Карибите се регион во Средна Америка кој изобилува со околу 7.000 убави острови и уште поубавото Карипско Море. Името Кариби потекнува од етничка група Кариби, најголемата група на американски староседелци во регионот. Ние ќе ви прикажеме неколку од многуте прекрасни Карипски острови кои се восхитувачки летни дестинации.rn
Аруба
rn
rnrnОва е остров кој се наоѓа во близина на венецуелскиот брег и припаѓа на Холандското Kралство. Познат е по големиот број казина, па затоа и се нарекува „карипскиот Лас Вегас“. Иако е Холандски остров, поголемиот број казина, ресторани, локални барови примаат американски долари.rnrn
rn
Бонер
rn
rnrnОва мало островче е лоцирано во јужниот дел на карипскиот регион и како островот Аруба, и тој е дел од Кралството Холандија. За разлика од Аруба каде што повеќето денови од годината се доста сушни и сончеви, Бонер се наоѓа во ураганскиот појас, па затоа и климата е повлажна. Тој е позната дестинација за нуркање бидејќи изобилува со богат воден животински и растителен свет. Поради постојаните воздушни маси овој остров нуди и можност за едрење.rnrn
rn
Бахами
rn
rnrnБахамите се група на 29 острови, 661 мал песочен остров и околу 2.000 мали карпести островчиња. Бахамските острови се наоѓаат во Северниот дел на Карипското Море. Тука владее тропска клима, но температурата на водата е незначително пониска во однос на другите острови (2-3 степени) поради течението на Голфската струја. Најдобро време за посета на Бахамите е од јуни до септември, па затоа спакувајте го млекото за сончање и право на Бахами. :)rnrn
rn
Пунта Кана, Доминиканска Република
rn
rnrnПрекрасните плажи на Пунта Кана се местото каде Карибите се спојуваат со Атлантикот. Тоа е најпопуларно туристичко место уште од 1970-те години и тука се наоѓа најголемиот спа-резорт кој нуди можност за прекрасно летно уживање проследено со интересната локална традиција.rnrn
rn
Курасао
rn
rnrnМожеби прво нешто што ќе ви падне на ум кога ќе се спомне Курасао е сино обоениот ликер, но сепак се работи за симпатичен остров на југот на Карибите. Покрај неговиот извонреден воден свет, островот е обиколен со корален гребен кој нуди неповторливо нуркачко искуство.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.




Italdesign Up! Azzurra Sailing Team е мал еколошки автомобил без врати и без покрив, кој е совршен за некој што живее покрај море, каде што времето е топло, а има и ветрови. Дозволува патниците да уживаат во летното возење чувствувајќи го ветрот во косата, давајќи им чувство дека се возат на брод. Во тоа секако придонесува и неговата внатрешност, составена од луксузни материјали кои потсетуваат на јахта со тоа што не пропуштаат вода. Седиштата се изработени од кожа во бела и сина боја, контролната табла е од махагон, наместо врати од страните има по една јаворова препрека за безбедност, а сите дрвени површини се покриени со слој од синтетичка смола.










rnrn
rnrnЛуксузниот комплекс е изолиран од останатиот дел од островот и е одлично место за романтично бегство од секојдневието. Сите посетители кој доаѓаат тука, сфаќаат колку е лесно да се заборави на сите грижи и да се ужива во животот.rnrn
rnrnОвде може да се ужива во тиркизната вода, да се пешачи по долгите песочни плажи, да се ужива во неверојатниот поглед и да се дегустира вкусна храна. За забава можете да нуркате, да сурфате на ветер, да пловите со брод или да играте голф.rnrn







rnrn rnrn
rnrnНикој не е точно сигурен како овие свињи завршиле токму на овој остров на сред море, но локалното население мисли дека тие биле тука оставени од морепловци кои проаѓале во областа, кои можеби ги имале понесено со себе за да ги изедат. Како и да е, морепловците никогаш не си ги земале назад овие свињи-среќници, па така наместо да завршат во нечија чинија како оброк, тие си го пронашле својот нов дом.rnrn
rnrnПронаоѓањето храна за преживување никогаш не претставувало проблем за овие среќни свинњчиња. Со текот на годините локалните пловци на јахти и бродови, оставале остатоци од храна и грицки на плажата, за да можат свињите да се најадат. Паметните животинки исто така дошле до заклучок дека морепловците редовно го исфрлаат вишокот храна во морето.rnrn
rnrnДенес ова плажа претставува популарно туристичко место , па туристите без разлика дали го понеле со нив нивниот костим за капење или не, тие секогаш се сеќаваат да донесат храна за свињите. Гладните свињи лакомо се нуркаат во брановите секојпат кога ќе забележат јахта и пливаат стотина метри, сѐ со цел да добијат бесплатен оброк.rnrn
rnrnСвињчињата се толку успешни и борбени за својот опстанок, што денес тие совршено си го живеат животот на тропски остров и имаат фамилии од по 8 дечиња. Нивниот живот се состои само од јадење, спиење и пливање. Човек да посака да стане свиња, само за да го искуси овој рајски живот!rnrn

rnrn rnrn














rn
rn
rnrnНе постои универзална формула која може да ни помогне да бидеме среќни. Но, неколку мали совети за средувањето на некои животни аспекти секогаш се добредојдени.rnrn
rnrn
Дивата прослава на фестивалот трае два дена во кои во воздухот интензивно се чувствува младешкиот дух. Се пали голем логорски оган, се слуша музика во живо, а кулминацијата се достигнува на секои два часа кога посетителите фрлаат боја во прав, предизвикувајќи огромна експлозија од бои. За да се постигнат возбудата, радоста и забавата на фестивалот, организаторите секоја година набавуваат дури 120.000 вреќички со боја во прав.rn
Денешна Прага нуди многубројни кафе барови, каде освен добро кафе можете да пробате и вкусен десерт. По долгите прошетки низ магичните прашки улици, направете кафе пауза во едни од најпознатите кафе барови во Европа.rnrn
rn
rn
rn
rnrn