Ниакорнат е мало село на Гренланд, каде што живеат само 59 жители. Ледот кој се топи, изолацијата, еден месец целосен мрак, студот и недостатокот на канализација се само неколку карактеристики на ова место, за кое може да се каже дека се наоѓа на самиот „крај“ на светот. Селото добило електрична енергија дури во 1988 година, а населението од неодамна има можност да комуницира преку сателит и Интернет.rnrn
rnrnЕдинствениот тинејџер во селото, Ларс, не е посебно заинтересиран за традицијата и некои го обвинуваат токму Интернетот за неговиот немирен дух. Ларс слуша рап музика, се забавува на Google Earth, а од досада се занимава и со резбарство. Тој не може да излегува и да запознае ново друштво, а дури не може да си пронајде ни девојка. Доколку сака да се ожени, тој мора да бара жена во соседните села. Ниакорнат е многу мало место и населението го сочинуваат две големи фамилии и само неколку луѓе кои не се роднини.rnrn
rnrnКанализација не постои, туку секое утро еден човек ги собира кантите со фекалии кои ги носи и ги фрла во депонијата предвидена специјално за тоа. Селото поседува големи резервоари со вода кои го снабдуваат населението со свежа вода за пиење од планинските езера. Постои и зграда на локалната заедница, каде има модерна бања и соба за перење.rnrn
rnrnСеланите исто така формирале организација која работи на тоа да привлече туристи, особено оние кои патуваат со бродови, па со чамци може да отидат до нивното место и да видат како тие живеат и со што се занимаваат. Инфраструктурата на селото е минималистичка, а жителите одат на работа во соседното село со хеликоптер, чијшто сопственик има договор со државата, додека пак намирниците до ова место повремено стигнуваат со брод. Жителите се возат со санки кои ги влечат кучиња и така одат на лов или риболов, со што речиси сите се занимаваат. Порано постоела и фабрика за риби, која е затворена, а била клучна за животот на луѓето во ова село.rnrn
rnrnКлиматските промени не се непознати за жителите на Ниакорнат. Ледот на Гренланд се топи и тоа директно влијае на нивниот начин на живот. Во 2012 година режисерката Сара Гаврон и кинематографот Дејвид Катцнелсон го посетиле ова мало селце и направиле документарец каде што се судираат старото и новото, а се забележува и борбата на селаните со климатските промени и владините политики.rnrn
rnrnВо оваа село нема многу работни позиции: Едно место во продавница за храна, учител, администратор на селото, колектор за отпадни води и толку. Овде не постои класичен систем, но традиционално, ловецот е главен на селото. Некои години овде се потопли, дури се поладни, но општо земено, од година во година мразот станува сѐ потенок и потенок, а тоа има последици за заедницата. На пример, тоа им претставува проблем во ловот, затоа што една година дури не можеле ниту да ги користат нивните санки и кучињата, затоа што мразот бил премногу тенок.rnrnТоа е резултат на загадувањето на светот предизвикано од нас, а токму овде е и иронијата.
Tag: село
-

