КАФЕ ПАУЗА

Tag: трилер

  • Филм: Најбараниот човек (A Most Wanted Man)

    Филм: Најбараниот човек (A Most Wanted Man)

    Возбудлив шпионски трилер

    rnФилм: Најбараниот човек (A Most Wanted Man)Режија: Антон КорбејнrnrnУлоги: Филип Сејмур Хофман, Рејчел МекАдамс, Вилијам Дефо, Григориј ДобрјугинrnrnВреметраење: 122 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 1 август 2014rnrnЖанр: трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnИса Карпов е конвертиран муслиман и бегалец од Чеченија кој бил брутално мачен од руските тајни служби пред нелегално да влезе во Германија во обид да остане во Хамбург. Во исто време германскиот разузнавачки агент Гинтер Бахман (Филип Сејмур Хофман) води тајна операција во која го следи д-р Абдула, филантроп кој финансира муслимански добротворни организации на Блискиот Исток, но тој се сомнева дека парите всушност одат за терористички активности.rnrnФилм: Најбараниот човек (A Most Wanted Man)rnrnКарпов во Хамбург ја контактира Анабел Рихтер (Рејчел МекАдамс), адвокат од непрофитна организација која застапува мигранти. Таа него го поврзува со Томи Бру (Вилијам Дефо), банкар кој перел пари за татко му на Карпов и кој сè уште чува дел од нив. Бахман се сомнева дека тие пари можат да завршат кај радикални исламисти и го вклучува и операцијата против Абдула ја проширува и на Карпов. И Американските тајни служби се интересираат како да стигнат до Чеченецот, германските власти посакуваат да го уапсат, а Бахман сака да ги склопи коцките така што ќе стигне до многу поголем плен од нив двајца.rnrnФилм: Најбараниот човек (A Most Wanted Man)rnrn„Најбараниот човек“ е одличен шпионски трилер: возбудлив, замрсен, малку мистериозен, а за да се добие големата слика потребно е извесно поврзување на настаните и ликовите. Затоа првиот половина час е бавен и поминува во изнесување на информациите кои се неопходни за тој да се сфати, а потоа следува вистинската возбуда со понатамошниот развој на дејството и формирањето на финалната слика за настаните. Ова е многу добро осмислен трилер. Сниман е според книга за чиј жанр се вели дека „се чита во еден здив“. Истото важи и за филмот.rnrnФилм: Најбараниот човек (A Most Wanted Man)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Луси (Lucy)

    Филм: Луси (Lucy)

    Автор: Златко Ѓорѓијоскиrn

    Просечниот човек употребува само 10% од својот мозок. Замислете што сè би можел со 100%?!

