КАФЕ ПАУЗА

Tag: село

  • Најубавото село во Европа кое треба да го посетите барем еднаш во животот!

    Најубавото село во Европа кое треба да го посетите барем еднаш во животот!

    Lake District, планинска област на северозападот на Англија и најголемиот национален парк во земјата, е рај за љубителите на природата кои можат да пешачат со часови и часови истражувајќи ги многубројните патеки со поглед кон магичниот пејзаж.rnrnНајубавото село во Европа кое треба да го посетите барем еднаш во живототrnrnПред пет години овој регион станал дел од светското природно наследство на УНЕСКО.rnrnОвде се наоѓа најголемото езеро во Англија, Виндермирското Езеро како и највисоката англиска планина, Скафел Пајк.rnrnСелото Грасмер е одлична почетна точка за истражување на оваа област. Грасмер е уникатно село со прекрасни плоштатчиња и улички со традиционални куќи од 18 и 19 век, како и дом на одлични пабови, преубава книжарница каде доаѓаат љубителите на мапите и планинската литература, како и дом на поетот Вилијам Вордсворт, чија куќа и денес е таму, сместена на работ на селото, опкружена со ритчиња и шума.rnrnПоетот со светска слава го нарекувал ова место „најубавото место кое човекот некогаш го пронашол“.rnrnВо 1891 година, околу 40 години по неговата смрт, неговата куќа за прв пат била отворена за јавноста, а со текот на времето почнала да привлекува сè поголем број посетители. Денес, десетици илјади луѓе ја посетуваат секоја година.rnrnОва место не само што се одликува со историја туку и со одлична кујна која се состои од превкусни колачи со мармалад и крем, пита со лимон, чаден лосос и пржени јајца, па сè до rarebit – еден вид тост со сирење.rnrnОткако прочитавте за ова магично европско село, можеби ќе сакате да прочитате и за планинското село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Запознајте го ова мало шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото!

    Запознајте го ова мало шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото!

    Кловли, лоцирано во Југозападна Англија, е многу повеќе од обично приморско село. Една од необичните карактеристики на селото е дека единствениот начин за пристап е преку центарот за посетители каде се наплаќа билет од 8,50 фунти за возрасни и 4,95 фунти за деца. Втората особеност е отсуството на автомобили кои се заменети со санки секогаш кога локалното население оди на пазарување.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnЦентарот за посетители, отворен во 1988 година и санките кои ги замениле магарињата почнувајќи од 70-тите години на минатиот век се начините преку кои ова село со историја долга 1000 години се обидува да го следи текот на модерното време. Сепак, овде и понатаму продолжува да живее духот на минатото.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnСо оглед на стрмните патеки во селото, и денес во Кловли нема автомобили. Нема сообраќај ниту светлосно загадување, но затоа селото се одликува со калдрмисани патеки, мали колиби и чамци закотвени на кејот кој датира од 14-ти век.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnЗа локалното население, она што е убаво и уникатно за ова село не се должи само на слатките, мали калдрмисани патеки туку пред сè на фактот дека овде минатото сè уште живее.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnСпоред историските извори, во 11 век селото било во сопственост на Вилијам I од Англија, познат како Вилијам Освојувачот. Подоцна, селото преминало во сопственост на сопругата на Вилијам I, Матилда од Фландрија, првата крунисана кралица на Англија.rnrnКловли со векови било инспирација на писателите и уметниците меѓу кои Вилијам Турнер и Чарлс Дикенс. Освен тоа, селото послужило и како една од главните локации за снимање на филмот „Разум и чувствителност“ во 2008 година.rnrnОткако прочитавте за ова мало англиско село, можеби сакате да прочитате и за најголемото село на вода, познато уште како и Венеција на истокот.rnrnИзвор: bbc.com

  • Ова магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушни

    Ова магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушни

    Препознатливиот изглед на селото се должи на фактот дека овде сите куќи се изградени од шкрилци.rnrnОва магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушниrnrnДоколку имате можност да го видите селото Таласнал од далечина, несомнено ќе добиете впечаток дека се работи за место од некои стари разгледници. Ова живописно село се издига на 500 метри во магичната околина на планината Луза и истоимената општина во централните делови на Португалија.rnrnОва магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушниrnrnОвде куќите се опкружени со бујна вегетација населена со елени, срни, диви свињи како и многу други животински видови.rnrnСтанува збор за најголемото од 27-те места кои се нарекуваат Aldeias do Xisto или села од шкрилци (материјалот од кој се изградени куќите).rnrnИако овде куќите изгледаат старомодно, сепак повеќето од нив се опремени со модерни уреди како резултат на заедничката акција на ЕУ и Португалија за заштита на одредени локации, но и за привлекување туристи како и жители во напуштените делови на државата.rnrnОва магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушниrnrn rnrnОвде, меѓу другото, ќе пронајдете ресторани и кафулиња кои служат традиционални специјалитети карактеристични за оваа област. Убавината на селото не може да остави никого рамнодушен, а како доказ служи и фактот дека станува сè популарна туристичка дестинација.rnrnОткако прочитавте за ова мало, идилично португалско село, можеби ќе сакате да прочитате и за швајцарското село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Швајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади

    Швајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади

    Швајцарското село Лаутербрунен изгледа како да излегло од зад сцената за некој романтичен филм снимен во природа. Има нешто повеќе од две илјади жители и се наоѓа во бујна зелена долина украсена со дрвја и цвеќиња, а погледот нагоре завршува на огромни планински врвови.rnrnШвајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопадиrn

    1. Сосема необично

    rnСелото се состои од неколку улици полни со продавници, ресторани и куќи. Далеку е од големо, но добро е да биде токму такво, затоа што својата големина ја компензира со шармот и убавината со кои ги освојува сите странци, но и локалните жители.rn

    2. Поглед на фантастичен водопад

    rnЛаутербрунен го добил прекарот „место на 72 водопади“ од сосема оправдана причина. Видливи се многу мали и големи водопади, а до некои може да стигнете многу блиску до нив. Што се однесува до водопадите, најдобро е да го посетите Стаубах. Сместен е на периферијата на селото, а до нив ве очекува опуштена прошетка. Одлично е што можете да стигнете до самиот водопад, поточно зад него, и да ги видите Лаутербрунен и долината низ „вода што паѓа“.rn

    3. Градба на најголема надморска височина во Европа што е изградена од човек

    rnПосетата на опсерваторијата Сфинга е совршена за патниците кои бараат незаборавно искуство. Турата низ областа се плаќа, но тоа е навистина незаборавно искуство. Врвот ќе го достигнете минувајќи низ Јунгфраујох, највисоката железничка станица во Европа. Погледот од опсерваторијата достигнува дури до Франција, Италија и Германија, така што само тој факт е доволна мамка за посета на ова село.rn

    4. Незаборавни пешачки патеки

    rnКога сте таму, заборавете на автомобилот, бидејќи ќе бидете поврзани со жичарници и возови. Околните планини нудат многубројни пешачки патеки, кои минуваат низ шумата, преку потоците, покрај водопадите итн.rn

    5. Блиску до другите убавини на Швајцарија

    rnЕдна од предностите на Лаутербрунен е неговата близина со другите прекрасни швајцарски дестинации. Ако сакате да пешачите или да скијате, можете многу брзо да стигнете до Гринделвалд. Ако сакате да „скокнете во културата“, возот веднаш ве носи во Интерлакен. Блиску е и Женева, а ниту Цирих не е предалеку. Всушност, не можете да погрешите со Лаутербрунен, ниту со Швајцарија.rnrnШвајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопадиrnrnШвајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопадиrnrnШвајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопадиrnrnШвајцарско село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопадиrnrnПогледнете ја оваа италијанска плажа скриена зад фјордовите со прекрасни куќички во карпите.

