КАФЕ ПАУЗА

Tag: студија

  • Необично истражување: Дали гледањето филмови влијае на нашите брчки?

    Необично истражување: Дали гледањето филмови влијае на нашите брчки?

    Резултатите од една неодамнешна студија покажуваат дека гледањето одредени филмови предизвикува привремено појавување на брчки! Студијата опфатила 2.000 учесници на кои им биле пуштени хорори и трилери, како и комедии, и потоа споредувале како кожата им реагирала на тие филмови.rnrnrnrnВо просек, оние што гледале хорор по 20-тина пати направиле гримаса на ужас, додека пак оние кои гледале трилер дури 50-тина пати направиле гримаса на шок, напнатост или изненадување. Учесниците кои гледале комедија се насмеале околу 115-тина пати во текот на филмот.rn

    „Шокираниот или престрашениот израз на лицето има посилно дејство на кожата, односно предизвикува појава на брчки околу очите и на челото. Оние што често гледаат филмови кои предизвикуваат такви реакции, во текот на 5 години од гледањето, ќе имаат до 50% поизразени брчки од некој што не гледа хорор или трилери“, наведува д-р Хари Синг, авторот на студијата.

    rnПа, ако гледате возбудливи филмови, очекувајте да имате дополнителни брчки околу очите, додека пак, ако повеќе сакате комедии, брчките ќе ви се појават околу усните. Што мислите вие, дали ова истражување ја покажува реалната слика или пак, можеби нешто друго е во прашање?rnrnПогледнете ги и овие 5 штетни и несакани ефекти од гледањето порнографски филмови.

  • Научниците обоиле крави како зебри и тоа што го откриле ги оставило без зборови

    Научниците обоиле крави како зебри и тоа што го откриле ги оставило без зборови

    Одвреме-навреме истражувачите создаваат урнебесни, но генијални идеи кои покажуваат дека имагинацијата е исто толку важна колку и интелигенцијата кога станува збор за науката. Токму овие идеи повеќе би очекувале да ги видите во некој роман отколку во реалноста. Но, изгледа дека токму во реалноста се онаму каде што најдобро функционираат.rnrnНаучниците спровеле студија со цел да пронајдат подобар начин да ги заштитат кравите од убодите на мувите без користење пестициди. Овој метод вклучувал нивно боење како зебри, со цел да ги камуфлира и заштити од досадните штетници. Истражувачите ја тестирале својата теорија на шест јапонски црни крави така што дел ги обоиле како зебри (А), на дел им додале само црни линии (Б) и дел оставиле онакви какви што се (В).rnrn rnrnТоа што го откриле било дека кравите-зебри почнале да живеат посреќен живот затоа што не биле постојано касани од муви. Ова влијаело позитивно и на кравите и на нивните сопственици. Тие имале значително помалку убоди во текот на денот во однос на другите.rnrnСпоред јапонските истражувачите, овие откритија се многу важни затоа што покажуваат дека пестицидите не се толку ефективни како една сосема обична камуфлажа која вклучува нетоксични материјали. Бојата е поевтина, поздрава и безбедна за околината. На кратко, најдоброто решение за заштита на вашите крави!rnrnНо, зошто се случува ова? Постојат неколку теории зошто постојат црно-белите линии на зебрите. На пример, дел од научниците веруваат дека линиите им помагаат на зебрите да се скријат од мувите и другите штетници, додека други веруваат дека се камуфлажа за заштита од предатори. Вистината е дека линиите се всушност природен систем на ладење што им помага на зебрите да останат свежи за време на африканската топлина.rnrnПа, што мислите вие за оваа студија? И дали би сакале да видите повеќе крави-зебри во иднина?

