Можеби нема да ви звучи вистинито, но според една студија жителите на Њујорк живеат многу подолго од останатите луѓе во Америка. Според истражувачите од Универзитетот во Вашингтон, во просек Њујорчани живеат околу 80,6 години – 3 години повеќе од жителите на останатите градови. Се смета дека тие ја покачиле границата така што ги забраниле транс-маснотиите, додале број на калории покрај секој оброк на менијата во рестораните и ја поттикнале физичката активност со изградба на повеќе патеки за пешаци и велосипедисти…rnrn
rnrnНо, сепак не мора да живеете во Њујорк за да имате подолг живот. Еве неколку предлози кои доколку ги почитувате, со сигурност ќе додадете многу години на вашиот живот:rn
Прескокнете ја супата, порачајте салата
rn
rnrnИталијански истражувачи откриле дека доколку јадете барем 200 грама жив зеленчук дневно, можете да си додадете дури 2 години на вашиот живот. Готвењето ги намалува антиоксидансите во зеленчукот за околу 30%. Едноставна салата од исецкани црвени и зелени пиперки, броколи и моркови, не само што ќе ви додаде години, туку и ќе ви помогне при одржување на имунитетот и моменталното здравје.rn
Прекинете со пиењето шеќер
rn
rnrnПијалаците базирани на шеќер, на некој начин полека, но сигурно ве убиваат. Новите истражувања покажуваат дека овие пијалаци го зголемуваат ризикот за срцев удар. Истовремено е докажано и дека оние кои конзумираат барем 5 чаши вода дневно имаат 54% помала можност за појава на срцев удар, отколку оние кои пијат 2 или помалку чаши вода на ден.rn
Скршете неколку ореви
rn
rnrnКога истражувачите од Универзитетот Лома Линда ги следеле животните навики кај една популација која е позната по должината на живот (34.000 Адвентисти од седмиот ден), тие откриле дека оние кои јаделе ореви 5 дена во неделата живееле околу 2,9 години подолго од сите други луѓе на планетата.rn
Намалете ги калориите
rn
rnrnВо 2008 година, Њујорк стана првиот град во кој мораше да ги пишува сите калории на менито во рестораните. Многу држави ја преземаа оваа одлична идеја, и тоа со многу добра причина.rnrnЕдна понова студија од областа на психологијата на здравјето, открила дека доколку ни се видливи калориите за одреден оброк, ние потсвесно јадеме помалку. Сите ги знаеме ризиците од големото количество маснотии во телото: се зголемува ризикот за дијабетес, срцеви заболувања, удари и рак на дебелото црево. Истражувачите од универзитетот во Алабама откриле дека одржување на висок телесен индекс (од 25 до 35) може да ви го намали животот за околу 3 години. За здрав телесен индекс (BMI) се смета оној помеѓу 18,5 и 24,9.rn
Истражувајте ја вашата околина
rn
rnrnЕдна интересна студија од 2011 година покажала дека зголемувањето на бројот на патеки за велосипедисти во градовите придонело поголем број луѓе да одат со велосипед на факултет/работа. Секако, доколку немате услови за возење велосипед, можете да организирате неделни пешачења или пак трчаjте редовно во најблискиот парк. Со редовна физичка активност можете да додадете и до 6,2 години на вашиот живот.rn
Редовно разговарајте со пријателите
rn
rnrnАвстралиски истражувачи откриле дека оние кои имаат најширок круг на добри пријатели со кои постојано се во контакт живеат најдолго. Дружењето може да ви додаде и до 7 години на вашиот живот.rnrnТочно дека некои пријатели можат да ве наведат на „ризично“ однесување од време на време, но сепак пријателството понудува поголема заштита отколку штета. Поради тоа, пробајте да запознаете нови личности на факултет, понекогаш барајте совети од соработниците или пак, ако ништо друго, барем кажувајте му „здраво“ секое утро на вашиот сосед. На тој начин ќе имате многу години пред вас да си бидете благодарни еден на друг.rn
И за крај, не заборавајте дека постои живот и по пензионирањето
rn
rnrnВо студија спроведена од Универзитетот Јејл на повозрасни лица, оние кои биле со позитивни погледи кон процесот на стареење живееле и до 7 години повеќе од оние кои сметале дека тоа ќе биде најлошиот и најстрашниот период од нивниот живот. Доколку веќе имате негативни мисли од овој вид, пробајте да ги намалите со волонтирање. Тоа ќе ви помогне повеќе да се цените себеси и да гледате малку попозитивно на животот.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


rn
rn
rn
rn
rnrnНаучниците од Универзитетот во Торонто откриле и дека биолошкиот часовник на луѓето кои ја преферирале ноќта бил „несинхронизиран“ со нивните дневни социјални активности. За разлика од нив, оние кои биле утрински типови често се чувствувале побудно, посреќно и помотивирано при совладување на секојдневните предизвици. Тие меѓу другото имале и подобар имунитет. Нивната студија, која била објавена во весникот „Emotion“ покажала дека оние кои повеќе живееле навечер, со текот на годините полека преминувале во категоријата на ранобудниците.rnrnРене Бис, водачот на студијата изјавил за „Дејли Телеграф“ дека нивните резултати за првпат успешно покажале дека постарите возрасни луѓе се чувствуваат многу подобро од помладите кога стануваат порано. Додека пак, некои претходни истражувања покажале и дека младите ранобудници биле многу посреќни од нивните врсници, ноќните птици.rnrn
rn
rnrnИспитаниците откриле неколку ситуации кога вистината би можела да предизвика поголема штета од лагата. На пример, тие велат дека лагата е соодветна кога вашиот партнер ќе ве праша како изгледа. Понекогаш кога тој/таа не изгледа добро, употребата на алтернативен одговор, дури и некој што не е целосно искрен би бил поприкладен. Во студијата скоро половина од учесниците изјавиле дека биле неискрени со својот партнер во минатото и 65% велеле дека било сосема прифатливо да се излаже во одредени ситуации. Сексуалната изведба, поранешните љубовни интересирања, конзумирањето алкохол и вистинската цена на облеката се работите за кои тие најчесто лажеле…rnrnСилвија Бенович, клинички психолог кој работи со компулсивни лажливци вели дека е сосема нормално луѓето да лажат. Лажењето им овозможува да создадат „совршена“ слика за себе во очите на оние околу нив. Лагата може да им послужи и како начин за зголемување на ниската самодоверба, а некои пак ја употребуваат само за да ги повредат оние кои ги сакаат. Џастин Оукли, професор по морална психологија на Универзитетот Монаш вели дека лажењето не секогаш е лошо. Но, на крај тој додал:rnrn
Истражувачите од Универзитетот Единбург кои ја спровеле оваа студија на повеќе од 800 еднојајчани и двојајчани близнаци за да ги откријат ефектите на гените, сакале да дознаат дали тие имаат некаква улога во успешноста на луѓето во животот. Близнаците се многу корисни во ваков вид студии, бидејќи покрај тоа што растат во иста околина, тие исто така и ги делат истите гени.rn
Истражувачите откриле дека еднојајчаните близнаци имале два пати повеќе шанси за делење на истите психолошки црти и карактеристики, отколку двојајчаните – што укажува дека нивната ДНК го има „последниот збор“ во оваа дебата. Генетиката се покажала како највлијателна за самоконтролата, социјалните способности, способностите за учење, како и за решителноста. Професорот Тимоти Бејтс, кој ја водел оваа студија вели:rn
Во истражувањето, на 109 доброволци им биле послужени по 10 переци. Храната им била ставена во црвени, бели и во сини чинии. Најмалку изеле оние со црвени чинии пред нив. Друг дел од истражувањето бил спроведен врз 41 студент. Тие добиле задача да пијат чај од црвени и од сини чаши. Студентите кои пиеле од црвени чаши, конзумирале значително помалку чај.rnrnОва според научниците, треба да се искористи за позитивни промени на пазарот. Предлагаат, штетната и високо калорична храна да се пакува во црвена амбалажа, со цел да се намалат здравствените проблеми кај луѓето. Тие ги советуваат и баровите, жестоките пијалаци да ги служат во црвени чаши. Така според нив, проблематичните гости, помалку ќе пијат. Но, ако црвената боја започне да се применува на голем број производи, нивната потрошувачка може да опадне дури за 40 отсто. Толку опаѓа интересот за храна кај луѓето, кога таа им се сервира во црвено. Податоците од студијата се објавени во списанието „Appetite“.rnrn
Во блиска иднина, и во овој дел од животот сè помалку ќе зависиме од луѓето, а сè повеќе од технологијата. Виртуелни водичи на вашиот смартфон или ајпад, ќе ви посочуваат интересни туристички места и ќе ве носат во нивна обиколка. Предноста е во тоа што самите ќе одредувате колку време ќе се задржите на една локација. Нема да трчате по водичот од избраната агенција, бидејќи сте сакале малку подолго да уживате во посетата.
Турканиците пак, на аеродромите, автобуските и железничките станици, ќе станат минато. Нема да ви бидат потребни пасоши, доволно ќе биде само скенирање на очите и земање отпечатоци од прстите. Можеби во моментот тоа ви звучи невозможно, но истражувањето на експертите од „Амадеус“ прогнозира ваква иднина во туризмот. Нема повеќе да се грижите дали пасошот сте го заборавиле дома или сте го изгубиле. Сè ќе се одвива автоматски, со цел да се избегнат долгите редици пред шалтерите и доцнењето предизвикано од бавните рачни проверки од страна на службите. Нема да има хартиени кодови ниту на вашиот багаж, и тој ќе се евидентира електронски. Сè на сè, студијата ветува патувања без комплицирани процедури и обемна документација.


rn







rn

rn