  • Овој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипса

    Овој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипса

    На југозападот на Русија, во Република Дагестан, има неколку напуштени села, а едно од нив го добило прекарот „руски Мачу Пикчу“. Можеби Мачу Пикчу звучи симпатично, но руската верзија на изгубениот град во планините се вика Гамсутл.rnrnОвој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипсаrnrnПоради политичките турбуленции во минатото, Дагестан подолго време имал репутација на опасно место и на патниците им се препорачувало да бидат претпазливи, па дури и да избегнуваат патување на тоа место. Се разбира, ова само дополнително ги привлекло патниците кои сакале вакви дестинации и забрането овошје.rnrnДенес ситуацијата е помирна, а оние што зачекориле на планинското тло на Дагестан велат дека жителите се многу гостопримливи и среќни што ве гледаат.rnrnВо Дагестан тешко дека ќе најдете некој што зборува англиски, граничните контроли се детални поради претходните немири и проблеми со криминалците, а откако ќе пристигнете, водичите ќе ве советуваат да ги истражувате селата, а не градовите затоа што во градовите живеат скромен живот.rnrnСепак, повеќето посетители доаѓаат поради планинските села, а Гамсутл се наоѓа на 1 400 метри надморска височина.rnrnВо 20-тиот век имало продавници, училиште, пошта и болница во Гамсутл. По Втората светска војна, жителите одлучиле да бараат подобар живот на други места, а последниот жител го напуштил градот во 1950-тите.rnrnМожеби изгледа како место кое преживеало апокалипса, но тука има туристи. Се разбира, станува збор за мал број ентузијасти кои сакаат да се искачат на врвот.rnrnОсвен Гамсутл, има уште едно празно село, Кахиб, кое изгледа како да е целосно „врежано“ во ридот. Помеѓу нив се наоѓа Корода, чии карпи се многу пострмни и поопасни, па пристапот е потежок.rnrnОвој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипсаrnrnОвој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипсаrnrnОвој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипсаrnrnОвој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипсаrnrnОвој заборавен руски Мачу Пикчу изгледа како да преживеал апокалипсаrnrnПогледнете кои се најзелените градови во светот што живеат во хармонија со природата.

  • Шармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магариња

    Шармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магариња

    Англиското село Кловели во кое се наоѓа пристаниште, се прослави на социјалните мрежи благодарејќи на својата фотогеничност. Уредните и шармантни куќички, поплочените улици и фармата за магариња се доволни за да привлечат голем број посетители, но и потенцијални купувачи на недвижности. Се наоѓа на југозападната страна на Англија, недалеку од местото кое симболично се нарекува крај на земјата.rnrnШармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магарињаrnrnБројот на среќните жители е ограничен. Ако живеевте тука, ќе имавте околу 400 соседи во целото место – доволно за да не се чувствувате изолирано, но и да го задржите својот мир. Жителите на ова село од новите соседи очекуваат активно да се вклучат во животот на заедницата, како и во некои од програмите. Целото село е всушност приватен имот, а од 13-тиот век го поседувале три семејства. Дури во 16-тиот век, ова село заживеало како мала заедница, а дотогаш немало траги кои покажуваат дека има живот. Колку е неодоливо селото, пишувал и Чарлс Дикенс во неговата кратка приказна „Пораки од морето“. Во неа опишал живописно место покрај морето. За Кловели пишувал и Рудјард Киплинг, а селото било и чест мотив за уметнички дела. Вредноста на ова место ја препознал сопственикот, кој одлучил да инвестира во него. Изградил два музеи, неколку ресторани и апартмани, а можно било и да се земат под закуп просторни места за посебни пригоди, како што се свадби или родендени.rnrnНо, за да влезете во приватно село, треба да платите влез. Од друга страна, улицата која води низ селото е јавна патека. Со години се воделе битки за оваа улица. Некои успевале да поминат, но некои застанувале да ги замолат чуварите да се вратат или да платат влез. Наплатата на влез се оправдува со трошоците за одржување на инфраструктурата на селото, како и на двата музеи, но многу Британци биле лути поради приватното присвојување на дел од државата.rnrnШармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магарињаrnrnШармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магарињаrnrnШармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магарињаrnrnШармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магарињаrnrnШармантно село во Англија со уредни и шармантни куќички, поплочени улици, па дури и фарма за магарињаrnrnПрочитајте и за оваа земја во Европа за која малкумина слушнале и која ја нема на картата.

