КАФЕ ПАУЗА

Tag: утро

  • Како им почнува денот на најсреќните љубовни парови?

    Како им почнува денот на најсреќните љубовни парови?

    Утрата се многу хаотични, бидејќи сите се обидуваат да станат од кревет и брзаат да се подготват за да не задоцнат на работа. Но, ако одвоите само неколку минути за да му покажете љубов на партнерот пред да завладее целиот хаос, ќе успеете да ја зацврстите вашата врска и да ја задржите интимноста. Дознајте кои работи ги прават најсреќните парови секое утро…rnrnКако им почнува денот на најсреќните љубовни парови?rn

    Воспоставуваат контакт со очи

    rnЗошто да не поминете некое време заедно додека миете заби, на пример? Ова е обврска што мора да ја завршите секое утро, па искористете го тоа за да воспоставите контакт со очи. Допирајте се, гушкајте се и смејте се додека уживате во оваа утринска хигиенска навика.rn

    Се милуваат

    rnАко едниот од вас станува многу порано од другиот, сигурно се прашувате како би можеле да поминете време заедно наутро. Постои една одлична идеја што сите среќни парови редовно ја практикуваат. Оној кој станува порано, завршува со сите утрински подготовки и пред да излезе, легнува во кревет и го прегрнува другиот неколку минути. Можете ли да си замислите подобар начин за да го започнете денот?!rn

    Се обидуваат да станат во исто време кога можат

    rnМногу парови имаат сосема различни утрински рутини и речиси воопшто не се гледаат и не зборуваат еден со друг наутро. Некои воопшто не се ни трудат да станат пред да замине нивниот сакан или сакана на работа и тоа не затоа што е премногу рано, туку затоа што сакаат да спијат до подоцна. Овие парови воопшто не се трудат да се поврзат со партнерот пред да им започне денот. Не бидете едни од нив!rn

    Пијат кафе или чај заедно

    rnОбидете се да појадувате или барем да го испиете утринското кафе заедно. Дури и да станува збор за само 15 минути, искористете го ова време за да разговарате за вашите дневни обврски и планови.rnrnКако им почнува денот на најсреќните љубовни парови?rn

    Се бакнуваат пред да излезат од дома

    rnМногу е важно да си покажете љубов и внимание пред да заминете на работа. Ако едниот од вас станува многу порано, тоа не треба да биде причина за да го заборавите утринскиот бакнеж. Нежно бакнете го партнерот додека сѐ уште спие. Тој ќе ја почувствува вашата љубов и ќе знае дека сте помислиле на него пред да отидете на работа.rn

    Забораваат на телефоните

    rnНемојте да го поминете целото утро на телефон. Имејловите и новостите на Фејсбук можат да почекаат. Испијте го утринското кафе заедно, но строго забранете го користењето на технолошките уреди. Искористете го ова време за да разговарате за некои секојдневни работи или планови. Не ни мора да разговарате! Уживајте во тишината и опуштете ги нервите пред почетокот на стресниот ден.rn

    Ги делат утринските домашни обврски

    rnДоколку имате деца, утрата сигурно ви поминуваат така што ги будите и ги подготвувате за на училиште. Никој не вели дека ова е работа на мајката, но обично таа е одговорна за оваа обврска. Најсреќните парови ги споделуваат ваквите семејни и домашни одговорности. Заедно завршете ги утринските обврски како тим, бидејќи на тој начин ќе се зближите и ќе си го подобрите расположението кое ќе ве држи во текот на целиот ден.rn

    Се смеат без разлика колку се уморни

    rnПовеќето луѓе имаат навистина хаотични утра, но многу е важно барем еднаш да му се насмевнете на партнерот или партнерката. Додека се подготвувате и брзате да излезете низ вратата, одвојте една секунда за да ја погледнете саканата личност и да ѝ подарите искрена насмевка.rnrnДоколку сакате да ја зачувате хармонијата во вашата врска, прочитајте ги и овие 5 навики на среќните парови.

