КАФЕ ПАУЗА

Tag: состојки

  • За здрава и сјајна коса: Направете природни балсами за коса

    За здрава и сјајна коса: Направете природни балсами за коса

    Започнувајќи од кожата, па преку избелувањето на ноктите, па сè до косата, можеме да заклучиме дека јаболковиот оцет е досега незаменлива природна состојка на сите домашни рецепти за нега и убавина. Сега е лето, а ние се почесто сме излезени надвор, одиме на море и уживаме во прекрасното топло време, а забораваме на нашата коса на која не ѝ одговара толку многу сонце и директното изложување на сончевите зраци. Поради тоа, таа станува нежна и сува, па со самото тоа расте побавно и во некои случаи ја менува својата текстура. Затоа, заштитите ја вашата коса навреме и обезбедите ѝ третман каков што заслужува.rnrnrnrnВо продолжение ви претставуваме четири одлични рецепти за балсами кои имаат иста основа, само што се менуваат етеричните масла во зависност од тоа каков е вашиот тип на коса. Принципот на правење е ист, откако ќе се измешаат сите состојки, потребно е добиениот балсам да се чува во стаклен сад со капаче, во фрижидер.rn

    Основа:

    rn

      rn011

    • 800 милилитри вода
    • rn011

    • 30 милилитри сок од алое вера
    • rn011

    • 15 милилитри јаболков оцет
    • rn

    rnСпоред вашиот тип на коса, во основата додадете ги следниве продукти:rn

    За масна коса:

    rn

      rn011

    • 2 капки масло од лаванда
    • rn011

    • 10 капки масло од маточина
    • rn011

    • 13 капки масло од смил
    • rn

    rn

    За побрз раст на косата:

    rn

      rn011

    • 5 капки масло од лаванда
    • rn011

    • 10 капки масло од ела
    • rn011

    • 10 капки масло од нане
    • rn

    rn

    За против опаѓање на косата и првут

    rn

      rn011

    • 5 капки масло од лаванда
    • rn011

    • 10 капки ванила
    • rn011

    • 10 капки масло од лимон
    • rn

    rn

    За испукани краеви

    rn

      rn011

    • 7 капки масло од иланг-иланг
    • rn011

    • 18 капки масло од сандаловина
    • rn

    rnrnrn

    Како се нанесува:

    rnПротресете го шишето или садот во кој што го чувате балсамот и нанесете ја посакуваната количина по должина на целата коса. Овој балсам не мора да се измива, но доколку сакате, можете.

  • Неверојатен рецепт: Пица во шолја готова за 2 минути!

    Неверојатен рецепт: Пица во шолја готова за 2 минути!

    Сѐ што ќе ви треба за да го подготвите ова гурманско задоволство е една шолја, лажичка и неколку состојки кои сигурни веќе ги имате дома. Самиот процес на мешање на состојките ќе ви одземе околу 1 минута, а исто толку трае и печењето. Знаеме дека звучи како бајка, но токму затоа ова е и најпопуларниот рецепт на Интернет во моментов.rnrnНеверојатен рецепт: Пица во шолја готова за две минути!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 4 лажички брашно
    • rn011

    • 1/4 лажичка прашок за печиво
    • rn011

    • прстофат сода бикарбона
    • rn011

    • 1/4 лажичка сол
    • rn011

    • 3 лажички млеко
    • rn011

    • 1 лажичка маслиново масло
    • rn011

    • 1 лажичка сос од домати
    • rn011

    • 1 преполна лажичка рендан кашкавал
    • rn011

    • 5 парчиња мини колбаси
    • rn011

    • 1/2 лажичка мешавина од зачини (оригано, босилек, бибер или зачини по желба)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПрво помешајте го брашното, прашокот за печиво, содата и солта, па додајте ги млекото и маслото. Потоа со виљушка убаво измешајте ги состојките за да добиете тесто. Врз тестото ставете сос од домати, кашкавал, колбаси (или кој било друг сувомеснат производ) и сипете ги сите зачини. Ставете го тоа во микробранова и оставете го да се пече минута и 10-20 секунди, или додека не забележите дека на површината се јавуваат оние прекрасни меурчиња.rnrnПогледнете го следново видео за да видите како точно се прави овој специјалитет, а покрај него ќе имате можност да го видите и начинот на подготовка на чоколадни колачиња во чашка и уште многу други вкусни задоволства.rnrn

  • 4-те состојки кои секоја жена треба да ги знае за да создаде среќен живот

    4-те состојки кои секоја жена треба да ги знае за да создаде среќен живот

    Дали вистинската среќа ви изгледа како далечна можност? Барањето на среќата може да изгледа како константна борба и никој не сака да живее така. Но, тајната на животот е следнава: Среќата е всушност рецепт кој можете да го подготвите кога ги имате вистинските состојки. Во продолжение прочитајте кои се 4-те есенцијални елементи за радоста и задоволството.rnrn4-те состојки кои секоја жена треба да ги знае за да создаде среќен животrn

    1. Способност да ги охрабрите чистите и здрави граници

    rnМожете да ги именувате здравите граници колку што сакате, но тие нема да ви помогнат сѐ додека не почнете да ги охрабрувате и практикувате. Мора да знаете како ќе одговорите на луѓето кои без дозвола влегуваат во вашиот личен простор и преминуваат преку вашите граници, пред тоа да се случи. Токсичните личности не се дел од рецептот за среќен живот, а добро организираните граници се добар начин да откриете кој ве чува, а кој не.rn

    2. Силна самодоверба

    rnДобро втемелената самодоверба со која ќе застанете зад своите ставови и ќе се осигурите дека сте третирани онака како што заслужувате е клучна. Самодовербата е нешто што ви помага никогаш да не ја изгубите својата вредност, независно од околностите, достигнувањата и туѓите мислења. Ако немате основа за самодоверба нема да можете да ги одржите границите кои ги поставувате. Мора да знаете дека вие заслужувате да бидете третирани како да сте нешто највредно не само од другите, туку и од себе.rn

    3. Длабока врска со самите себеси

    rnКога знаете кои сте, ги знаете своите слабости, силни страни, соништа, таленти, научени лекции итн., вие сте поприземни, повредни и посамоуверени. Кога тоа не е така, тогаш не сте целосни и ќе ви стане јасно зошто се случуваат сите раскинувања и разводи. Повеќето луѓе немаат здрав однос со самите себеси, иако тоа е главниот стандард според кој треба да се водите во сите ваши врски.rn

    4. Волја да се ослободите себеси од болката

    rnВашата потсвест го зачувува секое искуство кое сте го имале. До оној момент кога ќе станете возрасни ќе имате доста емоционални искуства кои можат да ве кочат. Начинот на кои можете да се ослободите од нив е преку енергетската работа. Тоа го вклучува опуштањето на свесниот ум и ослободувањето од нередот во вашата потсвест. Размислете на овој начин: Родени сте со нов софтвер и сега треба да се ослободите од сите вируси и да направите некои системски надградувања. Вие треба да ги ажурирате менталните програми кои ве држат безбедни и да ги замените старите со нови, за подобро да го поддржите секој ваш успех.

  • Ова се состојките кои вашиот омилен производ за нега НЕ смее да ги содржи

    Ова се состојките кои вашиот омилен производ за нега НЕ смее да ги содржи

    Пролетните температури и ненадејните промени на времето се најпогодно време за развивање на алергии. Па затоа, доколку забележите некои промени на кожата, а не сте промениле ништо во својата нега, проверете дали некој од вашите омилени производи содржи некоја од овие состојки.rnrn1-ova-se-sostojkite-koi-vashiot-omilen-proizvod-za-nega-ne-smee-da-gi-sodrzhi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Парфеми

    rnКозметичките производи кои најчесто содржат парфеми, се најголеми непријатели на чувствителната кожа. Доколку не сте сигурни кои ноти најмногу ѝ сметаат на вашата кожа, подобро избирајте производи кои воопшто не содржат парфеми.rn

    2. Парабени

    rnПарабените може да продрат во кожата и таму да се задржат, што може додатно да ја оштетат. Тие не се сметат нужно како лоши, но едноставно избирајте производи без парабен, баш како оние без мирис, доколку имате чувствителна кожа.rn

    3. Токоферол

    rnОва е всушност витамин Е во форма на антиоксиданс. Иако ретко предизвикува алергиски реакции, на некои луѓе неговите својства исклучително им сметаат. Сепак, доколку не сте забележале дека оваа состојка ви ја иритира кожата, немојте да купувате производи кои не ја содржат.rnrn2-ova-se-sostojkite-koi-vashiot-omilen-proizvod-za-nega-ne-smee-da-gi-sodrzhi-www.kafepauza.mk_rn

    4. Есенцијални масла

    rnСекако, само оние кои се користат како биолошки адитиви за додавање мирис. Доколку вашата кожа дошла до допир со некое есенцијално масло, таа може различно да реагира во зависност од температурата, годишното време, светлината и други услови, но најсигурно би било да ги исфрлите во целост од својата рутинска нега, доколку забележите какви било несакани ефекти.rn

    5. Бензил алкохол

    rnИако неговата употреба во козметиката е многу ретка, сепак може да се најде во составот на фарбите за коса или кремите за тело.rn

    6. Пропилен гликол

    rnОваа супстанца служи за задржување на влагата на кожата и помага хранливите состојки од кремата да се впијат во неа. Меѓутоа, доколку забележите дека вашата кожа е иритирана, проверете дали вашата крема ја содржи ова состојка.rnrn3-ova-se-sostojkite-koi-vashiot-omilen-proizvod-za-nega-ne-smee-da-gi-sodrzhi-www.kafepauza.mk_

  • Фотографии од небески тела направени од прехранбени производи кои можат да се јадат

    Фотографии од небески тела направени од прехранбени производи кои можат да се јадат

    Американскиот фотограф Навид Барати нѐ носи на виртуелно патување во вселената преку неговите неверојатни космички сцени кои ги создава со секојдневни состојки како што се сол, цимет или кафе. Имагинативниот фотограф ги става овие состојки на фотографски скенер чиј капак го остава отворен. Барати смета дека неговите фотографии доаѓаат од една измислена вселенска сонда која ја нарекува „WANDER“, која била испратена за да се истражува универзумот. Но, вистинскиот истражувач е самиот Барати, кој продолжува да ги предизвикува бесконечните царства на имагинацијата, експериментирајќи со обичните, земјени материи за да ја генерира неговата фантазмагорична уметност.rnrn

    Земја: Дно од чаша која содржи виски, кокосово млеко, вода, сос од соја и прехранбени бои; Ѕвезди: Сол, брашно, цимет и кари
    rnrnOвој дел на уметничката серија вклучува небески тела од планети и маглини, сите направени од состојки кои можат да се јадат како што се колачиња, палачинки, брашно, млеко и слично. Во универзумот на Барати, месечината не е направена од сирење туку е една палачинка, а Земјината топка е направена од виски, кокосово млеко, вода, сос од соја и прехранбени бои. Погледнете за што станува збор.rnrn

  • Клучните состојки за среќен живот

    Клучните состојки за среќен живот

    Сите секојдневно се прашуваме кои состојки го сочинуваат рецептот за среќен живот. Секој сака да е среќен, но на малкумина им успева тоа. Понекогаш некои од состојките едноставно недостасуваат, сме заборавиле да ги ставиме или сме ги замениле со погрешни. Ако сакаме да направиме колач, но наместо да ставиме шеќер, сме додале сол, нема да го добиеме посакуваниот резултат. Исто е и со животот.rnrnСостојки за среќен животrnrnВажно е да бидеме свесни кои се состојките потребни за среќен и исполнет живот. Овој рецепт може да не е сосема ист кај сите луѓе, но еве ги главните состојки без кои не би бил целосен:rn

    Почит кон себеси и останатите

    rnПокажете почит спрема луѓето околу себе. Насилноста и исмејувањето се строго забранети! Научете да бидете толерантни и немојте да му се развикате на возачот кој ви го пресекол патот. Наместо тоа останете смирени и подарете по некој убав збор. Ќе видите како енергијата на луѓето околу вас веднаш ќе стане попозитивна.rn

    Правилна исхрана

    rnПотребно е да најдете баланс помеѓу желбата за храната што ви причинува задоволство и храната која е корисна за вашето здравје. Сите понекогаш сакаме да каснеме чоколадо или да изедеме голема пица за ручек, без притоа да чувствуваме грижа на совест, и тоа е во ред. Но, обидете се ваквите задоволства да ги сведете на минимум и да си ги дозволувате само во одредени денови од неделата. Вашето секојдневно мени нека биде исполнето со здрава храна. Телото и умот ќе ви бидат благодарни.rn

    Правилно насочување на енергијата

    rnСте се запрашале ли некогаш што ве исцрпува, а што ве полни со енергија? Ако секојдневно се чувствувате изморено и раздразливо како ќе можете да функционирате правилно? Важно е да го откриете изворот кој ја „цица“ сета ваша енергија и ако не можете да го елиминирате, барем потрудете се да го пронајдете оној кој ве полни со енергија и воспоставете рамнотежа помеѓу двата.rn

    Мир

    rnТешко е да се пронајде внатрешниот мир. Некои луѓе целиот живот го бараат, но не успеваат да го најдат. За да се приближите до достигнувањето на оваа цел, потребно е да се поврзете со вашиот сопствен ум и душа. Тоа ќе го направите ако поминувате доволно време со самите себеси, во вашиот внатрешен свет. Одвојте половина час од денот за да бидете сами. Ќе видите колку интересни работи ќе откриете за себе и колку добро ќе се запознаете со вашата личност што ќе ве направи многу посмирени и повозвишени.rn

    Релаксација

    rnДоколку постојано го жртвувате својот сон на сметка на работата и обврските што ги имате, дозволете си себеси да земете повеќе време за одмор и спиење. Во ред е понекогаш да не правите ништо во текот на денот и едноставно да си прилегнете.rn

    Пријатели

    rnСекогаш одвојувајте време за дружба со вашите пријатели. Вистинските пријатели се многу важен сегмент од животот на секој човек. Често го прескокнувате саботниот ручек со нив затоа што сакате да се одморите дома или имате некои други ситни обврски? Не правете го тоа. Пријателите се оние кои ве сакаат, ви даваат поддршка и ве прифаќаат токму онакви какви што сте, заедно со сите маани и недостатоци. Без нив вие не би биле таму кај што сте во овој момент и вашиот живот не би бил целосен. Не го потценувајте нивното значење само затоа што не се гледате веќе толку често. Тие се секогаш тука за вас и за да ги задржите потребно е да го негувате вашиот однос со нив.rnrnСостојки за среќен животrn

    Благодарност

    rnБидете свесни за сето она што го имате и бидете благодарни. Научите да ги цените работите што ги добивате, а до сега ги земавте здраво за готово. Не станува збор за некои големи работи, туку токму за оние ситници на кои често пати забораваме да обрнеме внимание. Се разбудивте и првото нешто што го здогледавте беше насмеаното сонце после низа облачни денови? Утринското кафе ви беше необично вкусно? Партнерот ве гушна најсилно на целиот свет без некоја особена причина? На прв поглед овие работи делуваат сосема безначајно, но токму тие ја сочинуваат големината на животот и нашето постоење.rn

    Креативност

    rnИскористете ги сите можности кои ги нудат вашите сетила, тело и ум, и не плашете се да истражувате нови работи. Потрошете малку време на уметноста, сликањето, научете да свирите некој инструмент, танцувајте… Бидете креативни! Којзнае, можеби ќе откриете некој ваш скриен талент.rn

    Учете од грешките

    rnНаучете да живеете со погрешните одлуки кои сте ги донеле и соочете се со последиците. Немојте да ја префрлате вината на другите за вашите грешки. Дури и ако некој ви нанел зло, обидете се да го извлечете најдоброто од целата ситуација и научете нешто од тоа негативно искуство. Луѓето се склони кон правење грешки и токму тоа придонесува за изградба на нивната извонредна личност.rn

    Емоционална мудрост

    rnМногу пати досега сте биле повредени и поради тоа сте претпазливи кога станува збор за искажување на вашите емоции. Тоа е во ред, но до одреден степен. Немојте целосно да се затворате и да ставате маска на ладна личност за да се заштитите. Сакајте ги луѓето и кажувајте им го тоа. Отворено разговарајте за она што ве мачи. Се плашите дека партнерот не сака да поминува време со вас? Наместо да си направите триста сценарија во глава и да се измачувате себеси, бидете искрени и прашајте го отворено. Ако оваа стратегија почнете да ја применувате секојдневно, ќе видите колку вашиот живот ќе стане поедноставен од секој можен аспект. Покажувајте ги вашите емоции и не штедете на прегратки!rnrnПонекогаш некоја од овие состојки за среќен живот ќе ви недостасува и ќе ви се чини дека нема никогаш да ја пронајдете. Можеби ќе се чувствувате како „фрлени“ во светот без ваша согласност. Ќе си мислите дека вашето постоење е бесполезно и бесмислено поради минливоста на животот. Но, вие сте присутни во овој свет бидејќи треба да остварите одредена цел, иако можеби таа нема да биде забележлива од прв поглед. Не ја барајте вашата среќа во материјалните нешта. Бидете духовна личност која ќе истражува, чита, патува, дружи и разменува возвишени животни искуства!

  • Појадок од само пет состојки кој може да го подготви секој маж

    Појадок од само пет состојки кој може да го подготви секој маж

    Уживајте во прекрасниот вкус на протеинските палачинки

    rnПојадок од само пет состојки кој може да го подготви секој мажrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 250 грама сирење
    • rn011

    • 250 грама овесна каша
    • rn011

    • 5 големи јајца
    • rn011

    • 2 кафени лажици цимет
    • rn011

    • 1 лажица јаворов сируп
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите состојки ставете ги во блендер и мешајте сè додека не се добие кремаста смеса. Во голема тава, на среден оган, ставете малку путер и додајте ја смесата од блендерот. Пржете ја смесата додека не пожолти и на површината не се појават специфични меурчиња, а потоа свртете ја од другата страна. Важно е таа да добие форма на голема палачинка.rn

    Хранливи вредности:

    rn

      rn011

    • Калории: 229
    • rn011

    • Вкупно масти: 9 грама
    • rn011

    • Заситени масти: 3 грама
    • rn011

    • Протеини: 17 грама
    • rn011

    • Јаглехидрати: 20 грама
    • rn011

    • Шеќер: 6 грама
    • rn011

    • Влакна: 3 грама
    • rn011

    • Холестерол: 238 милиграми
    • rn011

    • Натриум: 276 милиграми
    • rn

  • Оваа мала нова алатка ви открива колку калории содржи вашата храна

    Оваа мала нова алатка ви открива колку калории содржи вашата храна

    Сте посакале ли некогаш да имате магично стапче и веднаш да дознаете колку калории има вашата храна? Ова е токму тоа. Станува збор за SCiO, мала нова направа којашто ја скенира вашата храна за да ги открие состојките кои ги содржи – калориите, јаглехидратите и мастите. Со нејзина помош вие можете редовно да го следите внесувањето на храната и притоа да добивате план за како да ја подобрите вашата исхрана.rnrnrnrnКако функционира тоа поточно? Алатката SCiO користи молекуларен светлосен сензор за да го идентификува хемискиот состав на храната, а ги скенира дури и специфичните состојки, како што е на пример маслото за јадење. Што е најдоброто од сето ова? Сите овие информации ги гледате на апликацијата наречена DietSensor, којашто исто така дава совети за вашата исхрана. Оваа апликација дури добила и награда за иновација оваа година.rnrnrnrnЗа сега, скенерот работи најдобро со хомогена храна, како што е лебот. Како и да е, компанијата изјавила дека повеќето луѓе ја користат оваа алатка за скенирање друг вид храна, а што повеќе податоци собира, толку поточна ќе биде.rnrnrnrnИако е достапна за секој кој сака да ја купи, оваа алатка претежно е наменета за луѓето со дијабетес и други проблеми со здравјето кои вклучуваат специфична диета. Всушност, идејата за изработката на ваква алатка доаѓа од една француска компанија, откако на ќерката на еден од основачите во 2014 година ѝ било дијагностициран дијабетес тип 1.rnrnrnrnОваа алатка се очекува да чини 249 долари и да биде пуштена во продажба првата половина од оваа година.rnrnБи ја користеле ли и вие?

  • Опасност: Избегнувајте да ги купувате продуктите кои во својата декларација ги имаат овие нешта

    Опасност: Избегнувајте да ги купувате продуктите кои во својата декларација ги имаат овие нешта

    Често во продавниците можат да се пронајдат производи на чија декларација има состојки кои изобилуваат со непознати и необични имиња. Но, што тие значат, за што служат и дали се добри или лоши за нашето здравје? Погледнете ја оваа листа од состојки, составена од познати нутриционисти, кои треба да ги избегнувате доколку сакате да го задржите вашето здравје.rnrnОпасност: Избегнувајте да ги купувате продуктите кои во својата декларација ги имаат овие нештаrn

    MSG или Е621

    rnСтанува збор за засилувач на вкус кој е најзастапен во индустријата за производи како инстант супа и месни преработки. Иако со својата 10-годишна употреба во прехранбената индустрија не е докажано дека има штетно влијание врз здравјето, сепак постојат знаци кои укажуваат дека може да предизвикува симптоми како главоболка и мачнина.rn

    Е951

    rnВештачките засладувачи немаат никаква енергетска вредност, но сепак даваат интензивен вкус на слаткост. Токму затоа и се многу присутни во прехранбените производи. Нивната примена може позитивно да влијае врз оние кои се на диета, како и на личностите кои боледуваат од дијабетес. Но, употребата на одредени засладувачи, како Е951, можат да предизвикаат потенцијална штета на здравјето.rn

    Транс масни киселини

    rnТие настануваат со делумна хидрогенизација на растителните масла. Станува збор за масни киселини кои негативно влијаат на здравјето бидејќи го зголемуваат нивото на лошиот холестерол што потоа доведува до ризик од различни видови срцеви заболувања.rn

    Нитрити и нитрати

    rnНитритите и нитратите се конзерванси кои најмногу се користат за производство на сувомеснати производи, сирење и одредени продукти со риби. Во организмот најчесто го нарушуваат протокот на кислородот во крвта, па токму затоа и треба да се избегнуваат сите производи кои ги содржат, особено кај чувствителните деца.rn

    Е102 и Е123

    rnУпотребата на различните вештачки бои како Е102 и Е123 во одредени земји е целосно забранета бидејќи постои сомнеж дека можат да создадат различни видови здравствени проблеми. Доколку имате можност, секогаш одбирајте ги оние производи кои содржат природни бои, како што се екстрактот од пиперка (Е160c) и куркумата (Е100).

  • Сакате нешто здраво? Салатата е одличен избор, но дали знаете кои се најдобрите и најлошите состојки за неа?

    Сакате нешто здраво? Салатата е одличен избор, но дали знаете кои се најдобрите и најлошите состојки за неа?

    Иако салатата важи за едно од најздравите јадења кои може да ги имаме во текот на денот, особено во летниот период, многу лесно може да се случи таа да се претвори од потполно здрав оброк во нездрав. Во што е тајната? Токму во состојките кои се наоѓаат во неа, на кои треба да внимавате. Денес ви ги откриваме најдобрите, но и најлошите состојки за вашата салата.rnrn1-sakate-neshto-zdravo-salatata-e-odlichen-izbor-no-dali-znaete-koi-se-najdobrite-i-najloshite-sostojki-za-nea-www.kafepauza.mk_rn

    Најдобри состојки за вашата салата

    rnКога станува збор за најдобрите состојки за салата, тука дефинитивно се вбројува крцкавиот зеленчук, бидејќи тој може брз да ве засити, но исто така е доволно вкусен за потполно да уживате во она што го јадете. Тука секако се вклучува и зеленчукот кој е богат со витамини и влакна, како што се: краставицата, целерот, доматот, кељот, марулата и зелената пиперка.rnrnМеѓутоа тука не е крајот кога зборуваме за здравите состојки, бидејќи освен зеленчукот, во неа може да се додадат разни видови месо, како на пример, пилешки крилца, туна, бела риба, но и жолчки, бидејќи се многу здрави за нашите мускули, а со тоа и за нашиот организам.rnrn2-sakate-neshto-zdravo-salatata-e-odlichen-izbor-no-dali-znaete-koi-se-najdobrite-i-najloshite-sostojki-za-nea-www.kafepauza.mk_rn

    Најлоши состојки за вашата салата

    rnЧесто ни се случува, покрај здравите состојки, во салатата да додадеме и состојки кои се богати со калории, па со тоа се уништува ефектот на здравиот оброк. Најчесто станува збор за исклучително масни и солени состојки, кои дури и во мали количини може да имаат голем негативен ефект во однос на здравиот зеленчук кој доминира. Тоа може да бидат различни преливи и сосови, но на листата на нездрави состојки се наоѓаат и разните стапчиња и тортиљи, прженото пилешко, кубетите, сушеното овошје, сланината, како и слаткиот зеленчук, како што е случајот со пченката.