КАФЕ ПАУЗА

Tag: социјални мрежи

  • Влијанието на социјалните мрежи: Еве што ќе се случи ако престанете да користите Фејсбук

    Влијанието на социјалните мрежи: Еве што ќе се случи ако престанете да користите Фејсбук

    Дали постојано им завидувате на другите, немате никаков социјален живот и не можете да се концентрирате? Според данските научници, сè тоа би можело да биде последица од претераното користење на Фејсбук кои тврдат дека оние кои поминале само една недела без оваа социјална мрежа покажувале значително зголемување на среќата.rnrnВлијанието на социјалните мрежи: Еве што ќе се случи ако престанете да користите Фејсбукrn

    „Го одбравме Фејсбук бидејќи станува збор за социјална мрежа која ја користат голем број луѓе на различни возрасти“, вели Меик Викинг, директор на Институтот за истражување на среќата.

    rnОваа студија опфатила 1.095 испитаници, кои биле поделени во 2 групи – една која продолжила да користи Фејсбук со истото темпо, додека од другата се барало да издржат 7 дена без оваа социјална мрежа. По една недела, оние кои не користеле Фејсбук изјавиле дека се многу позадоволни од својот живот. Дури 88% од нив рекле дека се почувствувале посреќни, додека истото мислење го делеле 81% од другата група.rnrn84% од оние кои апстинирале од оваа социјална мрежа, односно 75% од зависниците од Фејсбук го добиле истиот впечаток за среќата. Незадоволство од својот живот изјавиле 12% од истата група и 20% од оние кои и понатаму биле поврзани на мрежата. На крајот од експериментот оние кои не користеле Фејсбук изјавиле дека имале многу побогат социјален живот и помалку потешкотии при фокусирање, додека оние кои продолжиле да го користат не забележале никакви промени.rn

    „Наместо да размислуваме за она кое ни е потребно, ние сме склони да се фокусираме на туѓите преокупации“, велат авторите на оваа студија.

    rnКорисниците на Фејсбук имаат 39% повеќе шанси да се чувствуваат помалку среќни од оние кои не ја користат оваа мрежа.

  • 5 нешта што се случуваат кога ќе се опкружите со вистинските луѓе и каде да ги најдете!

    5 нешта што се случуваат кога ќе се опкружите со вистинските луѓе и каде да ги најдете!

    Колку пати досега во животот сте сакале да направите нешто и тоа сте му го спомнале на некој ваш пријател или роднина коj веднаш ве исполнил со толкава негативност што на крај сте снемале енергија и сте се предале? Или, личноста ви покажала дека премногу работи не се во ред со идејата, па сте се убедиле дека не можете да го направите тоа или дека не сте доволно добри за да ја остварите.rnrn0-5-neshta-shto-se-sluchuvaat-koga-kje-se-opkruzhite-so-vistinskite-lugje-i-kade-da-gi-najdete-kafepauza.mkrnrnМожеби вие сте најпозитивната личност, но сепак луѓето околу вас влијаат врз вашите одлуки и однесување. Нивното влијание во вашиот живот се одразува на вашите мисли, одлуки, самодоверба и способноста да го следите зацртаниот план.rn

    Ова се 5-те нешта што се случуваат кога ќе се опкружите со вистинските луѓе:

    rn

      rn011

    1. Вашата перцепција за животот и за тоа кои сте како личност стануваат многу подобри.
    2. rn011

    3. Ќе постигнете ново ниво на оптимизам и страст да го правите она што го сакате.
    4. rn011

    5. Развивате чувство за цел и порив за она што сакате да го правите во животот.
    6. rn011

    7. Фокусирани сте и мотивирани да направите план и да го остварите.
    8. rn011

    9. Станувате пофокусирани на целта.
    10. rn

    rn

    Каде може да ги најдете ваквите луѓе?

    rn

      rn011

    1. Настани поврзани со конкретна индустрија, обуки, состаноци на здруженија и професионални настани.
    2. rn011

    3. Постари личности на местото каде што работите. Сепак внимавајте на ова, може да имате ментор на кој длабоко му се восхитувате, а тој да посакува и да го очекува вашиот неуспех. Пред личноста да ви стане ментор, тестирајте ја колку е таа спремна да ви помогне и дали навистина нејзините намери се искрени.
    4. rn011

    5. На конференции и јавни говори. Одете на бесплатни настани и инвестирајте во неколку платени, секако ако можете да си дозволите.
    6. rn011

    7. Ако ниедна од овие опции не ви се допадна, тогаш интернетот е секогаш тука за вас – Шерил Сендберг и Аријана Хафингтон се само дел од личностите кои можат да ви помогнат. Тие имаат многу онлајн говори и голем број книги кои можете да ги спуштите. Добра опција е да ги следите на Твитер и Фејсбук.
    8. rn011

    9. Другите онлајн можности вклучуваат блогови, форуми и веб-сајтови од одредена индустрија.
    10. rn

    rnНе им приоѓајте на овие луѓе како да се вашите херои. Тие се нормални луѓе исто како што сте вие. Развијте стратегија за секоја активност во којашто ќе се впуштите. Идентификувајте ги луѓето со кои сакате да се поврзете, а потоа пристапете им така што ќе им покажете дека сакате искрена, професионална врска од која двете страни ќе имаат корист. Поврзете се со нив на социјалните мрежи како Линкдин и Твитер, но држете се понастрана од Инстаграм.rn

    Со какви истомисленици би требало да се поврзете?

    rn1-5-neshta-shto-se-sluchuvaat-koga-kje-se-opkruzhite-so-vistinskite-lugje-i-kade-da-gi-najdete-kafepauza.mkrnrnЗемете пенкало и направете листа од 5 луѓе кои сметате дека го претставуваат местото каде што би сакале да бидете – луѓе кои ги симболизираат квалитетите што ги посакувате. Тие се луѓето со кои сакате да се опкружите. Барајте ги – онлајн и офлајн – и најдете начин да се поврзете со нив.rnrnПонекогаш негативните луѓе се дел од фамилијата или ви се блиски така што не можете да се оттргнете од нив. Сепак, не ви препорачуваме сосема да ги исклучите од вашиот живот, туку да го намалите нивото на контакт. Не поминувајте многу време околу ваквите луѓе. Запомнете дека ова е за тие 5-те луѓе со кои го поминувате најголемиот дел од времето. Исклучете ги оние кои сметате дека наместо да ви помогнат да ги реализирате вашите цели, ве попречуваат во тоа.rnrnСите значајни луѓе во вашиот живот треба да ве воздигнуваат, да ви даваат сила и да ве прават подобра и посилна личност. Со тоа што ќе изберете со кого сакате да го поминете вашето време, правите свесна одлука да ја обликувате вашата иднина така како што вие сакате.

  • Поранешен Инстаграм модел ги преработува своите објави за да ја покаже вистината зад фотографиите

    Поранешен Инстаграм модел ги преработува своите објави за да ја покаже вистината зад фотографиите

    Одмаздата на интернет моделот Есена Онил против социјалните мрежи е моќна. Кога станува збор за Инстаграм славни, постојат малку модели кои заработувале повеќе од оваа 18-годишна девојка од Австралија. Нејзиниот профил кој вклучува комбинација од пејзажи и фотографии од неа покрај водопади, достигнал скоро 580.000 следачи. Таа исто така имала и 260.000 претплатници на Јутјуб и 60.000 на Снепчет.rnrnСè тоа се случувало пред нејзиниот слом, кој резултирал со бришење на повеќе од 2.000 фотографии и неактивност на Јутјуб и Снепчет со цел да ја открие реалноста зад работата како модел на социјалните мрежи. Таа ги модификувала објавите на фотографиите кои ги оставила на Инстаграм со цел да открие низ што поминувала за нејзините фотографии да изгледаат толку совршени, а сепак спонтани.rnrn

    НЕ Е ВИСТИНСКИ ЖИВОТ – Направив над 100 фотографии во слични позиции додека да го направам мојот стомак да изгледа добро. Скоро и да не јадев тој ден. Постојано ѝ викав на мојата помала сестра да продолжи да ме фотографира сè додека не налетав на фотографија на која донекаде бев горда.
    НЕ Е ВИСТИНСКИ ЖИВОТ – Направив над 100 фотографии во слични позиции додека да го направам мојот стомак да изгледа добро. Скоро и да не јадев тој ден. Постојано ѝ викав на мојата помала сестра да продолжи да ме фотографира сè додека не налетав на фотографија на која донекаде бев горда.
    rnrn
    НЕ Е ВИСТИНСКИ ЖИВОТ – Не платив за овој фустан, направив безброј фотографии за да се обидам да изгледам жешко за Инстаграм, формалното ме направи да се чувствувам исклучително осамено.
    НЕ Е ВИСТИНСКИ ЖИВОТ – Не платив за овој фустан, направив безброј фотографии за да се обидам да изгледам жешко за Инстаграм, формалното ме направи да се чувствувам исклучително осамено.
    rnrn
    Тука имав акни, ова е многу шминка. Се смеев бидејќи мислев дека изгледам добро. Среќата базирана врз естетика ќе го згуши вашиот потенцијал тука на Земјата.
    Тука имав акни, ова е многу шминка. Се смеев бидејќи мислев дека изгледам добро. Среќата базирана врз естетика ќе го загуши вашиот потенцијал тука на Земјата.
    rnrn
    Бев платена 400 долари за да објавам фотографија со фустан. Тоа беше кога имав можеби 150.000 следачи. Со половина милион следачи, многу онлајн брендови (со голем буџет) плаќаат и до 2.000 долари за објава. Нема ништо лошо во тоа да прифатите договор со бренд. Само сакам да се знае што се случува. Оваа фотографија нема основа, не беше етички обработена (во тоа време не бев образована). Сакам да кажам дека СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ НЕ СЕ ВИСТИНСКИ. Бидете внимателни за она што луѓето го промовираат и запрашајте се што се нивните намери зад фотографијата.
    Бев платена 400 долари за да објавам фотографија со фустан. Тоа беше кога имав можеби 150.000 следачи. Со половина милион следачи, многу онлајн брендови (со голем буџет) плаќаат и до 2.000 долари за објава. Нема ништо лошо во тоа да прифатите договор со бренд. Само сакам да се знае што се случува. Оваа фотографија нема основа, не е од етички производител (во тоа време не бев образована). Сакам да кажам дека СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ НЕ СЕ ВИСТИНСКИ. Бидете внимателни за она што луѓето го промовираат и запрашајте се што се нивните намери зад фотографијата.
    rnrn
    НЕ Е ВИСТИНСКИ ЖИВОТ – Ме платија за да ги промовирам и фармерките и маичката.
    НЕ Е ВИСТИНСКИ ЖИВОТ – Ме платија за да ги промовирам и фармерките и маичката.
    rnrn
    ПРОМЕНА НА ВИСТИНСКИОТ КЕПШН: Платив за оваа фотографија. Ако забележите дека ги гледате „Инстаграм девојките“ и дека посакувате вашиот живот да е таков... Сфатете дека вие го гледате само она кое тие сакаат да го видите. Ако спомнат компанија, постојат 99% шанса дека тие ги платиле да го направат тоа. Нема ништо лошо во поддршката на оние брендови кои ги сакате (на пример, јас гордо би промовирала еколошки чаршафи или веганско јадење во замена за пари бидејќи тоа е бизнис со цел за мене). Но, ова нема цел. Нема цел во лажната насмевка, малите облеки и плаќањето да изгледате убаво. Ние сме генерација на која ѝ се кажува да консумира и консумира, без размислување од каде доаѓа сè тоа и кон што води.
    ПРОМЕНА НА ВИСТИНСКИОТ КЕПШН: Платив за оваа фотографија. Ако забележите дека ги гледате „Инстаграм девојките“ и дека посакувате вашиот живот да е таков… Сфатете дека вие го гледате само она кое тие сакаат да го видите. Ако спомнат компанија, постојат 99% шанса дека тие ги платиле да го направат тоа. Нема ништо лошо во поддршката на оние брендови кои ги сакате (на пример, јас гордо би промовирала еколошки чаршафи или веганско јадење во замена за пари бидејќи тоа е бизнис со цел за мене). Но, ова нема цел. Нема цел во лажната насмевка, малите облеки и плаќањето да изгледате убаво. Ние сме генерација на која ѝ се кажува да консумира и консумира, без размислување од каде доаѓа сè тоа и кон што води.
    rnrn
    Единственото нешто што направи да се чувствувам добро тој ден беше оваа фотографија. Колку длабоко депресивно. Имањето добро тело не е сè за што ние луѓето сме способни.
    Единственото нешто што направи да се чувствувам добро тој ден беше оваа фотографија. Колку длабоко депресивно. Имањето добро тело не е сè за што ние луѓето сме способни.
    rnrn
    🐬 Уште една фотографија која е направена со цел да го промовира моето 16-годишно тело. Ова беше целиот мој идентитет. Тоа ограничуваше. Ме направи неверојатно несигурна. Немате идеја.
    🐬 Уште една фотографија која е направена со цел да го промовира моето 16-годишно тело. Ова беше целиот мој идентитет. Тоа ограничуваше. Ме направи неверојатно несигурна. Немате идеја.
    rnrnСите овие промени во објавите се одвиваат паралелно со појавата на нејзиниот нов веб-сајт „Let’s Be Game Changers“ кој досега се состои од лични блог постови, информации, форум и серија влогови против светот на моделите кои ви даваат точна слика за она што се случува во нејзиниот ум додека таа агресивно си оди од кариерата која успешно ја изградила.rnrnПоследното видео кое го објавила на сајтот е ова видео каде што таа го објаснува бизнисот на социјалните мрежи, како е да се работи како модел и што требало да се промени за таа да дојде до момент кога сметала дека откажувањето е единственото нешто што таа може да го направи за својата добросостојба.rnrn

  • Според една нова студија, оваа социјална мрежа ги прави луѓето најсреќни

    Според една нова студија, оваа социјална мрежа ги прави луѓето најсреќни

    Можете слободно да престанете да читате твитови на Твитер, да гледате објави на Фејсбук или да разгледувате фотографии на Инстаграм, бидејќи според една нова студија, ниту една од овие социјални мрежи нема да ве направи толку среќни како Снепчет. Според истражувачите од Универзитетот во Мичиген, кои истражувале 154 студенти и нивната употреба на смартфони, тие откриле дека најмногу наградената комуникација, веднаш зад онаа лице в лице, настанувала со помош на Снепчет.rnrnСпоред една нова студија, оваа социјална мрежа ги прави луѓето најсреќниrn

    „Многумина го доживуваат Снепчет како апликација за праќање секси фотографии“, вели Џозеф Бауер, водечкиот автор на оваа студија. „Но, ние откривме дека Снепчет најчесто се користи за спонтана комуникација помеѓу блиски пријатели на нов и најчесто пријатен начин.“

    rnЗа оваа студија, која е прва од својот вид, Бауер и неговиот тим примениле техника наречена „примерок од искуство“, мерка која го објаснува моменталното однесување и размислување. Тоа вклучува испитување на студентите во текот на денот за како се чувствуваат користејќи ги социјалните мрежи со прашања како „Колку пријатна или непријатна беше неодамнешната интеракција?“ или „Во склоп на оваа интеракција, колку вашиот соговорник ви беше од поддршка?“rnrnИстражувачите откриле дека интеракциите на Снепчет биле поврзани со попозитивни емоции отколку оние кои настануваат на Фејсбук и другите социјални мрежи, но исто така се доживувала и како помалку од поддршка од другите форми на комуникација, вклучувајќи го и Твитер, пораките или имејловите. Научниците веруваат дека сè е поврзано со автентичната природа на она што се испраќа на Снепчет.rn

    „Откако Фејсбук се претвори во простор за споделување големи моменти како дипломирање, бебиња и родендени, Снепчет изгледа им овозможува на своите корисници уникатен простор за споделување мали моменти. Многу е лесно да се изгубите во стравот од пропуштање кој се создава од Фејсбук, но многу полесно можете да се поврзете со фотките од „незначајните“ нешта како седењето во паркиран автомобил и на тој начин се чувствувате повеќе сфатено“, вели Бауер.

    rnТокму затоа слободно продолжете да ги правите бизарните фаци пред вашиот смартфон во јавност. Правете го тоа што ве прави среќни.

  • Што машките најчесто кријат на Фејсбук?

    Што машките најчесто кријат на Фејсбук?

    Ако статусот на врската е сокриен, значи дека постои можност нешто да крие. Исто така, жените не се единствените кои лажат за своите години, тоа го прават и мажите, но од друга причина..rnrnshto-mashkite-najchesto-krijat-na-fejsbuk-kafepauza.mkrnrnИнтернетот е место на кое секој може да биде сѐ што ќе посака, дури и ако тоа нема никаква врска со вистинската состојба. Мажите на тој начин неретко лажат на Фејсбук, а ова се работите за кои најчесто не се искрени.rn

    Статусот на врската

    rnАко е сокриен, значи дека постои можност нешто да мати. Машките кои се во врска, немаат проблем да го стават таквиот статус на Фејсбук, додека измамниците ќе најдат начин да создадат привидна слобода, иако можеби веќе со години се  зафатени.rn

    Годините

    rnЖените не се единствените кои лажат за својата возраст, тоа го прават и мажите, само од други причини и најчесто во другата насока. Додека жените ја спуштаат бројката на своите години, машките малку ја зголемуваат, за да добијат на сериозност.rn

    Работата

    rnПретприемач? Менаџер? Бизнисмен? Сите овие се одлични називи за работа која баш не може лесно да се дефинира. Тука секако се и фриленсерите, експертите за односи со јавност во неименувани фирми, претседателите на одредени организации итн. Мажите некогаш и  го кријат својот работен однос, па не е чудно ако наидете на тип кој дели флаери низ град, а во делот за работа ставил маркетинг експерт.rn

    Хобијата

    rnСите имаме некое хоби, но кога маж се обидува да импресионира жена, тој има повеќе одошто можеме да си замислиме. Од тенис и други вообичаени спортови, до спортски риболов и свирење бас гитара, машките често лажат кога се работи за начините на кои го пополнуваат своето слободно време.rn

    Финансискиот статус

    rnПарите не им се важни на паметните жени, но мажите тоа некогаш не го сфаќаат, па неретко може да се види профилна слика на која јунакот стои покрај нечиј автомобил и глуми дека е негов. Лажниот животен стил привлекува погрешни жени, а тие нема да останат со вас кога ќе сфатат дека сѐ на вашиот профил е само добро изрежирана глума.

  • Како се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук?

    Како се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук?

    Фејсбук е една од најпопуларните социјални мрежи, која е погодна за откривање на некои карактеристики на луѓето кои се членови. Затоа нека не ве чуди што на основа на Фејсбук може да се одредат некои карактеристики на хороскопските знаци, но и обратно. Погледнете како се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук.rnrn1-kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-na-fejsbuk-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnПрипадниците на овој знак се препознатливи на Фејсбук по тоа што се насочени кон себе и токму тие се оние кои ги обработуваат нивните фотографии во Фотошоп за да изгледаат совршено. Тие мора да бидат во тек со сите случувања, па често ги проверуваат настаните. Исто така, не одобруваат што било да им се објави на нивниот профил додека тие не го проверат тоа, па затоа не е чудно кога ќе се налутат, да го избришат својот профил, а потоа да направат нов.rn

    Бик

    rnКога на Фејсбук ќе видите фотографии од луксузни работи, храна и места, тогаш бидете сигурни дека е во прашање личност која е Бик во хороскоп. Ним им се досадни пријателите кои објавуваат досадни стихови и песни, но затоа ги следат трендовите и голем број групи. Не објавуваат често свои фотографии, но затоа ќе ги избришат туѓите објави, фотографии и коментари доколку не им се допаѓаат. Најчесто се означуваат на патувања и на разни необични места.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се оние кои се во состојба да нè бомбардираат со своите фотографии, но и со фотографии од нивните деца или партнерот. Тие редовно нè известуваат за сите нивни емоционални состојби, па често ги нервираат останатите, бидејќи овие не сфаќаат дека Фејсбук за Близнаците е само чиста разонода. Освен тоа, сакаат што преку него може да комуницираат со други луѓе, па затоа поштенското сандаче им е секогаш полно.rnrn2-kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-na-fejsbuk-www.kafepauza.mk_rn

    Рак

    rnНа Раковите во суштина Фејсбук им е досаден, но кога се активни на оваa социјална мрежа, тогаш нивните објави најчесто се противречни – од весели и оптимистични па сè до „ќе ве убијам сите“ објави. Оваа мрежа им служи за да ги следат луѓето со кои изгубиле контакт, но и во тоа не се премногу активни. Сепак, ќе се пофалат со работи кои им значат, како што се роденденот на нивното дете, новата врска или пак брак.rn

    Лав

    rnЛавовите сакаат да привлекуваат внимание, па често ги бомбардираат своите пријатели со објави и фотографии на кои многупати се во секси пози. Редовно ги следат туѓите профили, ги „лајкуваат“ фотографиите и објавите на сите, а со некои луѓе ги одржуваат односите исклучиво преку социјалните мрежи, кои како да се создадени за нив. Најчесто имаат и многу пријатели.rn

    Девица

    rnДевицата ги следи трендовите и сака да биде во тек со сите настани, но на Фејсбук не ја открива нејзината приватност. Нив ќе ги забележите како коментираат на актуелните социјални и политички теми, а ќе бидете среќни ако воопшто најдете нивни лични фотографии. Тие се толку мистериозни, што нема да се означуваат каде се, бидејќи не сакаат другите да им навлезат во нивната трага.rn

  • 7 правила за совршени фотографии во бикини

    7 правила за совршени фотографии во бикини

    Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од летните одмори, каде што можат да се забележат многу девојки во бикини. Па, доколку сакате и вие да направите одлична летна фотографија од себе на која ќе изгледате прекрасно, тогаш погледнете ги следниве неколку правила кои ќе ви помогнат да ја постигнете вашата цел и да соберете голем број лајкови.rnrn7 правила за совршени фотографии во бикиниrnrn1. Истакнете ги деловите за кои имате најголема самодоверба, дури и да станува збор за грбот. Во тој случај, погледнете кон камерата преку вашето рамо.rnrn2. Ако стоите, спојте ги нозете, ставете го едното колено преку другото, колкот поставете го настрана (да добиете поистакнати облини), а рацете ставете ги на струк или држете ги во воздух. Доколку сакате лежечка фотографија, искористете ја гравитацијата во ваша корист. На пример, легнете на стомак, поставете ги нозете една врз друга така што коленото од горната нога ќе го спуштите на земја. На овој начин повторно добивате женствен облик на телото. Без разлика на позата, секогаш исфрлувајте го малку колкот настрана или кон назад. Имајте на ум дека фотографијата има две димензии, висина и ширина, па токму затоа не ги насочувајте рацете и нозете кон фотоапаратот бидејќи на тој начин визуелно се кратат.rnrn3. Ако правите селфи, најдобро ќе изгледате доколку се фотографите од повисок агол и странично, односно во полупрофил.rnrn4. Ако стоите исправено, побарајте од личноста која ве фотографира да се спушти малку пониско со цел да се добие илузија дека вашето тело е поиздолжено.rnrn5. Доколку се фотографите до средината на бедрата или пак, до струкот, избегнувајте работ на фотографијата да ги надминува вашите зглобови.rnrn6. Доколку имате можност да го наместите светлото, поставете го така што ќе дојде од страна или под агол од 45 степени. Ако станува збор за природно сонце, внимавајте да не сјае пресилно врз вас. Најоптимално би било доколку постојат умерени сенки по телото, а не целосна изложеност на светлината.rnrn7. Поминете ја зимата и пролетта во теретана. Редовното вежбање е клучот за најдобрите фотографии во бикини. Внимавајте вашето тело да е здраво во текот на целата година и ќе можете многу посамоуверено да се фотографирате во бикини на плажа.

  • Време е да го изгасите профилот: 13 начни на кои социјалните мрежи лошо ви влијаат

    Време е да го изгасите профилот: 13 начни на кои социјалните мрежи лошо ви влијаат

    Сетете се кога за последен пат сте седеле цел ден без да ги проверите профилите на социјалните мрежи. Не можете да сè сетите? Социјалните мрежи не треба да заземаат голем дел од вашето време. Исто така вашата онлајн личност и онаa во вистинскиот живот треба да сè совпаѓаат, а не да потполно да се разликуваат. Сите понекогаш знаеме да бидеме зависни од социјалните мрежи, но треба да се има граница. Погледнете на кој начин тие лошо влијаат на вас.rnrn1-vreme-e-da-go-izgasite-profilot-13-nachni-na-koi-socijalnite-mrezhi-losho-dejstvuvaat-na-vas-www.kafepauza.mkrnrn1. Ги игнорирате луѓето пред себе. Вашите родители ве немаат видено цела недела, а вие сè уште не сакате да го ставите телефонот во чанта додека ручате заедно со нив.rnrn2. Попрво би ја твитнале караницата со некого отколку да му го кажете тоа во лице. Ви треба време за совршено да ги компонирате 140-те карактери. #НеСеЗаебавајСоМенеrnrn3. Опседнати сте со тоа колку лајкови ќе добиете. Без разлика што и да објавите, дали е тоа слика од вашиот омлет за појадок или цитат за љубовта или пак едноставно видео во кое вашата мачка прави нормални работи како и секоја друга, ако не добие голем број лајкови, ќе биде избришано во рок од 24 часа.rnrn4. Правите премногу селфи фотографии. Причината поради која постојано доцните е тоа што секогаш мора да направите 20 селфи фотографии од вашата моментална коса, шминка и облека.rnrn5. Дак фејс. Доволно е.rnrn6. Комуницирате едноставно преку фрагменти од по 140 карактери. Секогаш кога ќе треба да напишете нешто подолго од една реченица вие се блокирате. А читање? Нема шанси. Ако другите не ја разберат пораката преку 140-те карактери тогаш не се вредни за вашето драгоцено време.rnrn7. Мислите дека секој сака да знае за вашите кризи во животот. Жалењето и пишувањето статуси како сте им верувале на погрешни луѓе нема да направи другите да сочувствуваат со вас. Тие само ќе превртуваат со нивните очи.rnrn8. Не сте свесни дека сте проѕирни со вашето фалење. Вашите селфи фотографии од теретаната и „ловот“ по многубројни коментари сè неискрени и неподносливи. Честитки за вашите совршени стомачни, а сега следува отследување.rnrn9. Статусот на вашата врска на Фејсбук ви е поважен отколку да бидете во здрава нормална врска. Само уште еден начин да им покажете на сите ваши познаници од Фејсбук каков прекрасен живот имате. Па што ако сте биле на неколку состаноци со момчето. Вашите ривали од средно нема потреба да го знаат тоа.rnrn10. Мислите дека сте блиски пријатели со Рајан Гослинг бидејќи тој ви врати на еден од вашите твитови за него. Па сега барате начин како да го продолжите разговорот со него секој ден. „Хаха, Рајан напиша многу смешен твит пред некој ден.“rnrn11. Кога сте ѝ лути на вашата пријателка вие не ѝ кажувате. Веднаш престанувате да ја следите на Инстаграм. Нема ништо побезмилосно од притискањето на „Unfollow“ копчето. Таа ќе забележи кога вие ќе престанете да ѝ ги лајкнувате нејзините постови и така ќе знае дека навистина ви погрешила нешто.rnrn12. Кога не сте во најдобри односи со вашето момче, веднаш го менувате статусот на врската во „комплицирано“. Вашите пријатели и семејството мора да останат информирани за сè што се случува во вашата врска. Со ова не мора да им кажувате на сите посебно.rnrn13. Ако Фејсбук не ве известува за родендените сигурно ќе го заборавите дури и роденденот на вашата мајка. Како луѓето ги памтеле родендените пред Фејсбук? Сигурно немате поим.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нов моден тренд: Девојки ја фарбаат својата коса во пастелни бои

    Нов моден тренд: Девојки ја фарбаат својата коса во пастелни бои

    Се сеќавате кога ви го покажавме трендот со седа коса? Доколку и вас ви здодеа да имате сребрени прамени, тогаш сигурно ќе ви биде мило да чуете дека нов моден тренд целосно ги освои социјалните мрежи. Девојки од целиот свет ја фарбаат својата коса во прекрасни пастелни бои и објавуваат фотографии кои периодов му дадоа разнобојност на интернетот.rnrn(1) Нов моден тренд: Девојки ја фарбаат својата коса во пастелни боиrnrnНаводно, колоритната коса повеќе не е резервирана само за панк рокерите, бидејќи голем број девојки (вклучувајќи ги и славните ѕвезди) го отфрлаат традиционалниот изглед и ја заменуваат бојата на нивната коса со неверојатни бебешко розови, сини и виолетови нијанси. Покрај тоа што изгледаат прекрасно, овие живи бои прават тие да наликуваат на митски суштества, како еднорози или сирени. Дали и вие би сакале да го пробате овој нов тренд?rnrn

    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да го спречите негативното влијание на социјалните мрежи на вашата самодоверба?

    Како да го спречите негативното влијание на социјалните мрежи на вашата самодоверба?

    Дали некогаш сте се нашле во ситуација детално да прегледувате нечиј Фејсбук или Инстаграм профил, потајно споредувајќи го вашиот живот со нивниот? Дали сте им се восхитувале на одредени личности поради луксузот во кој уживаат, нивниот изглед или партнер? На социјалните мрежи многу лесно нечиј живот изгледа совршено. Луѓето многу внимателно ги одбираат сликите кои ги постигаат, а секако, тука се и фото ефектите за сè да изгледа уште посовршено.rnrnСоцијалните мрежи се одличен и лесен начин на комуникација, ширење мисли и идеи и добивање инспирација, но уште полесно можат да станат главен виновник за недостигот на самодоверба. Еве како да го спречите тоа.rnrnКако да го спречите негативното влијание на социјалните мрежи на вашата самодоверба?rn

    Сфатете дека има навистина одлични работи и во вашиот живот

    rnДодека сте зафатени размислувајќи за нечиј успех или убав момент во неговиот/нејзиниот живот, дали имате време да размислите за сите убави нешта кои се случуваат во вашиот? Тоа што не го сликате секој можен момент кој ви го одзема здивот не значи дека сите тие моменти не се случиле.rn

    Заменете ја самокритиката со инспирација

    rnДа речеме дека на почетна ви излегува девојка на која навистина ѝ се восхитувате поради беспрекорниот стил и вкус за облека. Наместо да се критикувате што немате таков стил, поттикнете се себеси повеќе да работите на вашиот имиџ. Што е тоа по што сте препознатливи и уникатни? Заборавете на зависта и самокритикувањето, префрлете се на креативноста и инспирацијата, анализирајте го стилот на луѓето на кои им се восхитувате и тргнете од тука. Секако, во целиот овој процес не заборавајте да бидете свои.rn

    Направете список со нешта за кои сте благодарни

    rnОва ќе ви звучи како клише, но само кога ќе се сетите на сите оние нешта во кои уживате и сите оние работи за кои сте благодарни ќе научите повеќе да го цените сопствениот живот.rn

    Сфатете дека никому не му е сè така розово

    rnНа пример, на Инстаграм следите личност на која просто ѝ завидувате поради работата која ја има. Сè изгледа така добро, нејзината работа е динамична и авантуристичка. Мора да сфатите дека не постои совршенство и никој не живее идеален живот. Всушност, многумина и не би знаеле да одговорат точно на прашањето што е идеален и совршен живот за нив. Истата таа личност можеби се соочува со многу тешки моменти кои нема да ги најдете на Инстаграм.rnrnКако да го спречите негативното влијание на социјалните мрежи на вашата самодоверба?rn

    Осврнете се кон оние моменти кои ве прават среќни

    rnМожеби кога после долгиот ден ќе го видите вашиот партнер или кога се собирате на семеен ручек во недела. Не заборавајте на нештата кои ве прават среќни и секогаш наоѓајте време за нив. Кога ќе сфатите дека пребарувате по нечиј профил, излезете на прошетка со вашето куче, нешто што секогаш ве расположува.rn

    Веднаш донесете одлука за промена

    rnАко нешто не ви се допаѓа во вашиот животен стил, ако за нешто упорно се критикувате себеси, сменете го уште веднаш! Станете, направете план, тргнете кон промената која ја сакате. Пасивното седење и споредувањето на вашиот живот со нечиј друг нема да ви донесе промена.rn

    Бидете креативни

    rnСетете се колку сте талентирани и решителни кога сакате нешто. Вашето слободно време искористете го за некој интересен „направи сам“ проект, згответе нешто вкусно или направете креативна и уникатна декорација. Истото сликајте го и гордо погледнете го вашето дело.rn

    Секогаш испраќајте позитивни мисли

    rnНаместо да му завидувате некому или да го критикувате, не дозволувајте од вашата уста да излезе лош збор. Испратете позитивни вибрации бидејќи го добивате токму она што го давате. Ако навистина има добро тело, притиснете „лајк“. На крајот на краиштата, секој има нешто за што се гордее, само не заборавајте дека истото важи и за вас. Не влегувајте во виртуелни натпревари за тоа кој има подобар живот, едноставно живејте го вашиот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.