По застрашувачки земјотрес во Калифорнија, еден пилот на хеликоптер заедно со својата бивша сопруга тргнуваат во потрага по нивната ќерка
rnРежија: Бред ПејтонrnrnУлоги: Двејн Џонсон, Карла Гугино, Александра ДадариоrnrnВреметраење:114 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 29 мај 2015rnrnЖанр: акција, драма, трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnИнтересно е колку многу се луѓето фасцинирани од уништувањето на планетата. Особено ако тоа доаѓа природно. Токму затоа и воопшто не изненадува фактот што дел од најпопуларните филмови вклучуваат масовно уништување и соочување со апокалиптични сценарија од библиски пропорции. Токму овој филм е еден од тие. Станува збор за брза акција, каде што во секој момент нова опасност излегува од зад следниот агол и води чекор понапред кон безнадежност за спас. Но, тоа веднаш се менува кога главните ликови, поточно херои, носат бестрашни и храбри одлуки кои им даваат барем уште една шанса за преживување.rnrnrnrnБидејќи филмот се врти околу ликот кој го толкува Двејн Џонсон, веднаш можете да претпоставите дека станува збор за одличен филм. Тој навистина знае да направи добар избор кога одбира филмови. Приказната започнува со еден од најголемите и најзастрашувачките земјотреси со кои Калифорнија, па и светот некогаш се соочил. Самиот земјотрес предизвикал огромна штета, но проблемите не завршуваат таму. По него следат голем број помали земјотреси, повторно со застрашувачка моќ, како и други проблеми кои дополнително ја влошуваат ситуацијата, доведувајќи ги жителите на оваа област во смртоносна позиција. Со неколку зборови, филмот е толку брз и динамичен, што воопшто нема ни да забележите кога ќе помине.rnrn
Филм базиран според вистинската приказна за гангстерите близнаци Реџи и Рони Креј
rnРежија: Брајан ХелџеландrnrnУлоги: Том Харди, Емили БраунингrnrnВреметраење: 131 минутаrnrnЈазик:англискиrnrnПремиера:24 септември 2015rnrnЖанр: биографија, криминал, трилерrnrnНаша оценка:7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за вистинската приказна за идентичните близнаци, Реџи и Рони Креј, кои биле најозлогласените криминалци во историјата на Британија. Филмот ги следи настаните околу нивната криминална империја во 1960-тите години кога владееле со Лондон и биле едни од најмоќните луѓе кои некогаш оделе по планетата. Со неколку зборови, овој филм е третина темна комедија, третина љубовна приказна и третина трилер. Но, и покрај тоа што станува збор за гангстери, ние сепак немаме можност да ја доживееме во целост оваа страна на филмот. Наместо тоа, во центарот на настаните се односот помеѓу браќата, како и врската на Реџи со Френсис. Исто така, да ве предупредиме дека станува збор за бавен и долг филм, па доколку не ви се допаѓа овој жанр големи се шансите дека ќе ви биде здодевен.rnrnrnrnОна што навистина се издвојува во овој филм е неверојатниот двоен перформанс на Том Харди. Тој ги глуми и Реџи и Рони, давајќи ни неверојатна длабочина на нивните различни карактери. Токму тој е и една од најголемите причини зошто би требало да го гледате филмот. Од друга страна пак, Емили Браунинг, која ја глуми Френсис, девојката и подоцна сопруга на Реџи, исто така совршено ја одигрува својата улога, а со тоа и ја дополнува и разгорува динамиката помеѓу двајцата близнаци. Што се однесува до текот на приказната, можеме слободно да кажеме дека е без грешка, полека откривајќи ви едно застрашувачко и тешко време од кое без прекин ќе ви поминуваат морници низ телото. Па, доколку сте расположени за мала и застрашувачка екскурзија во минатото, тогаш без сомнение Легенда е одличен избор за вас.rnrn