  • 8 начини да си го направите утрото порелаксирано

    8 начини да си го направите утрото порелаксирано

    Животот е хаотичен и непредвидлив. Можеби немате многу контрола врз промените што се случуваат во вашиот распоред во текот на денот, но запаметете дека утрото секогаш може да биде само ваше. Следниве 8 совети ќе ви помогнат да имате порелаксирано утро и да го започнете денот најдобро што можете…rnrn8 начини да си го направите утрото порелаксираноrn

    1. Почнете уште од претходната вечер

    rnПоловина од утрото обично се троши на бирање облека, пакување ручек, барање на патиките за вежбање… Целото тоа трчање наоколу ќе ве измори и пред да започне денот. Одвојте неколку минути претходната вечер за да средите сѐ и да ги наместите работите што ви требаат некаде на дофат.rn

    2. Одберете си пријатен аларм

    rnНикој не сака да се буди со здодевно титкање. Наместете си некој пријатен звук како на пример ѕвончиња или пеење на птици. Уште подобро е да спиете со завесите или ролетните малку подотворени за да можат да ви влезат сончевите зраци и да ви помогнат самите да се разбудите.rnrn8 начини да си го направите утрото порелаксираноrn

    3. Тегнете се во кревет

    rnПред да скокнете од кревет, одвојте неколку минути за да се истегнете. Седнете и прекрстете ги нозете. Наведнете се колку што можете повеќе и испружете ги рацете, а вратот нека ви биде спуштен надолу. Задржете ја оваа позиција 10 секунди и цело време длабоко вдишувајте и издишувајте. Повторете го ова уште еднаш со сменета положба на нозете за да ги раздвижите зглобовите и мускулите.rn

    4. Избистрете си го умот со медитација

    rnВеднаш штом ги отворите очите, вие почнувате да мислите на вашите обврски. Наместо тоа, земете воздух и медитирајте. Тоа ќе ви помогне да го избистрите умот и да го започнете денот посмирени.rnrn8 начини да си го направите утрото порелаксираноrn

    5. Туширајте се наутро

    rnИако некои луѓе претпочитаат да се тушираат навечер за да заштедат време наутро, ако се истуширате набрзина тоа ќе ви ги опушти мускулите и ќе ви помогне да го започнете денот свежи. Можете да користите гел за туширање со мирис на цитруси, бидејќи тој ќе ги разбуди вашите сетила и ќе ја расчисти психичката магла.rn

    6. Не брзајте додека се подготвувате

    rnСигурно сте виделе голем број жени како ставаат кармин и маскара во автомобилите со устата широко отворена. Самото тоа што ги гледате ви предизвикува стрес! Подготвувањето треба да биде ритуал во кој ќе уживате и не смее да се претвори во обврска која ја презирате. Одвојте неколку дополнителни минути за да ја исчеткате косата и да нанесете руменило, не брзајте додека го правите тоа.rnrn8 начини да си го направите утрото порелаксираноrn

    7. Создадете си ритуал

    rnСе сеќавате на вашиот татко кој секое утро седел на маса со огромна шолја кафе и читал весник? Тој знаел што прави. Многу е важно да имате некаков утрински ритуал кој ќе ви помогне да се опуштите пред да излезете.rn

    8. Направете нешто инспиративно

    rnПуштете си ја вашата омилена песна, гледајте некој мотивационен говор, читајте книга, весник или повторете си ја вашата омилена мантра. Ова не треба да биде нешто многу тешко или да ви одземе време. Доволно е само да ви го подобри расположението и да ја разбуди вашата креативност пред да го зграпчите денот.rnrnПрочитајте и кои ритуали треба да ги направите пред 10 часот наутро.

  • Како секое утро да се будите смирени и полни со енергија?

    Како секое утро да се будите смирени и полни со енергија?

    Која е првата мисла што ви поминува низ глава кога ќе се разбудите наутро? Дали е тоа некоја намерна мисла или само си изговарате „Ох, 6 часот е“? Доколку денот ви почнува на овој начин, тогаш најверојатно тој ќе биде исполнет со анксиозност и стрес. Всушност, ова не е најпродуктивниот начин за да ги остварите работите што ви се потребни. Имајте на ум дека прашањата може да бидат многу моќни, доколку се користат на правилниот начин.rnrnКако секое утро да се разбудите смирени и полни со енергија?rn

    Како да ги користите утринските моќни прашања?

