КАФЕ ПАУЗА

Tag: утро

  • Според научник од Оксфорд, одењето на училиште и работа пред 10 часот е слично на мачење

    Според научник од Оксфорд, одењето на училиште и работа пред 10 часот е слично на мачење

    Научникот доктор Пол Кели од Универзитетот Оксфорд, неодамна изјавил нешто што веројатно има влијание врз речиси секој. Тој ги истражувал облиците на мачење во денешното, модерно време и открил дека одењето на училиште и на работа пред 10 часот наутро е најчестиот вид мачење од сите.rnrnСпоред научник од Оксфорд, одењето на училиште и работа пред 10 часот е слично на мачењеrnrnДоктор Кели изјавил дека секој од нас има свој „телесен часовник“, познат како циркадиски ритам. Овој телесен часовник е однапред програмиран, така што не може да се промени. Па присилувањето секое утро да се будиме навистина рано за да стигнеме некаде, многу порано пред нашите органи и мозок да бидат подготвени, значи дека се бориме против нашиот внатрешен часовник. Ова, се разбира, има негативни последици врз нашето здравје.rnrnДоктор Кели верува дека недостатокот од сон е интернационален проблем и дека може да биде опасен по нашето здравје. На пример, започнувањето на часовите или работното време пред 10 часот наутро, може да предизвика лишување од сон и емоционален и физички стрес.rnrnНаучникот ја тестирал неговата теорија во едно училиште во Велика Британија, кое го поместило почетокот на часовите од 8 и 30, во 10 часот наутро. Тој дошол до заклучок дека по некое време се поправа недостатокот од сон и генералната продуктивност на учениците. Се забележало и подобрување на нивните оценки.rn

    Зошто тогаш продолжуваме да се мачиме?

    rn8-часовното работно време е смислено на почетокот на 20-тиот век, со цел максимално да се искористи продуктивноста на работниците. Но тогаш не бил земен предвид телесниот часовник кој треба да биде усогласен со сончевата светлина, а не со шефовите на работа.rnrnЗа жал, сè уште се наоѓаме во стариот систем и не размислуваме за тоа што му е потребно на нашето тело. Кога секој би го слушал своето тело и би се будел природно, тогаш неговото работење ќе биде попродуктивно и ќе се чувствува посреќно.rnrnНаводно, утрото треба да го искористиме за себе и за нашиот личен развој. Треба да медитираме, вежбаме, планираме, читаме и да си подготвиме здрав појадок, а не бесмислено да брзаме да стигнеме на училиште или на работа. Овие обврски би требало да започнуваат во 10 часот и да траат до 14 часот попладне.rnrnКое е вашето мислење за ова? Дали би било подобро работниот ден да ви започнува малку подоцна и да ви трае пократко?rnrnЗнаете ли зошто вашиот работен ден треба да биде пократок?

  • Kако изгледаат утринските кафиња во различни држави?

    Kако изгледаат утринските кафиња во различни држави?

    Секое утро, милиони луѓе ширум светот го започнуваат својот ден со шолја кафе. Но, скоро секоја држава и култура има свој уникатен начин на подготовка. Направивме мало истражување и одбравме дел од најинтересните кафиња ширум светот. Уживајте!rn

    Кафе со јајце (Виетнам)

    rnrnrnОсновните состојки се жолчка од јајце, кондензирано млеко, шеќер и топло кафе.rn

    Кафе лапланд (Финска)

    rnrnrnЛокално сирење се става во шолја пред да се прекрие со кафе.rn

    Еспресо (Италија)

    rnrnrnСтанува збор за класичен рецепт за еспресо, но со додадено парче лимон.rn

    Млеко со кафе (Аргентина)

    rnrnrnАргентинците уживаат во млеко со пена, со само неколку капки силно кафе.rn

    Кафе бонбон (Шпанија)

    rnrnrnОвој рецепт содржи само две состојки – еспресо и кондензирано млеко.rn

    Зачинето кафе (Мароко)

    rnrnrnМароканците мешаат сосема обични зрна кафе со сусам, бибер и морско оревче и добиваат необичен, но силен пијалак.rn

    Кафе со чај (Хонг Конг)

    rnrnrnЗа овој рецепт ќе ви бидат потребни црн чај, кондензирано млеко и кафе.rn

    Фрапе (Грција)

    rnrnrnКафе, сладолед, кондензирано млеко и малку ледена вода – највкусното фрапе што сте го пробале.rn

    Фаризиер (Германија)

    rnrnrnОвој пијалак бил измислен во Германија со цел да се скрие присуството на алкохол на семејните собири. Тие додаваат рум во кафе со шлаг пена.rn

    Кафе туба (Сенегал)

    rnrnrnЗа време на процесот на печење на зрната кафе, се додава бибер гвинеја и потоа се подготвува како обично кафе.rn

    Кафе со лук и мед (Турција)

    rnrnrnОва е популарна комбинација во Турција, што некогаш се нарекува и Стариот рецепт на Мур.rn

    Кафе со портокал (Јамајка)

    rnrnrnПокрај парче портокал, кафето од Јамајка вклучува и доза рум.rnrnПогледнете го и нашиот водич низ светот за зависниците од кафе.

