КАФЕ ПАУЗА

Tag: уживање

  • Во што најмногу уживаат бебињата додека се во матката?

    Во што најмногу уживаат бебињата додека се во матката?

    Врската помеѓу мајката и нејзиното дете се формира многу порано отколку што мислите. Според едно истражување, фетусот може да ја почувствува психолошката состојба на мајката. Неродените бебиња добиваат сигнали преку телото на мајката, па нивна задача е да им испраќаат позитивни. Погледнете што најмногу ги радува бебињата додека се во матката.rn

    1. Слатка храна

    rnВо што најмногу уживаат бебињата додека се во матката?rnrnБебињата почнуваат да разликуваат вкусови во 13-15 недела од бременоста. Амниотичната течност има вкус како храната што ја консумира мајката, а бебето ја голта и се навикнува на разни вкусови. Вкусот за храна се одредува уште во матката. Па ако сакате вашето дете да ужива во здрава храна, консумирајте ја почесто во текот на бременоста. Покрај тоа бебињата навистина уживаат во слатка храна бидејќи ги подготвува за мајчиното млеко.rn

    2. Топла купка

    rnВо што најмногу уживаат бебињата додека се во матката?rnrnКога бебињата се доволно големи за да притискаат на кожата на мајката, можат да почувствуваат промени во температурата. Поради ова жешката купка може да им наштети. Топлата купка од друга страна ги смирува. Звукот на водата исто така помага за здравјето на бебето.rn

    3. Чешкање на стомакот

    rnВо што најмногу уживаат бебињата додека се во матката?rnrnРецепторите за допир кај бебињата се развиваат во 8-мата недела од бременоста, а до 20-та недела бебињата се доволно големи за да го почувствуваат допирот однадвор. За време на овој период, тие уживаат во нежното галење и чешкање на стомакот. Ова е одличен начин идните татковци да се поврзат со нероденото бебе.rn

    4. Слушање на гласот на мајката

    rnВо што најмногу уживаат бебињата додека се во матката?rnrnДо 25-та или 26-та недела бебињата почнуваат да реагираат на звуците што доаѓаат однадвор. Бидејќи гласот на мајката е звук што најчисто го слушаат, бебињата учат да го препознаваат. Гласот на мајката ги утешува и ги смирува и им сигнализира дека сè е во ред. Ефективен начин да се поврзете со вашето бебе и да го навикнете на вашиот глас е да му зборувате. Исто така пријатни за слушање се и гласовите на роднините, особено на таткото.rn

    5. Слушање музика

    rnВо што најмногу уживаат бебињата додека се во матката?rnrnПренаталната музика има многу предности. Кај мајката го поттикнува производството на серотонин и ендорфин кои се пренесуваат и кај бебето. Кај бебето, музиката ги стимулира сетилата и го поттикнува развојот на мозокот. Сепак пуштајте тивка музика, бидејќи бебето може да ја слушне. Исто така можете да посетувате и концерти со класична музика и да го изложувате детето на разни звуци.rn

    6. Редовно вежбање

    rnВо што најмногу уживаат бебињата додека се во матката?rnrnКлучното нешто за одбирање на правилните вежби во текот на бременоста е тоа да бидат безбедни и одобрени од лекар. Кардио вежбите се најдобри за овој период. Срцето на бебето ќе биде многу посилно ако мајката редовно вежба.rn

    7. Време за одмор

    rnВо што најмногу уживаат бебињата додека се во матката?rnrnОдморот на мајката е период за забава на детето бидејќи не му пречат разните активности и движења на мајката. Во овие моменти бебињата пробуваат разни нови движења. Овие перформанси не траат долго, па и вие ќе можете да се одморите. Кон крајот на бременоста бебето ќе прави пауза со спиење на секои 70-90 минути, па движењето ќе има некаква шема.rn

    8. Смеата на мајката

    rnВо што најмногу уживаат бебињата додека се во матката?rnrnФетусите почнуваат да „скокаат“ кога нивната мајка се смее. Поради ова мајката се смее уште погласно, а бебето продолжува да скока. Причината се контракциите на мускулите. Хормоните за среќа кои се ослободуваат кога мајката е среќна имаат директно влијание на бебето. Па, обидете се да создадете што е можно повеќе позитивни моменти.rnrnДознајте и кои се стравовите кои сите трудници треба да ги заборават.

  • Сите го обожуваат: Овој хороскопски знак најдобро знае како да им угоди на другите!

    Сите го обожуваат: Овој хороскопски знак најдобро знае како да им угоди на другите!