    rnКога ќе се разбудите наутро, вие секогаш се прашувате дали сте свесни или не. Додека ги миете вашите заби, го пиете утринското кафе или го јадете појадокот, низ вашата глава поминуваат илјадници мисли. Вие може да си мислите зошто сте уморни, зошто не сте се решиле да си легнете порано, што да јадете во текот на денот и слично. Но, генерално, овие работи не ви служат за корисни цели, а во некои случаи дури може и да ве повредуваат. Многу е важно со користењето на прашањата да земете контрола врз насоките на вашиот живот. Така, наместо тие прашања, наутро можете да си поставите некое од следниве:rn

      rn011

    • Што треба да очекувам од денешниот ден?
    • rn011

    • Што е тоа што е прекрасно во мојот живот?
    • rn011

    • Како можам да го направам денешниот ден неверојатен?
    • rn011

    • Што најдоброто нешто што може да ми се случи денес?
    • rn

    rnСо поставување на овие прашања вие ќе почнете да го префрлате фокусот на вашиот ум кон работите што сакате да ви се случат. Интересно е да се напомени тоа дека вашите прашања не треба да имаат некоја основа во реалноста, затоа што вашиот мозок ќе одговори буквално сѐ што ќе го прашате. За да биде ова ефективно, треба да го практикувате 30 дена по ред. На овој начин вашиот мозок ќе создаде врска помеѓу состојбата која ја создавате со вашите прашања и будноста наутро.rn

    Најважното прашање за секое утро

    rnВажно е секој ден да го започнувате така што ќе бидете благодарни. Па, навикнете се наутро да си го поставувате прашањето „За што сум благодарен/благодарна?“ Ако го поставувате ова прашање неколку дена по ред, вие секојдневно ќе се будите со возвишено чувство. Откако ќе почнете да гледате на светот и на работите околу вас со благодарност, тогаш сѐ повеќе и повеќе од тоа ќе внесувате во вашиот живот. Секој човек има многу работи за кои треба да биде благодарен, а најчесто сите се фокусираат на она што не е добро, но оваа рутина може многу да ви помогне да го промените вашиот фокус.rnrnКако секое утро да се разбудите смирени и полни со енергија?rn

    Неколку начини да ја промените вашата утринска рутина

    rnДоколку сакате да го промените почетокот на вашиот ден, потребно е да имате предвид неколку работи. Освен моќните прашања кои треба да си ги поставувате наутро, важно е и да го започнете вашиот ден на помирен и потивок начин отколку оној што сте го практикувале претходно. Еве што треба да имате предвид.rn

    Не вклучувајте ги компјутерот и телевизорот

    rnМногу луѓе имаат навика веднаш штом се разбудат да го посветат своето внимание на компјутерот или телевизорот. Но, не е здраво да го започнете вашиот ден така што ќе се натрупате со информации одма штом отворите очи. Наместо тоа, уживајте во вашето кафе или појадок околу дваесетина минути. Вестите од телевизорот може да имаат негативно влијание врз вас, без вие и да го забележите тоа. Не е добра идеја да се изложувате себеси на негативните случувања во светот уште во раните утрински часови.rn

    Слушајте музика која ќе ви го подобри расположението

    rnПронајдете такви песни кои ќе ви го подобруваат расположението или некои кои ќе ве смируваат. Исто така веднаш штом ќе се разбудите можете да слушате и некои инспиративни и поучни приказни, па замислете колкав ефект ќе имаат тие ако го практикувате ова во период од 30 дена.rn

    Медитирајте

    rnМедитирањето може да ви помогне да се ослободите од мислите. Така, рано наутро вашиот ум е во мирна состојба, па дури и 5 до 10 минути длабока медитација може да направат голема разлика за претстојниот ден.rnrnНаправете го вашиот ден прекрасен, така што ќе се инспирирате и со овие неколку цитати кои ви овозможуваат одличен почеток на вашето утро.

  • Цитати за одличен почеток на вашето утро

    Цитати за одличен почеток на вашето утро

    Утрото со себе носи нова надеж, нови цели и нови сили за нивно остварување. Секое утро е нов благослов од Бог, кој ви дава уште една шанса да направите нешто за себе, па и за светот. Сите знаеме колку е тешко да се започне работната недела, односно понеделничкото утро. За да се мотивирате дополнително, прочитајте ги овие цитати кои ќе ве потсетат дека секое утро е важно и дека треба да го започнете со насмевка и да бидете позитивни.rnrnЦитати за одличен почеток на вашето утроrn

    „Насмевнете му се на огледалото. Правете го ова секое утро и ќе почнете да забележувате голема разлика во вашиот живот.“ – Јоко Оно

    rn

    „Кога ќе станете наутро, заблагодарете се за светлината, за вашиот живот, за вашата сила. Заблагодарете се за вашата храна и за радоста на живеењето. Ако не гледате причина за да се заблагодарите, вината лежи во вас.“ – Текумсе

    rn

    „Никогаш не постоеле ноќ или проблем што можеле да ги поразат изгрејсонцето или надежта.“ – Бернард Вилијамс

    rn

    „Кога ќе станете наутро, помислете на тоа колкава привилегија е да се биде жив, да се мисли, да се ужива, да се сака.“ – Маркус Аурелиус

    rn

    „Секое утро носи нови потенцијали, но ако се задржите на неуспесите од претходниот ден, имате тенденција да пропуштите извонредни можности.“ – Харви Мекеј

    rn

    „Бидете љубезни до 10 часот наутро и остатокот од денот ќе се погрижи за себе.“ – Елберт Хабарт

    rnrn

    „Мислете во утринските часови. Дејствувате на пладне. Јадете во вечерните часови. Спијте во текот на ноќта.“ – Вилијам Блејк

    rnrn

    „Старите пријатели поминуваат, доаѓаат нови. Исто како и деновите. Стариот ден поминува, доаѓа нов. Важно е да им дадете смисла: Значаен пријател или значаен ден.“ – Далај Лама

    rnЦитати за одличен почеток на вашето утроrn

    „Секој ден е како мал живот: Секое будење и станување е мало раѓање, секое свежо утро е мала младост, секој одмор и спиење е мала смрт.“ – Артур Шопенхауер

    rn

    „Не е толку лошо колку што мислите. Наутро ќе изгледа подобро.“ – Колин Пауел

    rn

    „Ако ви е досадно во животот и не станувате секое утро со желба да правите нешто, тогаш немате доволно цели.“ – Лу Холтс

    rn

    „Првото нешто што треба да го направите наутро пред да станете е 3 пати гласно да кажете: ‘Јас верувам’.“ – Овидиј

    rn

    „Вие не морате да имате постојани мислења. Секое утро можете да си помислите ‘Го сакам светот’, а да си легнувате секоја вечер мислејќи ‘Го мразам светот’.“ – Мишел Уелбек

    rn

    „Го знаете тоа чувство кога ќе се разбудите наутро и сте возбудени за денот? Тоа е една од моите главни цели во животот.“ – Кирстен Данст

    rn

    „Вашиот компјутер не треба да биде првото нешто што ќе го видите наутро и последното нешто што ќе го видите навечер.“ – Сајмон Манаринг

    rn

    „Мојата формула за живеење е прилично едноставна. Станувам наутро и одам во кревет навечер. Во меѓувреме, се занимавам со најдоброто нешто што можам.“ – Кери Грант

    rn

    „Без разлика колку се лоши работите, барем можете да бидете среќни што се разбудивте ова утро.“ – Д. Л. Хјули

    rnЦитати за одличен почеток на вашето утро

  • 5 утрински ритуали со кои треба да го започнете денот

    5 утрински ритуали со кои треба да го започнете денот

    Утринските навики кај поголемиот дел од луѓето се речиси исти. Најпрво сите се „фаќаме“ за телефонот, одвај стануваме од кревет, пиеме кафе, миеме заби и така натаму. Но, малкумина знаат дека постојат некои многу едноставни, но ефективни активности со кои почетокот на денот би ни одел многу полесно. Прочитајте за следниве 5 утрински ритуали и започнете да ги применувате и самите…rn

    1. Масирајте ги ушите

    rn5 утрински ритуали со кои треба да го започнете денотrnrnМасажата на ушите може да ви помогне да се разбудите. Ова можете да го направите наутро додека сѐ уште лежите во кревет. Стимулацијата на нежните делови од увото може да има позитивно влијание на вашата енергија и расположение.rn