  • 6 нешта што можете да почнете да ги правите наутро ако немате утринска рутина

    6 нешта што можете да почнете да ги правите наутро ако немате утринска рутина

    За секој човек функционираат различни активности наутро, па нема еден рецепт за „совршен“ почеток на денот. Но развивањето постојана рутина која ги задоволува вашите потреби е важно бидејќи не само што ќе ја зголемите продуктивноста, туку ќе се чувствувате и посреќно. Ако ви се потребни неколку идеи, погледнете ги предлозите во продолжение.rnrn6 нешта што можете да ги правите наутро ако немате утринска рутинаrn

    1. Ограничете ја употребата на телефонот

    rnДали сакате да листате низ социјалните мрежи веднаш штом ќе се разбудите? Не сте единствените. Иако можеби најдобро е целосно да се откажете од технологијата наутро, ова не е многу реалистично. Па, одличен чекор напред е да ја ограничите употребата на телефонот наутро. Проверете го телефонот во случај да имате некоја итна порака од некого и оставете го.rn

    2. Размрдајте се

    rnНекои луѓе можат да издржат напорен тренинг уште пред изгрејсонцето. Ако вие спаѓате овде, секоја чест. Но повеќето сакаат понежен почеток на денот, а вежбите со ролер од пена се одлични за ова. Оваа техника за масирање ја поттикнува циркулацијата на крвта. Покрај тоа можете да вежбате дури и во вашите пижами.rn

    3. Испланирајте награда за себе

    rnИстражувањата покажале дека ако планирате некаква награда за себе наместо веднаш да уживате во неа, исчекувањето ја зголемува вашата среќа. Во истражување од 2010-та година се покажало дела луѓето кои оделе на одмор позадоволни биле во текот на исчекувањето отколку на самото патување. Очекувањето на нешто забавно на ефективен начин ќе го подобри вашето расположение.rn

    4. Навадете растение

    rnГрадинарството може да ви служи како потсетник дека вие не сте во центарот на универзумот. Грижата кон себе е приоритет во секоја утринска рутина. Но грижата за друго живо битие, растение или домашно милениче, ќе ви помогне да се приземјите и да го тргнете фокусот од вашите грижи. Покрај тоа некои растенија докажано го подобруваат расположението и го намалуваат стресот.rn

    5. Утринската рутина за нега на кожата претворете ја во танцување

    rnИсчистете го лицето по ритамот на музиката. Истражување од 2014-та година покажало дека музиката со посилен бас може да направи да се чувствувате помоќно за разлика од другите видови. Па, слободно танцувајте и во вторник како да е петок.rn

    6. Употребувајте стикери за да останете свесни

    rnНаутро лесно е да почнете да размислувате што треба да направите следно и да заборавите да уживате во сегашниот момент. Но важно е да користите визуелни потсетници за да дишете наутро. Поставете стикер со точка во боја насекаде низ вашиот дом. Секогаш кога ќе ја забележите точката почнете да дишете свесно. Ако чувствувате стрес наутро, оваа техника ќе ве релаксира.rnrnПогледнете и кои се утринските навики што ќе ви помогнат да ја загубите непосакуваната тежина.

  • Кафе, трчање и туширање: Како е најдобро да го започнете денот со партнерот?

    Кафе, трчање и туширање: Како е најдобро да го започнете денот со партнерот?

    Утрото го одредува расположението за целиот ден. Поради ова важно е да го поминете на правилен начин. Не секој знае што значи добро утро, а уште повеќе луѓе се сомневаат дека утрото може да биде добро. Тешко е да се верува во добро утро кога страдате од недостаток на спиење и депресивната помисла дека треба да одите на работа.rnrnКафе, трчање и туширање: Како е најдобро да го започнете денот со партнерот?rnrnСе разбира, навистина е тешко да го започнете денот кога се чувствувате уморно. За да ја избегнете оваа ситуација, потребна ви е саканата личност со која ќе го делите утрото и нештата ќе ви изгледаат подобри.rnrnНа возрасната личност ѝ се потребни околу 8 часа сон секоја вечер, и навистина е важно сонот да биде квалитетен. Во спротивно ќе се чувствувате заморно дури и ако си легнете порано. Но не е важно само како спиете. Важно е и како ќе го поминете вашето утро. Овие утрински ритуали се непроменети со години и ќе ви помогнат барем малку да го подобрите вашето утро.rn

    Кафе

    rnУтринското кафе е најважниот утрински ритуал за многу луѓе. Може да биде придружувано со некоја утринска програма, книга или да го пиете на патот кон работа. Иако некои луѓе се убедени дека кафето е навистина штетно, сепак постои причина зошто овој пијалак е корисен наутро.rn

      rn 011

    • Кофеинот го блокира аденозинот кој е одговорен за вашата раздразливост. Кафето го стимулира мозокот, ја зголемува енергијата и го подобрува расположението.
    • rn 011