  • Не пазарете гладни: Ќе потрошите повеќе пари на нездрава храна

    Не пазарете гладни: Ќе потрошите повеќе пари на нездрава храна

    Пазарувањето на празен желудник може да ве натера да одберете нездрава храна и притоа да потрошите многу повеќе пари. Барем тоа го покажало едно британско истражување. Кога сме гладни, ние купуваме многу поголема количина храна, а често вклучуваме во изборот и готова или полуготова храна што не треба долго да се подготвува.rnrnrnrnПоголемиот дел од анкетираните испитаници признале дека кога се гладни почесто купуваат и храна на акција заедно со готовата храна. И сè тоа во поголеми количини. На страна од тоа што тие неделно трошеле во просек по 19 минути за планирање на тоа што треба да се купи, четири од десет луѓе признале дека отстапуваат од својата листа кога се излезени на празен желудник.rnrnИстражувањата исто така покажале и дека оние што отстапувале од листата за купување во просек трошеле околу 760 денари повеќе во текот на едно пазарување. Тоа на годишно ниво може да резултира со дополнителен трошок од 40.000 денари.rn

    „Кога сте гладни и во брзање, пазарувањето може да биде многу постресно и да дојде до непромислено трошење што подоцна ќе влијае на здравјето и ќе резултира со фрлање вишок храна“, објаснува Лорен Гилемејн. „Од друга страна пак, чоколадите и десертите им се најпривлечни на оние што купуваат на празен желудник. Дури и кога планираме да купуваме свежа храна, во оваа состојба многу тешко можеме да одолееме на искушенијата.“

    rnИ за крај, четвртина од испитаниците признале дека во оваа гладна состојба тие често заборавале дел од храната поради кој отишле да пазаруваат, па морале да се враќаат назад во маркетот.

  • Невролозите откриваат: За време на есента сме попаметни во однос на останатите сезони

    Невролозите откриваат: За време на есента сме попаметни во однос на останатите сезони

    Силата може варира од сезона до сезона, но врвот на когнитивната активност се достигнува за време на есента. Барем тоа го покажуваат резултатите на студијата спроведена од страна на научници од Америка, Канада, Франција и Израел. Тие им задале когнитивни тестови и тестови за концентрација на 3.500 испитаници постари од 60 години.rnrnrnrnРезултатите покажале дека нивниот мозок достигнувал максимална сила некаде при крајот на летото и почетокот на есента. Тие веруваат дека на резултатите можеби влијаеле светлината, температурата, нивото на хормоните или количината витамин Д.rnrnОние кои ги решавале когнитивните тестови за време на зимата имале 30% поголеми шанси за покажување благо когнитивно оштетување или деменција. На некои од испитаниците истовремено им истражувале и различни протеини кои се поврзани со Алцхајмеровата болест, па ова би можело позитивно да влијае во понатамошните истражувања во неврологијата.rnrnИ покрај тоа што не се сигурни за вистинската причина зошто резултатите се вакви, д-р Лим и останатите научниците во тимот тврдат дека оваа студија отвора нови можности за разбирање на начинот на кој мозокот го достигнува својот врв. Ова би можело да помогне при истражувањата за спречување или барем, намалување на развојот на Алцхајмеровата болест.rnrnНаучниците откриле и која храна го скратува животниот век.

  • Истражување: Дали изборот на обувки на жените зависи од мажот што им се допаѓа?

    Истражување: Дали изборот на обувки на жените зависи од мажот што им се допаѓа?

