Потколениците се исто така важен дел од вашето тело и не треба да ги запоставувате кога вежбате. Работата на сите мускули во телото е исклучително важна за да ги отстраните и најмалите недостатоци што ги имате. Со цел да ги зајакнете мускулите на долниот дел на нозете, важни се интензитетот, степенот и фреквенцијата на вежбање, а овие три вежби ќе ви помогнат да ги зацврстите мускулите пропорционално на двете страни на нозете.rnrnhttps://youtu.be/UaecXxAgsKArnrnhttps://youtu.be/wPM8icPu6H8rnrnhttps://youtu.be/84hrdsHgDuQrnrnПогледнете ги овие 4 вежби за горниот дел на грбот со кои ќе го подобрите држењето на телото.
Tag: вежби
-

4 вежби за горниот дел на грбот со кои ќе го подобрите држењето на телото
Ако постојано седите додека работите, тогаш многу добро знаете што значи болка во горниот дел на грбот, но и колку е важен грбот за држењето на телото. Обидете се да ги зајакнете мускулите на горниот дел од грбот со овие вежби за да имате правилно држење на телото, но и да спречите болка во долниот и во горниот дел на грбот.rn
Супермен
rnhttps://youtu.be/cc6UVRS7PW4rnrnОваа вежба е одлична за горниот дел од грбот, бидејќи помага да се загреете и да се подготвите за секаков вид кревање тежок товар. Вежбата Супермен ги активира сите внатрешни мускули на горниот дел од грбот и спречува повреди при изведување големи преоптоварувања.rn
Вежбајте со лента
rnhttps://youtu.be/MnDpmNYUjbcrnrnСо помош на лентата ќе постигнете исправено држење на телото – на рамената, рацете, стомакот и грбот.rn
Кревање (Pull up)
rnhttps://youtu.be/aAggnpPyR6ErnrnОваа вежба бара силни раце и истовремено ќе ги зајакне рамената и ќе ви помогне да ги држите телото и грбот исправени.rn
Кревање тегови со една рака
rnhttps://youtu.be/ma__uqUlYmErnrnБидејќи работите само со едната рака, и таа страна на грбот е активна. Задолжително држете го грбот исправен.rnrnПогледнете ги овие ефективни вежби за долниот дел на стомакот.
-

Кардио тренинг што трае само 15 минути
Ако немате време за едночасовно вежбање, тоа не значи дека не треба да се занимавате со физичка активност. Овој кардио тренинг трае само 15 минути и согорува масни наслаги, го забрзува метаболизмот и го зголемува нивото на енергија. Ниту една од вежбите не бара дополнителна опрема, што значи дека можете да тренирате дома, во кое било време. Правете ја секоја од следниве вежби 15 минути и направете пауза од 10 до 20 секунди помеѓу нив. Повторете ја секоја од вежбите во три серии, за да завршите во временски период од 15 минути.rnrnhttps://youtu.be/rzoqO3ENKNkrnrnПрочитајте кои 7 работи треба да престанете да ги правите пред тренинг.
-

Одлични брзински вежби за секојдневно истегнување
Недостатокот на време е голем проблем за многу луѓе, но сигурно можете да одвоите пет минути за своето здравје и за своето тело. Вклучете една од овие вежби во вашата рутина затоа што се флексибилни, може да се изведуваат без никаква опрема и ќе направат чуда за вашиот метаболизам.rnrnhttps://youtu.be/KPG1tJW8dwQrnrnhttps://youtu.be/Oxay1bgfIAsrnrnhttps://youtu.be/72MQmD8Z9Zwrnrnhttps://youtu.be/iLV4swo-uhErnrnПогледнете ги овие ефективни вежби за долниот дел на стомакот.
-

Oдлични плејлисти за јога, пилатес и трчање
Без оглед на тоа колку уживате во тренингот, понекогаш се случува вежбањето да ги доведе во прашање вашите физички и ментални граници. Но, во тоа може да ви помогне добрата песна, која ќе го разгори вашето тело и ќе ви помогне многу брзо да се потсетите зошто толку многу сакате пилатес, јога, трчање или танцување. Повеќето луѓе кога бараат плејлисти за вежбање сметаат дека е важно да имаат побрз и повторувачки ритам, но вистинската песна е всушност онаа што прави да се чувствувате феноменално. Еве неколку плејлисти што може да ви помогнат во тоа!rn
Хип-хоп јога
rnhttps://open.spotify.com/playlist/37i9dQZF1DX4FJyIpen2YfrnrnДали сакате хип-хоп и јога? Оваа навидум необична комбинација ве смирува и ве поткрева истовремено. Дајте му шанса на овој интересен музички сет.rn
Акустичен пилатес
rnhttps://open.spotify.com/playlist/37i9dQZF1DXcTpoGQmyr2BrnrnОваа плејлиста е многу популарна и е доказ дека не мора да се откажувате од акустиката, дури ни кога се истегнувате затоа што овој „побавен“ ритам во никој случај не е демотивирачки.rn
Powerwalk!
rnhttps://open.spotify.com/playlist/37i9dQZF1DX9BXb6GsGCLlrnrnАко ви треба дополнителен поттик за да трчате, пуштете ја оваа плејлиста.rn
Beast Mode Dance
rnhttps://open.spotify.com/playlist/37i9dQZF1DXdURFimg6BlmrnrnОваа музичка листа ќе ве претвори од демотивирачко суштество во хиперактивно.rnrnПрочитајте што ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење.
-