Ниакорнат: Како изгледа животот во селото „на крајот од светот“?
-

10 придобивки што ги искусуваат само луѓето што живеат во село
Урбанизацијата со години е тренд низ светот. Многу луѓе кои се родени во село, се преселуваат во градовите, барајќи подобри услови за живот. Очигледно е дека постојат големи разлики помеѓу начинот на живот во село и во град, но тешко е да се каже кој од нив е подобар. Живеењето во град честопати значи и повисока плата, повеќе можности, повеќе достапни ресурси и така натаму. Сепак, во денешно време овие работи постепено стануваат достапни и во селата. Така, постојат многу убави работи кои ги нуди тамошниот живот, а кои луѓето што никогаш не живееле таму не можат да ги сфатат. Во продолжение погледнете во кои предности уживаат оние кои својот живот го поминуваат на село.rnrn
rn1. Уживаат во секојдневниот свеж воздух
rnДоколку не сте живееле во село не можете да замислите како изгледа свежиот воздух. Овде не постојат поголеми загадувања од возилата, па тие може да се пофалат со тоа што од утро до мрак уживаат во свеж и чист воздух.rn
2. Живеат мирен и тивок живот
rnГрадовите се секогаш бучни и постојат многу возила и пешаци по патот. Тука има сообраќајна бучава, индустриска врева, бучава што доаѓа од градење нови објекти и слично. Во селата никогаш не треба да бидете загрижени поради ова. Можете мирно да спиете во текот на ноќта или пак да уживате во тивките прошетки во текот на денот.rn
3. Овде може да се најде свеж и чист зеленчук
rnОние кои живеат во град најчесто купуваат од супермаркетите во нивна близина, а за да јадат свеж зеленчук треба да станат рано и да отидат на пазар. Сепак, ситуацијата е поинаква доколку живеете во село, бидејќи овде луѓето најчесто сами си го одгледуваат зеленчукот и тие самите ги контролираат пестицидите што ги ставаат, па затоа се сигурни дека зеленчукот е чист и здрав.rn
4. Помалку трошат
rnНесомнено, трошоците за живот во селата се помали. Најчесто овде цената на стоките е помала отколку во градовите. Исто така бидејќи луѓето во селата имаат помали опции да избираат помеѓу одредени производи, тие може дополнително да заштедат.rn
5. Никогаш не се сами
rnПовеќето од луѓето кои живеат во градовите го имаат истото чувство: Луѓето се на само десетина метри од нив, но сепак се чувствуваат осамени. Помеѓу соседите има слаба комуникација, а нивните пријатели може да живеат оддалечени со километри. За да го отстранат чувството на осаменост, тие гледаат филмови, играат игри или излегуваат на кратка прошетка. Сепак, оние кои живеат во селата никогаш не се чувствуваат осаменo. Секој ден си посакуваат добро утро со своите соседи, неретко го пијат и првото кафе заедно, а пак нивните пријатели се оддалечени само неколку метри. Додека во градовите можете да сретнете илјадници непознати луѓе, луѓето во селата се познаваат сите.rnrn
rn6. Имаат поголема физичка активност
rnРечиси секоја работа на луѓето кои живеат во село бара физичка активност. Обработката на земјата, садењето семе, бербата на плодовите, сечењето дрва и уште многу други нешта прават тие да бидат физички поактивни од оние кои живеат во градовите.rn
7. Уживаат во прекрасното небо
rnДодека со светлосното загадување во градовите сѐ што можете да видите се куќи и згради, семафори, возила или улично осветлување, во селата луѓето може да уживаат јасно гледајќи ги ѕвездите и месечината.rn
8. Не се опседнати со најновите трендови
rnНајчесто оние кои живеат во градовите пред да излезат од дома проверуваат дали нивната облека ја следи најновата мода, за да не бидат исмеани од другите, а исто така настојуваат да бидат во тек со најновите теми, озборувања, холивудските филмови и ѕвезди… дури ова и да не им е омилена тема. Ова нема да го сретнете во селата. Тука можете да живеете едноставно и слободно, на свој начин.rn
9. Не се грижат за паркирањето
rnАко сте возач во голем град сигурно знаете колку е тешко да се најде паркинг место, дури и тоа да е платен. Меѓутоа ова не претставува проблем за оние кои живеат во село. Овде нема сообраќаен метеж, а не постои и сообраќајна полиција која веднаш ќе чека да ви напише казна.rn
10. Тие се побезбедни
rnВо градовите, за разлика од селата, постојат повеќе злосторства. Тука се извршуваат повеќе кражби и убиства, а бидејќи постојат повеќе возила, почести се и сообраќајните несреќи. Исто така ако постои епидемија во градовите таа се шири побрзо, а оние кои живеат овде се поподложни на болести затоа што почесто јадат брза храна, што не е случај со оние кои живеат во село.
-