    Овој хороскопски знак го интересираат само конкретните нешта. Повеќе го интересира што се подготвува за вечера отколку филозофските разговори. Тој ужива во сензуалните нешта во животот што ги дразнат сетилата, како што се добриот оброк, вкусниот пијалак и релаксирачката масажа. Познат е по неговата тврдоглавост, но ако сакате да го наговорите на нешто, понудете му ги неговите омилени работи.rnrnСите го обожуваат: Овој хороскопски знак најдобро знае како да им угоди на другите!rnrnСтанува збор за Бикот! Припадниците на овој хороскопски знак толку пријатно се сместени во нивната удобна зона што никогаш не би ја напуштиле. Нивната главна мотивација е стабилноста и затоа никогаш не преземаат ризици. Тоа може да ги изнервира нивните блиски кои знаат дека Биковите можат да постигнат многу повеќе.rnrnБиковите не сакаат кога луѓето им даваат совети, а ако случајно побараат ваше мислење за некој нивен проблем, нема да разговараат премногу за него. Можеби се прашувате зошто некој би сакал да има толку тврдоглава личност во својот живот. Станува збор за лојалноста. Биковите секогаш ќе бидат тука за вас. Тие можеби нема да ви купуваат луксузни подароци, да ве носат на возбудливи патувања и на интересни љубовни состаноци, но секогаш ќе бидат тука за вас кога навистина ќе ви требаат.rnrnТие секогаш ќе имаат посебна мека фотелја за вас кога ќе ви треба место за да се скриете од брзиот живот и да најдете малку мир. Биковите ќе имаат и секакви грицки за вас, затоа што сакаат да се чувствувате посебно. Никогаш нема да гладувате со Биковите, бидејќи тие никогаш не би го дозволиле тоа.rnrnНа Биковите многу им се важни парите. Лесно доаѓаат до нив и не ги губат. Тие се подарежливи со нивното време отколку со нивниот паричник, но ако ви треба заем за да поправите нешто во домот, Биковите се вистинските луѓе на кои можете да им се обратите.rnrnТие ќе очекуваат да им ги вратите парите, но ќе ви дадат доволно време за тоа. Ним не им се брза, па затоа не очекуваат ни од вас да брзате. Биковите ќе ви дадат пари на заем, само доколку навистина можат да го сторат тоа.rnrnНивното главно мото е „Бавниот и умерениот секогаш победува на трката“. Биковите напредуваат многу бавно, но затоа создаваат длабоки корени кои им даваат долговечност ним и на нивните креации.rnrnБез разлика дали се работа за вкусен оброк, превоз до аеродром или совршена масажа на стапала, Биковите го прават светот погостопримливо и поудобно место за живеење. И треба да бидете благодарни за тоа!rnrnПрочитајте ги и следниве 10 причини зошто секогаш можете да се потпрете на Бик во хороскоп.

  • 9 работи кои треба да ги направите за себе ова лето

    9 работи кои треба да ги направите за себе ова лето

    Лето, лето, лето… Сигурно и вие го делите нашето мислење дека ова ни е најомиленото годишно време, бидејќи во лето сѐ е полесно, поубаво, деновите се подолги, а ние сме посреќни и поопуштени. Имајќи го ова на ум, направивме список на работи кои ви предлагаме да ги ставите во вашиот распоред за ова лето, бидејќи сакаме ова преубаво годишно време да го поминете на најдобриот можен начин.rnrn1-9-raboti-koi-morate-da-gi-napravite-za-sebe-ova-leto-www.kafepauza.mk_rnrn1. Уживајте секој ден во сладолед и овошје, бидејќи кога ќе уживате во малите грешни задоволства ако не преку летото?rnrn2-9-raboti-koi-morate-da-gi-napravite-za-sebe-ova-leto-www.kafepauza.mk_rnrn2. Ги заслужувате најубавите и најпрекрасните нокти особено во оние нови сандали. Затоа, веднаш отидете на педикир!rnrn3-9-raboti-koi-morate-da-gi-napravite-za-sebe-ova-leto-www.kafepauza.mk_rnrn3. Купете ја книгата која веќе подолго време ја посакувате. Не сте тип за книги? Симнете некоја серија. Да, сите 8 сезони. Исклучете го телефонот и уживајте во времето кое ќе го поминете самите со себе.rnrn4-9-raboti-koi-morate-da-gi-napravite-za-sebe-ova-leto-www.kafepauza.mk_rnrn4. Корални и силни бои на кармини на темен тен? Нам ни делува како совршена идеја!rnrn5-9-raboti-koi-morate-da-gi-napravite-za-sebe-ova-leto-www.kafepauza.mk_rnrnПреминете на следната страница за останатите совети…rn

  • Зошто е во ред да ја сакате самотијата?

    Зошто е во ред да ја сакате самотијата?

