КАФЕ ПАУЗА

Tag: трилер

  • Филмска препорака: 3 одлични трилери што задолжително треба да ги погледнете овој декември

    Филмска препорака: 3 одлични трилери што задолжително треба да ги погледнете овој декември

    2016 година беше исполнета со одлични филмови кои навистина вреди да се погледнат. Понесени од целата таа филмска атмосфера, ние вие препорачуваме уште 3 одлични филма за кои дефинитивно треба да одвоите време пред да започне новата година. Станува збор за мрачни трилери со трогателни приказни што ќе ве наведат на размислување. Ова е нашата филмска препорака за декември…rn

    „Госпоѓица Слоун“ (Miss Sloane)

    rnФилмска препорака: 3 одлични трилери што задолжително треба да ги погледнете овој декемвриrnrnЏесика Честејн ја глуми ладната госпоѓица Слоун која работи како лобист и е опседната со законот за користење оружје. Тензијата станува посилна кога работата почнува да влијае на нејзиниот приватен живот и таа открива една нова темна страна на нејзината личност што почнува да го загрозува нејзиното патешествие.rn

    „Лав“ (Lion)

    rnФилмска препорака: 3 одлични трилери што задолжително треба да ги погледнете овој декемвриrnrnДев Пател одлично успева да го долови главниот лик во оваа приказна инспирирана од прекрасниот мемоар на Сару Брирли. Малото момче Сару се изгубило во Индија и живеело како скитник на улиците во Колката, сѐ додека не биде посвоено од едно тасманско семејство. По десетина години, Сару решава да ги побара неговите вистински родители. Никол Кидман и Руни Мара ги играат жените кои се сведоци на неговата потрага.rn

    „Ноќни животни“ (Nocturnal Animals)

    rnФилмска препорака: 3 одлични трилери што задолжително треба да ги погледнете овој декемвриrnrnРежисерот Том Форд предизвикал големи провокации со неговото најново филмско остварување наменето за љубителите на мрачните трилери. Ејми Адамс ја толкува улогата на успешната дилерка со уметнички дела која еден ден налетува на ракопис од нејзиниот поранешен сопруг. Џејк Гиленхал ја има улогата на писателот кој бил напуштен од неговата сопруга. Романот ѝ буди стари сеќавања на силната жена, поради што таа почнува да тагува и да се чувствува ужасно.

  • ТВ серија: Марчела (Marcella)

    ТВ серија: Марчела (Marcella)

    Откако нејзиниот брак ќе се распадне, таа се враќа назад на работа, како детектив во потрага по сериски убиец

    rn(1) ТВ серија: Марчела (Marcella)Главни улоги: Ана Фриел, Реј Пантаки, Нина СосањаrnrnЖанр: криминал, драма, трилерrnrnКреатор: Ханс РосенфелтrnrnПремиера: 4 април 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПрвата сцена започнува со жена во када. Таа е со модрици и збунета, крвава. Ако добро го забележите нејзиниот лик, ќе дојдете до заклучок дека таа не знае ништо повеќе од нас за тоа што се случило. Набрзо приказната нè враќа неколку недели наназад и веднаш сфаќаме дека жената во кадата е всушност главната улога во ТВ серијата – Марчела (Ана Фриел). И како што настаните продолжуваат, така сцената со кадата ќе станува сè поамбивалентна. Едноставно нема да можете да не се запрашате дали Марчела е жртва на кривично дело или пак, сторителот?rnrn(2) ТВ серија: Марчела (Marcella)rnrnПред таа да се најде крвава во кадата, откриваме дека е сопруга и мајка, која се откажала од детективската кариера пред една декада за да може да се посвети на своето семејство. Но, нештата многу брзо ќе се сменат. По многу години во брак, нејзиниот сопруг ја напушта. Брзо потоа, еден од детективите со кои порано работела, ќе тропне на нејзината врата, барајќи помош за серија убиства со гушење, слични на оние на кои таа работела пред да ја напушти работата.rnrn(3) ТВ серија: Марчела (Marcella)rnrnИ покрај тоа што имало главен осомничен, никој не бил осуден за овие злосторства кои одеднаш прекинале. Но, изгледа истиот убиец повторно се враќа во акција, бидејќи сцените кои ги остава зад себе се идентични на оние во минатото. Марчела веднаш се насочува кон тогашниот главен осомничен, но се насобираат многу докази кои водат во сосема спротивна насока. Дали таа е во право или пак, греши, само времето ќе ни покаже.rnrn(5) ТВ серија: Марчела (Marcella)rnrnИмајќи го сè ова на ум, оваа ТВ серија не обработува само една потрага по убиец. Приказната е многу покомплицирана и како што ќе поминуваат минутите, така ќе сфаќате дека всушност многу споредни нешта кои се случуваат во позадината влијаат на главните настани. Исто така сè би било помалку комплицирано ако Марчела беше сосема обична детективка, на која сите ние можеме да ѝ веруваме. Што значи тоа? Па, кога е под дејство на екстремен стрес, таа целосно се исклучува и станува склона на насилство кое најчесто не го помни (ниту пак ние имаме можност да го видиме, со исклучок на неколку кратки и нејасни сцени).rnrn(4) ТВ серија: Марчела (Marcella)rnrnОвие дупки во приказната оставаат многу прашања неодговорени. Таа работи на случајот со серискиот убиец, но паралелно се обидува да ја реши и мистеријата зад своите исклучувања. Дали и таа направила нешто непростливо или пак, само се нашла во погрешно време на погрешно место? Приказната ќе ве држи во неизвесност до самиот крај, поради што и ако сакате мистерии, ќе бидете задоволни од тоа што го гледате!rnrn(6) ТВ серија: Марчела (Marcella)