    Неодамнешно истражување спроведено на Универзитетот во Словачка покажало дека изборот на обувки за љубовен состанок зависи од мажот со кој жената излегува.rnrnrnrnИмено, научниците спровеле студија на 292 хетеросексуални жени така што им покажале фотографии од двајца мажи, од кои еден бил оценет како поатрактивен, а другиот како помалку. Откако тие ги оцениле мажите со оценка од 1 до 7 (1 – непривлечен, 7 – исклучително привлечен), им покажале фотографии и од црни балетанки и бели штикли чија потпетица била висока 11 сантиметри и ги прашале кој модел би го одбрале и со кој маж.rnrnРезултатите покажале дека повеќе од 60% од жените ги одбрале штиклите за состанок со мажот кој добил повисока оценка за привлечност.rnrnВодечкиот истражувач, професорот Павол Прокоп, објаснил дека жените со носењето високи потпетици праќаат сексуални сигнали до мажот што им се допаѓа и со кој би сакале да отидат чекор понатаму. Ова го открива и нивното сензуално одење и нишање на колковите кога носат штикли.rnrnОд друга страна пак, американскиот психолог, новинар и автор, Самер Бренан, надоврзувајќи се на ова истражување, истакнала дека жените што носат штикли не секогаш го повикуваат мажот за секс, бидејќи тие најверојатно не ни би отишле на состанок со маж што не им се допаѓа. Исто така додала дека и студијата би била поверодостојна ако понудените обувки биле во иста, а не во различна боја.rnrnДали сте знаеле и дека секоја втора жена е склона кон погонофилија! Дали сте една од нив?

  • Истражување: Вегетаријанците и веганите имаат зголемен ризик за мозочен удар

    Истражување: Вегетаријанците и веганите имаат зголемен ризик за мозочен удар

    Според една неодамнешна студија, вегетаријанската и веганската исхрана го намалува ризикот од срцеви болести, но носи зголемен ризик од мозочен удар. Истражувањето објавено во Британскиот медицински журнал проучувало 48.000 луѓе во период од 18 години. Според добиените резултати, и вегетаријанците и веганите имале за 10 случаи помалку коронарни болести на 1.000 луѓе во однос на оние што јаделе месо, но и 3 случаи повеќе во однос на мозочниот удар.rnrnrnrnПоловина од испитаниците јаделе месо, додека пак останатата половина ја содржеле вегетаријанци и вегани (повеќе од 16.000) и пескетаријанци, односно луѓе што јаделе само риба (7.500). За потребите на студијата, биле земени предвид нивните здравствени анамнези, пушењето и телесната активност.rnrnКај пескетаријанците бил забележан 15% помал ризик во однос на коронарните срцеви болести во однос на оние што јаделе секаков вид месо, додека пак кај веганите овој ризик бил намален на 22%. Од друга страна пак, ризикот од мозочен удар кај нив бил зголемен за 20%.rnrnНаучниците сметаат дека причината за ова може да биде ниското ниво на витамин Б12, но исто така истакнуваат и дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврди поврзаноста потемелно.rnrnПрочитајте ги и овие 10 изненадувачки факти за вегетаријанците.

  • Истражување ни открива колку често имаат секс најсреќните парови

    Истражување ни открива колку често имаат секс најсреќните парови

    Постои популарно мислење дека паровите што често водат љубов се најсреќни, но изгледа дека нема многу вистина во ова. Според едно неодамнешно истражување што било објавено во списанието „Society for Personality and Social Psychology“, се открило дека најсреќните парови во просек имаат секс еднаш неделно.rnrnrnrn„Нашето истражување ни покажа дека паровите што воделе љубов неколкупати неделно се помалку среќни од оние што во просек го прават тоа еднаш неделно. Исклучително важно е да се одржува интимната поврзаност со партнерот, но тоа не значи дека треба секојдневно да се има секс“, објаснила Ејми Муис, водечкиот автор на студијата.rnrnПостојат многу начини на кои можете интимно да се поврзете со партнерот, а понекогаш и едноставното држење за раце може да направи чуда за вашата врска. Од друга страна пак, и разговорот, отвореноста и искреноста се исто така важни за одржување на поврзаноста.rnrnИстражувањето открило и дека не постои разлика помеѓу половите, возраста и траењето на врската. Со други зборови, сите парови што имаат сексуални односи еднаш неделно се многу посреќни во однос на другите.rnrnДознајте и кои се 7-те јасни знаци дека имате прекрасен сопруг.

  • Истражувањата покажале дека чувањето деца дома може да биде потешко од одењето на работа

    Истражувањата покажале дека чувањето деца дома може да биде потешко од одењето на работа

    Децата се најважни во животот. Ова би го рекол секој родител. Тие се бескраен извор на среќа, гордост и радост за родителите низ целиот свет. Точно е дека можеме да ги сакаме децата повеќе и од самите себе, но тие можат да нè полудат до тој степен да посакаме да го напуштиме домот и да избегаме некаде далеку.rnrnrnrnПричината е дека децата бараат поголем емоционален напор отколку вашата работа што ја сакате, а посебно внимание и напор бараат новороденчињата. Ова не е изненадувачко. Да се има бебе значи хранење, смирување, капење, облекување, играње и многу други работи. Сите тие активности можат да предизвикаат умор и стрес многу повеќе отколку среќа и задоволство. Повеќето родители кои остануваат дома можат да се согласат со ова.rn

    Ако родителот кој оди на работа остане еден ден дома со неговото дете, најверојатно е дека со нетрпение ќе чека да се врати на работа.

    rnВо едно истражување спроведено во Велика Британија, се покажало дека голем број родители се чувствуваат под поголем стрес кога се дома со нивните деца отколку кога се на работа. Во студијата биле вклучени 1.500 мајки и татковци од различни места од државата кои биле вработени или кои останувале дома.rnrnДобиени се следниве резултати од истражувањето:rn

      rn 011

    • 25% изјавиле дека имањето бебе е лесно
    • rn 011

    • 55% се согласиле дека чувањето бебе е исцрпувачко
    • rn 011

    • Откако го добиле првото дете, 40% престанале да ги осудуваат другите родители кога подоцна се жалеле од своите деца
    • rn 011

    • 31% мислат дека останувањето дома со дете предизвикува повеќе стрес отколку одењето на работа
    • rn 011

    • 45% од жените се потпирале на советите од нивните мајки наместо од други извори (обуки, книги за самопомош)
    • rn 011

    • 71% мислат дека социјалните медиуми создаваат натпревар помеѓу родителите затоа што секој се труди да биде доволно добар како некој друг
    • rn 011

    • 39% признале дека се уморни постојано
    • rn 011

    • 9% се загрижени за навиките за спиење на нивното дете
    • rn 011

    • 22% се несигурни околу навиките за јадење на нивните новороденчиња
    • rn 011

    • 27% мислат дека мораат да бидат совршени родители
    • rn

    rnПокрај овие резултати, 42% од родителите кои учествувале во студијата веруваат дека откако станале мајки и татковци за првпат тие чувствувале чиста, неизмерна љубов за нивните деца.rnrnВистината е дека чувството што секој родител го доживува кога ќе го види неговото дете среќно, здраво и успешно е исполнето со задоволство какво што не може да се спореди со ниедно друго. Но, грижата за децата е исполнета и со големо количество стрес.rnrnПокрај тоа што луѓето кои имаат деца вообичаено не се жалат за негативните страни на родителството повеќето од нив сакаат да го направат помалку стресно чувањето деца во домашни услови.rnrnЕве зошто било корисно да се спроведе истражување кое би им помогнало на новите родители да ги надминат грижите.rn

    „Станувањето родител е неверојатно искуство. Ние го разбираме целосно тоа ново поглавје од животот кое може да донесе големо количество стрес и грижа, па сакавме да откриеме повеќе за тоа што го доживуваат новите родители во првите неколку години. Повеќе за тоа што тие би сакале да го знаат со цел да ги поддржуваме“, изјавила Ребела Бенет, експерт за бебешка кожа.

    rnАко и вие сте нови родители, резултатите од ова истражување ќе ви бидат утешни. Знаете дека не сте единствени и дека се работи за фази низ кои мора да поминете додека ги одгледувате вашите деца.rnrnПогледнете и како еден психолог на оригинален начин објаснува како изгледа родителството.

  • Истражување: Колку метри квадратни се потребни за мирен брак?

    Истражување: Колку метри квадратни се потребни за мирен брак?

    Сите ние отсекогаш сме се мислеле дека за приватност во бракот е доволна само една врата што може да се затвори. Но, според една нова студија, потребни се одреден број на метри квадратни за да имате мирен брак. Кој би рекол?rnrnrnrnВо студијата учествувале 900 парови, а резултатите откриле дека оние што живееле во простор што имал најмалку 170 метри квадратни покажувале повисоко ниво на задоволство во врската во споредба со оние што имале помалку простор на располагање. Нивото на задоволство растело со бројот на метри квадратни на домот.rnrnСпоред авторите на студијата, колку повеќе простор имаат паровите на располагање, толку се позадоволни од врската. Дури и 10 метри квадратни можат да бидат разликата меѓу среќен брак и брак на прагот на распаѓање. Резултатите покажале дека оние што се со мало бебе, најзадоволни се во простор од минимум 170 метри квадранти, додека пак веќе на 160 метри квадранти се гледало забележително намалување на среќата.rnrnЗа милениумците оваа разлика е малку поширока – иако и тука најзадоволните биле со 170 метри квадратни или повеќе, дури и оние со 145 метри квадратни на располагање успевале некако да се снајдат.rnrnПа, што мислите вие? Дали навистина големината на станот или куќата има некакво влијание на среќата на бракот или пак, можеби други фактори се во прашање?rnrnЗнаете ли кога бракот станува она вистинското?

  • Зошто е добро да поминувате барем 2 часа неделно во природа?

    Зошто е добро да поминувате барем 2 часа неделно во природа?

    Престојувањето во природа, дури и во градскиот парк, 2 часа неделно, може значајно да го подобри вашето здравје и благотворно да делува на умот и телото. Според една неодамнешна студија, испитаниците што минувале 120 минути или повеќе во природа, биле во подобро физичко, но и психолошко здравје од оние што ретко или воопшто не уживале во зеленилото. Студијата била објавена во списанието Природа (Nature) и опфаќала повеќе од 20.000 луѓе од Англија.rnrnrnrnНаучниците откриле дека поминувањето време во зеленило, меѓу останатото, го намалува развојот на дијабетесот тип 2, кардиоваскуларните болести, прераната смрт, предвременото породување и високиот притисок, како и го намалува стресот. 23% од испитаниците по внесувањето на 2-часовната екскурзија во природа, еднаш неделно, пријавиле зголемување на животното задоволство и среќа во животот.rnrnРетко кој доктор им советува на своите пациенти да поминуваат време во природата. Тие често велат да јадете што повеќе овошја и зеленчуци, да го намалите внесувањето на солта и нездравите маснотии, да престанете да пиете алкохол и да вежбате. Но, ретко кој ќе ви каже и: „Седнете покрај дрво“. Оваа студија е доказ дека докторите треба да почнат да го препорачуваат и ова.rnrnБританските научници заклучиле дека само два часа во природа имале големо влијание на испитаниците, без разлика на нивната возраст, пол, економски и социјален статус. Особено благотворно влијание доживеале оние со хронични заболувања и инвалидите.rnrnОтсекогаш сме знаеле дека времето поминато на отворено и во природа е добро за здравјето, но досега не знаевме колку време треба да издвојуваме за тоа. Поголемиот дел од испитаниците поминувале време во природа на места што во просек биле оддалечени околу 3 километри од нивниот дом, што значи и дека посетата на урбаните зелени површини има исто толку големо влијание како и пооддалечените природни области.rn

    „Верувам дека многумина можат да издвојат два часа неделно за поминување време на отворено, особено со оглед на тоа што можат да ги ‘расцепкаат’ тие два часа во текот на целата недела“, објаснува д-р Мет Вајт. „А ако сакате да почувствувате уште поголем ефект, поканете ги и најблиските и поминете квалитетно време со нив во природа.“

    rnСпоред најновите истражувања, живеењето во позелени области од градот исто така може да има големо влијание на вашето здравје. Зградите што се опкружени со многу дрвја се одличен избор за вас.rnrnНека си играат надвор: Во природа растат здрави и интелигентни деца!