и е многу анксиозна. Токму затоа и нејзините деца се многу самокритични, имаат впечаток дека не се доволно вредни и најчесто се премногу емоционални.rnrnПозитивната страна кај овие мајки е тоа што нивните деца стануваат многу одговорни, посветени на врските и луѓето лесно можат да се потпрат на нив. Ја ценат работата и многу се упорни. Лошата страна е тоа што понекогаш туѓите мислења им се поважни од сопствените и често имаат впечаток дека целиот свет ги набљудува и ги осудува.rn

    2. Непредвидлива мајка

    rnАнксиозна, лута и претерано емоционална, оваа мајка често е преплавена од емоциите, па затоа и нејзиното однесување кон детето зависи исклучиво од нејзиното расположение. Според психологот д-р Полтер, овие мајки се најхаотични. Тие самите создаваат проблеми, препреки и кризи во својот ум, и преку емоциите ги пренесуваат на своите деца.rnrnДобрата страна е што децата на овие мајки стануваат многу сочувствителни кон другите. Тие исто така умеат да мотивираат, како и да овозможат емоционална поддршка. Од друга страна пак, затоа што растат покрај личност со постојани емоционални проблеми, тие понекогаш стануваат лути, анксиозни или депресивни. Рано учат како да ги „читаат“ луѓето и ситуациите.rn

    3. Мајка најдобра пријателка

    rnТаа ужива во тоа да ги третира своите деца како еднакви на себе, со цел да ја избегне одговорноста за поставување граници. Оваа мајка верува дека нејзиниот живот би се променил на полошо кога во целост би ги прифатила сите обврски на мајчинството, па затоа и ја избегнува таа улога. Наместо тоа, се однесува пријателски кон своето најмало.rnrnДецата што растат покрај ваков вид мајки разбираат дека е потребно да се постават граници во сите меѓучовечки односи, а поради фактот што никогаш немале вистинска мајчинска фигура во животот, често рано учат да преземаат одговорност. Негативната страна е тоа што тие се чувствуваат занемарено и се плашат од одбивање. Може да имаат и проблеми подоцна во врските, ако се чувствуваат недоволно љубено и ценето.rn

    4. Мајка на прво место

    rnД-р Полтер објаснува дека овој вид мајки е најраспространет, и тоа е загрижувачки затоа што станува збор за жени што не се способни да ги гледаат своите деца како одвоени личности, и се фокусирани само на себе. Нивните деца уште од мали сфаќаат дека нивната улога е само да ѝ помогнат на мама да „заблеска“.rnrnДобрата страна е тоа што овие деца стануваат одлични во поддржувањето на другите, развиваат добра интуиција и ги разбираат сите видови меѓучовечки односи. Тие се многу лојални, знаат дека и другите луѓе имаат свои потреби и одлично решаваат проблеми. Лошата страна е тоа што секогаш се сомневаат во својата способност да носат одлуки и тешко им е да си веруваат затоа што се научени дека мајчиното мислење е најважно.rn

    5. Целосна мајка

    rnСпоред психологот, овие мајки се околу 10%. Станува збор за мајките што ги комбинираат најдобрите елементи од претходните четири видови. Тие се емоционално стабилни, сфаќаат дека нивното дете е посебна личност и полека му помагаат да стане независно. Секако дека ни тие не се совршени, но покрај сите останати обврски, целосно се посветени на мајчинството.rnrnДецата на овие мајки се чувствуваат сакано и разбираат дека понекогаш мора да ризикуваат, да прифатат промени и да иницираат врски без страв од одбивање. Исто така умеат да ги ценат другите луѓе, и сфаќаат дека секој има своја сопствена перспектива. Добро се снаоѓаат со разните предизвици што излегуваат на патот до независноста и не се емоционално „испреплетени“ со мајките.rnrnПогледнете ги и овие 5 начини на кои мажите се менуваат кога ќе станат татковци.

  • 16 видови модерни вештерки кои прават магии околу вас

    16 видови модерни вештерки кои прават магии околу вас

    Кога размислувате за вештерки сигурно се присетувате на многу приказни и филмови. Но спротивно на суеверијата и поп културата, постојат многу видови вештерки. Светот на паганството, неопаганството, Вика и многу други е широк, а вештерките од секоја група се различни и уникатни. Во продолжение прочитајте за 16 разни видови вештерки и неколку интересни факти за нив.rnrn16-те видови вештерки кои прават магија околу васrn

    1. Традиционални вештерки

    rnТрадиционалните вештерки се оние кои ја основале историјата на вештерството пред појавата на Вика. Тие имаат традиционален пристап кон нивната техника и често го проучуваат фолклорот и учењата на нивните предци. Традиционалните вештерки ги сакаат „старите“ ритуали и често се фокусираат на работење со локална историја. Иако овие вештерки ги почитуваат старите традиции, постојат многу модерни традиционални вештерки и денес.rn

