КАФЕ ПАУЗА

Tag: вежби

  • Одвојте 10 минути дневно за вашето здравје

    Одвојте 10 минути дневно за вашето здравје

    За будење на организмот и зајакнување на вашиот имунитет потребни ви се само 10 минути дневно. Затоа заборавете на изговорите и почнете да мислите на вашето здравје.Одвојте 10 минути дневно за вашето здравјеЕдна минута за смеење: Само 60 секунди му се доволни на мозокот за да почне да лачи ендорфин, кој ги опушта мускулите.rnrnТри минути за појадок: За брз и здрав појадок спремете јајца. Тие се богати со хранливи состојки, лесно се подготвуваат, а се погодни и за оние кои сакаат да ослабат.rnrnПет минути за физичка активност: Само пет минути вежбање дневно можат да имаат позитивно дејство на вашето здравје и да го покренат метаболизмот. Познатиот тренер Бен Гринфилд советува секое утро да правите 25 кратки скокови, 20 стомачни, 10 лесни склекови и 15 сквотови.rnrnЕдна минута за заблагодарување: Научете да кажувате благодарам. Не само што ќе му го подобрите расположението на оној што му ја упатувате благодарноста, туку ова магично зборче ќе има многу позитивно влијание и на вашето здравје. Разбирањето и вреднувањето има позитивен ефект на срцето и го зајакнува имунолошкиот систем.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Петминутни вежби за совршено обликувани раце

    Петминутни вежби за совршено обликувани раце

    Топлото време веќе ни дојде, па кај и да ќе треба да почнеме да носиме облека со куси ракави. Доколку не сте задоволни со изгледот на вашите раце или мислите дека за време на зимскиот период вашите мускули се олабавиле, овие петминутни вежби можат многу да ви помогнат.Петминутни вежби за совршено обликувани рацеОвој петминутен тренинг ќе ви помогне да ги обликувате бицепсите, трицепсите и рамената. Сè што ви е потребно се два тега од по 1 килограм, а доколку немате набавено, можете да наполните и две шишиња со вода.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вежби за стегнати и секси нозе

    Вежби за стегнати и секси нозе

    Многумина погрешно мислат дека за тенки и затегнати нозе мораат да прават илјадници клекнувања (сквотови). Иако овој тип вежби се одлични за мускулите, нема да ви помогнат да се ослободите од масните наслаги на сите делови од нозете, бутовите и задникот.Вежби за стегнати и секси нозеСледните 4 вида вежби правете ги барем двапати неделно. Правете ги во серија една зад друга, по 15 за секоја нога. Доколку сакате поголемо отпор можете да си купите и тегови за на зглоб.rn

    1. Странично подигнување на нозете

    rn

    Легнете на левата страна, главата потпрете ја на левата рака, а со десната придржувајте се на земјата. Нозете држете ги исправено, а стапалата истегнете ги така што прстите ќе ви бидат свртени накај главата. Без промена на кој било друг дел од телото, подигнете ја десната нога, задржете ја во воздух неколку секунди, а потоа спуштете ја. Важно е цело време мускулите да ви се стегнати. Оваа вежба делува на мускулите на внатрешната страна на бедрата и колковите.Вежби за стегнати и секси нозе

    rnrn

    2. Школка

    rn

    Лежејќи на левата страна, свиткајте ги колковите и колената под агол од 45 степени. Петите држете ги споени и почнете да ја подигате десната нога колку што можете повисоко. Најважно е да не ги одвојувате петите и мускулите да ви се постојано затегнати. Држете ја десната нога една секунда во воздух, па потоа вратете ја во првобитната положба. Оваа вежба делува на мускулите на задникот, колковите и задниот дел од бутовите.Вежби за стегнати и секси нозе

    rnrn

    3. Мост

    rn

    Легнете на грб, свиткајте ги носете во колената, а стапалата поставете ги рамно на подот во ширина на рамената. Почнете да се кревате, со тоа што колковите и стомакот ќе ги доведете во рамна положба. Задржете се некоја секунда, а потоа спуштете го задникот надолу. Важно е да не го спуштите задникот до земја. Оваа вежба делува на мускулите на торзото, задникот, задниот дел од бутовите, колковите и долниот дел на грбот.Вежби за стегнати и секси нозе

    rnrn

    4. Косо трчање во место

    rn

    Почнете во положба за правење склекови. Телото мора да биде рамно од главата до петиците, а сите мускули затегнати. Внимавајте да го држите грбот рамен и мускулите на стомакот стегнати. Десното колено подигнете го спрема левото рамо и потоа вратете го во почетната положба. Потоа направете го истото со другата нога. Оваа вежба делува на градите, задниот дел од бутовите, колковите, долниот дел на грбот, торзото, стомачните мускули, рамената и горниот дел од грбот.