    Доколку уживате во самотијата, сигурно ве гледаат чудно кога седите сами во некој бар, или кога сами пиете кафе. Кога ќе кажете дека ќе одите негде сами или дека ќе правите нешто сами, луѓето ве погледнуваат како да сте сториле нешто лошо. Понекогаш тие ве сожалуваат бидејќи мислат дека е мизерно да се биде сам.rnrnzoshto-e-vo-red-da-ja-sakate-samotijata-kafepauza.mkrn

    Во ред е да ја сакате самотијата и некои работи да ги правите сами

    rnКога општеството ве гледа дека поминувате време сами, тие по грешка мислат дека сте осамени и депресивни и сметаат дека ви е потребна помош. Тоа е сосем разбирливо. Луѓето низ вековите научиле да бидат заедно, да ги споделуваат нивните животи и ова станало еден вид норма. Кога некој ќе забележи дека сте надвор од овој шаблон, тој или таа веднаш се прашува зошто го правите тоа.rnrnПоминувањето време сами не ве троши, туку ве полни. Да, секому му е потребно време за себе за да анализира што се случува во својот живот и да размисли за донесените одлуки. Овие работи ве носат поблиску до тоа да бидете свесни за себе, а ова е еден од најубавите дарови кои можете да си ги дадете. Никој не го заслужува вашето време повеќе од вас.rn

    Негативна перцепција

    rnПостои негативно мислење за луѓето кои сакаат да бидат сами, па тие често се судени и другите луѓе се прашуваат што се случува во нивниот живот. Ако некој ве види дека сами сте излегле на пијачка, веднаш ќе претпостави дека ви е скршено срцето или дека сте доживеале некој неуспех. Луѓето не разбираат дека сакањето да се биде сам и осаменоста се две различни работи. Кога некој доволно се сака и се цени, друштвото е само избор. Нам не ни е потребно друштво за да го потврдиме нашето постоење. Да, пријателите се интересни и забавни, но исто забавно е и времето поминато сами со себе.rn

    Самотијата ја лечи вашата душа која била повредена од други луѓе

    rnВашата самотија прави другите да се чувствуваат неудобно додека вам ви е сосем во ред. Па, немојте да се плашите од судење. Запомнете дека луѓето ќе ве судат што и да правите. Одете сами на кафе или во кино. Во ред е и сами да одите во парк, па дури и сами да патувате некаде. Дајте ѝ го на вашата душа она време за себе кое ѝ е навистина потребно.rnrnПогледнете и што се случува кога уживате во вашата самотија.

  • Што се случува кога уживате во вашата самотија?

    Што се случува кога уживате во вашата самотија?

    Постојат многу стигми за луѓето што обожаваат да минуваат време сами, како на пример, дека се асоцијални или непријателски настроени, а можеби дури и дека се без вистински пријатели во својот живот. Но вистината е дека времето поминато сами со себе е најдоброто нешто што можете да го направите. И покрај тоа што е важно да направите баланс меѓу самотијата и дружењето, за да го извлечете најдоброто од двата света, прочитајте ги следниве 8 фантастични нешта што можат да ви се случат само доколку навистина уживате во вашата самотија…rnrnrn

    1. Си ја полните енергија

    rnПотребна ви е голема количина енергија за да можете да функционирате во денешниот модерен свет, а интеракцијата со другите луѓе знае да ја исцрпи. Да, добро е да се смеете и да се забавувате со саканите, како и да понудите емпатија кога има потреба од неа, но исто така е клучно и да најдете време да си ги „наполните батериите“. Кога сте сами, вие се подмладувате и си дозволувате да привлечете многу позитивни нешта во вашиот живот.rn

    2. Имате време за размислување

    rnМодерниот живот е хаотичен, нема потреба да се зборува за тоа, но сепак мал број луѓе застануваат и размислуваат за тоа што го преживеале. Ова е многу важно доколку сакате да разберете каде сте и како навистина се чувствувате. Кога минувате време со себе, вие ја отстранувате емоционалната бука создадена од другите и можете да ги идентификувате вашите незадоволени потреби. Исто така и посвесно размислувате за вашите цели, па подобро ги адаптирате плановите за иднината.rn

    3. Добивате наплив на продуктивност

    rnЕдна од најочигледните придобивки од вашето време поминато во самотија е што можете да завршите многу работи! И покрај тоа што изгледа фино да разговарате со добар пријател или член од семејството, понекогаш тоа не може да ви го стиши чувството дека сте назад со вашите обврски. Колку помалку нешта ви го одвлекуваат вниманието, толку повеќе можете да завршите и да бидете попродуктивни.rn

    4. Повеќе уживате во вашите врски

    rnАко никогаш не поминувате време сами, не си давате шанса целосно да го цените времето поминато со другите луѓе. Ако експериментирате со периоди на самотија, вие ќе почнете да сфаќате дека го цените присуството на најблиските. Ова се случува затоа што сте приземјени и имате подлабоко разбирање за своите емоции и потреби, но исто така и затоа што сте си одвоиле доволно време да се ставите себеси како приоритет.rn