    2. Гарднерови вештерки

    rnОва движење се појавило во 1950-тите и е основано од страна на Џерал Гарднер кој се сметал за „татко на Вика движењето“. Овие вештерки имаат силна поврзаност со природата, ги предизвикуваат социјалните норми и имаат многу ритуали. За да станете гарднерова вештерка мора да бидете иницирани од некој друг. Исто така постои и неверојатен систем за напредок, па со текот на времето можете да научите многу.rn

    3. Александриски вештерки

    rnОсновано во 1960-тите од страна на Алекс и Максин Сандерс, ова движење е британски огранок на Вика. Има многу сличности со гарднеровото движење, но има и елементи од церемонијалната магија, како и од кабалата. Тие го следат верувањето: „Ако работи, искористи го“. И овие вештерки мораат да бидат иницирани, а во нивните редови постојат степени и нивоа на напредок. Вештерките се среќаваат на млада и полна месечина и за време на Сабат.rn

    4. Корелијански вештерки

    rnОва движење е основано во доцниот 20-ти век од страна на Керолајн Хај Корел. Таа тврдела дека потекнува од семејство вештерки, била видовита и знаела да ракува со тревки. Била под големо влијание од нејзиното семејство и била глава на црквата до нејзината смрт во 1940-тите. Корелијанските вештерки не биле признати како Вика сè до 1990-тите. Денес ова е најраспространетото друштво на вештерки.rn

    5. Морски вештерки

    rnМорските вештерки имаат силна поврзанот со водата и океаните и често го користат овој елемент во нивните ритуали. Нивната магија вклучува песок, школки и други елементи што доаѓаат од водата. Морските вештерки се поврзани и со древните легенди, како оние за сирените.rn

    6. Кујнски вештерки

    rnОвие вештерки најчесто ја практикуваат магијата од нивниот дом или во кујната. Често се грижливи и сакаат да го направат нивниот дом посебно и свето место. Тие сакаат да готват и да користат тревки, често собрани од нивната градина. Употребуваат есенцијални масла, тревки, храна и секојдневни предмети за нивните магии и ритуали.rn

    7. Вештерки „жива ограда“

    rnОвие вештерки практикуваат нешто познато како „скок преку живата ограда“, односно излегување од овој свет и одење во друг, духовен свет. Тие можат да комуницираат со духовниот свет и да праќаат пораки. Тие практикуваат астрална проекција, магии со тревки и земјена магија. Она што ги прави уникатни е способноста да ја преминат „живата ограда“ помеѓу овој и духовниот свет.rn

    8. Култот на Дијана

    rnОвие вештерки се феминистки и во нивниот култ не е дозволено да има мажи. Тие ја почитуваат божицата од сите три аспекти – девица, мајка и старица. Ритуалите можат да бидат различни, но сите имаат некој феминистички аспект.rn

    9. Елементарни вештерки

    rnРитуалите на овие вештерки се засновани на четирите елементи – земја, воздух, вода и оган. Тие го почитуваат секој елемент и често имаат посебен олтар за секој од нив.rn

    10. Церемонијални вештерки

    rnОвие вештерки имаат многу ритуали, но најмногу ги сакат церемониите. Често прават церемонија или ритуал кога сакаат да постигнат нешто. Исто така повикуваат посебни духовни битија што им помагаат во церемонијата.rn

    11. Зелени вештерки

    rnЧесто нарекувани и шумски вештерки, овие вештерки се поврзани со земјата и со нејзината енергија. Често имаат нивни градини, но ги проучуваат и растенијата во нивното опкружување. Тие користат растенија и зеленило за нивните ритуали. Зелените вештерки сакаат да бидат во природа и да бидат што е можно поблизу до Мајката природа.rn

    12. Наследни вештерки

    rnОва се вештерки родени во вакво опкружување. Вештерството е дел од нивното семејство и наследство. Ритуалите се пренесуваат од генерација на генерација, но често прават и свои ритуали. За да бидете наследна вештерка мора да се родите во такво семејство.rn

    13. Космички вештерки

    rnОвие вештерки бараат помош од космосот, астрологијата и астрономија кога прават ритуали. Често ги следат планетите и порамнувањето на ѕвездите и ги прават ритуалите на разни места.rn

    14. Секуларни вештерки

    rnОвие вештерки прават магии, употребуваат кристали, тревки, масла и свеќи, но не го поврзуваат духовното во нивната пракса. Тие не почитуваат битие или бог и не се поврзани со никаква религија. Не веруваат во моќта на енергијата.rn

    15. Осамени вештерки

    rnОвде спаѓаат сите видови вештерки кои повеќе сакаат да работат сами наместо во култ. Ова може да биде нивен избор, или едноставно да се сами бидејќи немаат најдено соодветна група. Постојат многу легенди според кои осамените вештерки се реинкарнации на вештерки, а нивното знаење се буди во текот на пубертетот.rn

    16. Еклектични вештерки

    rnОвие вештерки немаат една религија, ритуал, традиција или култура. Нивната магија потекнува од многу извори и на крај станува нивна и уникатна. Може да почитуваат некое битие или праксата да им биде секуларна. Најчесто сами си ги создаваат правилата според нивните потреби.rnrnДознајте и поради кои причини би ве прогласие за вештерка во 1693-та година.

  • Според диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начин

    Според диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начин

    Гладот е навистина интересен феномен. Не само што е физичка, тој е и психичка потреба. Понекогаш се чувствувате како да можете да изедете сè, а понекогаш едвај каснувате 2-3 залаци. Па што всушност предизвикува глад? Дали е потребата на телото од храна, или има и нешто повеќе?rn

    1. Очен глад

    rnСпоред диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начинrnrnДобрите готвачи секогаш послужуваат чинии што изгледаат убаво. Торти, сладолед, вафли, сите овие продукти изгледаат неверојатно и не можете да им одолеете. Ова се нарекува очен глад. Кога ќе видите храна на некоја друга маса во ресторан, на реклама или каде било, веднаш сакате да ја пробате.rn

    Како да го контролирате?

    rnПренасочете го вашето внимание кон други убави нешта. На пример, ако сте во ресторан, веднаш погледнете некоја слика или што било друго што би ви го одвлекло вниманието. За брзо ќе престанете да мислите на оброкот.rn

    2. Умствен глад

    rnСпоред диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начинrnrnВо еден момент умот ви вели дека шеќерот е лош, а следниот имате огромна желба за нешто слатко. Овој вид глад е најтежок за контрола бидејќи и мислите и расположението постојано се менуваат. Умот е оној што ни кажува дали некоја храна е добра. Понекогаш умот ни кажува да не јадеме премногу бидејќи можеме да се здебелиме, а понекогаш ни вели воопшто да не се грижиме.rn

    Како да го контролирате?

    rnОбично умот донесува одлуки според информациите што ги добива. Па, важно е да се потсетувате за разликата помеѓу вистински и умствен глад. Можете да направите едноставен тест – секогаш кога мислите дека сте гладни и сакате да ја изедете тортата пред вас, замислете си дека е нешто што не ви се допаѓа многу. Ако навистина сте гладни би го изеле и тоа.rn

    3. Ушен глад

    rnСпоред диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начинrnrnДали сте слушнале како некој отвора нешто за јадење? Или пак сте слушнале доставувач на пица како ја носи порачката? Одеднаш посакувате и вие да порачате нешто. Едноставно, слушањето звуци од храна ви предизвикува глад.rn

    Како да го контролирате?

    rnСе разбира, не можете да ја сопрете вревата, но можете да ги сопрете гласовите што ви кажуваат да јадете. Пренасочете го вашето внимание кон нешто друго кога ќе слушнете звуци предизвикани од храна.rn

    4. Глад од мирис

    rnСпоред диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начинrnrnМирисот на добра храна може навистина да полуди некој. Мирисот на печен леб, свежо смелено кафе и слично ве тера да јадете повеќе.rn

    Како да го контролирате?

    rnСекогаш кога ќе го добиете оброкот, помирисајте ја секоја состојка и секој дел од оброкот одделно. Кога ќе започнете да јадете, мирисајте го секој залак. Ќе забележите дека ќе јадете помалку од претходно.rn

    5. Стомачен глад

    rnСпоред диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начинrnrnАко мислите дека ова е вистински глад, се лажете. Всушност не ни кажува стомакот дека сме гладни, туку ние му кажуваме него. Јадеме повеќе бидејќи имаме одредено време за оброк, а не бидејќи сме гладни. На пример, можеби не сте гладни попладне, но се одлучувате да направите пауза за ручек.rn

    Како да го контролирате?

    rnВнимателно забележете го вашиот глад. Дали стомакот ви е навистина празен или станува збор за здодевност или стрес? Исто така јадете бавно и престанете со јадење кога сте малку повеќе од половина „полни“.rn

    6. Усен глад

    rnСпоред диетичарите постојат 12 видови глад и секој се контролира на различен начинrnrnИма храна што е навистина превкусна. Многу често се прејадуваме од оваа храна. Желбата на устата се менува. Понекогаш сакате нешто луто, понекогаш нешто слатко. Ова не е вистински глад. Усниот глад е поврзан само со желбата за храна.rn

    Како да го контролирате?

    rnНе е лошо да ги слушате желбите на вашиот јазик. Но, секогаш можете да престанете со јадење кога ќе ви се задоволи желбата. Да изедете многу само поради вкусот не е паметно. Доста се 2-3 залаци за да помине желбата.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn