КАФЕ ПАУЗА

Tag: вежби

  • Секс-вежби за затегнато тело, добра кондиција и подобар сексуален живот

    Секс-вежби за затегнато тело, добра кондиција и подобар сексуален живот

    Секс-вежбите се серија специјално дизајнирани вежби со цел да го подобрат вашиот сексуален живот. Тие се креирани од група сексолози и тренери во комбинација со елементи од професионално порно. Гледајте го видеото за да се загреете и задолжително зачленете се на Јутјуб-каналот Sexercises за да следите кога ќе излезат останатите часови по секс-вежбање.rnrn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Овие животни ќе ве научат да вежбате јога

    Овие животни ќе ве научат да вежбате јога

    Јогата веќе долго време е една од најдобрите и најздравите активности за човекот. Но, како што поминува времето изгледа дека таа сѐ повеќе почнува да се практикува и надвор од кругот на луѓето. Погледнете ја оваа неодолива колекција на животни кои изгледаат како да вежбаат јога. Тие се толку добри што дури можете и да учите од нив. И ако ништо друго, сигурни сме дека ќе ве мотивираат и вие да започнете со овој вид физичка активност.rnrn1-ovie-zhivotni-kje-ve-nauchat-da-vezhbate-joga-kafepauza.mkrnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете вашиот мозок да работи 200 на час

    Направете вашиот мозок да работи 200 на час

    Автор: Ана ПетровиќrnrnПрогресивното губење на интелектуалните способности во медицината е познато како деменција. Најмоќниот процесор на светот, мозокот користи само 20% кислород, а произведува доволно енергија да го контролира целиот организам. За неговата моќ зборува и фактот што може да напои светилка од 20 вати.rnrnТоа е во најмала рака, најневеројатниот дел од човековото тело, а за да би функционирал беспрекорно мора да се посветите на менталната нега преку храната и вежбите.rnrnnapravete-vashiot-mozok-da-raboti-200-na-chas-kafepauza.mkrn

    Топло чоколадо – одлично за мозокот

    rnИстражувачи од Харвард утврдиле дека чоколадото е одлична храна за мозокот и дека две шолји вкусна чоколадна напивка можат да ја подобрат неговата работа.rnrnИспитувањето е извршено на 60 лица, на старост од 73 години, кои секојдневно биле послужувани со две шолји топло чоколадо. По 30 дена резултатите биле зачудувачки позитивни.rn

    Користете рибино масло во исхраната

    rnМногу од нас го избегнуваат рибиното масло, што е голема грешка. Воопшто не е мит дека рибата е добра за организмот, како здрава намирница која треба почесто да се конзумира. Рибата посебно се препорачува на дијабетичари, кои треба да конзумираат најмалку две порции масна риба неделно.rn

    Научете да жонглирате

    rnОсвен храната, која е главна превентива за појава на деменција, постојат и ментални вежби кои можете да ги практикувате во борба против губењето на менталните способности.rnrnЕдно од позабавните хобија кое може да ви помогнете да се концентрирате подобро и да обрнувате повеќе внимание на деталите е жонглирањето. Оваа вежба бара извонредна координација на рацете и очите, при што мозокот работи забрзано. По три месеци ќе видите напредок.rn

    Спијте повеќе!

    rnМозокот обожува одмор, бидејќи на тој начин црпи енергија за нови информации. Од витално значење се 6 до 8 саати сон. За време на спиењето, мозокот не се исклучува целосно, само се наоѓа во фаза на мирување која целосно му годи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 навики кои ќе ви го променат животот на подобро

    15 навики кои ќе ви го променат животот на подобро

    Некогаш ни е потребно навистина малку труд и време за значајни промени, но неверојатно е колку тоа малку ни недостига. Ова се 15 неверојатни навики кои загарантирано ќе ви помогнат да живеете поздрав начин на живот.rnrn15 навики кои ќе ви го променат животот на подоброrn

    1. Јадете домашно зготвена храна

    rnНаместо да одите во ресторан, одлучете да ја посетите вашата баба или мајка. Јадењето по ресторани е еден од најнездравите начини на исхрана. Секогаш кога сте во можност, јадете домашно зготвена храна.rn