Непозната девојка со амнезија е прекриена со мистериозни тетоважи кои водат кон огромен криминален заговор
rnГлавни улоги:Саливан Стејплтон, Џејми Александар, Роб БраунrnrnЖанр:драма, мистерија, трилерrnrnКреатор:Мартин ГероrnrnПремиера:21 септември 2015rnrnБрој на сезони:1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик:англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnЗарем постои некој кој не сака добра мистерија? Оваа ТВ серија е една од оние кои веднаш нè фрлаат во центарот на приказната, без никаков вовед ниту предупредување. Станува збор за млада девојка (Џејми Александар), прекриена со тетоважи, која ќе биде најдена на Тајмс Сквер во Њујорк. Бидејќи таа има амнезија и не знае како се нашла таму, веднаш го добива името Џејн Доу и со својата ситуација го привлекува вниманието на ФБИ кои неуспешно се обидуваат да дознаат нешто повеќе за неа. Нештата ќе станат уште поинтересни кога тие ќе сфатат дека тетоважите на нејзиното тело се мапа кои водат кон огромен криминален заговор, но кои исто така ја носат и чекор поблизу до откривањето на вистината за нејзиниот идентитет.rnrnrnrnИ покрај тоа што Џејн има амнезија, сепак изгледа целото моторно сеќавања ѝ е зачувано. Токму затоа и таа може да се потпре на еден вид внатрешни инстинкти со цел да реагира соодветно на ситуацијата. Исто така, таа одвреме-навреме гледа слики од нејзиното минато, кои ја навраќаат наназад, но не ѝ кажуваат ништо повеќе од тоа што треба да го знае. Некој би рекол дека секој нејзин чекор е веќе однапред испланиран. Поради нејзините тетоважи, кои биле неодамна ставени, таа ќе добие клучна улога во истражувањето на ФБИ, како и во откривањето на своето минато и личноста која некогаш била. Со неколку зборови, ако сте љубители на мистериите, тогаш дефинитивно ќе ви се допадне оваа ТВ серија.rnrn
Филм според вистински случувања кои довеле до смрт на 8 луѓе кои се искачувале на Еверест во 1996 година
rnРежија: Балтазар КормакарrnrnУлоги:Џејсон Кларк, Анг Фула Шерпа, Томас М. Врајт, Џејк Џиленхол, Кира Најтли, Џош БролинrnrnВреметраење:121 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера:24 септември 2015rnrnЖанр: авантура, драма, трилерrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОвој филм е базиран според вистинската приказна за настани кои се случиле на 10 мај, 1996 година. Токму затоа и веднаш ќе ве предупредиме да не очекувате типичен холивудски филм со бурен заплет и среќен крај, исполнет со многу акција и нереално избегнување трагедија во последен момент. Баш напротив, филмот се држи блиску до вистинските настани и е целосно насочен кон главните ликови и нивната борба со една од најголемите бури кои досега ги зафатила планинарите при нивниот обид да го освојат Еверест. Токму затоа и тие се постојано во кадар, криејќи ги прекрасните пејзажи кои многу недостасуваат во филм со ваква тематика.rnrnrnrnПриказната започнува со мал вовед во животот на главните ликови. Ние имаме можност да ги запознаеме нивните семејства, како и нивниот карактер. Брзо потоа дознаваме и кои се мотивите кои ги натерале да се нафатат на овој застрашувачки подвиг, изложувајќи го своето тело на услови кои едноставно не се наменети за човекот. Додека гледате како тие се соочуваат со смртоносната околина на највисоката точка на планетата Земја, изложувајќи се себеси на невидена опасност едноставно не можете да не помислите зошто некој воопшто би сакал да го направи тоа. Но, тоа не го крие фактот дека тие ја добиваат својата енергија од страста и желбата да се оттргнат од секојдневието и да го поминат најголемиот предизвик кој природата му го задала на човекот.rnrn
Што би направиле ако имате пристап до сите можности кои ви ги нуди вашиот мозок?
