Кардиолозите тврдат дека редовното, но умерено консумирање на црвено вино може да биде превентива против кардиоваскуларните болести, па дури и против некои видови рак. Во последно време многу се зборува за здравствените придобивки од црвеното вино.rnrn
rnrnНаучниците потврдиле дека тоа го намалува ризикот од срцеви болести, штити од мозочен удар, некои видови рак, па дури и делува против одредени бактерии како салмонела, ешерихија коли и листерија. Некои видови вино се навистина поздрави од други, но тврдењето дека сите вина се здрави во која било количина сепак е само мит.rnrnКардиолозите сметаат дека умереното консумирање црвено вино го намалува холестеролот и го нормализира крвниот притисок. Во него особено се истакнува салицилната киселина која ги разградува маснотиите и ги раствора честичките во крвта. На овој начин го спречува затнувањето на артериите. Еден литар вино содржи околу 60 милиграма салицилна киселина, доза двојно поголема од дневната доза аспирин што ја препорачуваат лекарите како превентива од срцеви болести.rnrnВиното исто така го релаксира човечкиот организам. Овој ефект доаѓа благодарение на големото количество калциум, односно од 50 до 140 милиграми во еден литар, како и магнезиум, од 40 до 120 милиграми во литар. Заедно со големото количество витамини Б и Ц, овие минерали се важни во борбата против стресот.rnrnДобрите страни на виното се многубројни, а една од придобивките е подобрување на меморијата. Докажано е дека жените во третата доба од животот кои пијат вино само еднаш неделно имаат побистар ум и подобро помнат. Исто така виното ги спречува воспалителните процеси на крвните клетки.rnrnЕдно истражување покажало дека луѓето кои пијат чаша вино дневно се послаби од оние кои пијат поретко и во поголема количина. Имено, сите кои умерено уживаат во виното имаат потенка половина и помалку масни наслаги на стомакот, задникот и колковите. Исто така алкохолот од виното го поттикнува согорувањето на калориите. Меѓутоа потребно е да внимавате на количината бидејќи консумирањето повеќе од една чаша може да ги зголеми килограмите.rnrnЖените кои дневно пијат по една чаша вино имаат погусти, поцврсти коски за разлика од оние кои воопшто не го пијат. Алкохолот во умерено количество може да го зголеми нивото на естроген кој го забавува трошењето на коските кое се појавува со годините. Покрај тоа, ако го консумирате умерено, виното не само што ќе ви ја врати виталноста, туку ќе ви го продолжи животот и ќе го направи поквалитетен.rnrnДознајте и кои се здравствените придобивки од белото вино.
Tag: стрес
-

Кардиолозите препорачуваат: Најдобриот алкохолен пијалак против стрес
-

Пробајте го овој природен нектар од пасифлора за да ги ублажите напнатоста и стресот
Кога шпанските мисионери пристигнале во Јужна Америка и за првпат здогледале пасифлора, ѝ го дале името „Христов цвет“. Со својата структура овој прекрасен цвет полн со нектар, според нив ги претставувал маките на Христос. Трите стигми на цветот ги симболизираат шајките, цветната круна ја претставува Христовата круна од трња, петте прашници неговите тешки рани, а десетте цветни ливчиња ги означуваат апостолите (без предавникот Јуда и Петар).rnrn
rnrnИако постојат повеќе од 400 видови пасифлора, не секој од нив дава плодови кои се јадат. Повеќето од нив се планински билки кои во денешно време се користат како украсни билки. Малкумина се запознаени со лековитите својства на овие билки. Поради автохтоноста на јужниот дел на САД, Индијанците уште од старо време ги користеле како тоник, а првиот лекар од Запад, го забележал тек во 1783 година. Тоа доволно зборува за високоразвиената цивилизација и соживотот со природата на домородците, коишто биле сметани за дивјаци.rnrnЦветовите се миризливи и прекрасни, а ако го излупите толчникот и му посипете неколку капки нектар кој се крие во средината на цветот, ќе ги заборавите сите слатки кои некогаш сте ги пробале. Сепак тоа не значи дека треба да ги излупите сите цветови, бидејќи нивните плодови се уште повкусни. Јајцевидните жолти бобинки, долги околу 5 сантиметри имаат пикантен вкус, а се користат во овошните салати и разни десерти.rnrn