    2. Денот започнете го со вкусно смуди

    rnСоздадете навика денот да го започнувате со здрав и свеж напиток. Може да си создадете и ваш рецепт, само одберете ја вашата омилена комбинација на овоше или зеленчук.rn

    3. Секогаш со себе носете вода

    rnВодата му помага на телото да се ослободи од токсините и спречува дехидрација. Навикнете се каде и да одите, секогаш да си понесете шише вода.rn

    4. Не прескокнувајте оброци

    rn15 навики кои ќе ви го променат животот на подоброrn

    5. Трудете се да бидете што е можно поактивни

    rnБез оглед на околностите, трудете се да бидете што поактивни. Пешачете наместо да одите со автомобил, одвојте макар пола саат за џогирање, кревање тегови, правење склекови, стомачни и сл. Доколку немате мотивација, најдете пријател кој ќе ве поттикне да вежбате заедно и да не ги прескокнувате вежбите.rn

    6. На работа, факултет или училиште понесете овошје

    rnГрицките за време на паузите заменете ги со вашето омилено овошје.rn

    7. Планирајте го времето

    rnПланирањето на дневните активности, не само што ви помага да бидете попродуктивни и организирани, туку придонесува за поздрав начин на живот и помалку стрес.rn

    8. Најпрво завршувајте ги големите обврски

    rn15 навики кои ќе ви го променат животот на подоброrn

    9. Имајте време резервирано за опуштање

    rnИзберете дел од денот кој ќе биде само ваш и одберете што сакате да правите. Не враќајте на повици, оддалечете се од социјалните мрежи, оставете ги грижите на работа.rn

    10. Грижете се за личната хигиена

    rnХигиената е секогаш на прво место на листата на секој здрав човек. Помисливте да си легнете без да ја избришете шминката или без да ги измиете забите? Размислете, потребни ви се само неколку минути.rn

    11. Станувајте 10 минути порано наутро

    rn15 навики кои ќе ви го променат животот на подоброrn

    12. Најдете начин да ја јадете храната побавно

    rnБрзото голтање на храната не се препорачува и е навистина лоша навика. Најдете начин да јадете побавно. Можеби кинеските стапчиња за храна би ви помогнале во тоа.rn

    13. Секогаш кога сте во можност, збогатете ја храната со витамини

    rnДоколку правите омлет, фрлете и малку спанаќ, или додајте во ручекот шака јаткасти плодови. Ставете помалку сол од вообичаено, а сончогледовото масло заменете го со маслиново. Само неколку мали измени во исхраната, прават многу.rn

    14. Издвојувајте време за читање

    rnИздвојте малку време и прочитајте нешто позитивно, нешто што ќе ве мотивира, расположи и опушти.rn

    15. Редовно одржувајте контакт со пријателите и роднините

    rn15 навики кои ќе ви го променат животот на подобро

  • 3 вежби против болки во кичмата

    3 вежби против болки во кичмата

    Речиси и да нема некој што не почувствувал болка во кичмата во одреден период. Тој дел од телото честопати се запоставува при вежбањето, па затоа останува послаб. Овие неколку вежби се за почетници, нема премногу да ви го зајакнат долниот дел од грбот, но можат да спречат појава на болки поради неактивност.rn

    Кобра

    rnОваа вежба за почетници можете да ја изведете така што ќе легнете на стомак, а потоа ќе се исправите на рацете и ќе ги истегнете стомакот и грбот. Обидете се да го оддалечите горниот дел од телото колку што можете понагоре, додека нозете целосно остануваат на подот.rnrn3 вежби против болки во кичматаrn

    Штица

    rnОткако ќе го доведете телото во позиција за изведување склекови, горниот дел од телото потпрете го на лактите и останете мирно во позицијата како на сликата, без да мрдате. Многу е важно ’рбетот да ви биде целосно исправен.rnrn3 вежби против болки во кичматаrn

