КАФЕ ПАУЗА

Tag: студија

  • Зборувате со вашето милениче или пак, со автомобилот? Тоа значи дека сте поинтелигентни од другите!

    Зборувате со вашето милениче или пак, со автомобилот? Тоа значи дека сте поинтелигентни од другите!

    Ако редовно зборувате со вашето домашно милениче, раскажувајќи му го својот ден, зборувајќи за ручекот што планирате да го направите или што било друго – не грижете се! Спротивно на популарното верување, тоа не е знак дека сте полуделе туку дека поседувате уникатна комбинација од карактеристики што ве прават поинтелигентни од останатите.rnrnrnrnДомашните миленичиња се најдобриот пријател на човекот. Тие се секогаш тука за нас, овозможувајќи ни ја најдобрата поддршка и помош. И воопшто не е чудно тоа што понекогаш луѓето чувствуваат потреба да ги споделат своите мисли и емоции и со нив. Затоа и научниците решиле да го истражат овој феномен подобро.rnrnИстражувачите ја нарекуваат оваа појава антропоморфизам, односно склоност да се препишуваат човечки особини и емоции нечовечки објекти и живи суштества и според резултатите тоа е знак на висока интелигенција и креативност.rn

    „Тоа е всушност природна несакана поседница од тенденцијата која ги прави луѓето единствени на оваа планета“, вели Николас Еплеј, еден од научниците кои работеле на ова истражување.

    rnАко истражите подлабоко, ќе сфатите дека оваа приказна всушност почнува во детството. Децата можат да создадат пријателство со сè. И многу е веројатно дека сите вие се сеќавате како сте се дружеле со вашите кадифени играчки, обидувајќи се на сите да им посветите подеднакво време за да не се чувствуваат запоставено.rnrnНо, кога растеме, нештата се менуваат. Се верува дека таа особина треба да ја оставиме зад себе во возрасните години. Па, затоа и оние што продолжуваат да ја практикуваат се доживуваат како чудни или можеби дури и луди.rnrnСпоред научниците, нема разлика меѓу разговорот со неживи предмети и разговорот со домашните миленичиња. На пример, постојат луѓе што зборуваат со својот автомобил, верувајќи дека така ќе му пренесат од својата љубов и тој ќе ги служи подобро и подолго. Тие дури и замислуваат цела низа карактерни црти за автомобилот во својот ум.rnrnПа, без разлика дали зборувате со вашите миленичиња или со вашиот автомобил – нема потреба да се грижите. Вашата навика е знак дека сте минале време во здрава и природна средина за вас и дека вашиот мозок работи на правилното ниво.rnrnНауката вели и дека зборувањето сам со себе воопшто не е чудно.

