КАФЕ ПАУЗА

Tag: вежби

  • Идеални вежби за вашата градба на тело

    Идеални вежби за вашата градба на тело

    Извлечете го максимумот од вежбањето, прилагодувајќи го тренингот според вашата градба. Според оваа поделба ќе можете да видите на кој дел од вашето тело треба да му обрнете внимание. Ви ги издвојуваме четирите типа градби – препознајте се во кој спаѓате и почнете да вежбате.rnrnИдеалните вежби за вашата градба на телоrn

    Крушка

    rnДоколку имате тело во облик на крушка, спаѓате во групата убавици како Алиша Кис, Џенифер Лав Хјуит, Џенифер Лопез и многу други. Крушкастиот облик подразбира послаб горен дел во однос на долниот дел од телото.rnrnТака, колковите и бутовите се централен дел на вашето тело и нормално е да сакате да ги ослабете и затегнете, но не треба да заборавите ниту на делот над појасот. Се препорачуваат вежби за зајакнување на мускулите на рацете и рамената, со подеднакво времетраење како и оние за колковите и бутовите. Најдобро решение е одењето, трчањето и возењето велосипед, барем 45 минути дневно, пет пати неделно. Вака нема да вршите голем притисок на колената, зглобовите и колковите.rnrnКога станува збор за зајакнување на мускулите на рацете и рамената, се препорачува да почнете да вежбате со помала тежина, а со тек на време да почнете пополека да ја зголемувате.rnrnИдеалните вежби за вашата градба на телоrn

    Правоаголник

    rnВакво тело имаат Камерон Дијаз и Гвинет Палтроу. Тие можат да носат сѐ, но немаат истакнати типични женски облини. Основна карактеристика на овој тип градба е тоа што рамената и градите се скоро иста големина како бутовите и ненагласениот струк.rnrnВо случај на здебелување, најпроблематичен дел е стомакот. За да добијат облина, жените со ваква градба треба да обрнат внимание на затегнување на стомакот, односно на отстранување на масните наслаги. На тој начин ногу ќе се истакне струкот. Покрај тоа, треба да ја зголемат мускулната маса на задникот со посебни вежби за тој дел од телото. За оваа намена можат да прават клекнувања (сквотови) и да се качуваат по скали наместо со лифт.rnrnМеѓутоа, не е доволно да се прават вежби само за одредени делови од телото, туку во целост да се активира телото. Покрај вежби за стомакот и задникот, се препорачува трчање и одење по угорници, како и возење велосипед.rnrnИдеалните вежби за вашата градба на телоrn

    Песочен часовник

    rnТелото во облик на песочен часовник се смета за идеално поради тенкиот струк и пропорционалниот горен и долен дел. Типични претставнички на ваква извајана фигура се Бијонсе, Скралет Јохансон и Хали Бери.rnrnКарактеристично за девојките со ваква фигура е тоа што при дебелеењето, килограмите се распоредуваат на сите делови од телото. Меѓутоа, без редовно вежбање за затегнување, кај овие девојки постои поголем ризик да се појават вишок килограми во бутовите и надлактиците.rnrnСе препорачуваат кардио и вежби за затегнување. Кардио вежбите можат да подразбираат активности како зумба, пливање, возење велосипед и слично. Кога се во прашање вежби за затегнување и создавање мускули, овие дами треба да внимаваат на зајакнување на горниот дел од грбот.rnrnИдеалните вежби за вашата градба на телоrn

    Атлетска градба

    rnТесни колкови и широки рамена е описот на градба на тело како што има Џесика Бил. Претставничките на овој тип фигура имаат тешкотии да пронајдат костим за капење, бидејќи често едниот дел им е точен, а другиот им е голем или мал.rnrnЗатегнувањето на стомакот и вежбите за обликување на бутовите и задникот се совршено дополнување на ова градено тело. Добра вест е тоа што овие припаднички на женскиот пол имаат тенденција брзо и лесно да развиваат мускули и да ги топат масните наслаги, благодарение на нивниот јак метаболизам. Така тие нема да имаат проблем со никаков тип вежби.rnrnПрепорачливо е да прават вежби кои не бараат преголемо вложување сила и кои не бараат премногу повторувања, како трчање, возење велосипед и слично.rnrnИдеалните вежби за вашата градба на телоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 вежби за затегнување на различни мускули на стомакот