    Мачкино истегнување

    rnПотпрете го телото на рацете и колената, при што ’рбетот ќе ви биде исправен. Потоа вовлечете ги стомачните мускули така што ќе го искривите грбот без да ги мрдате колената и рацете.rnrn3 вежби против болки во кичмата

  • Зацврстете го вашето тело со 2-минутни вежби на ден

    Зацврстете го вашето тело со 2-минутни вежби на ден

    Според експертот за фитнес, Холи Рилинџер, наредниве неколку вежби можат да ви помогнат доколку сте премногу зафатени за вежбање, а имате желба брзо да се вратите во форма. За добро да го зацврстите вашето тело ќе ви бидат потребни само 2 минути на ден. Подготвени сте?rnrnЗацврстете го вашето тело со 2-минутни вежби на денrnrn

    1. Удар лево, удар десно

    rnЗастанете така што вашите стапала ќе бидат оддалечени малку пошироко од ширината на вашите рамена, прстите на нозете свртете ги за 45 степени нанадвор и подвиткајте ги колената така што бедрата ќе ви дојдат паралелни со подот. Направете „тупаници“ со дланките и поставете ги на висина на вашата брада, притоа држејќи ги лактите до вашето тело. Притискајте низ петите за да можете подобро да ги активирате мускулите на вашиот задник. Одржувајте ја оваа позиција додека удирате со десната рака преку вашето тело кон лево, истовремено вртејќи го торзото и главата во таа насока. Повторете го истото со левата рака кон десно. Продолжете со ударите во секоја насока околу 30 секунди без паузи, движејќи се најбрзо што можете.rnrnЗацврстете го вашето тело со 2-минутни вежби на денrnrn

    2. Брзи замавнувања

    rnrnЛегнете на стомак, а потоа подигнете се така што ќе ги поставите вашите дланки под рамената. Држете ги рацете целосно исправени и одржувајте рамнотежа со прстите на вашите стапала. Скокнете со десната нога нанапред, така што ќе ја спуштите веднаш покрај вашата десна рака. Паузирајте една секунда, а потоа во скок вратете го вашето десно стапало назад. Направете уште една кратка пауза, а потоа повторете ја истата постапка со левата нога. Продолжете со скоковите околу 30 секунди, правејќи ги најбрзо што можете.rnrnЗацврстете го вашето тело со 2-минутни вежби на денrnrn

    3. Рамни потскокнувања

    rnrnПовторно легнете на стомак и исправете се така што ќе се држите на лактите и прстите од нозете. Употребете го горниот дел од телото за сила, скокајќи со двете нозе неколку сантиметри кон лево и веднаш потоа кон десно. Продолжете со скоковите околу 30 секунди, движејќи се најбрзо што можете. Фокусирате се да го одржувате задникот надоле додека скокате.rnrnЗацврстете го вашето тело со 2-минутни вежби на денrnrn

    4. Победнички скокови

    rnrnЗастанете така што вашите стапала ќе бидат оддалечени малку пошироко од ширината на вашите рамена, а прстите на нозете нека ви бидат насочени кон напред. Подвиткајте ги колената сè додека вашите бедра не ви дојдат паралелно со подот и потоа исправете ги рацете зад вас под агол од 45 степени. Притискајќи ги петите, обидете се да скокнете кон напред колку што е можно подалеку додека истовремено ги повлекувате исправените раце нанапред и кревајќи ги над вашата глава во форма на буквата „V“. Потоа вратете се во основната позиција и повторно скокнете. Повторувајте ги скоковите околу 30 секунди, најбрзо што можете.rnrnЗацврстете го вашето тело со 2-минутни вежби на ден
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вежби кои прават чуда: обликувајте го телото за 6 минути

    Вежби кои прават чуда: обликувајте го телото за 6 минути

    Доколку спаѓате во оние кои секогаш имаат некаков изговор да не одат на тренинг, ова е вистинското решение за вас. Овие тренери од фитнес-центарот „Upwawe“ смислиле вежби во времетраење од само 6 минути, кои ќе направат чуда за вашата фигура. Тие се основни вежби за подобрување на кондицијата и снагата, за кои вашето тело ќе ви биде благодарно.rnrnrnrnАко веќе сметате дека немате по еден час време дневно за фитнес, сигурно имате барем 6 минути за да си ги посветите за себе, односно за рекреација и опуштање. Вежбите се смислени така да не заземаат ни премногу простор за нивната изведба, така што ви е потребно само малку добра волја.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се ослободите од целулитот еднаш засекогаш?