    5. Подобро се спознавате себеси

    rnКога сте со други луѓе, природно се адаптирате на одредени аспекти од атмосферата околу вас за да можете да „припаѓате“ во оваа група. Тоа е сосема нормално и сите го прават, најчесто несвесно. Дури и оние што се сметаат за прилично автентични. Кога сте сами, немате потреба никого да задоволувате и вашите мисли доаѓаат на прво место. Оваа подобрена перспектива на вашиот идентитет може да ви помогне да разберете што ве прави среќни и што е целта на вашиот живот.rn

    6. Имате време за нештата што ги сакате

    rnКога минувате време со други луѓе, вие постојано мора да правите компромиси за сите да се чувствуваат удобно и пријатно. Иако понекогаш ова може да се совпадне со вашите интереси, сепак одвреме-навреме мора да правите отстапки за доброто на другите. Кога учите како да уживате во вашата самотија, наместо да ѝ се плашите, вие сфаќате дека таа ви овозможува уникатна можност да ги следите дури и вашите најексцентрични хобија и најдлабоките страсти без да треба да правите компромиси со никого.rn

    7. Ви се намалува потребата за валидација

    rnАко сте навикнати да барате одобрување од другите за да се чувствувате добро, тогаш не сте вежбале доволно за самите да се грижите за вашата среќа. Всушност, вие можеби имате навика и да барате надворешна помош секогаш кога се чувствувате анксиозно или со помала самодоверба. Токму затоа и треба да развиете внатрешни резерви на цврстина доколку сакате да ја одржувате самодовербата на високо ниво. Единствениот начин да го сторите тоа е доколку поминувате време со самите себе.rn

    8. Ви се зголемува независноста

    rnИ за крај, луѓето што ретко поминуваат време сами паничат секојпат кога дури и само ќе помислат да не бидат опколени со голема група луѓе, и токму ова води кон значително намалување на самодовербата. На пример, ако мислите дека можете да бидете среќи или компетентни само како дел од група, тогаш ќе ви биде тешко да поверувате дека можете и самите да постигнете нешто, без разлика дали станува збор за приватниот или професионалниот живот. Откако ќе почнете да навикнувате да бидете сами, ќе почнете и да ја препознавате моќта и ефектот што тоа го има на вашата независност – и на овој начин ќе поверувате дека вие можете сами да ги остварите сите цели што ќе ги замислите!rnrnПрочитајте ги и најубавите мисли за самотијата – зошто таа е можеби најдоброто нешто кое ви се случило?

  • Тест: Знаете ли да уживате во празниците?

    Тест: Знаете ли да уживате во празниците?

    Празниците носат голема радост, но од друга страна, подготовките за некои луѓе може да бидат многу стресни. Подготвувањето јадења и колачи, барањето подароци кои одговараат и долгите редови во продавниците, може да го намалат расположението. Решете го овој тест и откријте дали знаете да уживате во празниците или поради нив сте нервозни и напнати.rnrnТест: Знаете ли да уживате во празниците?rn

    1. Кога купувате новогодишни и божиќни подароци?

    rnа) Во текот на целата година.rnrnб) Во почетокот на декември.rnrnв) Секогаш во последен момент.rn

    2. Подготвувањето на божиќниот ручек го сметате за…

    rnа) Идеална прилика да се покажете како одлични домаќини.rnrnб) Напорна обврска од која со задоволство би се откажале.rnrnв) Вистински предизвик за некој како вас кој воопшто не е подготвен да поминува повеќе време во кујната.rn

    3. Вашата најголема желба е…

    rnа) Да ги направите среќни вашето семејство и пријателите.rnrnб) Да бидете успешни на работа.rnrnв) Следниот годишен одмор да го поминете на пуст остров и долго да се излежувате на сонце.rn

    4. Додека сте на работа, за време на паузата…

    rnа) Земате лист и пенкало и правите листа со намирници што треба да ги купите кога ќе си одите дома.rnrnб) Ја проверувате листата на обврски за тој ден.rnrnв) Мирно пиете кафе со колегите, иако имате грижа на совест што губите драгоцено време.rn

    5. Кога сте под стрес, чувствувате…

    rnа) Како да ви гори главата.rnrnб) Како да имате нешто во грлото.rnrnв) Ви се потат рацете.rnrnТест: Знаете ли да уживате во празниците?rn

    6. Дали уживате декорирајќи го вашиот дом или тоа со задоволство им го препуштате на другите членови во семејството?

    rnа) Декорирањето на домот и украсувањето на елката не е ваша силна страна. Затоа се определувате само за разнобојни лампиони.rnrnб) Секогаш сте полни со нови идеи и едвај чекате да дојде тој момент.rnrnв) Им препуштате на децата да ја украсуваат елката, но врвот секогаш го поставувате вие.rn