Ефективни вежби за долниот дел на стомакот
Ниту еден тренинг нема да направи чудо преку ноќ, но со овие вежби ќе ги согорите масните наслаги од стомакот и ќе изградите мускули. Стомакот е главниот кошмар на многу жени, а покрај тоа што не изгледаат убаво и привлечно, масните наслаги може да бидат штетни за здравјето.rnrn
rnrnСепак, постојат насочени и ефективни вежби што ќе ги зајакнат вашите стомачни мускули. Ова е местото каде што се таложи најголемиот вишок мрснотии, поради што е потребно многу труд за борба против вишокот килограми. Тоа е долг процес, но со волја и упорност, ништо не е невозможно. Обидете се редовно да ги изведувате вежбите, најмалку 10-15 минути секој ден, 4-5 пати неделно.rnrnПогледнете во продолжение кои вежби се најдобри за долниот дел на стомакот, за зајакнување на мускулите и за согорување на масните наслаги, како и идеални за изведување дома.rnrnhttps://youtu.be/54x6yjnzLmsrnrnhttps://youtu.be/rptV4dEJUx4rnrnhttps://youtu.be/YEGHVqDpMpkrnrnПогледнете ги овие 8 вежби што согоруваат повеќе калории од трчањето. -

4 причини зошто ве боли главата по вежбањето
Без разлика дали станува збор за трчање, возење велосипед, аеробик или пилатес, добриот тренинг е одличен начин да бидете во форма и задоволни со вашиот изглед. Сепак, по тренингот може да почувствувате пулсирачка главоболка, а во продолжение ќе откриете кои се причините за тоа.rnrn
rnНе пиете доволно вода
rnРечиси е излишно да се нагласи колку е важно да се внесува доволно вода во текот на денот. Додека тренирате, се потите, а со тоа губите течности. Ако вашето тело е дехидрирано поради недостаток на вода, вие не само што ќе почувствувате неподнослива главоболка, туку и грчеви во мускулите, вртоглавица и гадење, па дури и нагон за повраќање.rn
Имате ниско ниво на шеќер во крвта
rnНиското ниво на шеќер во крвта е исто така една од причините за главоболка по тренингот. Ова не значи дека треба да изедете цело чоколадо пред тренингот, туку дека треба да практикувате здрава и балансирана исхрана. Вашето тело согорува многу калории за време на тренингот, па затоа вашата исхрана треба да биде богата со јаглехидрати.rn
Се форсирате премногу
rnАко неодамна започнавте нов вид тренинг во кој вложувате дополнителен напор, можеби ќе имате главоболка наречена главоболка при напор. Овој вид главоболка се јавува при екстремен физички напор, за кој телото не е подготвено. Вашето тело испраќа повеќе кислород до мускулите кои ги прават вежбите наместо до вашиот мозок, па поради тоа ве боли главата.rn
Не спиете доволно
rnАко вежбате откако не сте се одмориле најдобро, големи се шансите да завршите со страшна главоболка. Потребни ви се најмалку 8 часа квалитетен сон за да можете да вежбате и да ја избегнете главоболката.rnrnПрочитајте што ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење.
-