    rnВежби за стегнати и секси нозеrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 ефективни начини да го намалите масното ткиво во рацете

    4 ефективни начини да го намалите масното ткиво во рацете

    За да ја намалите својата тежина, потребен ви е посебен режим на исхрана и секако, треба редовно да вежбате. Но, најголем проблем на многумина се мастите во рацете, кои тешко се намалуваат, па некогаш слабеењето на овој дел од телото може да ви изгледа невозможно. Ова се 4 вежби кои ќе ви помогнат да ја постигнете вашата цел.rnrn4 ефективни начини да го намалите масното ткиво во рацетеrn

    Склекови

    rnДоколку не сте навикнати да кревате поголема тежина, тогаш на почеток ќе имате тешкотии во правењето склекови, но тоа е само додека се навикнете. На почеток правете помал број склекови и со редовни паузи, или правете т.н. женски склекови кои се полесни бидејќи тежината не паѓа на прстите од нозете туку на колената. Откако ќе свикнете на редовни вежби со склекови, нема да имате проблеми. Правете отворени склекови, со растојание помеѓу рацете поголемо од рамената или затворени склекови кога рацете ви се подоближени една до друга.rn

    Тегови

    rnЗа почеток кревајте полесни тегови, не почнувајте веднаш со поголема тежина. Најдете вежби на интернет кои се најефективни за постигнување на вашата цел. На пример, земете ги теговите во раце и застанете исправени, со рацете до вашето тело. Потоа, подигнете ги рацете странично, па пред вас достигнувајќи висина до рамената, па зад вас колку што можете и така наизменично. Запомнете дека при оваа вежба рацете мора да ви бидат прави и да не ги виткате лактите.rnrn4 ефективни начини да го намалите масното ткиво во рацетеrn

    Вртење

    rnОва се дел од оние вежби кои навидум изгледаат лесни, но штом ги пробате се уверувате дека се тешки, но и многу ефикасни. Застанете исправени и раширете ги рацете како да сакате некому да му дадете огромна прегратка. Рацете нека ви бидат прави, а дланките свртете ги кон таванот. Свртете ги рацете обратно колку што можете по хоризонтална оска, така да дланките повторно се најдат отворени нагоре. Потоа, вратете ги рацете во првобитната позиција и повторувајте ја вежбата. Не спуштајте ги рацете додека не направите цела серија вежби. За почеток не форсирајте се бидејќи со сигурност наредниот ден ќе имате болка во мускулите. Дозволете му на вашето тело да се привикне на рутината.rn

    Ножици

    rnВежбата се вика ножици, бидејќи движењата потсетуваат на работа со ножици. Застанете право и исправете ги рацете пред вас во висина на рамената. Замислете дека држите огромни ножици и дека треба да ги отворате и затворате. Раширете го растојанието меѓу рацете, потоа доближете ги на средина, така што рацете ќе се преклопат, потоа повторно раширете ги. Наизменично менувајте го преклопувањето на рацете, така што еднаш левата рака ќе дојде над десната, па потоа обратно. Вежбата повторете ја минимум 20 пати.rnrnДоколку ги правите овие вежби по 15 минути секој ден, за многу брзо време ќе ја забележите разликата во вашите раце.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна која го прави вежбањето поефективно

    Храна која го прави вежбањето поефективно

    Многумина го форсираат своето тело правејќи напорни вежби со цел да постигнат совршена фигура каква што посакуваат. Но, покрај физичката активност, многу важен фактор е исхраната. Одредена храна ќе ви даде повеќе енергија во текот на вежбањето и ќе го направи поефективно, во зависност од тоа каков вид вежби ќе практикувате. Затоа, нареден пат, пред да тргнете накај фитнес салата или вашата патека за џогинг, консумирајте храна која ќе ви даде енергија и ќе ви помогне полесно да ги намалите калориите.Храна која го прави вежбањето поефективноrn

    Пред кардио вежби

    rnПри кардиоваскуларни вежби, потребна ви е енергија, па затоа клучно е да го „наполните“ вашето тело со „гориво“. Пред да почнете со кардио вежби, практикувајте да консумирате:rnrnМед – Медот е веќе проверен рецепт за издржливост на светски познатите атлетичари. Медот е природен извор на шеќери и енергија, така што нема да му наштети на вашиот организам. Изедете лажичка мед пред да заминете на вежбање или додадете го во чај. Можете да го додадете во зелен чај, кој меѓу другото е добар за намалување на телесната тежина.rnrnСкроб – Нема ништо полошо од губење на целата енергија во текот на вежбањето, што го прави неефективно и исцрпувачко. Два до три часа пред да започнете со вашите вежби, јадете овесни снегулки, тост со бел леб или житни тестенини. Ваквата храна ќе ви помогне со тешките кардио вежби и ќе ви помогне да изгубите повеќе калории.Храна која го прави вежбањето поефективноОвошје – Овошјето е полно со витамини и минерали кои му се потребни на вашето тело за да го достигне максималниот капацитет на физичка активност. Природните шеќери ви даваат енергија, а природните влакна во овошјето ви создаваат чувство на ситост. Секогаш е добро да консумирате храна со протеини заедно со овошјето. Така полесно ќе го победите чувството на глад и ќе имате доволно енергија за вашите вежби.rn
    rn

    Храна за зајакнување на мускулната маса

    rnКога кревате тегови или правите слични вежби со отпор, клучно е да ги „нахраните“ мускулите. Одредени видови храна ќе ви помогнат при процесот на зајакнување на вашите мускули, како на пример:rnrnЈајца – Јајцата се еден од најголемите извори на протеини кои ги јакнат мускулите. Иако често се прекинува нивната употреба поради високото ниво на холестерол кој го содржат, недамнешни истражувања покажуваат дека холестеролот од жолчката на јајцето нема значајно влијание на нивото на холестерол во крвта. Во секој случај, поради безбедносни мерки се препорачува да се ограничи консумирањето јајца, максимум до две во денот.rnrnИако многумина ги консумираат живи, тоа не е препорачливо. Јајцата содржат бактерија салмонела, која може да биде многу штетна. Секогаш згответе ги пред да ги вклучите во вашиот оброк.rnrnБадеми – Бадемите содржат многу протеини и ви даваат чувство на ситост. Иако содржат масти, ваквите масти се природни и добри, а воедно помагаат за редукција на лошиот холестерол. Секако, важно е да се препознае границата, и како и со секоја друга храна, така и со бадемите, да не се претерува.Храна која го прави вежбањето поефективноЛосос – Покрај протеинските придобивки, лососот е секогаш здрав избор поради омега 3 масните киселини. Тие воедно го хранат мозокот за да останете фокусирани на вашите техники за вежбање. Откако ќе го зготвите, врз него исцедете малку лимон и јадете го заедно со некаква зеленчукова салата. Пожелно е да изедете до две парчиња леб, за повеќе енергија.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Канцелариско размрдување: обликувајте го телото од вашиот работен стол

    Канцелариско размрдување: обликувајте го телото од вашиот работен стол

    Секојдневното седење по 8 работни часови, може да остави трајни последици по вашето здравје, особено на рбетниот столб. Со правилни вежби можете да ја зајакнете мускулатурата, да ја подобрите циркулацијата и да ги наполните батериите. Доброто во овие вежби, е тоа што се многу лесни и плус, можете да ги правите додека беспрекорно ги извршувате вашите работни задачи.Канцелариско размрдување: обликувајте го телото од вашиот работен столrnrn

    Вежби за обликување нозе

    rnДодека седите на вашето работно биро, подигнете ја едната нога, испружете ја и држете ја во таа положба неколку секунди, а потоа вратете ја во првобитната положба, но не спуштајте ја сосема до подот, туку подржете ја во воздух 2 секунди, пред сосема да стапнете. Истата постапка повторете ја со другата нога. Овие вежби правете ги 15 пати на ден.rnrn