    7. Оваа година одлучивте…

    rnа) Навремено да почнете со подготовките, за да немате непријатни изненадувања во последен момент, како минатата година.rnrnб) Да бидете опуштени. Зошто да се брзате и да паничите, кога сѐ ќе биде во ред.rnrnв) Да се придржувате до својот план и своите постапки.rn

    8. Семејните вечери и средби за вас претставуваат…

    rnа) Добра прилика да дознаете што се случува со другите членови во семејството.rnrnб) Идеална прилика да се пофалите со своите нови работни успеси.rnrnв) Прилика за опуштање и уживање.rn

    9. Два дена пред празникот, вашата мајка, која досега секогаш сѐ сама организирала, ви соопштува дека не се чувствува добро и дека сега е ваш ред за да ја исполните семејната традиција. Како реагирате вие на оваа вест?

    rnа) Мирно, затоа што немате избор, но сепак ги планирате и ги ангажирате да ви помогнат и останатите членови во семејството.rnrnб) Паничите и мислите дека нема да успеете сѐ да постигнете навреме.rnrnв) Обожавате вакви предизвици. Многу сте возбудени и веќе ги правите своите планови.rn

    10. Сите подготовки се завршени и време е да се средите. Колку време ви треба за да блеснете во полн сјај?

    rnа) 20 минути. Ви преостанува само толку време за да се истуширате и пресоблечете. Сепак, таму ќе бидете само со членовите на семејството.rnrnб) 2 часа. Сѐ завршивте навреме и сега можете да се посветите на себе.rnrnв) Цело попладне. Станавте рано наутро, сѐ подготвивте и сега имате време малку да се одморите и да се опуштите.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Најмногу одговори под „А“” active=”false”]rn

    Ништо не оставате на случајноста

    rnИмате одлична смисла за организација и никогаш ништо не препуштате на случајноста. Иако многумина ве сметаат за ладна личност, вие сте премногу чувствителни и вешто ги сокривате своите чувства. Имате способност во критични ситуации да го скриете стресот, затоа што се плашите дека ќе ја изгубите контролата над себе. Бесни сте кога од почетокот ништо не ви оди од рака, но упорно продолжувате и понатаму, а ретко барате помош од другите. Не бидете толку строги кон себе. Прифатете помош од семејството, опуштете се и заедно уживајте. Сепак, празници се!rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Најмногу одговори под „Б“” active=”false”]rn

    Вие сте под голем стрес

    rnВие никогаш не паничите однапред и за проблемите размислувате дури кога ќе наидете на нив. Многу сте темпераментни и вашиот праг на толеранција е многу низок. Кога сте пренатрупани со работа, што често се случува за време на празниците, вие сте под голем стрес, па и на најмалата ситница тогаш реагирате бурно и лесно експлодирате. Во такви ситуации воопшто не им е лесно на оние кои се наоѓаат во вашата околина. Ако не сакате себеси и на другите да им ги уништите празниците, планирајте навреме, дозволете им на останатите членови во семејството да ви помогнат и бидете потолерантни кон нивните грешки.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn[toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Најмногу одговори под „В“” active=”false”]rn

    Вие сте премногу хаотични

    rnНиту малку немате смисла за организација. Знаејќи го ова, вие секоја година, кога ќе поминат празниците, себеси си ветувате дека наредната година сѐ ќе испланирате подобро и навремено. Но, тоа ветување никогаш не го исполнувате. По природа сте хаотична личност и наместо да уживате во празниците, тие честопати ве прават нервозни. Тогаш ништо не ви поаѓа од рака, ве фаќа паника и станувате премногу чувствителни. Напнатоста расте во вас и наместо да биде сѐ совршено, малку од тоа успевате да постигнете. Крајно време е да почнете да бидете посериозни. Планирајте однапред, придржувајте се до вашиот план и уживајте во празниците.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn[toggle_box]

  • Викенд уживанција: Најдобри начини на кои можете да го поминете претстојниот викенд!

    Викенд уживанција: Најдобри начини на кои можете да го поминете претстојниот викенд!

