КАФЕ ПАУЗА

Tag: утро

  • Петминутни навики за посреќен ден

    Петминутни навики за посреќен ден

    Секој има различна дефиниција за тоа што значи да се живее среќен живот, но постојат кратки навики што може да ви помогнат да се чувствувате подобро во текот на денот.rnrnПетминутни навики за посреќен денrn

    Средување на креветот

    rnИако многумина мислат дека е преценето, средувањето на креветот наутро ви дава чувство на некакво постигнување уште на почетокот на денот.rn

    Кратка комуникација со саканите

    rnНе мора да е долг разговор, можете само да им испратите смешно видео или порака дека треба да се видите наскоро. Не треба многу за да им покажете дека мислите на нив. Покрај тоа што ќе бидете во тек со случувањата во животите на најблиските луѓе, ќе го почувствувате и нивното присуство во текот на денот.rn

    Есенцијални масла

    rnИако постојат многу контрадикторни истражувања околу ефикасноста на есенцијалните масла кога станува збор за лекувањето болести, факт е дека мирисот на лаванда опушта, а рузмаринот ќе ве расони. Изберете го она што најмногу ви одговара.rn

    Движете се пет минути

    rnМногу е важно да одвоите пет минути дневно само за себе, без разлика дали станува збор за кратка медитација, танцување на вашата омилена песна или истегнување – изберете сами. Важно е да почнете да се чувствувате самоуверени и силни и не заборавајте да му се заблагодарите на вашето тело за сè што прави за вас.rn

    Јадете го вашето омилено овошје

    rnКога последен пат јадевте ананас? Купете го вашето омилено овошје и уживајте.rnrnПрочитајте ги овие 13 причини зошто некои луѓе се толку среќни во животот.

  • 5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајот

    5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајот

    Кафето и чајот се двата најмногу консумирани пијалаци ширум светот. Сепак, наутро луѓето обично избираат шолја кафе. Иако ова може да означува одредени преференции, изборот на кафе како пијалак за почеток на денот не е толку случаен колку што мислите. Во продолжение ќе откриете зошто кафето може да биде подобра алтернатива наутро и кои се неговите придобивки.rn

    1. Кафето ќе ви помогне да вежбате подобро

    rn5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајотrnrnАко сакате да вежбате наутро, кафето може да биде вистинскиот избор за вас. Имајќи го предвид фактот дека кафето содржи поголема количина кофеин од чајот, кафето може да ги подобри вашите физички перформанси и да го намали заморот од вежбање.rn

    2. Кафето ќе ви помогне во концентрацијата

    rn5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајотrnrnДали треба да се концентрирате додека учите или учествувате во активност што бара фокус? Во овие случај, кафето е најдобар избор. Бидејќи кафето има поголема количина кофеин, тоа ќе ви помогне да останете будни и да изведувате активности во текот на ноќните часови.rn

    3. Кафето ќе ви даде моментален поттик

    rn5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајотrnrnЧајот е пијалак што содржи кофеин и Л-теанин. Теанинот ќе ви помогне да се опуштите, бидејќи кофеинот влијае на рецепторите на аденозин во мозокот и го намалува тоа чувство на замор. Имајќи предвид дека повисоката концентрација на кофеин во крвта може да се појави по само 15 минути откако ќе го испиете, станува јасно зошто кафето е единствениот пијалак што дава моментална енергија.rn

    4. Кафето може да ви помогне при слабеење

    rn5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајотrnrnПостојат истражувања кои сугерираат дека потрошувачката на кафе е поврзана со ниското ниво на мрснотии, особено кај мажите. Истражувањата извршени врз животни го покажаа истиот резултат. Друго интересно истражување покажа дека хлорогената киселина е супстанција што придонесува за намалување на телесната тежина, со што се потврдува дека кафето е подобар избор за оние што сакаат да ослабат.rn

    5. Кафето може да ја намали можноста за развој на дијабетес

    rn5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајотrnrnИстражувањето покажа дека кофеинот ја намалува можноста за добивање дијабетес. Само 3 шолји кафе на ден доведуваат до намалување на ризикот од заболување за 42%. Во друго истражување, кафето со кофеин покажа влијание врз намалените шанси за развој на дијабетес тип 2.rn

    Дали сте збунети?

    rn5 причини зошто кафето наутро може да биде подобро од чајотrnrnАко сте љубител на чај, можеби размислувате да додадете кафе во вашата дневна рутина. Ако сте загрижени, нема потреба да бидете. И чајот има многубројни придобивки!rnrnСепак, секогаш е добро да побарате мислење од експерт, а во овој случај, нутриционист или лекар може да ви дадат корисни совети во врска со овие пијалаци.rnrnПрочитајте зошто е важно попладневното кафе.

  • Утрински рутини за кои секогаш имаме време

    Утрински рутини за кои секогаш имаме време

    Секој од нас го започнува утрото на свој начин и во одреден ритам. Без разлика дали се студенти, вработени, пензионери, родители кои остануваат дома, важно е секој да го започне денот што е можно поубаво за да добие доволно енергија за да ја заврши работата пред себе.rnrnКолку време поминуваме на утринските рутини?rnrnУтрински рутини за кои секогаш имаме времеrn

    Станување 1 мин – 30 мин

    rnОдговорот на прашањето како сакаме да се будиме наутро, секако лежи во начинот на кој го поставуваме алармот. Некои од нас имаат само едно време поставено во својот телефон и никогаш не задремуваат пат, додека некои имаат десетици аларми вклучени и го одложуваат секој од нив.rn

    Туширање 3 мин – 20 мин

    rnБрз 3-минутен туш или бавен туш со лесна медитација или со размислување и планирање на остатокот од денот? Не можеме да си дозволиме долг туш секој ден, но кога ќе имаме можност сите ќе бидеме среќни да го искористиме.rn

    Миење на забите 3 мин

    rnРедовното и правилно четкање е многу важно за здравјето на нашите заби. Секако не е една од рутините каде треба да заштедите време.rn

    Правење кафе 1 мин

    rnПравењето кафе наутро е еден од омилените ритуали што ги обединува луѓето од сите делови на светот, кои се разликуваат по многу нешта.rnrnПогледнете ги овие 8 одлични YouTube видеа за вежбање.

  • Што треба да правите наутро за убав почеток на денот?

    Што треба да правите наутро за убав почеток на денот?

    Прочитајте кои ритуали треба да ги правите секој ден за денот да ви започне сјајно, а за да успеете да ги направите овие работи ќе треба да станете многу рано.rnrnШто треба да правите наутро за убав почеток на денот?rn

    1. Направете го она што постојано го одложувате

    rnАко рано го започнете денот, тоа ќе ве поттикне да ги завршите работите што ги одложувате долго време. Тешките задачи оставете ги за рано наутро затоа што тогаш ќе имате најмногу енергија да ги завршите.rn

    2. Правете го она што не стигнувате да го направите во текот на денот

    rnЧесто се случува да имаат премногу oбврски, па некои луѓе се будат уште пред 5 часот за да завршат некои работи. Во овој период од денот телефонот не ѕвони, немате нови мејлови, никој не ви пречи, па ќе имате неколку часови за да ги завршите обврските што инаку не стигнувате да ги завршите во текот на денот.rn

    3. Проверете ја електронската пошта

    rnАко утрото го започнете организирано, можете да бидете поефикасни. Проверете ја вашата електронска пошта за да не ви се натрупуваат пораки во текот на денот. Рано наутро, додека останатите сè уште спијат, ќе можете да се фокусирате на задачите што ви се зададени.rn

    4. Информирајте се

    rnАко сакате да бидете информирани, следете ги вестите секое утро. Со помош на овој ритуал ќе знаете што се случило досега, но и што може да ве очекува во текот на денот.rn

    5. Вежбајте

    rnОдете во теретана рано наутро затоа што тогаш е потивко и има малку луѓе, што значи дека можете да вежбате на сите справи. Исто така, ќе ви биде полесно да се сконцентрирате бидејќи никој не е расположен да зборува толку рано. Освен тоа, ќе се чувствувате подобро во текот на целиот ден.rn

    6. Време за хоби

    rnИскористете го утрото за вашето омилено хоби. Разбудете се порано и искористете го овој период од денот за да ги истражите своите страсти, без разлика дали станува збор за пишување, за уметност или за музика.rn

    7. Возење велосипед

    rnНекои луѓе возат велосипед веднаш откако ќе се разбудат уште пред да го вклучат мобилниот телефон или да ја проверат електронската пошта. На овој начин, можете да размислувате за сè што ве оптоварува и ве вознемирува.rn

    8. Време за читање

    rnОвој период од денот е одличен за читање книги, особено ако сте мајка на мали деца, па ретко имате време за тоа. Кога ќе се разбудите рано наутро, мозокот ви е доволно буден за да се фокусирате на читањето и во куќата е мирно затоа што децата сè уште спијат.rn

    9. Време за себе

    rnРазбудете се порано за да имате време да изберете облека, да ја средите косата и да се нашминкате. Тоа ќе ви помогне да се чувствувате подобро и посреќно во текот на денот.rn

    10. Прво кафе

    rnУживајте со вашето милениче и со шолја кафе. Опуштете се и слушајте ја тишина која е тешко да ја најдете во текот на денот.rnrnПрочитајте кои други утрински ритуали ќе ви го подобрат расположението.

  • Како да го намалите утринското отекување на лицето?

    Како да го намалите утринското отекување на лицето?

    Без разлика дали сте јаделе премногу солена храна претходната вечер, имате напад на алергија или пак, сте испиле повеќе алкохол, утринското отекување на лицето лесно може да се отстрани ако знаете што да правите. Од кругови краставица на очите, до миење со ладна вода – сигурно сте испробале безброј начини да го намалите отокот со којшто сте се разбудиле. Но, ниту една од овие техники не ви помогнала. Што треба да направите тогаш?rnrnrnrnСпоред Рене Ролеу, естетичарката која е позната по работата со славни личности, меѓу кои е и Деми Ловато, постои еден исклучително едноставен трик. Станува збор за туширање со жешка вода! Утринското туширање со жешка вода ги проширува лимфните садови, што автоматски го олеснува движењето на вишокот течности што се насобираат во лицето. Како додаток, топлината помага за циркулацијата, а силата на млазот вода го стимулира излегувањето на вишокот течности од пределот околу очите.rnrnПрочитајте ги и овие 15 моќни совети кои ќе го спречат отекувањето на очите.

  • Зошто жените не треба да го започнат денот со кафе?

    Зошто жените не треба да го започнат денот со кафе?

    Опојниот мирис од најпознатиот пијалак на светот и кофеинот што го содржи се најдобар начин да се започне денот. Или можеби сепак не? Станување од креветот, тетеравење до кујната, ставање кафе, средување во тоалет, пиење прва голтка од кафето – и после тоа почнувате да се будите. Кафето со причина е најпопуларен пијалак во светот, но треба да се знае во кое време и мера треба да се пие за да се има корист од него. Зошто пиењето кафе наутро лошо влијае врз жените?rnrnrnrnВо една студија објавена во дигиталното издание од библиотеката на Американскиот медицински национален институт се покажало дека кафето на празен желудник, посебно кај жените лошо делува на здравјето. Поради природниот биолошки ритам, нивото на кортизол во телото најголемо е наутро кога се будиме, а најниско кога одиме да спиеме.rn

    Лекарите истакнуваат дека пиењето кафе наутро кога нивото на кортизол е највисок, ги нарушува хормоните во организмот и го нарушува циркадијалниот ритам. Кортизолот лошо делува на овулацијата, хормоналниот баланс и килограмите.

    rnКонсумирањето кофеин кога нивото на кортизолот е највисоко предизвикува зголемено лачење кортизол. Иако досега не е објаснето зошто ова се случува, се верува дека е поврзано со влијанието на кафето на одредени витамини и минерали во телото.rnrnКортизолот, како и сите останати хормони, е неопходен за функционирање на организмот, но проблемот настанува кога се наоѓаме постојано под стрес и кога телото постојано го излачува. Ова може да доведе до зголемено ниво на шеќер во крвта и до инсулинска резистенција. Освен што поттикнува дополнително лачење кортизол, кафето на празен желудник може да се предизвика проблеми со варењето и да го зголеми нивото на желудочна киселина. Ако имате проблем со желудникот добро е да знаете дека ладното кафе е 70% помалку кисело од топлото.rn

    Кога да се испие првото утринско кафе?

    rnАко станувате околу 7 часот наутро, најдобро е првото кафе да го испиете помеѓу 9 и 30 и 12 часот – кога нивото на кортизол е природно ниско. Важно е пред тоа да го имате изедено првиот појадок. Со оглед на киселоста на кафето, добро е да се појадуваат намирници богати со калциум како што се бадемите, јогуртот или чиа семките кои ја неутрализираат киселоста. Ако го пиете кафето во овој период ќе ја добиете потребната енергија.rn