rnГлавни улоги: Џејк Мекдорман, Џенифер Карпентер, Хил ХарперrnrnЖанр: драма, научна фантастика, трилерrnrnКреатор:Крег СвиниrnrnПремиера:22 септември 2015rnrnБрој на сезони:1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка:9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за телевизиска адаптација на добро познатиот филм „Limitless“ од 2011 година. Токму затоа и Бредли Купер накратко се појавува, укажувајќи ни на одличен почеток на оваа нова ТВ серија. Главната улога му припаѓа на Џејк Мекдорман, кој уште веднаш може да се забележи дека одлично се снаоѓа во чевлите на својот лик, Брајан Финч. Обично во ваквите ТВ серии на актерите им е потребно време за да се соживеат со својата улога, но овој пат таа фаза е целосно прескокната. Можеме слободно да кажеме дека актерот е како измислен за својата нова улога.rnrnrnrnПриказната започнува така што ни го покажува секојдневието на Брајан Финч, музичар чиј живот му поминува пред неговите очи. Тој верува дека сите околу него направиле нешто значајно со себе, за разлика од него кој изгледа како со години да тапка во едно место. Откако неговиот татко ќе се разболи, а докторите нема да можат да најдат што му се случува, Брајан уште повеќе ќе заглави, не знаејќи што попрво да направи за да помогне. Но, сè ќе се промени откако тој ќе налета на еден од неговите стари пријатели.rnrnrnrnИлај, пријателот на Брајан, сакајќи да му помогне ќе му даде апче чија цел е да направи тој да функционира подобро. Со ова апче, тој ќе работи побрзо, ќе размислува подобро и ќе може повторно да се врати на создавање негова музика. На некој начин ќе добие поттурнување за да се врати во својот живот. Брајан по мало двоумење ќе реши да проба и многу набрзо ќе сфати дека ова апче прави многу повеќе отколку што Илај му кажа. Тоа целосно го активира неговиот мозок, отворајќи пред него свет без граници…
Френк Мартин, познат и како Транспортерот, ќе биде вовлечен во ризична мисија која ја водат 4 решителни девојки, подготвени да срушат една од најголемите криминални организации…
rnРежија: Камил ДеламарrnrnУлоги:Ед Скраин, Лоан Чебанол, Реј СтивенсонrnrnВреметраење: 96 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера:4 септември 2015rnrnЖанр:акција, криминал, трилерrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnФренк Мартин, кој во овој филм го игра Ед Скраин, бил поранешен оперативец кој денес води мирен живот. Барем тој така верува. Неговата работа е да превезува класифицирани пакети без да знае што има во нив, ниту пак за кој го прави тоа. Во случај да биде фатен на дело, тоа е еден начин на кој тој се заштитува од каква било вина. Но, кога една прекрасна девојка ќе му пристапи, барајќи ја неговата помош, тогаш одеднаш сè тргнува во погрешна насока. Ана (Лоан Чебанол) и нејзините 3 заводливи пријателки организирале една од најголемите измами со цел да му се одмаздат на човекот кој ги заробил во светот на проституцијата, но никогаш не би можеле да го изведат сè тоа сами. Токму затоа и го принудуваат Френк да им помогне, киднапирајќи го неговиот татко како осигурување дека тој нема да ги остави.rnrnrnrnОва е еден од оние филмови кои изобилуваат со борби, брзо возење и пукање, па бидејќи акцентот е целосно ставен на сцените со акција има недостаток од дијалог. Тоа води кон приказна која е површна, прилично проѕирна, на моменти дури и нелогична, па затоа и нема да ви биде тешко да предвидите што ќе се случи до крајот на секоја од сцените. Главните улоги им припаѓаат на нови и свежи актери, кои лесно се забележува дека сè уште учат како да глумат, па токму затоа и помалку се чувствува хемијата помеѓу нив. Особено меѓу Ана и Френк, кои флертуваат во текот на целиот филм. Но, овие нешта не значат дека треба целосно да го отпишете овој филм и воопшто да не го гледате. Како и секоја друга акција, има сцени кои се навистина добри и кои ќе направат да уживате во филмот.rnrn
По бегството од лавиринтот, тие треба да се соочат со опасностите од опустошената Земја
