Додека стресот навистина може да уништи нечии животи, ментално силните луѓе знаат како да се справат со него. Всушност, тие го гледаат стресот како нешто што им овозможува да созреат. Без разлика дали се соочуваат со финансиски проблеми, проблеми на работното место или здравствени проблеми, овие луѓе не дозволуваат стресот да ги закочи. Па, погледнете како тие се справуваат со стресот.rnrn
rn
1. Прифаќаат дека стресот е дел од животот
rnМентално силните луѓе се свесни дека проблемите и пречките во животот се неизбежни. Кога ќе се појави стресна ситуација, тие даваат сè од себе за да продолжат понатаму. Дури и кога не можат да ги променат околностите, тие знаат дека секогаш можат да преземат нешто за да ги подобрат своите животи.rn
2. Имаат добра перспектива кон проблемите
rnНаместо да мислат дека некој проблем ќе им го уништи денот, ментално силните луѓе имаат друга перспектива. Тие не ги гледаат малите проблеми како катастрофи кои би им ја уништиле кариерата или животот. Не дозволуваат негативните мисли да влијаат на нивните постапки.rn
3. Внимаваат на своето физичко здравје
rnОвие луѓе знаат колку е важно нивното здравје. Свесни се дека нема да можат да се справат со стресот доколку не се грижат за здравјето. Тие вежбаат, спијат доволно и се хранат здраво.rn
4. Одбираат здрави вештини за справување
rnМногумина се вртат кон алкохол, брза храна и други нездрави навики обидувајќи се да се справат со стресот. Но ментално силните луѓе се справуваат со неудобноста на продуктивен начин. Тие си дозволуваат да чувствуваат негативни емоции како анксиозност, страв, тага и слично. За да се справат со емоционалната болка, овие луѓе користат здрави активности како шетање во природа или некое креативно хоби.rn
5. Создаваат рамнотежа помеѓу социјалната активност и самотијата
rnПонекогаш со цел да ги избегнат проблемите, луѓето ги исполнуваат своите распореди со социјални активности. Други пак се справуваат со стресот избегнувајќи ги семејството и пријателите. Ментално силните луѓе создаваат рамнотежа помеѓу овие нешта. Имаат здрав социјален живот дури и кога се под стрес, но секогаш одвојуваат и време за себе.rn
6. Ги признаваат своите избори
rnСтресот може да направи луѓето да се чувствуваат како жртви на лоши околности. Ментално силните луѓе ги признаваат сите нивни постапки и избори. Одбиваат да ги прават работите кои не ги сакаат и прифаќаат целосна одговорност за нивното однесување.rn
7. Ја бараат позитивната страна
rnОва не значи дека ментално силните луѓе го гледаат светот низ розови очила. Тие имаат реален поглед кон светот, но секогаш ја бараат позитивната страна. Се обидуваат да ги видат добрите работи кои произлегуваат од стресните ситуации. Наместо да им дозволат на проблемите да ги претворат во огорчени и беспомошни жртви, тие ги користат стресните ситуации да станат посилни и подобри личности.rnrnПробајте ги и овие едноставни и кратки начини за ослободување од стресот.


rnrnНајчестите совети за подобрување на плодноста се здрава исхрана, редовно вежбање, квалитетен сон и помалку стрес. Но понекогаш е навистина тешко да го елиминирате стресот, особено ако тој е резултат на вашиот обид да останете бремени. Па колку навистина влијае стресот на вашата плодност?rnrnСпоред Џорџија Виткин, асистент по психијатрија и гинекологија, стресот нема големо влијание. Иако истражувачите докажале дека проблемите со плодноста предизвикуваат стрес, нема никаков доказ дека важи обратното. Џорџија не се согласува со мислењето дека треба да се опуштите и ќе останете бремени. Таа дури го обележала ова мислење како мит.rn
rnrnЗа да се добие резултатот, во 500 градови биле мерени следните фактори:rnrn
rn
rnrnПсоријазата, акните и сличните кожни болести може да бидат предизвикани од стрес. Научниците спровеле истражување помеѓу студентите и пронашле директна врска помеѓу високото ниво на стрес и проблемите со кожата. Експериментот со глувци дал исти резултати. Животните кои биле изложени на големи дози стрес биле поподложни на кожни инфекции.rn
rnrnМожеби некогаш сте биле во ситуација да не успевате да ја стабилизирате тежината и покрај диетите и физичките активности. Некои интензивни искуства може да влијаат врз добивањето килограми. Како што се докажало, честите стресни ситуации го зголемуваа произведувањето на хормонот кортизол. Тој го стабилизира метаболизмот на мастите и јаглехидратите и го одржува неопходното ниво на шеќер во крвта. Ако личноста има премногу од овој хормон, таа ќе јаде повеќе, телото ќе произведува помалку тестостерон и ќе согорува помалку калории. Сето ова прави таа личност да се здебели. rnrnПонекогаш, стресот и анксиозноста доведуваат до губење килограми. Ова се случува заради зголеменото ниво на адреналин во крвта. Адреналинот го забрзува метаболизмот, но го забавува топењето на мастите. Научниците исто така го обвинуваат кортикотропинот – ослободувачки хормон за губење килограми.rn
rnrnКако што веќе кажавме, стресот влијае на произведување кортизол, кој ги поттикнува воспаленијата. Меѓутоа, ако личноста е под хроничен стрес, нејзиниот имунолошки систем станува помалку чувствителен на кортизол, што резултира со сериозни воспаленија. Тогаш личноста е под поголем ризик да настине. Не обвинувајте го студеното време, бидејќи тоа само го поттикнува организмот кој веќе има ослабен имунолошки систем. Ако често настинувате, размислете за што најмногу се грижите во животот и обидете се да го елиминирате тој проблем.rn
rnrnПостои научен доказ дека стресот може да има негативен ефект на гастроинтестиналниот тракт. Понекогаш, лековите за надуеност и болки во стомакот не помагаат. Во тие случаи, посетата на психолог може да биде од голема помош. Тој ќе ја утврди причината за вашата анксиозност и ќе се обиде да ви помогне.rn
rnrnЛуѓето кои се под стрес подолго време, потешко може да се фокусираат на задачите. Ако забележите дека сте помалку фокусирани од обично, можеби е време малку да забавите и да се ресетирате. rn
rnrnНаучниците дошле до заклучок дека стресот може да доведе до делумно или целосно губење на косата. Ако сте забележале дека имате помалку коса од обично, а различни витамини не даваат позитивен ефект, стресот може да биде причината за тоа. Затоа, ако сакате убава коса, престанете да бидете нервозни.rn
rnrnГлавоболките се јавуваат заради многу причини: остеохондроза, лоша положба во текот на спиењето, низок или висок притисок, синуситис, бременост… Меѓутоа, понекогаш главоболките се предизвикани од емотивниот стрес дома или на работното место. Земањето лекови може да помогне. Сепак, ако не ги исклучите стресните ситуации од вашиот живот, главоболката одново и одново ќе се враќа.rn
rnrnЕмотивно исцрпената личност, што често е изложена на стрес, обично има ниско либидо. Научниците спровеле студија и дошле до овој заклучок. Затоа, ако долго не сте имале односи со партнерот, не лутете се и не грижете се, бидејќи тоа нема да помогне. Ако вистинската причина е стресот, само ќе ја влошите ситуацијата. Би било одлично да заминете на заеднички одмор и барем на кратко да се оттргнете од сите проблеми.rn
rnrnСтресните ситуации може да бидат причина за сериозни проблеми со спиењето. Можете да патите од несоница ако подолго време сте под стрес. Ова е многу тешка ситуација, бидејќи личноста не може нормално да работи и да ужива во животот без добар сон. Кога таблетите за спиење повеќе не помагаат, можеби е време да посетите доктор. Многу е важно да пронајдете причина за вашите проблеми со спиењето и да ја елиминирате.rn
rnrnНашите срца минуваат низ многу нешта во текот на животот, вклучувајќи ги и добрите и лошите работи. Стресот има лошо влијание на срцето. Научниците докажале дека хроничниот стрес е еден од најчестите причини за кардиоваскуларните болести. Околностите како тешко работно место или обратно, немањето никаква работа воопшто, животот во сиромаштија и семејните проблеми само ја влошуваат ситуацијата.rnrnДоколку заклучивте дека сте под стрес, тогаш ви препорачуваме да ги примените овие 
rnrnПоради ненадејното и интензивното појавување на чувства, покрај физичките симптоми кои може да се појават во исто време, не е необично да ви се појави и страв дека полудувате. Вашите тело и ум ја губат поврзаноста со она што се случува, а тоа може навистина да ве збуни.rn
rnrnКога имате паничен напад, вашето тело реагира како да се наоѓате во вистинска физичка опасност. Ова ескалира до состојба на голема неудобност, и тоа за многу кратко време. Нервните сигнали ја активираат амигдалата, центарот на мозокот за „борба или бегање“. Со ова се појавуваат симптоми како брзо чукање на срцето кои може да ве натераат да мислите дека доживувате инфаркт.rn
rnrnСтравот кој минува низ вас може да направи да се чувствувате како да умирате, или како да губите секаква контрола. Но она што навистина се случува е адреналинот кој го „преплавува“ вашето тело поради перцепцијата за опасност. Вашето тело се подготвува да се одбрани, без разлика дали тоа значи удирање или бегање што е можно побрзо. Ако можете да запомните дека ова е едноставно вашиот природен психолошки одговор и ништо повеќе, можете да го намалите стравот.rn
rnrnАко ви е тешко да дишете или мислите дека не можете да земете доволно воздух, имајте на ум дека ова е еден навистина чест симптом на паничен напад. Ова се случува кога зголемената анксиозност ве тера да дишете пребрзо. Некои техники за дишење и смирување може да ви помогнат овие чувства на анксиозност да не преминат во паничен напад.rn
rnrnМожно е стравот да стане толку голем што ќе ве направи целосно неподвижни. Американското здружение на психолози ја опишува оваа појава како „ужас кој речиси парализира“.rnrnПродолжува на 
rnrnНаправени се бројни студии кои докажуваат дека стресот влијае и на промена на тежината. Истражувањето спроведено на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско покажало дека жените кои поминале низ некој стресен настан се склони кон дебелеење за разлика од оние кои живеат мирен живот.rnrnИ додека поголем дел од научниците тврдат дека стресот има само негативна страна, група научници од Универзитетот Нортвестерн во Илиноис тврдат дека малата количина стрес може да биде од корист за клеточното здравје. Истражувањето чии резултати се објавени во журналот „Cell Reports“ упатува на тоа дека кортизолот, често наречен „хормон на стресот“, може да ги заштити клетките кои стареат и да го намали ризикот од развој на дегенеративни болести како Алцхајмеровата и Хантингтоновата болест.rnrnДоколку сте под стрес, прочитајте го ова 

rn