КАФЕ ПАУЗА

Tag: трилер

  • ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)

    ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)

    ТВ серија за еден екипаж кој ќе се разбуди на вселенски брод без никакво помнење

    rn(1) ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)Главни улоги: Марк Бендејвид, Мелиса Оунил, Антони Лемки, Алекс Малари Џуниор, Џоудел Ферланд, Роџер Р. Крос, Зои ПалмерrnrnЖанр: драма, научна фантастика, трилерrnrnКреатори: Џозеф Малози, Пол МулиеrnrnПремиера: 12 јуни 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПостојат 2 огромни причини зошто треба веднаш да ѝ дадете шанса на оваа ТВ серија. Најпрво, таа доаѓа од креаторите на ТВ серијата „Ѕвездена порта“, а како второ таа е базирана според стрип од истите автори. Според досегашното искуство, можеме слободно да кажеме дека ќе станува збор за добра приказна која целосно ќе го освои нашето внимание и која има потенцијал да се развие во нешто многу поголемо.rnrn(2) ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)rnrnПриказната започнува со будењето на екипажот на еден вселенски брод поради знаци за неволја. Но, ниту еден од нив не знае кој е, ниту пак што бара на овој брод. За да можат полесно да се распознаваат, тие ќе се именуваат со броеви од 1 до 6, според редоследот на будење. За среќа, нивната мускулна меморија сè уште постои, па токму затоа тие брзо ќе почнат да сфаќаат која функција ја имале на бродот пред да го изгубат сеќавањето.rnrn(3) ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)rnrnЗа работите да бидат поинтересни, нивниот тим ќе открие уште еден член на екипажот, андроид, кој исто така има избришана меморија. Овој андроид е нивната директна врска со бродот, кој чекор по чекор, полека ќе им помогне да дознаат кои се всушност тие и како се нашле во оваа застрашувачка ситуација. Секое ново открие ќе води кон нова низа прашања за она што им се случува, отворајќи една голема мистерија која ќе ви ја активира фантазијата и ќе ве натера на размислување и формирање голем број теорија.rnrn(4) ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)rnrnТокму затоа ако сте расположени за одлична научно фантастична приказна, со добар избор на актери и уникатна приказна, тогаш дефинитивно треба да почнете да ја гледате „Темна материја“. Бидејќи станува збор за летна серија, досега има само една епизода која излезе претходната недела. Па, ако почнете да ја гледате, сигурни сме дека таа ќе ви биде одличен начин на опуштање за време на најтоплите летни денови…rnrn(5) ТВ серија: Темна материја (Dark Matter)

  • Спремни за на плажа: 5 книги кои дефинитивно ќе ве восхитат

    Спремни за на плажа: 5 книги кои дефинитивно ќе ве восхитат

    Летото е најубавото годишно време кога зафатениот капиталистички свет доволно забавува за зафатените луѓе да најдат барем малку време за релаксација. Можете да замислите нешто поубаво од „печењето“ на топлото сонце со убава книга во едната, а со коктел во другата рака?rnrn0-spremni-za-leto-6-knigi-koi-ke-ve-voshitat-kafepauza.mkrnrnВеќе ви ги предложивме книгите кои се најпопуларни во 2015, па како што се упатувате до базенот или плажата за да се одморите и релаксирате, еве уште неколку предлози кои сметаме дека ќе ви бидат корисни и интересни.rn

    НАЈОЧЕКУВАНА КНИГА ЗА 2015

    rn

    1. Постави Стражар (Go set a watchman) — Харпер Ли

    rn„Постави стражар“ ќе биде првиот роман после 55 години од авторката на класичната „Да се убие подбивната птица“. Оваа книга ќе биде продолжение на познатиот класик, чие дејство се случува 20 години подоцна заедно со веќе пораснатиот Скаут Финч. „Постави стражар“ е всушност напишана пред „Да се убие подбивната птица“, но Ли во тој момент одлучила да ѝ даде поинаков тек на приказната. Се мислело дека „Постави стражар“ била изгубена или уништена сѐ до моментот кога близок пријател на Харпер случајно ја пронашол во нејзините архиви минатата есен. Закажана да излезе на 14 јули, „Постави стражар“ е една од најочекуваните книги за оваа година. Романот ќе биде објавен исто како што бил напишан во средината на 50-тите, односно нема да се прават исправки во делото.rnrn1-spremni-za-leto-6-knigi-koi-ke-ve-voshitat-kafepauza.mkrn

    БЕЛЕТРИСТИКА

    rn

    2. Сета светлина што не ја гледаме (All the light we cannot see) — Ентони Доер

    rnАмбициозниот роман за Втората светска војна успеа да се одржи на врвот од топ 5 листата на најпродавани книги објавена во весникот „Њујорк тајмс“, а беше издадена пред само една година. Ако ова не ви е доволна причина зошто треба веднаш да ја прочитате, можеби ќе ве доубеди фактот дека оваа книга е добитник на Пулицерова награда во полето на белетристиката за 2014. Е сега дефинитивно морате да ја прочитате.rnrn2-spremni-za-leto-6-knigi-koi-ke-ve-voshitat-kafepauza.mkrn

    КЛАСИЦИ

    rn

    3. Сонцето повторно изгрева (The sun also rises) – Ернест Хемингвеј

    rnХемингвеј е еден од најценетите автори на 20 век и генијален ум во светската литература. Ако летово планирате да читате класици, тогаш делата од Хемингвеј треба да ви бидат први на листата. „Сонцето повторно изгрева“ без сомнеж е едно од најубавите и најценети дела кои произлегле од перото на Хемингвеј. А во него станува збор за американски новинар и неговите пријатели кои патуваат во Шпанија за да ја гледаат трката на биковите на фестивалот во Сан Фермин. Она што е карактеристично за овој генијален писател е тоа што неговите ликови најчесто пијат, легачат, љубат, а потоа уште малку пијат.rnrn4-spremni-za-leto-6-knigi-koi-ke-ve-voshitat-kafepauza.mkrn

    МИСТЕРИЈА И ТРИЛЕР

    rn

    4. Девојката од возот (The girl on the train) – Пола Хокинс

    rnАко ви се допадна филмот „Исчезната“ тогаш ова е дефинитивно книгата за вас. Оваа книга е фантастичен спој на енигматична мистерија и елементи на трилер. Во неа се зборува за алкохоличарката Рејчел која го достигнува дното на нејзиниот живот. Интересното во неа е тоа што во само неколку страни има по неколку пресвртници, а тоа ја прави да не можете да ја оставите пред да ја дочитате.rnrn5-spremni-za-leto-6-knigi-koi-ke-ve-voshitat-kafepauza.mkrn

    ПРИРАЧНИЦИ

    rn

    5. Како да летате со коњ (How to fly a horse) – Кевин Ештон

    rnНе се чудете, оваа книга не е прирачник за тоа како да подигнете коњ во воздухот (или можеби е?). Ова е историски поглед врз креативноста и иновациите на модерниот свет. Писателот Кевин Ештон, успешен претприемач и пионер на технологијата во МИТ, нѐ води на патување низ најдобрите и најкреативните изуми на човештвото, со цел да ни ја открие вистината за креативните луѓе и нивните пориви.rnrn6-spremni-za-leto-6-knigi-koi-ke-ve-voshitat-kafepauza.mk

  • Филмски викенд: 5 одлични филмови од различни жанрови‏

    Филмски викенд: 5 одлични филмови од различни жанрови‏

    Доколку сте расположени за добар филм викендов, тогаш погледнете ги следниве 5 предлози од различни жанрови кои без сомнение одлично ќе го исполнат вашето слободно време.rn

    1. Брзи и бесни 7 (Furious 7)

    rn(2) Филмски викенд: 5 одлични филмови од различни жанрови‏Главни улоги: Вин Дизел, Пол Вокер, Двејн ЏонсонrnrnПремиера: 3 април 2015rnrnЖанр: акција, криминал, трилерrnrnКратка содржина: Декард Шо бара одмазда против Доминик Торето и неговата фамилија за својот брат кој е во кома.rnrnrnrn

  • ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines)

    ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines)

    Што точно се случува во овој град и зошто никој не може да си замине?

    rn(1) ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines)Главни улоги: Мет Дилан, Карла Гуџино, Тоби Џоунс,rnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnКреатор: Чед ХоџrnrnПремиера: 14 мај 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОваа одлична мини ТВ серија е една од оние кои едноставно мора да ги гледате за да сфатите за што точно станува збор. Таа изобилува со мистерија и тајни, па токму затоа уште од првата епизода веднаш ќе се навлечете на приказната. Дејствијата се одвиваат прилично брзо, па во ниту еден момент нема да ви биде здодевно, но мора будно да ги следите доколку сакате да ги забележите сите детали кои водат кон поголемата слика.rnrn(3) ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines) (4) ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines)rnrnТајната служба го истражува исчезнувањето на двајца агенти и голем број докази укажуваат на фактот дека градот Вејвард Пајнс може да има нешто со нивното исчезнување. Токму затоа, со цел да откријат дали овие траги се вистинити или не, агентот Бурк, заедно со неговиот партнер, агентот Сталингс, тргнале кон овој град. Но, на пат кон градот, тие доживуваат голема сообраќајка и Бурк се буди во Вејвард Пајнс, зашеметен и малку збунет од ударот во неговата глава.rnrn(5) ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines) (2) ТВ серија: Вејвард Пајнс (Wayward Pines)rnrnКако што тој станува посвесен за нештата кои се случуваат околу него, така и почнува да сфаќа дека нешто воопшто не е во ред со овој град. Сите се однесуваат чудно, како да немаат избор во тоа што го прават. Тој ќе се обиде да контактира со надворешниот свет, но бидејќи нема да може да добие никој од својата агенција, ниту пак својата жена, плашејќи се за својот живот ќе се обиде да го напушти градот. Но, многу брзо ќе сфати дека тоа можеби и нема да биде толку лесно како што на прв поглед му изгледаше…

  • Филм: Ноемвриски човек (The November Man)

    Филм: Ноемвриски човек (The November Man)

    Го викале Ноемвриски човек, бидејќи кога тој ќе поминел некаде, зад него ништо не останувало живо

    rn(1) Филм: Ноемвриски човек (The November Man)Режија: Роџер ДоналдсонrnrnУлоги: Пирс Броснан, Лук Брејси, Олга КуриленкоrnrnВреметраење: 108 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 27 август 2014rnrnЖанр: акција, криминал, трилерrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnБез сомнение на Пирс Броснан му лежат филмовите со оваа тематика, па токму затоа можеме слободно да кажеме дека тој е една од најголемите причини зошто овој филм вреди да се гледа. Станува збор за поранешен агент од ЦИА, Девероу (Пирс Броснан), кој ќе биде ненадејно повикан да помогне со еден специфичен случај кој ќе тргне целосно наопаку. Тој ќе биде изигран од страна на „главните“ и ќе изгуби една од малкуте личности кои навистина му се важни во неговиот живот.rnrn(2) Филм: Човекот Ноември (The November Man) (3) Филм: Човекот Ноември (The November Man)rnrnЗа работите да бидат уште полоши, тој ќе се најде на спротивната страна од нишанот со неговиот поранешен ученик, Мејсон, кој во него на времето не гледал само ментор, туку и голем човек. Но, помеѓу нив се случило нешто застрашувачко и тие веќе подолго време не зборуваат, па брзо ќе забележите и дека Мејсон го презира, додека истовремено сè уште сака да го воодушеви. Токму затоа и тој ќе направи неколку грешки кои ниту еден агент не би требало да си ги дозволи.rnrn(4) Филм: Човекот Ноември (The November Man) (5) Филм: Човекот Ноември (The November Man)rnrn„The November Man“ е исполнет со многу акција и бара од вас внимателно да ги следите настаните со цел да ги забележите „знаците“ кои водат кон разрешување на мистеријата со која тие се соочени. Доколку активно го гледате филмот, вие многу брзо ќе забележите кој е виновникот за целата ситуација, на чија страна е навистина Мејсон и најважно од сè, која е Алис и како е таа поврзана со Мира. Работите не се онакви како што изгледаат, па како и секогаш претходно, истото може да се забележи и во овој филм…rnrn(6) Филм: Човекот Ноември (The November Man) (7) Филм: Човекот Ноември (The November Man)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Драма, фантазија и комедија: 3 ТВ серии на кои треба да им дадете шанса

    Драма, фантазија и комедија: 3 ТВ серии на кои треба да им дадете шанса

    Пролетта дојде, а со нејзиното доаѓање ги донесе и последните епизоди од поголемиот број серии кои редовно ги следите. Но, не грижете се. Доколку сте расположени за нова ТВ серија, тогаш погледнете ги овие 3. Доколку ви се допадне жанрот, тогаш има големи шанси да ви се допаднат и темите кои тие ги обработуваат.rn

    1. Крвни односи (Bloodline)

    rn(1) Драма, фантазија и комедија: 3 ТВ серии на кои треба да им дадете шансаrnrnЖанр: драма, трилерrnrnПриказна: Секое семејство има по една „црна овца“. Во оваа ТВ серија, почнуваат да се откриваат тајните од минатото и страшните лузни на сите браќа од едно семејство, кога нивниот одамна отфрлен брат ќе се врати во нивниот дом.rnrnrn

    2. Олимп (Olympus)

    rn(2) Драма, фантазија и комедија: 3 ТВ серии на кои треба да им дадете шансаrnrnЖанр: фантазијаrnrnПриказна: Станува збор за приказна која го следи Херојот на неговото патување додека тој се трансформира од млад и сиров млад човек, во безмилосен лидер на човекот кој е на исто ниво како и самите богови.rnrnrn

    3. Маж бара жена (Man Seeking Woman)

    rn(3) Драма, фантазија и комедија: 3 ТВ серии на кои треба да им дадете шансаrnrnЖанр: комедијаrnrnПриказна: По крајот на долготрајната љубовна врска, кога неговата девојка ќе му раскине, еден безнадежен романтичар ќе тргне во потрга по нова љубов. Но, тој многу брзо ќе сфати дека работите не се толку едноставни во светот на љубовните состаноци.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 14-те најпопуларни книги во 2015 за кои сите зборуваат

    14-те најпопуларни книги во 2015 за кои сите зборуваат

    2014 беше добра година за љубителите на пишаниот збор. Излегоа многу интересни книги како дебитантските „Не сум таква девојка“(„Not that kind of girl“) од Лина Данам и „Да, ве молам“ („Yes please“) од Ејми Пoлер, кои дефинитивно поттикнаа многу дискусии околу жените и нивните зафатени животи. А во 2015, гигантот за книги, „Гудридс“ веќе направи листа на најчитани книги со највисоки оцени. Погледнете кои се тие.rnrn00-14-te-najpopularni-knigi-vo-2015-za-koi-site-zboruvaat-kafepauza.mkrn

    БЕЛЕТРИСТИКА

    rn

    1. Малку живот (A little life) – Ханија Јанагихара

    rnПреку призмата на овој роман дознаваме за животите на четири студенти кои се селат од Масачусетс во Њујорк притоа набљудувајќи како се менува нивниот однос кога се соочени со животни предизвици како: скршени срца, амбиција, зависности и професионален успех. Но, од нив отскокнува животот на Џуд, поточно нејзиното проблематично детство.rn

    2. Тајната мудрост на Земјата (The secret wisdom of the Earth) – Кристофер Скотон

    rnВо оваа приказна, Кристофер Скотон го доловува ликот на 14-годишниот Кевин, кој откако сведочи за ужасната смрт на неговиот брат, го поминува летото во Кентаки заедно со неговата мајка. Во текот на неговиот престој таму, тој станува пријател со момче по име Бази, кој го учи како да преживее кога на градот му се заканува моќна компанија што сака да го уништи.rnrn1-14-te-najpopularni-knigi-vo-2015-za-koi-site-zboruvaat-kafepauza.mkrn

    ДОКУМЕНТАРНА ЛИТЕРАТУРА

    rn

    3. Гетосајд: Приказна за убиство во Америка (Ghettoside: A story of murder in America) – Џил Лиови

    rnВо центарот на овој возбудлив роман e загрижувачката стапка на убиства, особено на мажи црнци, во јужниот дел од Лос Анџелес. Станува збор за убиството на Брајан Тенел во 2007. Моќното раскажување ни ги портретира ликот на детективот Џон Скегс и неговиот тим кои работат на разрешување на убиството, бараат правда и се грижат за безбедноста на градот.rn

    4. Мртва трага: Последниот премин на Луситанија (Dead Wake: The last crossing of the Lusitania) – Ерик Ларсон

    rnЕрик Ларсон ја раскажува тажната приказна која ќе ви ги распара срцата за бродот Луситанија, кој бил нападнат од страна на Германците за време на Првата светска војна. Оваа книга дава темелен приказ за промените на војната, опасноста на ароганцијата и суетата како детален и интимен преглед на една од најголемите трагедии на 20-тиот век.rn

  • Филм: Побунети (Insurgent)

    Филм: Побунети (Insurgent)

    Второто продолжение од трилогијата „Различна“

    rn(1) Филм: Побунети (Insurgent)Режија: Роберт ШвенткаrnrnУлоги: Шејлин Вудли, Тео Џејмс, Кејт ВинслентrnrnВреметраење: 119 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 20 март 2015rnrnЖанр: авантура, трилер, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnДоколку сте љубители на првиот дел, „Divergent“, или на трилогијата книги со истото име, тогаш со сигурност и без сомнение ќе ви се допадне и вториот дел. Оние кои ги имаат прочитано книгите, веднаш ќе забележат огромни промени во приказната, како додавањето на кутијата која Џанин (Кејт Винслент) се обидува да ја отвори во текот на целиот филм. Но, сепак тоа ни најмалку не ја нарушува приказната, баш напротив, ни покажува една сосема нова и свежа перспектива кон вистинското значење на она што значи да се биде Различен.rnrn(2) Филм: Побунети (Insurgent) (3) Филм: Побунети (Insurgent)rnrnПриказната започнува онаму каде што заврши првиот дел. Трис (Шејлин Вудли) и Фор (Тео Џејмс) се во бегство и се кријат кај „Добродушните“. Уште веднаш може да се забележи внатрешната битка на Трис која воопшто не може да си прости за смртта на нејзините родители, ниту пак за убиството на нејзиниот пријател, Вил. Таа се обвинува себеси, верувајќи дека сите кои ќе ѝ се доближат се осудени на смрт, па токму затоа уште потешко се снаоѓа во она што се бара од неа за да преживее.rnrn(4) Филм: Побунети (Insurgent) (5) Филм: Побунети (Insurgent)rnrnЦелата приказна е повторно насочена кон Трис, која во првиот дел ни покажа дека може да биде силна и бестрашна, но во овој дел гледаме една сосема спротивна страна од неа – ранлива и исплашена. Таа се труди да им покаже на сите дека е храбра, и покрај сè, дека не се плаши дури ни од смртта, но сепак внатре во неа има разорно чувство кое бара за промена да може да се потпре на некој друг. Да, филмот не може да ни ги покаже сите емоции како книгата, но сепак ни дава добра слика за нејзината внатрешна битка, за тајните кои ги крие Фор, како и за убеденоста на сите луѓе од овој град да го направат она што тие мислат дека е најдобро за општеството, без разлика дали тоа значи и негов крај.rnrn(6) Филм: Побунети (Insurgent) (7) Филм: Побунети (Insurgent)rnrnАктерите повторно брилијантно ги одигруваат своите улоги, овозможувајќи ни најдобро што можеме да го доживееме она што ликовите го чувствуваат во тој момент. Од друга страна пак, ефектите се извонредни и ги носат симулациите на сосема ново ниво. Накратко, филмот е прекрасен и дефинитивно вреди да издвоите малку време за него. Но, доколку сè уште го немате гледано првиот дел, ви препорачуваме тоа да го сторите веднаш, бидејќи не знаете што пропуштате!

  • Филм: Исчезната (Gone Girl)

    Филм: Исчезната (Gone Girl)

    Возбудлив трилер за замрсена љубовна приказна полна со напнатост, потиснат гнев и желба за одмазда

    rnФилм: Исчезната (Gone Girl)Режија: Дејвид ФинчерrnrnУлоги: Бен Афлек, Розамунд Пајк, Нил Патрик Харис, Тајлер ПериrnrnВреметраење: 149 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 3 октомври 2014rnrnЖанр: трилер, драма, мистеријаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnНик не е среќен во бракот со Ејми на нивната петгодишнина. Некогаш совршениот пар денес има проблеми како сите други парови на кои има се заканува развод. Веројатно затоа нема да реагира премногу вознемирено кога по неколку чашки во барот се враќа дома и сфаќа дека Ејми ја нема. Неколкуте искршени предмети ги гледа како знак дека можеби ѝ се случило нешто и затоа вика полиција. Одговарајќи на нивните прашања ќе ги даде првите индиции дека добриот, но огорчен сопруг има врска со тоа.rnrnФилм: Исчезната (Gone Girl)rnrnЕјми е позната личност и затоа исчезнувањето привлекува медиумско внимание. Нејзиното богато семејство иницира опсежна потрага по неа, но таа никаде не се појавува. Во меѓувреме, Ник се однесува како да не му е важно што неговата сопруга е исчезната и не ѝ се знае судбината. Еднаш делува избезумено, а во друг момент е незаинтересиран, оставајќи простор за сомневање во него. Медиумите го распнуваат поради тоа, додека тој индолентно тврди дека не се во право.rnrnФилм: Исчезната (Gone Girl)rnrnНачинот на кој Ник ги доживува настаните е само првиот дел од двоиполчасовниот трилер. Тој е надополнуван од Ејми која во позадина го чита својот дневник и малку по малку открива од нивната комплицирана врска. Дознаваме дека возбудливите почетоци на нивната врска ги одвеле до прекрасен брак кој станал грд веднаш штом се појавиле и првите проблеми меѓу нив, а кулминацијата на тие несреќни моменти е само почетокот на сите изненадувања кои филмот ги сервира во понатамошниот тек.rnrnФилм: Исчезната (Gone Girl)rnrn„Исчезната“ е адаптација на многу популарен роман на Џилијан Флин. Книгата се задржа многу долго на врвот на најпродавани книги во Америка, а и филмот со квалитетот кој го поседува не може да помине поинаку. Ова е еден од најдобрите трилери кои можевме да ги изгледаме во последно време. Тој е трилер за една замрсена љубовна приказна полна со напнатост, потиснат гнев и желба за одмазда, склопен на начин кој не се гледа често. Има доволно пресврти за да ве занимава цело време, доволно мистерија за да ве остави постојано да погодувате што ќе се случи и кој е одговорен за сè што се случува. Како и да ви се допадне, нема да бидете рамнодушни на крајот.rnrnФилм: Исчезната (Gone Girl)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно време

    Одлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно време

    Новогодишните и божиќните празници се совршено време во кое можеме да се одмориме и да поминуваме повеќе време со најблиските, но тие исто така се и одлични кога станува збор за почнување на нова ТВ серија или пак, за догледување на оние епизоди за кои сме немале време претходно. Започнувајќи од прекрасната „Outlander“, па сè до урнебесната „Black-ish“, погледнете ја оваа листа од 15 серии и најдете ги оние чија приказна најмногу ви одговара на вашето моментално празнично расположение…rn

    1. Туѓинец (Outlander)

    rnОдлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно времеrnrnПриказната ја следи Клер Рандал, воена сестра од 1945 година која е во брак со Френк. Таа на нивниот втор меден месец, по завршувањето на војната, мистериозно ќе биде повлечена низ времето, во далечната 1743 година во Шкотска. Таму нејзиниот живот постојано ќе виси на конец, сè додека не го запознае младиот војник Џејми Фрејзер кој ќе го освои нејзиното срце и со тоа ќе ја стави Клер во средината на незамислив љубовен триаголник.rnrnrn

    2. Аферата (The affair)

    rnОдлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно времеrnrnОваа ТВ серија ги следи психолошките ефекти на аферата помеѓу келнерка во брак која работи во ресторан во Хемптонс и професор кој го поминува летото на имотот кој го поседуваат родителите на неговата сопруга. Одмотувањето на приказната (секогаш едноподруго раскажувана од перспектива на двата главни лика) открива нешто многу посериозно од летната жешка забранета љубов.rnrnrn

    3. Вистински детективи (True Detectives)

    rnОдлични ТВ серии кои можат да ви го исполнат празничното слободно времеrnrnПриказната го следи животот на двајца детективи, Раст Коул и Мартин Харт, чиј живот се испреплетува за време на 17-годишната потрага по сериски убиец во Луизијана.rnrnrnrn