    Како да се ослободите од целулитот еднаш засекогаш?

    Целулитот е многу непосакувана појава со која се соочуваат скоро сите девојки и жени во денешно време. Ако ги прашате овие жени што всушност претставува целулитот, ќе добиете одговор дека се работи за масни џебови заробени под кожата, влакна кои растат навнатре и разни други чудни одговори. Повеќето луѓе не знаат што претставува целулитот и од што е предизвикан. Всушност не постои такво нешто како целулит. Па како тогаш да се ослободиме од нешто што не постои?rnrnКако да се ослободите од целулитот еднаш засекогаш?rnrnЗборот целулит е паметно смислен пред неколку декади од страна на европски салон за убавина за да се опишат дупчињата, нерамните испакнатини и сенките кои се појавуваат на кожата во долниот дел од женското тело, најчесто на проблематичните места како бутовите, колковите, задникот и нозете.rnrnСалоните за убавина направија голем профит рекламирајќи ги разните третмани за отстранување на целулитот, но ако веќе сте се обиделе со овие начини, знаете дека пасивното уживање на кревет додека машините „се борат“ со вашиот целулит всушност нема ефект. Еве што треба да знаете и правите за да постигнете резултати.rn

    1. Не можете да се ослободите од целулитот протривајќи гелови, лосиони или други необични креми на проблематичните зони

    rnЗатоа, престанете да ги користите. Некои од нив дури можат да ви ја влошат состојбата. Каква е и да изберете, колку и да е скапа, антицелулитната крема не може да ви помогне бидејќи проблемот со целулитот е под кожата, а не на неа, така што единствен начин да се ослободите од него е да ги вратите во првобитната состојба атрофираните мускулни влакна директно под вашите зони зафатени со она што денес е познато како целулит.rnrnКако да се ослободите од целулитот еднаш засекогаш?rn

    2. Ризичните и скапи третмани можат да ја намалат само вашата банкарска сметка, а не и вашиот целулит

    rnДополнително, многу жени се жалат од страшните методи, како и од реални повреди.rnРазните козметички услуги од ендермологија до боди врапинг се тотално неефективни кога станува збор за третирање на целулитот. Сè ова е само маркетинг за услуги кои не можат да си ги оправдаат ефектите.rn

    3. Целулитот не се наследува генетски и не е невозможно да се отстрани штом еднаш го добиете

    rnЗатоа, не верувајте на овие чаршиски муабети ни за секунда. Алармантно е и што многу доктори веруваат во овие два мита и поттикнуваат ширење на овие измислици.rnrnТочно дека може да се случи мајка и ќерка да имаат исти симптоми на кожата кои укажуваат на „присуство на целулит“, но тоа само значи дека и двете не нашле начин да ги подигнат, тонираат и зацврстат мускулните слоеви под нивната опуштена кожа.rn

    4. Можете да се ослободите од целулитот, без разлика на вашата возраст или моментот кога сте почнале да го забележувате

    rnБидејќи целулитот е структурален проблем во мускулите, може да се поправи со едноставни и специјални движења на телото кои ги таргетираат местата зафатени со него.rnrnОвие движења може да ги изведува секоја жена, без разлика на нејзината возраст или нејзината фитнес-состојба. Не е ниту важно дали целулитот настанал во тинејџерските години или се појавил по бременоста или по менопаузата. Тоа и понатаму е структурален проблем кој резултира од омекнати и нетонирани мускули под олабавената, нерамна кожа.rnrnКако да се ослободите од целулитот еднаш засекогаш?rnrn

    5. Единствениот докажан начин за перманентно ослободување од целулитот е преку серија едноставни, но специјално дизајнирани вежби наменети за долниот дел од телото

    rnОвие вежби се фокусираат на подигнување, обликување и тонирање на мускулните слоеви така што тие нежно се прилепуваат кон површината на кожата, за да се врати мазниот, затегнат секси изглед, додека истовремено се согорува вишокот сало доколку го има. Овој бонус кој го добивате со согорување на вишокот масти е одличен бидејќи овозможува откривање на одличната фигура на телото и е одличен за вашиот здравствен профил.rnrnВежбите можете да ги вежбате дома, без потреба од специјална дополнителна опрема. Треба само да почнете и да бидете упорни. Ви нудиме една кратка и една подолга програма, но можете да продолжите со истражување и да изберете одреден сет вежби кои вам ќе ви одговараат и кои редовно ќе ги практикувате, но нивната цел мора да биде борба со целулитот. И покрај верувањето на многу жени, постои огромна разлика помеѓу вообичаените вежби за слабеење и вежбите кои се наменети за отстранување на целулитот.rnrnПуштете ги видеата и почнете уште денес. За две недели веќе ќе почнете да ги чувствувате резултатите, а за 3-4 недели, тие ќе бидат и добро видливи.rnrnrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вежбите со кои Адријана Лима се врати во форма по бременоста

    Вежбите со кои Адријана Лима се врати во форма по бременоста

    Преубавиот ангел на „Victoria’s Secret“, Адријана Лима, ја воодушеви јавноста кога по само 8 недели од нејзиното пораѓање се појави повторно на пистата.rnrnВежбите со кои Адријана Лима се врати во форма по бременостаrnrnКога се појави во долна облека на пистата, целата јавност остана шокирана, а тогаш таа изјави дека резултатите ги постигнала благодарение на редовно вежбање. Сепак, дури сега таа на јавноста ѝ го покажа тренингот кој секојдневно го правела по пораѓањето. rn
    rn

    „Со две мали девојчиња, навистина немам доволно време за теретана, а скокањето со јаже е нешто што можете да го правите по дома. Секој ден вежбам, додека тие две спијат“ – изјави Адријана за магазинот „Self“.

    rnrnПогледнете како изгледа еден нејзин тренинг.rnrnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 вежби за жешко тело

    7 вежби за жешко тело

    Сакате да се вратите во форма, но немате доволно време и трпение за вежбање во теретана? Погледнете ги наредниве 7 вежби со кои брзо и едноставно ќе го добиете телото коешто отсекогаш сте го посакувале.rnrn7 вежби за жешко телоrn

    1. Клекнувања „пехар“

    rnЦел: Сите мускули на вашите нозеrnrnНачин на вежбање: За оваа вежба ќе ви биде потребен тег од 7 килограми или повеќе. Застанете со вашите нозе така што ќе бидат малку пооддалечени помеѓу себе од растојанието помеѓу вашите рамена. Земете го тегот во раце и допрете го до вашите гради. Потоа полека започнете да клекнувате сè додека со лактите не ги допрете вашите бутови. Додека се спуштате бидете внимателни вашите колена да не се навалат навнатре. Откако ќе го направите тоа, полека вратете се во почетната позиција.rnrn7 вежби за жешко телоrnrnПравете ја оваа вежба по 3 пати, со по 12-15 повторувања.rn

    2. Кружни движења на топка

    rnЦел: Вашето торзоrnrnНачин на вежбање: Потпирајќи се со вашите лакти на топка, испружете го вашето тело колку што можете повеќе. Потоа, додека гледате во вашите раце, полека движете ја топката во три круга налево, па во три круга надесно. Оваа вежба ви овозможува затегнување на различни делови од вашите стомачни мускули.rnrn7 вежби за жешко телоrnrnПовторете ја оваа вежба три пати за најдобар резултат.rn