  • Филм: Џејсон Борн (Jason Bourne)

    Филм: Џејсон Борн (Jason Bourne)

    Најопасниот поранешен оперативец на ЦИА открива нови информации за своето минато

    rn(1) Филм: Џејсон Борн (Jason Bourne)Режија: Пол ГринграсrnrnУлоги: Мет Дејмон, Томи Ли Џоунс, Алиша ВикандерrnrnВреметраење: 123 минутиrnrnПремиера: 28 јули 2016rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: акција, трилерrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnМногумина би рекле дека „Џејсон Борн“ е сосема непотребен филм, но тоа не го прави лош за гледање. Проблемот е што не постои добра причина за франшизата која доминираше со претходната декада да се врати на големото филмско платно, особено кога станува збор за тура низ најголемите филмски моменти од претходните делови. Имајќи го ова на ум, постојат и неколку сцени каде што овој филм навистина заживува. Дури и новиот карактер, толкуван од страна на Алиша Викандер, добитничка на Оскар, е одличен додаток на тимот. Но, сепак, општото чувство кое ќе го добиете додека го гледате овој дел е дека има премногу навраќања на веќе видени сцени.rnrn(2) Филм: Џејсон Борн (Jason Bourne)rnrnПриказната започнува така што можеме да го видиме главниот карактер како се крие од јавноста и се препушта на борби за пари, кога еден стар пријател ќе го врати назад во игра. Наводно постојат нови информации кои тој треба да ги знае за тајната програма на ЦИА која го создала него, но и која му го згорчила животот. Ова не е нешто што досега не сме го виделе во претходните делови, но како основа за самата приказна, сепак е добро составено. Ако ги тргнеме настрана повторувањата, филмот сепак ни дава неколку свежи детали. Еден од нив е и ликот на Алиша, Хедер Ли – компјутерски гениј кој понекогаш работи за, а понекогаш против Борн, во зависност од нејзините сегашни цели.rnrn(3) Филм: Џејсон Борн (Jason Bourne)rnrnСо неколку зборови, ако сте долгогодишен љубител на Џејсон Борн, тогаш без сомнение ќе ви се допадне и овој дел. Особено ако уживате во носталгичните навраќања на минатото. Но, не ни верувајте нам. Дајте му шанса и потоа споделете го вашето искуство со нас.

  • ТВ серија: Добар улов (The Catch)

    ТВ серија: Добар улов (The Catch)

    ТВ серија за приватна детективка чија кариера е насочена кон разоткривање измами

    rn(1) ТВ серија: Добар улов (The Catch)Главни улоги: Миреил Инос, Роуз Ролинс, Питер Крос, Алими БалардrnrnЖанр: криминал, драма, трилерrnrnКреатори: Кејт Аткинсон, Хелен Грегори, Алан Хеинберг, Џенифер ШурrnrnПремиера: 24 март 2016rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтанува збор за уште една ТВ серија од Шонда Рајмс, со Миреил Енос во улога на бестрашната приватна детективка Алис Вон од Лос Анџелес. Заедно со нејзината партнерка, Валери Андерсон (Роуз Ролинс), таа води тим кој работи вон границите на законот со цел да разоткријат случаи кои полицијата не може. Тие најчесто се првите кои ги бараат кога станува збор за измамници и измами, бидејќи се најдобри во својата работа, најверојатно затоа што често го прекршуваат законот.rnrn(2) ТВ серија: Добар улов (The Catch) (3) ТВ серија: Добар улов (The Catch)rnrnВо овој момент Алис и нејзиниот тим се многу блиску до откривањето на еден измамник кој ги напаѓа нивните клиенти, и кој постојано им праќа порака која гласи „Дали сте подготвени за играње?“ пред да го направи следниот чекор. Но, како и секогаш претходно, тој успева да им избега. По неуспехот на работа, Алис се враќа дома кај нејзиниот богат и згоден свршеник, Бенџамин Џоунс (Питер Краус), кој всушност е измамникот кој таа се обидува да го фати.rnrn(4) ТВ серија: Добар улов (The Catch) (5) ТВ серија: Добар улов (The Catch)rnrnСо оглед на тоа што неговата мисија ќе заврши, тој ќе мора да го напушти овој живот зад себе, оставајќи ја и Алис. Но, изгледа тоа нема да му биде толку лесно, бидејќи според неговите двоумења можеме да заклучиме дека тој навистина развил чувства кон неа. Сепак работите брзо се развиваат, без тој да може да ги контролира, и таа ќе дознае сè – по што започнува најголемиот случај во нејзиниот живот. Првата епизода завршува така што таа вели: „Сакаш да играме? Ајде да играме!“, давајќи ни до знаење дека таа ќе направи сè за да открие кој се крие зад маската на личноста која таа беше толку убедена дека добро ја знае…

  • Филм: Падот на Лондон (London Has Fallen)

    Филм: Падот на Лондон (London Has Fallen)

    Лондон станува најопасното место на светот кога на погребот на британскиот премиер, Мајк Бенинг открива терористички заговор за убиството на сите светски лидери

    rn

    (1) film-padot-na-london-london-has-fallen-kafepauza.mk

    rnРежија: Бабак НаџафиrnrnУлоги: Жерард Батлер, Арон Екарт, Морган Фримен, Шарлот Рајли, Мелиса ЛеоrnrnВреметраење: 99 минутиrnrnПремиера: 4 март 2016rnrnJазик: англискиrnrnЖанр: акција, трилер, авантураrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПродолжението на светскиот изненадувачки хит „Падот на Олимп“ е еден постојано неизвесен акционен трилер кој нуди пиротехничка авантура преку просечно презентирана смисла на автентичност. Интензитетот и возбудливоста доаѓаат од главната временски соодветна премиса: Погребот на британскиот премиер станува цел на една терористичка организација чиja главна задача е да ги елиминираaт светските лидери, да го уништат британскиот главен град и да ослободат застрашувачка визија за иднината. Единствената шанса за спас на Европа и САД стои на грбот на претседателот на Америка, Ашер (Арон Екарт) и неговиот пријател и глава на Американската тајна служба, Мајк Бенинг (Жерард Батлер), со помош на способниот британски агент кој никому не верува, Жаклин Маршал (Шарлот Рајли).rnrnФилм: Падот на Лондон (London Has Fallen)rnrnНо, додека, „Падот на Олимп“ на главните ликови им овозможи една едноставна, ефективна одмаздничка наратива која ја отслужи својата цел, овде се среќаваме со послабо оформена карактеризација олицетворена во современ, груб каубој и малку повеќе од дводимензионален протагонист кој се трансформира во „машина за убивање“ кога е потребна малку акција. Адвокатирањето за уривањето, насилството, невините жртви и говорот на омраза на некои моменти ќе ве натераат да се запрашате зошто и покрај сите тврдења дека е поинаку, сепак сѐ уште ни се претставуваат стереотипни, црно-бели и хуманистички ограничени поенти кои служат за промоција на идеали кои веќе одамна требаше да бидат заборавени.rnrnФилм: Падот на Лондон (London Has Fallen)rnrnДејството е предвидливо и повторливо, исполнето со премногу параноја, пропаганда и сомнителен систем на идеи и принципи, но покрај тоа, постојат и неколку драмски пресврти и перипетии, кои колку и да се очигледни и очекувани, сепак се интересни за гледање. Она што може да се забележи како позитивно за „Падот на Лондон“ е неговата споредна актерска екипа составена од Морган Фримен, Мелиса Лео и Роберт Фостер, една фантастична група оскаровци и номинирани актери на кои, за жал, им е дадена задачата буквално само да набљудуваат отстрана.rnrnФилм: Падот на Лондон (London Has Fallen)rnrnЕстетика е сурова, а моралот е ставен под знак прашалник. Но, доколку можете да ја поднесете садистичката, бруталната и изразито ксенофобна природа на Мајк Бенинг, проследена со неговиот сув хумор и претеран патриотизам, тогаш филмот во никој случај не е досаден и има потенцијал да биде една интересна попладневна средба со пријателите на која ќе можете да дискутирате на тема: Зошто мирот во светот навистина треба да биде сечија желба.rnrnФилм: Падот на Лондон (London Has Fallen)

  • 13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

    13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролет

    Со сите книги кои се најавени за оваа пролет, сигурно се прашувате себеси: „Од каде да почнам?“ Доколку немате идеја што прво да прочитате, во продолжение разгледајте ја листата на најдобрите книги напишани од највештите женски литерати и автори на денешницата, кои се закажани да се издадат оваа пролет. Романса, трилер, драма, мистерија… застапени се сите литературни жанрови и сечиј вкус ќе биде задоволен. Среќно читање!rn

    1. Таму некаде – Ејми Хатвани (Somewhere Out There)

    rn13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролетrnrnНапуштени уште кога биле мали, сестрите Натали и Брук се разделени и принудени да живеат во различни домови. Натали Кларк живее во добро семејство, додека Брук Вокер е одгледана во дом за сираци, ослонувајќи се на себеси за да преживее. 35 години подоцна, двете сестри повторно се сретнуваат, но дали ќе успеат да изградат добар однос и покрај нивното различно воспитување? Ејми Хатвани им претставува на читателите една контроверзна приказна за тоа како влијаат и како нè дефинираат искуствата кои ги поминуваме како деца, врз нашиот живот кога сме возрасни.rn

    2. Купохоличарка на спасувачка мисија – Софи Кинсела (Shopaholic to the Rescue)

    rn13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролетrnrnТаткото на Беки Брендон заминал на мистериозна потрага со сопругот на нејзината најдобра пријателка и исчезнал, оставајќи ги мајка ѝ на Беки и пријателката Сузи во очај. Одлучна да ги пронајде исчезнатите мажи и да им помогне на двете најважни жени во нејзиниот живот, Беки мора да се соочи со нејзиниот најголем непријател и да го соедини целото семејство. Резултатот: Најлудата и највозбудливата авантура на Беки досега.rn

    3. Губејќи ја светлината – Андреа Дунлоп (Losing the Light)

    rn13 книги за жени, напишани од жени, кои треба да ги прочитате оваа пролетrnrnКога неочекувано ќе се сретне со еден човек од нејзиното минато, 30-годушнта Брук Томпсон се враќа во времето кога го поминала летото во Франција, лето кое се обидувала со години да го заборави. Тоа било време кога Брук била добра пријателка со Софи, убава девојка која ја криела својата емоционална нестабилност, и кога тоа пријателство се променило засекогаш во оној момент кога двете се заплеткале со Вероника и Алекс. Станува збор за приказна за уметноста, парите и декаденцијата, во која на крајот само еден ќе си оди дома.rnrn

  • Филм: Повратник (The Revenant)

    Филм: Повратник (The Revenant)

    Неверојатната приказна за епската авантура на еден истражувач, силата на човечкиот дух, желбата да се преживее и мотивацијата да се издржи и продолжи понатаму, која ниедно друго чувство не ја буди онака како што ја буди одмаздата: ладно и безмилосно.

    rnФилм: Повратник (The Revenant) rnrnРежија: Алехандро Гонзалез ИњаритуrnrnУлоги: Леонардо ди Каприо, Том Харди, Вил ПолтерrnrnВреметраење: 156 минутиrnrnПремиера: 25 декември 2015rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: драма, авантура, трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnВестерн, драма, историски еп, егзистенцијален портрет… Како и да гледате на филмот кој годинава брои дури 12 номинации за Оскар, крајно и базично претставува една приказна за преживувањето и одмаздата, едно сетилно искуство во кое не се опишува центарот на општеството туку голата дивина, каде нема место за човечност и хуманост. Делумно направен по вистинската приказна за планинската легенда Хју Глас на Мајкл Пунке, „Повратник“ е несомнено еден тест на издржливост кој ќе ја подели публиката. Некои ќе го гледаат како класичен, Хамлетовски обид за одмазда, направен во препознатливиот стил на режисерот кој ни го донесе „Човекот птица“, а некои ќе гледаат многу повеќе. Ова е едно уникатно патување кое ја раскажува безвремената парабола за алчноста, искупувањето од сопствените гревови и разбирањето на фактот дека човекот можеби е поопасен и од природата.rnrnФилм: Повратник (The Revenant) rnrnА. Г. Ињариту повторно го покажува својот иновативен, смел и сингуларен дух со кој нè запозна минатата година. Рамнотежата на неговиот талент, ексцентричната амбиција со која располага и далекосежниот размер на способност и дејствување ја носат оваа исконска проза до работ на границите на екстремите. Снимен во природна светлина, филмот детално го покажува она кое човекот го искусува кога ќе се соочи со самиот себеси, претставувајќи ги дефинициите за бруталното, фундаменталното, примарното и животинското. Она што најмногу го привлекува вниманието е фантастичната кинематографија на Емануел Лубецки, кој вешто манипулира со сетилата преку долгите секвенци и блиските и далечните контекстуални кадри кои ја ловат пространоста на немилосрдните пејсажи со сите природни погоди и непогоди.rnrnФилм: Повратник (The Revenant) rnrnШто се однесува до актерската екипа, Леонардо ди Каприо и Том Харди се неспоредливи. Леонардо го гради ликот на легендарниот преживувач Хју Глас онака како што ги градел сите свои улоги досега: темелно, структурно, методично, аналитично и повеќе од достојно за пофалба. Том Харди ги игра и разработува карактерните особини кои често ги игра на филмските платна: арогантен, агресивен, горд и убедлив негативец, овој пат претставен во ликот Фицџералд, а сепак наоѓа еден целосно нов и свеж начин на карактерно портретирање, со што нè прави сведоци на уште една, конечно откриена страна на неговата уметност, вештина, трансформација и природност.rnrnФилм: Повратник (The Revenant) rnrnИ додека ликот на Леонардо е носителот на дејството, ликот на Том Харди е двигателот и ја претставува совршената и парадоксална поларна спротивност на бесниот мотивациски дух на Глас. Заедно, сепак се едни сурови, себични и брутални бели капиталисти кои ја раскажуваат трагичната приказна на сопствената судбина и судбината на оние кои ги трпат последиците од нивните заблуди.rnrnНа кратко, станува збор за филм кој ја предефинира седмата уметност и ги разместува параметрите на аудио-визуелното.

  • Најдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016

    Најдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016

    Следните 12 месеци ќе им понудат на фановите една богата комбинација од нови ТВ серии, започнувајќи од драми кои ја анализираат музичката индустрија, па сè до приказни за криминалот во 50-тите години во Париз. Всушност, следуваат толку многу новитети, што некои критичари се прашуваат дали конечно го достигнавме периодот кога ТВ сериите се во својот најголем подем. Додека ова можеби претставува проблем за критичарите, фановите можат да седнат, да се опуштат и да уживаат во една одлична забавна програма.rn

    1. Среќен човек (Lucky Man)

    rnНајдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016rnrnОвој лесен трилер се врти околу Стен Ли, легенда од светот на Марвел, како и за славата на Спајдермен, Икс-мен и Одмаздниците. Ќе имаме можност да го гледаме Џејмс Незбит како Клејтон, детектив кој наидува на една магична бразлетна која му носи добра среќа, но и го носи до негативецот кој си ја бара назад. Серијата премиерно ќе ја емитува својата прва епизода на 22 Јануари, во 21:00 часот (според американското централно стандардно време), на каналот Sky1.rn

    2. Винил (Vinyl)

    rnНајдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016rnrnДејството на една од најочекуваните нови драми на HBO, „Винил“, се одвива на музичката сцена во Њујорк, во 1970-тите години. Серијата има фантастично педигре на плејада познати и талентирани филмски и музички работници: Создадена е од Теренс Винтер и е во продукција на ѕвездата на Rolling Stones, Мик Џегер и оскаровецот Мартин Скорсесе, кој исто така ја режираше првата епизода. Главните актери се Боби Канавејл, Оливија Вајлд и Реј Романо, како и синот на Мик Џегер – Џејмс. Серијата премиерно ќе се емитува на 15-ти февруари на каналот Sky Atlantic.rn

    3. Ноќниот менаџер (The Night Manager)

    rnНајдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016rnrnТом Хидлстон ја толкува главната улога во истоимената адаптација во шест дела на шпионската новела од познатиот писател Џон ле Кар. Станува збор за поранешен војник кој работи како ноќен менаџер во еден европски хотел, кој е повторно регрутиран од страна на агентот Оливија Колман со цел да ја уништат мрежата на еден трговец со оружје, чиј лик, пак, го толкува ѕвездата на серијата Д-р. Хаус – Хју Лори. Премиерата на првата епизода е закажана за 1-ви април, на каналот BBC1.rn

    4. Клас (Class)

    rnНајдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016rnrnДејството на оваа ТВ серија која е инспирирана од Доктор Ху и е наменета за адолесценти, се одвива во измисленото Коал Хил училиште во Лондон, каде постојано избувнуваат нови опасности и предизвици низ временската и просторна компонента и кои го оставаат градот во пустош. Сценариото е на критички прифатениот автор Патрик Нес и е пишувано во духот на ТВ серијата „Бафи, убиец на вампири“ и „Игрите на гладните“, па како такво ги истражува времето, просторот и темните сили кои можат да обземат еден тинејџерски живот. Премиерно ќе се емитува на пролет, на каналот BBC3, а точниот датум сѐ уште не е познат.rn

    5. Маигрет (Maigret)

    rnНајдобрите ТВ серии кои ќе ги гледаме во 2016rnrnРоуан Аткинсон, на народот познат како Господинот Бин, ја игра насловната улога на лукавиот француски детектив Жул Маигрет во новата адаптација на истоимените детективски приказни од Џорџ Сименон. Дејството ќе биде поделено на две долгометражни и наративно неповрзани епизоди со наслов „Маигрет поставува стапица“ и „Мртвиот човек на Маигрет“, чие дејство се одвива во 50-тите години, во Париз. Ќе се прикажува на каналот ITV, а точниот период и датум на емитување допрва треба да се најават.

  • 10-те најдобри филмови за 2015-та

    10-те најдобри филмови за 2015-та

    2015-та беше година на големи победи, но и на големи загуби во филмската индустрија. Едни филмови ги срушија рекордите на распродадени карти во кината низ светот во премиерниот викенд, додека други не се продаваа толку добро ниту во текот на сите нивни кино-проекции.rnrn10-те најдобри филмови за 2015-таrnrnСо толку интересни филмови, оваа година беше доста тешко да се издвојат омилените, но ова се најдобрите 10 филмови за 2015, според мислењето на редовните посетители на кината и љубителите на филмот.rn

    10. „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ (Star Wars: The Force Awakens)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnДа се каже дека „Војна на ѕвездите“ не предизвика голема еуфорија, би било голема лага. Седмото продолжение на франшизата „Силата се буди“ ја прикажува борбата помеѓу Бунтовниците, овој пат наречени Отпорот и Империјата, овој пат прикажана како Првиот ред, 32 години после „Враќањето на Џедаите“. Филмот ги сруши сите рекорди во првиот викенд на неговото емитување во кината, со 247 милиони долари заработка на домашното филмско платно, т.е. во САД, и 528 милиони долари низ светот. Иако сите епизоди на „Војна на ѕвездите“ отсекогаш правеле и ќе прават пари, она што е различно за „Силата се буди“, е тоа што режисерот Џ. Џ. Абрамс ја сработи тешката задача да нè возбуди со новото и за она што допрва ќе се случува во идните епизоди, паралелно будејќи ја нашата носталгија за оригиналната трилогија.rn

    9. „Крид“ (Creed)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnИсто како што Абрамс прави со „Силата се буди“, само со помалку притисок од благајните, режисерот Рајан Куглер ни нуди една елитна франшиза со современ вкус. Нуркајќи во најдобрите и најомилените делови на „Роки“, но фокусирајќи се на наследството на споредните ликови, филмот ја има слободата да истражува нови територии. Иако Куглер го обожава изворниот материјал и способноста на камерманот Марис Алберти е во топ форма, сепак Мајкл Б. Џордан како младиот Крид е оној кој го носи филмот и филмското дејство на својот грб. Џордан го толкува ликот со изразита агресивност и посветеност за да го импресионира таткото кој никогаш не го запознал, давајќи му на новиот „Роки“ задоволителен опсег на емоции.rn

    8. „Љубов и милост“ (Love & Mercy)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnВториот режисерски проект на ветеранскиот продуцент Бил Полад е еден исклучителен поглед на животот на лидерот на групата Бич Бојс, Брајан Вилсон (во неговата млада верзија игран од Пол Дано). Тој се концентрира на највисоките успеси на пејачот, паралелно префрлајќи се и на неговите најниски моменти, неколку декади подоцна, каде овој пат ликот на Брајан го толкува Џон Кјузак. Истражувајќи го менталното здравје на Вилсон, Полад влече и прикажува моќни изведби на двајцата актери и го користи звучниот дизајн до максимум, совршено прикажувајќи го она што се случува во главата на Брајан Вилсон.rn

    7. „Сикарио“ (Sicario)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnОна што на хартија делува како веќе слушната приказна за војната со дрогата, всушност претставува една непростлива драма која ги доловува досега најдобрите изведби на Емили Блант и Бенисио Дел Торо. Режисерот Денис Веленув („Затвореници“, „Емили“) докажува дека може да се смета за еден од најдобрите на денешницата. Со одличната кинематографија од легендарниот Роџер Дикинс, филмот постојано ве држи во искушение и ве тера да одите онаму каде што ве носи приказната.rn

    6. „Екс машина“ (Ex Machina)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnОна што е позитивно за научно-фантастичните филмови е тоа што ако се изработени како што треба, тогаш никогаш не се забораваат. Но, тоа не значи дека тоа го олеснува начинот да се раскаже една приказна. „Екс машина“ успева да ги искористи нашите најголеми стравови за интернетот и пристапот до информации како основа за иднината: вештачка интелигенција која чекори, живее и општи со нас. Во филмот, ние сме во една прототип фаза, каде еден гениј (Оскар Ајзек) сѐ уште работи на неговата креација (Алиша Викандер). Но, крајниот резултат е таков што ученикот го надминува учителот.rn

    5. „99 домови“ (99 Homes)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnМожеби едни од најдобрите актерски остварувања за годината се случуваат токму во оваа тешка драма. Ендру Гарфилд ја толкува улогата на самохран татко кој откако ќе биде избркан од својот дом, започнува да работи за брокерот за недвижнини, Мајкл Шенон, кој е оној што го избркал од домот. Во процесот на учење и разбирање, започнуваме да гледаме колку сомнителни можат да бидат работите кога пазарот на имот ќе пропадне. Режисерот Рамин Барани создава еден модерен „Вол Стрит“ и Мајкл Шенон го игра неговиот Гордон Геко.rn

    4. „Големиот кусок“ (The Big Short)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnРежисерот Адам МекКеј создава една одлична драма која дејството го влече од истоимената книга на Мајкл Луис. Феноменалната актерска екипа составена од Бред Пит, Рајан Гослинг и Стив Карел ги претставува луѓето кои први гледаат како се распаѓа куќата од карти, пред сите останати. Но, она што се издвојува од сѐ е нековенцијалното раскажување на приказната, користејќи рачно држена камера, импровизиран дијалог и комплексен жаргон – при што сѐ заедно резултира со забавен и интересен филм.rn

    3. „Центарот на вниманието“ (Spotlight)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnТом МекКарти ја помина неговата кариера паралелно пливајќи и низ режисерските и низ актерските води. Овој пат ни го нуди неговиот нов режисерски проект каде група новинари откриваат скандал со злоставување на деца во редовите на Католичката архиепископија во Бостон. „Центарот на вниманието“ е вешто сработен филм, не само поради глумењето и режијата, туку и поради сценариото, продукцијата и оригиналната музика – што всушност сведочат за напредокот на МекКарти.rn