    Правилно седење за рамен стомак

    rnСедете правилно исправени, така што столицата да ја допирате со рбетниот столб, а рацете потпрете ги на столот, под агол од 90 степени. Така седнати, додека вдишувате воздух, вовлечете го стомакот и задржете го воздухот околу 30 секунди. Вежбите повторувајте ги 2 пати, на секој поминат час.rnrn

    Само 30 секунди за јако торзо

    rnСвртете го горниот дел од телото кон левата страна и останете во таа позиција 30 секунди. Истата постапка повторете ја на десната страна. Со оваа вежба, ќе ги зајакнете стомачните и градните мускули. Канцелариско размрдување: обликувајте го телото од вашиот работен столrn

    Затегајте ги бутините и додека седите

    rnЗатегнете ги внатрешните мускули на бутините и држете ги така околу 5 секунди. Постапката повторувајте ја од 12 до 20 пати дневно, а помеѓу вежбите правете паузи за опуштање, за да не добиете воспаление на мускулите.rnrn

    Обликувајте ги и колковите

    rnСедете исправено и полека вовлечете го стомакот навнатре, а потоа ногата подигнете ја од столицата, под агол од 90 степени. Држете ја така неколку секунди и потоа спуштете ја на под. Со овие вежби ги обликувате колковите, бедрата и стомачните мускули.rnrn

    Кегелови вежби за силна карлица

    rnПокрај бутовите и колковите, вежбајте ја и карлицата за да ги спречите проблемите со мокрењето. Стискајте ги мускулите околу карлицата кои се одговорни за задржување на урината. Стегнете ги мускулите набрзина. Задржете ги стегнати 1 секунда. Опуштете ги и одморете ги само 1 секунда. Повторете ја вежбата 10 пати. Правете барем по 3 серии дневно. Овие вежби се познати како Кегелови, а доколку ги правите три пати на ден, можат да ви помогнат да го подобрите вашиот сексуален живот.rnrn

    Топка за поубави бедра

    rnСакате ли да ги обликувате вашите бедра и стомачните мускули? Земете една топка, ставете ја помеѓу нозете и нежно притискајте ја. Вежбата повторувајте ја 20 пати дневно и секој пат кога ќе стиснете, задржете околу 3 секунди, па потоа опуштете се.rnrn

    Задникот можете да го обликувате и додека седите

    rnСамо затоа што по цел ден седите, не значи дека не можете да го обликувате и вашиот задник. Затегнете ги мускулите на задникот, држете 3 секунди и опуштете ги. Вежбата правете ја 15 пати на ден.Канцелариско размрдување: обликувајте го телото од вашиот работен столrn

    Како да ја снема напнатоста во рамената?

    rnНапнатоста во рамената може да се реши со само неколку секунди. Главата свртете ја на левата страна, а торзото на десната. Останете неколку секунди во оваа положба. Поновете ја постапката само овој пат сменете ги страните. И оваа вежба повторете ја барем 15 пати во текот на денот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вежби за цврст „бразилски“ задник

    Вежби за цврст „бразилски“ задник

    Ова одлично видео може да ви помогне повторно да се вратите во форма и пред сѐ да се размрдате од постојаното седење по дома или на работа. Интересни полчасовни вежби кои ќе ви помогнат да го подигнете, оформите и зацврснете задникот.rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5-минутни едноставни вежби за тонирано тело и добра циркулација

    5-минутни едноставни вежби за тонирано тело и добра циркулација

    Веќе со месеци секојдневно си ветувате себеси дека „од утре“ ќе почнете да вежбате, но тоа никако да се случи? Верувајте, не сте единствените. Ако дневниот распоред ви е постојано исполнет и не знаете како би нашле час-два дневно за вежбање доколку се зачлените во фитнес-центар, ние го имаме вистинското решение за вас, кое нема да ви ги расипе плановите. Секој од нас, има 5 слободни минути во денот, така? rnrn5-минутни едноставни вежби за тонирано тело и добра циркулацијаrnrnОвие 6 куси видеа со вежби, кои доколку редовно ги правите ќе ги затегнат вашите мускули на нозете, бутините, задникот, рацете и стомакот, ќе ви одземат точно 5 минути и 35 секунди. Немате повеќе причини со кои ќе ја оправдате вашата неактивност и мрзеливост. Сѐ што ви е потребно е подлога за вежбање, лесни тегови и интернет конекција за да го вчитате нашиов пост. Ако сте поамбициозни, повторете ги вежбите повеќе пати. Со среќа!rnrnrnrnВо видео-плеерот има 6 видеа наредени во плејлиста. Стиснете на копчето „play“ на дното од видео-плерот за да ги погледнете сите видеа (прво копче од десно).rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги затегнете и обликувате вашите раце?