    3. Романски „смртоносни“ подигнувања

    rnЦел: Внатрешниот дел на бутовите и задникот.rnrnНачин на вежбање: Застанете така што вашите нозе нема да бидат пооддалечени од вашите колкови, колената нека ви бидат опуштени и малку свиткани и допрете ги теговите од 5 килограми на вашите бутови. Потоа, држејќи ги теговите цврсто на вашите бутови, почнете со исправен грб да се спуштате надолу кај колковите (не виткајте ги колената), притоа дозволувајќи им на теговите полека да се лизгаат по вашите нозе. Не престанувајте сè додека не почувствувате затегнување под колената. Додека ја правите оваа вежба, пробајте да ја одржувате главата во иста линија со вашиот ‘рбет. Откако ќе завршите со спуштањето, почнете полека со помош на вашите пети да се подигнувате нагоре. Обидете се на подигнувањата да ги одржувате мускулите на вашиот задник затегнати.rnrn7 вежби за жешко телоrnrnПравете ја оваа вежба три пати, со по 12 повторувања.rn

    4. Вежби за надворешниот дел на нозете на степер

    rnЦел: Надворешните мускули на бутовитеrnrnНачин на вежбање: За оваа вежба потребен ви е степер, поцврста кутија или пак, скалите во вашиот дом и тегови од по 5 килограми за отпор. Застанете исправено, со теговите во вашите раце и потоа вкрстете ја вашата лева нога пред десната, подигнувајќи се на степерот. Откако со двете нозе ќе се качите на степерот, повторно тргнувајќи со левата нога вратете се во вашата почетна позиција.rnrn7 вежби за жешко телоrnrnПовторете ја оваа вежба од 12 до 15 пати, по три пати од секоја страна (наизменично менувајќи ги страните).rn

    5. Вежба со тегови за вашите раце

    rnЦел: Бицепси и рамена.rnrnНачин на вежбање: Застанете стабилно, со малку подраширени нозе (не повеќе од вашите колкови) и опуштени колена. Земете тегови од 5 килограми и спуштете ги рацете покрај вашето тело. Потоа свиткајте ги рацете до висината на рамената така што дланките цело време ќе ви бидат свртени едни кон други и подигнете ги теговите над вашата глава. Не заборавајте, како што ќе притискате со рацете нагоре, обидувајте се да ги одржувате во линија со рамената. Потоа, како што полека ќе ги спуштате рацете надолу, сè уште држејќи ги вашите дланки насочени една кон друга, потрудете се вашите лакти да се движат во линија на страничниот дел од вашите ребра.rnrn7 вежби за жешко телоrnrnЗа најдобар ефект, правете ја оваа вежба по 3 пати, со 15 повторувања.rn

    6. Вежби за внатрешниот дел на нозете на степер

    rnЦел: Внатрешните мускули на бутовитеrnrnНачин на вежбање: Повторно ви е потребен степер, цврста кутија или скалите во вашиот дом и тегови од по 5 килограми. Но, овој пат откако ќе застанете до степерот, со теговите во вашите раце, наместо да започнете со левата нога, започнете го подигнувањето со вашата десна нога. Потоа во едно брзо движење, застанете на степерот со двете нозе и полека спуштете се во стартната позиција спуштајќи ја прво левата нога.rnrn7 вежби за жешко телоrnrnПравете ја оваа вежба 3 пати на секоја страна, со по 12-15 повторувања (наизменично менувајќи ги страните).rn

    7. Подигнувања на една нога

    rnЦел: Листовите на вашите нозеrnrnНачин на вежбање: Застанете на работ на степер или пак, на скала во вашиот дом и потоа едната нога вкрстете ја зад другата. Почнете да ја спуштате петата надолу сè додека не почувствувате затегнување во листот на ногата и потоа почнете да се подигнувате сè додека не почувствувате згрчување во листот.rnrn7 вежби за жешко телоrnrnПовторете ја оваа вежба од 12 до 15 пати на секоја нога.rnrnПравете ги вежбите по овој редослед бидејќи на тој начин ќе имате најголема придобивка без да имате потреба да се одмарате помеѓу секоја вежба. Правете го овој циклус по три пати, секој понеделник, среда и петок. На мускулите им е потребно и време за опуштање, па затоа е подобро да не ги правите 2 дена едноподруго.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.