    • Кафето ги зголемува менталните и физичките способности.
    • rn 011

    • Кафето го намалува ризикот од депресија.
    • rn 011

    • Кофеинот им годи на концентрацијата и на вниманието.
    • rn 011

    • Кафето го забрзува вашиот метаболизам со тоа поттикнувајќи го слабеењето. Исто така, истражувачите покажале дека љубителите на кафе поретко настинуваат и имаат помал ризик од прерана смрт.
    • rn

    rnНормално, важно е да бидете умерени. Една шолја кафе е добар додаток на појадокот со љубениот.rn

    Трчање

    rnТрчањето не е единствената физичка активност што можете да ја правите со партнерот. Која било кардио вежба е добар начин да го започнете денот. Трчањето можете да го замените со теретана, пливање, возење велосипед или секс. Важно е да го „размрдате“ вашиот кардиоваскуларен систем. Кардио вежбите се корисни за повеќе работи.rn

      rn 011

    • Го намалуваат стресот, па ќе се чувствувате релаксирано и среќно.
    • rn 011

    • Ги спречуваат депресијата и анксиозноста.
    • rn 011

    • Ја подобруваат функцијата на мозокот и кардиоваскуларниот систем.
    • rn 011

    • Ја зголемуваат издржливоста.
    • rn 011

    • Ја нормализираат активноста на срцето.
    • rn 011

    • Го забрзуваат метаболизмот.
    • rn

    rnПокрај тоа, трчањето ќе ве наполни со енергија и ќе ви помогне да се ослободите од проблемите со спиењето.rn

    Ладен туш

    rnПо кардио вежбите најдоброто нешто што можете да го направите е да се разладите со туширање. Најдобро е водата да биде навистина студена. За да не предизвикате стрес на вашиот организам, започнете со топла вода и постепено менувајте ја кон студена. Од ладниот туш има неколку придобивки.rn

      rn 011

    • Ја зголемува вашата волја и издржливост.
    • rn 011

    • Го зајакнува имунитетот.
    • rn 011

    • Го зголемува нивото на тестостерон.
    • rn 011

    • Го зголемува нивото на енергија и го подобрува расположението.
    • rn 011

    • Го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењето.
    • rn 011

    • Ја подобрува циркулацијата на крвта.
    • rn

    rnЛадниот туш наутро е одличен начин да се расположите и да се подготвите за работниот ден.rnrnПогледнете и кои се нештата што треба да си ги кажувате секое утро.

  • Што сè успеваат да направат ранобудниците додека другите уште спијат?

    Што сè успеваат да направат ранобудниците додека другите уште спијат?

    Ако сметате дека сте ранобудник со тоа што се будите околу 6 и 30 или 7 часот, тогаш може да бидете изненадени кога ќе чуете дека има и такви кои се будат помеѓу 3 и 4 часот наутро и веќе имаат воспоставени рутини и активности. Луѓето кои се будат рано тврдат дека утрата се неверојатни, а долгиот дневен циклус ги исполнува со енергија за наредниот ден. Секако, сето тоа го прават кога другите уште спијат.rnrnШто успеваат да направат ранобудните додека другите уште спијат?rnrnСпоред ранобудниците, важно е да се „фати“ денот и обврските да се завршат додека надвор има дневна светлина, што е сосема нормален и посакуван ритам на функционирање на човековото тело. Оние кои спијат до доцна пропуштаат значаен дел од денот и прекратко се изложени на сончеви зраци. Сепак, без разлика кога се будиме, важно е да се запази правилото на најмалку 7, а најмногу 8 часа ноќно спиење. Ова се рутините на неколку ранобудници што е добро да ги знаете…rn

    1. Венди П., 40 години, обвинителка, авторка и предавачка на универзитет

    rnБудење: Околу 3 часот наутро, вообичаено без алармrnrnЗаспивање: 20 часот, секогаш кога можеrnrnУтрински рутини:rnrn3:00 – Будење и пиење кафе, почнува со пишување веднашrn4:00 – Појадок и подготовка на статии и презентацииrn6:00 – Вежбање со неколку од колегите пред започнување на работното времеrnrnТаа се држи до строго дефинирани активности по работното време, за да може да стигне да се подготви за спиење во 20 часот.rn

    2. Линди Л., 46 години, воспитувачка

    rnБудење: Околу 4 часот наутро, најдобро во 3 и 45rnrnЗаспивање: Периодот меѓу 22 и 22 и 30rnrnУтрински рутини:rnrn4:00 – Будење и смирување на телото, мислите и чувстватаrn4:05 – Вежби за длабоко дишењеrn4:10 – Пиење околу еден литар водаrn4:15 – Зацртување на дневните цели, молење и медитацијаrn4:20 – Вежби за лесно истегнувањеrn4:45 – Подготовка за работниот денrn5:15 – Читање дневни веснициrn5:20 – Подготовка и пиење витамински пијалакrn5:45 – Излегување од домаrnrnТаа смета дека утрата се магични и дека времето коешто си го посветуваме во утринските часови е најдобро нешто што можеме да си го дозволиме.rn