    2. Пијте чаша топла вода со лимон

    rn5 утрински ритуали со кои треба да го започнете денотrnrnПостојат повеќе причини зошто првата утринска шолја кафе треба да ја замените со чаша топла вода. Тоа ќе ви ја подобри работата на дигестивниот систем и бубрези, ќе ви помогне да се ослободите од токсините во вашето тело и ќе ви го зголеми имунитетот. Овие придобивки ќе ги почувствувате веднаш. Не мора да цедите цел лимон за една чаша, туку една четвртина е доволно. Ако одлучите да го применувате ова, би требало да почекате 20-30 минути пред да појадувате.rn

    3. Чистете го јазикот

    rn5 утрински ритуали со кои треба да го започнете денотrnrnСте знаеме дека треба да ги миеме забите два пати дневно. Но, не треба да заборавате дека голем број бактерии се собираат и на јазикот и токму тоа може да предизвика лош здив и да доведе до забен камен, расипување на забите и проблеми со непцата. За да го исчистите јазикот ви треба само обична четка за заби. Внимавајте да не го четкате премногу силно, бидејќи би можеле да ја оштетите површината на јазикот.rn

    4. Јадете една лажица мед

    rn5 утрински ритуали со кои треба да го започнете денотrnrnМедот ви дава енергија, ја стимулира вашата меморија и продуктивност, ги лечи кашлиците и ги олеснува симптомите на алергија. Поради сите овие причини и многу други, не постои сомнеж дека ако го започнете денот со лажица мед, нема да погрешите. Најдобро би било медот да е свеж и природен и би требало да го консумирате 15 минути пред да појадувате. Доколку ви е премногу благ, можете да го растворите во чаша вода, ефектот ќе биде ист.rn

    5. Плакнете ја устата со раствор од хидроген пероксид

    rn5 утрински ритуали со кои треба да го започнете денотrnrnМожете да го завршите утринскиот ритуал со тоа што ќе ја исплакнете устата со раствор од хидроген пероксид. Доколку се држите до правилниот однос 5-7 капки од 3-процентен раствор во 50 милилитри вода, не постои никаква опасност. Освен тоа, додајте го растворот во водата, а не обратно. Оваа процедура ќе ви помогне да ги избелите забите, да се ослободите од лошиот здив, како и да ги излечите и заштитите непцата.rnrnПрочитајте ги и овие 8 утрински навики за попродуктивен ден.

  • Исто како од фризерски салон: 10 трикови за наутро да се разбудите со совршена фризура

    Исто како од фризерски салон: 10 трикови за наутро да се разбудите со совршена фризура

    Дали мислите дека будењето со совршена коса е нешто што е невозможно да се постигне и дека може да се види само во филмовите? Па, тука грешите! Ние пронајдовме неколку трикови кои ќе ви помогнат секое утро да се будите со совршена коса. Испробајте ги, и наскоро ќе започнете да се чувствувате како девојките од рекламите за шампони.rnrn1-isto-kako-od-frizerski-salon-10-trikovi-za-nautro-da-se-razbudite-so-sovrshena-kosa-www.kafepauza.mk_rnrnПред да испробате некој од триковите, запомнете ги овие основни правила:rn

      rn011

    • Никогаш не треба да одите на спиење со мокра коса, бидејќи кога на тој начин таа многу полесно се крши.
    • rn011

    • Доколку користите фен за коса, секогаш одбирајте ја опцијата за ладен воздух. Тоа ќе ви помогне да ја избегнете разбушавената коса. Никогаш не ја сушете вашата коса целосно користејќи фен – оставете малку влажност, со цел таа сама да се досуши.
    • rn011

    • Секогаш треба да ја чешлате вашата коса пред спиење.
    • rn011

    • Одберете фризура која ќе одговара на вашиот тип коса, и секојдневно грижете се за вашата неа.
    • rn

    rn

    1. Сплетете ја косата во плетенка пред спиење

    rnrnrnИсплетете ја во плетенка за да се изборите со бушавата и статична коса предизвикана од чаршафите. Плетенката исто така ќе ја сочува вашата коса од замрсување. Најважно е да ја сплетете кога е сува или малку влажна. Доколку имате права коса, исплетете обична плетенка. Ако вашата коса е брановидна, одберете твист плетенка. Без разлика каков тип плетенка ќе изберете, внимавајте да не биде премногу зацврстена.rn

    2. Нанесете неколку капки кокосово масло

    rnrnrnКокосовото масло нанесено на краевите од вашата коса ќе ја елиминира статичноста и ќе ја направи вашата коса блескаво сјајна. Најважно е да користите мала количина кокосово масло и да го избегнете скалпот.rn