    2. „Повратник“ (The Revenant)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnОвој филм сигурно не е за сечие око и не е направен за да ја задоволи публиката. Режисерот Алехандро Гонзалес Ињариту („Човекот птица“) продолжува да напредува во правењето филмови, создавајќи едно автентично поставување на „Повратник“ во 1800-тите, исполнето со комплексни сцени со борби сработени во еден кадар, притоа потпирајќи се на визуелните ефекти, кои ги прават ваквите сцени уште повпечатливи. Леонардо Дикаприо го дава своето најдобро досега, вклучувајќи го и јадењето жив црн дроб од бизон и можеби ова ќе биде првиот пат кога ќе добие Оскар за тоа.rn

    1. „Соба“ (Room)

    rn10-те најдобри филмови за 2015-та rnrnНиеден друг филм од оваа година нема да ве исполни со тага, страв, анксиозност, радост и ред други збунувачки емоции, како што тоа ќе го направи „Соба“. Конекцијата која ја имаат Бри Ларсон и Џејкоб Тремблеј како мајка и син е добитна актерска комбинација, додека адаптацијата на Ема Донохју на сопствената истоимена новела е дар кој ретко се случува во филмската индустрија. Но, љубовта на режисерот Лени Абрахамсон кон материјалното и разбирањето како тоа да се пренесе на филмското платно се вистинскиот триумф.rn

    Пофалница за филмовите кои оставија добар впечаток, но не успеаja да се пласираат на листата:

    rn„Спиејќи со други луѓе“ (Sleeping with Other People) е романтична комедија која ги анализира вистинските луѓе во вистинските љубовни врски.rnrn„Ѕверови од ниедна нација“ (Beasts of No Nation) е моќен филм кој покажува дека режисерот Кари Фукунага може да прави што сака.rnrn„Курт Кобејн: Монтажата на подлецот“ (Kurt Cobain: Montage of Heck) е најдобриот документарец за 2015-та, посебно затоа што режисерот Брет Морган конечно ја најде совршената тема за работа која прилега на неговиот неконвенцијален стил.

  • ТВ серија: Човекот во високиот замок (The Man in the High Castle)

    ТВ серија: Човекот во високиот замок (The Man in the High Castle)

    Поглед кон алтернативна историја на Северна Америка која ни го покажува животот по Втората светска војна во која победиле нацистите

    rn(1) ТВ серија: Човекот во високиот замок (The Man in the High Castle)Главни улоги: Алекса Давалос, Руперт Еванс, Лук КлеинтенкrnrnЖанр: драма, научна фантастика, трилерrnrnКреатор: Френк СпотнитсrnrnПремиера: 15 јануари 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОваа ТВ серија е адаптација на популарната книга со истото име од Филип К. Дик. Уште во првата епизода може да се забележи дека приказната се движи блиску до настаните од самата книга, оживувајќи ги ликовите кои сигурно добро ги помните доколку сте ја прочитале. Можеби тоа е една од причините зошто оваа ТВ серија брзо стана една од најгледаните за 2015 година. Имајќи го тоа на ум и фактот што Ридли Скот е режисер, како и одличниот тим актери, слободно можеме да кажеме дека оваа приказна уште долго ќе се емитува на малите екрани.rnrn(2) ТВ серија: Човекот во високиот замок (The Man in the High Castle) (3) ТВ серија: Човекот во високиот замок (The Man in the High Castle)rnrnПриказната започнува со мал вовед во животот на главната хероина, Џулијана Крејн (Алекса Давалос), која ќе пронајде видео снимки во кои нацистите губат. Истите оние снимки кои ни се нам денес достапни. Иако ѝ делуваат невозможно и другите ја убедуваат дека се само дел од пропаганда направена од страна на човекот во високиот замок, сепак таа решава да почне да истражува бидејќи длабоко во себе верува дека тие се вистини. Токму тогаш започнува нејзината потрага по вистината која ќе ја одведе на неверојатно патување.rnrn(4) ТВ серија: Човекот во високиот замок (The Man in the High Castle) (5) ТВ серија: Човекот во високиот замок (The Man in the High Castle)