    3. Кејт С., 36 години, лиценциран диететичар

    rnБудење: Помеѓу 4 и 15 и 5 и 30 наутроrnrnЗаспивање: Помеѓу 21 и 22 часот навечерrnrnУтрински рутини:rnrn4:30 – Будење, подготовка на кафе и пиење витамински пијалакrn4:45 – Пиење кафе и прелистување весници и списанијаrn5:00 – Медитирањеrn5:30 – Подготовка, 45-минутно вежбање и туширање со топла водаrn6:45 – Подготовка на зелено смуди за во текот на денотrn7:15 – Тргнување на работаrnrnКејт веќе со години го практикува раното будење, но уште го нема навикнато телото самото да ѝ се буди во тој период, па затоа секогаш мести аларм.rnrnШто успеваат да направат ранобудните додека другите уште спијат?rn

    4. Брајана М., 25 години, блогерка и авторка

    rnБудење: Околу 4 и 30 и 5 часот наутроrnrnЗаспивање: Помеѓу 20 и 30 и 21 и 30rnrnУтрински рутини:rnrn4:30 – Будење, планирање на денот, па правење вежби за истегнувањеrn5:00 – Редовно дополнување на листата на нешта за кои е благодарнаrn5:15 – Вежбање на лента за трчањеrn5:45 – Еден час јога и медитирањеrn6:45 – Туширањеrn7:00 – Подготвување на децата за во училиштеrn7:30 – Појадок со семејствотоrnrnТаа ги прави сите овие нешта за да се осигури дека за тој ден ќе биде исполнета со позитивна енергија, што ќе ѝ донесе успех. Ваквиот начин на функционирање ја релаксира.rn

    5. Кари С., 52 години, консултантка за социјални мрежи и авторка

    rnБудење: Меѓу 4 и 30 и 5 и 15 наутроrnrnЗаспивање: Периодот меѓу 20 и 30 и 22 часотrnrnУтрински рутини:rnrn4:30 – Будење, подготовка на кафе и пуштање на кучињата надворrn4:45 – Почнување со дел од работата, додека ужива во свежото кафеrn5:50 – Завршување на работата и подготовка за пливањеrn6:00 – Пливање околу еден часrn7:00 – Работење уште неколку часа пред подготовка на оброкrnrnСпоред Кари, продуктивноста е најголема во утринските часови, а понатаму може нагло да падне, па затоа е важно уште рано да се започне денот.rnrnПогледнете ги останатите 5 рутини на следната страница…rn

  • Зошто треба да бидете себични наутро?

    Зошто треба да бидете себични наутро?

    Не е тешко да убедите некого да станува порано. Кога ќе го започнете денот порано, особено ако сте зафатени, одлично е да имате некој час повеќе за извршување на обврските.rnrncoffeernrnУтринската рутина на повеќето од нас е иста. Се будиме, пиеме кафе, се подготвуваме и одиме на работа. Со овој пристап, ние им служиме на другите уште во раните утрински часови. Но, важно е да престанете да се фокусирате на другите пред 8 часот наутро. Погледнете зошто, и како да го направите тоа.rnrnЕдинствената причина за постојаното рано станување наутро е бидејќи сакате нешто да направите. Ако немате што да направите, можете да се присилувате да се разбудите, но тоа нема да функционира добро. Бидејќи постојаноста е најдобриот начин да ги постигнете вашите цели, треба да имате нов пристап кон работите. Зарем нема постојано да бидете мотивирани да правите нешто што е добро за вас? Следејќи ја оваа логика, ви препорачуваме да ги користите првите часови од денот само за вас.rnrnЗа да го постигнете ова, едноставно променете го мерилото за успешноста на вашето утро. Најдете мерило кое ќе ве подобри како личност, наместо да се мерите со нешто во кое баш и не верувате. На пример, наместо да работите на проектот од работа или да одговарате на пораките, искористете го утрото за вежбање (или за нешто што ви причинува задоволство). Штом сте направиле нешто такво, може да почнете со работење. Наместо рутина која е поставена околу продуктивноста на вашето работно место, вашето утро нека биде уживање и грижа за себе. За кратко време со задоволство ќе се будите во 5 наутро.rnrnКога ќе дојде време за работа, вашето расположение ќе биде подобро и многу подобро ќе им служите на другите. Со овој „експеримент“ ќе научите нешто важно – не можете да им дадете на другите нешто што го немате. Вашето чувство на исполнетост и среќа директно се поврзува со вашето здравје, продуктивност и способноста да им служите на другите.rnrnАко имате проблем со станување наутро, кога ќе се разбудите приоритет нека ви бидат „себичните“ работи. Може да одвоите 30 минути или 2 часа. Времето не е важно, важно е да одберете активност во која уживате. Не само што ќе се чувствувате подобро, туку и луѓето со кои ќе бидете опкружени ќе имаат придобивки од вашето расположение и вашата продуктивност.rnrnПогледнете уште неколку причини зошто е добро да станувате 2 часа порано.

  • 30-секундни утрински ритуали за здрав и позитивен почеток на денот

    30-секундни утрински ритуали за здрав и позитивен почеток на денот

    Можеби не сакате да се будите рано, но доколку тоа е дел од вашиот живот, тогаш морате да го прифатите тоа. Она што можете да го направите е секое утро да го претворите во убаво, радосно и здраво, а еве кои ситни утрински ритуали од 30 секунди ќе ви помогнат во остварувањето на оваа цел.rnrn1-utrinski-rituali-od-30-sekundi-za-da-go-zapochnete-denot-na-zdrav-i-pozitiven-nachin-www.kafepauza.mk_rnrn1. Не го одложувајте алармот! Ставете го телефонот што е можно подалеку од креветот и станете за да го исклучите. Тоа е тоа, веќе сте на нозе и се чувствувате поодморено отколку да сте продолжеле да спиете „уште само 5 минути“.rnrn2. Протегнете се во креветот. О да, тоа ќе ви пријае и веднаш ќе се почувствувате подобро и посреќно.rnrn3. Тргнете ги завесите! Нека светлината навлезе во вашата соба автоматски подигнувајќи го вашето расположение.rnrn4. Испијте витамин Ц или некои мултивитамини. Сигурно не внесувате витамини во онаа мера колку што е потребено.rnrn5. Завршете го туширањето со ладна вода. Сигурно веќе знаете дека тоа е доста здраво.rnrnrnrn6. Испијте чаша вода. Пред кафето!rnrn7. А потоа, подгответе го вашето омилено кафе. Секако дека морате да имате некое задоволство во животот полн со утрински будења.rnrn8. Исклучете го телефонот. Пораките ќе стојат и еден час подоцна, кога ќе се разбудите.rnrn9. Запалете свеќа. Изберете ја онаа со најсвежиот мирис и уживајте.rnrn10. Повторувајте некоја позитивна изрека. Можеби првиот пат ќе ви звучи чудно и лудо, но потоа ќе се навикнете. Никогаш не заборавајте – какви се вашите мисли таков е и вашиот живот.rnrn3-utrinski-rituali-od-30-sekundi-za-da-go-zapochnete-denot-na-zdrav-i-pozitiven-nachin-www.kafepauza.mk_rnrn11. Кога ги миете забите, задолжително исчистете го и јазикот. Нема да имате лош здив, но затоа ќе имате поголема насмевка.rnrn12. Помирисајте лимон или нешто од лимон. Ова го редуцира стресот.rnrn13. Полевајте ги билките. Ако имате билки во просторијата, тоа ќе придонесе за здрав и долговечен живот.rnrn14. Направете листа со задачи. Бидејќи тоа е чекор поблиску до целта, а чекор подалеку од стресот.rnrn15. Нанесете хидратантна крема. Заблагодарете ни се подоцна.rnrn4-utrinski-rituali-od-30-sekundi-za-da-go-zapochnete-denot-na-zdrav-i-pozitiven-nachin-www.kafepauza.mk_rnrn16. Испијте уште една чаша вода. Бидејќи, хидратацијата е многу важна.rnrn17. Кажете си дека изгледате убаво. Повторно, можеби звучите лудо во вашиот ум, но оваа навика навистина има придобивки за вашите среќа и самодоверба.rnrn18. Појадувајте. Јајца, овесна каша, житарки… Изберете!rnrn19. Пуштете ја омилената песна. Малку танцувајте и опуштете се.rnrn20. Средете го креветот. Ќе се чувствувате подобро подоцна.rnrn5-utrinski-rituali-od-30-sekundi-za-da-go-zapochnete-denot-na-zdrav-i-pozitiven-nachin-www.kafepauza.mk_rnrn21. Вдишете длабоко неколку пати. Веднаш ќе се почувствувате опуштени и смирени.rnrn22. Направете некоја вежба. Тоа ќе ви помогне да се размрдате и да го поправите вашето расположение.rnrn23. Средете ја собата. Немојте да бидете мрзливи и неуредни! Како и со случајот со креветот, ќе ви биде полесно подоцна.rnrn24. Посакајте му добро утро на секој околу вас. Овие ситници навистина позитивно влијаат на вашето расположение, а со самото тоа и поздраво.rnrn25. Смејте се, постојано. Доволно е кажано.rnrn6-utrinski-rituali-od-30-sekundi-za-da-go-zapochnete-denot-na-zdrav-i-pozitiven-nachin-www.kafepauza.mk_rnrnДоколку сакате утрата да ги прилагодите според вашата личност и карактер, тогаш погледнете која е вашата идеална утринска рутина според хороскопскиот знак.

  • Која ви е идеалната утринска рутина според вашиот хороскопски знак?

    Која ви е идеалната утринска рутина според вашиот хороскопски знак?

    Утринската рутина за многумина е многу важна работа, бидејќи го олеснува нивниот живот и го прави помалку хаотичен. За да го искористите утрото поефикасно и да го обликувате според вашата личност, ви откриваме како би требала да изгледа вашата утринска рутина според вашиот хороскопски знак.rnrn1-koja-e-vashata-idealna-utrinska-rutina-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnВашиот знак наутро: Станувате од креветот расположени и подготвени за да го започнете новиот ден. Брзи сте и се обидувате да извршите повеќе работи во краток временски период. Веднаш наутро сакате да завршите некоја конкретна задача за да знаете дека вашиот ден започнал.rnrnВашата идеална утринска рутина: Бидејќи сакате утра полни со енергија, изберете активност од која вашето срце ќе зачука побрзо – многу Овни ќе започнат да вежбаат наутро. Сексот исто не е лош избор. Појадокот кој ќе го изедете во движење е најдобриот избор за вас, бидејќи не сакате да седите и да јадете пополека во мир. Не ви е потребно многу време за да се облечете, па затоа не морате да се будите порано како би заштедиле време. Откако ќе се истуширате наутро, вие сте подготвени за акција.rn

    Бик

    rnВашиот знак наутро: Откако ќе се разбудите, вие не сте премногу комуникативни, барем не до првото утринско кафе. Потребен ви е простор и не сакате да ве брзаат, бидејќи наутро не сте баш најбрзи. Преголемата стимулација во раните утрински часови може сосема да ве полуди.rnrnВашата идеална утринска рутина: Сакате лесни и смирени утра. Слушањето инструментална музика додека се подготвувате за на работа ќе ви делува доста смирувачки. Вежбањето наутро едноставно не е создадено за вас. Подобро изберете да вежбате попладне или после работа.rn

    Близнаци

    rnВашиот знак наутро: Наутро сте прилично комуникативни. Сакате да разговарате и знаете што се случува на социјалните мрежи веднаш штом се разбудите.rnrnВашата идеална утринска рутина: Вие сте многу друштвени наутро. За вас утрото е најдоброто време за дружење со семејството и со пријателите, било по пат на телефон или некоја социјална мрежа.rn

    Рак

    rnВашиот знак наутро: Наутро не ви се брза да станете од креветот, но кога еднаш ќе станете, фокусирани сте на другите личности, бидејќи сакате да се грижите за нив. Ќе одвоите време и за себе наутро, бидејќи едноставно уживате во целиот утрински процес на подготвување за новиот почеток на денот. Воедно, многу сте тивки и сакате мирни утра.rnrnВашата идеална утринска рутина: Идеалното утро вклучува преземање на грижата околу некој друг, но и за себе. Денот кој започнал со туширање или купка пред да се фокусирате на другите работи околу себе, совршено ќе одговара за вас. Подгответе појадок за вашето семејство, утринско кафе или пратете му порака на некој пријател кој подготвува забава и прашајте го дали му е потребна помош.rnrn2-koja-e-vashata-idealna-utrinska-rutina-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Лав

    rnВашиот знак наутро: Да кажеме дека утрото не е време во кое ќе заблескате. Тешко е да ве разбудат наутро, а кога тоа ќе се случи, можете да бидете мрзливи. Прилично сте комплицирани на ваш едноставен начин, но кога еднаш ќе ја извршите утринската рутина, набрзо се појавува и вашата забавна и креативна страна.rnrnВашата идеална утринска рутина: Сакате мирни утра и кога сѐ можете да држите под контрола, бидејќи вас од рамнотежа многу лесно може да ве исфрлат некои неочекувани ситуации. На пример, ако ја делите бањата со некој кој е недоследен во својата рутина, воспоставете утрински распоред така што нема да очекувате да видите некого под тушот во времето кога би требало да си ги мие забите. Бидејќи утрото не ви е најдраго, одвојте дополнително време за да не доцните на факултет или на работа.rn

    Девица

    rnВашиот знак наутро: Им робувате на вашите навики, па затоа сите ваши утра изгледаат поприлично исти.rnrnВаша идеална утринска рутина: Насочени сте кон една цел. Вежбањето наутро според распоредот совршено ви одговара, бидејќи сакате да имате задачи пред себе кои можете да ги извршите, а подеднакво така можете да направите листа од домашни задачи, како што е фрлање на ѓубрето. Немојте да брзате, но добро проценете колку време ви е потребно наутро. Оставете малку време и за туширање.rn

    Вага

    rnВашиот знак наутро: Сакате да бидете во близина на познати личности веднаш штом отворите очи. Ништо не правите на брзина, дури ни наутро и секогаш изгледате најубаво што можете.rnrnВашата идеална утринска рутина: Наутро сакате да потрошите време на подготвување на вашата модна комбинација, фризура и шминка, па затоа многу мала е веројатноста дека ќе продолжите да спиете откако ќе ви заѕвони алармот. Сакате да вложувате многу енергија во своите врски, па затоа ќе направите нешто убаво за вашиот партнер. Можете да му сварите кафе или да му оставите слатка порака. Драгите личности ви даваат позитивна енергија, сакате дружење и комуникативни сте наутро, па секогаш накратко им се јавувате на пријателите или на некој член од семејството.rn

