КАФЕ ПАУЗА

Tag: серии

  • 9 ликови од нашите омилени ТВ серии кои требало да бидат играни од други актери

    9 ликови од нашите омилени ТВ серии кои требало да бидат играни од други актери

    Замислете како би изгледала вашата омилена ТВ серија кога главните ликови би биле играни од други актери. Оваа листа е составена од актери кои одбиле или не успеале да добијат улоги во познати ТВ серии, како ликови што не би можеле да ги замислиме како никој друг освен актерите што го зазеле нивното место. Погледнете…rn

    1. Гилијан Андерсон како Серсеи Ланистер, Игра на тронови (Game of Thrones)

    rnrnrnСпоред гласините, актерката ја одбила улогата на Серсеи која веднаш отишла во рацете на Лена Хедеј. Гилиан можела да додаде уште еден култен лик во нејзината колекција, покрај ликот на агентката Скали во „Досиеја икс“ (The X-Files).rn

    2. Сем Клафлин како Џон Сноу, Игра на тронови

    rnrnrnСем Клафлин, кој ни е познат од филмовите „Игри на гладните“ (The Hunger Games) се пријавил на аудиција за ликот на Џон Сноу. Колку што е познато, неговиот обид бил неуспешен и улогата ја добил Кит Харингтон.rn

    3. Виго Мортенсен како Едард Старк, Игра на тронови

    rnrnrnВиго бил во план да го глуми ликот на Едард Старк, но улогата на Арагорн во „Господарот на прстените“ (The Lord of the Rings) го спречила да ја прифати. И Шон Бин е дел од актерската екипа во „Господар на прстените“, но тој сепак ја прифатил улогата на Едард.rn

    4. Тим Рот како Давос Сиворт, Игра на тронови

    rnrnrnЗа малку ќе го видевме Тим Рот во улогата на Давос, но креаторите на ТВ серијата сепак се одлучиле за Лиам Канингем кој заврши многу добра работа.rn

    5. Лили Ален како Јара Грејџој, Игра на тронови

    rnrnrnСпоред гласините, улогата ѝ била понудена на Лили Ален. Откако го прочитала сценариото, таа ја одбила понудата бидејќи требало да работи со својот брат, актерот кој го глуми Тион Грејџој, а во сцените имало премногу инцест. Тешко е да не се сложите со неа.rn

    6. Алек Болдвин како Господин Ѕверка, Сексот и градот (Sex and the City)

    rnrnrnСпоред креаторот на серијата, тој сметал дека Алек Болдвин бил совршен за овој лик. Но, кога го сретнал Крис Нот го сменил мислењето.rn

    7. Кристен Дејвис како Кери Бредшо, Сексот и градот

    rnrnrnКристен била на аудиција за ликот на Кери, но како што веќе знаеме улогата ја добила Сара Џесика Паркер, а Кристен ја добила улогата на Шарлот. Навистина е тешко да се замисли како би изгледала серијата со ваква промена.rn

    8. Метју Бродерик како Волтер Вајт, Брејкинг бед (Breaking Bad)

    rnrnrnЗа ликот на Волтер Вајт, креаторите сакале да го најмат Метју. Но, нешто се променило и благодарение на тоа, Барајн Кренстон ја добил улогата. Рејтингот и популарноста на серијата потврдуваат: Креаторите го направиле вистинскиот избор.rn

    9. Мајкл Китон како Доктор Џек Шепард, Изгубени (Lost)

    rnrnrnНа почетокот, креаторите сакале Мајкл да ја има улогата на доктор Шепард. Тој прифатил, но само ако неговиот лик умре на почетокот, бидејќи не сакал да биде зафатен со серијата долго време. Но, сценаристите се одлучиле да ја сменат судбината на докторот, па Китон ја одбил улогата која подоцна ја добил Метју Фокс.rnrnПогледнете и неколку грешки од ТВ сериите кои ќе ве насмеат до солзи.

  • Зошто се вљубуваме во ТВ сериите?

    Зошто се вљубуваме во ТВ сериите?