  • Тајните на Зелениот Остров: Невообичаено село полно со морски пештери

    Тајните на Зелениот Остров: Невообичаено село полно со морски пештери

    Ла Палма е петти по големина остров на Канарските Острови и најдалеку од африканското копно. Со околу 40 проценти зеленило, тој е наjзелениот остров и затоа е наречен и Исла Верде (Зелен остров) или Исла Бонита (Прекрасен Остров). Бидејќи е малку покомплицирано да се стигне до Ла Палма, тој е поштеден од масовен туризам.rnrnТајните на Зелениот остров: Невообичаено село полно со морски пештериrnrnПланините и вулканите на Ла Палма нудат многу убави тури за пешачење, а самото доаѓањето и погледот кон пејзажите го буди адреналинот. Ако немате на располагање автомобил или мотор, добро е да знаете дека автобусите обично одат на секој час или два. Бидејќи повеќето автобуски линии одат преку Санта Круз и Лос Лоанос, овие градови се добра основа за истражување на Ла Палма. Добро уживање за оние кои сакаат да откриваат скриени места кои сè уште не биле откриени, секако е Проес де Канделарија – мал залив преполн со морски пештери, кои локалните жители ги граделе за куќи. Некогаш било мало село, кое сега е напуштено, но куќите сè уште се во добра состојба. Некои куќи се користат како колиби, други служат како складиште. Скоро нема историски документи за малото село, но се споменува уште во 1588 година, како мало пристаниште кога на островот немало планински патишта.rnrnПостојат многу легенди за Прос де Канделарија, бидејќи не е познато зошто жителите решиле да градат куќи на толку далечно место. Прилично високите бранови и силните струи што го оневозможуваат пловењето во бурно време, секако не беа плус. Некои веруваа дека селото всушност било дом на пирати или шверцери, па затоа често се нарекува Пиратски Залив.rnrnЗа да стигнете до Проис де Канделарија, треба да ја следите улицата Каље де Молина од Тијарафе по асфалтен, стрмен и виткан пат. Таму вреди да се посети и Куева де Ла Вирген – пештерна капела во која се наоѓа скулптура што ја оставиле морнарите на ова место откако брановите и ветровите не им дозволиле да пловат.rnrnТајните на Зелениот остров: Невообичаено село полно со морски пештериrnrnТајните на Зелениот остров: Невообичаено село полно со морски пештериrnrnТајните на Зелениот остров: Невообичаено село полно со морски пештериrnrnТајните на Зелениот остров: Невообичаено село полно со морски пештериrnrnПрочитајте и за овој хотел со поглед кон италијанското село Позитано каде што ќе сакате да го пиете првото утринско кафе.

  • На португалскиот остров Мадеира се отвора првото село за дигитални номади!

    На португалскиот остров Мадеира се отвора првото село за дигитални номади!

    Дигитални номади се луѓе кои користат само дигитални технологии за да ја завршат својата работа, сакаат да патуваат, независни се и живеат на многу места. На кратко, дигиталниот номад живее и работи на пат бидејќи тој може да си ја заврши својата работа од кој било агол на светот, за што му треба само пристап до Интернет.rnrnНа португалскиот остров Мадеира се отвора првото село за дигитални номади!rnrnДигиталните номади се сè побројна група во светот, а некои од професиите што им припаѓаат се блогери, дизајнери, новинари, фотографи. Сега има и нова група номади. Поради моменталната состојба, работата од дома за многумина стана дел од секојдневниот живот, па затоа веќе не се осудувани на пет дена во канцеларија, односно работат од далечина.rnrnТоа влијаеше и на другите области од нашите животи, па сè повеќе луѓе ќе одат на подолги патувања каде што ќе можат да ги комбинираат работата и задоволството на поефикасен начин. Оваа година се очекува значително зголемување на годишните одмори во комбинација со работа, при што патниците се обидуваат да ги продолжат своите патувања на нови локации и да останат една или две недели подолго за да работат надвор од канцеларијата или да организираат одмори додека се на службено патување.rnrnИмајќи го ова на ум, првото европско село за дигитални номади се отвора на португалскиот остров Мадеира. Станува збор за проект кој ги отвора вратите за заинтересираните дигитални номади на 1 февруари, во градот Понта до Сол. До 30 јуни, 100 дигитални номади имаат можност да живеат на ова прекрасно место каде што климата е секогаш пријатна, сонцето грее цела година, а природата е неверојатно убава. Ова номадско село им нуди на патниците бесплатни канцеларии, бесплатен интернет од 8 до 22 часот секој ден и многу други работи, а единствениот услов е тие да се обврзат да останат минимум еден месец.rnrnПроектот е заедничка иницијатива на регионалната влада на Мадеира, стартап „Мадеира“ и Гонсало Хала, консултант за телекомуникација. Тие исто така се здружија со локални компании, како хотели и компании за изнајмување автомобили. Гонсало и неговите партнери се надеваат дека ќе започнат повеќе слични проекти во Мадеира и во неколку рурални области во Португалија.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=-p0I4dgsArE&feature=emb_titlernrnПрочитајте ги овие совети за дигитални номади.