    Скорпија

    rnВашиот знак наутро: Копнеете по нови информации секој момент и веднаш штом отворите очи сакате да ги дознаете сите новости кои се случиле. Наутро не сте премногу расположени.rnrnВашата идеална утринска рутина: Наутро би требало да пронајдете начин како да го подобрите вашето расположение. Утринското вежбање не ви е тешко, но бидејќи не сакате дружење, договорете термин кога ќе можете да вежбате сами. Подоцна, издвојте време не само за да ги прочитате насловите, туку и за да го прочитате целиот весник, бидејќи сте вистински зависник од вести.rnrn3-koja-e-vashata-idealna-utrinska-rutina-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Стрелец

    rnВашиот знак наутро: Никогаш не го продолжувате алармот и имате тенденција да се будите со визија што сакате да постигнете тој ден. Ако треба нешто да завршите, подготвени сте да се разбудите во 4 наутро за да го извршите. Сакате мултитаскинг, бидејќи времето за вас е драгоцено и треба паметно да го искористите.rnrnВашата идеална утринска рутина: Сакате секој ваш ден да има цел. Станувате рано, вежбате или го трошите времето на некој проект. Лојални сте на вашето работно место и не си ги одложувате обврските.rn

    Јарец

    rnВашиот знак наутро: Не излегувате веднаш од креветот, но не го продолжувате алармот наутро кога ќе заѕвони. Јарците сакаат да стануваат секој ден во точно исто време, за да ги извршат своите утрински задачи. Фанови се на „работната униформа“, бидејќи носат слична облека секој ден.rnrnВашата идеална утринска рутина: Идеалното утро според вашиот знак би започнало со некоја работа. Дисциплинирани сте и пред да излезете од домот сакате да ја завршите работата која сте ја започнале. Бидејќи веќе имате „формула“ за облека, имате доволно време наутро за други обврски.rn

    Водолија

    rnВашиот знак наутро: Непредвидливи се. Не сакаат да им се кажува што да прават и имаат проблеми со одржувањето на рутината и придржувањето до распоредот. Ним, две утра никогаш не им се исти. Секогаш сакате да дознаете што се случува во светот, па затоа сакате да разговарате со луѓето и да дознаете што сѐ се случило додека сте спиеле.rnrnВашата идеална утринска рутина: Можеби ќе се критикувате, бидејќи не сте се држеле до распоредот, но реалноста е дека тоа нема да се случи. Ако сакате да станете рано и да вежбате, одлично. Ако ви се спие малку подолго, отспијте, но внимавајте да не задоцните на работа. Во секој случај, одвојте време за активностите кои ги сакате.rn

    Риба

    rnВашиот знак наутро: Сакате да спиете. Доколку се прашувате вие, би останале цел ден во креветот. Еднаш кога ќе станете не сакате да ве брзаат. Сакате вашиот ден да започне полека.rnrnВашата идеална утринска рутина: Удобно и смирено, тоа е вашето мото. Ако ви дозволува времето, подгответе си кафе и појадок во коишто ќе уживате во кревет. Заедно со нив, прочитајте ги новостите. После тоа, полека истуширајте се и подготвени сте за новиот почеток на денот. Клучот е само да станете доволно рано за да ги извршите сите задачи.rnrn4-koja-e-vashata-idealna-utrinska-rutina-spored-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rnrnВо продолжение прочитајте како наутро се будат хороскопските знаци.

  • Не ги сакате утрата? Науката докажува дека причината за тоа можеби е генетска

    Не ги сакате утрата? Науката докажува дека причината за тоа можеби е генетска

    Дали ви е тешко да станувате рано наутро без оглед на тоа кога сте си легнале? Не грижете се! Најновите истражувања покажале дека тоа можеби воопшто не е ваша вина. Имено, дали ќе бидете ноќна или утринска птица најверојатно зависи од вашата генетика. Мајкл В. Јанг го проучувал спиењето повеќе од 45 години и открил дека постои генетска мутација која одредува дали луѓето ќе можат да стануваат рано или не.rnrnНе ги сакате утрата? Науката докажува дека причината за тоа можеби е генетскаrnrnАко досега сте мислеле дека не ги сакате утрата поради тоа што правите нешто погрешно, сега може да бидете сигурни дека тоа не е вистина. Најверојатно сте се изнаслушале еден куп совети како што се да се откажете од кофеинот, да си легнувате порано, да ја смените исхраната и слично, доколку сакате да станувате рано со леснотија. Можеби и сте се обиделе со некои од овие работи, но сепак не сте забележале никакви резултати.rn

    Дали љубовта кон утрата зависи од генетиката или од начинот на живот?

    rnИстражувањето на Јанг ја открило генетската мутација по име CRY1 која го одложува внатрешниот часовник кај луѓето што ја имаат за неколку часа и на тој начин ги принудува да спијат и да станат подоцна. Луѓето еволуирале низ вековите со цел да се адаптираат на промените во светлината и температурата и нашите тела произведуваат посебни ензими кои го поттикнуваат будењето и спиењето, поради што станувањето пред да изгрее сонцето е нешто неприродно. Пред да изгрее сонцето, нашите тела сѐ уште не ги излачиле ензимите за будење кои го поттикнуваат апетитот. Спротивно на тоа, доколку сте изложени на светлина пред да заспиете, вашето тело нема да може да произведе мелатонин кој ви помага да заспиете.rnrnТелата на луѓето што ја имаат мутацијата CRY1 не ја добиле информацијата за будење и заспивање со ензими и затоа многу често личат на зомбиња. Тешко им е да функционираат нормално, особено ако имаат типично работно време од 9.00 до 17.00. Тие се постојано исцрпени.rnrnНе ги сакате утрата? Науката докажува дека причината за тоа можеби е генетскаrn