rnrnОваа специфична билка има својства кои ги ублажуваат напнатоста и стресот. Поради своите смирувачки својства често се користи и во борбата против несоницата, па ако сте пиеле некои таблети за спиење слободно можете да ги фрлите и да се опремите со ова природно оружје. Исто така се користи за ублажување на дигестивните тегоби и главоболките, а интересен е и фактот што истражувањата покажале дека помага во одвикнување од наркотици.rnrnПасифлората не е тешка за одгледување, но си бара малку киселкаста и топла почва. Нема штетници кои ѝ предизвикуваат трајна штета, ниту пак ја напаѓаат болести. Сè што ви е потребно за да ја одгледувате, е да поставите нешто околу што ќе расте и на пролет да ја скроите колку што е потребно. Плодовите што растат над земјата се за медицински потреби, а се берат од средина до крај од летото, додека плодовите за кулинарска употреба се собираат кога сами ќе испаднат.rnrnОд плодовите може да се направат разни џемови, желе, креми и овошни напитоци. Во продолжение ќе ви пренесеме и еден рецепт за еден многу вкусен овошен напиток од пасифлора.rnПијалак од плод од пасифлора
rnСо лажичка извадете ја пулпата од 8 плодови (околу 180 милилитри пулпа). Во садот во кој сте ја извадиле пулпата, додајте 230 грама ситен кристален шеќер и 60 милилитри лимонов сок. Добро промешајте ги состојките и ставете ја содржината во шише, коешто треба да го оставите да стои во ладилник една седмица. Откако ќе отстои, претурете ја во тегла и додајте 1 литар минерална вода. Оваа количина е доволна за 8 лица.rnrn
rnrnСе надеваме дека добро ве запознавме со билката на која претходно не сте ѝ обрнувале внимание или барем ви ги откривме нејзините придобивки за кои не знаевте досега. Додајте ја пасифлората во вашиот арсенал од природни лекови и уверете се дека природата е најдобриот лекар.rnrnПрочитајте и: Цвеќето како афродизијак – 6 видови кои ќе ви ги разбудат сетилата. -

Истражување: Сопрузите им предизвикуваат двојно повеќе стрес на жените од децата
Неретко ќе ја слушнете шегата дека мајките ги гледаат нивните сопрузи како уште едно дете поради стресот што му го предизвикуваат. Една голема анкета покажала дека речиси половина од мајките се чувствуваат вака. Во анкетата учествувале 7.000 мајки од САД и 46% од нив изјавиле дека нивните сопрузи се најголемиот извор на стрес, наместо нивните деца.rnrn
rn„7-годишното дете ќе биде 7-годишно. Но кога 35-годишен маж се однесува како 7-годишно дете, стресот е поголем бидејќи тој знае дека не треба да прави така“, изјавила една мајка.
rnИстражувањето исто така покажало дека просечното ниво на стрес кај мајките е навистина високо, односно 8,5 од 10. Најчестите грижи се тоа што мајките не можат да ги завршат сите обврски бидејќи немаат време. Но во некои случаи сопрузите биле голем извор на стрес, и тоа секојдневно.rn
„Истрошена сум емоционално и физички кога сопругот ќе си дојде дома. Тој ми е како уште една работа“, изјавила друга мајка.
rnПоделбата на домашните обврски е уште еден извор на стрес и над 75% од мајките сметаат дека тие завршуваат поголем дел од родителските обврски. Околу 1 од 5 мајки е секојдневно изложена на стрес само затоа што сопругот не ѝ помага доволно со домашните обврски.rnrnПретходна анкета која бил насочена кон татковците покажала дека две третини од нив би сакале вербално признание од сопругите кога помагаат низ домот. Наводно, жените сметаат дека „стресот на таткото“ не може ни да се спореди со стресот што го преживуваат тие. Причината веројатно се проблеми со организацијата.rn
„И покрај тоа што имам посветен сопруг, чувствувам притисок дека јас треба да завршам сè. Работам исти часови како и сопругот, а сепак јас го правам распоредот. Многу работи за родителството учам сама без негова помош. Ова ми предизвикува стрес бидејќи кога нешто е погрешно, вината е моја. Тој го добива целото време што го сака, а јас не добивам ништо. Не можам ни да се искапам без сопругот да ми го донесе бебето. Често се чувствувам дека јас сум единствениот возрасен во куќата. Сопругот и ќерката се натпреваруваат за моето внимание.“
rnИстражувањето спомнува дека стресот од партнерот важи и кај хомосексуалните врски. Самохраните мајки покажале највисоко ниво на стрес.rnrnТерапевтот Хал Рункел не бил изненаден од резултатите и нагласил дека комуникацијата е секогаш од најголема важност.rn
„Бракот е многу потешка врска од родителството.“
rnПогледнете и како стресот може да ја уништи вашата врска.