    rn1-film-lusi-lucy-kafepauza.mkrnrnРежија: Лук БесонrnrnУлоги: Скатлет Јохансон, Морган Фримен, Амр Вејкд, Мин-сик ЧоиrnrnВреметраење: 89 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 јули 2014rnrnЖанр: акција, научна фантастика, трилерrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnВо ладни и врнежливи денови како овие есенскиве сигурно често ви доаѓа после работа да ја откажете пијачката со колегите и да посакате да изгледате еден квалитетен филм. Ако сакате трилер-акции со примеси на научна фантастика, тогаш „Луси“ е вистинскиот избор за вас. Класична акција која од сосема мирна приказна преоѓа во незамисливо хаотичен трилер. Бидете подготвени, во текот на гледањето нивото на адреналин ќе ви се менува исто како што се менува неизвесноста во филмот.rnrn2-film-lusi-lucy-kafepauza.mkrnrnСторијата е пренесена хронолошки и паралелно откако Луси, која студира и живее во Тајпеј, е вовлечена во работа како дилерски курир од страна на нејзиното ново момче, чијшто работодавач е г. Јанг, главниот нарко дилер во тоа подрачје. Луси ја доставува нарачката со високо вредната синтетичка дрога CPH4. Гледајќи го убиството на своето момче, таа е киднапирана и кесичката со дрога ѝ е насилно сошиена во стомакот. Заплетот настанува кога супстанцијата од кесичката несреќно ќе навлезе во нејзиниот крвоток.rnrn10-film-lusi-lucy-kafepauza.mkLUCY 5-film-lusi-lucy-kafepauza.mkrnrnКако што хронолошки се прикажуваат дејствијата на опијатите врз главниот опортунист, паралелно се случуваат многу научни и полициски акции кои имаат огромен удел во перфекцијата на филмот. Со овој филм режисерот покажува дека и малите луѓе можат на сосема необичен начин преку ноќ да се предефинираат во светски херои, и така да помогнат за развојот на човештвото. Покрај тоа, главната порака на филмот остава многу простор за размислување на темата: Што би било доколку би користеле поголем процент од мозокот? И додека гледате, сигурно ќе посакате да сте на местото на Луси.rnrn7-film-lusi-lucy-kafepauza.mk9-film-lusi-lucy-kafepauza.mkrnrnСума сумарум, „Луси“ е квалитетно парче филм, кое ќе ви ја разубави вечерта, а посебно ако сте љубители на научно-фантастичните трилер-акции. Ако ги исполни вашите очекувања сигурно ќе сакате и продолжение. Нема да ви кажам ништо повеќе за да не ви го одземам задоволството ако решите да го гледате. Само ќе ви речам: „Уживајте!“rnrn4-film-lusi-lucy-kafepauza.mk8-film-lusi-lucy-kafepauza.mk6-film-lusi-lucy-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Готам (Gotham)

    ТВ серија: Готам (Gotham)

    ТВ серија за градот Готам пред појавата на Бетмен

    rnТВ серија: Готам (Gotham)Главни улоги: Кори Мајкл Смит, Бен Мекензи, Доналд ЛогrnrnЖанр: криминал, драма, трилерrnrnКреатор: Бруно ХелерrnrnПремиера: 22 септември 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСте се запрашале ли некогаш како изгледал градот Готам во времето пред Бетмен? Оваа ТВ серија ни го покажува токму тоа. Приказната започнува со убиството на родителите на малиот Брус Вејн (Дејвид Мазуз), а во центарот на настаните е детективот Џејмс Гордон (Бен Мекензи) кој со целата своја сила се бори против криминалот кој владее во овој град. Изгледа дека тој е единствениот детектив кој навистина се бори за правда и кој не е корумпиран, а токму оваа карактеристика може да го чини живот…rnrnТВ серија: Готам (Gotham) ТВ серија: Готам (Gotham)rnrnЏејмс и неговиот циничен партнер, Харви Булок (Доналд Лог), многу брзо и лесно ќе го решат случајот за убиството на родителите на Брус Вејн, но работите не секогаш се онака како што изгледаат. Џејмс ќе открие дека за убиството била наместена невина личност и токму овој настан ќе го натера да започне со сопствена потрага на вистинскиот убиец. Тој дури ќе му ја признае вистината и на малиот Брус и ќе му вети дека ќе ја открие мистеријата позади загубата на неговите родители.rnrnТВ серија: Готам (Gotham) ТВ серија: Готам (Gotham)rnrnНавистина е интересно да се гледа како се развиваат ликовите од градот Готам кои сите ние толку добро ги познаваме. Војната која ќе го преземе овој град ќе однесе голем број криминалци како жртви, но таа исто така ќе помогне и во раѓањето на голем број злобни негативци. Додека сè ова се случува, младиот Брус трпеливо ќе набљудува и токму оваа опсесија со криминалот во градот ќе предизвика еден ден тој да побара одмазда како Бетмен.rnrnТВ серија: Готам (Gotham)ТВ серија: Готам (Gotham)rnrnВо оваа ТВ серија покрај младиот Брус ќе имате можност да погледнете и во животите на Жената-мачка, Џокерот како и на многу други познати ликови од филмовите… Накратко, ако ви се допаѓа приказната за животот на Бетмен и градот Готам, со сигурност ќе ви се допадне и оваа верзија од минатото.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Викенд книга: „Ејми ја нема“ – Џилијан Флин

    Викенд книга: „Ејми ја нема“ – Џилијан Флин

    „Љубовта треба да бара партнерите постојано да бидат најдобри што можат. Безрезервната љубов, безусловната љубов е недисциплинирана љубов и, како што сите ние видовме, недисциплинираната љубов е катастрофална.“

    rn

    Наша оценка: 10/10

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rn1-kniga-ejmi-ja-nema-dzhilijan-flin-kafepauza.mkrnrnЕпа драги мои, трилерот којшто се продаде во два милиони примероци за една година, којшто се задржа 38 недели на листата на бестселери на Њујорк тајмс и кој само што ја доживеа својата филмска адаптација која веројатно сите вие веќе ја погледнавте, раскажува за една поинаква љубов. Морничава, напната, нечиста, манипулативна, убиствена љубов, за којашто нема да можете да престанете да размислувате и да ја анализирате пак и пак сè додека не се откажете, затоа што како и сите „љубови“ впрочем и оваа е нелогична. Но, возбудлива до лудило.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книги

    rnrnrn


    rnrnСетете се на најдобриот пар што го имате запознаено. Знаете, оние кои потајно ве прават љубоморни, двајцата прекрасни и згора на сè неверојатно компатибилни. Ник и Ејми се тој пар. Е сега замислете економска криза, губење работни места, преселба во мал град и одеднаш совршениот пар е далеку од совршен. Помислувате на секојдневни караници за финансиски проблеми, семејни односи и други типични несогласувања. Но, тука има нешто повеќе. Ејми еден ден туку-така исчезнува, а Ник избезумен се наоѓа сред хаос од медиумско и полициско внимание врз случајот. Приказната ја раскажуваат и двајцата, но на почетокот во различни временски периоди. Додека Ник се обидува да ја пронајде сопствената жена, Ејми ни се доверува преку нејзиниот дневник за нивната врска на почетокот. Се чини, проблемите на некогаш заљубениот пар се далеку покомплицирани и имаат силна психолошка позадина која во нијанси се открива низ страниците.rnrnНик е дефинитивно сомнителен. Следејќи ги трагите кои неговата сопруга ги оставила за да го пронајде подарокот за годишнината, постојано запаѓа во нови непријатни ситуации кои го прават да изгледа виновен во очите на јавноста за нејзиното исчезнување. Доказите се сè побројни и поуверливи, а дневникот на Ејми ја открива неговата мрачна и насилна страна. Единствената личност која му верува е неговата сестра Го, која нема да му сврти грб ниту кога ќе се открие дека Ник ја изневерувал сопругата. За сите останати, тој е дефинитивно негативецот. Сè додека не ја запознаеме вистинската Ејми.rnrnКнигава не можев да ја заборавам, едноставно не можев да ја извадам од глава додека ја читав и постојано им раскажував на блиските што се случува. Реакциите воглавно можам да си ги сместам во две групи:rn

      rn011

    1. Мажите се идиоти и никогаш не се мажам
    2. rn011

    3. Жените се луди и немојте никогаш да се жените
    4. rn011

    5. Книгава е закон
    6. rn

    rnТретово е всушност заклучок до кој дојдов уште со првите дваесеттина страници. Џилијан Флин го има напишано совршениот психолошки трилер и сигурна сум дека долго време ќе биде на врвот на моите листи. Неверојатно интелигентно напишана книга со оригинални ликови кои целосно ќе ве опседнат. Приказна за една налудничава љубов која ќе ве натера да ја преиспитате сопствената врска или да се пикнете под ќебе со саканата личност и да се радувате на едноставноста на животот. После Ејми и Ник, верувам дека многумина ќе бидат благодарни за партнерите и љубовта која ја имаат. А некои веројатно ќе се откажат од бракот како опција.rnrn

