КАФЕ ПАУЗА

Tag: состојки

  • 4 токсични состојки во одредени намирници кои не смеете да ги игнорирате!

    4 токсични состојки во одредени намирници кои не смеете да ги игнорирате!

    Сигурно досега сте слушнале дека доколку се консумираат некои состојки во поголеми количини можат сериозно да му наштетат на вашето здравје. Еве шест од нив кои не смеете да ги занемарите.rnrn4 токсични состојки во одредени намирници кои не смеете да ги игнорирате!rn

    Бисфенол А

    rnБисфенол А е хемикалија која се наоѓа во дел од пластичните садови како и металните конзерви. Така, студиите покажале дека иако навидум садовите се безбедни за користење, сепак оваа состојка може да дојде во контакт со храната. Истражувањата покажале дека оваа хемикалија предизвикува проблеми со репродукцијата и го зголемува ризикот од рак на дојка и простата кај фетусот во развој. Освен тоа, високите нивоа на бисфенол во организмот се поврзани со отпорност на инсулин, дијабетес како и зголемена телесна тежина. За да ја избегнете изложеноста на ова потенцијално штетно соединение, избегнувајте ги пластичните садови колку што е можно повеќе, вклучувајќи ја и флашираната вода. Наместо тоа, користете стакло и не’рѓосувачки челик.rn

    Полициклични ароматични јаглеводороди

    rnПолицикличните ароматични јаглеводороди (PAH) се сметаат за загадувачи на животната средина. Тие се јавуваат како резултат на согорување на органски материјал, но ги има и во храната. Така, кога месото се пече на скара или се пуши на високи температури, маснотиите кои капат на жешката површина во себе содржат честички на полициклични ароматични јаглеводороди. Истражувањата покажале дека црвеното месо, рибата и пилешкото содржат речиси идентична количина на PAH. Треба да се спомене дека оваа состојка е токсична и го зголемува ризикот од рак на дојка, бубрези, дебело црево и простата.rn

    Кумарин во циметот

    rnКумаринот е токсично соединение кое се наоѓа во циметот C. cassia, C. loureiroi и C. Burmannii, односно видовите цимет кои се најраспространети во продавниците за храна. Доколку се консумира во големи количини, кумаринот може да доведе до зголемен ризик од рак како и оштетување на црниот дроб.rn

    Додадени шеќери

    rnДодадените шеќери честопати се нарекуваат „празни калории“, но нивните штетни ефекти се многу посериозни. Така, храната богата со додадени шеќери е преработена и може негативно да влијае врз здравјето и да придонесе за зголемување на телесната тежина, развој на дијабетес тип 2, замастен црн дроб и други хронични заболувања. Затоа, препорачливо е да го намалите внесот на овошни сокови, грицки и десерти.rnrnОткако прочитавте за овие токсични соединенија, можеби ќе сакате да прочитате и за 4-те видови овошје и зеленчук што содржат токсични материи.rnrnИзвор: healthline.com

  • Овие природни состојки го намалуваат ризикот од дијабетес!

    Овие природни состојки го намалуваат ризикот од дијабетес!

    Дијабетесот е едно од најчестите заболувања на денешницата. Се појавува кога телото не произведува доволно инсулин, хормонот кој го регулира шеќерот во крвта. Сепак, преку консумирање одредени минерали можете да го ставите под контрола. Во продолжение откријте за кои видови минерали и природни состојки станува збор.rnrnОвие природни состојки го намалуваат ризикот од дијабетес! rn

    Цимет

    rnДали знаевте дека состојката МХЦП (Метилхидрокси калкон полимер) која се наоѓа во циметот му помага на панкреасот да произведува инсулин? Покрај тоа, циметот поволно делува врз целокупното здравје на организмот.rn

    Екстракт од женшен

    rnИспитувањата покажале дека екстрактот од женшен помага во регулирање на нивото на шеќерот во крвта. Потребни се само 3 грама од овој екстракт за да се намали нивото на шеќер во крвта за речиси 60 проценти. Женшенот навистина располага со одлични лекови својства со оглед на тоа дека се користи во кинеската традиционална медицина околу 5000 години.rn

    Хром

    rnДруго истражување покажало дека кај луѓето со дијабетес се среќава ниска количина на хром. Хромот е суштински минерал кој придонесува за метаболизмот на мастите и јаглехидратите и игра важна улога во одржувањето на нивото на гликоза. Тој помага да се спречи зголемувањето на телесната тежина од вишокот масти што секојдневно ги внесуваме. Хромот е и одговорен за разградување на шеќерот во крвта. Овој минерал е присутен во леќата, гравот, брокулата и печурките.rn

    Магнезиум

    rnМагнезиумот е минерал кој е составен дел на многу видови зеленчук, семки и јаткасти плодови. Тој е неопходен за беспрекорно да се одвиваат околу 300 биохемиски реакции во човечкото тело. Токму една од тие функции е регулирање на нивото на шеќер во крвта. Докажано е дека ниското ниво на магнезиум го зголемува ризикот од дијабетес тип 2.rn