Најстрашното село на светот: Напуштен парк во Јапонија, дом на повеќе од 800 морничави статуи
Иако туристите го опишуваат паркот како застрашувачки токму поради стотиците камени, но живописни фигури, ова место и понатаму е цел на бројни посетители. Морничавите камени скулптури се дело на јапонските уметници, кога Мукуа Фурукава во 1989 година платил на еден кинески скулптор 6 милијарди јени (44 милиони евра) за сите фигури и се надевал дека ќе траат вечно.rnrn
rnrnФигурите се поставени близу градот Осавано во Јапонија, во селото Фуреаи Секибитсу но Сато, што во превод значи село каде што можете да запознаете будистички статуи. Денес, повеќе од 800 сиви статуи стојат загледани во многуте туристи кои доаѓаат во посета на овој парк.rnrn
rnrnФигурите претставуваат будистички божества, но и луѓе кои Фурукава ги запознал во текот на својот живот. Во некои делови на паркот тревата пораснала толку многу што на некои фигури им се гледа само врвот од главата.rn„Селото е изградено како популарно туристичко место, каде луѓето може да дојдат да се опуштат, но јас се чувствував некако вознемирен од глетката“, вели фотографот Кен Охки.
rn
rnrnОхки признава дека глетката е вознемирувачка, толку што тој почнал да се прашува дали фигурите ќе оживеат кога ќе се стемни.rnrn
rn„Цело време имате чувство како нешто да се помрднува секој пат кога ќе се завртите“, вели Охки.
rn
-

Прекрасно село како од бајките кое наместо патишта има водни канали
Сместено во рурална Холандија, селото Гиетхорн е сликовито селце со неверојатни природни пејзажи. Неговото второ име е „Холандската Венеција“ бидејќи нема патишта ниту какви било форми на модерен транспорт. За да се движите наоколу, тоа треба да го направите на старомодниот начин – преку водни канали или пешки преку еден од 176-те мостови.rnrn
rnrnМирното местенце, основано околу 1230-тата година, има низа мали водни патчиња кои ги водат кајчињата покрај историската архитектурата и богатата разнобојна вегетација. Слично на обичните патишта наменети за автомобилски возила, каналите имаат свои „улици“ и имиња кои ве водат низ слатките куќички, музеи и пазари. Електричните кајчиња се популарни алтернативи на моторните кајчиња и прават малку врева, па затоа ова село се смета за едно од потивките места во Холандија. Според сведоштвата на туристите, најгласниот звук кој обично се слуша е квакањето на патките или звуците кои ги прават другите птици.rnЗа оние кои бараат мир и спокојство, ова селце е вистинската дестинација.rnrn -

Фуроре ќе ви го одземе здивот: Неверојатно скриено село „кое не постои“!
Фуроре е италијанско село во провинцијата Салерно во регионот Кампанија кое е скриено во фјорд, во мала пукнатина помеѓу карпите кои некогаш служеле како заштита на мештаните од поморските разбојници. Некогаш одамна, на ова место било подигнато мало село без густо населени куќи и без плоштад. Сите градби, улици и скали биле скриени зад карпите за да не се гледаат од морето т.е. за да не можат разбојниците да ги видат. Затоа Фуроре уште е познато како „селото кое не постои“.rnrn
rnrnПо долго време, откако времето на поморските разбојници завршило, градоначалникот одлучил дека време е светот да дознае за убавината на Фуроре. Затоа тој наредил секоја куќа да се префарба во силна боја, а оваа традиција се одржува до ден-денес кога жителите на селото повикуваат разни уметници од целиот свет за да ги украсат локалните градби.rnrn
rnrnГлавна атракција на ова село е фјордот Фиордо. Всушност, тоа е тесна клисура во чија внатрешност се наоѓаат стари рибарски куќи. Фиордо е воедно и најстариот дел од селото, а според проценките, од 2011 во селото живеат 810 жители.rnrn

-

Ојмјакон – Најладното село во светот
Ојмјакон е село кое се наоѓа во Република Јакутија, во Русија. Иако името на ова село означува вода што не замрзнува, што е поради топлиот извор кој се наоѓа во негова близина, Ојмјакон е прогласено за најладното село на планетата Земја. Познато уште и под името Полот на студот, во ова село просечната температура е -51°C во јануари, а забележани се рекордни -71°C во февруари, 2013 година.rnrn
rnrnЖивеењето во Ојмјакон не е ни лесно ни едноставно и доаѓа во пакет со некои интересни и предизвикувачки додатоци. Па така, воопшто не би требало да ве зачуди доколку очилата ви се залепат за лицето или, пак, батеријата на светилката ви се потроши за многу кратко време. Таму нема да фатите мрежа за мобилниот телефон, а дури и да постоеше каков било прием, батеријата на телефоните не би го издржала ладното време. Меѓу другото, доколку не можете да го ставите автомобилот во гаража со греење, тогаш ќе мора да го оставите вклучен во текот на целиот ден.rnrn
rnrnСезоната за садење и одгледување на каков било зеленчук е прилично краткотрајна, па наместо со зеленчук и овошје, луѓето кои живеат во Ојмјакон претежно се хранат со риба, месо од ирваси или коњи или, пак, млеко кое го молзат од животните кои ги чуваат на своите фарми. И покрај недостатокот на витамините кои ги има во овошјето и зеленчукот, овие луѓе немаат никакви проблеми со исхраната.rnrn
rnrnВо Ојмјакон можете да видите многу уникатни куќи и нивни импровизации. Во моментов таму живеат околу 500 луѓе кои ги набавуваат потребните намирници од една и единствена продавница во селото. Исто така, таму има и само една бензинска станица.rnrn
rnrnЕдинствените парчиња облека кои можат да ве стоплат на премногу ниските температури во Ојмјакон се крзнените бунди и чизмите од ирвас кои чинат и до 300 евра.rnrn
rnrnИако Ојмјакон е познато по неверојатно ладните зими, во неговата околина има преубава природа која е популарна летна и зимска дестинација за луѓе од целиот свет. Многу компании во текот на летото и зимата нудат тури низ воодушевувачката природа која го обиколува Ојмјакон, како и низ самото место кое претставува единствена дестинација и дефинитивно едно интересно доживување.rnrn
rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Јапонско село во кое не живеат само луѓе
Јапонскиот град Химеџи е најпознат по својот дворец, но тоа не е единственото нешто заради што е посебен. Имено, во едно од околните села, Окухарима, нема многу живи жители, но има околу 100 плашила.rnrn
rnrnСекоја необичност може да се претвори во добра реклама. За тоа доказ е селото Окухарима во јапонскиот град Химеџи во кое живеат повеќе од 100 плашила. Бизарните кукли во човечка големина седат насекаде низ селото во неговата идилична околина создавајќи чувство на страв и ужас. Полињата во околината на необичното село се полни со кукли, како и тремовите на напуштените куќи. Изгледа морбидно преку ден, но можете само да замислите како би изгледала една ноќна прошетка во Окухарима.rnrn
rnrnКреатор на овие страшила е 61-годишниот Мастао Окауе кој своето бизарно хоби го започнал во 2010 година. Идејата на уметникот била да привлече туристи откако многу млади кои биле родени во Окухарима се отселиле во потрага по работа.rnrnrnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Поучна приказна: Едно семејство и магаре
Живеел еднаш еден брачен пар кој имал 12-годишен син и едно магаре. Одлучиле малку да пропатуваат, да работат и да го запознаат светот, па тргнале на пат.rnrn
rnrnКога дошле во првото село, луѓето коментирале: „Погледнете го она безобразно момче. Седнало на магарето, а родителите сироти го влечат.“ Жената тогаш му рекла на сопругот: „Нема да дозволиме луѓето вака да зборуваат за нашиот син.“rnrnКога дошле во друго село, луѓето мрмореле: „Видете го ова, срам нека му е на човекон, ги оставил жената и детето да го влечат магарето додека тој седи на него.“ Тие тогаш одлучиле жена му да седне на магарето, а мажот и синот да ги држат уздите.rnrnТака пристигнале во третото село, но луѓето повторно коментирале: „Јаден човек! Цел ден работел, а жена му седнала на магарето. И јадно дете! Кој знае што го чека со таква мајка.“ Тогаш одлучиле сите тројца да се качат на магарето и да продолжат понатаму.rnrnКога дошле до следното село, ги слушнале мештаните како коментираат дека ќе му го скршат грбот на јадното магаре заради преголемата тежина. И тогаш сите тројца се симнале доле и одлучиле да одат покрај него.rnrnКога поминувале низ следното село, не можеле да веруваат во коментарите на луѓето кои со исмевање велеле: „Погледнете ги само овие три будали. Одат, а имаат магаре кое би можело да ги носи.“rnrnНаравоучение: Секогаш ќе ве критикуваат и ќе зборуваат лошо за вас што и да направите.rnrnТешко е да им угодите на сите, а тешко е и да пронајдете личност која ќе биде добра баш онаква каква што е. Оној кој сака, секогаш ќе најде нешто да искоментира… Затоа, не обрнувајте им внимание на другите, бидејќи тешко дека на сите ќе им угодите. Сѐ што правите, правете од срце. -