Направете го овој тест и откријте кои вежби се создадени за вас
Каков тип личност сте кога станува збор за вежбање? Нашиот тест ќе ви помогне да дознаете кој тип вежби треба да ги правите за да добиете најдобри резултати.rnrnОд понеделник, пред лето… Колку пати си ветивте дека ќе се вратите во форма? Не можете да го направите тоа? Можеби едноставно не знаете кој тип вежби е идеален за вас.rnrn
rn1. Која е вашата главна цел за вежбање?
rnА) Стимулирање на производството на хормони на среќатаrnrnБ) Зголемување на мускулната маса и промена на обликот на телотоrnrnВ) Тестирање на сопственото телоrnrnГ) Ослободување од стресот и подобрување на менталното здравјеrn
2. Колку пари сте подготвени да трошите месечно на вежбање?
rnА) Што е можно помалкуrnrnБ) Цена на 3- 5 кафињаrnrnВ) Цена на 10 кафињаrnrnГ) Цена на 20 кафињаrn
3. Колку време сте подготвени да инвестирате неделно во вежбање?
rnА) Не повеќе од 2-3 часаrnrnБ) 4 – 5 часаrnrnВ) 5 – 6 часаrnrnГ) Секоја недела имам различно слободно времеrn
4. Што ве спречува да вежбате?
rnА) Досада и недостаток на мотивацијаrnrnБ) Недостаток на целrnrnВ) Повреда поради прекумерно вежбањеrnrnГ) Работа и семејствоrn
5. Колку сте подготвени да прифатите професионален совет?
rnА) Претпочитам да го сторам тоа самrnrnБ) Ми се допаѓа еднаш да ми се помогне, по што продолжувам самrnrnВ) Би сакал некој да ме водиrnrnГ) Сакам да имам личен тренер кој детално ќе ја испланира мојата програмаrn
6. Колку сте социјални на скала од 1 до 10?
rnА) 1 -3rnrnБ) 4 – 5rnrnВ) 8 – 10rnrnГ) 6 – 7rn
7. Колку вашата вештина во спортот го одредува вашиот тренинг?
rnА) Не ми е важноrnrnБ) Ова е голем факторrnrnВ) Понекогаш ми е важноrnrnГ) Не спортувамrn
8. Колку сте конкурентни?
rnА) Јас воопшто не сум конкурентен типrnrnБ) Сакам да се натпреварувам со себеrnrnВ) Морам да победамrnrnГ) Се обидувам да ја избегнам конкуренцијата, бидејќи тоа не е добро за моето ментално здравјеrn
Која вежба е најдобра за вас?
rnНајмногу одговори под А:rnrnСтруктурната вежба е неопходна за вас, но уживањето мора да биде клучен фактор. Ве советуваме да вежбате на отворено, без разлика дали е трчање, возење велосипед или пешачење во локалниот парк. Направете список со вежби што сакате да ги испробате, закачете го на фрижидерот и збогатувајте го со нови секој месец.rnrnНајмногу одговори под Б:rnrnПовеќе сакате да работите сами отколку во група. Одете во теретана и следете ја персонализираната, структурирана рутина. Најважниот фактор? Вежбајте на кратки сесии, што може да согори повеќе калории.rnrnНајмногу одговори под В:rnrnСакате да гледате резултати – и брзо. Кросфит е создаден за вас – комбинација на гимнастика и интензивни кардио вежби ќе го доведат целото тело во ред за рекордно време. Пробајте различни верзии на вежби и менувајте ја структурата на вашата рутина на секои шест недели.rnrnНајмногу одговори под Г:rnrnВие сте многу емотивни, но не можете да ги одделите чувствата од вежбањето, што доведува до премногу брз замор. Запишете се на час по јога, затоа што тоа е совршена форма на вежбање за да го подобрите вашето расположение, а исто така ќе го тренирате и вашето тело.rnrnИнтуитивно изберете слика и откријте што ве чека во љубовта.
-

Лесен тренинг за тонирање на грбот
Грбот е дел од телото што многу често се занемарува кога зборуваме за вежбање. Покрај самиот изглед, вежбите за грб се исклучително важни и поради потенцијалната болка што се јавува како резултат на фактот дека повеќето работни места бараат седење во повеќето денови, па затоа во дневната рутина вклучете вежби за оваа област.rnrnДали знаевте дека заедно со нозете, мускулите на грбот ја сочинуваат втората по големина група на телото? Ова е само една од причините зошто треба да обрнете посебно внимание на нив бидејќи е многу важно да ги одржувате истите тие мускули активни за да избегнете несакани воспаленија и болка. Иако повеќето вежби, како кардио тренинг, содржат некои вежби за грб, со цел да го тренирате овој дел од телото на квалитетен начин, потребно е да се посегне по специјализирани вежби. Ова се вежби кои ја подобруваат општата состојба на грбот на мускулите, држењето на телото, но исто така развиваат сила со која ќе можете полесно да изведувате каков било друг тренинг. Што се однесува до опремата, потребен ви е душек и тегови чија тежина можете да ја прилагодите на вашата форма, односно ако сте почетници, одлучете се за нешто помалку натоварено и зголемувајте ја тежината со текот на времето.rnrnСо цел да ве охрабриме да се грижите за грбот, подолу издвоивме одлично видео со вежби кои не траат долго и даваат одлични резултати.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=1dJ-d7tVwEkrnrnПрочитајте и зошто утринскиот тренинг е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело?
-

Вежби со тегови за обликување на нозете и задникот!
Мора да признаеме дека нема ништо поубаво од вкусна ужинка во вашето омилено друштво, но она што нè прави особено среќни е фактот дека можеме да уживаме во истите овие ужинки без никакво каење, сето тоа со помош на клучни вежби. Многу е вообичаена перцепција дека вежбањето трае многу време и иако зависи од вашата физичка состојба, тоа всушност е краток период од денот кој секој може да го остави настрана. Ако имате прекумерна тежина, прво треба да ја изгубите за да започнете со насочено обликување на одреден дел од телото, но ако сте задоволни со својата тежина и сакате да работите на вашата форма, вежбите со тегови се одличен избор.rnrnОвој пат се фокусиравме на нозете и задникот, деловите од телото кои се „болно место“ за многу жени, но решението е многу едноставно и вклучува малку упорност.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=oqaoE2cvbYg&feature=emb_titlernrnМожеби ќе сакате да ги погледнете и овие 8 одлични YouTube видеа за вежбање.
