КАФЕ ПАУЗА

Tag: серии

  • 4 серии кои мора да ги изгледате заедно со вашата најдобра пријателка

    4 серии кои мора да ги изгледате заедно со вашата најдобра пријателка

    Покрај сончањето на плажа и разновидните заеднички активности, додека се криете од сонцето погледнете ги овие одлични серии. Начинот на кој ќе го пополнувате слободното време нека биде со квалитетни содржини, а заедничкото гледање серија со пријателката само ќе го зацврсти вашето пријателство. Па, што чекате? Поканете ја на маратон со гледање серии.rnrnrn

    1. Нечесни слугинки (Devious Maids)

    rnДоколку ја обожававте ТВ серијата „Очајни домаќинки“ (Desperate Housewives), тогаш не смеете да ја пропуштите оваа. Во неа е проследен животот на четири слугинки кои работат во богати семејства во Беверли Хилс. Секоја од нив има различни соништа и амбиции, а освен прикажувањето на нивните животи, оваа серија дава и една важна животна лекција – дека никогаш нема да знаете што се случува зад затворените врати на навидум среќните семејства.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=JAh-5K2F7dIrn

    2. Портокаловото е новото црно (Orange Is The New Black)

    rnСтанува збор за американска криминалистичка драма – комедија која се заснова на мемоарите на Пајпер Керман и нејзината книга „Портокаловото е ново црно: Мојата година во женски затвор“ (Orange Is the New Black: My Year in a Women’s Prison) во која зборува за нејзините искуства во затвор. Целата приказна се врти околу Пајпер Чапман, жена која е осудена на 15 месеци затвор поради пренесување актовка полна со пари од дрога на нејзината поранешна девојка, која пак се занимавала со меѓународно шверцување дрога. Тие две повторно се среќаваат зад решетките и тоа ќе биде вистинското време да ги израмнат сметките од минатото.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=vY0qzXi5oJgrn

    3. Нова девојка (New Girl)

    rnЏесика Џес Деј е во своите доцни 20-ти, предава во локално основно училиште во Лос Анџелес и на прв поглед во нејзиниот живот сè изгледа совршено. Но, работите почнуваат да се комплицираат кога ќе се врати од другиот град и ќе го фати на дело нејзиниот дечко кој ја изневерува. Тоа ќе ѝ го промени животот од корен. Така одлучува да се пресели за да избега од несреќната врска, а потрагата по ново место за живот ќе ја однесе до нови познанства кои дополнително ќе ѝ го „раздрмаат“ животот.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=h8Hfph2wXIYrn

    4. Ова сме ние (This Is Us)

    rnЦелото дејствие се однесува на животот и поврзаноста на неколку членови на семејството кои слават ист роденден, но нивните карактери се тотално различни. Серијата следи две паралелни дејствија во кои се испреплетуваат во сегашноста и минатото. На тој начин ги прикажуваат среќните семејни моменти од животот на двајцата браќа и нивните сестри, но и некои поприлично тешки, емотивни периоди. Оваа ТВ серија ќе ве научи колку е важно семејството, но и дека постојат пријателства кои се подеднакво вреди.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=hljQfJLQmaIrnrnПрочитајте и за овие 4 начини на заедничко гледање серии со кои може да се зајакне врската.

  • 100-те најдобри ТВ серии на сите времиња

    100-те најдобри ТВ серии на сите времиња

    ТВ сериите никогаш не биле популарни како денес. Од „Сопранови“ (The Sopranos) во 1999-та година, историјата на кинематографијата се промени засекогаш. Со цел да ги исполнат очекувањата на гледачите и да го задржат нивниот рејтинг, продукциските компании трошат огромни суми на нивните серии. На пример од CBS трошат неверојатни 10 милиони од епизода за познатата серија „Теоријата за Големиот прскот“ (The Big Bang Theory). Доколку мислите дека сте изгледале сè, сигурно ќе ви се допадне листава со најдобрите серии на сите времиња.rnrn100-те најдобри ТВ серии на сите времињаrnrn1. „Игра на тронови“ (Game of Thrones), 2011 – 2019rnrn2. „Пријатели“ (Friends), 1994 – 2004rnrn3. „На лош пат“ (Breaking Bad), 2008 – 2013rnrn4. „Шерлок“ (Sherlock), 2010 –rnrn5. „Теоријата на големиот прскот“ (The Big Bang Theory), 2007 – 2019rnrn6. „Здружени браќа“ (A Band of Brothers), 2001rnrn7. „Жица“ (The Wire), 2002 – 2008rnrn8. „Сопранови“ (The Sopranos), 1999 – 2007rnrn9. „Фарго“ (Fargo), 2014 –rnrn10. „Бегство од затвор“ (Prison Break), 2005 – 2017rnrn11. „Почудни нешта“ (Stranger Things), 2016 –rnrn12. „Гордост и предрасуди“ (Pride and Prejudice), 1995rnrn13. „Костуми“ (Suits), 2011 –rnrn14. „Како ја запознав мајка ви“ (How I Met Your Mother), 2005 – 2014rnrn15. „Стажисти“ (Scrubs), 2001 – 2010rnrn16. „Куќа од карти“ (House of Cards), 2013 –rnrn17. „Даунтон Аби“ (Downton Abbey), 2010 – 2015rnrn18. „Хаус“ (House, M.D.), 2004 – 2012rnrn19. „Твин Пикс“ (Twin Peaks), 1990 – 1991, 2017 –rnrn20. „Неприлагодени“ (Misfits), 2009 – 2013rnrn100-те најдобри ТВ серии на сите времињаrnrn21. „Рим“ (Rome), 2005 – 2007rnrn22. „Црно огледало“ (Black Mirror), 2011 –rnrn23. „Бесрамници“ (Shameless), 2011rnrn24. „Декстер“ (Dexter), 2006 – 2013rnrn25. „Натприродно“ (Supernatural), 2005 –rnrn26. „Пики Блајндерс“ (Peaky Blinders), 2013 –rnrn27. „Симпсонови“ (The Simpsons), 1989 –rnrn28. „Панишер“ (Тhe Punisher), 2017 –rnrn29. „Наркоси“ (Narcos), 2015 –rnrn30. „Неверојатната госпоѓа Мајсел“ (The Marvelous Mrs. Maisel), 2017 –rnrn31. „Досиеја Х“ (The X Files), 1993 – 2018rnrn32. „Бетлстар Галактика“ (Battlestar Galactica), 2004 – 2009rnrn33. „Приказната на робинката“ (Handmaid’s Tale), 2015 –rnrn34. „Штит“ (Тhe Shield), 2002 – 2008rnrn35. „Викинзи“ (Vikings), 2013 –rnrn36. „Синови на анархија“ (Sons of Anarchy), 2008 – 2014rnrn37. „Луди мажи“ (Mad Men), 2007 – 2015rnrn38. „Хирург“ (The Knick), 2014 – 2015rnrn39. „Апсолутна власт“ (Broadwalk Empire), 2010 – 2014rnrn40. „Излажи ме“ (Lie to Me), 2009 – 2011rnrn100-те најдобри ТВ серии на сите времињаrnrn41. „Модерна фамилија“ (Modern Family), 2009 –rnrn42. „Криминални умови“ (Criminal Minds), 2005 –rnrn43. „Хорас и Пит“ (Horace and Pete), 2016 –rnrn44. „Ханибал“ (Hannibal), 2013 – 2015rnrn45. „Спартакус: Крв и песок“ (Spartacus: Blood and Sand), 2010 – 2013rnrn46. „Придружба“ (Entourage), 2004 – 2011rnrn47. „Белa jака“ (White Collar), 2009 – 2014rnrn48. „Милијарди“ (Billions), 2016 –rnrn49. „Живи мртовци“ (The Walking Dead), 2010 –rnrn50. „Татковина“ (Homeland), 2011 –rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времиња

    10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времиња

    Уште откога постои телевизијата, постојат контроверзии за разни серии. Одвреме-навреме некои од најпопуларните серии прикажуваат навистина шокантни епизоди. Со текот на времето сексот, насилството и другите теми се менуваат со културните норми. Но, исто така постојат и теми кои секогаш ќе предизвикуваат контроверзија. Па погледнете кои серии спаѓаат во оваа група.rn

    1. „Баквајлд“ (Buckwild)

    rn10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времињаrnrnТелевизијата МТВ бележи голем успех со реалните шоуа. Во 2013-та година телевизијата го создаде реалното шоу „Баквајлд“ за група тинејџери од западна Вирџинија. Целта била да се нагласи руралниот живот – од борење во кал до ловење верверици. Шоуто уште веднаш се соочи со критики од луѓето кои сметаа дека прикажува стереотипи за тој реон. Покрај тоа, неколку членови од екипата имале проблеми со законот додека се емитувала првата сезона во февруари. Подоцна во март, друг член загинал трагично од труење со јаглероден моноксид. Опасното однесување на тинејџерите беше премногу за МТВ, па шоуто е откажано пред да заврши снимањето на втората сезона.rn

    2. „Саут парк“ (South Park)

    rn10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времињаrnrnСо своите 20 сезони, „Саут парк“ докажа дека не постои доволно контроверзна тема која не би ја обработиле. Од премиерата во 1997-ма година, серијата успеа да ги навреди сите. Додека фановите го ценат овој хумор, некои групи како Parents Television Council и Action for Children’s Television упорно се обидуваат да ја тргнат од етер. И покрај критиките, таа не ја губи својата популарност.rn

    3. „Хајл драга, дома сум!“ (Heil Honey I’m Home!)

    rn10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времињаrnrnКога станува збор за лоши идеи, оваа серија го има првото место. Направена е како пародија на класичните ситком серии, а приказната се врти околу огорчениот Адолф Хитлер, неговата сопруга Ева Браун и нивните соседи Евреи. Серијата прв пат била емитувана во 1990-та година во Англија и предизвикала вистински скандал обидувајќи се да направи шега од еден од најзлобните луѓе на планетата. Креаторите упорно изјавувале дека целта била критика на тоа колку лесно Европејците го прифатиле Хитлер во 1930-тите. Била емитувана само една епизода пред таа да биде откажана.rn

    4. „Во брак… со деца“ (Married… with Children)

    rn10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времињаrnrnНефункционалните семејства се честа тема во сериите, па „Во брак… со деца“ не била ништо револуционерно во 1986-та. Но со текот на годините серијата ја добила титулата контроверзна поради сексуалната содржина. По епизода во 1989-та година во која се појавиле скудно облечени жени и маж со женска облека, еден родител од Мичиген започнал бојкот против серијата. Од телевизијата Фокс одбиле да емитуваат епизода поради содржината, па фановите чекале со години да ја изгледаат. Серијата продолжи да биде хит и се емитуваше до 1997-ма година.rn

    5. „Среќа“ (Luck)

    rn10-те најконтроверзни ТВ серии на сите времињаrnrnКога станува збор за оригинална содржина, ХБО може да се пофали со многу. Но тие можеби направија грешка во 2012-та година со драмата за трки со коњи. Премиерата доби позитивни критики благодарение на приказната и актерската екипа која ја сочинуваат Дастин Хофман и Ентони Хопкинс. Целата прва сезона била емитувана, но проблемите започнале на почетокот на снимањето на втората сезона. Откако биле евтаназирани 2 коња на сетот, на виделина излезе дека не се почитуваат некои правила за грижа и заштита на животните. Ова ги разгневи активистите за правата на животните, па ХБО се откажа од серијата.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 најдобри ТВ серии за 2017 година

    10 најдобри ТВ серии за 2017 година

    Се подготвувате за дочекот на Нова година? После таа луда ноќ сигурно ќе сакате само да ги облечете вашите најудобни пижами, да се сместите на каучот и да уживате со маратонско гледање ТВ серии. Зар има нешто подобро од тоа за време на празниците?! 2017-та година беше полна со интересни и возбудливи серии, а ако не знаете од каде да почнете, ние ви ги препорачуваме следниве…rn

    1. „Големи мали лаги“ (Big Little Lies)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnУбиство. Интрига. Риси Витерспун во дрска улога што одлично ѝ прилега. ТВ серијата е адаптација на романот од Лиен Мориарти, мистерија која ги испреплетува животите на повеќе жени и начнува сериозни проблеми како што се семејното насилство и училишното силеџиство. Оваа серија постигна огромен успех благодарение на извонредната актерска екипа што ја сочинуваат Витерспун, Никол Кидман, Шејлин Вудли и Зои Кравиц. Иако првичната идеја била да се направи мини серија, очекувајте и втора сезона!rn

    2. „Ривердејл“ (Riverdale)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnДејството во серијата се одвива во сегашноста, а ликовите полека ги разоткриваат мистериите на навидум совршениот Ривердејл. Иако втората сезона не ги исполни очекувањата на голем дел од обожавателите, сѐ уште има надеж дека нештата ќе се вратат во вистинската насока. И покрај тоа, сигурно ќе се согласите дека првата сезона беше извонредна!rn

    3. „Кралица на шеќерните плантажи“ (Queen Sugar)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnТВ серијата го прикажува животот на семејството Борделон кое го сочинуваат 2-те сестри Нова и Чарли и братот Ралф. Тие мора да се прилагодат на животните промени кога ќе станат сопственици на плантажа со шеќерна трска по смртта на татко им. Вистинска семејна драма што нема да ве остави рамнодушни!rn

    4. „13 причини зошто“ (13 Reasons Why)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnТВ серијата ја раскажува приказната на Хана, средношколка која извршува самоубиство и остава 13 касети посветени на луѓето кои придонеле за нејзината смрт. Касетите се пренесуваат од човек на човек, почнувајќи од момчето кое раширило злобна гласина за Хана. Оваа серија не е за секого, бидејќи солзите се неизбежни, особено ако сте почувствителни.rn

    5. „Приказната на робинката“ (The Handmaid’s Tale)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnСтанува збор за адаптација на дистопискиот роман од Маргарет Атвуд. Актерската екипа е извонредна и ја сочинуваат Елизабет Мос, Самира Вајли, Ен Доуд и Ивон Страховски. Втората сезона треба да излезе во април 2018 година и очекувањата се огромни!rn

    6. „Девицата Џејн“ (Jane the Virgin)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnЗабавна и хумористична серија која никогаш не престанува да нѐ изненадува! Доколку сакате да се расположите и да заборавите на секојдневните проблеми, дефинитивно треба да ѝ дадете шанса.rn

    7. „Потрага“ (Search Party)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnСтанува збор за мистериозна ТВ серија што изобилува со црн хумор, а главната порака е дека понекогаш подобро е да го најдеме тоа што мислиме дека го бараме. Доколку ги обожувате детективските мистерии обвиени со специфични хумористични елементи, сигурно ќе ви се допадне оваа серија.rn

    8. „Несигурна“ (Insecure)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnОваа извонредна хумористична ТВ серија го прикажува пријателството на 2 жени, како и нивните непријатни искуства и луди авантури. Доколку сте ја гледале првата сезона и имате одредени очекувања, подгответе се за вистинско изненадување што сигурно ќе ви се допадне!rn

    9. „Ова сме ние“ (This Is Us)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnАко сте ја изгледале првата сезона, знаете дека се работи за драматична серија која ги прикажува животите на неколку луѓе родени на ист датум чии судбини се испреплетуваат на необичен начин. Подгответе се за вистинска бура од емоции, бидејќи втората сезона изобилува со неочекувани пресврти: Рандал станува старател, Кејт доживува абортус, а Кевин се бори со зависност. Подгответе ги марамчињата за 2018 година!rn

    10. „Катастрофа“ (Catastrophe)

    rn10 најдобри ТВ серии за 2017 годинаrnrnОваа реалистична британска ТВ серија е полна со изненадувања! Подгответе се за уште многу смеење и забавни ситуации во третата сезона.rnrnАко не се пронајдовте во овие предлози, дајте им шанса на следниве 7 драматични ТВ серии.

  • 12 познати ликови од филмовите и сериите чии лица останаа скриени

    12 познати ликови од филмовите и сериите чии лица останаа скриени

    Секој од нас ги знае овие ликови, но нивното лице до денес останува мистерија. На сите сме им го слушнале гласот, но никогаш не сме ги виделе. Денес запознајте се со некои од овие мистериозни ликови како и со луѓето кои го позајмуваат нивниот глас.rn

    1. Мајката на Хауард, „Бубалици“ (The Big Bang Theory)

    rn(1)12-poznati-likovi-od-seriite-i-filmovite-chii-lica-ostanaa-skrieni-kafepauza.mkrnrnУрнебесната мајка еврејка долго време беше член на актерската екипа иако никогаш не го видовме нејзиното име. За жал ликот беше отстранет од ТВ серијата во 2014-та година по смртта на Карол Ен Сузи, жената која го позајмуваше гласот на мајката.rn

    2. Претседателот, „Потпретседателка“ (Veep)

    rn(2)12-poznati-likovi-od-seriite-i-filmovite-chii-lica-ostanaa-skrieni-kafepauza.mkrnrnПретседателот во оваа серија е навистина бело платно. Нема име, нема политичка партија и нема ниту едно појавување на екранот. Тој е мистериозниот шеф на главниот лик во серијата, Селина Мејер.rn

    3. Актерската екипа, „Саут Парк“ (South Park)

    rn(3)12-poznati-likovi-od-seriite-i-filmovite-chii-lica-ostanaa-skrieni-kafepauza.mkrnrnСекогаш со груб сарказам, поголемиот дел од ликовите го имаат гласот на само две личности – Мет Стоун и Треј Паркер. Како ли успеваат да го менуваат гласот за само неколку секунди?rn

    4. Чарли Таунсенд, „Чарлиевите ангели“ (Charlie’s Angels)

    rn(4)12-poznati-likovi-od-seriite-i-filmovite-chii-lica-ostanaa-skrieni-kafepauza.mkrnrnЛикот на Чарли е напишан како стар детектив кој никогаш не се појавува на екранот бидејќи има премногу непријатели. Мистериозниот работодавач на ангелите го има гласот на Џон Форсит кој е најпознат по неговата улога во серијата „Династија“ (Dynasty).rn

    5. Грдиот гол маж, „Пријатели“ (Friends)

    rn(5)12-poznati-likovi-od-seriite-i-filmovite-chii-lica-ostanaa-skrieni-kafepauza.mkrnrnГрдиот гол маж кој живееше спроти Моника и Рејчел беше постојана мета на шега на групата пријатели. Низ неколкуте сезони тој беше нарекуван „Грдиот гол маж“, „Слаткиот гол маж“ и „Неатрактивниот гол маж“. Тој дури имаше и среќен крај со гола жена.rn

    6. Госпоѓа Колумбо, „Колумбо“ (Columbo)

    rn(6)12-poznati-likovi-od-seriite-i-filmovite-chii-lica-ostanaa-skrieni-kafepauza.mkrnrnСпоред дијалогот на нејзиниот сопруг, можеме само да си ја замислуваме оваа жена. Писателите не ја направиле дел од сцената. Но, таа изгледа како добра и љубопитна личност.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 10 ТВ серии кои спасиле живот

    10 ТВ серии кои спасиле живот

    Многу луѓе сметаат дека телевизорот е најлошото нешто за нас. Но, некои луѓе успеваат да научат многу важни информации од телевизиските програми. Следниве серии биле поучни за некои луѓе и им помогнале да го спасат својот или живот на некој друг.rn

    1. Симпсонови (The Simpsons)

    rn(1)serii-koi-spasile-zhivot-kafepauza.mkrnrnКога Алекс Харди имал 10 години, тој се задавил со еден залак во училишната кафетерија. Жените кои работеле таму го удирале по грбот со надеж дека тоа ќе помогне, но Алекс полека почнувал да помодрува. Тогаш, најдобриот пријател на Харди, Ајден Бејтман, го кренал Харди и му го извел Хајмлиховиот маневар. Ова се разбира, му помогнало на Харди. Кога го прашале од каде ја научил таа техника, Ајден им рекол дека го видел во серијата Симпсонови. Во серијата Хомер се задавил од крофна и додека неговите колеги се расправале како да му помогнат, зад нив стоел постер кој го објаснувал Хајмлиховиот маневар.rn

    2. Вовед во анатомија (Grey’s Anatomy)

    rn(2)serii-koi-spasile-zhivot-kafepauza.mkrnrnСарит Фишбејн забележала некаква грутка на својата дојка, но лекарот ѝ рекол дека најверојатно е згрутчено млеко, бидејќи тогаш доела. Шест месеци подоцна, грутката сè уште била таму иако таа веќе престанала со доење. Тогаш, во епизода од Вовед во анатомија, видела жена која се наоѓала во истата ситуација. Имала грутка на дојката, ѝ рекле дека е млеко, но на крајот излегло дека е рак. Фишбејн решила да си закаже преглед, а тестовите ги потврдиле нејзините сомнежи. Таа веднаш почнала со лекување, и поради тоа денес се чувствува одлично.rn

    3. Брза помош (ЕR)

    rn(3)serii-koi-spasile-zhivot-kafepauza.mkrnrnАнгела Купер страдала од мигрени, заборавање, а понекогаш и си го гризела јазикот. Таа мислела дека овие симптоми се од стрес бидејќи неодамна се развела, сама одгледувала 2 деца и се вратила на факултет. Но тогаш Ангела изгледала една епизода од серијата, во која еден лик ги имал истите симптоми како неа. Нему му рекле да го исплази јазикот и виделе дека му бил искривен на лево, а ова било знак дека има рак. Ангела го направила истото и го добила истиот резултат. Веднаш отишла во болница каде што ѝ бил дијагностициран рак на главата и вратот. Ангела успеала да ја победи болеста.rn

    4. Холиоукс (Hollyoaks)

    rn(4)serii-koi-spasile-zhivot-kafepauza.mkrnrnБет Кордингли страдала од главоболки и кога отишла на лекар ѝ рекле да отиде на очно. Посетата на очниот лекар не помогнала, а Бет почнала да се чувствува полошо. Таа редовно ја гледала серијата Холиоукс и во една епизода неколку ликови имале симптоми исти како нејзините, за кои се утврдило дека се од труење од јаглероден моноксид кој истекувал од резервоар со гас. Бет веднаш се јавила во службата за снабдување со гас, и од нејзиниот резервоар навистина истекувал јаглероден моноксид. Таа веднаш била хоспитализирана, и ако чекала уште 24 часа би можела да го загуби животот. Биле потребни 2 недели за Бет целосно да оздрави.rn

    5. Спаси ми го животот: Траума во Бостон (Save My Life: Boston Trauma)

    rn(5)serii-koi-spasile-zhivot-kafepauza.mkrnrnЕдно утро Ден Моуер не се чувствувал добро. Претпоставил дека има киселини или пак проблеми со дигестијата, па во следните 3 дена ја променил својата исхрана по што се чувствувал подобро. После третиот ден, Ден ја гледал серијата Спаси ми го животот, и еден од ликовите мислел дека има киселини, но всушност имал срцев удар. Ден сфатил дека и неговите симптоми се речиси исти, па следното утро отишол на лекар. Сепак проблемот не бил проблем со варењето, туку срцев удар и Ден веднаш бил опериран.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Откажани ТВ серии кои би требало да се вратат

    Откажани ТВ серии кои би требало да се вратат

    Кога ќе ви откажат серија којашто навистина сте ја сакале сигурно се чувствувате фрустрирано. Многу често откажаните серии не ја завршиле приказната, поради што не знаете што ќе се случеше со вашите омилени ликови. Па, бидејќи сме во ерата на „оживување“ на стари серии, еве неколку кои заслужуваат барем уште една шанса.rn

    1. Ханибал (Hannibal)

    rn(1)otkazhani-tv-serii-koi-bi-trebalo-da-se-vratat-kafepauza.mkrnrnКога во 2015 година се откажа Ханибал, фановите беа сигурни дека за неколку недели ќе се промени мислењето на телевизијата. Сепак и критичарите и фановите го делеа мислењето дека оваа серија беше најдобрата на NBC. Една година подоцна, серијата не само што не најде нов „дом“, туку креаторот почна да работи на нови проекти, а актерите полека си заминаа секој на своја страна. Кога почнаа шпекулациите дека Ханибал повторно ќе се емитува, телевизијата им соопшти на новинарите дека не сакале да прикажуваат серија која нема да им биде омилена на сите. Земајќи ги предвид високите оценки, на никој не му е јасно дали телевизијата зборувала за истата серија.rn

    2. Мајстори за забави (Party Down)

    rn(2)otkazhani-tv-serii-koi-bi-trebalo-da-se-vratat-kafepauza.mkrnrnОва е една од сериите кои биле пред своето време и поради тоа баш немале среќа. Се работи за комедија која го следи животот на група луѓе кои работат во кетеринг служба и кои на чуден начин се вплеткуваат во животите на нивните муштерии. И покрај одличната актерска екипа, серијата изгледа е засекогаш завршена. Проблемот најверојатно е телевизијата која ја емитуваше (Starz), која не е позната по оригинална програма. Подоцна серијата го изгуби Адам Скот кој почна да ја снима Паркови и рекреација (Parks and Recreation), а Џејн Линч си замина бидејќи доби улога во Гли (Глее).rn

    3. Дедвуд (Deadwood)

    rn(3)otkazhani-tv-serii-koi-bi-trebalo-da-se-vratat-kafepauza.mkrnrnФановите молат за обновување на серијата уште од 2006-та година, кога серијата беше откажана по само 3 сезони. Дедвуд успеа да добие 28 Еми номинации, освои 8 од нив и беше прогласена за најдобрата серија која била откажана. Па што всушност го означило крајот на оваа серија? Најголем проблем биле парите. И покрај огромниот број фанови, од сезона во сезона заработката станувала помала. Снимањето вестерн со дејство во 18-тиот век бил еден од најскапите проекти на НВО. На креаторот му била понудена последна скратена сезона од 6 епизоди, но тој одлучил дека е подобро да го напушти проектот отколку да го намали квалитетот на серијата.rn

    4. Просветлени (Enlightened)

    rn(4)otkazhani-tv-serii-koi-bi-trebalo-da-se-vratat-kafepauza.mkrnrnОваа серија е доказ дека величањето од страна на критичарите не значи ништо ако серијата нема гледаност. Серијата беше номинирана за 2 Еми награди и 2 Златни Глобуси. На почетокот гледаноста била мала, но потоа се подобрила. Ова ги натерало критичарите да ги советуваат креаторите за нова сезона, но серијата сепак била откажана.rn

    5. Светулка (Firefly)

    rn(5)otkazhani-tv-serii-koi-bi-trebalo-da-se-vratat-kafepauza.mkrnrnОваа серија е легенда кога станува збор за откажување и за борбата да се врати назад. Серијата е откажана уште пред крајот на првата сезона, а го следи животот на група луѓе во 2517 година. По само 14 епизоди, причината за откажување биле слабите оценки. Излегло дека епизодите биле прикажани го грешен редослед, а ова предизвикало збунување во приказната. Дури откако беше издадена дивиди верзија од серијата, почнаа да се појавуваат фанови, а беше направен и филм, кој пак засекогаш ја уништи надежта за нова сезона. Сепак, во 2015 година актерите изјавиле дека со задоволство би направиле уште некоја сезона, па може да се надеваме дека Нетфликс или Амазон ќе се обидат да го сторат тоа.rnrnПогледнете кои серии беа обновени оваа година.

  • 15 телевизиски серии кои биле пред нивното време

    15 телевизиски серии кои биле пред нивното време

    Оваа листа, која е хронолошки подредена според премиерата на ТВ сериите, е составена од приказни што засекогаш ќе останат запаметени во историјата на поп културата. Без разлика дали траеле со генерации, или пак не биле доволно ценети, ова се ТВ сериите кои ги поминале границите на нивното време.rn

    1. Ја сакам Луси (I Love Lucy), 1951

    rn(1)15-televiski-serii-koi-bie-pred-nivnoto-vreme-kafepauza.mkrnrnОва е првата серија која имала женски главен лик. Покрај другите достигнувања, ова е и првата серија што била снимана пред публика во живо. Исто така вистинската бременост на актерката била искористена за бременоста и на ликот кој го глумела. Интересното е тоа што ова се случувало во период кога зборот „бременост“ не бил дозволен да се изговора на телевизија.rn

    2. Зона на самракот (The Twilight Zone), 1959

    rn(2)15-televiski-serii-koi-bie-pred-nivnoto-vreme-kafepauza.mkrnrnСекоја научно фантастична серија која ја гледате денес на некој начин има влијание од „Зона на самракот“. Оваа серија инспирирала филмови, игри, стрипови, па дури и атракција во Дизниленд. До денес има големо влијание во светот и во изработка се нов филм и трето „оживување“ на серијата. Но најголем придонес имаат предвидувањата за иднината кои дури денес сфаќаме дека можеби биле предупредувања.rn

    3. Ѕвездени патеки (Star Trek), 1966

    rn(3)15-televiski-serii-koi-bie-pred-nivnoto-vreme-kafepauza.mkrnrnКога станува збор за технологија од иднината, ништо не се споредува со „Ѕвездени патеки“. Во оваа серија се случи и првиот бакнеж на телевизија помеѓу две личности од различна раса.rn

    4. Сите во семејството (All in the Family), 1971

    rn(4)15-televiski-serii-koi-bie-pred-nivnoto-vreme-kafepauza.mkrnrnОвој ситком ќе биде запаметен како еден од најдобрите. Ова е серија која им значи на многу луѓе. Покрај големиот број Еми награди и Златни глобуси, оваа серија ги прикажуваше најактуелните проблеми и теми во тоа време.rn

    5. Деграси (Degrassi), 1987

    rn(5)15-televiski-serii-koi-bie-pred-nivnoto-vreme-kafepauza.mkrnrnОваа серија секогаш успешно ги прикажувала реалните проблеми на тинејџерите вклучувајќи секс, дрога, насилство, задевање, домашни проблеми и многу други.rn

    6. Симпсонови (The Simpsons), 1989

    rn(6)15-televiski-serii-koi-bie-pred-nivnoto-vreme-kafepauza.mkrnrnИ покрај едноставноста која го опкружува ова нефункционално семејство, Симпсонови до денес е културен феномен. Ова е серија која многу пати ја предвиде иднината и која е одговорна за многу зборови и фрази кои се прифатени во целиот свет.rn

    7. Вистинскиот свет (The Real World), 1992

    rn(7)15-televiski-serii-koi-bie-pred-nivnoto-vreme-kafepauza.mkrnrnОва е почетокот на реалните шоуа. Во оваа серија се појави и еден од првите геј личности заболени од СИДА, кој за жал ѝ подлегна на болеста кратко по снимањето.rnrnПогледнете ги и останатите серии на следната страница…rn

  • ТВ серии што ги разочараа фановите со последните сезони и завршните епизоди

    ТВ серии што ги разочараа фановите со последните сезони и завршните епизоди

    Ветувањето за нова ТВ серија е секогаш возбудливо. Ние се надеваме дека ќе видиме нешто што не било направено досега и кога продуцентите добро ќе си ја завршат работата, приказната станува вистински хит. Но, дали секогаш успеваат да ја задржат публиката до последната сезона?rnrn(16)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mkrnrnКога една ТВ серија станува позната, продуцентите обично сакаат да ја одржуваат „во живот“ подолго отколку што треба. А ова претставува проблем, бидејќи не секоја серија може да го задржи квалитетот по одреден период. Многу добри серии ги разочарале фановите токму поради ова, и за жал тие ќе бидат запаметени на тој начин. Погледнете некои од најдобрите ТВ серии кои беа целосно уништени од последната сезона и/или финалната епизода.rn

    1. Како ја запознав мајка ви (How I Met Your Mother)

    rn(1)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mkrnrnОвој ситком кој го обожаваа многумина траеше цели 9 сезони. Серијата почна одлично – збир од познати и непознати ликови кои ја исполнија дупката што ни ја остави Пријатели (Firends). Обратно раскажаната љубовна приказна навистина ги заинтересира фановите. Љубовните авантури низ Њујорк на главниот лик, Тед, беа интересни за гледање неколку сезони. Но, писателите самите си го создале проблемот. Крајот бил планиран уште од почетокот на снимањето, и без разлика колку сезони ќе траеше, тие мораа да се вратат на оригиналниот завршеток. Серијата беше толку популарна, па писателите мораа постојано да бараат начин да го одложат неизбежното. Ова водеше до сезона која опфаќаше период од само неколку денови, и финале кое разочара многумина.rn

    2. Округот Оринџ (The O.C.)

    rn(2)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mkrnrnИако траеше само 4 сезони, Округот Оринџ веројатно требаше да биде уште пократка. Оваа тинејџерска драма изведе лош потег убивајќи го главниот лик, Мариса Купер, во крајот на третата сезона. Но дали ова било добра или лоша одлука е навистина тешко да се каже. Од една страна, Мариса беше навистина здодевна и нејзината смрт му даде причина на дечко ѝ да биде збунет за нешто. Од друга страна, серијата фати нов правец по нејзината смрт, движејќи се кон некоја алтернативна реалност. Покрај сето тоа, „замената“ за Мариса беше исто така здодевна.rn