    Во животот почитуваме разни правила, дури и оние кои се однесуваат на изгледот и убавината. Според препораките од козметичарите користиме препарати кои одговараат на нашиот тип на кожа и години. Се придржуваме до програмите за идеална тежина кои ни ги предлагаат нутриционистите, а заедно со тоа и редовно вежбаме. И барем еднаш неделно практикуваме осумчасовен сон за да го одмориме нашето тело и дух. Но, за да имаме побогат живот од оној што е пропишан со разни правилниците, потребно е да додадеме и нешто сопствено, некој исклучок поради кој еднаш месечно ќе се израдуваме на ситниците и на ситуациите со кои ќе ги наполниме батериите на сосема друг начин, и поради кои како деца ќе зрачиме со среќа и позитивна енергија.rnrn1-vikend-uzhivancija-najdobri-nachini-na-koi-mozhete-da-go-pominete-pretstojniot-vikend-www.kafepauza.mk_rn

    1. Списанија за торти и колачи

    rnНа ноќната масичка покрај вашиот кревет, освен љубовните романи и книгите за здрава исхрана, чувајте и мал готвач со рецепти за торти и колачи или пак, коктели. Пет минути читање пред спиење е сосема доволно за да ги запомните најважните состојки кои треба да ги набавите за некоја саботна журка. За останатото ќе се погрижи вашата фантазија и пријателите кои сте ги повикале.rn

    2. Трач партија

    rnДоколку сте фан на црвениот лак за нокти и длабоко верувате дека е идеален за елегантен и секси изглед, а сепак имате желба да испробате нешто авангардно, како што е тегет, виолетови или пак металик сребрени нијанси, тогаш направете женска забава за која влезницата ќе бидат неколку шишенца лакови за нокти. Еве прилика за отворена женска дискусија за навидум тривијална работа како што е маникирот, а патем ќе дознаете и други трикови кои жените ги користат за освојување.rnrn2-vikend-uzhivancija-najdobri-nachini-na-koi-mozhete-da-go-pominete-pretstojniot-vikend-www.kafepauza.mk_rn

    3. Бјути новитети

    rnВо мода се мејкап несесерите и палетите со шминка кои содржат сенки за очи, кармини, бронзери и молив за веѓи. Спакувани во сјајни металик кутии изгледаат толку слатко што нема шанси да им одолеете. Едноставно мораат да бидат ваши. А кога ќе ги добиете, одеднаш изгледаат толку бескорисно, бидејќи имаат жолта, розова, зелена и црвена сенка за очи кои воопшто не ги користите. Но, после играњето со шминките пред огледалото можете да откриете дека црвената сенка за очи, всушност, е вашиот фаворит за вечерните посебни настани.rn

    4. Витаминска бомба

    rnЗа да ја снабдиме нашата кожа со доволна количина витамин Ц, изобилно користиме козметички препарати кои го содржат, но исто така се обидуваме секојдневно да пиеме и сок од цеден портокал. Меѓутоа и другите слатки и кисели овошја може да ја разгалат душата и да го поправат расположението. Сетете се колку е добар сокот од малина, капина, боровинка, домат, а доколку баш инсистирате на портокалова боја, тоа може да биде и сок од грејпфрут или морков со јаболко, засладен со лажичка мед. Ставете во тоа цевка и хартиено чадорче и уживајте.rnrnrn

    5. Пет минути сласт

    rnКога ви се јаде нешто слатко, по препорака на нутриционистите, избирајте благи плочки од сусам и бадем. Вистина, тие се здрави, даваат енергија, и најважно, не влијаат на тежината. Но само пирето од костени декорирано со шлаг или чоколадниот мус посипан со трошки од печен бадем се топи во устата така што ќе ви се заврти од задоволство. Тоа го умее и белата чоколада со кекс и цимет… Па нека! Еднаш неделно, не е грев.rn

    6. Меури на задоволството

    rnСигурно знаете дека топлата купка е мелем за душата и телото. Таа е идеална за опуштање на мускулите, прекрасно ја негува кожата, особено ако е припремена со сол од Мртвото море или со внимателно избрани ароматични масла. Но, за моментите на задоволство можеби повеќе би ви се допаднала купката со фина пина и сладок мирис. За нејзина припрема е доволен шумлив сапун кој изгледа како колач од сладок марципан со зашеќерени цреши или јагоди. Ваквите деликатеси за бањање не се скапи и може да се набават во работилниците кои продаваат рачно произведени глицерински и ароматични сапуни. rnrnСтрпливо почекајте да се направи пената, соберете ја косата во пунџа, влезете во кадата, затворете ги очите и препуштете се на звуците на песната која сте ја пуштиле за оваа уживанција. А доколку сакате купка која изгледа како да сте се нурнале во корпа полна со освежително овошје, тогаш во кадата ставете неколку капки ароматично масло, на пример лимон, мандарина и ѓумбир, и рака морска сол. На овој начин ќе добиете витамински коктел, толку јак што ќе може да ја разбуди и пролетта во текот на зимата. Па потоа, пенливите купки со мирис на диња, лубеница, манго и папаја, па слива и ананас! Секоја од нив ѝ пркоси на досадата. И совршено се здрави. Боите се добиваат од пигментот на овошјето, слаткиот вкус од медот, а во составот на таквите гелови за капење влегуваат и маслото од грозје, алое вера, витамин Е и шеа путер. Па така, тие се освежувачка мирисна парада, но и извонредна нега.rnrn4-vikend-uzhivancija-najdobri-nachini-na-koi-mozhete-da-go-pominete-pretstojniot-vikend-www.kafepauza.mk_