  • Луѓето што живеат во хаос се покреативни и пофлексибилни

    Луѓето што живеат во хаос се покреативни и пофлексибилни

    Чистењето е познато по позитивните ефекти на нашето здравје. На пример, тоа може да помогне да се ослободите од стресот и може да биде сметано како физичка активност. Но, изгледа дека и нередот има своја низа придобивки. И тоа може да има позитивни ефекти на вашата личност. Токму затоа и решивме да ви објасниме зошто понекогаш е корисно да заборавите да чистењето и едноставно да уживате во хаосот.rnrnrnrnРастурената соба им помага на луѓето да се оттргнат од социјалните норми и да се релаксираат. Според една студија од 2013 година, луѓето се способни да смислат повеќе креативни идеи кога се во нечиста соба. Тие се подготвени да пробаат нови работи и се отворени за иновација.rnrnНевозможно е да одржувате ред секоја секунда од денот и луѓето кои се инспирирани да го направат ова можат да доживеат нешто што се нарекува компулсивно средување. Оние кои посветуваат помалку време и внимание на чистењето можат да бидат порелаксирани и не се поттикнати на вознемирување кога ќе видат мал неред на подот.rnrnОние кои не се фокусирани на чистотата заштедуваат повеќе време. Во потрага по организација и неверојатен ред, луѓето поминуваат многу часови и вложуваат многу труд за да стават сè на своето место така што го чистат секое ќоше. Нередот им помага на луѓето да посветат повеќе време и енергија за нешто за што се навистина заинтересирани.rnrnНа луѓето им е полесно да го најдат тоа што им треба во неред. Нештата што им требаат им се секогаш на дофат, а не скриени во некоја далечна полица. Неуредната маса може да биде вознемирувачка, но личноста што е навикната на неа знае точно каде се работите. И тие се сигурни дека ќе го најдат токму тоа што им треба таму.rnrnЛуѓето кои се обидуваат да организираат сè се помалку подготвени за неочекуваните нешта. И нашиот живот е полн со нив, па затоа и хаосот постојано се враќа. Токму затоа и оние што преферираат неред се во подобар баланс кога нештата нема да одат според планот.rnrnСекако ова не значи дека треба целосно да се откажете од чистењето и да се затворите во растурен простор. Ние само сугерираме дека кога ќе дојде време за чистење, дозволете си себеси да поседите малку во растурена просторија. Барем повремено.rnrnПрочитајте и кога е вистинското време да го средите вашиот живот и да станете сериозна личност.

  • Застрашувачко откритие: Колкава количина пластика внесувате во вашето тело на дневно ниво?

    Застрашувачко откритие: Колкава количина пластика внесувате во вашето тело на дневно ниво?

    Без разлика дали пиете од пластично шише или носите пластична кеса, поголемиот дел од вас доаѓаат во контакт со пластика неколкупати дневно. Колку е тоа штетно?rnrnrnrnСпоред студијата што била спроведена при Универзитетот Викторија, просечниот човек консумира повеќе од 70.000 честички микропластика на годишно ниво, а особено загрижува фактот што сè уште не се знаат здравствените ефекти од оваа консумација. Истражувачите анализирале 26 претходни истражувања чиј фокус биле количината микрочестички пластика во рибите, школките, шеќерите, солите, алкохолот, флашираната вода и водата од чешма, како и во воздухот. Тимот експерти со помош на тие резултати пресметале колку такви честички консумираат луѓето во просек.rnrnРезултатите покажале дека секој човек во своето тело внесува помеѓу 74.000 и 121.000 честички микропластика во само една година, во зависност од животната доба и полот. Но, не сите се согласуваат со овие податоци. Според професорот по екологија Алестер Грант, овие резултати не треба да се сфаќаат премногу сериозно.rn

    „Авторите на студијата ја мереле консумацијата на микропластиката исклучиво со помош на измерена концентрација во храната и во воздухот. Според тоа, испаѓа дека човекот во еден ден преку устата внесува 142 честички и вдишува уште 170. Овие големи броеви се всушност годишна прогноза. А и сè уште не постојат докази дека се значајно штетни за човечкото здравје“, изјавил д-р Грант. „Еден од изворите кои ја мерат концентрацијата на честички во воздухот вели дека проучуваните честички се многу големи за човекот да може да ги вдише, па оние што навистина стигнуваат до белите дробови се значително помалку.“

    rnМикропластика се нарекуваат ситните честички пластика кои луѓето незнајно ги консумираат додека јадат и дишат. Иако ефектите на микропластиката сè уште не се познати, научниците предупредуваат дека тие се доволно мали да влезат во човечкото ткиво и да создадат имунореакција како и да ослободат отровни супстанци.rnrnВреме е за промена! Што мислите за оваа идеја? Азиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластика.