    3. Размислете да инвестирате во свилени навлаки за перници

    rnrnrnСпиењето на свилени или сатенски чаршафи и перници го намалува триењето кое предизвикува кршење на косата, расцветени краеви или паѓање на косата. Свилата и сатенот може да ја покажат магијата и на вашата кадрава коса. Направете ја оваа инвестиција и нема да зажалите. Исто така, вие можете да ја заврзете вашата коса во свилена марама пред да одите на спиење. Ова ќе ви помогне да ја скротите разбушавената коса.rn

    4. Нанесете малку гел од алое вера пред да одите на спиење

    rnrnrnИзмешајте малку гел од алое вера и минерална вода, и ставете го вашиот „направи сам“ регенератор во шише со прскалка. Нанесете на косата пред да заминете на спиење. Алое верата е одличен лек за навлажнување на краевите од косата и контролирање на статичноста.rn

    5. Нанесете малку лосион за тело

    rnrnrnЛосионот за тело може да ја негува вашата коса додека спиете. Земете малку лосион и само поминете со вашите раце низ косата, концентрирајќи се на краевите. Потоа, исчешлајте ја.rn

    6. Направете пунџа

    rnrnrnДоколку вашата коса е долга, можете да се одлучите за пунџа наместо за плетенка. Најпрво, фатете ја во лабаво опавче, а потоа направете висока пунџа. Утредента ќе добиете смирена и сјајна коса.rn

    7. Обидете се да користите бебешки производи

    rnrnrnБебешките производи, како што се маслата или шампоните, се природни и многу понежни отколку сосема истите производи кои се наменети за возрасни. Обидете се да ја измиете вашата коса со бебешки шампон и да нанесете малку бебешко масло на неа, особено на краевите, точно пред да заминете на спиење. Наутро ќе се разбудите со прекрасно мека коса која ќе мириса како бебе.rn

    8. Користете пудра за магично да се разбудите со брановидна коса

    rnrnrnДоколку сакате да се разбудите со отпуштени бранови во вашата коса, тогаш напрскајте малку бебешка пудра на коренот од косата за да се ослободите од маснотиите. Исчешлајте ја и сплетете ја во плетенка. Утредента ќе добиете холивудско стилизирани бранови.rn

    9. Искористете ги вашите најлонски хулахопки на вашата коса

    rnrnrnОвој трик ви гарантира дека ќе се разбудите со мека и мазна коса. Најпрво, исчешлајте ја вашата коса и направете пунџа. Потоа, искористете ги вашите хулахопки како капа за спиење, и ставете шноли каде што е потребно. Борбата со статичната коса конечно е завршена!rn

    10. Користете пластични аксесоари за коса

    rnrnrnПластичните аксесоари за коса се најдобрата опција кога станува збор за контролирањето на вашата коса, особено за вашите шишки во текот на ноќта. Заборавете ги металните аксесоари, бидејќи тие многу лесно ја кршат вашата коса додека спиете.rnrn 

  • Совладајте го утринскиот умор со помош на овој совет

    Совладајте го утринскиот умор со помош на овој совет

    Многумина имаат работа која бара станување во раните утрински часови. За да се навикнат на ова, на некои личности им е потребно повеќе време и напор, а тој период може да не биде лесен. Но, сепак постои начин да се справите со тој утрински умор, практикувајќи само еден совет.rnrnСовладајте го утринскиот умор со помош на овој советrnrnИмено, потребно е повторно да вратите некоја вештина која сте ја стекнале многу одамна, но истата ја немате практикувано веќе подолг период. Сите вие имате некоја вештина или хоби во кои сте биле добри во минатото, но сте ги заборавиле затоа што не сте престанале да уживате во нив. На пример, тоа може да биде учење странски јазик, свирење музички инструмент, шиење и слично. Како и да е, тоа веќе еднаш сте го научиле, а повторното учење нема да ви одземе многу напор, како што тоа било првиот пат.rnrnПа, дури и кога сте поспани ќе бидете во можност да практикувате некои од тие вештини. Така, во утринските часови можете да слушате некои објави на странскиот јазик кој сте го изучувале или пак да почнете со шиење нешто што одамна ве чека. Правете нешто продуктивно во почетокот на денот и ќе ја победите вашата поспаност, при што ќе имате енергија за остатокот од денот.