    Поради што наутро се чувствуваме поспано и покрај високото ниво на кортизол?

    rn

    Зависност од кофеин

    rnАко телото е навикнато на кофеин тоа ќе престане да ги користи природните механизми за лачење кортизол и ќе се наслони на кофеинот. Но, ако престанеме со оваа навика, телото набрзо повторно ќе се префрли на неговите ресурси.rn

    Дехидрација

    rnИако имаме чувство дека кога спиеме не правиме ништо, нашиот организам и тогаш е активен. Срцето чука, крвта тече, храната се вари. За тоа потребна е енергија и затоа наутро се будиме жедни.rn

    Недостаток на сон

    rnМногу е важно да спиеме најмалку 7 часа секоја ноќ ако сакаме да бидеме здрави. Ако имате проблем со спиењето, би требало да усвоите неколку навики – секогаш да одите на спиење во исто време и во исто време да станувате, да ги тргнете електронските уреди барем еден час пред спиење за телото да не се умори, и навечер да испиете билен чај што ќе ве релаксира.rnrnДознајте зошто треба да пиете кафе и чај без шеќер.

  • Зошто е подобро да се будите порано?

    Зошто е подобро да се будите порано?

    Секое утро алармот ви ѕвони за на работа, а вие би дале сè да можевте да спиете барем уште 2-3 часа, како за викендите. Ако го мразите станувањето рано обидете се да го засакате бидејќи се покажало дека тоа има позитивно влијание врз целокупното функционирање. Дури и ако не сте утрински тип, тоа може да се смени. Ќе ви образложиме зошто никогаш повеќе не треба неколкупати да го исклучувате алармот наутро пред да станете. Утрата можат да бидат продуктивни и магични ако научите да уживате во нив!rnrnrnrnНеколку независни истражувања покажале дека луѓето што стануваат рано генерално се попродуктивни, имаат подобри работни места и плати, посреќни се и позадоволни се од животот од оние коишто сакаат подолго да спијат. Но, овде се мисли на луѓе кои стануваат навистина многу рано.rnrnВо друго истражување на истата тема учествувале 510 индивидуи што станувале рано (под тоа се подразбира помеѓу 4 и 7 наутро) и 506 доброволци коишто станувале касно (во овој контекст тоа биле луѓе што се буделе помеѓу 8 и 12 попладне). Истражувачите ги интересирало како се одразува времето на будење на одредени сфери од животот, расположението и платите. Се воспоставило дека меѓу оние што стануваат уште во зори, односно првата група, биле значајно попродуктивни, позадоволни од својот живот, со добра работа и следствено на тоа со подобра плата. Исто така, добиените резултати покажале дека од квалитетот на сопствениот живот многу се позадоволни оние што стануваат многу рано и имаат подобар социјален живот за разлика од испитаниците од втората група.rnrnПокрај тоа, настрана од овие истражувања, постојат уште причини за да се будите порано.rn

    Повеќе време за слободни активности пред да се започне денот

    rnНа пример, ако станете еден час пред вашиот аларм, тоа време можете да го исполните со каква било активност по ваш избор. Да претпоставиме дека досега сте станувале во 7 часот.rnВо тој случај, ако станете во 6 часот, ќе имате доволно време за расонување, за вежбање, за читање 30-тина страници од некоја книга, за подготовка на брз појадок, за уживање во утринското кафе, па можеби дури и за влегување под туш или сè друго што ќе ви падне на памет, по ваша волја.rn

    Можност да се ужива во утринската тишина додека сите спијат

    rnУтрата се тивки и свежи, а со тоа и ве исполнуваат со спокој доколку знаете како да уживате во нив. Тишината која подоцна веќе ќе ја нема искористете ја за да застанете за момент и да бидете сами со своите мисли. Можеби во текот на денот сте опкружени со многу луѓе, а ова ви е единствената прилика да бидете сами со себе. Можете да медитирате 15 минути, да ги запишувате мислите во дневник или да слушате музика што ќе ви даде енергија и ќе ве мотивира дополнително.rn

    Можност да се прават планови и списоци за обврските во текот на денот

    rnМожеби не функционирате преку редовно планирање обврски, правење списоци, листи и организирање на работите, или го правите тоа, но ако претходниот ден сте немале време да направите краток потсетник – тоа можете да го направите утрото ако станете еден час порано. За ова корисно е да имате бележник каде што ќе забележувате, но може да се најдат и корисни апликации за планирање коишто ќе ги инсталирате на вашиот мобилен и ќе ви бидат од голема помош.rnrnОва се навистина многу добри причини наутро при првото ѕвонење на алармот да скокнете од креветот и да го зграпчите денот!rnrnДознајте кои се тие работи што им се добро познати на сите ранобудници.

  • Астрологијата ги открива утринските рутини на сите хороскопски знаци

    Астрологијата ги открива утринските рутини на сите хороскопски знаци

    Сите хороскопски знаци различно го доживуваат утрото. Некои сакаат да го искористат максимално, а некои сакаат да лежат подолго во кревет. Па, ако сакате да го искористите утрото во целост и да го започнете вашиот ден на правилниот начин, тогаш продолжете со читање!rnrnАстрологијата открива: Вашата утринската рутина според хороскопотrn

    Овен

    rnНаутро: Станувате од кревет расположени и подготвени да го започнете новиот ден. Брзи сте и се обидувате да завршите повеќе работи во пократок период. Сакате да завршите некоја конкретна работа за да го одбележите почетокот на денот.rnrnВашата идеална утринска рутина: Бидејќи ги сакате утрата со полна енергија, треба да изберете активност од која срцето ќе ви расчука – на пример, многу Овни сакаат да вежбаат наутро. Сексот исто така не е лош избор. Појадокот што ќе го изедете во движење е ваш најдобар избор затоа што не можете да јадете седејќи и бавно во мир. Не ви треба многу време за да се облечете, па не мора да станувате порано за да заштедите време. Откако ќе се истуширате подготвени сте за акција.rn

    Бик

    rnНаутро: Откако ќе се разбудите, не сте многу комуникативни, барем не до првото утринско кафе. Ви треба простор и не сакате никој да ве брза бидејќи наутро не сте баш во форма. Премногу стимулација наутро може да ви пречи пред целосно да се разбудите.rnrnВашата идеална утринска рутина: Сакате лежерни и смирени утра. Слушањето инструментална музика додека се подготвувате за на работа ќе ви влијае многу смирувачки. Вежбањето наутро едноставно не е за вас. Повеќе би ви одговарало да вежбате попладне, после работа.rn

    Близнаци

    rnНаутро: Прилично сте комуникативни. Сакате да зборувате и да знаете што се случува на социјалните мрежи веднаш штом се разбудите.rnrnВашата идеална утринска рутина: Вие сте многу социјални и најдоброто нешто за вас е дружба со семејството и пријателите, дури и ако ја остварите преку телефон или Фејсбук.rn

    Рак

    rnНаутро: Не ви се брза за да станете од кревет, но веднаш кога ќе станете се фокусирате на некој друг затоа што сакате да се грижите за блиските. Издвојувате време и за себе наутро бидејќи едноставно уживате во целиот утрински процес на подготвување за нов почеток на денот. Истовремено, прилично сте тивки и сакате мирни утра.rnrnВашата идеална утринска рутина: Идеалното утро за вас вклучува преземање грижа за другите, но и за себе. Ден започнат со туширање или бањање пред да се фокусирате на другите работи околу себе совршено би ви одговарале. Треба да направите појадок за семејството или утринско кафе или да му испратите порака на пријателот кој приредува забава дома и да го прашате дали му е потребна помош.rn

    Лав

    rnНаутро: Да речеме дека утрото не е вашето време за да заблескате. Тешко е да ве разбудат, а кога ќе се случи тоа може да се почувствувате мрзливо. Прилично сте комплицирани на ваш својствен начин, но откако ќе ја завршите својата утринска рутина потоа многу брзо се појавува вашата забавна и креативна страна.rnrnВашата идеална утринска рутина: Сакате мирни утра и кога сè ви е под контрола бидејќи неочекуваните ситуации можат да ве исфрлат од рамнотежа. На пример, ако ја делите бањата со некој што не е доследен на својата рутина, треба да направите редослед за да не бидете изненадени кога ќе најдете некого под тушот во време кога би требало да миете заби. Бидејќи наутро не сте најбрзи, треба да најдете дополнително време за да постигнете сè и навремено да излезете од дома.rn

    Девица

    rnНаутро: Им робувате на своите навики, па сите ваши утра изгледаат слично.rnrnВашата идеална утринска рутина: Насочени сте на една цел. Вежбањето наутро според распоредот совршено ви одговара бидејќи сакате да имате задачи пред себе кои можете да ги исполнувате, а исто така би можеле да направите и листа со домашни задачи кои ќе ги извршувате. Не треба да брзате, но се препорачува добро да процените колку време имате на располагање. Треба да оставите време и за туширање.rn

    Вага

    rnНаутро: Сакате да бидете во близина на познати луѓе уште од сабајле. Ништо не правите набрзина, дури ни наутро, и се трудите да изгледате најдобро што можете.rnrnВашата идеална утринска рутина: Наутро сакате да потрошите време на својот изглед, фризура и шминка, односно мала е веројатноста да ја пикнете главата под јорган откако ќе ви заѕвони алармот. Сакате да вложувате многу енергија во својата врска, па треба да направите нешто убаво за својот партнер уште рано наутро. Можете да му подготвите кафе или да оставите некаква слатка порака. Другите луѓе ви даваат позитивна енергија, сакате дружење и комуникативни сте, па можете да им се јавите на пријателите или на членови на семејството.rn

    Скорпија

    rnНаутро: Копнеете за нови информации во секој момент и одма уште наутро сакате да ги знаете сите случувања. Не сте премногу расположени во ова време од денот.rnrnВашата идеална утринска рутина: Наутро треба да најдете начин како да го поправите вашето расположение. Утринското вежбање не ви паѓа тешко (колку е потешко толку е послатко), но со оглед на тоа дека не сакате друштво толку рано, најдете термин кога ќе можете да бидете сами во теретана. Подоцна, издвојте време за да ги прочитате весниците во целост, а не само насловите бидејќи сте прави зависници од вести.rn

    Стрелец

    rnНаутро: Никогаш не го пролонгирате алармот и секогаш се будите со визија за тоа што сакате да го постигнете во текот на денот. Ако треба нешто да завршите, подготвени сте да станете и во 4 наутро за да можете да постигнете сè. Сакате мултитаскинг бидејќи времето ви е драгоцено и треба паметно да го искористите.rnrnВашата идеална утринска рутина: Сакате секој ден да има некаква цел. Разбудете се рано, вежбајте или потрошете време на некој проект. Посветете ѝ се на работата и не ги одложувајте вашите обврски.rn

    Јарец

    rnНаутро: Не станувате одма од кревет, но не го одложувате ни алармот кога ќе ви заѕвони. Сакате да станувате секој ден во исто време за да ги извршувате своите утрински задачи. Фанови сте на „работничките униформи, па затоа и носите слична облека секој ден.rnrnВашата идеална утринска рутина: Утрото според вашиот знак би било идеално ако го започнете со некоја работа. Дисциплинирани сте и пред да излезете од дома сакате да завршите некоја работа што сте ја започнале. Со оглед на тоа дека веќе имате „формула“ за облеката, наутро имате доволно време за други работи.rn

    Водолија

    rnНаутро: Непредвидливи сте. Не сакате да ви се кажува што да правите и имате проблем со одржување рутина и придржување до распоред. Вие немате ниту две исти утра. Сакате секогаш да знаете што се случува во светот, па обожавате да разговарате со луѓето и да дознавате што се случувало додека сте спиеле.rnrnВашата идеална утринска рутина: Можеби ќе се критикуваат самите бидејќи не сте се држеле до распоредот, но реалноста е дека тоа нема да се случи. Ако сакате да станете рано и да вежбате, одлично. Ако ви се спие малку подолго, спиете, но треба да внимавате да не задоцните и на работа. Во секој случај, треба да имате време за активностите што ги сакате.rn

    Риби

    rnНаутро: Сакате да спиете. Кога би ве прашале вас, вие би останале цел ден во кревет. Еднаш кога ќе станете, не сакате никој да ве брза. Сакате денот да ви започне полека.rnrnВашата идеална утринска рутина: Удобно и смирено, тоа е вашето мото. Ако времето ви дозволува, правите кафе и појадок што ќе го испиете и изедете во кревет. Читате и весник. После тоа се туширате и се подготвувате за новиот почеток на денот. Клучно е што треба да станете доволно рано за да го постигнете сето тоа.rnrnДознајте и кое животно сте според хороскопот.

  • 5 утрински ритуали што ќе ви го подобрат расположението

    5 утрински ритуали што ќе ви го подобрат расположението

    Навиките ни го одредуваат денот. Како што ќе го започнете утрото таков ќе ви биде и остатокот од денот. Доколку се разбудите незадоволни и нерасположени така ќе ви биде до крајот на денот, а за да го спречите тоа пробајте ги овие 5 ритуали кои сигурно ќе ви го променат расположението!rnrnrn

    Без електронски уреди

    rnПовеќето од нас непосредно пред спиење имаме лоша навика да гледаме телевизија или да користиме телефон. Електронските уреди емитуваат светлина која не ни дозволува да заспиеме и потоа лошо ни влијае на квалитетот на сонот. Поради тоа се препорачува да читате книга пред да заспиете. Најдобро би било доколку телефонот го оставите настрана барем еден час пред да потонете во сон.rn

    Подигнете ги ролетните

    rnСончевата светлина влијае на нашиот мозок исто како и темнината. Затоа затемнете ја собата, не ги спуштајте ролетните и не ставајте тешки темни завеси за да се скриете од светлото. Додека светлината постојано нè буди, мракот му дава сигнали на нашиот мозок дека треба да се спие. Затоа не се препорачува осветлување на просторијата во којашто спиете.rn

    Не консумирајте алкохол

    rnДоколку сакате да се разбудите полни со елан заборавете на алкохолот пред да заспиете. Тој лошо влијае врз вашиот сон, а доколку ви се случи ноќно пијанство испијте две чаши вода пред заминување во кревет. Меѓутоа, некои податоци говорат дека е неопходно да се внесат онолку чаши вода колку што сте испиле алкохол. Ова правило посебно важи за виното.rn

    Вежбајте

    rnСите научни истражувања кои се занимавале со врската помеѓу менталното и телесното здравје покажале дека луѓето кои вежбаат околу два и пол часа неделно подобро спијат од оние кои не се физички активни. Кога ќе бидете уморени убаво и ќе легнете да спиете загарантирано е дека утрото ќе се разбудите одморени.rn

    Уживајте повеќе

    rnКога ќе се разбудите наутро потрудете се да уживате повеќе. Не брзајте никаде после станување туку дајте си себеси време за во мир да го испиете вашето утринско кафе или чај. Можете да правите што било за време на вашиот утрински ритуал кој што ви носи уживање. Нека бидат тоа 15 минути уживање во текот на кои нема да размислувате за обврските кои треба да ги извршите во текот на истиот ден.rnrnПрочитајте ги и овие 8 начини да си го направите утрото порелаксирано.

  • 50 причини поради кои вреди денес да станете од кревет, дури и ако немате волја

    50 причини поради кои вреди денес да станете од кревет, дури и ако немате волја

    Немаме секое утро желба одма да скокнеме од креветот и да го започнеме денот. Некои утра се чувствуваме расположени и мотивирани за да ги извршуваме секојдневните обврски, но некогаш едноставно не сакаме да ја напуштиме удобноста која ни ја нуди нашиот кревет. Имајќи го ова на ум, постојат неколку причини поради кои навистина вреди да скокнете од креветот уште пред сонцето да изгрее. Прочитајте ги во продолжение!rnrnrnrn1. Изгрејсонце – преубаво и магично. Вреди за него да се разбудите и да го гледате, бидејќи тоа може да биде извор на инспирација и мир кога ви се најпотребни.rnrn2. Се разбудивте денес и ви остануваат уште 24 часа пред вас. Тоа се илјада четиристотини и четириесет минути кои треба да ги искористите како најдобро ви одговара.rnrn3. Имате кревет на кој спиете, не заборавајте на тоа! Малечките моменти на благодарност можат да ви помогнат кога сте депресивни или тажни или кога чувствувате некои други емоции кои ве депримираат.rnrn4. Чувството кога легнувате во кревет на чисти и студени чаршави.rnrn5. Мирисот на свежо подготвено кафе во утринските часови.rnrn6. Вкусот на совршена шолја чај доколку не го сакате кафето.rnrn7. 5-те минути кога го пиете вашиот утрински пијалак во вашата омилена шолја.rnrn8. Мирот на тивкото утро пред да се разбуди остатокот од светот или вашата куќа.rnrn9. Чувството кога се туширате со жешка вода.rnrn10. Можноста да влезете под туш и да бидете сами со своите мисли.rnrn11. Мирисот на вашиот омилен сапун и/или шампон.rnrn12. Користењето на нов жилет за првпат и чувството на совршено мазна кожа.rnrn13. Избегнување на утринската гужва во сообраќајот.rnrn14. Доколку треба да патувате подолго време, а веќе сте заглавени во сообраќајна гужва постои некоја убавина во слушањето на вашата омилена музика.rnrn15. Слушањето на аудио-книги е исто така добра опција кога седите во вашиот автомобил додека чекате да тргне долгата колона.rnrn16. Можноста да ја слушате омилената ТВ серија на Интернет, исто така додека сте заглавени во сообраќајот.rnrn17. Работното опкружување каде што ќе ве чека барем еден колега кој ќе ве насмее.rnrn18. Работното опкружување каде што се чувствувате безбедни и ценети.rnrn19. Работното опкружување каде што сте слушнати.rnrn20. Фактот дека имате работа која ја обожавате.rnrn21. Фактот дека имате работа која не ја сакате многу, но ја имате затоа што со неа можете да си ги платите сметките.rnrn22. Кога добивате имејл со убава содржина, а не известување за некоја неплатена сметка.rnrn23. Имате пријатели кои ви испраќаат текстуални пораки само за да ве насмеат.rnrn24. Имате пријатели кои ви испраќаат пораки без причина.rnrn25. Имате пријатели кои ви се јавуваат и ви оставаат говорна порака.rnrn26. Имате пријатели со кои можеби не разговарате толку често како некогаш, но тоа не значи дека поради тоа ги сакате помалку.rnrn27. Имате пријатели кои секогаш ви одговараат на повиците – без оглед на тоа колку е часот.rnrn28. Имате најмалку еден пријател кој ве познава најдобро од сите.rnrn29. Ќе имате време посветено само за вас за подобро да се разберете себеси.rnrn30. Можете да одите на прошетка во природа и да си дозволите да се „изгубите во вашите мисли“.rnrn31. Светот сè уште ја има природата – плажите, шумите и океанот се насекаде околу нас и природните убавини не се уништени – барем не сè уште.rnrn33. Постојат милиони начини да го посветите вашето време за да помогнете во спречување на уништувањето на природата.rnrn34. Постојат милиони начини на кои би го посветиле вашето време да направите сосема мал гест за да го направите овој свет подобар. Одберете еден. Започнете со мали чекори.rnrn35. Имате способност да го искажете вашиот глас.rnrn36. Постојат милион убави, магични приказни кои би можеле да ги прочитате и да го откриете гласот на некој друг. Одете во библиотека. Одберете наслов. Започнете таму.rnrn37. Живеете во време кога постојат книги.rnrn37. Вие спаѓате во таа генерација која живееше со „Игра на троновите“.rnrn38. Живеете во време кога постои Нетфликс.rnrn39. Раскажувањето приказни живее и денес, а приказните се тие кои нè придвижуваат. И токму вие одлучувате кои приказни ќе ги прифатите.rnrn40. Можете да одлучите која храна ќе ја консумирате.rnrn41. Вие одлучувате кои медиуми ќе ги следите.rnrn42. Вие одлучувате во чија придружба сакате да бидете.rnrn43. Вие имате контрола.rnrn44. Вие имате контрола над вашите навики, и врските во кои влегувате. Вие одлучувате како ќе реагирате на тешкотиите кои ги носи животот на вашиот пат. Не верувајте во лагата дека немате моќ. Вие ја имате целосната моќ.rnrn45. Во вашата орбита, вие сте најмоќната сила.rnrn46. Вие сте чудо. Да, вие. Науката и универзумот и ѕвездите се споиле за да ве направат баш такви какви што сте. Постои ѕвездена прашина во вашите коски и љубов која тече низ вашите вени.rnrn47. Вие заслужувате љубов.rnrn48. Вие сте привлечни.rnrn49. Вие сте љубов.rnrn50. Ако можете да ја ставите главата на вашата перница на крајот од денот знаејќи дека го дадовте најдоброто од себе – тоа секогаш заслужува да биде прославено.rnrnПрочитајте го и ова ако не можете да се натерате да станете од кревет.