    Цинк

    rnЦинкот има голема улога во производството и складирањето инсулин. Се наоѓа во следните намирници: бадеми, жолчки од јајце, пилешко, леќа, корен од ѓумбир, грашок и сардини. Најчесто, цинкот се комбинира со додатоци на калциум. Згора на тоа, тој е и одлично средство за цврста и здрава коса.rn

    Алое вера

    rnСпоред јапонско истражување, гелот од алое вера придонесува за намалување на хемоглобинот и гликозата во организмот. Гелот има благотворни ефекти и врз кожата.rnrnОткако прочитавте кои природни состојки го намалуваат ризикот од дијабетес, можеби ќе сакате да прочитате и кои 9 рани симптоми на дијабетес не треба да ги игнорирате.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • За волшебен мирис и алишта без дамки: Додајте една од овие 8 тајни состојки при перење

    За волшебен мирис и алишта без дамки: Додајте една од овие 8 тајни состојки при перење

    Сите го обожаваме мирисот на чисти алишта, а можете да го подобрите ефектот на прашокот за перење со некое од следниве средства:rnrnЗа волшебен мирис и алишта без дамки: Додајте една од овие 8 тајни состојки при перењеrn

    1. Сок од лимон

    rnЛимонот делува како природно белило, а алиштата ќе мирисаат неодоливо по перењето. Лимонот можете да го додадете само кога перете бели алишта за да не ја избели облеката во боја. Исто така, можете да ги третирате дамките со сок од лимон. Наместо да триете лимон на материјалот, натопете ја облеката во сок од лимон.rn

    2. Сол

    rnСолта нема да го подобри мирисот на алиштата, но има силно влијание врз отстранувањето на дамките. Како ќе ја користите солта зависи од видот на дамката. Ако станува збор за дамки од крв, потопете ја облеката во ладна вода во која ќе додадете сол. Ако станува збор за мрсни дамки, солта треба да се стави на материјалот за да ја апсорбира мрснотијата, а потоа да ја отстраните од облеката пред да ја ставите во машината за перење.rn

    3. Сода бикарбона

    rnИсто како што ја ставате во фрижидерот за да ги апсорбира сите непријатни мириси, така можете да ја додадете во машината за перење и да го подобрите мирисот на прашокот. Таа е и природен и безбеден производ. Додајте 90 грама сода бикарбона во машината за перење кога ставате детергент за перење алишта.rn

    4. Вода за плакнење на усната шуплина

    rnЗамислете вашите чорапи да мирисаат толку свежо? Додајте една мала чаша средство без шеќер кога додавате детергент за перење алишта за да се ослободите од бактериите на алиштата. Можете да го ставите и во делот за омекнувач. Исто така, водата за плакнење на усната шуплина е идеално средство за освежување на целата машина за перење, па можете да ја користите и за таа намена.rn

    5. Оцет

    rnОцетот дополнително ќе се погрижи за отстранување на нечистотиите што остануваат во водата за време на перењето, а исто така го засилува мирисот на прашокот за перење. Ставете половина чаша бел оцет во одделот за омекнувач.rn

    6. Есенцијални масла

    rnТие се природно средство против бактерии и мувла. Доволно е да додадете неколку капки масло од лаванда, еукалиптус или нане за да спречите формирање мувла, но и непријатен мирис на влага. Сепак, бидејќи есецијалните масла не се евтини детергенти, можете само малку да ја испрскате облеката по перењето наместо да ги додадете во машината за перење.rn

    7. Алкохол

    rnАко попрскате алкохол на дамки од мастило, тие сигурно ќе исчезнат. Како? Нанесете алкохол на дамката и почекајте да исчезне целосно, ставете ја во машината и исперете ја со останатите алишта. Бидејќи делува како белило, најдобро е да го користите само на бели алишта.rn

    8. Детергент за миење садови

    rnАко имате мрсни дамки на облеката, ставете врз нив една капка детергент за миење садови и измијте ги во машината заедно со останатата облека. Дамката сигурно ќе исчезне.rnrnПрочитајте кои работи може да ја уништат вашата машина за перење.

  • Какви состојки треба да користите за да се ослободите од лузните?

    Какви состојки треба да користите за да се ослободите од лузните?

    Некои луѓе ги прифаќаат лузните како сведоштво за својот живот, а други би сакале да исчезнат. Без оглед на вашиот став за лузните, не е лошо да знаете кои состојки мора да ги содржат добрите кремови против лузни.rnrnКакви состојки треба да користите за да се ослободите од лузните?rn

    Оставете ја лузната да зарасне

    rnОва е првиот услов за лекување на лузните. Оставете да помине малку време и формирањето на лузната да заврши целосно. Колку време е потребно за тоа? Ако сте направиле абдоминална операција, ќе ви треба многу повеќе време да ја лекувате за разлика од лузната од пубертетски акни.rnrnТреба да почекате не само да се отстранат конците и да се појави црвена трага, туку и да се појави кожа преку идната лузна. Дури тогаш можете да започнете да ги разгледувате опциите за третман на лузната.rn