    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 16 ноември 2014.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

  • Филмски предлози: Трилери од 2014

    Филмски предлози: Трилери од 2014

    Има доста добри трилери од 2014 година. Ви предлагаме неколку од нив.rn

    1. Гостин (The Guest)

    rnФилмски предлози: трилери од 2014Главни улоги: Ден Стивенс, Пила Кели, Маика МонроrnrnВреметраење: 99 минутиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnКратка содржина: Дејвид е топло примен кај фамилијата Питерсон откако ќе потврди дека е пријател од армијата на нивниот син кој починал во битка на Блискиот Исток. Но, ова семејство ќе почне поинаку да гледа на својот гостин откако ќе почне да изгледа дека е поврзан со бројни смртни случаи.rnrnrn

  • Книга: „Црниот принц“ – Ајрис Мердок

    Книга: „Црниот принц“ – Ајрис Мердок

    Листата на најдобри трилери на сите времиња никогаш нема да ви биде комплетна ако го испуштите ова генијално дело. Истото важи и за листата на најголеми љубовни драми.

    rn(1) Книга: Црниот принц - Ајрис Мердокrn

    Наша оценка: 8/10

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rnБрзиот, возбудлив и динамичен стил на пишување на новите генијални умови и креатори на најдобрите трилери на денешницата, може многу лесно да нè навлече и најчесто нè тера да читаме во еден здив. Не можеме да негираме дека напнатоста на дејствието, плетењето на мрежата на мистерија и тајни, нијансите на психолошките манифестации на однесувањето на еден добро структуриран лик не се клучни кога станува збор за квалитетен трилер, но најчесто неочекуваните и агресивни пресврти се токму тие моменти коишто не држат будни цела ноќ. Сè додека не се потсетиме на старите добри трилери и не ископаме некое легендарно дело како „Црниот принц“ на Ајрис Мердок. Е тогаш, ќе се потсетиме дека најдобрите се оние коишто на почеток не ви изгледаат толку интересни и возбудливи, потоа ве тераат да размислувате за нив додека се возите во автобус, па сфаќате дека не мора да ги вртите брзо страните за да дознаете што се случува туку да уживате во секој совршено избран збор и на крај, со последната страница знаете дека нешто во вас е засекогаш изменето.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnrn„Црниот принц“ започнува со еден долг и здодевен вовед на писателот Бредли Пирсон, главниот лик во книгата, според кој ако ја судите книгата многу ќе погрешите. Но, е клучен за запознавање на овој средовечен, нереализиран писател кој е убеден дека ќе напише ремек-дело некогаш, но едноставно не може да ја најде вистинската приказна за којашто сака да пишува. По малку меланхоличен, Бредли планира патување и изнајмува куќа на море, со единствена цел да ужива во самотијата и да се посвети на пишувањето. Сè додека „приказната“ која ја бара не му го опседне животот, уште пред да тргне на пат.rnrn(2) Книга: Црниот принц - Ајрис МердокrnrnНекој ѕвони на вратата – братот на бившата жена на Бредли, прв сигнал за неволја. Додека се труди да го откачи, некој ѕвони на телефон – неговиот долгогодишен пријател и ривал, Арнолд Бафин мисли дека си ја убил жената. Патувањето е одложено, Бредли мора да му помогне на својот пријател и тука започнува хаотичниот вртлог на проблеми од кој Бредли не може да се извлече.rnrnКнигата има шест главни лика чиишто животи се испреплетуваат и на крајот кулминираат на најдобриот можен начин на којшто еден генијален трилер може да заврши – со убиство.rnrnНесогласувањата во брачниот живот на Арнол и Рејчел, нивната наивна, дваесетгодишна ќерка Џулиан која започнува афера со Бредли, неговата депресивна сестра Присила која го напушта својот сопруг, неговата бивша жена Кристијан која се враќа за да му го загорчи животот и нејзиниот брат Френсис се сосема добра основа за проблеми.rnrnНо, „Црниот принц“ не е само трилер. Морам да признаам дека, љубовната афера помеѓу Бредли и Џулиан иако бизарна, изобилува со романтика и чувства и во голема мера книгата е всушност приказ на неверојатниот ефект на љубовта и начинот на кој може да нè измени. Дури и намќорест старец кој не се грижи за никој во неговиот живот и е опседнат со тоа да биде признат и запомнет.rnrnМожеби најинтересниот дел е фактот дека меѓу нив нема лажго, ликовите му се обраќаат на читателот со сопствената визија за настаните и начинот на кој ги доживуваат. Тие се комплексни, интересни, но Ајрис не се труди да ги направи особено привлечни за читателот. Обични луѓе, средна класа, секојдневни проблеми кои се испреплетуваат на тој начин што се сè само не обични и секојдневни, само поради одлуките на самите ликови.rnrnДа бидам искрена, никогаш не сум била фан на Шекспир па ми требаше време да ја сфатам поврзаноста со Хамлет и начинот на кој Ајрис преработува некои делови во контекст на книгата. Во секој случај, книгата бара време и посветеност, но нуди вистинско уживање. Овој прекрасен доказ за генијалноста на Ајрис Мердок не смеете да го пропуштите.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 5 ноември 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Филм: Поврзаност (Coherence)