-

4 знаци дека вашиот хроничен стрес е предизвикан од исцрпеност на надбубрежните жлезди
Дали ви се чини како да нема крај на истоштеноста што ја чувствувате и како постојано да живеете во стрес? Можеби причината не е вашиот животен стил или работата, туку нешто сосема друго. Следуваат 4-те знаци што укажуваат на фактот дека вашиот хроничен стрес и истоштеност можеби се симптоми за синдромот познат како исцрпеност на надбубрежните жлезди.rnrn
rn1. Не можете да заспиете дури и кога сте преморени
rnИ покрај тоа што постојано се чувствувате уморно, вие едноставно не можете да заспиете (и да останете заспани во текот на целата ноќ). Без разлика дали ве напаѓаат бранови со мисли или целото тело ви делува како да е полно со адреналин, вие едноставно не можете да се опуштите доволно за да го добиете одморот што на вашето тело очајно му треба.rn
2. Имунитетот ви е опаднат
rnДали ви изгледа како постојано да се борите со настинки? Целата емотивна и ментална замореност што ја чувствувате, во комбинација со намалениот сон, може да предизвика хаос во вашиот имунитет, правејќи ве многу полесни за разболување.rn
3. Имате потреба за солена храна
rnВашите надбубрежни жлезди ги создаваат стероидот познат како алдостерон. Неговата задача е да помогне при регулацијата на натриум во вашето тело. Па, ако постојано имате потреба за солена храна, тоа може да значи дека имате ниско ниво на натриум во телото како резултат од исцрпеност на надбубрежните жлезди.rn
4. Се исклучувате кога сте преплавени со емоции или обврски
rnАко постојано сте под стрес и истоштени, тогаш, во даден момент, вашите ум и тело може да кажат „Доста е!“ Како резултат, вие можете едноставно да се исклучите наместо да се справувате со стресот и да станете одвоени или да не можете да реагирате.rnrnСтресот е константа во животот, но ако вашиот хроничен стрес предизвикува симптоми на исцрпеност на надбубрежните жлезди, време е да преземете нешто! Во меѓувреме, дознајте ги и 5-те скриени начини на кои анксиозноста го разболува вашето тело!
-

6 навики што ќе ви го олеснат животот кога сте под многу стрес
Само затоа што треба да работите напорно за да заработите, не значи дека животот треба да биде мачење. Постојат навики кои можат навистина да ви го олеснат животот. Вистината е дека веројатно не сте ни свесни дека повеќето од нештата за коишто се грижите воопшто не се толку многу важни. Па ако ви е потребна помош, овие навики кои се одобрени од експертите ќе ви бидат од корист.rnrn
rn1. Престанете со одложувањето еднаш засекогаш
rnАко редовно ги одложувате работите за подоцна, најверојатно оваа особина е главен дел од вашиот живот. Но, ова однесување воопшто не ви го прави животот полесен. Одложувањето всушност се наоѓа високо на листата со нешта што го прават животот потежок бидејќи кога некоја обврска ве демне, истото важи и за притисокот да ја завршите. Често ги одложуваме нештата кога задачата е премногу тешка, збунувачка или непријатна. Па како да совладате нешто што не сакате ни да го започнете? Постојат неколку стратегии за ова. Првата е само да започнете, дури и ако тоа значи да сработувате по многу малку пред спиење. Можете да направите и систем со пријател кој ќе ве тера да бидете одговорни, или па да си дадете награда кога ќе завршите нешто.rn
2. Пристапувајте кон сè во животот со благодарност
rnПонекогаш стресот си го создавате самите, а ако го промените начинот на кој ѝ пристапувате на некоја ситуација, стресот лесно ќе исчезне. Кога ќе ги промените вашите мисли за да можете да се фокусирате на позитивното и навистина да бидете благодарни за тоа, вие наново ја пишувате вашата хемија и вашата способност да создавате среќа. Со други зборови, позитивните мисли водат до позитивен резултат.rn
3. Тргнете се од телефонот
rnБидете искрени, дали го носите телефонот со вас и во тоалетот? Дали не можете да поминете долго без да ги проверите социјалните мрежи? Постојаната поврзаност е благослов, но и клетва. Истражувањата покажале дека тоа што постојано ги имаме нашите направи со нас не само што има влијание на вниманието и меморијата, туку го зголемува нивото на кортизол, а со тоа и стресот на кој сме изложени. Па наместо да посегнете по телефонот кога имате слободно време, искористете го да вдишете длабоко и да размислите за себе.rn
4. Планирајте однапред секогаш кога можете
rnПодготвувањето однапред за задачи, мали или големи, навистина ќе ви го олесни животот бидејќи кога ќе дојде време да се соочите со задачата, веќе сте и психички подготвени за неа. Овој трик не мора да го користите само за најважните аспекти од вашиот живот. Можете да направите план и за малите нешта, како правење ручек или одбирање на облеката за утрешниот ден.rn
5. Инвестирајте во планер
rnПланерите се нешто неопходно, без разлика на вашата возраст. Користењето каков било планер, без разлика дали е во форма на тетратка или е на вашиот телефон, создава структура и ви дава некоја предвидливост во хаотичниот распоред. Исто така употребувајте го и календарот на вашиот телефон за да направите потсетници кога треба да завршите нешто важно.rn
6. Запомнете, во ред е да кажете „Не“
rnОва е навика што сигурно ќе ви го олесни животот на долгорочен план. Сосема во ред е да одбиете некој кога ќе ве замоли нешто. Претераното согласување со сè е најголемата причина што сте под стрес и што чувствувате како денот да има премалку часови. Можеби ова е полесно да се каже отколку да се направи, но ќе се воодушевите кога ќе сфатите колку товар сте тргнале од вас. Се разбира, не треба да претерувате. Постојат работи во животот кои не можете да ги одбиете.rnrnПробајте ги и овие кратки совети за брзо ослободување од стресот.
-

Истражувањата покажале дека стресот убива повеќе луѓе од сообраќајните несреќи
Едно истражување покажало дека 7 луѓе умираат од стрес на секои 7 секунди. Податоците за сообраќајните несреќи покажуваат дека на секои 12 минути умира по 1 личност во сообраќајна несреќа.rnrn
rnrnИако многу луѓе го знаат штетното влијание на стресот врз човечкото здравје, ретко се презема нешто за негово спречување. Луѓето секојдневно се преплавени со обврски, се грижат премногу за работата и забораваат дека само здрава личност може да биде продуктивна. Не е ни чудно што Светската здравствена организација го нарекува стресот „епидемија на 21-виот век“. Ова се неколку од штетните ефекти на стресот.rn1. Намалена желба за секс
rnСамо во САД, 30 милиони мажи имаат проблеми со ерекцијата. Многу луѓе обично не мислат дека стресот е причината за нивниот проблем. Всушност, мнозинството мажи користат пилули за проблеми со ерекција без да размислат за негативните ефекти на нивното здравје. Повеќето луѓе кои се жалат за намалена желба за секс или имаат стресно работно место, или работат по многу часови.rnrnСтресот влијае и на телото и на умот, го менува вашето расположение и начинот на којшто реагирате. Експертите велат дека на телото му е потребно малку од хормонот кортизол, за краток временски период. Но кога стресот е присутен подолго време, телото лачи повеќе кортизол, а со ова се намалува количеството на секс хормоните во телото. Покрај тоа хроничниот стрес го зголемува ризикот од инфекции кај машките репродуктивни органи.rn
2. Стресот го ослабува имунитетот
rnБило спроведено истражување на студенти по медицина кое траело 11 години и чија цел било да се покаже како стресот го ослабува имунитетот. Истражувачите откриле дека имунитетот на студентите слабеел секоја година додека биле под стрес од 3-дневна испитна сесија. Стрес хормонот кортикостероид го потиснува имунитетот и го прави телото поподложно на инфекции.rn
3. Стресот предизвикува неколку здравствени проблеми
rnНе е чудно што 79-90% од сите посети на лекар се поврзани со стрес. Покрај фактот дека стресот предизвикува неколку здравствени проблеми, според истражување од Светската здравствена организација, последиците од стресот можат да бидат деформитет и смрт. Хроничниот стрес предизвикува разни симптоми и влијае на целото ваше здравје. Телото реагира на симптомите на стрес со физички, ментални и емоционални одговори. Стресот може да предизвика и долгорочни болести како дијабетес, висок крвен притисок, депресија и анксиозност.rn
Како да го надминете стресот?
rn
1. Не претерувајте со работење
rnКога станува збор за завршување неколку обврски без пауза, ефектот на вашето здравје може да биде смртоносен. Секогаш можете да најдете начин да не претерате со работење. Кај 80% од сите пациенти со здравствени проблеми поврзани со стресот, проблемите се предизвикани од долгорочни активности. Најдобриот начин да го надминете стресот е да направите рамнотежа помеѓу бројот на активности што ќе ги завршите и бројот на активности што можете да ги завршите.rn
2. Справете се со емоциите поради опкружувањето
rnЕдноставен начин да го избегнете стресот е способноста за справување со вашите емоции под разни околности и притисок. За жал стресот навистина стана хронична активност која се поврзува со човечкиот мозок. Но за луѓето е невозможно да престанат да работат поради стрес и единствениот начин да го избегнете стресот на работното место е употребата на емоционалната интелигенција. Истражувањата покажале дека 90% од најдобрите изведувачи знаат како да се справат со нивните емоции во стресни ситуации со цел да останат смирени и под контрола.rnrnДознајте и кои се најопасните последици од стресот.
-

Дали мачките навистина го намалуваат стресот?
Ако дома чувате мачка, сигурно ви се познати позитивните ефекти од неа. Но ако никогаш не сте имале мачка, веројатно не го знаете или не верувате во фактот дека тие навистина го намалуваат стресот. Доказите зад овој факт се толку убедливи што веднаш ќе посакате да вдомите некое маче.rnrn
rnrnИако самата идеја дека мачките го намалуваат стресот звучи навистина смешно, едно истражување од 2009-та година покажало дека овие миленичиња го намалуваат ризикот од мозочен излив и срцев удар за една третина.rnrnИстражувачите разгледувале податоци од над 4.000 луѓе на возраст помеѓу 30 и 75 години во текот на 10 години. Околу половина од испитаниците, или сега или некогаш чувале мачки, додека другата половина никогаш не чувала мачка. По анализирањето на податоците, истражувачите откриле дека луѓето кои чувале мачки имале 30% помали шанси да умрат од инфаркт или мозочен удар за разлика од другите. Ова важело дури и кога предвид се земале факторите како пушење, дијабетес, здравје на срцето и ниво на холестерол.rnrnПрофесорот Аднан Куреши, истражувач од Универзитетот во Минесота изјавил дека и тој и неговиот тим биле изненадени од податоците.rn„Логичното објаснување е дека чувањето мачка ги намалува стресот и анксиозноста, со тоа намалувајќи го ризикот од срцеви заболувања. Галењето на миленичето може да го намали нивото на хормоните на стрес во крвта.“
rnСо други зборови, со самото тоа што го галите вашето маче го намалувате стресот, па дури и се штитите од долгорочни проблеми со здравјето.rnrnПокрај тоа, според Челси Хадсон, терапевт од Чикаго, галењето на мачето не само што биолошки го смирува нервниот систем, туку предизвикува чувство на поврзување. Ова го намалува стресот бидејќи интимната врска прави да се чувствувате помалку осамено. Хадсон исто така истакнала дека мачките се лојални суштества кои нудат безусловна љубов и можат да го намалат стресот со тоа што нудат место за бегање и љубов.rn
„Чувањето мачка им дава на луѓето чувство на припадност и им помага да се оддалечат од секојдневните проблеми.“
rnАко повеќе ги сакате кучињата, постои истражување што докажува дека и чувањето куче може да има сличен ефект. Истражување од 2017-та година покажало дека чувањето куче е поврзано со помал ризик од кардиоваскуларни болести. Истражувачите истакнале дека кучињата најверојатно го имаат овој ефект врз нас бидејќи ни нудат социјална поддршка и мотивација за физичка активност. Ова има долгорочни позитивни ефекти на здравјето.rnrnПа, чувањето мачка или куче навистина може да ви го продолжи животот.rnrnДали знаете како мачките ја покажуваат нивната љубов кон вас?
-

6 неоспорливи знаци дека ви дошло време за годишен одмор
Секојдневниот стрес води кон физичко и психичко опаѓање, па затоа и сите ние одвреме-навреме мораме да земаме подолг одмор за да се одмориме и наполниме со енергија. Па, ако ги препознавате следниве 6 знаци и кај вас, тогаш итно ви е потребен одмор!rnrn
rn1. Колегите ве прашуваат дали сте во ред
rnЛуѓето околу вас одамна почнале да забележуваат дека сте под стрес. Вие сте многу нервозни и лесно избувнувате. Па, ако колегите сè почесто ве прашуваат дали е сè во ред со вас или пак, ви велат дека изгледате уморно, тоа е знак дека имате итна потреба од одмор.rn
2. Често грешите во работата
rnХроничниот стрес е еден од најчестите причини за грешки во работата, како и еден од најсигурните знаци дека мора да забавите. Поради уморот ја губите способноста да се фокусирате и не можете целосно да се посветите на работата.rn
3. Сè ве боли
rnГрбот, главата, очите, стомакот… кога станува збор за постојано изложување на стрес, целото тело е помалку отпорно на болки, па затоа и почесто ќе ве боли нешто. Ова особено важи за главоболките.rn
4. Имате проблеми со спиењето
rnНесоницата или зголемената потреба за сон се знаци за стрес што не смеат да се игнорираат. Понекогаш проблемите едноставно премногу нè преплавуваат па не можеме да заспиеме, а некогаш па толку сме безволни, што би можеле и цел ден да го преспиеме. Ниту една од овие две состојби не е нормална, и двете јасно покажуваат дека ни треба поголем одмор.rn
5. Не ја поднесувате својата работа
rnЛуѓето што се под голем стрес и притисок ја губат перспективата и не можат да најдат мотивација за работата што ја работат. Тоа не е ништо необично во денешно време кога сите ние сме преоптеретени со обврски. Но, ако работата ви стане неподносливо тешка, тогаш време е за одмор.rn
6. Имате потреба да се изолирате
rnНемате волја за дружење со пријателите, ги избегнувате нивните повици или едноставно не сакате да бидете во близина на други луѓе? Сите повремено сакаме време за себе, но ако правите сè од себе за да останете сами, тоа е знак дека сте „предозирани“ со обврски.rnrnПрочитајте ги овие 7 причини зошто ви треба не само летен, туку и психички одмор!
-

Изложени сте на многу стрес? Одберете една карта и дознајте што треба да направите
Живееме во свет што изобилува со стрес, па затоа и воопшто не треба да нè изненадува тоа што и самите ние постојано сме нервозни и анксиозни. Па, што можеме да направиме кога сме соочени со овие животни предизвици? Постојат одредени активности што ќе ви помогнат да се приземјите, да се центрирате и да не изгубите контрола над вашите емоции и мисли. Одберете една од овие карти и дознајте точно која активност најмногу ќе ви помогне да се изборите со стресот…rnrn
rn1. Поминувајте време во природа
rnВремето поминато во природа е најдобриот начин да го намалите стресот. Без разлика дали станува збор за обична прошетка или за некаква физичка активност, вие автоматски ќе се одвоите од вревата на животот и ќе се наполните со свежа енергија. Природните елементи исто така ќе ви помогнат да се вратите на основата, односно да се сосредоточите и приземјите.rn
2. Креативност
rnПонекогаш можеме да го пренасочиме нашиот фокус од тоа што нè предизвикува со помош на нашите уметнички/креативни дарби како на пример, танцување, пишување, сликање, пеење, свирење… Ова отвора простор за побрзо и полесно справување со стресните ситуации во нашиот живот. Многу луѓе веднаш преминуваат во еден вид медитативна состојба за време на овие активности и постигнуваат кристално чиста јасност за тоа што им се случува.rn
3. Детоксикација на умот, телото и духот
rnНема стопроцентно докажан начин за заштита на вашата аура. Токму затоа и мора постојано да ја одржувате вашата духовна хигиена. Поминувајте доволно време се себе, спијте доволно, исхранувајте се здраво, исфрлете ги нездравите размислувања, емоции и тешки енергии од умот, телото и духот… Ова се само дел од начините на кои можете да создадете здрави граници помеѓу енергијата и физичкото тело.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Одберете и една од овие карти, кликнете на неа и дознајте што пропуштате во истиот овој момент…rnrn
[/message_box] -

Совети за подобар живот: Сè почнува во главата, но таму и завршува…
Изреката дека сè почнува во нашата глава е вистинита. Мозокот нè контролира целосно преку нервите и хормоните со кои управува хипофизата. Ако долгорочно го „заморуваме“ мозокот со лоши мисли, недостаток од спиење и неквалитетна исхрана, тоа со тек на време ќе остави трага и во нашето тело.rnrn
rnСтресот го оштетува мозокот
rnВо обидите да одговориме на важните прашања и да донесеме клучни одлуки, некогаш може и да не успееме, а тоа често се случува поради обидите наеднаш да постигнеме да направиме сè што сме замислиле. Поради тоа, може да се случи да западнеме во маѓепсаниот круг на стресот, кој освен што нема да ни помогне да ги решиме дилемите, дополнително ќе создаде чувство на претовареност, и ментално, и физички. Штом еднаш мозокот излезе од рамнотежа, истото се случува и со телото. Стресот, исто така, влијае и на правилното лачење на хормоните, особено на кортизолот, кој пак, е директно поврзан со работата на другите жлезди во телото.rn
Спиењето и вежбањето се потребни за регулација на кортизолот
rnВисоки нивоа кортизол има кај оние кои лошо спијат и кои не се доволно физички активни. Кога имаме недостаток на (квалитетен) сон, мозочните клетки веќе не можат правилно да функционираат, а способноста за расудување е целосно искривена. Вежбањето пак, помага кислородот рамномерно да се пренесува низ телото. Комбинацијата на физичка активност и добар и квалитетен сон се клучни за регулирање на нивоата на кортизол, кој ако е покачен, може да предизвика анксиозност, депресија, прекумерна тежина, проблеми со варењето, но и да го зголеми ризикот за автоимуни заболувања.rnrn
rnМедитацијата како лек
rnСо промена на секојдневните навики, како што се исхраната, физичката активност и контролирањето на нервозата, можеме да си помогнеме полесно да се ослободиме од стресот. Како особено ефикасна во вакви случаи се покажала медитацијата, благодарение на која ќе се ослободите од стресовите, но истовремено ќе влијаете позитивно и на физичкото и на менталното здравје. Доволни се дури и три месеци активно применување на техники за медитација, за да можете да забележите значајно подобрување на емоционалната и социјалната интелигенција, како и на способноста за решавање проблеми.rn
Сè почнува од главата
rnСовремениот начин на живот може да биде пребрз и премногу стресен за нашето тело и може да направи да се чувствуваме болни, дури и кога клиничката слика укажува на сосема здрава личност. Врз ваквата состојба влијаат лошите животни навики, грижите, лутината, гневот, консумеризмот, кариеризмот… Многупати, очигледните симптоми воопшто не ги поврзуваме со стресот, со што правиме грешка уште во почетниот чекор при решавање на проблемите.rn
Секој може (и мора) да се „рестартира“ и регенерира
rnСо промена на начинот на живеење и размислување, можеме да влијаеме врз рамнотежата во нашиот живот. Здравствените тегоби кои ги имаме се последица на неразрешените односи кон себе, но и со другите луѓе. Често можат да бидат предизвикани од пасивен страв, депресија, трауматични искуства, неприфаќање на реалноста, непрепознавање на проблемите, избегнување на одговорноста… Ослободете се од овие таканаречени стеги кои самите си ги поставувате, така што ќе ги погледнете нештата надвор од рамките на вашите мисли, за да можете да ги забележите деталите кои ги пропуштате.rnrn
rnВербата во себе е клучна
rnПоловичните решенија на проблемите не ја намалуваат нивната тежина. Доколку страдате од мигрена, не е доволно само да ги земате лековите, туку и да го промените својот став, односно да стоите на тоа дека нормалната состојба на вашето тело е кога мигрената не постои. Сигурно во почетокот би било тешко да се прифати ваков начин на функционирање, но со редовна практика и вежба, може да стане неразделен дел од вас и од вашата способност на согледување и соочување на проблемите.rn
Биологијата на телото ја следи силата на умот
rnНајважно е да сфатиме дека секогаш имаме избор да ги промениме нештата кон подобро. Наместо да се потпирате само на лековите, кои ги намалуваат физичките симптоми на нарушувањето, дајте ѝ доволно простор и на вашата потсвест, на внатрешната сила на телото, за да се изборите против она што ве мачи. На тој начин ќе ја вратите рамнотежата на физичкиот и менталниот дел од вас. Само ако сте реални и искрени кон себе, биологијата на телото ќе ја следи силата на вашиот ум.rnrnПрочитајте и кои се 10-те најопасни последици од стресот.