    Повеќето од нас обожаваат да гледаат ТВ серии. Без разлика дали следиме некоја нова или гледаме 5 сезони наеднаш, секогаш уживаме во оваа активност. Но зошто е толку лесно да се вљубиме во некоја серија? Продолжете со читање и набрзо сѐ ќе ви стане јасно…rn

    Бегање

    rn(1)zoshto-se-vljubuvame-vo-seriite-kafepauza.mkrnrnСе обидуваме да избегаме и да се скриеме од реалноста. Причините може да бидат различни. Понекогаш не сакаме да размислуваме за проблемите во нашиот живот, а понекогаш едноставно бараме да додадеме малку боја во него.rn

    Барање решение

    rn(2)zoshto-se-vljubuvame-vo-seriite-kafepauza.mkrnrnГледањето серии е безбеден начин да пронајдеме одговори на некои прашања. Ги гледаме „другите“ луѓе како живеат и се соочуваат со ситуации слични на нашите. Ова ни дозволува да ги разгледуваме проблемите од друга перспектива и да најдеме можно решение.rn

    Одмор

    rn(3)zoshto-se-vljubuvame-vo-seriite-kafepauza.mkrnrnДодека гледаме серии се одмараме. Секако сериите можат да предизвикаат најразлични емоции, но „живеејќи“ го животот на ликовите, ние се одмараме од нашето секојдневие.rn

    Комуникација

    rn(4)zoshto-se-vljubuvame-vo-seriite-kafepauza.mkrnrnОд една страна си имаме работа со измислени личности, што нѐ тера да бегаме од вистинските, додека пак, од друга страна почнуваме подобро да ги разбираме реалните врски. На овој начин ТВ сериите ни помагаат во комуницирањето со другите.rnrnАко сте расположени за нова ТВ серија, погледнете ги нашите предлози тука!

  • Пронајдок на годината: Чорапи кои ја паузираат серијата ако заспиете

    Пронајдок на годината: Чорапи кои ја паузираат серијата ако заспиете

    За овој пронајдок е заслужна компанијата Нетфликс, а добро е тоа што овие чорапи може да ги изработи секој. Нетфликс веќе го промени традиционалното гледање телевизија, а со својот нов пронајдок оди уште еден чекор понапред. Имено, популарната компанија во соработка со агенцијата „Deeplocal“, направиле чорапи кои можат да детектираат дали сте заспале додека гледате некоја содржина на Нетфликс, по што автоматски го паузираат тоа што сте го гледале. На тој начин луѓето нема да пропуштаат ништо важно од своите омилени емисии, ТВ серии или филмови.rnrn(0)-pronajdok-na-godinata-chorapi-koi-ja-pauziraat-serijata-ako-zaspiete-kafepauza.mkrnrnСистемот за детекција на заспивањето се базира врз популарен метод кој се нарекува актиграфија. Во овие чорапи има вградено детектор за забрзување кој забележува кога подолго време не се движите и кој потоа испраќа сигнал до телевизорот за автоматско паузирање на тоа што го гледате. Пред да се случи тоа, се вклучува црвена ламба на работ од чорапите, сигналирајќи ви дека наскоро ќе биде паузирана програмата. Сигналот може да биде спречен со каков било вид движење. Детекторот за забрзување е осетлив и на најмалите движења, што значи дека прави разлика помеѓу тоа дали сте заспале или само седите мирно додека гледате нешто на Нетфликс.rnrn1-pronajdok-na-godinata-chorapi-koi-ja-pauziraat-serijata-ako-zaspiete-kafepauza.mk_rnrnПогледнете го следново комплетното упатство за изработка на овие чорапи кои Нетфликс го објави на својот веб-сајт.rnrn

  • Одберете ги ТВ сериите кои најмногу ви одговараат според хороскопскиот знак

    Одберете ги ТВ сериите кои најмногу ви одговараат според хороскопскиот знак

    Во моментов ТВ сериите се апсолутен хит. Тие се одличен избор за топлите летни ноќи. Понекогаш, совршеното излегување се состои од пар удобни пижами, сладолед и серија. Ако сте неодлучни и немате идеја која серија да започнете да ја гледате, тогаш одберете ја онаа што одговара најмногу на вашиот хороскопски знак.rnrn1-odberete-ja-serijata-koja-najmnogu-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Овен

    rnОвните знаат да бидат многу детинести, но понекогаш имаат изразени визионерски моменти. Понекогаш се по малку себични, но се многу страсни луѓе. Тие не би биле совршени цимери, бидејќи сакаат да се осамуваат, а преголемата врева и бучава ги прави нервозни.rnrnОвните ги сакаат мелодрамите, бидејќи тие и самите понекогаш прават драма без причина, а за нив се препорачуваат сериите кои ги покажуваат луѓето во нивните најдобри, но и најлоши моменти. Ако сте родени во знакот Овен, тогаш изберете ги:rn

      rn011

    • Inside Amy Schumer
    • rn011

    • Grey’s Anatomy
    • rn011

    • Empire
    • rn011

    • The 100
    • rn011

    • Bloodline
    • rn011

    • Parenthood
    • rn

    rn2-odberete-ja-serijata-koja-najmnogu-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Бик

    rnБиковите сакаат ред и дисциплина во секојдневниот живот за да се чувствуваат сигурни, на работата ѝ приоѓаат со голема страст и сакаат да работат самостојно. Умеат да бидат нежни и сензуални, што ги прави одлични сексуални партнери. Не сакаат промени и се држат до старите навики и традиции.rnrnТие ќе уживаат во сериите кои траат по неколку сезони и оние во кои е прикажана убавината во секој поглед. Ако сте родени во знакот Бик тогаш изберете ги:rn

      rn011

    • The Americans
    • rn011

    • Doctor Who
    • rn011

    • American Crime
    • rn011

    • The Big Bang Theory
    • rn011

    • Law & Order
    • rn011

    • The Wonder Years
    • rn

    rn3-odberete-ja-serijata-koja-najmnogu-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rn

    Близнаци

    rnБлизнаците се познати по својата неверојатна енергија и нетолерантни се спрема работите кои се бавни, досадни и нединамични. Обожаваат шеги, а понекогаш претеруваат кога ќе почнат некого да исмеваат до крајна граница.rnrnСериите со неочекуван пресврт, заплети и драми се она што го одушевува секој Близнак. Ако сте родени во знакот Близнаци тогаш изберете ги:rn

      rn011

    • Game of Thrones
    • rn011

    • Elementary
    • rn011

    • The Walking Dead
    • rn011

    • Girls
    • rn011

    • True Detective
    • rn011

    • American Horror Story
    • rn

    rn4-odberete-ja-serijata-koja-najmnogu-mu-odgovara-na-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk_rnrn

  • 3 одлични ТВ серии за жени

    3 одлични ТВ серии за жени

    За наредниве студени денови спремивме листа од 3 ТВ серии кои ќе им се допаднат на припадничките на понежниот пол. Па затоа дами, одберете ја онаа која најмногу ви фаќа око, испукајте пукани, пикнете се под ќебенце и опуштете се ова попладне.rnrn

    1. Да се биде Ерика (Being Erica)

    rn3 одлични ТВ серии за жениЖанр: драма, фантазија, комедијаrnrnПремиера: 5 јануари 2009; последна епизода: 12 декември 2011rnrnБрој на сезони: 4rnrnГлавни улоги: Ерин Карплак, Реган Пастернак, Мајкл РајлиrnrnКратка содржина: 33-годишната Ерика Стрејнџ добива неверојатна шанса да се врати назад во времето и одново да ги преживее најважните моменти од нејзиниот живот.rnrnОд првиот бакнеж, до матурската вечер и интервјуата за работа, Ерика сега има повторно шанса да ја коригира нејзината долга листа со разочарувања, со надеж дека овој пат ќе направи помудри одлуки, кои ќе ѝ помогнат да го живее животот онака како што таа отсекогаш сакала.rnrn3 одлични ТВ серии за жениrnrnЛична критика: Оваа ТВ серија има длабока, психолошка позадина, а сепак е лесна и многу забавна за гледање. Таа ќе ве натера да отпатувате назад низ вашето минато и да ги преиспитате одлуките кои сте ги правеле и начинот на кој тие влијаеле врз целиот ваш живот.rnrn

    rnrn

  • ТВ серии и цртани филмови со кои израснавме

    ТВ серии и цртани филмови со кои израснавме

    Доколку во брзо време ве нема фатено чувство на носталгија по безгрижното и убаво детство, тогаш сега сигурно ќе ве пукне. Времињата многу се променија, а со тоа во забрав скоро заминаа и сите прекрасни ТВ серии и цртани филмови кои со мерак сме ги чекале пред ТВ екраните.rnrnТВ серии и цртани филмови со кои израснавмеrnrn„Бушава азбука“, „Дајте музика“, „Мечето Ушко“, „Веселите Грашковци“ и многу други се составен дел од детството на сите родени во последните децении од минатиот век. Потсетете се и уживајте низ овој ретро времеплов низ спомените, а доколку ви се малку следниве видеа, посетете го веб-сајтот „Тв ретро“ и разгледајте ги сите легендарни телевизиски содржини кои сте ги обожавале како мали.rn

    Бушава азбука

    rnrn

    Македонски народни приказни

    rnrn

    Дајте музика

    rnrn

    Мечето Ушко

    rnrn

    Во светот на бајките

    rnrn

    Големи и мали

    rnrn

    Втората смена

    rnrn

    Салон Хармони

    rnrn

    Волшебни чевличиња

    rnrn

    Веселите Грашковци

    rnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Траги-комедии

    Траги-комедии

    Надвор дожд и грмотевици, тебе и онака денот ти е ужас, сè ти тргнало наопаку, сегде доцниш, ништо не правиш како што треба, па си велиш сценава баш се поклопува со времево надвор, поужасно не можеше да биде. Од друга страна, на исто такво време можеш да бидеш неверојатно среќен/на, сè ти оди како подмачкано, дождот не ти смета, напротив, си велиш, баш добро денес што заврна ќе си шетам надвор по дождот, си ја пееш „Кој си носи чадорче“, ти си најсреќната особа на светов. На времето работа му е да врне, да се менува, да грее сонце, а ние да се поистоветуваме со истото, како да е небаре поврзано со нашата судбина. rnrnТраги-комедииrnrnМногу често времето управува со нас, како лондончаните, се појавува еден од тие ретките моменти кога грее сонце а не истура дожд, и се чувствуваат како преродени. Да се чудиш колку на твоето расположение може да влијае времето, но од друга страна, колку ти можеш да влијаеш врз сопствената психа, како самиот ти ќе ги доживееш тие временски услови. Се рекло, има луѓе кои го чувствуваат дождот, а другите само се наводенуваат“.rnrnИма едно нешто за кое гарантирам дека човек со најсилна психа не може да го издржи. Тој може да учествува на некаков ритуал на секти и да излезе од таму без ментални оштетувања, ама дај му на истиот човек да гледа неколку епизоди од турските серии по ред, ќе се уништи кутриот. Ма нема сега само турски, има и индиски. Музиката те мава во глава, ти зуе во мозокот, ти се чини ќе експлодираш во секој момент. И ние тоа го гледаме. Нашата нација групно се труе во просек 4 часа дневно. Па не сме здрави, кого залажуваме. Сцена на тортура, морам да го дојадам колачот на баба, се трудела жената и плус ми го направила омилениот, со вишни, леле, леле. Во секоја друга прилика би ми дошло прсти да излижам, ама ела да те видам објасни ѝ дека капацитетот ми е толкав, после зелникот, па питата, и уште кога ќе помислам дека слатко ме чека. Капак на сè, мора да сум во иста просторија за да се увери дека јадам. Бабо не можам веќе, е неразбирлив израз. А во таа просторија ечат серии, ти се чини дека после тоа за ниедна психичка функција нема да си способен.rnrnАгата Кристи кажала дека доколку не ги пишувала своите книги, најверојатно ќе била шизофреничар, всушност книгите ѝ помагале да се ослободи од стресот. Па не знам кој таму писател бил по малку „однесен“, некој поет последните денови од својот живот ги минал во лудница… Чекај, значи во многу случаи овие надарениве генијалци биле на работ пред „шизнување“ или веќе биле „шизнати“. Ја паметам книгата „Чекајќи го Годо“, уште една тортура, цела книга го чекаа и мислам дека на крај не дојде. А да не го спомнувам љубовниот триаголник на Шекспир, човеков, барем според мене, бил чист генијалец, ама ако не бил заглавен помеѓу љубовта кон проститутката и згодниот младич, ќе бил само обичен човек без никакво значење за светот.rnrnТогаш Шекспир остро се противел на верувањето дека само белите девојки, со сини очи и плави коси се убави. Изреволтиран пишувал за лажните убавици кои премногу се шминкале за да имаат бело лице. О, Шекспире, дојди живеј во денешно време, пишувај за „тортите“ кои се шетаат по улица. Кај нас денес сè е убаво, црно, плаво, кафено, сè додека е добро нашминкано, можеби не се служиме со корсети, ама мил мој Шекспир, имаме силикони, ха! Тој го згрешил времето во кое живеел, требало покасно да се роди.rnrnАко некој во денешно време сака да ја опише убавината на една девојка, тоа би звучело вака некако:rn
    rn

    Секси слика на профил имаше таа, ах убавино, ах голотио, ах тесни хеланки твои!rnrnЛајкови и коментари се множеа дневно, будно стоев на нејзиниот профил ко ноќна птица,rnrnЧекајќи нова слика да ме осамне, мене, кутриот, мене јадниот, грешна душа!…

    rnФејл, ама мислам дека пораката е јасна, тоа е поентата… Заклучок: прифатете ги промените, нови времиња, тоа е тоа, можеби и супер ни е вака, којзнае што доаѓа во иднина!rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи од детството кои никогаш нема да се заборават

    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават

    Детството е период во кој живееме безгрижно и слободно. Време во кое сме искрени, нема лаги и интриги и со останатите деца имаме искрен однос. Како растеме, така добиваме слика за реалноста која нè менува и на која секогаш се прилагодуваме.rnrnСепак детството е период кој никогаш не се заборава и на кој вечно се навраќаме, сеќавајќи се на сите работи кои сме ги правеле тогаш. Ова се еден мал дел од работите кои сигурно ги паметат оние кои биле деца во 80-тите и 90-тите, а доколку е така, тогаш сигурно имале убаво детство.rnrn

    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Албуми со самолепливи сликички
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Детска пошта
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Одлични детски филмови (Сам дома, Бетовен, Ричи Рич)
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Забавни сериски филмови
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Интересни цртани филмови
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Култни видеоигри
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Џамлии
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Тетрис
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Не лути се човече
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Првата конзола Нинтендо (Nintendo Entertainment System)
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Чипи-чан
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Пластични зелени војничиња
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Аудио касети
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Патики што светкаат
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Карти Меџик и Покемон
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Маички „Bad+Mad“
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Циркусот Медрано
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Крадење од црешата на комшијата
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Бонбони Пез
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Играње Плочка
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Кофичка, гребло, сито и лопатка за на плажа
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Виткање на книгите во украсна хартија на почеток на школската година
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Дување балони од сјај

  • Чекирајте се на вашите омилени серии, филмови, книги…

    Чекирајте се на вашите омилени серии, филмови, книги…

    Автор: Александар Ниневскиrnrn„Гет Глу“ е социјална мрежа која ви овозможува да се чекирате на вашите омилени серии, филмови, книги, музика или едноставно да споделите на која тема размислувате во моментот. Како и кај сите останати социјални мрежи, на насловната страница ви се прикажуваат активностите од вашите пријатели. Од тука можете да се чекирате и да го споделите тоа и со вашите пријатели на Фејсбук и со вашите следачи на Твитер. Исто така постојат апликации за Андроид и Ајфон за полесно и побрзо чекирање.Чекирајте се на вашите омилени серии, филмови, книги...Она што ја издвојува оваа социјална мрежа од Фејсбук, Твитер, Форсквер и од другите на неа слични сервиси, е нејзината голема соработка со филмските и телевизиските студија. Преку овој сајт имате можност да добиете специјални попусти за купување дивидија, музички албуми или за што било друго од официјалните продавници наменети за обожавателите. Врз база на тоа што гледате и што сакате, апликацијата ви генерира предлози за нови серии или филмови кои би можеле да ви се допаднат.Чекирајте се на вашите омилени серии, филмови, книги...Можеби најзабавен момент се стикерите. Тие може да ги добиете на најразлични начини како кликнување лајк на одреден број серии, филмови…, чекирање на одредена серија или филм, чекирање во одредено време и слично. Доколку освоите одреден број стикери, тие ќе ви бидат испратени на домашна адреса.rnrnЕдна од предностите на оваа мрежа е тоа што можете да видите што мислат останатите фанови за серијата која моментално ја гледате и на која сте се чекирале. Можете да дискутирате со нив на пример за тоа дали ви се допаднала последната епизода или што мислите дека ќе се случи во наредната.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

    Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

    Интернетот е дел од нашите животи. Со негова помош доаѓа до раѓање и изумирање на многу нешта. Клучниот збор кој во последно време многу често се поврзува со интернетот е „бесплатно“. Па, како би можеле да се заработат пари од бесплатни работи? Останува на компаниите сами да си откријат начин (како на пример рекламирањето, кое е број еден во таа област), додека пак за останатите – еве неколку работи кои можат да се најдат на интернет бесплатно.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    1. Меѓуградски разговори

    rn„Да операторе, поврзете ме со Токио. Да, ги прифаќам трошоците.“ Овие зборови се поретко се случуваат по појавата на интернетот. Комуникацијата е бесплатна активност преку социјалните алатки како Ем-ес-ен, имејл, Фејсбук, Скајп… Скајп им дозволува на корисниците и да се јавуваат бесплатно преку услуга, за која исто така не се наплаќа, која дури и Си-ен-ен ја користи за разговор со новинари кои се јавуваат во живо од локацијата каде што снимаат. Покрај говорните повици овие социјални програми ни овозможуваат и видеоповици.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    2. Веб-адреси

    rnРечиси сите нови музички групи функционираат преку Мајспејс, бесплатно место на кое можат да се објават распоредите на турнеите, да се слушаат нивните песни и да се поврзат со обожавателите. Тоа е најекономичниот и најефективниот начин да се прошири нивната музика. Другиот начин на кој може многу брзо да се рашири бизнис од кој било вид се фан-страниците, групите и индивидуалните профили на Фејсбук. Нема подобар начин на поврзување со јавноста од оној кој самата таа го користи.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    3. Вести

    rnУште една индустрија која полека оди во надолна линија се весниците. Телевизијата им го зададе првиот удар, но интернетот дефинитивно моментално има најголема предност во овој „натпревар“. Зошто некој би платил да чита нешто до коешто би можело да се дојде бесплатно и во кое било време?rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    4. Состаноци

    rnНаоѓањето девојка/момче за состанок е исто толку лесно колку и наоѓањето „жешко“ име на Фејсбук. Одењето на состанок е исто толку лесно колку и гледањето телевизија. Трудот и кавалерството не се одлика на помладите генерации. Денешните запознавања се базираат на разговор преку чет и разгледување на интересите на личноста на нејзиниот профил, додека пак излегувањата во ресторан или во кино се својствени само на оние кои се официјално во врска.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    5. Софтвер

    rnВиндоус, програми, игри – интернетот е главниот извор за бесплатна набавка на овие работи. Почнувајќи од Напстер и Казаа, па сè до најефективните торенти денес, се појавуваа различни програми и игри за кои на луѓето едноставно не им се даваат пари. И покрај секојдневните адаптирања на комапаниите, сепак хакерите наоѓаат начин да ги заобиколат нивните надградби.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    6. Општи информации

    rnСе сеќавате ли на времето кога онлајн енциклопедиите како Енкарта дозволуваа бесплатно читање само на воведот од статијата? За целосен влез беше потребно плаќање на месечна членарина исто како и во библиотеките, каде што се плаќаше за изнајмување на секоја книга. Денес доволно е да го напишеме она што нè интересира во некој онлајн-пребарувач и пред нас ќе се појават илјадници сајтови кои дозволуваат бесплатно прегледување и користење на нивните содржини.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    7. Забава за возрасни

    rnНикој повеќе не крие списанија за возрасни во нивните фиоки за чорапи, ниту пак некој оди во дивидитека со ранец и темни наочари за да изнајми филм за возрасна публика. Целосни филмови со добар квалитет кои можат бесплатно да се гледаат се широко распространети на интернет и се одалечени на само едно Гугл-пребарување од нас.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    8. Телевизиски емисии и серии

    rnНекои едвај легални веб-сајтови (најчесто преку Mегавидео) овозможуваат која било телевизиска емисија или серија да се гледа веднаш по нејзиното емитување и без реклами (секако и без потребата да се плати сметката за услугите на ТВ операторите). За да се адаптираат на овие услови, некои ТВ оператори им дозволуваат на своите корисници пропуштените епизоди да ги гледаат онлајн, без да наплаќаат за тоа.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    9. Филмови

    rnМногу веб-сајтови дозволуваат бесплатно онлајн-гледање или симнување филмови со многу добар квалитет. Со поврзување на телевизорот на интернет, на само неколку минути од нас се сите досега снимени филмови со вклучен превод на јазик по наш избор. Секако, дома имаме и поголема удобност отколку во кино салите.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

    10. Музика

    rnНајголемо влијание интернетот има врз музичката индустрија. Музичката пиратерија постои повеќе од една декада и со помош на торентите, таа е еден вид невидлив криминал, но имајќи предвид колку е лесно да се „украде“ музика, кој би платил за неа? Дури, Јутјуб на пример, во соработка со Ријл плеер ни овозможува и бесплатно симнување на видео спотовите на песните.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.