    Не стојте на сонце

    rnАко сакате да се ослободите од лузните, не стојте на сонце. Првата година откако ќе се појави лузна на вашето тело, ослободете се од УВ-зраците или користете крем со висок заштитен фактор. Изложеноста на сонце може да предизвика вашата лузна да ја смени бојата или да се задебели. Промените предизвикани од сонцето можат да траат до 18 месеци.rn

    Што треба да содржи кремот против лузни?

    rnИзберете силиконrnrnСпоред Сузан Обаги, вонреден професор по дерматологија и пластична хирургија на Универзитетот во Питсбург, науката покажала дека најдобрите препарати содржат силикон.rnrnМногу истражувања покажаа дека силиконскиот гел значително ја намалува пигментацијата и големината на лузната. Објаснувањето е едноставно: силиконот помага да се создаде оклузивна бариера околу раната. Тоа спречува губење на влажноста.rnrnКога кожата одеднаш ја губи влажноста, го забрзува производството на колаген. Колагенот генерално не е лош, но во случај на лекување, тој не помага многу. Бидејќи се лачи во големи количини, не создава убава, рамномерна линија како на здрава кожа, туку создава бразди познати како лузни.rnrnПримената на силиконски гелови може да помогне во спречување на губењето на влажноста и на тој начин да го спречи овој процес. Исто така, лекарите советуваат да изберете гел, а не крем, бидејќи гелот продира подобро во ткивото на лузните.rnrnКористете ретиноидиrnrnРетиноидите може да бидат корисни кога станува збор за лузните. Кремовите со ретиноиди се вклучени во грижата за кожата околу еден месец по формирањето на лузната и се користат секојдневно. Тие помагаат да се елиминира црвенилото и да се намали разликата помеѓу бојата на кожата и бојата на лузната.rnrnБез оглед на тоа што ќе одберете за нега на лузните, треба да знаете дека ништо не може целосно да ја излечи лузната. Резултатот што можете да го очекувате е тенка, елегантна бела линија.rnrnПрочитајте што ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често.

  • 10 начини да го отстраните првутот без употреба на хемикалии

    10 начини да го отстраните првутот без употреба на хемикалии

    Се верува дека првутот е предизвикан од сува кожа. Сепак, ова е мит бидејќи првутот се појавува на прекумерно мрсна кожа, а микроорганизмите што живеат на вашата кожа растат додека се хранат со маслото од кожата. Ако се соочувате со овој досаден проблем, нема потреба да купувате скапи препарати за да се ослободите од првутот бидејќи постојат некои природни лекови што не содржат штетни состојки и што ќе ви помогнат да се борите против првутот без да ги испразните џебовите.rn

    1. Кора од портокал со сок од лимон

    rn10 начини да го отстраните од првутот без употреба на хемикалииrnrnКората од портокал содржи калциум, магнезиум, витамин Ц и диетални влакна и сите тие влијаат позитивно на вашето тело. За отстранување на првутот, следете го рецептот:rn

      rn 011

    • Земете кора од портокал и ставете ја во сад. Потоа исцедете сок од лимон врз неа.
    • rn 011

    • Измелете ги состојките додека не се претворат во паста.
    • rn 011

    • Нанесете ја пастата на вашиот скалп и оставете ја да стои 30 минути.
    • rn 011

    • Измијте ја со шампон.
    • rn

    rn

    2. Аспирин измешан со шампон

    rn10 начини да го отстраните од првутот без употреба на хемикалииrnrnАспиринот содржи салицилна киселина која се користи и во шампоните против првут. Се верува дека ова е една од најуспешните состојки во борбата против првутот, а сето тоа се должи на неговата способност да го отстрани вишокот од првут и да го спречи прекумерно лачење масло.rnrnЗа да го користите аспиринот, згмечете неколку таблети аспирин во ситен прав и измешајте го со количината шампон што ја користите за едно миење на косата. Нанесете ја смесата на косата и оставете ја неколку минути, а потоа исплакнете ја.rn

    3. Семе од пискавица во форма на паста

    rn10 начини да го отстраните од првутот без употреба на хемикалииrnrnСемето од пискавица има антиинфламаторно, антимикробно и антиоксидантно својство. За да се борите против првутот со помош на пискавица, треба да го следите овој едноставен рецепт:rn

      rn 011

    • Ставете малку семе во мала чинија со вода и оставете го да кисне преку ноќ.
    • rn 011

    • Следното утро, гмечете го семето додека да добиете паста и додајте малку сок од лимон. Измешајте добро.
    • rn 011

    • Нанесете ја пастата врз вашиот скалп и врз косата и оставете ја околу 30 минути за да се исуши.
    • rn 011

    • Измијте ја со шампон.
    • rn

    rn

    4. Банана со оцет

    rn10 начини да го отстраните од првутот без употреба на хемикалииrnrnЌе ви требаат 1 банана и 2 чаши јаболков оцет. Излупете ја бананата, додајте го јаболковиот оцет и мешајте додека не добиете паста. Потоа, нежно масирајте ја оваа паста во вашата коса и проверете дали ја покрива косата во целост. По 20 минути исплакнете ја маската со топла вода и со шампон.rn

    5. Лисја од босилек и амла во прав

    rn10 начини да го отстраните од првутот без употреба на хемикалииrnrnПотребни ви се неколку лисја од босилек, 2 лажички амла во прав и 2 лажички вода.rn

      rn 011

    • Измешајте ги овие состојки за да добиете паста.
    • rn 011

    • Нанесете ја пастата на скалпот и оставете ја да се исуши 30 минути.
    • rn 011

    • Исплакнете ја косата со вода.
    • rn

    rnАко го нанесувате овој лек секој ден, ќе ви помогне да ја зголемите цврстината на вашата коса и ќе го спречи опаѓањето на косата.rn

    6. Кокосово масло со лимон

    rn10 начини да го отстраните од првутот без употреба на хемикалииrn

      rn 011

    • Загрејте 2 лажици кокосово масло и измешајте ги со 2 лажици сок од лимон.
    • rn 011

    • Нанесете ја смесата на скалпот и нежно масирајте ја косата.
    • rn 011

    • Оставете ја 20 минути и потоа исплакнете ја со шампон.
    • rn

    rn

    7. Сок од ним

    rn10 начини да го отстраните од првутот без употреба на хемикалииrn

      rn 011

    • Згмечете неколку лисја од ним за да добиете густа паста.
    • rn 011

    • Нанесете ја на скалпот и на косата и оставете ја најмалку 10 минути за да се исуши.
    • rn 011

    • Измијте ја со малку вода.
    • rn

    rn

    8. Масло од синап измешано со масло од јојоба

    rn10 начини да го отстраните од првутот без употреба на хемикалииrnrnМаслото од синап има антимикробно и антифунгално средство. Маслото од јојоба е богато со минерали и има навлажнувачки ефект. Една лажица масло од синап измешано со една лажица масло од јојоба е доволно за да направите добра маска за отстранување на првутот. Нанесете ја смесата на вашиот скалп и нежно масирајте, а потоа исплакнете ја со шампон. Маслото од синап може да предизвика иритации, па се препорачува да направите алерголошки тест на кожата пред да го нанесете.rn

    9. Јогурт измешан со сок од лимон

    rn10 начини да го отстраните од првутот без употреба на хемикалииrnrnЈогуртот е ефикасен за сите видови коса и помага во борбата против првутот ако се нанесува како маска за коса. Направете смеса од јогурт и малку сок од лимон и нанесете ја на вашата коса како маска. Оставете ја да стои 20 минути, а потоа исплакнете ја со топла вода.rn

    10. Лук со мед

    rn10 начини да го отстраните од првутот без употреба на хемикалииrnrnЛукот е познат по своите антибактериски својства. Неколку чешниња лук и 1 лажица мед измешани како паста служат како добар лек против првут. Ставете ја оваа паста на коренот на вашата коса и оставете ја 15 минути. Потоа исплакнете ја смесата со шампон.rn

    Пред да нанесете каков било лек, не заборавајте да направите алерголошки тест на кожата

    rn10 начини да го отстраните од првутот без употреба на хемикалииrnrnПред да нанесете некоја од состојките на вашиот скалп, направете алерголошки тест на кожата за да бидете сигурни дека не сте алергични на некоја од компонентите. Нанесете мала количина од смесата што ќе ја користите на вашиот скалп на мала површина на кожата на вашиот зглоб, исплакнете ја по 10-15 минути и почекајте 24 часа.rnrnАко кожата на вашиот зглоб остане непроменета, без чешање, печење или црвенило, тоа значи дека не сте алергични на супстанцијата. Ако забележите промени во состојбата на кожата по 24 часа, не ставајте ја смесата на косата или на скалпот.rnrnПогледнете како ролерот за лице може да ја трансформира вашата кожа.

  • 8 намирници што ги менуваат состојките во различни услови

    8 намирници што ги менуваат состојките во различни услови

    Сите мислат дека доматите се покорисни кога ги јадат свежи или кога прават салата со нив. Ова е вистина, но тие всушност се подобри за вашиот стомак кога се зготвени. Постојат и други видови намирници што може да ве изненадат со променливите состојки во зависност од начинот на подготвување. Во продолжение прочитајте кои намирници можат да станат покорисни со текот на времето, па дури и откако ќе ги испржите.rn

    1. Банани

    rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnАко имате дијабетес, подобро е да јадете банани кои се повеќе незрели отколку зрели. Кога зрее бананата, скробот почнува да се претвора во шеќер што треба да го контролирате ако имате дијабетес.rnrnОд друга страна, незрелите банани содржат отпорен скроб и поради тоа потешко се варат во организмот, па ќе имате чувство како да сте јаделе суров компир. Во овој случај, зрелите банани се подобри за јадење.rn

    2. Печурки

    rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnИако печурките може да го изгубат витаминот Б откако ќе се сварат, од нив ќе имате некои други големи придобивки откако ќе ги зготвите. Како прво, суровите печурки се како сунѓер и можат да апсорбираат токсини што можат да се уништат при готвењето.rnrnВторо, готвењето го зголемува бројот на антиоксиданти во печурките. Ако сакате да јадете печурки, препорачливо е да ги готвите на скара или во микробранова печка отколку да ги варите или да ги пржете. Во овој случај, тие имаат повеќе здравствени придобивки.rn

    3. Домати

    rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnСите сме навикнати да јадеме свежи домати. Доматите содржат витамин Ц, но експертите велат дека кога ќе се сварат, тие имаат многу поголемо ниво на ликопен и тој може да биде помоќен антиоксидант од витаминот Ц. Исто така, готвењето може да ги омекне влакната што ги содржат доматите, па тие стануваат полесни за варење во организмот.rn

    4. Моркови

    rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnМалку е изненадувачки, но морковите, кои се толку корисни благодарение на бета-каротенот, имаат поголемо ниво на хранливи материи кога се зготвени. Варењето може да создаде уште подостапен бета-каротен во морковот.rnrnПодобро е да го готвите морковот без да му ја отстраните кожата за да може тројно да се зголеми неговата антиоксидантна моќ. Но, сечкањето пред готвење не е баш добра идеја затоа што ја зголемува површината преку која се цедат храниливите материи. Подобро е да ги исечкате морковите по варењето.rn

    5. Спанаќ

    rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnСпанаќот е преполн со хранливи материи, но може да апсорбирате повеќе калциум и железо ако го јадете зготвен. Тоа се случува затоа што содржи оксална киселина, која ја спречува апсорпцијата на железо и на калциум. Додека го готвите спанаќот, овој елемент се распаѓа и од зготвениот спанаќ можете да имате повеќе здравствени придобивки.rn

    6. Сирење

    rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnСирењето е одличен извор на протеини, но секој вид може да има различни дополнителни придобивки. На пример, моцарелата има помалку натриум и помалку калории отколку повеќето други сирења. Исто така, содржи бактерии кои се како пробиотици, така што може да го подобри здравјето на дигестивниот и на имунолошкиот систем.rnrnСиното сирење содржи најмногу калциум од повеќето други сирења, но може да биде премногу солено за јадење.rn

    7. Леб

    rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnОткриено е дека тост-лебот има помал гликемиски индекс. Овој индекс има влијание врз нивото на шеќер во крвта, така што може да биде подобра опција за дијабетичарите.rnrnЛебот од квасец содржи поголемо ниво на антиоксиданти и фолати за разлика од другите видови леб. Исто така, има пониско ниво на фитати, така што му овозможува на вашето тело полесно да ги апсорбира хранливите материи.rn

    8. Цвекло

    rn8 намирници што ги менуваат состојките во различни условиrnrnВо едно истражување биле испитани ефектите од пиењето 250 милилитри сок од цвекло секој ден, а во истражувањето биле вклучени 68 лица со висок крвен притисок. Истражувачите откриле дека сокот од цвекло значително го намалува крвниот притисок. Од друга страна, свареното цвекло може полесно да се вари во организмот бидејќи неговите тврди влакна се распаѓаат на ист начин како и кај варените компири.rnrnПрочитајте со кои здрави намирници не треба да претерувате.

  • 7 состојки што ќе ви помогнат во борбата против непријатните телесни мириси

    7 состојки што ќе ви помогнат во борбата против непријатните телесни мириси

    Не постојат две личности на оваа планета кои имаат ист мирис на телото и секоја личност има свој уникатен мирис. Сосема е нормално телото да произведуваат различни мириси, но тоа може да биде причина за загриженост кога тие мириси стануваат особено силни и непријатни. Овие состојки што ги имате дома можете да ги користите како природни алтернативи за производите за нега и убавина.rn

    1. Оцет за натопување на стапалата

    rn7 состојки што ќе ви помогнат во борбата против непријатните телесни мирисиrnrnОцетот е моќен антибактериски лек кој се бори против разни бактерии, габи и микроби со помош на оцетната киселина што ја содржи. Киселината го подобрува мирисот на стапалата.rnrnЗа да ги натопите стапалата во оцет, комбинирајте:rn

      rn 011

    • 1 дел оцет
    • rn 011

    • 2 дела вода
    • rn 011

    • неколку капки есенцијално масло (по избор)
    • rn

    rnИзмешајте ги во леѓен и чувајте ги стапалата во течноста 10-20 минути. Правете го тоа еднаш на ден и гледајте како исчезнува непријатниот мирис на стапалата.rn

    2. Талог од кафе како пилинг за тело

    rn7 состојки што ќе ви помогнат во борбата против непријатните телесни мирисиrnrnТалогот од кафе е познат по тоа што апсорбира мириси. Поради неговата силна арома, можете да ги чистите рацете со малку мелено кафе за да ги отстраните другите силни мириси на риба, лук и кромид. Исто така, можете да го користите талогот од кафе за да ги намалите непријатните мириси на телото, користејќи го како пилинг за тело за да ги отстраните мртвите клетки на кожата и да имате нова и чиста кожа.rnrnЗа да направите пилинг за тело од кафе, комбинирајте:rn

      rn 011

    • 1 дел талог од кафе
    • rn 011

    • 1 дел кокосово или маслиново масло
    • rn 011

    • неколку капки есенцијално масло
    • rn

    rnИзмешајте ги сите состојки во мал сад или во тегла.rnrnЗа употреба, навлажнете ја кожата и нежно нанесете го пилингот на вашето тело. Нежно масирајте за да ја ексфолирате кожата. Исплакнете со сапун и вода. Користете го пилингот еднаш неделно или кога и да готвите со мирисливи состојки.rn

    3. Прочистувач од вода со лимон

    rn7 состојки што ќе ви помогнат во борбата против непријатните телесни мирисиrnrnЛимоните се богати со витамин Ц и лимонска киселина и помагаат да го заштитите вашето тело од бактерии што предизвикуваат непријатен мирис. Пиењето вода со лимон и нанесувањето сок од лимон на пазувите може да ја промени pH-вредноста на вашето тело и да го подобри мирисот. Киселините што се наоѓаат во лимоните можат да реагираат остро кога се изложени на сонце, па затоа е најдобро да го нанесувате прочистувачот навечер или кога знаете дека ќе бидете во затворен простор.rnrnЗа да направите прочистувач од вода со лимон, измешајте:rn

      rn 011

    • сок од половина лимон
    • rn 011

    • 1 чаша вода
    • rn

    rnОваа мешавина можете да ја пиете или да натопите памук и да ја нанесете на вашата кожа.rn

    4. Неутрализатор на мириси од алкохол

    rn7 состојки што ќе ви помогнат во борбата против непријатните телесни мирисиrnrnБидејќи непријатните мириси обично се предизвикани од бактерии, својствата на алкохолот може да ви помогнат да се ослободите од непријатниот мирис на телото затоа што тие ги убиваат бактериите. Кога имате потреба од дезодоранс, нанесете малку алкохол на испотените пазуви. Избегнувајте употреба на алкохол на свежо избричена кожа за да го спречите чувството на печење на кожата.rn

    5. Средство за плакнење на устата од кокосово масло

    rn7 состојки што ќе ви помогнат во борбата против непријатните телесни мирисиrnrnКокосовото масло е богато со антибактериски својства што докажано помагаат во хигиената на усната шуплина. Ова масло може да ви помогне во борбата против гингивитот и лошиот здив.rnrnЗа да користите кокосово масло како средство за плакнење на устата, користете 1 до 2 лажици кокосово маслоrnrnЖабуркајте го маслото низ устата најмалку 5 минути или најмногу 20 минути. Потоа, плукнете го маслото и измијте ја устата со топла вода.rn

    6. Дезодоранс од сода бикарбона

    rn7 состојки што ќе ви помогнат во борбата против непријатните телесни мирисиrnrnСода бикарбоната се користи како неутрализатор на мирис поради нејзините својства за апсорпција на мириси. Многу комерцијални дезодоранси содржат сода бикарбона за да помогнат во борбата против непријатните телесни мириси. Сепак, нанесувањето сода бикарбона во чиста форма директно на вашата кожа може да предизвика чувствителни реакции, па затоа е најдобро да ја измешате со нешто друго пред да ја користите.rnrnЗа да направите сув дезодоранс со сода бикарбона, комбинирајте:rn

      rn 011

    • 1 дел сода бикарбона
    • rn 011

    • 6 делови пченкарен скроб
    • rn

    rnСтавете ги во шише и нежно протресете го пред да го нанесете дезодорансот.rnrnЗа да направите влажен дезодоранс со сода бикарбона, комбинирајте:rn

      rn 011

    • 1 дел сода бикарбона
    • rn 011

    • 2 дела кокосово масло
    • rn

    rnИзмешајте ги состојките во мал сад и нежно масирајте ја кожата. За дезодоранс без масло, направете паста со лажичка сода бикарбона и малку вода. Нанесете на пазувите и оставете ја пастата да се исуши целосно пред да се облечете.rn

    7. Тоник од лук за отстранување на непријатните мириси

    rn7 состојки што ќе ви помогнат во борбата против непријатните телесни мирисиrnrnИако многумина сметаат дека лукот има силен и непријатен мирис, тој се бори против непријатните телесни мириси поради антибактериските својства што ги содржи.rnrnЗа да направите тоник од лук за отстранување на мирисот, комбинирајте:rn

      rn 011

    • 3 чешниња излупен лук
    • rn 011

    • 2 чаши вода
    • rn

    rnСтавете ги водата и лукот да зовријат околу 10-15 минути. Оставете ја смесата да се олади и процедете ја. Нанесете го тоникот на вашето тело и оставете го околу 30 минути пред да го исплакнете. Повторувајте ја оваа постапка секој ден и гледајте што ќе се случува понатаму.rnrnПрочитајте како да мирисате свежо, дури и ако не сте се капеле неколку дена.

  • 6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомак

    6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомак

    Детоксикацијата му помага на вашето тело да се ослободи од токсините, да се ослободи од вишокот килограми и да го зголеми нивото на енергија. Освен лимон и ѓумбир, постојат и некои други ефективни состојки што можете да ги додадете во водата, а сигурно ги имате дома.rn

    1. Вода со нејодирана сол

    rn6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомакrnrnСолената вода го чисти дебелото црево и го лекува хроничниот запек. Исто така, клучно е да знаете дека на организмот му треба одредена количина сол, а невнесувањето сол во организмот не е некоја паметна одлука. Натриумот ви помага да ги одржувате нивото на крвниот притисок и правилното функционирање на нервите и на мускулите.rnrnПијте солена вода ако имате хроничен запек или ако чувствувате неправилни движења на дебелото црево.rnrnРецепт:rnrnИзмешајте 2 лажички нејодирана морска сол и 4 чаши топла вода.rnrnАко сакате да има подобар вкус, додајте малку лимон.rnrnПијте колку што е можно побрзо на празен стомак.rn

    2. Вода со лук

    rn6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомакrnrnСовремената наука ги потврдува многуте корисни здравствени придобивки поврзани со консумирањето лук. Може да го намали крвниот притисок, да се бори против болести, да го подобри нивото на холестерол и да го прочисти телото од тешки метали. Тоа се случува поради соединенијата на сулфур што ги добивате кога лукот се сечка, се гмечи или се џвака.rnrnНо, за да ги добиете сите овие здравствени придобивки, не мора да го јадете, туку можете да направите пијалак.rnrnРецепт:rnrnЗемете 2 парчиња лук и исечкајте ги.rnrnПочекајте 10 минути и потоа измешајте ги со 500 милилитри вода.rnrnОставете го да стои најмалку 2 часа.rn

    3. Вода со јаболко и цимет

    rn6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомакrnrnЈаболкото и циметот може да ви помогнат да изгубите тежина и да го зајакнете метаболизмот. Мешањето на овие состојки ќе додаде некои важни антиоксиданти во вашата исхрана, вклучувајќи витамини Ц и Б.rnrnЦиметот има многу здравствени придобивки, вклучително и намалување на холестеролот и борба против дијабетесот.rnrnРецепт:rnrnИсечете 2 јаболка. Додајте ги заедно со 2 стапчиња цимет во бокал со вода.rnrnПотоа, ставете ја водата да стои еден час во фрижидер.rn

    4. Вода со коцки мраз од краставица

    rn6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомакrnrnЛаден освежителен пијалок со вкус на краставица може да ви помогне ако сакате да ја прескокнете желбата да јадете нездрава храна. Тоа е природен антиоксидант и во една голема краставица има само 34 калории.rnrnРецепт:rnrnИсечете парчиња краставица или направете коцки и замрзнете ги.rnrnДодајте ги во водата кога чувствувате глад или жед.rnrnМожете да додадете лимон или нане за да го подобрите вкусот.rn

    5. Вода со црн пипер

    rn6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомакrnrnЦрниот пипер е одлична состојка ако сакате да го прочистите вашето тело и да ја намалите тежината. Тој има антиоксидантни својства кои можат да помогнат во спречувањето на воспаленијата, предвремено стареење и срцеви заболувања. Покрај тоа, може да го подобри метаболизмот на шеќерот и да го намали нивото на холестерол.rnrnРецепт:rnrnНабавете ги следниве состојки: половина лажица мелен црн пипер, 1 лажица рендан ѓумбир, 1 лажица мед, 1 лимон и 2 чаши вода.rnrnИзмешајте ги пиперот и ѓумбирот, па додајте го медот и измешајте.rnrnЗовријте ја водата и истурете ја во чаши. Додајте една лажица од смесата во една чаша вода. Додајте сок од половина лимон (ако сакате лимон). Пијте додека водата е топла.rn

    6. Вода со рузмарин

    rn6 состојки што можете да ги додадете во водата за да имате рамен стомакrnrnРузмаринот помага во подобрување на варењето на храната и на имунолошкиот систем. Научниците откриле дека рузмаринот може да биде добар за вашиот мозок и да функционира како еден вид невролошка заштита. Пиењето пијалак со ова растение во мали дози може да биде убава и корисна навика.rnrnРецепт:rnrnЗемете стебленце од свеж рузмарин.rnrnЗемете 1 лимон, отстранете ја кората и исечете го на парчиња.rnrnСтавете ги парчињата лимон и рузмаринот во тегла од 900 милилитри.rnrnОставете го пијалакот да се лади во фрижидер најмалку 2 часа.rnrnПрочитајте кои природни состојки можат да ве заштитат од сонцето.

  • Не е баш толку здраво: Зошто (сепак) мора да внимаваме кога јадеме црно чоколадо?

    Не е баш толку здраво: Зошто (сепак) мора да внимаваме кога јадеме црно чоколадо?

    Иако црно чоколадо често се смета за поздраво од млечното, експертите велат дека разликата помеѓу двата вида е многу мала.rnrnНе е баш толку здраво: Зошто (сепак) мора да внимаваме кога јадеме црно чоколадо?rnrnОсновната причина за добрата репутација на црното чоколадо е тоа што содржи повеќе полифеноли од млечното чоколадо. Овие соединенија се секундарни метаболити во растенијата и имаат антиинфламаторно дејство врз телото.rnrnНо, не мора да јадеме црно чоколадо за да ги внесеме овие состојки, според експертите. Преку урамнотежената исхрана и јадењето овошје и зеленчук ќе внесеме и доволно полифеноли.rnrnИ црното и млечното чоколадо се полни со калории. Во црното чоколадо тие се малку помалку и тоа содржи и помала количина шеќер, но често има повеќе маснотии во составот.rnrnШто се однесува до нашето здравје, навистина нема некоја голема разлика помеѓу црното и млечното чоколадо. Експертите уверуваат дека повремената и умерена консумација на чоколадо е добра и може да ни наштети само ако изедеме премногу голема количина или ако премногу често имаме навика да го јадеме.rnrnТие препорачуваат да го консумираме чоколадото во помали парчиња и да дозволиме тоа да ни се топи во устата.rnrnМожеби сакате да прочитате и дали кафето и чоколадото ја зголемуваат интелигенцијата? Што откриваат новите истражувања?

  • Мелениот црвен пипер прави чуда во нашето тело: Еве 7 причини зошто треба да го јадете што е можно почесто

    Мелениот црвен пипер прави чуда во нашето тело: Еве 7 причини зошто треба да го јадете што е можно почесто

    Мелениот црвен пипер е честа состојка во нашата исхрана. Сите сметаме дека станува збор за обичен зачин, но се покажало дека тој е и неверојатно здрав. Тој е одличен борец против високиот холестерол, шеќерот во крвта, анемијата. Одлично е што го консумираме многу во зима, во чорби, манџи, сосови.rnrnЛутиот или благ, мелен црвен пипер е неопходен зачин во речиси секоја кујна. Особено сега, додека е зима и јадеме повеќе чорбести јадења.rnrnКога ќе откриете колку оваа состојка е здрава, почесто ќе сакате да ја јадете. Пиперот може лесно да се додаде и во други јадења: разни намази (со сирење, наут, модар патлиџан), супи, салати… И ќе ви го збогати оброкот затоа што е богат не само со антиоксиданси, туку и со витамини и минерали.rnrnМелениот црвен пипер прави чуда во нашето тело: Еве 7 причини зошто треба да го јадете што е можно почестоrn

    1. Пиперот е со корисни хранливи материи

    rnИма само 19 калории во само една лажица мелен црвен пипер (или 6 грама) и задоволува дури 13% од дневната потреба од витамин А,  Е, Б6 и железо! Пиперот е, исто така, полн со антиоксиданси како: бета-каротин, капсантин, заксантин и лутеин, кои се активни борци против срцеви заболувања, а овој зачин ја подобрува и циркулацијата и помага во борбата против карциномот, меѓу другото.rn

    2. Зачинот е добар и за здравјето на очите

    rnЦрвениот пипер има добар ефект врз здравјето на очите, намалувајќи го ризикот од добивање катаракта и дегенерација на макуларната дамка, што е поврзано со стареењето. Во една студија, жените кои земале додатоци кои содржат лутеин и заксантин во 32% од случаите имале намален ризик од добивање катаракта.rn

    3. Ги намалува воспалителните процеси

    rnНекои видови пипер, особено оние што се лути и содржат капсантин, имаат добар ефект врз воспалителните процеси и болните состојби, вклучувајќи артритис, оштетување на нервите и дигестивни проблеми.rn

    4. Може да го намали нивото на холестерол во крвта

    rnСостојката капсантин може да го зголеми нивото на добариот холестерол и да го намали нивото на вкупниот холестерол и нивото на лошиот холестерол, што е поврзано со здравјето на срцето.rn

    5. Антиканцерогено дејство

    rnБета-каротинот, лутеинот и зеаксантинот се покажале како добри борци против оксидативниот стрес, намалувајќи го ризикот од некои видови на рак. Една студија спроведена со 2000 испитанички открила 25-35% помал ризик од карцином на дојка заради внесувањето на овие хранливи материи. Исто така, капсантинот го забавува и растот на веќе развиените малигни клетки.rn

    6. Овој зачин влијае врз нивото на шеќер во крвта

    rnКапсантинот делува на гените поврзани со нивото на шеќер во крвта и ги блокира ензимите кои го разложуваат шеќерот во организмот, а исто така може да ја подобрат и толеранцијата на инсулин. Во четиринеделна студија со 42 бремени жени кои земале 5 мг капсантин дневно, нивото на шеќер во крвта значително се намалило, за разлика од другите кои не го внесувале овој суплемент.rn

    7. „Здрава“ крв

    rnПиперот е богат со две хранливи материи важни за крвта – железо и витамин Б. Нивниот недостиг може да го намали бројот на црвените крвни зрнца и да предизвика анемија.rnrnМожеби сакате да дознаете и зошто треба да го внесете го овој зачин во исхраната и да гледате како здравјето ви се подобрува, а килограмите заминуваат.