  • На 1350 метри во подножјето на Доломитите: Дали е ова најубавото село во Италија?

    На 1350 метри во подножјето на Доломитите: Дали е ова најубавото село во Италија?

    Санта Мадалена често се нарекува најубавото село во Италија. Овој прекар не ги изненадува сите оние кои имаа можност да ја посетат оваа прекрасна област на работ на долината Вал ди Фунес и во подножјето на Доломитите.rnrnСелото се протега на просечна надморска височина од околу 1350 метри, опкружено е со спектакуларни планини и ливади и е подеднакво убаво за време на топлите и на студените месеци. Најпрепознатливиот дел е истоимената црква посветена на таа светица.rnrnДенес, Санта Мадалена има околу четиристотини жители кои главно се занимаваат со туризам. Исто така, тоа е идеална почетна точка за истражување на паркот на природата Пуец-Одл.rnrnНа 1350 метри во подножјето на Доломитите: Дали е ова најубавото село во Италија?rnrnНа 1350 метри во подножјето на Доломитите: Дали е ова најубавото село во Италија?rnrnНа 1350 метри во подножјето на Доломитите: Дали е ова најубавото село во Италија?rnrnНа 1350 метри во подножјето на Доломитите: Дали е ова најубавото село во Италија?rnrnНа 1350 метри во подножјето на Доломитите: Дали е ова најубавото село во Италија?rnrnНа 1350 метри во подножјето на Доломитите: Дали е ова најубавото село во Италија?rnrnПогледнете како изгледа најголемиот населен кратер во светот.

  • Генијално езерце на кое може да се лови риба низ прозорецот

    Генијално езерце на кое може да се лови риба низ прозорецот

    Едно мало езеро со „пловечко“ село стана хит меѓу фотографите на пејзажи во последните неколку години. Лесно е да се види зошто. Добре дојдовте на унгарското езеро Бокод!rnrnСместено е на еден час возење од Будимпешта и оттаму можете да се вратите на автопатот кон езерото Балатон, па затоа е лесно да го отсечете погонот и да одморите.rnrnГенијално езерце на кое може да се лови риба низ прозорецотrnrnЗа разлика од огромното езеро Балатон, вештачкото езеро Бокод е мало и питомо, со дрвени куќи. Патеките водат до нив преку езерото, и покрај студените зими, ретко замрзнува. Причината за ова е постојаната циркулација на ладна езерска вода и топла вода што доаѓа од блиската централа. Но, можеби имате доволно среќа да го фатите во ретките моменти кога тоa, исто така, ја губи битката против унгарската зима. Иако изгледа скромно и погодно за одмор во природа, малкумина освен локалното население воопшто знаеја за ова место.rnrnСопствениците ги чуваат своите викендички, па затоа не очекувајте премногу ентузијазам и радост ако одите со најновата камера, но тоа е убаво место за љубителите на природата кои сакаат тивка прошетка и добри фотографии од живописното село.rnrnПосетителите велат дека најдоброто време за пристигнување е непосредно пред зајдисонцето, кога небото навидум гори над покривите на колибите. Во близина има и ресторан со добра храна за да не се грижите дали носите сендвич на патувањето. Студот најдобро се третира со фина унгарска чорба.rnrnГенијално езерце на кое може да се лови риба низ прозорецотrnrnГенијално езерце на кое може да се лови риба низ прозорецотrnrnГенијално езерце на кое може да се лови риба низ прозорецотrnrnГенијално езерце на кое може да се лови риба низ прозорецотrnrnПогледнете како изгледа најголемиот населен кратер во светот.