КАФЕ ПАУЗА

Tag: студија

  • Поврзаноста на појадокот со слабеење: Вистината зад овој мит што конечно ќе ви даде мир

    Поврзаноста на појадокот со слабеење: Вистината зад овој мит што конечно ќе ви даде мир

    Поголемиот дел од вас сигурно го чуле советот што звучи многу контрадикторно – со прескокнувањето на појадокот би можеле да се здебелите, бидејќи на тој начин го забавувате метаболизмот и во текот на денот јадете многу повеќе за да надополните за изгубеното.rnrnrnrnАко ова ви се чини како бесмислица, можно е да имате право. Сè уште не постојат докази дека прескокнувањето на појадокот води кон зголемување на телесната тежина. Барем така вели заклучокот од една нова студија објавена во научното списание „British Medical Journal“. Спротивно на популарното верување, истражувањето покажало дека ако го прескокнете појадокот, тоа нема да предизвика чувство на зголемена глад во попладневните часови или разлика во трошењето на енергијата.rnrnНаучниците од  факултетот Монаш во Мелбурн ја анализирале врската помеѓу појадокот и промените во телесната тежина, како и дневното внесување на енергија. Тие користеле податоци од 13 различни клинички истражувања што биле спроведени во Америка и Велика Британија во последните 28 години. Нивниот заклучок бил дека вкупното дневно консумирање храна било поголемо кај луѓето што појадувале од оние кои го прескокнувале оброкот. Исто така утврдиле и дека нема значајни разлики во активноста на метаболизмот кај двете групи.rnrnИмајќи го ова на ум, редовното појадување води кон голем број други здравствени придобивки, па затоа мора да внимавате ако сакате да го исфрлите со цел да ослабите.rnrnПрочитајте и зошто не треба да јадете банани за појадок.

  • Парите сепак играат улога: Платата може да има големо влијание на вашата врска

    Парите сепак играат улога: Платата може да има големо влијание на вашата врска

    Едно неодамнешно истражување спроведено на Факултетот во Корнел докажало дека паровите што заработуваат отприлика исто имаат постабилна врска, посреќни се и имаат поголеми шанси да стапат во брак. Патрик Ишизука, авторот на оваа студија, изјавил дека еднаквоста поттикнува стабилност меѓу мажите и жените во економскиот аспект и може да ја направи секоја љубовна врска посилна и подобра.rnrnrnrnОд друга страна пак, постои теорија дека паровите што заработуваат приближно еднаква сума пари почесто се одлучуваат за брак затоа што во нивниот живот постои солиден приход и од двете страни, па никој нема да се чувствува како „финансиски проблем“ во врската. Иако целиот имот станува заеднички кога ќе стапите во брак, докажано е дека луѓето подобро се чувствуваат кога придонесуваат за врската исто колку и другиот.rnrnСтанува збор за еден вид сигурност – и двете страни вложуваат исто, па ако нешто се случи со нивната врска, тие ќе излезат од неа без поголема загуба. Затоа и полесно се одлучуваат на брак. Па, што мислите вие? Дали и вам ви значи ова (можеби дури и несвесно) или сметате дека одлуката за брак не треба да има никаква поврзаност со финансиите?rnrnНе заборавајте и дека лагите во врска со парите можат да ви ја уништат врската или бракот!

  • Зошто фините и добри луѓе почесто имаат проблеми со финансиите?

    Зошто фините и добри луѓе почесто имаат проблеми со финансиите?

    Една студија објавена во Журналот за личност и социјална психологија, покажала дека луѓето со топол карактер имаат помала заштеда во однос на оние со понепријатен карактер. Причината не е во тоа дека се слаби преговарачи, како што претходно се мислело, туку фактот дека парите им се помалку важни.rnrnrnrnАвторот на студијата, Џо Гледстоун, од факултетот во Лондон пронашол поврзаност помеѓу карактерот и материјалниот статус, односно луѓето што се попријатни, пофини и подобри кон другите не се грижат толку многу за парите па затоа и полошо менаџираат со нив. Научниците дошле до ова сознанија по анализа на повеќе од 3 милиони луѓе ширум светот.rn

    „Кога сте добра личност што им верува на другите луѓе, автоматски си повикувате финансиски губиток, особено ако не сте научиле соодветен начин да компензирате за својот карактер“, вели Сандра Матс, коавторка на студијата од Колумбиското бизнис училиште во Њујорк.

    rnДо слични заклучоци дошле и постари студии, од кои пак, една од нив открила дека мажите со тежок карактер помеѓу 40 и 60 години имаат најголем успех во однос на финансиите. Тие не само што успеваат многу да заработат, туку точно знаат како да ги менаџираат своите пари за да уживаат во пријатен живот додека истовремено и заштедат за иднината.rnrnДознајте и зошто „лошите“ девојки се посреќни од „добрите“.

  • Не е бракот за секого: 3 фактори кои влијаат дали ќе се омажите/ожените или не

    Не е бракот за секого: 3 фактори кои влијаат дали ќе се омажите/ожените или не

    Дали некогаш сте ја чуле изреката дека не сите луѓе се добри за брак и сте помислиле дека тоа не е вистина, бидејќи порано или подоцна, сите го наоѓаат својот идеален пар? Имено, едно истражување објавено во списанието „Social Science Research“ покажало дека веројатноста да стапите во брак зависи исклучиво од 3 фактори: физичка привлечност, карактерна привлечност и грижа за врската.rnrnrnrnРезултатот добиен од истражувањето што се темели на овие 3 карактеристики покажува дали ќе ви биде поставено прашањето на кое одговорот е „да“. Студијата била спроведена на неверојатни 9.000 испитаници, а научниците ги оценувале со оценки од 1 до 5. Колку повисока била оценката на тестирањето, толку поголеми биле шансите таа личност да стапи во брак.rnrnИако сите 3 карактеристики се клучни за развивање ваков однос, сепак истражувањето покажало дека тие можат меѓусебно да се надополнуваат. На пример, физичкиот изглед може да се замени со висок степен на интелигенција и духовитост.rnrnИстражувањата се одлични начини да се турнеме себеси во вистинската насока, но на крајот од краиштата, важно е тоа што вие го мислите. Па, ако сметате дека сакате да бидете во брак, не дозволувајте никому да ве спречи да го направите тоа. Од друга страна пак, ако не сакате да бидете во брачна врска, тогаш едноставно не правете го тоа. Секогаш одбирајте го она што вам најмногу ви се допаѓа и живејте го животот на ваш начин.rnrnПогледнете ги и овие 3 прашања кои треба да му ги поставувате на партнерот секој ден за да имате среќен брак.

  • Начинот на кој миете садови може да ви го намали стресот

    Начинот на кој миете садови може да ви го намали стресот

    Според едно ново истражување од Универзитетот во Флорида, што било спроведено на 51 студент додека миеле садови, оваа активност може значително да го намали нивото на вашиот стрес, доколку го правите тоа свесно. Пред да почнеле со миење, половина од студентите прочитале краток текст во кој пишувало дека оваа активност може да ја прошири вашата свесност, додека пак, другата половина прочитала текст кој едноставно ја опишувал постапката на миење садови.rnrnrnrnЗаклучокот бил неверојатен. Додека миете садови, не треба да мислите само на активноста, туку да се обидете самите да ја проширите својата свесност така што ќе бидете целосно свесни за тоа што го правите во моментот. На прв поглед, ова можеби ќе ви изгледа малку глупаво. Зошто би фокусирале толку многу мисли во толку едноставна работа? Верувале или не, во тоа е трикот. Фактот што во моментот стоите и миете садови, додека го следите дишењето и свесни сте за својата присутност е чудесно.rn

    „Бев особено заинтересиран за тоа како свесните активности можат да се искористат за проширување на свесноста и со тоа да се искуси добросостојба“, вели авторот на студијата, д-р Адам Хенли.

    rnИстражувачите откриле дека луѓето што свесно мијат садови (односно што се сосредоточени на миризбата на сапунот, чувството на температурата на водата и допирањето на садовите), ја зголемиле својата инспирација за 25% и го намалиле нивото на стрес за 27%. Групата што не миела свесно садови, немала никаква корист од задачата.rn

    „Изгледа дека сите секојдневни активности што се прават свесно и намерно, може да ја подобрат состојбата на свесноста“, заклучува авторот на студијата.

    rnПогледнете ги и овие 6 начини да ја исчистите микробрановата печка со продукти што ги имате дома.

  • Неочекувани резултати: Половина од момците сметаат дека бакнувањето не е неверство

    Неочекувани резултати: Половина од момците сметаат дека бакнувањето не е неверство

    Изгледа неверството значи различни нешта за различни луѓе. За некои, тоа е флерт или секси порака, додека пак други, веруваат дека само сексот спаѓа во категоријата изневерување. Според едно ново истражување, изгледа дека половина од младите момци спаѓаат во втората категорија, тврдејќи дека бакнувањето со друга жена (или маж) не е неверство. За разлика од нив, само 27% од жените го имаат истиот став.rnrnrnrnИст процент момци изјавиле и дека виртуелниот секс не е неверство, додека пак, само 25% од жените се согласиле со нив. Според експертите за љубовни врски, овие разлики можат да бидат резултат на различните начини на коишто мажите и жените доживуваат интимност.rnrn„Не постои начин овие два вида размислувања да се изедначат“, вели Џејмс Прис, тренер за љубовни врски. „Без разлика на полот, ако бакнете друга личност и ако не верувате дека сте го изневериле својот партнер, тоа укажува на темелен недостаток на почитување кон партнерот и вашата врска. Ако вам не ви е грижа за последиците од вашето однесување или како вашиот партнер ќе реагира на вашето однесување, тогаш сте во врска со погрешна личност.“rnrnИстражувањето било спроведено од британското BBC Radio 5 Live и вклучува податоци од 2.066 мажи и жени од Велика Британија.rnrnСпоред она што и може да се очекува, истражувањето потврдило дека 91% од луѓето во студијата го сметале сексот со друга личност освен партнерот за неверство. Но, кога станува збор за други видови интимност, границите не се толку јасни. Дури 40% од испитаниците сметаат дека неверство е и одржување на профилот на апликации за запознавање, додека пак, 60% го сметаат ова како безопасен интерес.rnrnВо која категорија спаѓате вие?rnrnМомци имаме и одлични вести за вас: Гледањето во женски гради ќе ви помогне подолго да живеете!

  • 4 знаци дека Инстаграм ви се меша во вашиот љубовен живот

    4 знаци дека Инстаграм ви се меша во вашиот љубовен живот

    Гледајќи ги фотографиите од „совршени“ парови пред прекрасно зајдисонце на Инстаграм може да ве натера да мислите дека вашиот љубовен живот и не е толку добар, без разлика дали сте сингл или пак, ги гледате објавите додека вашиот партнер нежно рчи на каучот покрај вас. Токму затоа и треба да си го поставите прашањето дали изложувањето на овие фотографии има некакво влијание на вас, како и на вашиот живот.rnrn

    rnrnД-р Ана Мачин, еволуциски антрополог, писателка и новинарка, која е позната по својата пионерска научна работа за односите помеѓу луѓето, предупредила колку е опасно да верувате во совршените фотографии на паровите на Инстаграм. Таа направила соработка заедно со еден веб-сајт за запознавање, со цел да спроведе истражување за влијанието на Инстаграм на љубовните врски. Таа дошла до заклучок дека 1/3 од паровите и оние што се сингл се чувствуваат разочарано за својот живот кога гледаат „совршени“ фотографии од парови на Инстаграм.rnrnОва може да доведе до депресија и ниска самодоверба кај луѓето што почнуваат да се преиспитуваат себеси или своите врски, што во некои случаи доаѓа дури и со крај на врската. Д-р Мачин открила 4 знаци што даваат до знаење дека вашата врска е под лоши влијание од Инстаграм.rnrn

    rnrn

    1. Љубомора

    rnАко сте љубоморни на паровите чии фотографии ги гледате на Инстаграм, тоа ќе ве поттикнува на караници со сопствениот партнер. Истражувањето покажало дека луѓето што премногу ги користат социјалните мрежи дупло почесто се караат со своите партнери и се исто толку понезадоволни од својата врска од оние што ги користат мрежите умерено.rn

    2. Караница за објава на фотографии

    rnВие сте без сомнение под лошо влијание од Инстаграм доколку се карате со својот партнер околу бројот на заедничките фотографии што ги објавил, колку меѓусебно се „лајкувате“ и колку коментарите на објавите и фотографиите. Како последица на овие караници, вие почнувате да мислите дека на вашиот партнер не му е доволно грижа за вас бидејќи нема навика да објавува „заљубени“ фотографии од вас двајца.rn

    3. Претеран фокус на социјалните мрежи

    rnТретиот знак се однесува на времето што го поминувате на Инстаграм. Ако поминувате повеќе време уредувајќи ги заедничките фотографии и проверувајќи го бројот на лајкови и коментари додека ги гледате туѓите фотографии отколку со вашиот партнер, тогаш без сомнение имате голем проблем.rn

    4. Намален физички контакт со партнерот

    rnАко во вашите раце почесто се наоѓа вашиот телефон или таблет, отколку раката на вашиот партнер, треба да се запрашате како го поминувате слободното време и како се чувствувате во врската. Можеби е време за сериозен разговор со вашиот партнер.rnrn

  • Момци имаме одлични вести за вас: Гледањето во женски гради ќе ви помогне подолго да живеете

    Момци имаме одлични вести за вас: Гледањето во женски гради ќе ви помогне подолго да живеете

    Само 10-минутно гледање во женски гради за мажите има ист ефект како и 30-минутни аеробик вежби, тврди д-р Карен Ветербај.rnrnrnrnЕдно необично истражување што било спроведено на 200 испитаника во три германски болници дошло до многу интересни резултати. Половина од испитаниците гледале во женски гради, додека пак другата половина се воздржувала од тоа. На крајот од истражувањето, научниците заклучиле дека гледањето во женско деколте им го намалува крвниот притисок на мажите и го намалува ризикот да заболат од кардиоваскуларни болести.rnrnНаучниците веруваат дека сексуалната желба ја зголемува циркулацијата на крвта, којашто потоа води кон подобрување на општото здравје. Сексуалното возбудување го тера срцето побрзо да чука и ја подобрува циркулацијата. Ако тоа се случува редовно, мажот може да живее и 4-5 години подолго.rnrnПокрај гледањето во градите, слични истражувања покажале дека мажите можат да си го продолжат животот на уште неколку начини. Тие вклучуваат повеќе секс, брак, деца, одговорност и малку покачена телесна тежина.rnrnА дали сте знаеле дека љубителите на овој филмски жанр се убедливо најдобри љубовници?

  • Интересно истражување: Љубителите на овој филмски жанр се убедливо најдобри љубовници

    Интересно истражување: Љубителите на овој филмски жанр се убедливо најдобри љубовници

    Неодамнешно истражување спроведено на Универзитетот во Оклахома, покажало дека личностите што сакаат да гледаат одреден вид научно фантастични филмови имаат многу позрел поглед кон љубовта и сексуалните односи од личностите што бираат романтични комедии или драми.rnrnrnrnВо истражувањето учествувале 404 возрасни хетеросексуални личности, а прашањата што им ги поставувале барале од нив да именуваат актери од седум филмски жанрови, а потоа одговарале на прашања поврзани со романтичната врска и нивните ставови на тоа прашање.rnrnЛичности кои, меѓу останатото, одговориле дека се љубители на филмовите како „Хари Потер“ (Harry Potter) и „Одмаздници“ (Avengers), имале многу пореални ставови и погледи кон љубовта и сексот. Исто така, оние што општо ги сакале научно фантастичните приказни повеќе од останатите жанрови, не сметале дека караниците во врската водат кон раскинување и не се обидувале да ги сменат своите партнери.rnrnОд друга страна пак, оние што се изјасниле како љубители на романтични комедии и драми, јасно дале до знаење дека прифатиле многу нереални ставови во однос на љубовта од филмовите што ги гледале и дека голем дел од нив ги бараат овие нешта и во реалноста.rnrnПогледнете го и ова интересно истражување што докажало дека милениумците повеќе сакаат да се сингл отколку во врска.

  • Озонот би можел да биде целосно заздравен до 2060 година

    Озонот би можел да биде целосно заздравен до 2060 година

    Една студија од Обединетите нации открила дека озонскиот слој полека заздравува и дека се очекува да биде целосно оздравен до 2060 година. Прв пат беше пронајдена дупка во озонот над Антарктикот уште во 1980-тите, како резултат на штетните хемикалии што се ослободуваа во атмосферата. Озонот нè штити од штетните сончеви зраци, па затоа и дупката беше застрашувачки проблем.rnrnrnrnДупката во озонот пропушта силни ултравиолетови зраци, што е поврзано со зголемување на дијагнозите за рак на кожа. Тоа доведе до сериозни забрани во производството што вклучува штетни хемикалии. Благодарение на тие забрани, озонскиот слој почна полека да заздравува, и се очекува до 2060 година да се врати во нормала.rnrnИстражувањето беше дел од 40-годишна ревизија на Монтреалскиот протокол, забрана од 1987-ма година за користење гасови направени од страна на човекот, што можат да направат штета на озонскиот слој. Монтреалскиот протокол помогна да се напуштат овие хемикалии, вклучувајќи ги и хлорофлуорјаглеродите, што се користеа за масовно создавање на фрижидери.rnrnДруги докази претставени од авторите на студијата покажуваат и дека озонскиот слој во стратосферата заздравува побрзо со секоја декада, почнувајќи од 2000 година. Ако продолжи со ова темпо, Северната хемисфера и озонот на средна височина ќе биде заздравен до 2030 година, Јужната хемисфера до 2050 година и поларните региони до 2060 година.rnrnИзвештајот исто така кажува и дека озонската дупка за прв пат се намалила и во ширина и во длабочина во 2000 година. Оттогаш, намалувањето е континуирано.