    5 вежби за затегнување на различни мускули на стомакот

    Стомакот е најчесто првото нешто коешто луѓето го забележуваат кај нас кога ќе накачиме некое кило вишок. Ви се зголеми обемот на средишниот дел од стомакот, или пак можеби ви се зголемија страничните „перничиња“ од премногу седење пред компјутер? Не грижете се, со помош на оваа илустрација, ќе знаете точно на која вежба треба најмногу да се посветите, за да ги стопите несаканите масти. Вежбите се на актерот и фитнес модел Адријан Џејмс.rnrn5 вежби за затегнување на различни мускули на стомакотrnrn1 вежба: Легнете на подлога за вежбање, при што горниот дел од грбот да ви биде поткренат, а дланките позиционирани под задникот. Исправете ги нозете и преклопувајте ги една преку друга, во форма на ножички. Види видео.rnrn2 вежба: Лежејќи на подлогата за вежбање, префрлете го стапалото од десната нога врз коленото на левата нога и подигајќи го грбот, допрете го лакотот од левата рака, со коленото на десната нога. Потоа сменете ги позициите на нозете и лакотот и повторете ја вежбата. Види видео.rnrn3 вежба: Лежејќи на подлогата за вежбање, поставете ги рацете кај слепоочниците, превиткајте ги нозете кај колената и подигајте го горниот дел од грбот. Види видео.rnrn4 вежба: Легнете на подлога со горниот дел од грбот поткренат, а нозете исправени нанапред. Потоа движете ги нозете наизменично нагоре-надоле. Види видео.rnrn5 вежба: Легнете на подлога, свиткајте ги нозете кај колената и во положба со поткрената глава и грб, допирајте ги петите со врвовите од прстите (лева рака со лева нога, и обратно). Види видео.

  • Одморете ги вашите очи со помош на овие корисни вежби

    Одморете ги вашите очи со помош на овие корисни вежби

    Доколку вашата работа се состои од долги часови гледање во компјутер, тогаш токму овие вежби се вистинското нешто за вас. Со нивна помош ќе успеете да ги одморите вашите очи, пред да продолжите со работењето.rnrnОдморете ги вашите очи со помош на овие корисни вежбиrnrnСекоја од овие вежби повторувајте ги по пет пати.rnrn1. Главата нека ви стои мирно, вдишете длабоко и погледнете накај таванот. Издишете, па погледнете во подот.rnrn2. Вдишете и погледнете на десно, па потоа издишете и вратете го погледот на средина. Потоа, повторно вдишете и погледнете на лево.rnrn3. Вдишете и погледнете во горниот лев агол, па издишете и погледнете во долниот десен агол. Откако ќе ја повторите оваа вежба пет пати, повторете ја и со останатите два спротивни агли.rnrn4. Направете пет кружни движења со очите на една страна, па потоа на другата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Згодно тело како на девојките од „Викторија Сикрет“ со 10-минутни вежби

    Згодно тело како на девојките од „Викторија Сикрет“ со 10-минутни вежби

    Тајната за изгледот на „Ангелите“, меѓу другото е и во тоа што тие внимаваат на исхраната. Покрај тоа тие редовно вежбаат со лични тренери кои дизајнираат вежби специјално за нив.rnrnЗгодно тело како на девојките од „Викторија Сикрет“ со 10-минутни вежби rnrnИако повеќето од нас не би можеле да си дозволат личен тренер кој ќе им кажува што, кога и колку да јаде, и постојано да ги следи во процесот на вежбање, сепак може да се послужиме со вежбите кои ги практикувале некои од девојките на „Викторија Сикрет“ со помош на личниот тренер Андреа Орбек.rnrnОваа серија вежби е брза, динамична, претставува предизвик и не бара користење дополнителна опрема. Пуштете „Play“ и почнете да ги топите мастите и да ги затегате мускулите во вашата дневна соба.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслаги

    Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслаги

    Insanity е неверојатно ефикасна програма за топење на масните наслаги. Нејзиниот креатор, фитнес-тренерот Шон Ти ветува зачудувачки резултати за само два месеци создавајќи скептицизам кај многумина, но за среќа тој е неоправдан. Оваа програма е толку добро склопена, што со доследно придржување на неговите совети во поглед на изведувањето на вежбите и на исхраната, би било неверојатно доколку не ги добиете посакуваните резултати, барем во мерата во која се трудите.Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслагиInsanity-вежбите се изведуваат дома. Неопходен ви е простор отприлика 2х2 метри, а не ви е потребна никаква дополнителна опрема. Треба само да си ги пуштите видеата на компјутерот или на ДВД плеерот и да го правите она што го гледате на екранот. А, тоа воопшто не е лесно. Без оглед на тоа во каква физичка кондиција се наоѓате, Insanity ќе ве направи уште посилни и поиздржливи додека ги цеди маснотиите од вас.rn rn

    За кого е наменета?

    rnПрограмата е наменета и за почетници во вежбањето и за луѓе во добра физичка кондиција. Дизајнирана е да ве натера да ги поместите границите на својата сила и издржливост, така што и едните и другите може да очекуваат успех. Но, дури и активно да сте тренирале порано некаков спорт или сега тренирате, нема да ви биде лесно со оваа програма. После овие два месеци вежбање сигурно ќе бидете во подобра форма од кога било.rnrnИако Insanity не е наменета за секој, секој не може да ја спроведе. Луѓе кои не можат да истрчаат километар без застанување или не можат да направат десет склека ќе имаат проблеми со неа. Ако спаѓате во оваа категорија, подобро би било претходно да се подготвите малку. Исто така, не се препорачува на луѓе со срцеви проблеми, барем не пред да се советуваат со лекар.rn rn

    Придобивки

    rnГубење на масни наслаги. Ова е најголемиот мотив за голем број луѓе да започнат со Insanity, затоа што за кратко време дава извонредни резултати. Веќе по еден месец вежбање изгледот е видливо подобрен, а по комплетирањето на програмата, процентот на масти во телото задолжително е опаднат за неколку проценти.rnrnМускулна дефиниција. Insanity ја подобрува мускулната дефиниција, но речиси не придонесува за зголемување на мускулната маса. Многу жени се колебаат дали да ја применат оваа програма токму поради тоа што не сакаат големи мускули, но одговорот е дека нема да ги добијат, туку само ќе го издефинираат она што веќе го имаат на нив. Сепак, не е невозможно ни да се добие малку мускулна маса, но тие шанси се многу повеќе на страната на мажите.rnrnФизичка кондиција. Вашата физичка кондиција драматично ќе се подобрува. Ќе бидете поиздржливи од кога и да е. После ова, вообичаената партија фудбал или кошарка нема многу да ве заморува.rnrnПосилен дух. Цело време ќе се натпреварувате сами со себе. По некое време можеби ќе заборавите на вашиот изглед и на согорувањето на мастите и ќе мислите само на тоа колку многу можете да издржите.Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслагиrn

    Вежби

    rnВежбите се изведуваат во интервали со висок интензитет меѓу кои има многу мали паузи. Програмата е така дизајнирана што го носи бројот на отчукувања на срцето до вашиот максимум, го држи на тоа ниво извесно време, обично во интервали од две до пет минути, а потоа дозволува краток одмор од 30 секунди пред да се продолжи со следната рунда. Тоа не треба да ве плаши, затоа што тоа е начинот на којшто најбрзо се губат масните наслаги.rnrnВежбите се поделени во вкупно 14 видеа. Добивате и календар во којшто прецизно пишува кој ден кое видео да си го пуштите и да вежбате. Програмата започнува со фит тестот. Се изведува преку 8 вежби со чија помош се мери моменталната физичка кондиција, а се повторува на секои две недели за да се провери напредокот.rnrnВежбите во првиот месец се нешто полесни од оние во вториот и траат малку пократко. Првите четири недели служат за драстично да го подигнат нивото на вашата физичка подготвеност, потоа следува една недела со вежби за олабавување и обновување на енергијата, па уште четири недели со уште поисцрпувачки и подолготрајни вежби кога се губат и најмногу маснотии.rnrnСекоја од вежбите се изведува без дополнителна фитнес опрема, исклучиво користејќи ја тежината и отпорот на сопственото тело. Се состојат главно од разни варијанти на склекови, варијанти на сквотови (чучњеви), спринтови во место, скокови, вежби за баланс, итн. Сите тие вежби се користат во тренинзите за американски фудбал, кошарка, гимнастика и други спортови. Иако тие на видеото може да ви изгледаат доста едноставно, тоа не е така. На крајот од секој ден вежбање треба да се давите во пот, да изгледате како некој да ве избањал со многу вода. Во спротивно многу е веројатно дека сте ја утнале формата и вежбањето немало никаков ефект.rnrnШон Ти цело време ќе ве потсетува дека формата е поважна од брзината на изведување на вежбите. Понекогаш ќе губите здив и ќе имате потреба да подзастанете, но тоа не е страшно. Ретко кога ќе успеете да издржите цел тренинг без пауза плус. Затоа никогаш не притискајте го копчето за пауза, само одморете неколку секунди и продолжете со напорот. Сè додека давате сè од себе и имате доволен број на отчукувања на срцето вие сте на правиот пат, дури и со мали паузи.Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслагиrn

    Исхрана

    rnТренерот Шон Ти вели дека согорувањето на маснотиите зависи 30% од вежбањето и дури 70% од начинот на исхрана. Со програмата за вежбање оди и план за исхрана, кој го обезбедува неопходниот калориски дефицит за губење на масните наслаги, но кој за жал не е лесно применлив за нас во Македонија. За секој оброк има мени од пет различни рецепти од кои можете да избирате што ќе јадете, но тие честопати се составени од состојки кои ги нема кај нас или се многу скапи, како на пример кокосово млеко или авокадо.rnrnСепак, тој самиот напоменува дека во исхраната најважно е да се придржувате до правилата кои ја сочинуваат рамката на тоа мени. Истражувајте малку повеќе околу тоа која храна каква хранлива вредност има и лесно ќе го изберете вистинскиот оброк. Храна од типот на пилешко, риба, многу овошје и зеленчук, јаткасти плодови и јајца треба да го сочинува вашето секојдневно мени. Јадете четири до пет пати во текот на денот, при што секој оброк ќе содржи 40% јаглени хидрати, 40% протеини и 20% масти, и да не преминува преку 500 калории. Придржувајте се до ова најмногу што можете за што подобри резултати.Insanity – ефикасни вежби за брзо топење на масните наслагиrnrn

    Мотивација

    rnВидеата со вежби се многу мотивирачки. Тренерот цело време зборува нешто за мотивација и многу е инспиративен. Вежбите никако нема да ви бидат здодевни, затоа што многу се разновидни и многу малку се повторуваат. Не е лесно да се научи која вежба е следна, а кога тоа веќе ќе го научите, видот на вежбите се менува.rnrnИ покрај тоа, Insanity програмата е за самодисциплинирани, одлучни и посветени. Ќе биде тешко, но наградата е голема. Нема да има резултати доколку не ги правите вежбите секој ден, ако се прејадувате и не се придржувате до основните правила на здравиот режим на исхрана или ако не спиете доволно. Ниту немањето време не може да ви виде извинување, затоа што никогаш нема да ви земат повеќе од еден час во текот на денот, шест дена во неделата.rn rn

    Како да стигнете до видеата со вежбите?

    rnПрограмата е сместена на 14 ДВД дискови кои можете да ги нарачате од САД за 120 долари или да ги симнете преку торент. Ако се решите за втората опција, внимавајте на тоа да ги симнете сите 14 видеа, заедно со календарот и планот за исхрана.rnrnСледува видео кое е само дел од еден тренинг. Од него ќе добиете претстава како изгледа ова.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Победете го уморот во 10 чекори

    Победете го уморот во 10 чекори

    Се чувствувате уморно и исцрпено и покрај тоа што сте физички здрави и наспани? Следете ги овие 10 совети и победете ја оваа состојба.rnrnПобедете го уморот во 10 чекориrnrn1. Хранете се здраво, а во секојдневната исхрана вклучете поголемо количество на овошје и зеленчук.rnrn2. Наместо слатки, јадете бадеми, ореви, ф’стаци и сушено овошје.rnrn3. Сусамот, семките од тиква и сончогледот се одличен извор на енергија и добри масни киселини. Шумското овошје, особено боровинките, содржат голем број антиоксиданси, па и тие се многу корисни.rnrn4. Користете витамински и минерални додатоци во исхраната. Недостатокот на квалитетна храна, потребно е да го надополните со суплементи.rnrn5. Во текот на денот пијте 1-2 литри вода. Дехидрацијата е чест предизвикувач на замор и други болести.rnrn6. Кислородот е многу важен за вашата енергија. Дишете длабоко…rnrn7. Легнувајте во кревет пред полноќ.rnrn8. Не користете лаптоп, мобилен телефон или таблет во кревет. Читајте книги.rnrn9. Од спалната соба тргнете ги сите електронски уреди, бидејќи тие му сметаат на доброто спиење.rnrn10. Вежбајте барем 3 пати неделно, по половина час.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најдобрите совети за рамен стомак

    Најдобрите совети за рамен стомак

    Рамниот стомак е желба на секого, особено во летниот период, кога се носи тенка и лесна облека, со која сите недостатоци излегуваат на виделина. За да дојдете до рамен стомак, морате да направите некои промени во начинот на живеење, кои ние ви ги прикажуваме преку неколку одлични совети.rnrnНајдобрите совети за рамен стомакrn

    Опуштете се

    rnСтресот и нервозата го подигнуваат производството на кортизол, хормон кој помага при складирањето на мастите, особено во делот на абдоменот. Практикувајте длабоко дишење. Тоа е вежба која го снижува нивото на стрес, па затоа на секој саат направавте куса пауза и вдишете длабоко барем пет пати. Додека вдишувате одбројте до пет, додека издишувате бројте до десет.rn

    Седнете и јадете

    rnДоколку јадете премалку, телото е програмирано на изгладнување. Затоа сета калорична храна која ќе ја внесете, телото ќе ја складира наместо да ја согори, поради „страв“ дека многу набрзо ќе влезе во фаза на изгладнување.rn

    Правете кардио вежби

    rnМускулите се метаболистички поактивни од мастите, што значи дека што повеќе ги имате, толку побрз ќе ви биде метаболизмот. Том Холанд, тренер по професија, советува неделно да вежбате онолку минути, колку што имате килограми, сметајќи по американските мерни единици. Па така, доколку имате 65 килограми, тоа се 145 фунти (lb), што значи дека треба да вежбате толку минути неделно. Најубаво е овој износ да го распоредите во неколку денови од неделата. За да пресметате колку сте тешки по американскиот систем на мерни единици, можете да искористите некој од онлајн сервисите за конвертирање од една единица во друга.rn

    Јадете интегрални житарки

    rnИстражувањето спроведено од Универзитетите „Пен Стејт“ и „Тафтс“ од САД, откриле дека луѓето кои јадат повеќе интегрални житарки, а помалку рафинирани јаглехидрати имаат помалку маснотии на струкот.rn

    Кога вежбате, опфатете ги сите мускули

    rnТренерот Ганар Петерсон кој работи со Софија Варга и Ким Кардашијан вели дека треба редовно да правите вежби за секој дел од стомакот, па затоа почнете да правите различни видови стомачни вежби.rnrnНајдобрите совети за рамен стомакrn

    Пијте зелен чај

    rnМногу истражувања покажале дека антиоксидансите од зелениот чај го поттикнуваат метаболизмот и одлично делува на подрачјето околу стомакот.rn

    Посегнете по билките

    rnНането, камилицата и ѓумбирот ја намалуваат подуеноста на стомакот, а благовремено делуваат и на целиот дигестивен систем. Доколку не ги сакате овие чаеви, добра алтернатива е ананасот кој содржи бромелин, ензим кој исто така делува на дигестивниот систем.rn

    Намалете со шеќерот

    rnНеколку американски истражувања покажале дека во просек американците дневно внесуваат по 20 коцки шеќер во организмот. Поголемиот дел од нив не ни знаат дека него го внесуваат преку замрзнатите готови вечери, јогуртите, сосовите за салати и слично. Тоа се дополнителни 325 калории дневно, а покрај тоа шеќерот го зголемува производството на инсулин кој го забавува метаболизмот.rn

    Држете се до правилото „десет проценти“

    rnТренерот Холанд советува дека 10% од вежбите кои ги правите треба да ги резервирате за стомачните мускули.rn

    Вечерајте едноставна храна

    rnЗа вечера јадете протеинска храна и зелен зеленчук. Избегнувајте десерти и тешка храна.rnrnНајдобрите совети за рамен стомакrn

    Водете дневник за вашата исхрана

    rnЗапишувајте што јадете и запомнете поради која храна најчесто се дуете, па почнете да ја одбегнувате.rn

    Јадете храна богата со калциум и калиум

    rnТелото може да задржува повеќе вода ако нивото на калиум и калциум во организмот е ниско. За да го одржите нивното ниво, јадете спанаќ, банани, урми, суво грозје, риба, компир, пијте јогурт и слично.rn

