КАФЕ ПАУЗА

Tag: состојки

  • 7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

    7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

    Сода бикарбоната може да се примени на различни начини во домаќинството, од состојка која ќе го потпомогне растењето на тестото, до средство за отстранување на непријатната миризба во фрижидерот. Но, сте ги знаеле ли нејзините козметички примени?rnrn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnУште старите Египќани користеле смеса слична на сода бикарбоната наместо сапун за бањање. Ова соединение има антисептички, антигабичен и ексфолирачки ефект. Еве како да ги искористите неговите својства и поинаку да го примените во секојдневниот живот:rn

    1. Мијте ги забите за природен избелувачки ефект

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnПовеќето пасти за заби содржат содиум лаурил сулфат како примарна состојка, која го предизвикува пенењето. Ваквите пасти може да имаат негативни ефекти, како хиперсензитивност на забите и непцата. Доколку не сакате супероксид во вашата уста, подобра опција за белење на вашите заби е сода бикарбоната. Ставете малку на четкичкта или за подобар ефект, комбинирајте ја со паста за заби без споменатата состојка (барајте ознака „SLS free“). Згора на тоа, содата го неутрализира лошиот здив.rn

    2. Чистете го лицето со здрав ексфолијант

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnТриењето на лицето со груби гелови за пилинг и ексфолијација на кожата не е добро за вашето лице, бидејќи нејзиниот горен слој ви треба за да ве штити од навлегување на нечистотиите и за одржување на нејзината влажност.rnrnАко сакате да го триете вашето лице, подобро правете го тоа со природни состојки. Искомбинирајте сода бикарбона со една лажичка мед и истријте го лицето со смесата. Маската можете да ја оставите да делува една минута или пак веднаш да го исплакнете лицето. Оваа маска има освежувачки и смирувачки ефект, а делува и против создавање акни. Можете да ја примените и на стапалата и на лактите. За затегнување на кожата и чистење од црнки направете маска од сода бикарбона и портокал.rn

    3. Направете си дезодоранс со вашиот омилен мирис

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnИзмешајте 4 лажици сода бикарбона со 10 капки од вашето омилено есенцијално масло и нанесете малку под пазувите. Иако ова звучи како женски рецепт, постојат и многу мажествени мириси како маслото од кедарово дрво. Девојките можат да ја сместат смесата во празно кутивче од руж за да можат да го користат домашно приготвениот дезодоранс повеќе пати во текот на денот, чувајќи го секогаш на дофат во својата чанта. За нанесување, најдобро е да користите четкичка.rn

    4. Исушете го непоканетиот гостин на вашиот образ

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnИзмешајте малку сода и вода и нанесете ја добиената смеса директно на акната на вашата кожа. Овој метод е одличен за брзо сушење на површинските акни, но не е препорачливо за третирање длабоки цисти.rn

    5. Темелно измијте ја косата

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnДоколку сакате да ја намалите употребата на шампон или пак темелно да отстраните некои средства кои се длабоко навлезени во коренот на вашето влакно, еве го рецептот што треба да го приготвите. Наполнете една чаша со топла вода и ставете една лажица сода бикарбона. Понесете го природно приготвениот препарат со вас во бањата. Намокрете ја косата и потоа исипете ја смесата убаво насекаде. Исчешлајте ја косата и потоа исплакнете ја. Плакнете додека да се изгуби лизгавото чувство.rn

    6. Смирете го стомакот

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnКиселините, честото создавање гасови и други проблеми со стомакот може брзо да се ублажат со помош на содата поради нејзините алкални својства кои ги неутрализираат киселините што го предизвикуваат проблемот. Измешајте мала лажичка сода бикарбона во чаша со топла вода и испијте ја течноста наеднаш. Многу брзо ќе почувствувате олеснување.rn

    7. Наполнете ја кадата со вода и сода

    rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnРастворете малку сода бикарбона во вашата полна када. Ќе почувствувате смирување и омекнување на кожата, а покрај тоа, не мора ни да употребите сапун, што понекогаш може да биде и добро.rnrnЗнаете ли некои други интересни примени на сода бикарбоната?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #36

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #36

    Традиционално македонско кафе или инстант? Шербет благо, горко или малку засладено со неколку шеќерни кристали посеани од врвот на лажичката? Како и да го сакате утринското кафе, најважно е никогаш да не заборавате да уживате во него. Ги имате состојките, направете си кафе по мерак.rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #36
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1440×1080) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“

    Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“

    „The pink drink“ (розовиот пијалак) кој е микс од вотка, Triple Sec и сок од боровинки, стана мега популарен со ТВ серијата „Сексот и градот“, во која софистицираната Кери Бредшо го нарачуваше во секој бар во Њујорк. Но сега, секоја од четирите девојки има свој уникатен напиток, направен од производителите на вотката SKYY.rnrnПравењето коктели никогаш не било повозбудливо! Викнете ги вашите најблиски пријателки на гости, спремете чаши за мартини и поминете една незаборавна вечер, како девојките од „Сексот и градот“.rn

    „The Carrie“ – Кери1-Glamurozni-kokteli-inspirirani-od-„Seksot-i-gradot“-www.kafepauza.mk_

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 60 ml SKYY вотка
    • rn011

    • 15 ml свежо цеден сок од лимон
    • rn011

    • 15 ml свежо цеден сок од зелен лимон
    • rn011

    • 1 кафена лажичка шеќер
    • rn011

    • 1 голтка ликер Crème de cassis
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо еден поплиток сад сипете малку од ликерот, превртете ја чашата за мартини обратно и натопете ја површината во него. Потоа во тацна сипете шеќер и кристализирајте ја чашата. Во мешалка за коктели (шејкер) ставете ги состојките и додадете неколку коцки мраз. Енергично тресете ја мешалката за убаво да се изедначи пијачката и потоа сипете ја во чаша за мартини произведена од Swarovski (сет од 2 чаши чини „само“ 390 американски долари). Завршете го коктелот со отсипување една капка од ликерот crème de cassis на врвот.rn

    „The Samantha“ – Саманта

    rn

    Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 60 ml SKYY вотка со вкус на ананас
    • rn011

    • 30 ml свежо цеден сок од зелен лимон
    • rn011

    • 20 ml ликер Triple Sec
    • rn011

    • 20 ml чоколаден ликер Crème de cacao
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги состојките и неколку коцки мраз во мешалка за коктели и промешајте убаво. Сипете ја пијачката во секси чаша за мартини. Декорирајте со резанка од зелен лимон.rn

    „The Charlotte“ – Шарлот

    rn

    Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 45 ml SKYY вотка со вкус на грозје
    • rn011

    • 90 ml газиран сок 7- Up
    • rn011

    • 7 ml свежо цеден сок од лимон
    • rn011

    • 7 ml црвено вино
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИсцедете пола лимон и сипете го во мешалка за коктели. Додајте ги вотката со вкус на грозје, сокот 7–Up и неколку коцки мраз, а потоа промучкајте. Пијачката сипете ја во висока чаша Collins (сет од 6 чаши чинат 42,60 американски долари) полна со коцки мраз. На крајот, заруменете го котелот со црвено вино.rn

    „The Miranda“ – Миранда4-Glamurozni-kokteli-inspirirani-od-„Seksot-i-gradot“-www.kafepauza.mk_

    rn

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 60 ml SKYY вотка со вкус на ѓумбир
    • rn011

    • 2 супени лажици сируп од мед (за да направите сируп од мед, потребно е да измешате една лажица вода со една лажица мед)
    • rn011

    • 20 ml свежо цеден сок од лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСтавете ги сите состојки во мешалка за коктели, додадете неколку коцки мраз и промешајте силно. Сипете го добиениот коктел во замрзната чаша за мартини. Од лимоновата кора направете декоративна лента, која ќе ја замотате на стапче за коктел.rn

    „The Mr. Big“ – Ѕверка

    rn

    Гламурозни коктели инспирирани од „Сексот и градот“

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 60 ml SKYY вотка со вкус на цреша
    • rn011

    • 15 ml бурбон Wild Turkey 101
    • rn011

    • 20 ml Кока-кола
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСипете ги вотката, бурбонот, колата и неколку коцки мраз во мешалка за коктели и мешајте. Подготвената пијачка сипете ја во голема чаша за пунч од 3,5 dl. На крајот декорирајте со марачино цреша.rnrnОдберете го вашиот омилен коктел и забавата може да започне!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.