rnРежија:Вес БолrnrnУлоги:Дилан Обрајан, Ки Хонг Ли, Каја Скоделарио, Томас Броуди-СангстерrnrnВреметраење:131 минутиrnrnЈазик:англискиrnrnПремиера:10 септември 2015rnrnЖанр:акција, трилер, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnДоколку ви се допаднал првиот дел, Лавиринт: Невозможно бегство, тогаш големи се шансите дека овој ќе ви се допадне уште повеќе. Станува збор за динамичен филм, кој изобилува со акција и кој постојано ќе ве држи на работ од вашето столче. Со оглед на интензитетот и брзината на настаните, вие едвај ќе имате време за дишење, исто како и главните ликови. Приказната добива сосема нов тек, бидејќи надвор од лавиринтот ништо не е онака како што изгледа. Земјата е скоро уништена, додека вирусот разорува сè пред себе. Временските услови се екстремни, а преживеаните луѓе се грижат само за себе, бидејќи знаат дека не постои друг начин на кој би можеле да останат во живот. Со неколку зборови: сè е сменето!rnrnrnrnДејството започнува онаму каде што заврши првиот филм. Групата деца кои избегаа од лавиринтот, на чело со Томас, се спасени од војска и одведени во засолниште. Тие таму откриваат дека не се единствените кои биле тестирани на таков начин, запознавајќи поголема група деца кои исто така се имуни на вирусот кој владее со планетата. И покрај тоа што оние кои раководат со оваа установа им велат дека тие набрзо ќе бидат пренесени на безбедно, Томас чувствува дека нешто не е во ред. Дали тие навистина избегаа од ВИКИД или можеби сè ова e поврзано?rnrnrnrnНе ви откриваме ништо повеќе, но дефинитивно ви препорачуваме што побрзо да го погледнете овој одличен филм. Вие не само што ќе се изгубите во приказната, туку и ќе почнете да размислувате што би направиле на местото на овие ликови… Токму тоа и ќе ве натера да сочувствувате со нив, како и да се ставите на нивно место – а тоа е нешто кое мал број филмови успеваат да го поттикнат во нас. Исто така, премиерата во Македонија е една недела пред светската премиера, па искористете ја оваа можност. За крај, ако одлучите да го гледате, одвојте време претходно и за првиот, бидејќи сè е поврзано и има шанси да не можете да го следите активно доколку сте ги заборавиле деталите од претходниот дел.rnrn
Напреден убиец ѝ помага на една необична жена да го најде нејзиниот татко и да ги открие мистериите за нејзиното потекло
rnРежија: Александар БахrnrnУлоги: Руперт Френд, Хана Вер, Зекери КвинтоrnrnВреметраење: 96 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 21 август 2015rnrnЖанр:акција, криминал, трилерrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува така што ни покажува елитен убиец, кој е генетски модификуван да биде совршената машина за убивање. Тој е познат по последните 2 бројки од бар-кодот кој го носи на својот врат, агент 47, укажувајќи ни дека пред него имало 46 други агенти со чие истражување довело тој да биде посилен, побрз и поинтелигентен. Но, неговата најнова мисија вклучува борба со група непријатели чии моќи ги надминуваат неговите, па токму затоа мора да најде алтернативен начин за да ги победи.rnrnrnrnАгентот 47 во својата мисија ќе вклучи и една девојка, Катја, која го поминала сиот свој живот барајќи го својот татко. Тоа што таа не го знае е дека токму нејзиниот татко е одговорен за создавањето на програмата „Агенти“ која довела до постоењето на 47. Неговата мисија е да направи сè што е во негова моќ за да се спречи повторното создавање на ваков вид напредни убијци и знае дека таа е единствената која може да го пронајде својот татко. Но, исто како што тој носи голема тајна со себе, така и таа не е само една обична девојка, како што делува на прв поглед.rnrnrnrnПриказната на овој филм е базирана според популарната видео игра „Hitman“, па токму затоа и ќе ви биде позната. Филмот е исполнет со многу акција и голем број ефекти, додека истовремено одржува одлична доза мистериозност која со секоја нова сцена Катја сè повеќе ја зачинува. Не можеме да кажеме дека настаните не се предвидливи и малку проѕирни, но сепак тоа нема да ве спречи да уживате во нивниот тек. Доколку сте фан на видео играта која го носи истото име и ако сте расположени за трилер исполнет со многу акција, тогаш дефинитивно вашиот следен избор за филм би требало да биде токму овој.
Итан Хант тргнува во потрага по Синдикатот, во најневозможната мисија досега!
rnРежија: Кристофер МеквариrnrnУлоги: Том Крус, Сајмон Пег, Ребека Фергусон, Џереми РенерrnrnВреметраење: 131 минутаrnrnЈазик:англискиrnrnПремиера: 30 јули 2015rnrnЖанр: акција, авантура, трилерrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnАко треба да ги рангираме филмовите од серијата „Невозможна мисија“ без сомнение би кажале дека овој дел е еден од најдобрите досега. Приказната е одлично обработена, а мисијата и покрај тоа што на прв поглед делува невозможно, сепак реализацијата е и повеќе од совршена. Итан Хант повторно успева да нè воодушеви, како и да нè увери дека светот е безбеден во неговите раце.rnrnrnrnПриказната започнува со распуштање на единицата ИМФ поради нивните несекојдневни методи за работа кои ЦИА смета дека носат повеќе штета отколку добро. Токму затоа и агентите ќе бидат отповикани, а оние кои ќе решат да останат ќе продолжат да работат во рамките на ЦИА. Но, бидејќи Итан е на само еден чекор од разоткривање на организацијата Синдикат, тој ќе реши да ги игнорира наредбите, станувајќи одметник.rnrnrnrnОна што го одделува овој филм од останатите е фактот што Том Круз не користи каскадери, ниту пак сака дигитална обработка на опасните сцени, па токму затоа сè што ќе видите во филмот, како стоењето на крилото од авионот во лет, возењето автомобили, мотори и нуркањето, е реално. Тоа ги прави овие сцени уникатни и го задржуваат контактот со публиката, правејќи го целото доживување многу поавтентично од останатите.rnrn
Ова е мојата приказна… Јас сум единствениот преживеан и ова е она што го преживеав за да ви го раскажам.
rn
Наша оцена: 10/10
rn
Ваша оцена: [ratings]
rn
rnСе подготвувате за летниот одмор? Каде ќе одите, и уште поважно, која книга ќе ја понесете со себе? „Преживеј за да раскажуваш“ е нешто што дефинитивно, од сè срце ви го препорачуваме. Луда авантура, трилер кој ќе ве остави без здив, драма која ќе ве држи во неизвесност од почетокот па до самиот крај. Лиса Гарднер сосема успешно и беспрекорно ги држи своите читатели во една слатка и љубопитна неизвесност, во која особено ќе уживаат љубителите на крими-романи. Секоја чест за ова дело, ви посакувам да ви стане дел од животот макар на неколку дена. Но, да не избрзуваме, со ред, прво приказната…rnrnДетективката Ди Ди Ворен е повикана на местото на грозоморното случување – брутално убиено семејство, мајка и три деца, а таткото, кој впрочем е и главен осомничен, се бори за живот. Можеби случајот е навидум едноставен. Семејството навлегло во тешка финансиска ситуација, па колку му треба на човек да го изгуби разумот? Но, нешто ѝ кажува на Ди Ди дека ништо не е така едноставно, ниту пак случајно, особено масата поставена за вечера за 6 лица, а семејството е петчлено…rnrnОваа ужасна трагедија нè поврзува со медицинската сестра Даниела Бартон, која работи во детска психијатриска болница. Таа цели 25 години живее како единствен преживеан од своето семејство, а тоа искуство е ужасно. Секоја година, на годишнината од грозоморниот настан, неа ѝ се навраќаат слики од нејзината сестричка, како јаде лимони со шеќер, па прави смешни гримаси со кората од лимонот, и од нејзиниот брат кој обожува да игра криенка и умешно се крие во најнедостапните места… од нејзината мајка, која бдее над неа кога е болна и ѝ дава сладолед од јаготка кога времето е премногу топло. Сега Даниела им помага на децата од најранливата категорија, на децата со психички болести. Таа се труди да го заборави својот насилен татко, и да го извади неговиот глас од нејзината глава, така што им помага на овие деца. Ако детето мисли дека е мачка, таа се однесува како мачка… Даниела е прекрасна личност, само ѝ треба нешто што ќе ѝ помогне да го остави минатото зад себе…rnrnВикторија Оливер е напатена, измачена мајка, која со сето срце го сака својот син, оној кој во еден момент ѝ вели „Те сакам мамичке“, а во следниот „Ќе те убијам кучко“. Еван е детенце со посебни потреби, тој е подготвен да си наштети себеси и на најблиските на најгрозоморни начини без око да му трепне.rnrnДвете убиства на две семејства ќе ги спои животите на овие три жени, ќе ги донесе на ист пат, и на секоја од нив ќе ѝ помогне да најде мир во животот, конечно, по многу долго време.rnrnОд страв да не откријам повеќе за книгава, ќе прекинам тука, а мојата препорака останува иста. Книгава мора да ви падне во раце. Маестрално дело, одлично преведено, одлично доловен секој аспект, и доволно добро да ве одведе во еден друг свет, па кога ќе ја кренете главата од книгава ќе ви требаат неколку секунди да се вратите во реалноста. Не можам да најдам замерки, ова е една од најубавите книги за кои сум среќна што некако стигнале до мене.rnrnИзданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 2 август 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn