КАФЕ ПАУЗА

Tag: уво

  • Веднаш проверете: Што восокот од ушите може да открие за вашето здравје?

    Веднаш проверете: Што восокот од ушите може да открие за вашето здравје?

    Нормалниот восок од ушите може да биде помеѓу портокалова и кафеава боја, но жолтиот или зелениот восок, чешањето во увото или истекувањето од ушите може да бидат показатели за инфекција.rnrn1-vednash-proverite-shto-vosokot-od-ushite-mozhe-da-otkrie-za-vasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_rn

    1. Ушниот восок е жолт или зелен

    rnАко при чистењето на ушите восокот е со зелена, жолта, црна или бела боја, многу е веројатно дека е присутна инфекција и дека треба да го посетите вашиот доктор. Инфекциите се јавуваат во многу краток рок и често е скоро невозможно да се утврди нивната причина.rn

    2. Ушниот восок е ронлив

    rnАко тој е ронлив и ако кожата во ушниот канал се лупи, постои веројатност дека имате егзема. Ако восокот од ушите подолго време е ронлив, постои можност дека човекот пати од псоријаза, што не е толку честа појава.rnrn2-vednash-proverite-shto-vosokot-od-ushite-mozhe-da-otkrie-za-vasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_rn

    3. Ушниот восок има мирис

    rnТој никогаш не би требало да има мирис. Мирисот обично значи дека е присутна инфекција во телото. Понекогаш самата личност може да го почувствува непријатниот мирис или пак некои други луѓе да ја предупредат за тоа. Сепак, потребно е колку што е можно порано да се посети доктор за да се утврди дали е збор за инфекција или пак нешто друго.rn

    4. Ушниот восок истекува надвор од ушите

    rnНормално е ушите да бидат мокри после вежбањето, но ако наутро се разбудите и видите жолти дамки од восок на перницата или на ушните ресички се допира закоравен восок, тоа е знак на инфекција или хронични болести на увото.rn

    5. Можете да го почувствувате ушните восок

    rnАко можете да го почувствувате восокот во ушните канали, тоа би можело да значи дека восокот е згуснат и блокиран, односно потребно е да отидете на доктор за чистење. Спротивно на општото мислење, стапчињата за уши не ги чистат ушите, а со нив поголемиот дел од луѓето всушност го туркаат восокот подлабоко во ушниот канал, што може да резултира со насобирање на восокот, иритација, па дури и оштетување на тапанчето.rnrn3-vednash-proverite-shto-vosokot-od-ushite-mozhe-da-otkrie-za-vasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_rn

    6. Ве чешаат ушите заради восокот

    rnНа секого понекогаш му се случува да го чешаат ушите, но ако тоа константно се случува, тоа е сигнал дека нешто не е во ред со увото. Чешањето во увото или околу ушниот канал може да биде симптом на инфекција.rn

    7. Ушниот восок е сув или со темна боја

    rnАко забележувате дека восокот со тек на време е сѐ погуст или посув, тоа е нормален знак за стареење. И тука нема грижа дека станува збор за некој симптом од некоја болест.rnrnДоколку имате проблем со затнато уво, ова е решение со кое веднаш ќе почувствувате олеснување.

  • Рамен пирсинг: Нов тренд во кој ќе се заљубите на прв поглед

    Рамен пирсинг: Нов тренд во кој ќе се заљубите на прв поглед

    Суптилен, едноставен и апсолутно неодолив! Ако сакате да го украсите вашето тело со некоја обетка, ние имаме совршено место за неа.rnrn1-ramen-pirsing-novi-trend-pomegju-pirsovite-vo-koj-kje-se-zaljubite-na-prv-pogled-www.kafepauza.mk_rnrnМоментално сите се „луди“ за таканаречениот рамен пирсинг. И апсолутно го сакаме! Како што самото име вели, пирсингот е направен низ внатрешниот рамен дел на увото и едноставно изгледа сјајно.rnrn3-ramen-pirsing-novi-trend-pomegju-pirsovite-vo-koj-kje-se-zaljubite-na-prv-pogled-www.kafepauza.mk_rnrnКако мотив можете да изберете баш сѐ, иако најчесто се гледаат ѕвезди, молњи и цветови. Инстаграм е преплавен со овој нов тренд. Доволно е да напишете #flatpiercing и да пронајдете инспирација за нова обетка на едно навистина неочекувано место.rnrn4-ramen-pirsing-novi-trend-pomegju-pirsovite-vo-koj-kje-se-zaljubite-na-prv-pogled-www.kafepauza.mk_rnrnРамниот пирсинг особено убаво изгледа доколку го комбинирате со обетки, бидејќи ќе ви даде доза гламур.rnrn5-ramen-pirsing-novi-trend-pomegju-pirsovite-vo-koj-kje-se-zaljubite-na-prv-pogled-www.kafepauza.mk_rnrnПред да се одлучите, мораме да ве известиме дека процедурата е болна, па бидете добро подготвени пред да се одлучите за украсување на вашата усна школка.rnrn6-ramen-pirsing-novi-trend-pomegju-pirsovite-vo-koj-kje-se-zaljubite-na-prv-pogled-www.kafepauza.mk_rnrnДодека сме на оваа тема, погледнете го и овој тренд – пирсинг на увото во форма на срце!

  • Хеликс тетоважи: Луѓето тетовираат прекрасни цртежи по должината на увото

    Хеликс тетоважи: Луѓето тетовираат прекрасни цртежи по должината на увото

    Најпрво се појави еден тренд за храбар пирсинг, а сега следува нешто малку поинакво. Станува збор за деликатна тетоважа на ‘рскавицата на увото – тоа е новиот естетски тренд кој не може да се види на прв поглед. Пред неколку години во мода беше пирсингот, а оваа година во тренд се минималистички тетоважи на ‘рскавицата на увото, што на суптилен начин им овозможуваат на луѓето да ја изразат својата личност.rnrn2-heliks-tetovazhi-lugjeto-tetoviraat-prekrasni-sliki-po-dolzhina-na-uvoto-www.kafepauza.mk_rnrn3-heliks-tetovazhi-lugjeto-tetoviraat-prekrasni-sliki-po-dolzhina-na-uvoto-www.kafepauza.mk_rnrnДевојките најчесто тетовираат билки, животни, музички ноти или својот хороскопски знак. Инстаграм е полн со инспирација за овој вид тетоважи.rnrn11-heliks-tetovazhi-lugjeto-tetoviraat-prekrasni-sliki-po-dolzhina-na-uvoto-www.kafepauza.mk_rnrnНовиот тренд во оваа област е ликовна форма на ‘рскавицата на увото. Таканаречените хеликс тетоважи може да се забележат дури по тргањето на косата, па затоа се и толку мистериозно привлечни.rnrn8-heliks-tetovazhi-lugjeto-tetoviraat-prekrasni-sliki-po-dolzhina-na-uvoto-www.kafepauza.mk_rnrnОва е одлична опција за оние дами кои не сакаат нивната тетоважа да биде видлива за сите. Спиралната тетоважа со ботанички израстоци е еден од најголемите хитови за ова лето.rnrn5-heliks-tetovazhi-lugjeto-tetoviraat-prekrasni-sliki-po-dolzhina-na-uvoto-www.kafepauza.mk_rnrn13-heliks-tetovazhi-lugjeto-tetoviraat-prekrasni-sliki-po-dolzhina-na-uvoto-www.kafepauza.mk_

  • Шминка за уши: Би го пробале ли овој нов храбар тренд?

    Шминка за уши: Би го пробале ли овој нов храбар тренд?

    Се чини дека новите трендови во шминкањето никогаш не стивнуваат. Откако го видовме шарениот свет на маскарата, ни дојде уште еден нов тренд кој вклучува шминкање на увото. Всушност, уметноста зад овој вид шминка е тренд за убавина кој е доста популарен на Инстаграм. Според Мари Клер, овој тренд започнал пред две години благодарение на мејкап артистот Том Печо, за време на Париската модна недела, а од тогаш е користен и од повеќе шминкери кои на Инстаграм демонстрираат како да го направите тоа.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnОчигледно е дека шминкањето на увото е тренд и на модната недела и кај шминкерите, но што е со нас, обичните луѓе? Би се осмелиле ли и вие да го следите овој тренд или сепак ќе го испробате само во приватноста на вашиот дом? Не можете да знаете дали ви одговара сѐ додека не се обидете. Па, доколку сте желни да видите како би изгледале со шминка на увото, во продолжение погледнете неколку начини кои ќе ви покажат како да го направите тоа.rn

    1. Користете светкава сенка

    rnИзберете две нијанси на бои: Бакарна и златна. Започнете со нанесување боја од страната на увото. Комбинирајте ја според тоа како ви одговара, а имајте ја предвид и бојата на вашата коса.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnПрепорачливо е да избегнувате користење златни или жолти сенки во внатрешноста на увото, за тоа да не изгледа нечисто. Потоа, со помош на тврда четка додајте сјај колку што сметате дека ви е потребен.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnНо, овој изглед дефинитивно не е наменет за секојдневието, па доколку сакате да го испробате, тогаш зачувајте го за некој посебен настан.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rn

    2. Прецизна линија

    rnСледниот начин на кој можете да го нашминкате вашето уво, е инспирација од Инстаграм профилот на Виолет Серет, односно од нејзината шминка која изгледа како да имате накит на увото. Користете го омилениот ајлајнер и прецизно повлечете линија што ќе ги следи неговите линии. Ваше е како сакате да го направите ова.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnПотоа, земете водоотпорна сенка во розово-златна боја (или друга боја по ваша желба) и со мала четка нанесете врз исцртаната линија.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnОвој изглед делува попривлечно од претходниот затоа што вака ќе добиете повеќе внимание. Од далеку изгледа како да носите накит, но од блиску луѓето ќе може да ја забележат вашата уметност.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnСепак, обидете се со ова само доколку имате многу трпение и стабилна рака.rn

    3. Манжетни на увото

    rnОвој начин на шминкање е инспириран од изгледот на Том Печо на Ентони Вакарело во 2014 година и тоа не е особено тешко за да се постигне. Користете ајлајнер за да го обоите долниот дел од вашето уво.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnМоже да додадете малку сјај, но не користете производи кои содржат масло, затоа што тие ќе ја уништат бојата.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnОвој начин не одзема многу време, а изгледа привлечно.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnПа, доколку сте храбри, испробајте го овој тренд и забележете како останатите ќе реагираат на вашиот нов изглед!

  • Иднината ни пристигна: Ушен апарат кој инстантно ги преведува странските јазици

    Иднината ни пристигна: Ушен апарат кој инстантно ги преведува странските јазици

    Повеќето од нас се нашле во чудна ситуација каде што сме се обидувале да комуницираме на некој странски јазик. Понекогаш е смешно. Понекогаш е засрамувачко. А, понекогаш може да биде катастрофално. Но, благодарение на новиот уред за преведување кој лесно се става во вашето уво, деновите кога се трудите да го совладате локалниот јазик се минато.rnrnИднината ни пристигна: Ушен апарат кој инстантно ги преведува странските јазициrnrnАпаратот се нарекува „The Pilot system“ и компанијата која стои зад неговиот дизајн – Waverly Labs, вели дека е ова едно потенцијално неверојатно откритие. Ќе се појави на пазарот во септември и ќе му овозможи на носителот да разбере неколку странски јазици како директен превод, и тоа од француски, шпански, италијански и англиски.rnrnИднината ни пристигна: Ушен апарат кој инстантно ги преведува странските јазициrnrnИднината ни пристигна: Ушен апарат кој инстантно ги преведува странските јазициrnrnЌе се продава по цена од 129 американски долари, а ќе доаѓа и со апликација која ќе ви понуди различна селекција на преостанатите јазици.rnrnИднината ни пристигна: Ушен апарат кој инстантно ги преведува странските јазициrnrnУредот се состои од две делчиња кои се носат во увото и бил инспириран од апаратот „Babelfish“ од познатиот филм „Автостоперски водич низ галаксијата“. Креаторот вели дека се сетил на идејата кога запознал една девојка од Франција и со која не можел да се разбере.rnrnИднината ни пристигна: Ушен апарат кој инстантно ги преведува странските јазициrnrnПогледнете како функционира тој…rnrn

  • Најдобрите начини да ја извадите заглавената вода од ушите

    Најдобрите начини да ја извадите заглавената вода од ушите

    Поради ужасните летни горештини многу повеќе се тушираме, пливаме и се поливаме со вода, па честопати се случува да ни се заглави вода во ушите. Освен што е непријатно, може да биде и опасно. За да не се мачите со овој ужасен проблем, смисливме 7 начини на кои можете да ја извадите водата од ушите, а ако ниеден од овие методи не ви успее и веќе почнувате да чувствувате болка, тогаш веднаш посетете лекар.rnrn0-7-te-najdobri-nachini-kako-da-se-spasite-od-vodata-vo-ushite-kafepauza.mkrn

    1. Направете капки од алкохол и оцет

    rnОваа комбинација ќе го ослободи протокот на водата од ушите и ќе спречи инфекција. Постапката е многу едноставна. Наполнете едно шишенце до половина со алкохол, а од половина нагоре со бел оцет и со помош на пипета ставете неколку капки во едното па во другото уво. Исцедете ги ушите со наведнување на главата. Киселината ќе го разбие церуменот во увото и ќе го олесни истекувањето, а алкохолот помага во испарување на водата. Ако имате оштетено ушно тапанче не ја испробувајте оваа техника.rn

    2. Создадете вакуум во увото

    rnНавалете ја главата кон онаа страна на која увото ви е затнато, притиснете го со дланката, а потоа притискајте внатре-надвор. Така ќе направите благ вакуум за извлекување на водата од увото. Вакуумот може да се направи и со прст. Свртете го увото надолу, пикнете прст и брзо извадете го. Повторувајте ја постапката додека не почувствувате дека водата излегла од увото. Исто така, пробајте да го масирате увото во насока на стрелките на часовникот.rn

    3. Исушете ја водата со топол воздух

    rnУпотребете фен за сушење коса. Наместете го на најслаба температура и поставете го на растојание од 30 см од увото. Топлиот воздух ќе стимулира испарување на водата.rn

    4. Скокајте на една нога

    rnНаведнете ја главата на страната на која увото ви е полно со вода, застанете на една нога и скокајте. Во исто време повлечете ја ушната ресичка затоа што тоа може да го прошири ушниот канал. Ако не сакате да скокате, пробајте да ја наведнете главата и само да ја повлечете ушната ресичка.rn

    5. Легнете и потпрете се на гравитацијата

    rnЛегнете на стомак со затнатото уво надолу и неколку минути останете во таа позиција. Гравитацијата би можела да си го направи своето т.е. водата да истече од увото затоа што ќе ја пронајде дупката низ која треба да излезе.rn

    6. Џвакајте гума за џвакање или преправајте се дека џвакате

    rnКоската на вилицата се наоѓа во близина на увото, па нејзиното движење може да ви помогне во решавање на ваквиот проблем. Каснете нешто, џвакајте мастика или импровизирајте. Во исто време наведнете ја главата надолу на страната на увото кое не е затнато и потоа нагло свртете се на другата страна.rn

    7. Пробајте да зевате

    rnЗевањето исто како и џвакањето, помага затоа што коските околу увото се свиваат – вака ќе ја поместите водата и ќе го стимулирате нејзиното излегување.

  • Што значи кога ќе ви затрепери одреден дел од телото?

    Што значи кога ќе ви затрепери одреден дел од телото?

    Дали некогаш сте се запрашале што значи кога ќе ви затрепери горниот лев капак на окото или десното уво? Веројатно да, но ако не сте се запрашале досега, можеби отсега ќе почнете да ги поврзувате овие случајни вибрации на телото со некои посуштински значења.rnrnshto-znachi-koga-kje-vi-zatreperi-odreden-del-od-teloto-kafepauza.mkrnrnКако што постојат објаснувања за многу појави на човековото тело кои ги смислиле нашите предци, така се создале и овие народни верувања. Интересно е дека луѓето ги поврзуваат овие обични секојдневни појави со претскажувањето на иднината.rnrnНе знаеме од каде потекнува овој „Треперник“, но за оние кои веруваат во вакви работи, следува листа на значења поврзани со затреперувањето на различни делови од телото.rnrnВрвот на главата: Ќе добиете син.rnЗадниот долен дел од вратот: Ќе дојде некој странец и ќе ви донесе подароци.rnТемето од десната страна: Ќе бидете судија.rnТемето од левата страна: Убаво ќе се забавувате со пријателите.rnЧелото: Ќе чуете лоши вести, но нема да предизвикаат некоја голема штета.rnТилот: Ќе чуете лоши вести кој ќе ве растажат, но потоа повторно ќе се радувате.rnЧелото во делот помеѓу очите: Ќе одите на пат и добро ќе си поминете.rnЧерепот над десното око: Чувајте ги парите што ќе ги добиете.rnЧерепот над левото око: Сè што сте си замислиле ќе ви се оствари.rnДесното уво: Ќе чуете добра вест.rnЛевото уво: Ќе чуете лоша вест.rnАко ви зазуи десното уво: Очекувајте добри вести и веселба.rnАко ви зазуи левото уво: Лоши вести ќе ви донесат тага.rnГорниот дел од десното уво: Очекувајте кавга.rnГорниот дел од левото уво: Ќе добиете добра вест од пријател.rnЛевата веѓа: Оваа година ве очекува изобилство од храна.rnДесната веѓа: Вашиот син ќе биде на печалба.rnДвете веѓи: Очекувајте веселба.rnКожата помеѓу веѓите: Ќе ве израдува пријател.rnДесното око: Што ќе посакате тоа ќе ви се оствари.rnЛевото око околу веѓата:  Ќе бидете пофалени, но тоа ќе ве растажи.rnНадворешниот агол на десното око: Ќе имате претскажување.rnВнатрешниот агол на десното око: Ќе добиете син или ќе завршите успешна работа.rnНадворешниот агол на левото око: Ќе добиете машко дете или ќе имате среќен живот.rnЛевиот горен капак: Борба или кавга.rnЛевиот долен капак: Лоша вест.rnДесниот горен капак: Очекувајте веселба.rnДесниот долен капак: Ќе стекнете нов пријател.rnЦел нос: Лоша вест.rnЕдната страна од носот: Ќе ви биде укажана голема чест или многу ќе се трудите во нешто.rnГорната уста: Ќе ви дојдат непоканети гости.rnДолната уста: Ќе ги победите непријателите.rnДвете усни: Ќе се бакнувате со пријателите.rnБрадата: Ќе сретнете личност која ќе ве израдува.rnДесното рамо: Ќе бидете здрави.rnЛевото рамо: Ќе бидете тажни.rnМускулот на десната рака: Ќе бидете тажни.rnМускулот на левата рака: Ќе пронајдете нешто што сте изгубиле.rnДесниот лакт: Ќе станете важна личност.rnДолниот дел од десната рака: Не смеете да почнете некоја работа или се плашите што сте направиле или што правите.rnДолниот дел од левата рака: Ќе добиете среќна вест.rnДесната дланка: Ќе бидете милостиви.rnЛевата дланка: Ќе избегнете лоша вест и ќе бидете весели.rnДесниот палец: Што ќе посакате тоа ќе добиете.rnДесниот показалец: Ќе примите лоша вест.rnДесниот среден прст: Што и да започнете ќе ви тргне од рака.rnДесниот домал прст: Ќе бидете среќни.rnДесниот мал прст: Ќе чуете вест која не е вистинита.rnЛевиот палец, показалец и среден прст: Ќе победите во кавга со непријател.rnЛевиот домал прст: Ќе примите добра вест.rnЛевиот мал прст: Брзо ќе ги потрошите заработените пари.rnДвете дојки: Ќе започнете со некоја работа.rnДесната дојка: Ќе останете долго на едно место.rnЛевата дојка: Некој ќе направи нешто добро за вас.rnПапокот: Ќе примите почест.rnДесното колено: Ќе најдете богатство во домот.rnЛевото колено: Ќе ви се случи нешто лошо.rnЛистот на десната нога: Ќе се ослободите од нешто.rnЛистот на левата нога: Ќе се разделите со пријател и никогаш повеќе нема да го видите.rnДесната пета: Ќе се радувате на добри вести.rnЛевата пета: Ќе бидете прекорени од повозрасна личност.rnДесниот колк: Ќе добиете зет.rnЛевиот колк: Ќе одите на пат.rnДесниот табан: Ќе ве растажи некоја вест.rnЛевиот табан: Ќе добиете големо богатство.rnПалецот на десната нога: Луѓето за кои сте биле загрижени среќно ќе се вратат од пат.rnПалецот на левата нога: Ќе избегнете напад.

  • Куса историја на пирсингот

    Куса историја на пирсингот

    Пирсинг-културата е позната уште од древни времиња. Првите податоци за неа датираат 4.000-5.000 години пред нашата ера. Од тој период е пронајдена мумија со пирс на увото. Пирсингот на носот пак, за првпат се споменува во Библијата. Според Стариот завет, украсувањето на телото се сметало како знак за убавина и за богатство, особено кога станува збор за бедуинските и за номадските племиња.rnrnЕден од најчестите пирсови меѓу примитивните народи е оној на ‘рскавицата помеѓу ноздрите. Тој преовладувал во воените култури, најверојатно за да изгледаат бестрашни пред непријателот, поради жестокиот изглед на лицето, кој го дава овој детаљ.rnrnКуса историја на пирсинготrnrnКако знак за мажественост и за храброст пирсот бил практикуван и меѓу римските војници. Тие ги дупчеле брадавиците на градите, за да покажат сила, издржливост и почит кон Цезар. Наводно таков украс на телото имал и самиот Цезар.rnrnСепак, низ историјата, најголем мотив за пирсинг биле религиозни убедувања. Египетските фараони носеле обетки на папокот, што претставувало еден вид ритуално преминување од животот на земјата во таканаречениот друг свет.rnrnИ пирсингот на јазикот бил дел од религиозните ритуали на високите свештеници кај Маите, Ацтеките и Шаманите во Централна Америка, како и на некои племиња од Северна Америка. Тие ги дупчеле јазиците за да си пуштат крв. Верувале дека на тој начин ќе го привлечат вниманието на боговите и дека ќе комуницираат со нив.rnrnКуса историја на пирсинготrnrnШироко распространет бил и пирсот на увото. Го практикувале многу племиња. Тие верувале дека демоните и духовите можат да влезат во човечкото тело преку увото, но дека металот ги спречува. Затоа, за да се заштитат од лошите сили, тие ја започнале традицијата на пирсање.rnrnИ морепловците во времето на кралицата Елизабета, ги дупчеле ушите, но не од религиозни побуди, туку од практични причини. Тие носеле златни обетки. Целта била ако во случај на смрт телото им биде исфрлено на брегот, оној што ќе го пронајде, со вредноста на обетката да може да ги покрие трошоците за еден христијански погреб.rnrnКуса историја на пирсинготrnrnПодоцна, во Викторијанската ера модерен станал пирсингот на гениталиите. Необично, но тој ја потврдувал мудроста кај жените. Некои пак, го практикувале едноставно за зголемување на уживањето во сексот.rnrnНа крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години на 20-от век, пирсингот се појавува како форма на протест и на индивидуално самоизразување.rnrnДенес пирсот е масовно прифатен, но како естетска компонента на телото, односно еден вид моден детаљ, особено присутен кај младите луѓе. Неговата популарност се зголемува за време на летните одмори. Подеднакво се практикува како пирсањето на папокот, така и на веѓите, јазикот, устата… Може да се забележи и кај голем број личности од јавниот живот, како спортисти, актери, музичари, па дури и кај некои политичари.rnrnКуса историја на пирсинготrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интересни сознанија за човечкиот организам

