На многу луѓе им е тешко да стануваат рано особено ако сакаат да се забавуваат со пријателите или да гледаат по цели сезони од нивната омилена серија до доцна во ноќта. Но, оние коишто се обиделе барем еднаш да го дочекаат изгрејсонцето знаат дека станувањето рано има голем број придобивки. Утрата во себе кријат една посебна убавина за која многумина не се свесни иако станува збор за бесплатен „луксуз“ кој сите можат да си го дозволат. Доколку сѐ уште не сте убедени дека време е да го напуштите удобниот кревет и да го зграпчите денот, прочитајте ги следниве 7 причини кои ќе ве уверат дека станувањето рано е вистински благодат.rn
1. Убавината на изгрејсонцето
rn
rnrnПоголемиот дел од луѓето имаат прилика да видат изгрејсонце само на Инстаграм, а и тие фотографии обично се надополнети со еден куп филтри и непотребни хаштагови кои го уништуваат вистинското доживување. Земете си шолја кафе, сместете се удобно на терасата или во дворот и уживајте во погледот. На тој начин вашите денови ќе станат многу позначајни и повредни за сеќавање.rn
2. Тишината вреди злато
rn
rnrnМожете да чуете нешто друго освен црцорењето на птиците? Не и тоа е прекрасно. Вредноста на тишината е многу потценета во денешно време. Секојдневниот живот е толку пренатрупан со непотребни звуци и бучава што луѓето како да имаат свикнато на целиот тој хаос. Препуштете ѝ се на утринската тишина и веднаш ќе почувствувате како ви се полнат батериите.rn
3. Ќе успеете да ги фатите сите мали црвчиња како вистинска утринска птица
rn
rnrnАко отидете порано на работа, ќе имате дополнителен час да ги завршите малите обврски кои постојано ги одложувате и занемарувате. На тој начин сите задачи ќе ги завршите навремено и нема да пропуштите ниту еден од предвидените рокови.rn
4. Планирањето на денот рано наутро има голем број придобивки
rn
rnrnДоколку почнете да си го планирате денот заедно со утринското кафе, ќе можете да одредите кои се вашите приоритети и ќе знаете точно од каде да почнете. Тоа е многу подобро од бесцелното нуркање во секојдневните обврски кои се чини како да немаат крај. Нормално е дека повторно ќе наидете на некои пречки и нема да можете слепо да се водите по планот, но самото тоа што ќе разберете кои работи морате да завршите во текот на денот ќе ви помогне да добиете реалистични очекувања, а тоа доведува до попозитивен поглед на работите и подобро расположение.rn
5. Ќе можете да уживате во највкусниот оброк во денот
rn
rnrnОвесни снегулки со млеко или јогурт, житарици, овошна салата, јајца приготвени на различни начини, топли и вкусни печива… Појадокот е најважниот оброк во денот, а придружен со вашето омилено кафе слободно може да се смета и за највкусниот. Наместо да го пропуштите појадокот и да заминете на работа или факултет гладни, или, пак, да грицнете нешто набрзина, одвојте време и дозволете си го ова задоволство. На тој начин утрата ќе ви бидат помалку стресни и ќе добиете доволно енергија за да бидете продуктивни во текот на целиот ден.rn
6. Ќе ја одбегнете гужвата
rn
rnrnДоколку станете порано, ќе можете набрзина да ги завршите сите здодевни обврски како што се пазарење или плаќање сметки и притоа нема да заглавите во гужвата. Така ќе имате повеќе слободно време во текот на денот кое ќе можете да го искористите како што сакате.rn
7. Ќе спиете како бебе
rn
rnrnКога ќе почнете да станувате рано, деновите ќе ви бидат подолги, ќе почнете да трошите повеќе енергија и ќе бидете попродуктивни. Тоа исто така значи и дека ќе ви се приспие само што ќе почне да заоѓа сонцето. На крајот од денот ќе можете слободно да потонете во добро заслужениот сон чиј квалитет значително ќе се подобри што значи дека ќе им кажете збогум на бессоните ноќи и уморните утра.




rnrnНаправете си листа на ужинки кои од претходната вечер ќе можете да им ги подготвувате на вашите деца. Сендвичите со зеленчук, варените јајца, разни пити… Сето тоа може да го подготвите од вечер, убаво да го спакувате, а уште подобро доколку ви помагаат и вашите најмили. Така ќе знаат повеќе да ја ценат храната и повеќе да уживаат во неа на големиот одмор. Исто така, можете од вечер да ја наместите масата за раниот појадок. Наместете го чаршафот и чиниите, а утрината само извадете ја храната на маса. Тоа се некои детали кои можеби одземаат многу малку време, но зошто да ви создаваат притисок наутро, кога може претходно да ги подготвите.rn
rnrnПодгответе ги сите детали. Извадете ги комбинациите за утрешниот ден. Вклучувајќи ја и долната облека, како и чорапите (нив можете да им ги ставите во чевлите). Некои експерти по овие прашања дури препорачуваат тие дневни комбинации да се закачуваат на видно место, за да можат вашите деца од вечер да си претстават како ќе изгледаат утрешниот ден, со што ќе им се намали стресот пред заминување в кревет.rn
rnrnДоколку пред заминување на работа и училиште не сакате да го слушате гласот на вашето дете од соседната соба како вика „Мамо, тато не можам да си ја најдам домашната тетратка!“ завршете си ја работата од вечер. Пред заминување в кревет, заедно со вашите најмили следете го распоредот на предмети што ќе ги има тој ден и книга по книга, тетратка по тетратка ставајте ги во ранецот. Истото важи и за спортската облека, доколку тој ден има физичко воспитување. Ранецот поставете го на прегледно место, најдобро во ходникот, затоа што често се случува во сета брзаница да се заборави најважниот детаљ.rn
rnrnБез оглед дали ќе го чувате во автомобилот или во вашата чанта, секогаш при рака имајте неколку продукти и предмети кои ќе ви се најдат на патот до училиште. Плочки од житарици, суво овошје, чешел, шише со вода… Ова се основните нешта кои би требало да ви бидат при рака и кои би можеле, додека возите, да ги предадете на задното седиште.rn
rnrnПред да тргнат на училиште или по долгите распусти, вежбајте подготовки со вашите деца. Ќе им треба време да ги стекнат рутините на брзо облекување, четкање на забите, чешлање, врзување врвки на патиките. Затоа неколку седмици пред почетокот на училишните обврски или пред поаѓање во градинка, одвојте време и со вашите деца повторете ги обврските со кои ќе се соочуваат секое утро.rn
rnrnОва правило важи за сите, како за децата, така и за родителите. Прифатете го фактот дека мора да се разбудите рано наутро и дека нема да имате можност да го одложувате станувањето од кревет. Сфатете си ја одговорноста сериозно, затоа што единствено на тој начин, денот ќе ви започнува со насмевки, без непотребно викање и нервози.

rn
rn
rn
rn