    Избегнувајте пржена храна

    rnМаснотијата во пржената храна се вари многу бавно и поради неа често се чувствувате подуено и ви е тешко на стомакот.rn

    Зголемете го интензитетот на вежбање

    rnЗголемете им го интензитетот на вашите вообичаени кардио вежби и ќе трошите многу повеќе калории. Тренерот Петерсон вели дека спринтот во возењето велосипед, трчањето, пливањето или во кој било друг спорт е доволно да трае и само 10, 20 или 30 секунди. Откако малку ќе се одморите можете повторно да забрзате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 едноставни вежби за затегнување на рацете

    3 едноставни вежби за затегнување на рацете

    Овие три вежби бараат труд, но ако сте доволно упорни ќе ви помогнат да се ослободите од оние тврдоглави масни наслаги на горниот дел на рацете.rnrn3 едноставни вежби за затегнување на рацетеrn

    Подигнувања на клупа или на стол

    rn

    rn

    Склекови за трицепс

    rn

    rn

    Седечка трицепс екстензија зад глава

    rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Целосна програма за отстранување на целулитот

    Целосна програма за отстранување на целулитот

    Целулитот е сосема нормална работа. Го имаат дури и најслабите манекенки и славни девојки. Иако експертите тврдат дека е невозможно целосно да се ослободите од целулитот, сепак се сложуваат дека со правилен микс од исхрана, вежбање, масажи и креми може да се сведе до минимум.rnrnЦелосна програма за отстранување на целулитотrn

    1. Масажа, дренажа и пилинг

    rnМасажите се важен дел од овој процес. Масирајте ги деловите од телото каде што имате целулит со кружни движења, почнувајќи од долу па нагоре. Исто така, барем еднаш неделно правете антицелулитен пилинг, кој можете да го приготвите од мелено кафе, малку шеќер и лажичка маслиново масло. Можете да пробате и неколку различни рецепти.rnrnВажна напомена: Доколку имате осетливи капилари, избегнувајте антицелулитни третмани во козметички салони. Поради силниот притисок капиларите пукаат, што визуелно е многу полошо од целулитот.rn

    2. Исхрана

    rnКога станува збор за исхраната, тука нема некоја филозофија. Мрсната храна, благото и калоричните закуски му одат во прилог на целулитот, додека водата, овошјето и зеленчукот го забрзуваат вашиот метаболизам и помагаат во согорувањето и намалувањето на масните наслаги. Исто така избегнувајте ја и солта, која придонесува за создавање на целулитот.rn

    3. Течности

    rnЗголемете го внесувањето на течности. Пијте што е можно повеќе вода и по можност во неа исцедете лимон или портокал, а познато е дека зелениот и жолтиот чај помагаат за намалување на целулитот.rnrnЦелосна програма за отстранување на целулитотrn

    4. Креми

    rnИако многумина тврдат дека кремите против целулит се најобична измислица, постојат научни докази дека тие навистина делуваат. Нормално, доколку јадете мрсна храна, не се движите и не пиете течности, нема ниту кремата да ви помогне да го намалите целулитот, но доколку ги ставите и нив во оваа антицелулитна комбинација, можете да очекувате резултати. Сепак, немојте да ги слушате само рекламите, туку разгледајте ги и формулите и прочитајте што велат другите девојки од сопствено искуство. Неретко најефикасни се оние со пристапни цени.rn

    5. Вежби

    rnЗа отстранување на целулитот од задникот и бутовите, морате многу да вежбате. Одличен избор е кардио тренинг, неколку пати неделно, бидејќи преку потењето ќе ги исфрлате штетните материи. Покрај тоа, секој втор ден правете ги и овие вежби:rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најтешките женски потези во сала за вежбање

    Најтешките женски потези во сала за вежбање

    Она што ќе го видите на ова видео ќе направи да се пролигавите со отворена уста, без разлика дали гледате од машка или од женска перспектива. Најтешките женски потези во сала за вежбањеОона Кивела, која изведува артистички точки на шипка, а се занимава со гимнастика од својата 9-та година, ги совладала сите справи во салата за вежбање и ни ги презентира најтешките, хардкор вежби, кои бараат голема еластичност и цврсти мускули. Би пробале да направите нешто од ова?rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.