    Дали можете да се претворите во утринска птица?

    rnДали би можеле да го промените ова и покрај тоа што имате генетска мутација? Според Јанг, тоа е возможно, но станува збор за постојана борба. Една од испитаничките во истражувањето на Јанг била ноќна птица, нејзините тестови за генетска мутација биле позитивни и имала работа поради која морала да станува околу 5 часот наутро. Таа морала да се држи до строг распоред и да се буди во 5 часот наутро секој ден, дури и за време на викендите за да може барем делумно да го промени циклусот на спиење и будење. Сепак, оваа вежба барала голема упорност и истрајност.rn

    „Ако таа спие до подоцна за време на викендите, тоа може да предизвика секакви проблеми“, изјавил Јанг.

    rnСпиењето и будењето се базираат на ритмичка шема, позната како биолошки ритам. Ако го нарушите овој природен ритам на каков било начин, тоа може да предизвика проблеми со спиењето. За жал, современото општество е навикнато да си го саботира спиењето. Освен тоа, ако отсекогаш ви било лесно да заспиете, но сега ви е потешко, вашиот смартфон, компјутер или таблет се најголемите виновници за тоа. Според едно австралиско истражување, иако сета вештачка светлина може да ви го наруши спиењето, сината краткобранова светлина што се емитира од електронските уреди предизвикува најголеми проблеми и активно го попречува производството на мелатонин.rnrnНе ги сакате утрата? Науката докажува дека причината за тоа можеби е генетскаrn

    Па, што можете да направите?

    rnЗа жал, не постои волшебно стапче кое ќе ве претвори во утринска птица. Меѓутоа, тоа што не сакате да се разбудите со изгрејсонцето не значи дека сте неуспешни. Не мора да се принудувате себеси да ги засакате утрата, ако тоа ве прави несреќни. Можеби треба да се обидете да бидете искрени околу вашите потреби и да го прилагодите работното време што е многу полесно да се направи денес за разлика од порано.rnrnОсвен тоа, истражувањата покажале дека ноќните птици имаат повисока интелигенција, така што ако утринските рутини ви претставуваат проблем, можете да се утешите со фактот дека имате поголеми когнитивни способности од утринските птици. Иако сте уморни, не заборавајте дека сте исто така и многу паметни. Доволно паметни за да знаете дека треба да дремнете и да се напиете кафе.rnrnДоколку не се сметате себеси за утринска птица, прочитајте зошто луѓето кои се мачат да станат од спиење се поинтелигентни.

  • Ако сакате да се разбудите среќни, пробајте го овој трик со вашиот будилник

    Ако сакате да се разбудите среќни, пробајте го овој трик со вашиот будилник

    Ако сте како повеќето луѓе, сигурно користите будилник. И кога ќе ве разбуди се чувствувате како нешто да ве удрило по глава, па како зомби набрзина станувате од вашиот кревет за на крај да се сопнете од нешто на подот. Кога ќе размислите подобро, будилникот е еден од најлошите начини да го започнете вашиот ден.rnrnako-sakate-da-se-razbudite-srekjni-probajte-g-ovoj-trik-so-vashiot-budilnik-kafepauza.mkrnrnДобра вест е што постои замена за традиционалниот будилник, а тоа е часовник кој симулира дневна светлина. Овој тип будилник почнува да ве буди 30-тина минути пред вашето време за станување. Започнува со слаба светлина која полека се појачува до моментот кога треба да се разбудите. Има многу здравствени придобивки од природното будење со светлина. Не само што е многу помирно, туку е и поприродно за вашето тело.rn

    Здравствени придобивки од будењето со светлина

    rnСветлината му кажува на вашето тело дека е време за будење. Кога ќе создадете атмосфера на изгрејсонце во вашата спална соба, ќе можете да се разбудите природно, исто како нашите предци. Едно истражување покажало дека изложување на луѓето на утринска светлина им помага да го започнат денот свежи. Друго истражување покажало дека луѓето биле посреќни кога се буделе со природна светлина.rnrnМелатонинот е хормон кој е одговорен за квалитетот на нашиот сон. Неговото ниво треба да биде најниско наутро. Овој хормон е чувствителен на светлина и се намалува кога ние сме изложени на неа.rn

    Будилникот ви создава стрес

    rnРазмислете за ова, вие спиете мирно, кога наеднаш почнува гласна врева која ви го „удира“ телото. Тоа не може да биде добро. Едно истражување покажало дека со неприродно будење телото одговара со зголемен крвен притисок и забрзано чукање на срцето. Ова може да влијае на вашето расположение и на вашата концентрација. Всушност, истражувањата покажале дека може и да ве направи нестабилни и не би требало да донесувате одлуки откако ќе се разбудите во оваа состојба.rnrnПа, зошто да не го пробате будилникот со светлина? Ќе се разбудите природно и мирно и подобро ќе ги совладате пречките во текот на денот.rnrnИсто така прочитајте ги овие совети за подобар сон.