Кафето и весникот се секогаш добра комбинација за добро утро. Уште кога вака ќе ви почне неделата, си ги зголемувате шансите за пријатна и успешна работна недела. На здравје кафе!rnrn
Tag: утро
-

Кафе-позадина за вашиот десктоп #24
Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1920×1200) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп. -

Живејте здраво, разбудете се порано!
Упорно се обидувате да станете од кревет порано, но ни родителите, ни ѕвонењето на мобилниот, ниту кој било аларм на светот не можат да ве разбудат. Еве каде грешите…rn.rn
1. Легнете да спиете кога ќе почувствувате замор и будете се секој ден во исто време
rnСигурно ви се случува да си легнете во кревет порано, надевајќи се дека ќе заспиете и ќе бидете доволно одморени за утрешните обврски. Но наместо тоа, останувате будни уште 2-3 часа, гледајќи некоја безначајна ТВ емисија или сурфајки на интернет. Ако пак се мачите да заспиете, најверојатно на крајот ќе бидете исфрустрирани зашто залудно сте потрошиле време во кревет, а не сте се одмориле.rnrn
rnrnАко имате проблем со заспивањето, не грижете се, има решение и за тоа. И да останете будни до подоцните часови од ноќта, задолжително наместете го алармот порано од вообичаено. Утрото ќе се чувствувате поуморни, но вечерта ќе можете да заспиете малку порано. Затоа заспијте кога ќе почувствувате умор, а станувајте секое утро во исто време. На тој начин, ќе го регулирате ритамот на живот.rnrn
rnrn rn2. Сте слушнале ли за 90 минутното правило за спиење?
rnСите сме слушнале дека спиењето по 8 часови дневно е идеално за одморање на човекот, но оваа теорија е спротивна на истражувањето кое вели дека луѓето се најдобро одморени, кога спијат во повеќекратни интервали од по 90 минути. Затоа, обидете се наместо по 8 часа, да спиете 5 интервали по 90 минути, што би биле 7, 5 часа. И да спиете точно 6 часа, би се чувствувале поодморено, отколку ако го нарушите 90 минутното правило.rnrn
rn3. Намалувајте ги часовите поминати во спиење, постепено.
rnНајверојатно мислите дека колку повеќе спиете, толку поодморени ќе бидете наредниот ден, но вистината е дека човекот може добро да функционира и со помалку од 8 часа сон, доколку создаде таква навика. Тоа не значи дека треба да се навикнете да го преживувате денот со помалку „гориво“, туку да се истренирате да спиете поквалитетно во определените часови. За да го направите овој процес безболен, намалувајте на неделно ниво по 20-30 минути од вашето спиење. На пример, наместо по 8 спијте во 7,5 часа во текот на една недела. Наредната недела спијте по 7 часа итн., додека не го постигнете посакуваниот ефект.rnrn
rn4. Смислете си добра причина за станување.
rnАко немате некоја особена причина за станување порано, најверојатно нема да се разбудите до пладне. Затоа, решете дека утрото ќе одите на џогинг, ќе учите за испит, ќе работите на некој проект или ќе го исчистите домот. Верувајте, што и да изработите наутро, ќе биде покорисно отколку да го преспиете денот.rnrn
rn5. Дозволете им на сончевите зраци да влезат низ вашиот прозор
rnАко спиете во темница, со спуштени ролетни или темни завеси, вашето тело реагира со лачење на хормонот за спиење наречен мелатонин, кој престанува да се лачи со изложување на очите на светлина. Затоа, кренете ги ролетните, наместете го алармот на најјак звук и ставете го на другиот крај од собата. Ако ви е алармот во близина, ќе си го одложувате ѕвонењето на 10 минути, па уште на 10 и додека се освестите, поминал час и половина, а вие доцните за на работа, училиште или факултет, а не сте ни одморени, благодарение на постојаното вклучување на алармот.rnrn
rn6. Напијте се 2 чаши вода пред спиење
rnАко мачната потреба за уринирање наутро не ве разбуди, тогаш вие имате и некој многу поголем проблем од спиењето. 1-2 чаши пред спиење ќе ве кренат на нозе наутро, уште пред да го испиете кафето.rnrn
rn7. Вашиот метаболизам може да биде аларм
rnМожеби ќе ви звучи лудо, но ако се убедите себеси дека утредента ќе станете во точно определено време, тоа ќе се случи на природен начин, без звуците од алармот. Направете експеримент. Испланирајте да станете во 9 часот, а наместете го алармот во 9:15 за секој случај. Ќе се изненадите од фактот, дека без никаква помош, сте се разбудиле точно на време.rnrnrnrnrnrn