Шармантните села од југот на Франција
Франција е земја на села. Таа ги дава можеби најубавите села во Европа, а секое од нив има свој сопствен шарм што го црпи од регионот во кој се наоѓа. Оние од јужните региони Прованс и Лангедок-Русијон се разликуваат од другите малку по архитектурата, малку по опкружувањето кое го нуди југот – море, плажи, безброј цвеќиња, стрмни планини…rnrn
rnrnАко некогаш испланирате посета на јужниот дел на Франција, во рутата задолжително вметнете некое од овие села. За разлика од бучните туристички центри ориентирани кон туристите, селата се мирни и во нив нема да најдете ништо друго освен лежерниот јужњачки дух. Ако се најдете таму нема да згрешите кое и да го посетите од нив. Во галеријата ви даваме само неколку идеи.rnrn -

Елегии од селската идила
Струката ми наметнува да се занимавам со јазиците, а кога станува збор за нашиот (најмил на цел свет) македонски јазик, можам со сигурност да кажам дека имаме вистинско изобилство во палетата со пцовки и погрдни зборови. Мислам, сосема е во ред, не знаеш кога што ќе ти притреба, на крајот на краиштата човек треба да располага со широк вокабулар.
Неодамна чув стварно добра шега. Која е разликата меѓу дебел човек со пари и дебел човек без пари? Оној со пари нагалено се нарекува „меченце мое“ а оној без пари „свињо една дебела“. Е сега, кога станува збор за палетата со „убави“ зборови, јас стварно не знам зошто ги мешате тука животните, што ви се криви па тие? Ако некој ве изнервира, зошто да го нарекувате магаре? Дали некое магаре некогаш ви направило нешто лошо? Сега, што сакав да кажам? Ахам, да.rnrnКога веќе се бунам, ќе се побунам и за ова – под итно да се потцрта строга линија меѓу поимите „сељак“ и „селанец“. Во мисијата „истражи ја твојата убава земја“, патот ме однесе накај Крушево, па и накај прилепските села. Таа авантура ми помогна уште подобро да ги разграничам двата поими и веќе да не ги мешам.rnrnСељак може да биде, на пример, многу добро ситуиран човек од самиот центар на сите збиднувања во нашава државичка. Добро облечен „господин“ кој оди во ресторан со фамилијата и пријателите, ѝ се дере на жена си и го преплашува во повеќе наврати своето дете правејќи му се газда, поставувајќи се надмен над своите пријатели и мавтајќи со клучевите и телефонот пошто типов е неверојатно „јак“. Селанец е пак, добро воспитан човек кој живее на село. И кога еден таков го прашавме за правиот пат, се изрази така културно и смирено со огромна желба за да ни помогне, и тоа ни помалку ни повеќе од него чув еден ваков израз: „Ја гледате ли онаа планина напред? Селото кое го барате е во подножјето на таа планина…“ и ги набројува селата… Ок, значи од една страна имаме некултурни изрази и викотници среде ресторан и јавни закани на своето дете од страна на крајно арогантен тип, а од друга страна имаме честичка „ли“ во прашањето, израз како „подножјето на планината“, културен и насмеан човек со сочувство и желба да ти помогне…rnrnСега, драги мои ве оставам сами да размислите и да ги разграничите поимите. Оти ти можеш да живееш во центар на светска метропола, ама сепак да бидеш сељак.rnrnКрајно време е оние кои си лечат комплекси потпирајќи се на своето потекло да си стават во главите еден факт: ништо за тебе не кажува местото каде живееш, ами твоето однесување и твоите успеси.rnrnЕлиrnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


















