  • Креативни идеи за патувања во зависност од вашата возраст

    Креативни идеи за патувања во зависност од вашата возраст

    Патувањата се вбројуваат во најголемите радости во животот. Тие секогаш оставаат сеќавања на кои луѓето со задоволство се навраќаат. Но, еден главен предуслов за убаво поминато патување или одмор, е да ја изберете соодветната дестинација според вашата возраст, како и начинот на кој ќе го реализирате патувањето. Еве кои би биле најдобрите типови на патување во различните животни фази.rn

    1. Во 20-тите години

    rn(1) Идеи за патувања во зависност од вашата возраст rnrnНајдобри патувања за овој период од животот се оние кои се полни со адреналин и возбуда. Изберете едно сосема непознато место на мапата, земете ги најосновните работи во еден ранец и патот под нозе. Исто така, можете да заминете на волонтерска работа – да подучувате деца во некоја подалечна земја или да работите со животни во некој егзотичен национален парк. Додека сте млади, можете да заминете каде сакате без посебни подготовки и планови. Можете да најдете неколку пријатели со кои би направиле една рута со автомобил, возејќи се во некои помалку познати предели или во подалечни земји. Доколку сакате да почувствувате вистинска слобода, изберете патување на кое ќе заминете сосема сами. На ваквите патувања се создаваат неверојатни познанства и пријателства, а од друга страна можете да научите и многу за себе.rn

    2. Во 30-тите години

    rn(2) Идеи за патувања во зависност од вашата возраст rnrnВо овој период од животот веќе сте стигнале до една фаза во која можете да си дозволите мало разгалување. Најдете начин барем на неколку дена да „избегате“ од преголемиот број обврски (на работа, во семејството) и отидете во некој луксузен спа центар. Таму максимално релаксирајте се и наполнете се со енергија. Сте го заслужиле тоа. Испланирајте романтично патување со вашиот партнер. Заминете на некое мирно место каде што ќе можете да уживате во љубовта. Исто така, 30-тите години се можеби најпогоден период во кој можете да организирате духовно патување на кое ќе имате можност да ѕирнете и во најскриените делови од вашите душа и ум. Доколку сте љубител на природата, но не сакате да престојувате во шатори без вода и без струја или пак, во големите кампови каде што мора да ја делите бањата со уште стотици други луѓе, изберете „гламурозно кампување“. Тоа е еден нов глобален тренд, кој нуди удобни услови за сместување во природа. Можете да најдете совршено место, каде во хармонија со природата ќе создадете незаборавни спомени, вредни за паметење.rn

    3. Во 40-тите години

    rn(3) Идеи за патувања во зависност од вашата возраст rnrnВо овој период од животот направете нешто, за што дотогаш сте мислеле дека не можете да го сторите. Подгответе се за искачување на некој висок врв или впуштете се во некој екстремен спорт. Можете да го испланирате патувањето од вашите сништа, кое дотогаш не сте можеле да си го дозволите, некоја подалечна егзотична дестинација за која секогаш ви недостигале време и финансии. Исто така, во овој период од животот особено се забавни „женските патувања“. Организирајте ги вашите пријателки и заминете на патување исполнето со неверојатна забава и смеа. Дозволете си неколку пијалаци повеќе и танцување до доцна во ноќта.rn

    4. Во 50-тите години

    rn(4) Идеи за патувања во зависност од вашата возраст rnrnОваа деценија од животот е како создадена за патувања со историска позадина. Направете листа на места кои отсекогаш ве фасцинирале со својата приказна. Некои дестинации се можеби подалечни, но вреди секој поминат километар. Можете да заминете и на сафари. Сместете се во прекрасните комплекси во Африка, кои нудат неверојатно доживување и блиска средба со дивиот животински свет, кој сте имале можност да го гледате само на телевизиските канали. Доколку имате некое омилено хоби, а веројатно низ петте децении живот сте развиле одредена страст, организирајте си тематско патување во чии рамки има и курс. На пример, доколку уживате во готвењето, заминете на патување во некоја земја каде што ќе можете одблиску да се запознаете со локалната храна, а притоа ќе научите и некои нови вештини при подготвувањето на вкусните јадења. Бидете активен турист, земете велосипед и откријте ја и најтесната уличка во местото каде што сте сместени. Така најмногу ќе дознаете за животот на луѓето.rn

    5. Во 60-тите години

    rn(5) Идеи за патувања во зависност од вашата возраст rnrnОрганизирајте еден голем фамилијарен одмор. Изнајмете куќа на море или на планина и соберете ги децата и сите внуци. Детскиот џагор и вревата околу вас, уште еднаш ќе ви потврдат дека зад себе имате шест квалитетно поминати децении. Исто така, во овој период од животот можете да заминете на местата од каде што потекнуваат вашите предци. Посетете го селото или градот каде што се наоѓаат вашите корени или, пак, можеби имате потекло од друга земја, што е уште поголем предизвик. Посетете и еден голем град за кој секогаш сте сонувале. Веројатно сте веќе пензионер и го имате сето време на овој свет. Сместете се во удобен хотел, најдете одличен водич и запознајте го одблиску градот што отсекогаш ве фасцинирал.rn

    6. Во 70-тите

    rn(6) Идеи за патувања во зависност од вашата возраст rnrnВие сте одличен турист за крстарење со брод. Големите бродови нудат голема удобност, а без оптоварување ќе можете да посетите десетици прекрасни места. Исто така, удобно патување можете да организирате и со воз. Патувањето со воз можеби не е најбрзо, но глетката е неверојатна. Можете да посетите некое место на кое сте биле одамна и кое ви оставило прекрасни сеќавања. Можете да си направите ретроспекција на својот живот и на сите убави моменти.

  • Дознајте кој хороскопски знак ќе има убедливо најмногу среќа летово

    Дознајте кој хороскопски знак ќе има убедливо најмногу среќа летово

    Секогаш шармантна, праведна и дружељубива. Ова лето коцките дефинитивно ќе ѝ се наместат на кој друг, ако не на единствената Вага. Припадниците на овој хороскопски знак ги чека фантастичен период, полн со нови можности и задоволства. Нова љубов, нова работа, живот во нов град, па дури и можност за дете, брак или заеднички живот.rnrnДознајте кој хороскопски знак ќе има убедливо најмногу среќа летовоrnrnТоа се само некои од настаните што можат да ви се случат благодарение на среќната судбина која ви е пишана оваа година поради влезот на Јупитер во Вагата, а која ќе трае до средината на наредната година.rnrnЌе имате силна желба и волја да се радувате, да бидете среќни и да правите многу забавни работи со луѓето кои ги сакате. Тие ќе го следат секој ваш чекор бидејќи среќата која е видлива во вашите очи, а која доаѓа директно од вашето срце, не може да остане незабележана. Вашата среќа пристигна и сега можете да почнете да уживате во нејзините плодови по целата макотрпна работа и потешкотии во животот.rnrnНе ви преостанува ништо друго освен да се опуштите и да уживате во прекрасните моменти и доживувања кои ве чекаат ова лето!

  • 5 начини да обрнете внимание на малите нешта дури и кога сте премногу зафатени

    5 начини да обрнете внимание на малите нешта дури и кога сте премногу зафатени

    Не постои човек кој не сака да биде среќен, но, за жал, секојдневието е исполнето со премногу обврски, при што понекогаш се заборава како изгледа уживањето во животот. Еден од најдобрите начини да се биде среќен е да се ужива во моментот. Затоа обрнете внимание на деталите и ќе откриете дека дури и најмалите нешта кријат многу убавини. Погледнете неколку предлози коишто ќе ви овозможат уживање во животот дури и во моментите кога сте премногу зафатени.rnrnrn

    1. Уживајте во храната

    rnНе дозволувајте храната да биде само уште една обврска на вашата дневна листа. Наместо тоа, одвојте доволно време и уживајте во вашиот оброк.rn

    2. Извадете ги слушалките

    rnДали и вие спаѓате во повеќето луѓе коишто ги користат слушалките сè додека не стигнат до посакуваната дестинација? Ако е така, тогаш вие пропуштате многу. Можеби по патот ќе слушнете нечие смеење или пак ќе забележите како некој го шета своето милениче, па на тој начин ќе се потсетите на вашите убави моменти. Не дозволувајте да ги избегнете овие мали радосни работи.rn

    3. Понекогаш бидете мрзливи

    rnПостојат обврски коишто не може да бидат одложени, како на пример работните обврски, оние поврзани со семејството и слично. Но, постојат и обврски чиешто времетраење можете да го скратите. На пример, понекогаш дозволете си да го скратите времето за подготвување вечера, па тие слободни минути искористете ги за медитирање или за нешто друго што ве исполнува.rnrnrn

    4. Забавете

    rnЗабавете, бидејќи само така ќе можете да ги забележите малите нешта коишто се случуваат во текот на денот. Верувајте, ова ќе направи да бидете повеќе продуктивни и мотивирани за извршување на дневните обврски.rn

    5. Слушајте

    rnСекојдневно поминувате многу време во разговор, без разлика дали сте на состанок, разговарате со вашите пријатели или семејство. Но, дали навистина слушате? Не дозволувајте во вакви моменти да ви лебдат мислите. Фокусирајте се на моментот и слушајте, тоа ќе ве направи подобар пријател.