    3. Стажисти (Scrubs)

    rn(3)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mkrnrnЗа жал, прекрасната комедија Стажисти денес е позната по ужасната последна сезона. Серијата неколку сезони беше прикажувана на телевизијата NBC, а потоа е купена од нивниот ривал, ABC. Тие ја емитуваа навидум последната сезона која имаше совршен крај. Но, потоа одлучија да снимаат и 9-та сезона, овој пат фокусирајќи се на други, претходно споредни улоги. Сезоната беше наречена Стажисти: Медицинско училиште (Scrubs: Med School). Овој спин-оф е можеби најлошо нешто што може да ѝ се случи на една серија, и се разбира, веднаш беше откажан.rn

    4. Сејнфилд (Seinfeld)

    rn(4)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mkrnrnОваа комедија заврши малку чудно. После 7 интересни сезони, продуцентот Лери Дејвид ја остави серијата во рацете на еден од креаторите, Џери Сејнфилд. Последните две сезони го променија ритамот на раскажувањето, но сепак имаа добри критики. Сепак, последната сезона ни донесе навистина контроверзен скандал. Во епизодата „Puerto Rican Day“ изгорено е американското знаме. Финалето на ТВ серијата исто така промовираше омраза. Критичарите и публиката беа поделени во мислењето за изборот да се пратат главните ликови во затвор, како и нивното судење кое ја врати секоја ѕвезда што гостувала на серијата. На крајот, начинот на кој серијата заврши ги натера гледачите да помислат „Што по ѓаволите изгледав?!“rn

    5. Декстер (Dexter)

    rn(5)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mkrnrnКако серија која траеше долго, Декстер беше огромен успех. Мрачната приказна за серискиот убиец кој убива само криминалци ни даде увид во мрачниот ум на еден човек кој се обидува да го контролира злото во него. Неговата поврзаност со семејството и работата во полицијата го направи Декстер Морган вистински антихерој, но сепак ТВ серијата доживеа цели 8 сезони. Но, после четвртата сезона која заврши со смртта на Декстеровата сопруга, Рита, серијата стана тешка за следење. Постојат малку начини на кои Декстер може да избегне да биде фатен од полицијата. Но, одржувањето на љубовната врска, одгледувањето на неговиот син, задржувањето на неговото работно место и убивањето во слободно време, сигурно не е еден од начините. На крајот Декстер ја лажира сопствената смрт, а според многу ова беше навистина кукавички потег.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 11 ТВ серии што секоја жена треба да ги изгледа

    11 ТВ серии што секоја жена треба да ги изгледа

    Сериите земаат сè поголем замав и луѓето сè почесто уживаат во нив наместо во гледањето филмови. Секој знае дека во Холивуд доминираат мажите, но полека и жените почнуваат да го заземаат своето место, па се појавуваат сè повеќе ТВ серии и филмови наменети за жени. Погледнете ја оваа листа со ТВ серии кои секоја жена треба да ги изгледа.rn

    1. Портокаловото е новото црно (Orange is the New Black)

    rn(1)11-serii-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mkrnrnСеријата почнува со поглед кон животот на Пајпер Чапман што треба да ја отслужи својата затворска казна. Но постепено, приказната се претовара во фантастичен ансамбл. Веќе никому не му е ни грижа за Пајпер! Поважни се другите жени во затворот кои се многу интересни и кои имаат навистина трогателни приказни за раскажување.rn

    2. Широк град (Broad City)

    rn(2)11-serii-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mkrnrnИлана и Аби се прекрасно телевизиско дуо. Девојките имаат по дваесетина години и се впуштаат во случајни и диви авантури низ Њујорк, притоа обидувајќи се да научат како да бидат возрасни.rn

    3. Девојките Гилмор (Gilmore Girls)

    rn(3)11-serii-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mkrnrnОваа ТВ серија ќе ги стопли и најстудените срца. Во неа се истражуваат комплицираните врски помеѓу три генерации на жени. Ако тоа не ви го привлече вниманието, тогаш сигурно ќе ви се допаднат чудните и ексцентрични споредни ликови.rn

    4. Бафи убиецот на вампири (Buffy the Vampire Slayer)

    rn(4)11-serii-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mkrnrnАко не сакате фантазија, не дозволувајте насловот да ве измами. Да, Бафи секогаш убива вампири после училиште, но серијата е многу повеќе од тоа. Таа ги прикажува работите низ кои секој од нас поминува додека расте: Пронаоѓање себеси, пријателството и бурната врска со првата љубов.rn

    5. Зборот на буквата Љ (The L Word)

    rn(5)11-serii-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-izgleda-kafepauza.mkrnrnОваа серија е трогателен и искрен поглед кон женската сексуалност. Гледајќи ја серијата сигурно ќе почувствувате многу емоции. Во еден момент ќе плачете, а во другиот ќе се смеете на цел глас.rnrnПродолжува на следната страница…rn