КАФЕ ПАУЗА

Tag: справување

  • 7 ефективни начини на кои психички силните луѓе се справуваат со стресот

    7 ефективни начини на кои психички силните луѓе се справуваат со стресот

    Кога стресот ќе ги замеша рацете во вашиот живот, постојат само две опции од кои може да изберете: да му дозволите да ве уништи или, пак, да најдете начин да се справите со него уште пред да се појави. Уште тука е јасна разликата меѓу психички силните и слаби личности. Во која група припаѓате вие? Бидејќи силните луѓе всушност…rn

    1. Прифаќаат дека стресот е дел од животот

    rnНевозможно е никогаш да не се најдете во стресна ситуација, а колку повеќе се нервирате во тие моменти или се убедувате себеси дека вие не го заслужувате тоа, толку полошо си правите себеси. Како што има моменти кога ќе бидете под огромен стрес, така ќе има и моменти кога ќе бидете опуштени знаејќи дека работите ви се под контрола. Прифаќањето дека стресот е неизбежен дел од секојдневието само ќе ви помогне полесно да поминете низ стресните периоди и побрзо да најдете начин да продолжите понатаму.rnrn(2)-7-efektivni-nachini-na-koi-psihichki-silnite-lugje-se-spravuvaat-so-stresot-kafepauza.mkrn

    2. Не ги преувеличуваат проблемите

    rnВо животот постојат проблеми за кои нема смисла да се нервирате. Зошто? Бидејќи некогаш едноставно не постои нешто што би можеле да го направите за проблемот да исчезне. Некогаш, проблемот и не е толку голем како што изгледа. Ако сте психички силна личност вие сте свесни за тоа. Не дозволувате работите кои не се во ваши раце или се целосно безначајни да влијаат на вашето расположение, а дури и кога се соочувате со навистина голем проблем, вие се обидувате тој да опстане барем во својата реална големина сѐ додека не успеете да најдете решение за него.rn

    3. Се грижат за своето физичко здравје

    rnЗдравото тело е подготвено да се избори со секој проблем и секоја стресна ситуација. А ако се прашувате каква врска има тоа, тогаш одговорот е многу едноставен – здравото тело има сила која му е потребна на мозокот кога се соочува во стресни ситуации. Психички силните луѓе се свесни дека слабото и изнемоштено тело нема да има ни волја ни моќ за да ги поднесе проблемите, па затоа тие се грижат за себе, се хранат здраво, вежбаат и никогаш не кратат од потребниот сон.rnrn(3)-7-efektivni-nachini-na-koi-psihichki-silnite-lugje-se-spravuvaat-so-stresot-kafepauza.mkrn

    4. Одбираат здрав начин за ослободување од стресот

    rnСтресот, нервозата и гневот кои се собираат во луѓето се неверојатно опасни состојки во сечиј живот. Наоѓањето вистински начин да се справите со овие чувства и состојби е од витално значење. Секој функционира различно и на свој начин, но она кое е заедничко за силните луѓе е фактот дека секогаш одбираат здрав пристап за соочување со проблемите. Првиот чекор е секогаш прифаќање на проблемите, а потоа соочување со нив при што паралелно ја празнат негативната енергија со зборување за нив или практикување на некое здраво хоби.rn

    5. Го балансираат социјализирањето со самотијата

    rnОдвојувањето време да бидете сами е подеднакво важно како и времето поминато со пријателите. Секогаш и секому му е потребен период во кој ќе може да си ги организира мислите, да прочита некоја книга, да направи нешто само за себе. А кога тој некој си дал себеси време да ги согледа и организира работите во својата глава, особено кога станува збор за проблемите, тогаш тој некој ќе успее со помалку стрес и да ги реши. Истовремено, дружењата се од голема помош бидејќи придонесуваат кон опуштање и забава, како и свеж поглед кон работите. Од оваа гледна точка, рамнотежата помеѓу овие две точки е многу важна.rnrn(1)-7-efektivni-nachini-na-koi-psihichki-silnite-lugje-se-spravuvaat-so-stresot-kafepauza.mkrn

    6. Не бегаат од изборот кој го направиле

    rnЖивотот постојано нè носи на крстопати на кои сме приморани да избереме по кој пат ќе продолжиме да одиме. Она што многу луѓе го прават е каење доколку излезе дека тој пат не бил вистинскиот. Но она кое тие го забораваат е дека во тој момент, постоела одредена причина зошто сепак се одлучиле да го направат изборот кој го направиле и веројатно повторно би го избрале истото кога повторно би се нашле во таа ситуација без да ги знаат последиците. Психички силните луѓе не бегаат од изборот кој го направиле, тие го признаваат и на тој начин си го намалуваат себеси стресот кој потекнува од непотребното оптеретување со прашања од типот на Што ако… ?rn

    7. Секогаш ја бараат позитивната страна дури и кога се чини како да не постои

    rnДури и во најлошите моменти и ситуации постои нешто што може да ви даде надеж и волја да продолжите да се борите. Способноста да ја најдете таа светла точка лежи во вашата желба да го направите тоа. Лесно е да се откажете, уште полесно да дозволите да потонете во светот на нема решение за проблемот, а најлесно е воопшто да не се ни обидете. Но тоа само кажува дека сте слаби и без волја. Од друга страна, ако сте психички силни, вие ќе го гледате светот каков што реално е, но никогаш не заборавајќи дека во сѐ постои малку надеж, дека секоја стресна ситуација може да роди нешто убаво и позитивно. А на тој начин, вие станувате само посилни и поодлучни.

  • Упатство за преживување: Како да се справите со неговото ненадејно исчезнување од вашиот живот?

    Упатство за преживување: Како да се справите со неговото ненадејно исчезнување од вашиот живот?

    На скоро секоја девојка ѝ се случило да биде во врска со момче каде што сè изгледа како да функционира одлично, предизвикувајќи таа дури и да ја замислува нивната свадба. Но, еден ден, без никакво објаснување, тој целосно исчезнува од нејзиниот живот, оставајќи ја сама и збунета. Ова никогаш не е лесно, но како и се друго, треба да се соочите со ситуацијата, а потоа и да продолжите понатаму. Погледнете како можете најдобро да го направите тоа…rnrnУпатство за преживување: Како да се справите со неговото ненадејно исчезнување од вашиот живот?rn

    Воздржете се од напади

    rnЗнаеме дека вие најмногу од сè би сакале да му се јавите и да го прашате што точно се случило и зошто, а потоа и да го нападнете, но за жал ништо добро не може да излезе од овој разговор. Тој сигурно си имал добра причина за неговото исчезнување, па токму затоа и нападите и обидите да ја вратите вашата врска во живот би ви биле бесцелни. Сè што можете да направите сега е да продолжите понатаму.rn

    Не го сфаќајте ова лично

    rnОва ви звучи како најголема глупост на светот, нели? Вие размислувате дека ако тој исчезнал од вашиот живот, сигурно тоа има голема врска со вас. Но, реалноста е дека вие сигурно не сте главната причина поради која тој го сторил така. Доколку проблемот бил само до вас, тој најпрво ќе се обидел да разговара, а потоа да преземе радикални чекори. Токму затоа големи се шансите дека тој имал лични проблеми кои не знаел како да ги реши, па токму затоа и избегал од нив.rn

    Гледајте на позитивната страна

    rnПостои една изрека која вели дека по секое зло, следува добро. Доколку вие сè уште не знаете која е добрата страна од неговото отсуство, сигурно со тек на време ќе дознаете. Дозволете си малку слобода, ослободете ги мислите и не заборавајте дека зад следниот агол ве чека нешто многу подобро.

  • Совети од спиритуален медиум: Починатите сакаат да ги знаете овие 4 нешта!

    Совети од спиритуален медиум: Починатите сакаат да ги знаете овие 4 нешта!

    Според Џејмс Ван Праг, еден од најпознатите светски спиритуални медиуми, смртта е само илузија и душата никогаш не умира. Сите ние сме души кои имаме човечко искуство, а не обратно. Но, дури и со ова размислување, голема е болката кога блиска личност ќе го напушти овој свет. И покрај тоа што смртта различно влијае на сите, сепак постојат нешта кои можат барем малку да ви го олеснат справувањето со овој тежок период. Според Џејмс, оние кои ве напуштиле би сакале да ги знаете следниве 4 нешта…rnrnСовети од спиритуален медиум: Починатите сакаат да ги знаете овие 4 нешта!rn

    1. Дајте си време за да кажете збогум

    rnБез разлика на вашата вера или култура, ритуалите кои ја следат смртта постојат со причина. Тие им помагаат на живите да ја прифатат загубата на физичката присутност на своите најмили со цел да можат да го преземат првиот чекор кон исцелување. Кога Џејмс се поврзува со душата на мртвите, особено со оние кои неодамна починале, тие му велат дека биле на својот погреб и дека го ценат гестот на оние кои дошле да се опростат. Тие би сакале да ви кажат дека и покрај тоа што не се физички присутни, сепак секогаш ќе бидат покрај вас.rn

    2. Тагувањето е процес

    rnСоочувањето со загубата на сакана личност може да биде долг и тежок пат. Вие мора да поминете кон сите емоции како негирањето, преговарањето, лутината, вината и тагата пред да пристигнете до фазата на прифаќање и разбирање. Токму затоа дајте си време додека поминувате низ овие чекори и движете се со ваше темпо. Дури и покрај тоа што можеби ќе се чувствувате како да немате контрола над своите емоции, со тек на време ќе најдете начин како да се справите.rn

    3. Бидете свесни за своите емоции и побарајте помош ако ви е потребна

    rnНемојте да го занемарувате фактот дека тагувате. Ова е една од најважните нешта кои вашите блиски би сакале да ви ги кажат. Без разлика колку ги потиснувате емоциите, тие со тек на време ќе најдат деструктивен начин да излезат на површина. Доколку не си дозволите да тагувате, има шанси да се препуштите на прејадување, претерано пиење, злоупотреба на дрога, насилство, депресија, па дури и мисли за самоубиство. Доколку почувствувате дека веќе сте влегле во некој вид деструктивно однесување, не се плашете да побарате помош и поддршка. Без разлика дали станува збор за пријател, роднина или психолог, секој од нив би можел да ви биде од непроценлива вредност во ваков момент.rn

    4. Не заборавајте дека вашата сакана личност е среќна и дека сака и вие да бидете среќни

    rnДухот на саканата личност која сте ја изгубиле ви праќа поддршка и љубов од другата страна, па токму затоа и вие би требало да го правите истото за него/неа. Џејмс вели дека една од најчестите реченици кои ги добива од починатите е: „Јас сум во ред, не патам и сакам моите најмили на Земјата да бидат среќни и да уживаат во животот.“ Па, доколку сте подготвени, дозволете си да продолжите понатаму и во целост да го искористите преостанатото време од вашиот живот. Вашата сакана личност е безбедна и секогаш ќе биде покрај вас.

  • 6 знаци дека стравот не ви дозволува да го живеете вашиот живот во целост

    6 знаци дека стравот не ви дозволува да го живеете вашиот живот во целост

    Стравот е базична човечка емоција. Неговата цел е да ни даде знак кога се соочуваме со опасност и да нè подготви физички да го постигнеме она што е потребно за преживување. Во дел од најтешките ситуации, стравот може да биде еден од нашите највитални ресурси. Но, како што Хелен Келер вели, Избегнувањето опасност, на долг план, воопшто не е побезбедно од целосната изложеност.rnrn6 знаци дека стравот не ви дозволува да го живеете вашиот живот во целостrnrnВо денешно време, стравот повеќе ни прави проблем отколку што ни помага. Ние живееме во околина која се напојува од страв. Медиумите манипулираат со стравот со цел да постигнат повисок рејтинг. Производителите го користат стравот за да продаваат продукти. Политичарите со страв собираат гласови, религиозните лидери со страв ги чуваат своите следбеници, додека пак, родителите исто така со страв се обидуваат да ги чуваат своите деца од лошо однесување. Стравот целосно ни го презема животот, можеби дури и повеќе отколку што ги контролирал животите на нашите пештерски предци.rnrnПа, кој е примарниот мотивациски фактор во вашиот живот? Погледнете ги следниве 6 знаци дека вие можеби се напојувате од страв, наместо од слобода…rnrn1. Стравот го гледа само негативниот исход. И покрај тоа што секој избор има и лоша и добра страна, некој кој е под контрола на стравот постојано го идентификува само најлошото што може да се случи. Имате можност за состанок на слепо? Сигурно ќе ви биде здодевно. Имате можност за нова работа? Можеби не сте доволно квалификувани бидејќи ви изгледа премногу тешко. Исто како зависникот од коцкање кој секогаш гледа богатство во своите карти, така и стравот гледа само неуспех и болка.rnrn2. Стравот не ви дозволува да сопрете и добро да размислите. Тој ви вели да реагирате веднаш. Доколку мамут бркал некој од нашите рани предци, тогаш овој одговор можеби би можел да му го спаси животот. Но, денес, кога ќе добиете пониска понуда за вашата куќа или пак, кога треба да одлучите која медицинска процедура да ја одберете, многу е подобро доколку направите еден чекор напред и подетално ја анализирате целата ситуација.rnrn3. Стравот ви вели да избегнувате сè што е ново и непознато. Порано стравот го користел овој механизам со цел да ни помогне да избегнеме вистински закани за нашето преживување, но изгледа дека денес алармот се појавува секој пат кога ние ќе направиме половичен чекор надвор од нашата удобна зона. Стравот преферира да останеме во познати, понекогаш дури и болни ситуации, наместо да зачекориме кон непознатото. На пример, стравот може да ве натера да останете во лоша врска или пак, на работно место во кое нема напредок.rnrn4. Стравот ве ограничува и не ви дозволува да се развивате. Стравот ни вели да не се смееме на странци, ниту пак да го кажеме нашето мислење гласно. Наместо да ги туркате границите, стравот ве охрабрува да ги избегнете сите потенцијални неуспеси и одбивања. На пример, вие не треба да ја напишете таа книга бидејќи може да биде неуспешна, не треба да одите на тој состанок бидејќи можете да бидете повредени или пак, не треба да го барате тоа унапредување бидејќи ќе бидете одбиени. Ако стравот го имаше последниот збор, вие немаше никогаш да станете од кревет и да го постигнете она што навистина можете да бидете.rnrn5. Стравот ја попречува вашата интуиција. Личностите кои носат најдобри одлуки секогаш ѝ веруваат на својата интуиција. Но, кога стравот е присутен, не постои простор и за појава на ова мало гласче чија цел е да ве води низ животот. Кога сте консумирани од страв, скоро невозможно е да се препознае интуицијата.rnrn6. Стравот ве спречува да направите било каква одлука. Една мудра личност еднаш кажала, Одберете го патот или патот ќе ве одбере вас. Стравот е коренот кај оние личности кои се плашат да носат одлуки. И покрај тоа што поголемиот број од луѓето не би „смрзнале“ пред одредена одлука, стравот ќе ги тера што е можно повеќе да ги избегнуваат одлуките. Во тие ситуации, да не се донесе одлука станува одлука!rn

    Ако стравот ги диктира вашите одлуки, што треба да сторите?

    rnНајпрво, обидете се да откриете од каде доаѓа вашиот страв. Дозволете си доволно време и простор за да ги чуете и другите мисли во вашата глава, а не само оние кои се предводени од стравот. Размислете и да направите листа од позитивни и негативни страни во дадена ситуација, а потоа кога подобро ќе размислите за нештата, обидете се да ја донесете вашата одлука.rnrnДоколку стравот продолжи и чувствувате како тој да ви го отежнува животот, обидете се да побарате професионална помош со цел да научите како да се справувате со него. Имате една шанса за живот, па токму затоа не би сакале да ги носите вашите одлуки под влијание на стравот. Вие треба да чувствувате слобода во вашите изборите.

  • Како да се справите со силните расправии пред тие да излезат целосно од контрола?

    Како да се справите со силните расправии пред тие да излезат целосно од контрола?

    Сите овие совети се дизајнирани со цел да ги вратат расправиите во безбедната зона и да ни отворат пат кон изнаоѓање заедничко решение. Колку послободно течат информации помеѓу соговорниците, на искрен начин исполнет со почит, толку полесно е да се има здрава комуникација.rnrnКако да се справите со силните расправии пред тие да излезат целосно од контролаrnrnОбрнувајте внимание на знаците на тишина. Тишината е еден од начините на кои се оддалечуваме од значајниот дијалог. Знаците на тишината вклучуваат „повлекување“ (повлекување на тоа што сме го кажале), „избегнување“ (неучествување или неискажување на нашите мисли), како и „маскирање“ (намалување на содржината на пораките).rnrnОбрнувајте внимание на знаците на насилство. Насилството е уште еден начин на коj можеме да се оддалечиме од значајниот дијалог. Знаците на насилство вклучуваат „контролирање“ (влегување во збор), „етикетирање“ (осудување на нештата како добри наспроти лоши), како и „напаѓање“ (користејќи навреди и лични напади).rnrnОбидете се да ги вратите нештата на безбедно. Колку порано ќе ги идентификувате знаците на тишина и насилство (и кај вас и кај соговорникот), толку полесно ќе можете да се справите со нив пред тие да излезат од контрола. Доколку ги забележувате овие знаци, тогаш е време да се врати разговорот во границите на безбедноста.rnrnЗапочнете со нештата со кои се сложувате. Еден од најдобрите начини да ја вратите конверзацијата во безбедната зона е доколку започнете да разговарате за оние нешта со кои и двајцата се согласувате. Почнувајте ги речениците со „Да“ или „Се согласувам“, а не со изјавата „Не си во право.“ Откријте прво што е заедничко во вашата дебата, а потоа додавајте нови информации.rnrnКажете ги фактите позади вашата приказна. Кога почнувате да ја споделувате вашата страна, многу е важно да се држите до фактите, а не само да им одите контра на оние кои го тврдат спротивното. Постои голема разлика помеѓу велењето „Јас забележав чудни сметки на нашата кредитна картичка“ и „Ме изневеруваш!“ Објаснете ја детално и смирено вашата верзија од приказната и зошто мислите и се чувствувате на тој начин.rnrnДозволете му на соговорникот да ја каже својата приказна. Исто како што вие имате потреба да ја кажете вашата верзија од приказната искрено, така и другите сакаат да ја кажат својата приказна. Доколку сме искрени, заедничките точки брзо ќе почнат да се поврзуваат. Но, кога тој/таа зборува многу е важно да се чувствуваат сигурно, па токму затоа не смеете да ги осудувате или исмејувате.rnrnОткријте заедничка цел. Кога сме дел од сериозни караници, ние многу често губиме чувство за вистинската причина поради која започнала оваа расправија и со тоа целосно престануваме да ја гледаме поголемата слика. Токму затоа многу е важно да направите еден чекор назад и да се обидете да најдете заедничка цел која и двајцата ја делите. Што навистина сакате од овој разговор? Што навистина сака другиот? Дали сте фокусирани на она што е навистина важно?rnrnБидете внимателни со играњето улоги на „жртва“ или „злобник“. Многу често луѓето ги трансформираат нивните приказни со цел да докажат дека се во право. Кога ова го прават играјќи ја „жртвата“, тие се преправаат дека ништо не е нивна вина и дека тие се беспомошни, а кога влегуваат во улогата на „злобникот“, тие се преправаат дека другата личност е чисто зло кое се обидува да ги уништи. Најчесто нашите приказни ги покажуваат настаните кои довеле до оваа ситуација во црно-бела боја каде што вистината е заглавена некаде во средината.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 извори на лоша енергија во вашиот живот и како да се справите со нив

    7 извори на лоша енергија во вашиот живот и како да се справите со нив

    Негативноста е нешто што не му е потребно на никој во својот живот. Како што би требало да бегате од негативните луѓе, така треба и еднаш засекогаш да се решите од сопствените извори на лоша енергија. Секој од нас може да го живее својот живот во целост и да ги остварува своите соништа, но првиот чекор кон тоа е затворањето на негативните нешта кои се веќе зад вас.rnrn7 извори на лоша енергија во вашиот живот и како да се справите со нивrnrn1. Нема место во вашиот живот за сите оние пораки и зборови од други луѓе кои ве обесхрабруваат. Што побрзо ги избришете од вашите сеќавања, толку побрзо ќе ги остварите вашите соништа и цели. Потрудете се во вашето срце да направите место само за оние позитивни, охрабрувачки реченици кои имаат моќ да ве мотивираат.rnrn2. Лошите врски, без разлика дали станува збор за љубовни, пријателски или работни, можат негативно да влијаат врз вас и вашиот живот. Токму затоа со нив треба да бидете и многу внимателни со цел да не ја трошите вашата енергија на нешта кои едноставно не вредат. Доколку односот со одредена личност повеќе ве исцрпува отколку што ве полни со енергија, време е да му ставите крај!rnrn3. Доколку ви фали поддршка во животот, побарајте ја на оние места каде што има многу љубов. Не заборавајте дека онаму каде што нема љубов, нема ни поддршка.rnrn4. Анксиозноста е огромен извор на негативност. Тоа е чувство со кое секојдневно се соочуваме, но тоа не значи дека треба да му дозволиме и целосно да ја преземе контролата врз нас. Ние имаме само еден живот во кој едноставно нема место за страв! Работете на различни методи за опуштање, позитивни мисли и опколете се со луѓе кои ги сакате.rnrn5. Престанете да формирате негативни очекувања! Тоа е најмалку што можете да направите за себе. Обидувајте се постојано да размислувате позитивно и со тоа ќе влијаете целосно врз вашите убедувања и ставови. Ќе се изненадите од она што ќе се случи следно…rnrn6. Морате да се ослободите од негативното окружување. Вие сигурно не сте свесни колку лошо можат да ви влијаат луѓето кои секогаш чукаат над својата и туѓа судбина и кои во сè гледаат црно. Доколку сакаат, тие слободно можат да продолжат со тоа, но вие мора да најдете попозитивни луѓе кои ќе ве извлечат од темнината.rnrn7. За крај, најтешкото нешто што треба да го направите е да се ослободите од сомнежот во себе. Треба конечно да најдете начин да го замолчите оној лош внатрешен глас кој постојано ви вели дека не можете и дека нема никогаш да успеете. Ако се сомневате во себе, како очекувате другите да не го прават тоа? Сè се може доколку се сака, не го заборавајте тоа!

  • 4 чекори со чија помош можете засекогаш да се ослободите од секојдневните опсесии

    4 чекори со чија помош можете засекогаш да се ослободите од секојдневните опсесии

    Опсесиите се несакани мисли кои вие едноставно не можете да ги контролирате. Тие најчесто се проследени со компулсии, еден вид ритуали кои ви помагаат да го намалите ефектот на овие несакани мисли. На пример, една личност може да е опседната со идејата дека насекаде околу неа има бактерии, па токму затоа постојано чисти со цел да ги уништи.rnrn4 чекори со чија помош можете да се ослободите засекогаш од секојдневните опсесииrnrnЛуѓето чии опсесии почнуваат да им влијаат на секојдневното функционирање можат да предизвикаат еден вид психолошко нарушување познато како опсесивно-компулсивно растројство. Доколку забележувате дека одвреме-навреме ве напаѓаат вакви мисли, вие можете да влијаете врз нив и да ги спречите да прераснат во нешто поголемо и посериозно. Според психологот Шила Вуди и нејзините соработници, вие можете многу да си помогнете на себеси доколку во тие ситуации ги следите следниве 4 чекори…rn

    Чекор #1 – Идентификувајте ги областите во животот кои ви предизвикуваат стрес

    rnШто се случува со вас во овој момент? Постои ли нешто што ве вознемирува? Дали можеби сте изгубиле некој или нешто што ви било многу важно? Дали имате потешкотии на работа? Дали плаќањето сметки почнало да станува проблем? Направете листа од сите оние нешта кои ви предизвикуваат стрес во животот и не ги заборавајте дури ни оние кои ви изгледаат безначајни, а потоа убаво прочитајте ја листата и обидете се да сфатите кои од нив ви се најголем проблем.rn

    Чекор #2 – Научете неколку основни техники на релаксирање

    rnНаједноставната форма на опуштање вклучува згрчување на телото, а потоа постепено опуштање со цел да им покажете на вашите мускули како да се релаксираат. Друг начин на кој можете да го постигнете ова е преку дишењето. Затворете ги очите и фокусирајте се на вашето дишење, а потоа почнете полека да го забавувате. Со секое вдишување вие внесувајте мир во вашето тело. Исто така можете да се обидете да си визуализирате спокојна сцена во вашите мисли, како и да пуштите мирна и медитативна музика. Според Вуди и нејзините соработници, доколку научите како да се опуштате, вие ќе бидете посамоуверени при преземањето контрола врз вашите опсесивни мисли.rn

    Чекор #3 – Научете како да се справите со интерперсоналниот стрес

    rnОвој метод на справување со стресот е базиран врз идејата дека интерперсоналниот стрес (на кратко, комуникацијата со другите луѓе) е најтежок за справување. Токму затоа психотерапевтите им помагаат на своите клиенти да ги зајакнат нивните способности да се справат со критика, да решаваат конфликти и да станат малку понаметливи при остварување на своите цели. Тие веруваат дека е многу важно да им помогнат на своите клиенти да се справат со другите така што ќе си помогнат со дел од себе, наместо да се плашат од своите лични мислења или однесувања. Погледнете ја вашата листа од чекор 1 и фокусирајте се на оние проблеми кои се интерперсонални со цел да можете да им обрнете повеќе внимание.rn

    Чекор #4 – Станете ефективен менаџер на времето

    rnДоколку научите како поефективно да го организирате вашиот живот, вие ќе бидете многу поуспешни во нештата кои ги правите. Колку поефективно го распределувате вашето време, толку поуспешни ќе ги бидете во вашиот професионален, но и приватен живот, а со тоа и ќе ги намалите шансите за неизвршување на вашите секојдневни обврски. Вратете се повторно на листата од чекор 1, погледнете кои проблеми се настанати поради вашето лошо организирање на времето и обидете се однапред да подготвите план кој ќе ви помогне да бидете поефикасни при нивното завршување.rnrnНа кратко, доколку сте свесни за сите оние нешта кои ги предизвикуваат вашите опсесивни мисли, вие ќе можете полесно да се справувате со нив.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 нешта со кои се борат само девојките со големи бутови

    10 нешта со кои се борат само девојките со големи бутови

    Сите жени имаат различна форма и големина. Дел од нив се високи, дел ниски. Некои носат градници со Д корпи, некои со А. И секако некои од нив имаат мали бутови, но некои големи. Доколку и вие сте една од оние жени кои имаат широки бутови, можеби поради сите оние години кои сте ги поминале во танцување и други активности за засилување на нозете или пак, сте ги наследиле преку гените, тогаш со сигурност ќе се пронајдете во следниве неколку проблеми кои другите жени едноставно не ги разбираат.rnrn10 нешта со кои се борат само девојките со големи бутовиrnrn1. Вашите пантолони секогаш паѓаат надолу, па токму затоа ги мразите. Вие мора да купите големина која одговара на вашите бутови, но тоа најчесто значи и дека ќе ви бидат широки на сите други места. Токму затоа постојано ви паѓаат и вие мора постојано да ги подигнувате. Дури ни каиш не може да ве спаси!rnrn2. Комбинезон? Не. Тие очигледно се само за високи луѓе со слаби нозе.rnrn3. Самата помисла на носење кратки пантолони ви е застрашувачка. Доколку сакате да најдете кратки панталончиња кои соодветно ќе одговараат на вашите бутови без притоа да ви ја сопрат циркулацијата на крвта во нозете мора да купите барем еден број поголеми, кои потоа ќе ви бидат широки во делот кај колковите. Среќа што постојат хеланки со висок струк, па можете да ги комбинирате нив.rnrn4. Вие никогаш не сте имале простор помеѓу нозете кај бутовите, па токму затоа тие постојано се во допир и се тријат кога се движите. Доколку носите кратки пантолони или кратко здолниште за време на летото од триењето вашата кожа е постојано иритирана и нафрлана.rnrn5. Поради истиот проблем со триењето, вие едноставно не можете слободно да трчате.rnrn6. Често пати забележувате дека ги споредувате вашите бутови со бутовите на спротивниот пол. И кога ќе пронајдете маж кој има помали бутови од вашите (што често се случува) вие веднаш почнувате да се нервирате.rnrn7. Дури и покрај тоа што вашето тело е во одлична форма, вие се срамите да ги покажете вашите бутови во бикини. Но, тоа и не е најголемиот проблем. Вие едноставно не можете да најдете долен дел од костум за капење кој совршено ви одговара на телото.rnrn8. Без разлика колку филтри на Инстаграм користите, вашите нозе никогаш нема да изгледаат пропорционално на останатиот дел од телото.rnrn9. Вкрстувањето нозе ви изгледа како невозможна мисија. Колку се поголеми бутовите, толку е потешко да ги вкрстите нозете. Дури и да можете, големи се шансите дека подолгото седење во таа позиција ќе ви биде страшно неудобно. Но, најголемиот проблем е кога треба да ги вкрстите нозете покрај површина (на пример, маса) која е близу до вашите нозе.rnrn10. Вие постојано чекате големите бутови да го добијат своето место на листата за модерни нешта. Големите задници имаа свој момент, исто како и големите гради. Дури и големите раце беа во мода едно време, но што се случува со големите бутови? Кога тие ќе ги добијат своите 5 минути?rnrnБез разлика на тоа како вашето тело изгледа, вие треба да го прифатите со сите свои позитивни и негативни страни. Дури и да имате големи бутови, не треба да се срамите од нив туку да бидете горди!

  • Како вашиот хороскопски знак ја поднесува досадата?

    Како вашиот хороскопски знак ја поднесува досадата?

    Како се справува секој хороскопски знак со досадата? Лавот ќе ја искористи за да се одмори, Ракот секогаш ќе пронајде некоја активност, а најлошо им е на Близнаците, Овните и Рибите.rnrnkako-vashiot-horoskopski-znak-ja-podnesuva-dosadata-kafepauza.mkrn

    Овен – Досадата му е најголем непријател

    rnТемпераментните и активни припадници на овој знак се големи обожаватели на акции, а самата помисла на досада кај нив предизвикува нервоза, па може да станат и груби. Веднаш бараат решение, а единствен критериум им е да се движат. Обично досадата ја решаваат со физичко движење, прошетка или возење велосипед, но знаат и да ги организираат пријателите за групно дружење. Досадни може да му бидат и некои луѓе кои ги доживува како напорни.rn

    Бик – Знае да се справува со досадата

    rnПрипадниците на овој знак не се нестрпливи типови кои очекуваат дека во животот постојано ќе им се случуваат важни работи. Па кога му е досадно, Бикот ќе пронајде други активности и мирно ќе чека да му се случи нешто возбудливо. Нивниот лек за досадата е: читање весници, пиење кафе или работа во градината, односно некоја релаксирана активност која ќе ги наполни со енергија. Од досадните луѓе само ќе се оттргнат, без да предизвикаат караница.rn

    Близнаци – Забавата им е мото во животот

    rnПрипадниците на овој знак не ја поднесуваат пасивноста при која ништо не се случува и многу им е подобро да живеат со „полна пареа“ и под стрес, отколку неинтересно. Дури и кога им е досадно, сами ќе измислат ситуација, или пак ќе предизвикаат караница, само да им се случува нешто. Лек за досадата најчесто им се другите луѓе, заедничката забава или пак започнување нови проекти.rn

    Рак – За него досадата е непознат поим

    rnПрипадниците на овој знак како да се имуни на досадата, и тоа благодарение на талентот со кој можат во сè да пронајдат забава. Во периодите кога ништо интересно не им се случува, ќе пронајдат хоби во вид на работа, набљудување други луѓе, озборување со блиските пријатели или гледање добри филмови и документарци на телевизија.rn

    Лав – Ќе ја преспие досадата

    rnПрипадниците на овој знак не се имуни на досадата, но имаат едно многу згодно решение за неа – а тоа е мрзливоста во која уживаат. Обожаваат да лежат, спијат или со часови да се сончаат на терасата на некое кафуле, а тоа им одговара сè додека не се претвори во секојдневие. Тогаш досадата почнува да ги нагризува, а забава ќе очекуваат од својот љубовен партнер. А ако го немаат? Па, ќе го побараат.rn

    Девица – Има стратегија против досадата

    rnОвој знак не го сака чувството на бескорисност, излежување и недостаток на планови, освен ако се одлучат да се досадуваат на одмор. Нивната забава, дури и онаа најобичната како што е одење во продавница, е однапред испланирана. Но, ако другите им ги променат плановите, а не понудат алтернатива – ќе се налутат. Тогаш, со тешко срце, ќе се одлучат да го исполнат денот со домашни обврски.rn

    Вага – Нејзината колебливост ја доведува до досада

    rnПрипадниците на овој знак често се наоѓаат во ситуации каде што ни тие самите не знаат што сакаат, па на пример, ќе посакаат забава со многу луѓе, но потоа ќе им досади, па ќе сакаат да одат дома и да гледаат ТВ. Поради ова двоумење, најчесто не прават ништо и им станува досадно. За среќа ова чувство трае кратко, бидејќи се окупираат со што било за да работат.rn

    Скорпија – Досадата ѝ е прилика за одмор

    rnОвој знак потајно посакува прилика за мир, осамување и уживање во активностите, вклучувајќи го и хобито што другите луѓе околу неа не го разбираат. Компјутери, стрипови или само лежење се активности резервирани за моментите на досада и тогаш тие нема да чувствуваат никаква нервоза за она што го пропуштаат, бидејќи во нивниот живот секогаш се случува нешто интересно.rn

    Стрелец – Досадата тешко му паѓа

    rnПрипадниците на овој знак се многу активни, па затоа досадата им го подига притисокот, а поради чувството за неможност за забава ќе се претворат во работохоличари за да го исполнат своето слободно време. Притоа ќе извршуваат некои небитни задачи, а во својата глава ќе планираат некое дружење, спортска забава или патување, па тоа ќе им даде сила и ќе ги смири.rn

    Јарец – Има контрола над досадата

    rnПрипадниците на овој знак го сакаат чувството на контрола во сè, па така и во справувањето со досадата, а се плашат само ако немаат алтернатива. Најчесто самите ќе дадат сè од себе за да организираат некое дружење и да се забавуваат на кој било начин, а на патот нема да им застанат ниту финансиските тешкотии. Нема да му смета и сам да седне во некое кафуле или да оди на прошетка. Сè додека се движат е добро.rn

    Водолија – Осаменоста ѝ е симбол за досада

    rnИзразено социјализираните припадници на овој знак поимот досада го поврзуваат со тоа да се препуштени сами на себе, без ниту еден проект на кој може да му се посветат. Инаку, тие можат да изгубат часови на изработување на нешто, но штом тоа помине, под итно им треба доза дружење. Ако им е досадно стануваат песимистични.rn

    Риби – Досадата им е прилика за сонување

    rnИако на припадниците на овој знак, исто како на Водолиите, им треба дружење, во периодите на досада нема да очајуваат. Во можност се да сонуваат и да планираат далечни случувања во иднината, како на пример, уредување на станот кој го немаат, свадба со партнерот кој сè уште го немаат сретнато и слично. Таквата бујна мечта, како и Раковите, ги прави поприлично отпорни на негативните влијанија од досадата.

  • 20 експертски тактики за справување со тешки луѓе

    20 експертски тактики за справување со тешки луѓе

    Сакале ние или не, во животот наидуваме на секакви типови луѓе. Некои ни се допаѓаат, некои нè нервираат, а некои не би сакале да ги сретнеме повторно. Постои и оној тип луѓе кои се тешки и сложени и со кои едноставно не може да се разбереме за ништо. Нѐ нервираат и нѐ вадат од такт, а по малку и нѐ плашат, додека залудно се обидуваме да им објасниме нешто. Но факт е дека не е можно да се најде разумно решение за ниту еден проблем кога се зборува со неразумни луѓе. Она што може да се направи е да се применат овие 20 тактики кои сигурно ќе ви помогнат подобро да се справите кога ќе се најдете очи во очи со тешка личност. Иако делуваат невозможни на почетокот, навистина помагаат.rnrn(1)-20-ekspertski-taktiki-za-spravuvanje-so-teshki-lugje-kafepauza.mkrn

    1. Слушајте

    rnКако и за сѐ останато, слушањето е чекор број 1. Фокусирајте се на она што го кажува личноста спроти вас, а не на она што вие планирате да го кажете.rn

    2. Останете смирени

    rnНервозата и повишениот тон нема да ве одведат никаде. Дишете длабоко и полека. Избројте до 10 пред да избувнете.rn

    3. Не судете

    rnНикогаш не ја знаете целата приказна и зошто другиот е таков каков што е. Обидете се да не го/ја осудувате предвреме.rn

    4. Испочитувајте ја личноста спроти вас

    rnАко не планирате да покажете почит за туѓото мислење, тогаш воопшто и не започнувајте разговор со тој некој. Испочитувајте го додека зборува без разлика како тој се однесува со вас.rn

    5. Читајте меѓу редови

    rnТој некој всушност се обидува да ви каже и покаже што сака и што нему му треба. Прочитајте меѓу редови и најдете го тоа нешто. Оттука, па натаму треба да е полесно.rn

    6. Побарајте некој кој може да ви помогне

    rnНекогаш трета личност може многу добро да влијае на решавање на недоразбирањето со кое се соочувате. Најдете ја таа личност во вашата околина и побарајте помош.rn

    7. Не очекувајте да ви попуштат

    rnКолку повеќе инсистирате дека тој/таа треба да попушти, толку повеќе ќе се расправате. Обидете се да прашате што всушност му/ѝ смета.rn

    8. Не кажувајте Разбирам

    rnНе постои нешто што повеќе ќе ја изнервира личноста со која не можете да се разберете од едно празно разбирам. Затоа не го кажувајте. Покажете дека разбирате ако навистина го мислите тоа или побарајте повеќе информации за да разберете.rn

    9. Не се смејте

    rnСмеењето додека се наоѓате во караница делува како да ѝ се потсмевате на личноста со која се карате. Делувате несериозни, незаинтересирани за нејзиното мислење и покажувате непочитување.rn

    10. Не играјте одбранбено

    rnВелат дека нападот е најдобра одбрана, но не и кога станува збор за расправија со навистина тешка личност. Одбранбениот став може само да ја влоши ситуацијата колку и да е нормално да почнете да се браните во тој момент. Обидете се со неутрални реакции.rn

    11. Гневот не е решение

    rnОчекувано е да бидете лути и нервозни, па дури и гневни. Но овие чувства преточени во зборови може само да го разгорат огнот. Смирете го гласот, намалете го тонот и обидете се да разговарате полека.rn

    12. Не се убедувајте

    rnВие си имате ваше мислење, тој/таа си има свое. Наметнувањето на своето мислење на другите никогаш не успеало, па зошто би успеало сега? Дали би ви се допаѓало на вас?rn

    13. Одржувајте дистанца

    rnСекој допир за време на караница, колку и да е добронамерен, може да биде погрешно сфатен. Избегнувајте да го допирате човекот со кој се карате и одржувајте се и себеси и него на безбедна дистанца.rn

    14. Кажете Жалам или Ќе се обидам да го поправам ова

    rnАко навистина го мислите, тогаш може да ви заштеди многу време и енергија.rn

    15. Поставете граници

    rnПаралелно на почитувањето и толеранцијата, мора да поставите и некои граници до кои смее да се оди. Кога тие ќе се преминат, не плашете се да ја побарате и вие почитта која ја заслужувате.rn

    16. Верувајте им на своите инстинкти

    rnТие скоро никогаш не ве лажат. Ако увидите дека работата оди на полошо, барајте решение да се извлечете од неа.rn

    17. Не очекувајте иста реакција од сите

    rnНе реагираат сите исто на ист проблем. Очекувајте дека личноста со која сега се расправате ќе реагира сосема различно одошто се надевавте и подгответе се да бидете флексибилни кога ќе се случи тоа.rn

    18. Премотајте ја ситуацијата

    rnРазговарајте со некој откако сѐ ќе помине. При рефлектирање на претходните настани може многу да се научи.rn

    19. Опуштете се

    rnВеројатно сте многу напнати и нервозни, па ќе ви биде потребен одмор од целиот стрес. Трчајте, прошетајте, преспијте. Направете го она што ќе ви помогне во отпуштање на стресот и смирување.rn

    20. Охрабрете се себеси што успешно сте поминале низ тешка ситуација

    rnПотребно ви е!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.