    Филм: Поврзаност (Coherence)

    Спремни ли сте за кинење на нервите?

    rnФилм: Врска (Coherence)Режија: Џејмс Ворд БиркитrnrnУлоги: Емили Балдони, Мори Стерлинг, Николас БрендонrnrnВреметраење: 89 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 6 август 2014rnrnЖанр: научно-фантастичен трилерrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„Поврзаност“ е филм кој може да ви го сврти умот. Тоа е прилично едноставна приказна завиена со одлично креирана научно-фантастична мистерија, така што честопати може да се прашувате што се случува овде и кој ги смислил овие чудни работи кои ги бунат сите кои го гледаат филмот.rnrnФилм: Врска (Coherence)rnrnА сè започнува со вечера на осум пријатели во домот на еден од нив. Разговараат за сè и сешто, озборуваат, се шегуваат, се смеат и зборуваат за една вселенска појава на која се сведоци. Имено, над нив поминува Милеровата комета, која наводно на почетокот на дваесеттиот век предизвикала низа чудни појави во Финска во времето додека поминувала во близина на Земјата.rnrnФилм: Врска (Coherence)rnrnИако во меѓувреме на површина излегуваат и тајни поврзани со разни сексуални афери и брачни проблеми, сето тоа поминува во втор план кога стравот поради мистеријата што ја носи необичниот астрономски настан почнува да ги обзема нивните мисли. Не знаат какви точно чудни работи искусиле Финците со кометата, но кога кај нив одненадеж ќе снема струја ќе се појави и стравот дека можеби се случува нешто по нејзина вина, или пак некој се шегува со нив на многу невкусен начин.rnrnФилм: Врска (Coherence)rnrnШто и да се случува навистина, пофалбите ги прибира режисерот и сценарист Џејмс Ворд Биркит. Не само за совршената тензија создадена со многу умешност и со многу мал буџет, туку и за изборот на актерите чија изведба е веројатно најдобриот дел од филмот. Филмот заслужува чиста десетка, но ако седнете да го гледате мора да бидете спремни на тенчење на вашите нерви.rnrnФилм: Врска (Coherence)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Викенд книга: „Алекс“ – Пјер Леметр

    Викенд книга: „Алекс“ – Пјер Леметр

    Киднапираната жртва преминува во брутален убиец па повторно преминува во жртва? Звучи како трилер кој ќе го прочитате во еден здив.

    rnrn

    Наша оценка: 8

    rnrn

    Ваша оценка: [ratings]

    rnrnVikend-kniga-Aleks-Pjer-Lemetr-www.kafepauza.mkrnrnСветот е нефер место за жените. И кога почнувам рецензија со ваква реченица можам однапред да предвидам намалена читаност за онолку колку што изнесува процентот на машки читатели, но овој пат ќе ризикувам, затоа што вреди. Плус, реченицата е точна сама по себе. Но како е поврзана со „Алекс“? Кога имаш дома цела една полица исполнета со трилери во кои главната хероина е напатена жена (киднапирана, малтретирана, силувана, тепана) која и покрај бруталностите успева да се издигне, а писателот ви нуди завршеток кој можеби е утешителен до некој степен, не можете да не се запрашате дали всушност книгите кои би требало да ја величат силата на една жена не се всушност уште еден начин на стереотипизирање? Дилемата ме оттргна од овој жанр некое време, затоа што, не – не сакам уште една книга за неправдите кон жената и како жената мора да најде начин да се справи со тоа, доволно го има сето ова во реалноста.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со издавачката куќа Сакам книги

    rnrnrn


    rnrnЕ сега, со оглед на тоа што „Алекс“ започнува со киднапирање на една триесетгодишна жена која потоа е брутално измачувана и заробена во кафез неколку метри над земја, може да се каже дека го прекршив погоре напишаното, но со добра причина. Алекс не е обична девојка. Ветување кое ме држеше до крај, додека се трудев да ги сварам сите ужасни сцени и да се надевам дека ова не е само уште една садо-мазо книга каде што жртвата на крај ќе биде оплакувана а потоа заборавена. И ветувањето беше исполнето, затоа што Алекс навистина не е обична девојка, иако со сè што се случува во светот не можам да тврдам дека е редок случај, за жал.rnrnДодека детективот Камиљ и неговите партнери се трудат да дознаат која е девојката која што била киднапирана на сред улица, насилно претепана и пикната во бело комбе додека за целиот настан има само еден несигурен сведок и ниту еден друг доказ, Алекс преживува вистински кошмар. Сцените на нејзиното измачување се како дел од тешко сварлив хорор, но уште пострашен е фактот дека одговорот на прашањето „Зошто јас?“ е веројатно најужасниот што може да биде… „Затоа што сакам да гледам како умираш, ороспијо.“ Без дополнителни објаснувања.rnrnДодека читателот се приврзува со Алекс и се надева дека детективите конечно ќе најдат некаков доказ кој ќе им помогне да откријат каде се наоѓа пред да биде предоцна, Пјер Леметр го вади неговиот најголем адут. Алекс не е невина девојка. Леметр итро си игра со чувствата на читателот кон неговата главна „хероина“ и токму потребата да дефинирате дали ја сакате или мразите, или нешто помеѓу, ќе ве натера да ги вртите страниците до крај. Детективите сега не се во потрага на само киднапирана жена туку се чини дека истата таа жена е опасен убиец кој ги претепува своите жртви и ги полева со сулфурна киселина. Можете да го замислите нивниот ужас кога конечно го откриваат местото каде што е киднапирана, но наоѓаат празен кафез. Жртвите на киднапираната „жртва“ се навидум неповрзани меѓусебно, случајно избрани несреќници чиј живот завршил на трагичен начин. Девојката мора да е луда, си мислите, сè додека не ја откриете линијата која ги поврзува сите ликови во една ужасна приказна.rnrnГолем број критичари се осврнуваат на овој пресврт кога дискутираат за трилерот кој е добитник на престижната награда Dagger за интернационален трилер, во моментот во кој многумина очекуваат да заврши приказната, тој ја започнува најголемата бркотница. И тогаш сфаќате дека нема да ја оставите книгата до самиот крај.rnrnКнигата е навистина брутална, но најголемите страдања се резервирани за самиот крај, кога следува објаснувањето за нејзините постапки и мотивите зад бруталните убиства. И тогаш ќе сфатите зошто ја започнав рецензијата така како што ја започнав. До некој степен, Леметр ме изневери затоа што колку и да е различна неговата книга повторно се вклопува во оној стереотипен жанр. Очигледно е талентиран за пишување трилери, за задржување на вниманието на читателот и дефинитивно ми се допаѓа неговиот стил, но како и останатите потфрла пред позицијата на жената во ова заканувачко општество.rnrnИ покрај приказната и мотивите зад убиствата кои ги расветлува на крај, сите ќе се согласат дека жената, нежна, ранлива и незаштитена е повторно искористена овој пат како совршен лик за еден добро структуриран трилер. Леметр само не почестува со чувството на одмазда, кое откако ќе земеме сè предвид, брзо исчезнува.rnrnЗошто вреди да се прочита? Затоа што е феноменален трилер со совршени пресврти и е идеален за сите оние кои обожаваат книги кои брзо се читаат и се интересни до крај. Дополнително, приказната ќе ве следи долго време откако ќе ја свртите и последната страница и веројатно ќе ви ја разгори желбата за правда. А уште поважно, некои ликови во книгата си го добиваат токму она што си го заслужиле, што е сепак многу повеќе од она што можеме да го очекуваме во реалноста.rnrn
    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 12 октомври 2014.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

  • Филм: Огледало на смртта (Oculus)

    Филм: Огледало на смртта (Oculus)

    Кога човек се соочува со сопствените демони…

    rnФилм: Огледало на смртта (Oculus)Режија: Мајк ФланаганrnrnУлоги: Карен Гилан, Брентон Твејтс, Кејти СакофrnrnВреметраење: 104 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 11 април 2014rnrnЖанр: хорор, трилерrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnМоментот кога сакате да седнете да гледате филм и сакате тоа да биде хорор може лесно да ве наведе да му се препуштите на „Огледало на смртта“, но прашање е колку тоа ќе го задоволи вашиот апетит за страшни сцени. Не дека ги нема во овој филм, напротив, но малку се и се ставени во служба на градење и засилување на тензијата. „Огледало на смртта“ е повеќе трилер отколку хорор, филм којшто претставува освежување во поглед на оригиналноста на приказната и начинот не нејзиното раскажување, но плашењето на гледачот овој пат е во втор план.rnrnФилм: Огледало на смртта (Oculus)rnrnПриказната е пренесена преку патувања од сегашноста во минатото и назад во текот на целото дејство. Таа започнува кога 21-годишниот Тим е пуштен од психијатриска установа каде што ја поминал целата своја адолесценција поради тоа што го убил својот татко веднаш откако овој ја убил неговата мајка. Неговата сестра Кејли е пресреќна поради неговото излегување, не само поради тоа што го сака својот брат туку и поради тоа што сега тие ќе можат да го исполнат своето ветување – да докажат дека одговорноста за злосторствата лежи кај демон кој се крие во огледало кое тогаш стоело во нивната куќа.rnrnФилм: Огледало на смртта (Oculus)rnrnКако што веќе спомнавме, филмот постојано ве носи напред-назад во времето со цел подобро да ги разјасни настаните што се случиле во таа ноќ пред 11 години кога членовите на ова семејство почнале да убиваат меѓу себе. Истовремено, тоа служи и да го објасни евентуалното влијание на огледалото во сите тие настани. Тоа е еден од начините на кои „Огледало на смртта“ ги избегнува хорор клишеата. Вториот начин е играта со умот на гледачот, не дозволувајќи му да биде сигурен што е реалност а што илузија. Ниту главните ликови не можат секогаш добро да ја перципираат стварноста, така што нивната одлична глума секако дека има удел во тоа.rnrnФилм: Огледало на смртта (Oculus)rnrnСè на сè, „Огледало на смртта“ е интересен филм којшто ќе им се допадне на оние кои бараат добра мешавина од жанрот хорор со психолошки трилер. Ако ви се допадне, може да ве израдува тоа што крајот е така направен што може од него да се очекуваат и повеќе продолженија.rnrnФилм: Огледало на смртта (Oculus)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Постоење (Extant)

    ТВ серија: Постоење (Extant)

    Таа била 13 месеци на соло мисија во вселената, но не се вратила сама…

    rnТВ серија: Постоење (Extant)Главни улоги: Хали Бери, Хиројуки Санада, Горан Вишниќ, Пирс ГагнонrnrnЖанр: драма, научна фантастика, трилерrnrnКреатор: Мики ФишерrnrnПродуцент: Стивен СпилбергrnrnПремиера: 9 јули 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnСтивен Спилберг повторно пријатно ги изненадува љубителите на научната фантастика со нова мини серија за младата астронаутка Моли Вудс (Хали Бери). Таа е научник на која ѝ била одобрена 13-месечна соло мисија на вселенската станица Серафим каде што ќе може да спроведе низа експерименти со црви. Но, и покрај тоа што нејзиниот единствен соговорник бил компјутерот Бен, откако ќе се врати на Земјата таа ќе открие дека е бремена. Ова откритие е неверојатно не само поради тоа што таа била сама 13 месеци во вселената, туку и поради фактот што Моли не може да има деца.rnrnТВ серија: Постоење (Extant)rnrnМоли и нејзиниот сопруг Џон (Горан Вишниќ) долго време се обидувале да имаат деца, но неуспешно. Токму затоа тој одлучил да го прошират нивното семејство на малку поинаков начин. Џон е научник кој ја истражува вештачката интелигенција и кој успеал да создаде андроид, Итан (Пирс Гагнон), на кој му било потребно семејство со цел да може да расте и да се развива на истиот начин како луѓето. Неговата идеја е да создаде робот кој е толку сличен на човекот, што ќе може сам да учи и нема да има потреба од кодовите кои луѓето во овој момент ги пишуваат за нивните програми.rnrnТВ серија: Постоење (Extant) ТВ серија: Постоење (Extant)rnrnПо слетувањето на Моли, работите се малку тензични помеѓу неа Џон и Итан и тајната за нејзината бременост воопшто не помага во враќањето на онаа природно опуштена средина која владеела помеѓу нив пред таа да отиде во вселената. Таа забележува многу разлики во однесувањето на Итан, но и во односот помеѓу неа и Џон. Нејзината најдобра пријателка, Сем (Кемрон Менхајм) која воедно е и докторка во агенцијата каде што Моли работи, ќе ѝ објасни дека покрај бременоста, нејзиниот мозок покажува чудна активност која може да е причина за нејзината параноја. Загрижена за неа, Сем ѝ вели дека мора да го предаде извештајот за нејзината состојба што побрзо за таа да може да добие соодветна нега, но Моли ја замолува да ги чува овие информации во тајност барем на кратко додека се обиде да открие што точно се случува со неа.rnrnТВ серија: Постоење (Extant) ТВ серија: Постоење (Extant)rnrnДоколку решите да ја гледате оваа ТВ серија, ви гарантираме дека едноставно нема да можете да престанете. Приказната се развива полека, но на интересен начин, паралелно покажувајќи ви ја и сегашноста и минатото. Но, она што е најинтересно е дека секоја нова епизода ви носи сè повеќе и повеќе прашања за таткото на бебето на Моли, а токму ова ќе ви ја инспирира фантазијата и ќе ве натера сами да се обидувате да замислите каков би бил изгледот на ова вонземјанче. И покрај тоа што таа е центарот на приказната, постојат уште многу мистерии поврзани со Џон, неговите соработници, како и со Итан кои успешно ќе го задржат вашето внимание во текот на целата сезона. Накратко, доколку сте љубители на работата на Стивен Спилберг, оваа ТВ серија без сомнение ќе ви се допадне.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.