  • Целиот ваш живот зависи од првиот час по будењето: Што треба да правите во овие 60 минути?

    Целиот ваш живот зависи од првиот час по будењето: Што треба да правите во овие 60 минути?

    Луиз Хеј, американска писателка позната по своите книги за самопомош, тврди дека првиот час после будењето е најважен и дека од него зависи како ќе го поминеме остатокот од денот. Како вие го започнавте денешниот ден? Кои зборови излегоа од вашата уста? Дали се жалевте, приговаравте? Дали се заблагодаривте на сето она што ви го донесе денешниот ден? Со помош на советите од страна на Луиз и кратките медитации ќе се подготвите за нови, свежи и поведри утра.rnrn1-3-rituali-koi-gi-preporachuva-lujza-hej-eve-kako-vashiot-zhivot-zavisi-od-prviot-chas-posle-budenjeto-www.kafepauza.mk_rn

    1. Пронајдете утрински ритуал што ве радува

    rnИли само копирајте го оној кој е проверен од страна на Луиз. Воопшто не е тешко и не одзема многу време. Таа, додека сè уште е во кревет, кажува: „Денес е баш добар ден“ или „Денес ќе биде одличен ден“. Потоа станува и се заблагодарува на своето тело што ја служи добро и прави вежби за истегнување. Откако ќе се размрда, изговара афирмации како што се: „Денес ќе создадам одличен ден и прекрасна иднина.“ На тој начин, во само неколку минути се фокусира на позитивен исход, се заблагодарува и си дава себеси охрабрување за денот кој е пред неа.rn

    2. Смислете афирмација за секоја утринска активност

    rnДодека појадувате, ги миете забите, се облекувате, пиете утринско кафе, како и додека се возите до работното место… Секоја работа што ја повторувате скоро секој ден нека ја следи една афирмација. На пример, тоа може да биде: „Јас сум магнет за позитивни работи“, „Секој ден ми носи нови прилики“, „Денес многу ќе се смеам“, „Гледам убавина во сè“, „Јас сум силна и здрава“, „Сакам и сум сакана“… Вие самите ќе почувствувате која реченица најмногу ви одговара.rnrn2-3-rituali-koi-gi-preporachuva-lujza-hej-eve-kako-vashiot-zhivot-zavisi-od-prviot-chas-posle-budenjeto-www.kafepauza.mk_rn

    3. Позитивна утрешна медитација

    rnЗамислете дека стоите во ходникот на вашиот живот. Зад вас се наоѓаат многу затворени врати. Врати кои ги претставуваат работите на кои повеќе не мислите и кои повеќе не ги изговарате, искуствата кои повеќе ги немате. Пред вас се наоѓа ходник на кој не му се гледа крајот. Само забележувате многубројни врати. Врати на нови искуства. Замислите дека одите и ги отворате вратите со најубавите искуства – среќа, мир, оздравување, благосостојба, љубов. Вратата на разбирањето, сочувствувањето, опростувањето. Вратата на слободата. Вратата на самодовербата и неизмерната љубов спрема себе. Сите тие врати се пред вас. Која ќе ја отворите прва? Верувајте на вашиот внатрешен водич кој ве води кон оние искуства кои се најдобри за вас и кои ви овозможуваат напредок. Без разлика на тоа кои врати ќе се отворат или затворат, не заборавајте дека секогаш сте сигурни.

  • 5 работи што треба да ги правите секое утро за да останете здрави

    5 работи што треба да ги правите секое утро за да останете здрави

    Начинот на кој ќе го започнете денот може да има големо влијание врз вашето расположение и енергија. Затоа, многу е важно да си поставите здрава утринска рутина. Откако грижата за себе во утринските часови ќе ја ставите да ви биде приоритет, набргу ќе ги почувствувате подобрувањата кај себе. Погледнете што би требало да практикувате секое утро со цел да останете здрави и силни.rnrn5 работи што треба да ги правите секое утро за да останете здравиrn