    Интересни сознанија за човечкиот организам

    Истражувачите од Универзитетот во Лондон и Универзитетот Милано-Бикока од Италија, дошле до интересни сознанија поврзани со човечкиот организам. Тие докажале дека, она во што гледате, значително влијае на јачината на болката што ја чувствувате. Ако гледате во раката додека ви вадат крв или ве вакцинираат, ќе почувствувате помала болка, отколку ако ја завртите главата на друга страна.rnrnИнтересни сознанија за човечкиот организамrnrnИстражувачите вршеле испитувања на група доброволци на кои рацете им ги изложувале на висока температура, до граница на издржливост. Оние кои својата рака ја гледале во огледало, можеле да издржат за три степени повисока температура од оние чија рака била скриена. Кога раката ја гледале во огледало што зголемува (конкавно), толеранцијата на болка дополнително се зголемувала.rnrnОсвен тоа што истражувачите откриле на кој начин мозокот ја процесира болката, тие се надеваат дека овие истражувања во иднина ќе помогнат во лекувањето на пациенти кои патат од хронични болки.rnrnЕве уште неколку интересни сознанија поврзани со човечкиот организам:rn

    Десното уво за прислушување

    rnЛевото уво подобро препознава музика, но ако сакате да чуете нечиј разговор, користете го десното, бидејќи тоа е надарено да препознава говор, тврди Дејвид Гифин, истражувач од универзитетот во Калифорнија.rnrnИнтересни сознанија за човечкиот организамrnrn

    За успех е важно добро да се наспиете

    rnrnТоа што ќе го прочитате пред спиење подобро и подолго се помни, бидејќи во текот на сонот меморијата се засилува, вели Кенди Хејмгартнер, познат научник. Па затоа, ако треба да научите некој говор, задолжително прочитајте го пред спиење.rnrn

    Полесно до тоалет со фантазија за секс

    rnrnАко морате да одите во тоалет, а во близина го нема, мислете на секс. Тоа ќе го намали непријатното чувство бидејќи ќе го окупира мозокот (и уринарниот систем), вели американскиот специјалист уролог д-р Лери Липшалц.rnrnИнтересни сознанија за човечкиот организамrnrn

    Со стегање на мускулите се штитат очите и видот

    rnrnКратковидоста не е наследна, велат стручњаците, туку најчесто е предизвикана од предолго гледање во монитор. Со наизменично стегање и отпуштање на мускулите на телото, се одмораат очите и се вежба видот.rnrn

    Со надразнување на вистинските нерви полесно се дише

    rnrnСтимулирањето на нервите во увото доведува до создавање рефлексно надразнување, кое може да предизвика грч на мускул во грлото, вели американскиот оториноларинголог Скот Шафер. Ваквиот грч го олеснува грепкањето и скокоткањето во грлото.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.