    Како да ги затегнете и обликувате вашите раце?

    Исто како кога станува збор и за целулитот, не морате да имате вишок килограми за вашиот горен дел од телото да биде млитав и опуштен. Маснотиите природно се складираат во горниот дел од телото, а процесот на стареење подразбира губење на еластичноста на кожата, поради што кај девојките се појавува олабавување на мускулите. Како да ги затегнете и обликувате вашите рацеОва се неколку вежби со кои ќе можете да го спречите овој процес и да ги затегнете и обликувате рацете.rn
    rn

    Истегнување

    rn

    Самостојно само оваа активност нема да ви помогне да го отстраните проблемот, но ќе ви помогне во издолжување на мускулите и ќе станете поподвижни.Како да ги затегнете и обликувате вашите раце

    rnrn

    Обликување

    rnЖените не сакаат напорни вежби, па оваа вежба е идеална. Седнете, исправете го грбот или пак застанете со раширени нозе, поставувајќи ги стапалата во ширина на рамената. Земете мали тегови или наполнете две шишиња со вода, рацете свиткате ги во лактите и почнете да спуштате и кревате. Направете го ова во 4 серии по 12-15 пати.rn
    rn

    Користење на тежината на телото

    rnСклековите се една од најдобрите вежби за согорување на мастите во рацете. Ако ви е тешко да ги правите класичните склекови на земја, можете да ги правите и на нешто повисоко, со што ќе го намалите отпорот. Поставете ги рацете на нешто повисоко, а нозете нека ви останат на земја. Правете по барем 15 склекови дневно.Како да ги затегнете и обликувате вашите рацеrn

    „Пропаѓање“ на столица

    rnСеднете на работ од столот, а со рацете придржувајте се по неговите странични делови. Нозете полека поместувајте ги нанапред, сѐ додека колковите и задникот не излезат надвор од седиштето на столицата. Користете ги мускулите на рацете, за да го спуштите телото на неколку сантиметри од подот, а потоа полека кревајте се нагоре, настојувајќи грбот цело време да ви биде исправен, за да не почувствувате напнатост во рамената. Ова е тешка вежба, па немојте да се обесхрабрите, ако забележите дека не можете да ја повторите повеќе од 5 пати.rn
    rn

    Помалку јадете

    rnВнимавајте што внесувате и пијте по барем 2 литри вода дневно, бидејќи водата помага при детоксикацијата, процесот на варење и циркулацијата на крвта.Како да ги затегнете и обликувате вашите рацеrn

    Шетајте се

    rnПешачењето не е добро само за нозете, туку и за рацете, под услов да ги движите напред-назад во ритам на чекорите. Одете побрзо 20 минути за да го забрзате работењето на срцето. Покрај тоа, после 20 минути вашето тело ќе почне да согорува калории, па пробајте да го задржите темпото уште барем 10 минути.rn
    rn

    Набавете зглобни тегови

    rnНабавете зглобни тегови со помала тежина, и носете ги секој пат кога ќе работите нешто низ дома. Одлични се за обликување на рацете и за согорување масти. Мускулите ќе мораат да работат повеќе заради дополнителната тежина, па попатно ќе губите и повеќе килограми.Како да ги затегнете и обликувате вашите рацеrn

    Пилинг

    rnСекое утро и секоја вечер на критичните делови од рацете нанесувајте пилинг. Со кружни движења, почнете од зглобовите па сè до рамениците. На тој начин ќе ѝ направите добро и на вашата кожа, која ќе стане мека и нежна.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 вежби кои можете да ги правите додека лежите во кревет

    5 вежби кои можете да ги правите додека лежите во кревет

    Првите калории ги согорувате додека посегнувате по алармот. Откријте ги и останатите утрински вежби, кои можете да ги правите додека лежите удобно во креветот… :)rnrn5 вежби кои можете да ги правите додека лежите во креветrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.