    1. Плакнете ја устата со масло

    rnПлакнењето на внатрешноста на устата со масло нуди многу орални здравствени придобивки. Всушност, доколку во текот на ноќта крцкате со забите, овој трик може да ви помогне да си ја ублажите болката во вилицата. Освен тоа, оваа навика ќе ве принуди да станете порано, а и делува како хемиско бесплатно миење на устата. Потребно е само да сипете една лажица масло (кокосово, сончогледово или од сусам) во вашата уста и да го задржите од 10 до 20 минути. Потоа плукнете го и вашиот ден може да започне.rn

    2. Протегнете се

    rnОва можете да го направите и додека ја плакнете устата. Искористете го ова време за да се релаксирате, малку да медитирате и да го подготвите телото за претстојниот ден. Ако имате време, излезете на утринска прошетка или пак, направете неколку вежби за растегнување во вашиот дом.rn

    3. Пијте вода со лимон

    rnЕдна чаша вода со лимон има многу здравствени придобивки: Ја подобрува хидратацијата, витаминот Ц ви помага да добиете блескава кожа, го поттикнува метаболизмот и расположението.rnrn5 работи што треба да ги правите секое утро за да останете здравиrn

    4. Грижете се за вашата кожа

    rnНекогаш не треба да ја заборавите негата на кожата. Чистете ја на начинот кој веќе знаете дека ви одговара, а не заборавајте неколку пати во неделата да користите и маски за лице што ќе направат таа да биде блескава. Внесете ја оваа навика во секојдневието, па ќе се изненадите колку вашата кожа може да биде прекрасна.rn

    5. Пијте витамини

    rnВитамините се основа на здравјето. Земете Б12 за енергија, омега 3 за подобрување на расположението и здравјето на мускулите и витамин Е за косата, кожата и ноктите.rnrnОвие утрински навики може да влијаат на енергијата во текот на денот, а и на целокупното ваше здравје. Па, вреди да станете од кревет неколку минути порано!

  • Начинот на кој овие татко и ќерка го почнуваат денот стана вистинска Интернет сензација

    Начинот на кој овие татко и ќерка го почнуваат денот стана вистинска Интернет сензација

    Многу често се вели дека „По утрото се познава денот“, па така овие татко и ќерка гледаат секое утро да им почне на позитивен начин. Рон Алстон од Вирџинија, САД, од неодамна започнал утрински ритуал со неговата 3-годишна ќеркичка Алаја. Тие се гледаат во огледало и го кажуваат следново:rnrnНачинот на кој овие татко и ќерка го почнуваат денот стана вистинска Интернет сензацијаrn

    „Јас сум силен/силна. Јас сум паметен/паметна. Јас работам напорно. Јас сум прекрасен/прекрасна. Јас сум достоинствен/а. Јас не сум подобар/подобра од никој друг. Никој не е подобар од мене. Јас сум неверојатен/неверојатна. Јас сум супер.“

    rnКога секој од нас би го следел овој пример секој ден, многу полесно би сфатиле дека секое утро може да биде убаво. Иако овој метод е многу едноставен, Рон верува дека е многу ефективен и дека ѝ помага на ќерка му да стане среќна и самоуверена личност.rnrnНачинот на кој овие татко и ќерка го почнуваат денот стана вистинска Интернет сензацијаrnrnПовеќе од 14 милиони Фејсбук корисници, како и голем број Јутјуб корисници го прегледале видеото од таткото и ќерката како го прават нивниот позитивен ритуал. Многумина од нив, претежно родители, му се заблагодариле на Рон што им дал одличен пример за тоа како да му се помогне на детето да изгради самодоверба.rnrnrnrnРон вели дека татко му го правел истиот ритуал со него кога бил дете и тоа многу му помогнало да се соочи со сите животни предизвици. Не одзема многу време, а може да го промени животот на секој човек и да го направи поубав.rn

    „Многу е важно децата да развијат внатрешна самодоверба, да бидат скромни и да знаат колку вредат. Светот може да биде тешко место за живеење, но секое дете треба да знае дека е посебно и неверојатно“, објаснува Рон.

    rnНачинот на кој овие татко и ќерка го почнуваат денот стана вистинска Интернет сензацијаrnrnКако што вели Рон, овој метод е многу едноставен, па така нема да изгубите ништо ако се обидете да го практикувате неколку утра по ред. А доколку имате деца, уште веднаш почнете да го применувате со нив и ќе видите како тие полека се претвораат во самоуверени и независни личности.