  • Се чувствувате немотивирано? Научниците велат дека проблемот можеби е слаба инфекција

    Се чувствувате немотивирано? Научниците велат дека проблемот можеби е слаба инфекција

    Нашите расположенија и мотивации се одредени од голем број фактори и според една нова студија, воспалението е едно од нив. Научниците од Универзитет Емори откриле дека системот за допамин во мозокот (моторот на нашата мотивација) е под директно влијание од воспаленија. Поточно, од хронични и лесни воспаленија.rnrnrnrnОваа студија предложува дека поврзаноста помеѓу допаминот, мотивацијата и воспалението е адаптивен механизам што му помага на нашето тело да заштеди енергија. Со други зборови, кога имуниот систем е покачен, нашите нивоа на допамин и мотивација опаѓаат.rn

    „Кога вашето тело се бори против инфекција или се обидува да заздрави рана, вашиот мозок има потреба од механизам што ќе ја рекабилибрира вашата мотивација да прави нешто друго со цел да не ви одзема многу енергија“, вели Мајкл Тредвеј од одделот за психологија. „Сега имаме цврсти докази кои укажуваат на тоа дека имуниот систем го нарушува нивото на допамин со цел да му помогне на мозокот да ја направи потребната рекалибрација.“

    rnНа кратко, ова истражување ни покажува дека ако имате хронично и слабо воспаление, вашиот допамин е загрозен, па ќе се чувствувате помалку мотивирано да ги правите секојдневните активности што бараат повеќе енергија. Оваа воопшто не е шокантно со оглед на тоа што го знаеме за воспаленијата. Тие се извор на голем број здравствени состојби, како дијабетес, срцеви болести, дебелина, хипертензија и рак.rn

    „Воспаленијата можат да бидат латентни и тешки за откривање“, вели доктор Ејми Ша. „Ако имате симптоми како главоболки, подуеност, болки во зглобовите, нафрлање на кожата, умор, дебелеење, алергии, астма или промени во расположението, големи се шансите дека вашето тело се бори со инфекција.“

    rnНаучниците планираат да направат дополнителни истражувања со цел да ја потврдат оваа теорија, бидејќи гледаат можност и за нов вид лечење на одредени психијатриски нарушувања. Поточно, тие се надеваат дека ќе соберат повеќе докази за тоа како воспаленијата предизвикуваат проблеми со мотивацијата кај луѓето со депресија, шизофренија и други медицински нарушувања.rnrnШто значи ова за вас? Па, ако сте постојано под стрес или се борите со дебелина или метаболички синдром, постои голема шанса дека имате слаба, но константна инфекција. Токму затоа и треба да разговарате со вашиот доктор за да дознаете дали таа може да биде штетна за вас и на кој начин. Дури тогаш можете да преземете мерки за да ја смирите инфекцијата и да ја подобрите мотивацијата.rnrnДознајте и за предностите на негативните емоции: Како да ја претворите зависта во мотивација?

  • Што би промениле мажите кај своите партнерки? Не, не станува збор за изгледот!

    Што би промениле мажите кај своите партнерки? Не, не станува збор за изгледот!

    Една анонимна анкета покажала дека повеќе од 31% од мажите би сакале нивната партнерка да е сексуално поактивна. Од друга страна пак, дури 24% од жените сакаат нивниот партнер почесто да разговара за емоциите. Тоа што е најинтересно – околу 16% одговориле дека не би промениле ништо кај својот партнер. Во оваа анкета учествувале 3.000 корисници на интернет.rnrnrnrnКај машките испитаници се истакнале две нешта што тие радо би ги промениле кај своите партнерки. Повеќе од 31% од нив би сакале жена што е сексуално поактивна, додека пак, 26% од нив сметаат дека е добро да имаат партнерка што помалку ги критикува. На трето место, со 19% се нашла желбата партнерката да е помалку емотивна, но и поуредна.rnrnШто се однесува до женските испитаници, за нив приоритетот не бил на сексуално ниво, туку на емотивно. 24% од нив сакале партнерот почесто да разговара за своите емоции со нив. 23% од жените сакале повеќе ред, а 20% посакувале тој едноставно повеќе да разговара со нив.rnrnПогледнете ги и овие 5 причини зошто пцуењето ве прави посилни, посекси и поуспешни.

  • Нова студија: Порок на кој интелигентните луѓе се многу посклони

    Нова студија: Порок на кој интелигентните луѓе се многу посклони

    Научниците успеале да најдат поврзаност меѓу најразлични појави, па неодамна решиле да откријат и дали интелигенцијата мое да влијае на склоноста кон пороци. Студијата спроведена во Лондон ги следела животите на неколку илјади возрасни мажи и жени, со цел да откријат дали и во овие области има поврзаност. Резултатите биле позитивни, и тие заклучиле дека интелигентните луѓе многу почесто консумирале алкохол во периодот од 20 до 40 години.rnrnrnrnИстражувањето покажало дека поинтелигентните луѓе во возрасната доба пиеле алкохол скоро дупло почесто, за разлика од нивните врсници со просечна и пониска интелигенција, како и дека за време на адолесценцијата, потпросечно интелигентните скоро никогаш не пиеле, додека пак натпросечно интелигентните се опивале барем еднаш месечно.rnrnНаучниците исто така ги поделиле испитаниците и на полови, притоа откривајќи дека жените со повисоко образование имале 71% повеќе шанси да консумираат алкохол, додека пак кај мажите со повисоко образование овој процент изнесувал 49%.rnrnИзгледа дека високата интелигенција води кон „желба“ за алкохол, но не дозволувајте ова да ви биде изговор да го зголемите консумирањето. Иако е знак за висока интелигенција, тој исто така е и многу штетен за вас, како за вашето физичко, така и за вашето ментално здравје.rnrnПрочитајте и за овие 12 чудни знаци кои исто така укажуваат на висока интелигенција.

  • Дами, дали и вие сте една од овие среќнички? 10 нешта што ги прават само најдобрите сопрузи

    Дами, дали и вие сте една од овие среќнички? 10 нешта што ги прават само најдобрите сопрузи

    Една неодамнешна британска анкета, спроведена на околу пет илјади жени од различни животни доби открила кои гестови од страна на мажот, жените најмногу ги ценат во бракот. Иако одговорите биле многу различни, неколку од нив постојано се повторувале.rnrnrnrnОсобините на добриот маж, кои ги издвоиле најголемиот број од жените (околу 71%), биле довербата и лојалноста, додека пак, на второто место се нашле малите знаци на внимание, односно фактот дека нивниот партнер знае што тие сакаат и што ги весели.rnrnСо оглед на тоа дека листата на особините за најдобриот сопруг е многу долга, ние решивме да ги издвоиме 10-те најчести одговори, кои ако ги споиме во една целина откриваат како би требало да изгледа совршениот маж. Прочитајте во продолжение.rnrn1. Ви веруваrnrn2. Лојален е и веренrnrn3. Знае што сакатеrnrn4. Ја цени вашата потреба да минувате време со себеrnrn5. Добар пријател ви еrnrn6. Ви помага да бидете подобра личностrnrn7. Секогаш можете да му се исповедатеrnrn8. Заедно се смеетеrnrn9. Можете да почувствувате колку ве љубиrnrn10. Ви помага со домашните обврскиrnrnДознајте и кои нешта мажите им ги откриваат само на жените кои ги сакаат.

  • Дали некогаш сте се запрашале колку навистина е важна здравата исхрана?

    Дали некогаш сте се запрашале колку навистина е важна здравата исхрана?

    Според една неодамнешна студија објавена во списанието „The Lancet“, нездравата исхрана предизвикува околу 11 милиони смртни случаи годишно. Научници ги анализирале прехранбените навики на луѓето во 195 земји ширум светот и ги зеле во предвид смртните случаи предизвикани од срцев удар, одредени видови тумори, дијабетес и пушење.rnrnrn

    „Ова истражување ни покажа дека исхраната којашто е сиромашна со хранливи состојки е водечкиот причинител за смрт ширум целиот свет“, вели авторката на студијата Ашкак Афшин, од Институтот за здравје при Универзитетот Вашингтон. „Нездравата исхрана е полоша за здравјето од тутунот и високиот крвен притисок.rnrnГлобално гледано, ова откритие може да послужи како потсетник дека кога зборуваме за борбата против гладот и подобрување на здравјето на луѓето ширум светот, не можеме да говориме само за храната, туку и за нејзиниот вид. Нема да го решиме проблемот со грицки од рафинирање јаглехидрати и газирани пијалаци – токму тие ќе ја доведат популацијата еден чекор поблизу до болести и смрт“, објаснува таа.

    rnСпоредувајќи ги сите држави во светот, оние земји што имаат прехранбени навики слични на медитеранската исхрана, односно кои јадат многу овошје и зеленчук, јаткасти плодови и здрави масти (маслиново масло и масло од риби како лососот) се најздравите во светот и имаат најниска стапка на смртност предизвикана од прехранбените навики.rnrnПробајте го и овој пијалак од лековита медитеранска билка што скоро инстантно го израмнува стомакот.

  • Интересно откритие: Комарците помалку напаѓаат кога ја слушаат оваа музика

    Интересно откритие: Комарците помалку напаѓаат кога ја слушаат оваа музика

    Научниците спровеле необично истражување чии резултати биле објавени минатата недела. Тие го проучувале влијанието на музиката на однесувањето на египетските комарци што често биле преносители на вирусите денга, зика и слични болести. Комарците биле поделени во две групи – една од нив се наоѓала во тивка просторија, а другата група била изложена на дабстеп музика од диџејот Скрилекс.rnrnrnrnНаучниците брзо забележале разлики во однесувањето на комарците. Оние што слушале музика помалку напаѓале и помалку пиеле крв. Музиката дури влијаела и на нивното размножување. Женките помалку копулирале со мажјаците од оваа група.rn

    „Ниту еднаш досега во мојата долгогодишна пракса не сум се сретнал со ситуација каде што музиката влијаела на однесувањето на комарците. Можно е гласната и долготрајна изложеноста на електронската музика да ги оштетила нивните органи, па поради тоа да се однесуваат поразлично од вообичаено“, изјавил биологот Петар Црнчан, притоа шегувајќи се и дека овој вид музика ги брка и луѓето, не само комарците.

    rnПа, доколку сте љубители на музиката на диџејот Скрилекс, тогаш без сомнение веќе имате пронајдено одлична заштита од напаѓањето на комарците. Но, ако не можете да слушате ваков вид музика, тогаш ви препорачуваме потрадиционален метод за борба против комарците.rn

    „Етеричните масла можат многу да помогнат при бркањето на комарците. Спрејот е исто така добар, но мора да се нанесува повеќе пати бидејќи брзо испарува од кожата“, заклучува Црнчан.

    rnПогледнете ги и овие 8 билки коишто со сигурност ќе ги избркаат комарците од вашиот дом.

  • Истражувањата откриваат: Зошто е добро да јадете сами во ресторан?

    Истражувањата откриваат: Зошто е добро да јадете сами во ресторан?

    Многумина сметаат дека јадењето во самотија и тишина е тажно или срамно, но за други тоа е омилен начин за релаксирање по напорен ден. Имено, во едно истражување што било објавено во списанието Форбс, се докажало дека личностите што преферираат да јадат сами имаат повисока самодоверба и повеќе го ценат сопственото време.rnrnrnrnЗа целите на истражувањето била споделена анкета помеѓу луѓе на возраст од 25 до 34 години што имала многу позитивен исход – дури 80% од луѓето изјавиле дека уживаат во сопственото друштво и воопшто не им е непријатно да излезат во ресторан на вечера без партнер, пријател или некоја друга личност.rnrnОд друга страна пак, мал процент луѓе одговориле дека попрво би ги гледале 5-те најстрашни хорор филмови, еден по друг, наместо да излезат на ручек или вечера без присуство на друга личност.rnrnВодечкиот истражувач изјавил дека личностите што често јадат сами се помалку склони на депресија и дека би било одлично доколку сите го сменат своето сфаќање за оваа активност. Јадењето без друштво во ресторан не треба да се поврзува со осаменост, туку со квалитетно поминато време со себе.rnrnДознајте и што е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета.