КАФЕ ПАУЗА

Tag: социјални мрежи

  • Што се случува кога ќе блокирате некого на социјалните мрежи?

    Што се случува кога ќе блокирате некого на социјалните мрежи?

    Постојат многу причини за да блокирате некого и не ви треба оправдување за да го направите тоа. Но, пред да го притиснете копчето за блокирање, добро е да знаете што ќе постигнете со тоа, односно кои се потенцијалните последици за секоја од најпопуларните социјални мрежи.rnrnШто се случува кога ќе блокирате некого на социјалните мрежи?rn

    Фејсбук

    rnДоколку се одлучите да блокирате некого на Фејсбук, тие нема да може повеќе да ве означуваат на објави или на фотографии и нема да имаат пристап до вашите објави. Ова значи и дека тие нема да можат да ве покануваат на настани или во групи, но и да започнат разговор со вас или да ве додадат за пријател. Со самото блокирање, вие повеќе не сте пријатели на мрежата. Доколку сакате да „одморите“ од некого, но сакате да го задржите како пријател, постои опција привремено да не го следите, односно да го ставите корисникот на пауза 30 дена.rn

    Инстаграм

    rnКога блокирате некого на Инстаграм тие не може да го најдат вашиот профил, како и вашите објави и приказни. Не грижете се, корисниците не добиваат известување доколку некој ги блокирал. Доколку луѓето кои сте ги блокирале ве споменуваат на Инстаграм, тоа нема да се појави на вашиот профил. По блокирањето, нивните „лајкови“ или коментари остануваат на фотографиите и видеата, кои можете рачно да ги избришете доколку сакате. Како и со Фејсбук, можно е привремено да не ги гледате објавите од одреден корисник без да го блокирате.rn

    Твитер

    rnТвитер ви овозможува да го скриете профилот или само одредени објави за одредени корисници. Откако ќе го блокирате, корисникот не може да ве следи, но и вие не може да го следите профилот кој сте го блокирале. Блокирањето не испраќа известување до личноста, но тие може да видат дека се блокирани доколку го отворат вашиот профил. Најважно е да се запомни дека блокирањето на Твитер не ги крие вашите објави од корисниците доколку вашиот профил е јавен. Некој кого сте блокирале може да ви ги гледа објавите доколку е одјавен од неговиот кориснички профил.rnrnПокрај можноста за блокирање на некој корисник, на Интернет има и можност за пронаоѓање љубов. Овие славни парови се запознале токму преку социјалните мрежи.

  • Сигурни знаци дека сте станале зависни од социјалните мрежи

    Сигурни знаци дека сте станале зависни од социјалните мрежи

    Се сеќавате кога последен пат се возевте во лифт или чекавте ред на шалтер, без притоа бесцелно да го проверувате телефонот? Секоја зависност, па и онаа од социјалните мрежи, може да биде многу лоша. На почетокот не сте свесни, но полека станувате роб на своите навики. Тоа што некогаш претставувало обична занимација, сега веќе го окупира сето ваше слободно време. Но, како да препознаеме дека сме станале зависни?rnrnrnrnПоследиците од оваа зависност може да бидат навистина сериозни – колку повеќе една личност е навлечена во виртуелниот свет, толку повеќе го губи контактот со реалноста. Во екстремни случаи, личноста ги користи социјалните мрежи како единствена форма на контакт со други луѓе. Ако секојдневно ги гледате туѓите обработени слики и преувеличени статуси, наскоро ќе почнете да станувате несигурни во себе и во својот физички изглед.rnrnДоколку забележувате дека вашето расположение се менува во зависност од тоа што сте виделе на социјалните мрежи и какви коментари сте добиле таму, време е да седнете и да размислите на оваа тема. Кога социјалните мрежи почнале да имаат силно влијание врз вашите секојдневни одлуки, тоа е знак дека можеби сте станале зависни од нив.rnrnДруги знаци на кои треба да обрнете внимание се:rn

      rn 011

    • Поминувате премногу време на социјалните мрежи
    • rn 011

    • Ги користите како бегство од реалноста
    • rn 011

    • Ги игнорирате битните обврски за да поминувате повеќе време на интернет, иако знаете дека тоа ќе има негативни последици
    • rn

    rnЗависноста од социјалните мрежи може да се третира како и секоја друга патолошка зависност. Во такви случаи, експертите препорачуваат когнитивно-бихејвиористички пристап, ограничување на пристапот до социјалните мрежи и разговор со психотерапевт, за да се открие емоционалната причина за зависност. Се предлага одморање од употребата на интернет некои три до четири недели. По овој период, интернетот повторно внимателно се воведува во секојдневниот живот.rnrnЗа почеток, направете го овој тест за да проверите дали сте зависни од својот телефон.

  • Синдром на искривено огледало: Барање мани и нивно преувеличување

    Синдром на искривено огледало: Барање мани и нивно преувеличување

    Многу млади ја одредуваат својата вредност според она што го гледаат на социјалните мрежи, па дури и судат за физичкиот изглед. Убавината не е убавина додека другите не се согласат со тоа. Дали навистина е така?rnrnСиндром на искривено огледало: Барање мани и нивно преувеличувањеrnrnКога грижата за сопствениот одраз во огледалото станува опсесија, психичкото здравје страда и време е да размислите за вашите приоритети.rnrnСиндромот на искривено огледало значи дека личноста, најчесто адолесцент, постојано бара мани во својот изглед и истите ги преувеличува. Доколку една девојка не е задоволна од својот изглед, значајно го преувеличува тој аспект.rnrnОвие мисли резултираат со несигурност и незадоволство, бидејќи тинејџерите се споредуваат со норми кои се наметнати од општеството и медиумите.rnrnВо овој случај, младите се споредуваат со она што го гледаат со фотографиите од туѓите животи. Ова е познато и како социјална споредба. А колку повеќе се споредуваме, толку повеќе се зголемува нашето незадоволство. Како резултат, младите се чувствуваат недоволно прифатено, привлечно или успешно. Овие чувства се влошуваат доколку личноста и претходно имала лошо мислење за себе. Можат да се појават депресија, анксиозност и осаменост, па дури и нарушувања во исхраната како анорексија и булимија.rnrnНапредокот на технологијата и начинот на комуникација го збогатува нашиот живот. Но, социјалните мрежи треба да се користат умерено и да не се дозволи тие да владеат со младите и со нивните животи.rnrnСекој од нас има потреба да ги сподели своите искуства со другите, без разлика дали се добри или не. Но денес, на социјалните мрежи, туѓите животи секогаш изгледаат подобри и поисполнети за разлика од нашите. Ретко кој го покажува своето вистинско лице. Секој внимателно ја одбира содржината што ќе ја објави и се прикажува како личност којашто сака да биде. Луѓето се обидуваат да остават впечаток на подобра личност отколку што навистина се. Постојаната изложеност на вакви објави води до неизбежно споредување.rnrnАдолесцентите сакаат да се чувствуваат прифатено и неретко имаат чувство дека се набљудувани од сите. Ова е дел од адолесценцијата и е познат како егоцентричност. Допаѓањата на фотографиите се важни, предизвикуваат задоволство, но ова трае многу кратко и за брзо се појавува нова потреба за истото чувство. Барањето на допаѓања може да биде и обид за враќање на сопствената вредност, како и чувство на припадност помеѓу врсниците.rnrnЛуѓето кои страдаат од емоционални проблеми повеќе време минуваат на социјалните мрежи, но не значи дека токму социјалните мрежи ги предизвикале самите проблеми. Можно е луѓето кои се соочуваат со овие проблеми да посегаат по социјалните мрежи барајќи прифаќање, признание, утеха или само да бегаат од своите емоции и осаменост. Сепак, важно е да им се помогне на децата да развијат здрава и подобра сика за себе, но и да се разберат.rnrnДецата можеби знаат повеќе за технологијата од возрасните, но возрасните имаат повеќе искуство во животот. Развојот на здрав и квалитетен однос со детето е темел на секое родителство, а интервенцијата се заснова на овој однос.rnrnСо текот на времето се развива критичко размислување, но важно е да им дадете до знаење на децата дека туѓите животи не секогаш се онакви какви што изгледаат на социјалните мрежи.rnrnАдолесцентите дури тогаш учат да се справуваат со нивните несигурности, па секој родител треба да им ја покаже важноста на самостојното размислување. Добро би било да разговарате и за интересите на детето и да го прашате што всушност му значат социјалните мрежи. Прашајте го како се чувствува во врска со бројот на допаѓања на неговите фотографии и што тоа значи за него. Важно е да истакнете дека не треба да биде опседнато само со својот изглед, туку и да работи на другите аспекти како училиште, дружење, хобија и интереси. Понекогаш најдобро е да учите со пример.rnrnПогледнете и зошто не е добро да се споредувате со другите.

  • Тинејџери ги уредуваат нивните фотографии за да бидат „погодни за социјалните мрежи“ и резултатот е застрашувачки

    Тинејџери ги уредуваат нивните фотографии за да бидат „погодни за социјалните мрежи“ и резултатот е застрашувачки

    Тинејџерите чувствуваат голем притисок да се однесуваат и да изгледаат на одреден начин. Но, по која цена? За да го открие ова, креативната агенција M&C Saatchi направила соработка со познатиот британски фотограф Ранкин и агенцијата MTArt.rnrnТинејџери ги уредуваат нивните фотографии за да бидат „погодни за социјалните мрежи“ и резултатот е застрашувачкиrnrnКако дел од нивната кампања VISUАL DIET која има за цел да го истражува влијанието на имиџот врз менталното здравје, тие замолиле група тинејџери да ги уредат нивните фотографии за социјалните мрежи.rn

    „Во серијалот Selfie Harm барав и експериментирав со апликации кои се направени за тинејџери. Тие се како да играте компјутерска игра и воглавно се навистина добра забава. Лично јас пробав неколку од нив, но многу се зависни“, изјавил Ранкин.

    rnЗа овој проект фотографот фотографирал група тинејџери на возраст од 13 до 19 години. Потоа ги замолил да ја уредуваат фотографијата сè додека не сметаат дека е доволно добра за да ја објават на социјалните мрежи.rn

    „На почетокот користевме модели, а потоа сакав да го проширам проектот и на други тинејџери, па почнавме да бараме.“

    rnТинејџери ги уредуваат нивните фотографии за да бидат „погодни за социјалните мрежи“ и резултатот е застрашувачкиrnrnТинејџери ги уредуваат нивните фотографии за да бидат „погодни за социјалните мрежи“ и резултатот е застрашувачкиrn

    „Програмата што ја користевме беше една од многуте како Facetune, но таму има стотици од овие апликации. Главното нешто е што не викавме луѓе што ги користеле овие апликации, туку тинејџери и ги замоливме да ги пробаат.“rnrn„Она што можете да го направите со овие апликации е многу повеќе од она што може да го направи искусен корисник на Фотошоп. Технологијата се движи напред многу брзо и идејата да бидете некој друг на кој било начин поразличен од личноста што сте, може да биде возбудувачка. Ако можете да бидете само ‘поизмазнета’ верзија од себе, колку тешко станува тогаш да се прифатите такви какви што сте? Ова е минско поле на менталното здравје, а овој проект ја допира само површината.“

    rnТинејџери ги уредуваат нивните фотографии за да бидат „погодни за социјалните мрежи“ и резултатот е застрашувачкиrnrnТинејџери ги уредуваат нивните фотографии за да бидат „погодни за социјалните мрежи“ и резултатот е застрашувачкиrnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Скратувањето на времето поминато на социјалните мрежи ги намалува осаменоста и депресијата

    Скратувањето на времето поминато на социјалните мрежи ги намалува осаменоста и депресијата

    Барате начин да го подобрите вашето целокупно здравје? Едно ново истражување од Универзитетот во Пенсилванија покажало дека ограничувањето на времето поминато на социјалните мрежи на 30 минути дневно може да ви помогне да се ослободите од осаменоста и од депресијата.rnrnСкратувањето на времето поминато на социјалните мрежи ги намалува осаменоста и депресијатаrnrnИстражувањето е првото кое покажува последица, а не само поврзаност помеѓу социјалните мрежи и менталното здравје.rn

    Совршените испитаници

    rnЗа истражувањето, истражувачите собрале редовни корисници на социјалните мрежи – 143 студенти на возраст од 18 и 22 години. Студентите биле тестирани во период од два семестари. Првата група добила задача да го ограничи времето поминато на Фејсбук, Инстаграм и Снепчет на само 30 минути дневно. Втората група била контролна и продолжила со нормалното користење на социјалните мрежи.rnrnИспитаниците пополниле прашалник со цел да се одреди нивното расположение и здравје на почетокот на истражувањето. Исто така испраќале и фотографии со кои им помагале на научниците да добијат основни податоци од социјалните мрежи. Истражувачите ги разгледувале податоците и одредувале седум нешта помеѓу кои биле страв од испуштање нешто важно, анксиозност, депресија и осаменост.rn

    Краен резултат

    rnРезултатите покажале дека користењето помалку социјални мрежи може значително да ги намали и депресијата и осаменоста. Овие ефекти биле особено нагласени кај луѓето кои биле подепресивни на почетокот на истражувањето.rnrnОва не значи дека треба целосно да се откажете од социјалните мрежи. Главниот истражувач, Мелиса Хант, најмногу го направила истражувањето со цел да покаже дека социјалните мрежи најверојатно се нереален гол. Ова е повеќе за луѓето да станат свесни колку е важно да го ограничат времето што го минуваат пред екран.rn

    „Малку е иронично што намалувањето на активноста на социјалните мрежи всушност ве прави помалку осамени. Но во некоја од постоечката литература за социјалните мрежи се кажува дека овде се случува многу социјално споредување. Кога ги гледате туѓите животи, особено на Инстаграм, лесно е да заклучите дека животот на сите е многу поинтересен од вашиот“, изјавила Мелиса.

    rnКако и кај повеќето истражувања, и овде постојат неколку ограничувања. Дали овие резултати би биле исти и кај други возрасни групи или во друго опкружување? Исто така, истражувањето ги вклучило само Фејсбук, Инстаграм и Снепчет со што е исклучено влијанието на другите социјални мрежи. Мелиса изјавила дека овие аспекти ќе бидат тема на идни истражувања.rnrnЗнаевте ли дека Инстаграм е најштетната апликација за вашето ментално здравје?

  • Топли есенски фотографии што оваа есен владеат со социјалните мрежи

    Топли есенски фотографии што оваа есен владеат со социјалните мрежи

    Благодарение на смартфоните, безбројните опции за фотографирање и големата меморија на уредите, правиме по десетици фотографии скоро секој ден. Фотографијата има моќ со само еден клик засекогаш да го зачува моментот во кој настанала, па ако се сметате за страсни љубители на есента, тогаш природата ви дава многу материјал за фотографирање во текот на оваа сезона. Дури и да не сте толку големи фанови на фотографирањето, сигурно сте забележале дека сите фотографии на социјалните мрежи на вашите пријатели можат да се сместат во само 8 категории. Еве кои се тие…rn

    1. Улица во градот во есенско руво

    rnrn

    2. Есенски аутфит на денот

    rnrn

    3. Есенска трпеза

    rnrn

    4. Највкусните есенски закуски

    rnrn

    5. Шетање низ градот во топли и чик комбинации

    rnrn

    6. Надворешни и внатрешни есенски декорации

    rnrn

    7. Уживање во топли пијалаци

    rnrn

    8. Пикник во текот на сончевите денови

    rnrnrnПогледнете ги и овие 24 фотографии кои ќе ве држат расположени до крајот на есента.

  • Што не треба да правите на социјалните мрежи ако сакате да бидете успешни?

    Што не треба да правите на социјалните мрежи ако сакате да бидете успешни?

    Постојат безброј мали правила за успех на социјалните мрежи. Доколку навистина сакате да заработувате од овие алатки, постојат 4 главни правила коишто не би требало да ги прекршите. Навистина се едноставни и нема да ви биде проблем да се држите до нив.rnrnШто не треба да правите на социјалните мрежи ако сакате да бидете успешни?rn

    1. Немојте да објавувате од мерак

    rnВашите објави би требало да им бидат од корист на следбениците, во спротивно би ги иритирале. Пред да објавите нешто, запрашајте се дали објавата може да ги научи нешто, да ги забавува или да ги инспирира другите. Ако немате потврден одговор на барем една од трите опции, размислете подобро дали навистина вреди да објавувате.rn

    2. Немојте да се продавате

    rnАко објавувате само спонзорирани објави, нема да издржите долго. Соработувајте со луѓе чии вредности и естетика се слични со вашите бидејќи во спротивно ќе го изгубите вашиот кредибилитет.rn

    3. Бидете доследни при објавувањето

    rnЕднаш или два пати неделно на Инстаграм и Фејсбук и една објава неделно на Јутјуб е сосема доволно. Целта е да не исчезнете на две недели, а потоа да ги бомбардирате вашите следбеници со стотици објави и слики.rn

    4. Не менувајте ја профилната фотографија

    rnЛуѓето воглавно ве препознаваат по вашата фотографија, а многу ретко по името. Ако често ја менувате профилната фотографија, голема е веројатноста некој да се збуни и да не ве препознае, па да го изгубите како следбеник.rnrnДоколку ги користите социјалните мрежи само за забава, погледнете како да бидете вашата реална верзија на нив.

  • Како да бидете вашата реална верзија на социјалните мрежи?

    Како да бидете вашата реална верзија на социјалните мрежи?

    Вниманието е навистина одлично. Ни помага да дознаеме кои сме и ни кажува дека вредиме. Последниве неколку години ни кажуваат да ја истакнуваме нашата уникатност и да ја славиме аурата на нашите души. Со ова изобилство од искажување луѓето почнуваат да прават што било за да го добијат вниманието што го заслужуваат. Но без да знаете што мислат другите, можете да почнете да се сомневате во себе и да почнете да се адаптирате.rnrnКако да бидете вашата реална верзија на социјалните мрежи?rnrnМногу е полесно да му пристапите на офлајн вниманието. Доколку забележите дека партнерот ве игнорира, веднаш ќе разговарате за тоа и ќе го решите проблемот. Онлајн просторот не е логичен и сигурно нема да им праќате пораки на стотиците онлајн пријатели за да ги прашате зошто не ви коментираат на објавите.rnrnЛуѓето се убедени дека го покажуваат нивното вистинско лице и дека треба да бидат прифатени од другите. Но дури и кога го покажувате вистинското лице, не го добивате посакуваното внимание. Сепак, важно е да не реагирате на тој фидбек бидејќи најчесто не е важен. Немојте да го менувате вашето вистинско јас само за привлекување внимание на социјалните мрежи. Погледнете како да го направите тоа.rn

    1. Дознајте ја вашата онлајн цел

    rnОдвојте неколку минути и запишете што точно очекувате да добиете од онлајн вклучувањето и зошто би направиле нешто во врска со тоа. Оваа рефлексија ќе ви помогне да ги откриете вистинските емоционални причини за вашата желба да бидете онлајн. Некои од најчестите причини се:rn

      rn 011

    • Поврзување со блиски пријателите
    • rn 011

    • Споделување на вашите мисли со светот преку убави слики/видеа/зборови
    • rn 011

    • Развој на вашиот бизнис
    • rn

    rnПоретките причини вклучуваат:rn

      rn 011

    • Осаменост
    • rn 011

    • Здодевност
    • rn 011

    • Одвлекување на вниманието од другите аспекти од вашиот живот
    • rn

    rn

    2. Дозволете му на пријател да ве фотографира

    rnСелфи фотографиите ќе останат уште долго и луѓето сакаат да го знаат лицето зад вашиот онлајн профил. Но дали знаете дека 36% од луѓето признале дека ги подобруваат нивните фотографии со разни софтвери, а ова го прават и дел од оние кои не признале.rnrnАко спаѓате во оваа група или ако се обидувате да направите совршена селфи фотографија, зошто да не се обидете да објавите фотографија што ја направил некој друг? Сигурно нема да ви се допаѓа, но ќе ја прифатите. Важно е да престанете да се грижите што мислат другите за вас.rn

    3. Не ја заборавајте вашата цел

    rnМногу луѓе започнале со цел да инспирираат, да учат или да се поврзат. Сакале да промовираат здравје, среќа и да го променат светот. Неколку месеци се држеле до својата мисија, но по некое време имало промена. Промената може да настане во еден момент. Нешто едноставно како фотографија со помалку облека може да привлече многу повеќе внимание. Ова внимание прави да се чувствувате добро, па почнувате да споделувате фотографии што ја покажуваат таа страна од вас.rnrnСекогаш бидете свесни за вашата публика и за пораката што сакате да ја пренесете. Секое привлекување внимание е лесно, но само вистинското ќе ве направи среќни.rn

    4. Исклучете ги известувањата

    rnСигурно ви се случило нешто вакво. Сте испланирале патување со пријателот. Денот бил одличен и полн со смеа и незаборавни искуства. Но, сте се одлучиле да го споделите искуството онлајн и тогаш денот завршил. Сега постојано ги чекате новите известувања од вашиот профил. Секоја платформа овозможува исклучување на известувањата, па пробајте да го направите тоа уште денес.rn

    5. Најдете нови начини да се покажете

    rnЛуѓето се неверојатни суштества и никогаш немале повеќе можности за искажување – пишување, танцување, пеење, правење видеа… На што и да помислите, сигурно постои апликација или социјална мрежа каде што можете да го споделите.rn

    6. Обрнете им внимание на офлајн врските

    rnКога последен пат сте побарале некој стар пријател во живо? Постојат две прашања што треба да си ги поставите пред следната средба:rn

      rn 011

    • Како можам да ја направам средбата незаборавна за него?
    • rn 011

    • Има ли зборувано за нешто во коешто можам да му помогнам?
    • rn

    rnЦелта не е да ги мразите онлајн врските, туку да разберете кои сте додека ги користите. Почнете да го покажувате вашето вистинско лице и дозволете му да заблеска. Ако се обидувате да ги задоволите другите со менување на вашите вредности, секогаш ќе имате лоши резултати. Ако сакате да ве видат, бидете свои.rnrnДали знаете како влијаат социјалните мрежи на модерните љубовни врски?

  • Како да го преболите бившиот партнер во ерата на социјалните мрежи?

    Како да го преболите бившиот партнер во ерата на социјалните мрежи?

    Нашиот свет е дигитален и сè повеќе и повеќе зависиме од технологијата за да се поврземе едни со други. Денес речиси целата комуникација се одвива преку социјалните мрежи. Сите сме присутни и имаме идентитет на социјалните мрежи, кои пак ги користиме за да видиме што прават другите, но и да споделиме нешто за нас.rnrnКако да го преболите бившиот партнер во ерата на социјалните мрежи?rnrnНавистина има многу придобивки од социјалните мрежи. Тие нè зближуваат дури и кога сме оддалечени од саканите, а понекогаш ни помагаат да кажеме работи што немаме храброст да ги изустиме во живо.rnrnНо што кога ќе ставите крај на некоја врска и се обидувате да ја преболите, но каде и да погледнете се појавува бившиот партнер? Веројатно почнувате да го „демнете“ бившиот партнер на социјалните мрежи и гледате колку одлично се чувствува без вас. Тогаш се појавува чувство на одбивање и се чувствувате навистина лошо во врска со себе. Па, погледнете како да го преболите бившиот партнер во ерата на социјалните мрежи.rn

    1. Поставете здрави граници за информациите што ги споделувате

    rnНавистина е важно да сфатите што се случува во вас и да ја препознаете загубата што ја чувствувате. Ова е период кога сте навистина ранливи и чувствителни. Понекогаш сакате да се искажете за бившиот, но немојте, бидејќи подоцна ќе би виде криво. Не сите што ќе ја прочитаат вашата објава ќе бидат добри кон вас, па нема потреба да се изложувате на тоа.rnrnГрижете се за себе. Во овие периоди многу е важна поддршката. Разговарајте за вашите чувства со семејството или со пријателите, а можете да најдете и група за поддршка – луѓе што поминале низ истото и што ќе ве разберат. Опкружете се со оние коишто ве сакаат и се грижат за вас.rn

    2. Соберете храброст да го избришете бившиот од вашиот живот

    rnАко она што го гледате ве разочарува и сте станале опседнати со објавите на поранешниот партнер, потребно е да престанете. Избришете го од листата на пријатели или сокријте ги објавите од него. Немојте да се ставате во позиција да гледате колку е среќен без вас. Исто така не заборавајте дека луѓето создаваат совршена слика на социјалните мрежи што не е секогаш реална. Всушност, понекогаш колку повеќе луѓето објавуваат за нивниот прекрасен живот, толку повеќе лажат за тоа. Се чувствуваат присилено да објават колку добро си поминуваат наместо целосно да уживаат во моментот.rn

    3. Не објавувајте ништо додека сте гневни, тажни или повредени

    rnНајдобрите одлуки и најмудрите зборови доаѓаат кога сте смирени, а не ранливи. Веројатно ќе зажалите ако објавите нешто додека сте гневни.rn

    4. Контролирајте ја желбата повторно да се поврзете

    rnПонекогаш ќе се појави желбата повторно да се поврзете со бившиот, без разлика дали тоа е со „лајкување“ на негова фотографија или праќање порака. Ова може да ве повреди и не е здраво за вас. Ви покажува дека не сте го преболиле бившиот и дека е потребно да ја излечите вашата внатрешна болка пред да започнете здрава врска. Ако ја почувствувате оваа желба, веднаш јавете му се на пријател или излезете на прошетка за да се смирите. Немојте да ги потиснувате вашите чувства. Препознајте ги и искажете ги, но направете го тоа на здрав начин.rn

    5. Престанете да бидете љубопитни, тоа е негативно

    rnЛуѓето речиси секогаш сакаат да дознаат со кого се гледа бившиот партнер. Како изгледа таа личност, што сака, што има што вие го немате… Сосема природно е да бидете љубопитни и да се споредувате, но немојте да комуницирате со таа личност. Таа не ве познава и сигурно не сака да биде во контакт со вас.rnrnОбрнете внимание на вашиот внатрешен свет. Размислете како се чувствувате кога ги гледате фотографиите на бившиот или на неговиот нов партнер. Ако забележите дека се споредувате, се чувствувате анксиозно и тажно, или минувате часови на социјалните мрежи, потребно е да престанете и да обрнете внимание на она што се случува во вас. Сето ова најверојатно значи дека не сте го преболиле бившиот, но тој најверојатно ве заборавил или барем се обидува. Размислете што кажува и што значи тоа за вас.rnrnБидете добри кон себе, сакајте се, правете нешта што прават да се чувствувате добро. Исполнете си го денот со работи кои се добри за вас. Ова не значи да не чувствувате болка или гнев. Почувствувајте ги, разговарајте за нив со вашите блиски. Размислете што би го советувале пријателот доколку се наоѓа во иста ситуација и следете ја вашата мудрост. Најверојатно вашиот совет е одличен и за вас.rnrnДознајте и кои се причините поради кои не можете да го преболите бившиот парнтер.

  • 30 нешта што можете да ги научите за 30 дена без социјални мрежи

    30 нешта што можете да ги научите за 30 дена без социјални мрежи

    Една девојка решила да помине 30 дена без социјални мрежи. Без Снепчет, Инстаграм, Фејсбук или што било слично. Таа научила неколку работи за животот, пријателството, созревањето, но и за самата себеси.rnrn30 нешта што можете да ги научите од 30 денови без социјални мрежиrnrn1. Животот е скапоцен. Кршлив е. Важно е да препознаете што е важно, а што не.rnrn2. Важно е да бидете благодарни за времето што го имате со луѓето.rnrn3. Не е важно ако другите ве сакаат, важно е дали вие се сакате.rnrn4. Луѓето кои не треба да бидат во вашиот живот обично самите се отстрануваат.rnrn5. Знаете дека сте созреале и сте се посветиле на љубовта кон себе, кога туѓиот успех и среќа ве прават среќни наместо љубоморни.rnrn6. Ретко ќе промените нечие мислење на дебатите на социјалните мрежи. За важните нешта се разговара во живо.rnrn7. Мора да преиспитувате сè што ве научиле, дури и вашите родители. Вашата вистина зависи од вас и ја бара вашата љубопитност.rnrn8. Важно е да поминувате време сами со себе.rnrn9. Важно е да се помирите со себе, со она што е внатре во вас, со вашата душа, карактер, чувства, размислувања.rnrn10. Најчистиот вид слобода што можете да ја имате е можноста да бидете тоа што сте.rnrn11. За да имате толеранција, треба да ги цените разликите. Треба да разберете дека разновидноста не мора да значи неповрзување.rnrn12. Должни сте кон себе да ја создадете вашата вистина.rnrn13. Кога сте присутни во моментот, времето минува многу побавно.rnrn14. Кажете им на луѓето што ги сакате дека ги сакате додека можете.rnrn15. Нема ништо лошо да поставите граници со семејството, дури и ако тоа значи целосно да се оддалечите од нив.rnrn16. Само затоа што пријателите не ве бараат секој ден, не значи дека не ве сакаат.rnrn17. Ако научите да ги регулирате вашите емоции ќе спречите многу непотребни конфликти во животот.rnrn18. Дозволено е да се менувате, да еволуирате и да станувате нови толку пати колку што ви е потребно.rnrn19. Само затоа што другите размислуваат на одреден начин, не значи дека тој е правилен или дека вие треба да се менувате.rnrn20. Внимавајте каде ја трошите вашата енергија.rnrn21. Слушајте повеќе отколку што зборувате.rnrn22. Грижете се за вашето тело. Здравјето никогаш не треба да го занемарувате.rnrn23. Во ред е да не одговорите на одредени нешта.rnrn24. Нема смисла да се обидувате да ги контролирате исходите или нештата што се надвор од вашата контрола.rnrn25. Вашата најдобра верзија се менува од ден на ден.rnrn26. Сакајте повеќе отколку што се жалите.rnrn27. Најдете начин да ви биде удобно во сопствената кожа.rnrn28. Правете нешта што ве плашат.rnrn29. Формирајте подобро разбирање за светот и користете го за да се мотивирате, инспирирате и за да го најдете вашиот мир.rnrn30. Молете се често, без разлика во што верувате. Наречете го ова момент на благодарност.rnrnПогледнете ги и животните лекции што ќе ги научите од негативците во вашиот живот.