Ако ве однесе патот од Темишвар до Брашов или Букурешт, одморете се во живописниот град Кастелул‑де Лут Валеа Занелор и нема да жалите, ветуваме. Неговото име во превод значи замок од глина во долината на самовилите.rnrn
rnrnСтанува збор за еко-село и мал замок лоциран во романска долина во познатиот регион Трансилванија, недалеку од реката Порумбац. Откако ќе го видите на фотографии, никогаш нема да го заборавите. Познато е по својот уникатен изглед со куќи од бајките, а околната природа, која се состои од зелена долина, планини во заднината и шумот на реката, само го засилуваат тој впечаток и хармонија. Изградено е од глина и песок, а неговиот облик потсетува на хобитски куќи или некои шумски суштества од бајка.rnrnИако изгледа како спомен од античко време, неговото минато не е толку долго. Ова село е основано од романско семејство кое ја нашло инспирацијата во сопственото дете, но и во прекрасната природа на овој регион. Сè започнало во 2015 година, и тие ја чуваат тајната за градење на замокот за себе – тие само посочуваат дека сè е рачно изработено (самовилите и џуџиња).rnrn
rnЗамокот има приземје и прв кат, десет соби, две кули и дури педесет прозорци. Сè е од органско потекло и е во целосна хармонија со природата. Екстериерот е претворен во тераса каде се служи храна, а во близина има неколку продавници за сувенири (сите сувенири се еко производи) и викендички.rnrnОва место е наменето за одмор, па ако барате активности, веројатно нема да останете тука долго. Но, сцените сигурно ќе ви се допаднат. Затоа, ова стана популарна локација за прослави, деловни вечери и свадби.rnrnБилетот се плаќа околу 60 денари.rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за овој прекрасен европски град каде кафето чини 40 денари, а пивото 50 денари.
Tag: село
-

Шармантно село во Романија со уникатен дворец како од бајките
-

Швајцарското село кое ја чува најголемата тајна: Дали е ова можно?
Гимелвалд е мало швајцарско село во кантонот Берн, на надморска височина од 1363 метри. Сместено е помеѓу планините Шилторн и Јунгфрау.rnrnДо ова место не може да се стигне со автомобил. Поради недостаток на пат во Гимелвалд, жичарницата Шилторн застанува, а тука е и екстремна пешачка патека опремена со челични карпи што го поврзува со блиското село Мурен.rnrn
rnrnНедостатокот на традиционален сообраќај ги загрижува жителите на ова село кои се околу 130. Тие се навикнати на бавното темпо покрај планините, како и на реченицата што обичните патници ја кажуваат секогаш кога ќе го посетат ова место. Тие велат дека не веруваат дека постои вакво нешто.rnrnЖителите на Гимелвалд се занимаваат со земјоделство, сточарство и туризам, а во секој дом можете да купите сирење направено од домашно млеко. Староседелците во ова село имаат повеќе крави отколку поштенски сандачиња, па затоа не е изненадувачки што децата играат во штали наместо куќи.rnrnДовербата и заедништвото што владее во Гимелвалд е толку силно што жителите ќе ви дозволат да влезете во нивниот дом без тропање, да изберете и да го земете сирењето по ваш избор и да ги оставите парите. Убедени се дека сте искрени и дека нема да ги измамите.rnrnГимелвалд се смета за најдобро чуваната тајна на Швајцарија. Тоа е едно од ретките преостанати места во оваа европска земја каде што луѓето живеат без премногу стрес, како што живееле нивните прабаба и дедо.rnrn
rnrn
rnПогледнете ги и овие 9 идилични села во Швајцарија. -

Дали ова е најубавото село во Франција?
Во источна Франција до француско-германската и француско-швајцарската граница постои село кое французите го обожаваат. Таму живеат околу 650 жители во своите дрвени куќички, дворови полни со цвеќиња и лозја. Ханспач изгледа како село од бајките и го сакаат сите оние кои бараат идилично место во природата каде што можат да уживаат. Сите посетители уживаат во храната и виното како и гостопримството на домаќините. Ова село ги воодушевува туристите со своите стари улици кои изгледаат како лавиринт и совршените дрвени куќички.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби ќе ве интересира и кои се најубавите села во Шпанија. -

Ушгули: Село каде луѓето живеат во изолација 6 месеци годишно
Ушгули е село во Грузија поточно во областа Сванетија каде што животот не е лесен. Не само што ова е најизолираното место со лоша патна инфраструктура, туку таму врне снег 6 месеци годишно. Поради зимските услови многу е тешко да стигнете до селото. Таму живеат околу 70 семејства односно 250 лица. Тие се горди и сериозни луѓе кои зборуваат свански јазик и се занимаваат со сточарство.rnrn
rnrnОва село е под заштита на УНЕСКО, а во последните години стана и голема туристичка атракција. Селото има етнографски музеј, а посетителите можат да ја посетата и капелата Ламарија, која датира од 12-ти век и е полна со прекрасни фрески.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за овој град во кој наместо жичарница има лифт што го поврзува долниот со горниот град. -

Носталгија во бајковитото село на Хајди
Кој не ја знае приказната за малото мило девојче Хајди, чијашто тетка Дета решава да ја однесе на планината кај нејзиниот дедо?rnrnХаjди многу ја сакаше природата, свежиот воздух и цвеќињата, па ова беше идеално место за неа. Освен тоа стекна и нов пријател – Петре Козарот со кого и често одеше да ги пасат козите на блиските пасишта.rnrn
rnrnАко сте воодушевени од романот „Хајди“ од Јохана Шпири, или од неговата верзија адаптирана во цртан филм, може да ја посетите бајковитата куќичка на Хајди која навистина постои и ќе ве врати назад во времето. Романот е преведен на повеќе од 50 јазици и инспирираше милиони деца, па дури и возрасни.rnrnХајди е сè уште многу позната во Швајцарија и иако нема многу потсетници за неа во самиот град Мајинфелд, градот постави спомен-обележје во нејзина чест во малото селце Обер Рофелс или сега наречено селото на Хајди – полно со кози скитници.rnrn
rnrnСелото не е гламурозно како Дизниленд, но ефектот е шармантен. Куќата на Хајди е реновиран музеј чија внатрешност е опремена со оригинални парчиња од тој период, кои го отсликуваат руралниот живот од пред 120 години. Можете да ја видите дури и инвалидската количка на Клара.rnrn
rnrnКуќата на Хајди е типична селска куќа – изградена од дрво, камен и мали прозорци за да ја задржува топлината внатре за време на долгите зимски месеци. Патот покрај куќата води до Алпите, каде Хајди ги поминала најубавите години со својот дедо.rnrnВеднаш до влезот е визбата полна со вино, јаболка, зеленчук и сушено месо што виси од таванот. Млекото се чува овде и сè останато кое треба да престојува на ладно.rnrn
rnrnНа првиот спрат се Хајди и Петре кои седат на трпезата во дневната соба и се чини дека Хајди се обидува нешто да го научи збунетиот Петре.rnrn
rnrnСпоред некои истражувања, девојчето што ја инспирирало Јохана да ја напише оваа приказна се викала Мари и живеела овде. Никој не знае дали ова е точно, но истражувањата укажуваат дека ова е алпското пасиште, каде еден дедо го живеел својот осамен живот.rnrn
rnrnСелото на Хајди буди носталгија кај посетители од целиот свет. Многу од нив преноќуваат во ова идилично место на Алпите и уживаат во оваа приказна, а си одат дома со различни сувенири на темата Хајди.rnrnАко решивте да заминете на прошетка во Швајцарија, можеби би сакале да се искачите и на грандиозниот врв Матерхорн. -

Селото полно со палати во кое речиси сите жители се сиромашни
Речиси сите жители во ова романско село собираат и продаваат отпад за да преживеат. Но, повеќето од нив живеат во палати, кои денес стануваат вистинска туристичка атракција.rnrn
rnrnНиз Романија може да се видат многу куќи украсени на специфичен начин кои повеќе потсетуваат на музеи отколку на нечии домови. Ова се таканаречените ромски палати кои започнале да се градат на почетокот на 1990-те години откако припадниците на ромската заедница започнале да заработуваат доволно за да си дозволат вакви куќи.rnrnИма илјадници такви куќи низ Романија, а стиловите се разликуваат од регион до регион. Во средниот дел од земјата, ромските палати биле инспирирани од католичките цркви, додека во југозападниот дел тие се копии на неокласичните градби. На истокот и на југот од земјата тие се интерпретации на куќите на поранешните аристократи.rnrn
rnrnЕдно село кое изобилува со вакви домови е Бузеску, кое се наоѓа на околу сто километри јужно од Букурешт. Бузеску има 4.000 жители и десетици палати на главната улица, која веќе станува популарна дестинација за туристите.rnrnМногу жители на ова село велат дека парите ги заработиле со собирање и продавање на огромни количини отпад, а додаваат и дека со тоа се занимаваат и денес. Некои жители велат дека живеат во странство и парите кои ги заработуваат таму ги користат за да изградат луксузни домови во селото.rnrn
rnrnПостои и приказна дека парите со кои се изградени овие палати се добиени од продажба на претходно запленето злато кое им било вратено на Ромите по падот на комунизмот во земјата. Имено, за време на режимот на Никола Чаушеску, Ромите биле принудени да го предадат сето злато кое го поседуваат на властите. Во голем број случаи, ова било документирано, што ја олеснило процедурата за подоцнежното враќање на златото.rnrnРомските палати во Бузеску навистина се уникатни, а погледнете ги и 12-те најуникатни куќи во светот во кои ќе посакате да живеете. -

96-годишен маж од Тајван го спасува своето село од разурнување со уметност
Замислете да живеете во истото мало село над 37 години, уживајќи во својата старост, кога одеднаш владата почнува да ви се заканува со рушење на вашиот дом. Ако не преземете нешто, ќе останете без сè што ви е мило. Па, што би направиле? Како би ја спречиле владата да уништи сè што ви значи? Еден генијален старец нашол совршен начин да го реши овој проблем и сега луѓе од целиот свет сакаат да дојдат и да го посетат неговото село. Станува збор за Хуанг Јунг-Фу, 96-годишен поранешен војник со неверојатен талент за цртање што живее во Нантун Дистрикт, Таичунг. Погледнете како тој со помош на уметноста го спасил целото село…rnrn

-

Англиско село „расте“ по 2 сантиметри годишно
Девоншаер, Англија, добива многу посетители секоја година. Причината е што ова место е полно со карпи, средновековни градови и национални паркови. Но покрај туристичките атракции, има уште една причина за посетување – селото расте 2 сантиметри годишно, а научниците не знаат зошто.rnrn
rnrnНаучниците од Универзитетот Нотингхем биле првите кои ја забележале оваа топографска промена. Помеѓу 2015-та и 2017-та, тие споиле сателитски снимки и ја направиле првата мапа на ниво на држава за движењето на земјиштето во Англија.rnrnПодигнување на земјиштето обично се забележува на места каде што се копало руда. Кога се гасат пумпите, водата постепено се враќа во земјата и ја подигнува. Но, во тој дел немало никакви рудници во минатото, ниту па сега.rn„Најверојатно нема никаква структурна штета, но загрижувачки е што низ тој дел поминува автопат“, изјавил еден од научниците.
rnПодигнатото место има форма на елипса и е широко околу 2 километри. Експертите сметаат дека одговорот на оваа мистерија се крие длабоко под земја бидејќи и полињата и урбаните делови се подигнуваат заедно. Можно е подигнувањето да е предизвикано од празнење или некаков доток.rn
„Навистина е големо, целиот град се мрда. Мислам дека властите мора да се симнат доле и да истражат што се случува. Ако е течност или некој отпад, тоа може да биде и закана за околината. Ако ова не е природен феномен, треба да се открие што се случува под земјата и која е причината.“
rnСо помош на мапата која ги прикажува топографските промени во Велика Британија истражувачите можат подобро да разберат какво е влијанието на разните процеси врз пејзажот на Англија.rn
„Покрај тоа што ни дава детални информации за изучување на индивидуалните механизми на овие процеси, мапата ни овозможува да идентификуваме и разни потенцијални ризици кои можат да имаат влијание на инфраструктурата, општеството и околината“, изјавуваат од Универзитетот Нотингхем.
rnПогледнете и некои од најживописните села во светот.
-

Бакјовити дестинации за луѓето кои сакаат да избегаат од градскиот метеж
Секој си има различна замисла за тоа како е да се живее на село. Нашите очекувања за овој начин на живот можат да се исполнат бидејќи има многу различни места во светот. Но она што им е заедничко на сите е чистиот воздух, малата густина на население и удобната атмосфера. Погледнете ги овие неверојатни села од целиот свет кои ќе ве остават без зборови.rn
1. Халштат, Австрија
rn
rnrnПомеѓу планините ќе пронајдете прекрасни куќи опкружени со езеро што е дом на лебеди и во кое се рефлектираат Алпите. Во Халштат живеат околу 1.000 луѓе, а неговата локација е навистина уникатна.rn2. Селото Виножито, Тајчунг, Тајван
rn
rnrnНа периферијата на Тајчунг имало воена населба која со текот на времето била напуштена. Властите одлучиле да ги рушат куќите, но 86-годишен воен ветеран ги обоил нивните ѕидови со разни дезени за да ја зачува својата куќа. Денес, ова е една од најпосетените туристички дестинации во Тајван.rn3. Пловечките острови на езерото Титикака, Боливија, Перу
rn
rnrnНа границата помеѓу Перу и Боливија, на езерото Титикака, живее племе наречено Уру. Племето живее на 42 острови во езерото. Овие острови се изградени од страна на луѓето од истиот материјал кој го користат за своите рибарски бродови. И покрај тоа што се далеку од цивилизацијата, тие имаат сончеви колектори, па дури и телевизија.rn4. Албероберо, Италија
rn
rnrnАлбероберо е познат по комплексот градби признати од УНЕСКО како дел од историското наследство. Овие градби се куќи направени од варовник и се уникатен пример за камени градби. Самото име на градбите, трули, доаѓа од латинскиот збор „trulla“ што значи купола.rn5. Учисар, Турција
rn
rnrnПостојат многу села во оваа област, но Учисар е најнаселено. Најголемиот дел од населението живее во село кое изгледа навистина модерно и е сместено веднаш до ова природно чудо. Сепак, некои луѓе сè уште живеат во познатите камења. Уникатното село е неверојатно и поради својот изглед, но и поради погледот кој го има од врвот на карпите.rnrnПродолжува на следната страница…rn -

Вреди да се посети: Мало село во Полска каде што сѐ е покриено со цртежи од разнобојни цвеќиња
Еднаш многу одамна, во едно мало полско село наречено Залипие, некој нацртал цвеќе на таванот, со цел да ги покрие дамките предизвикани од шпоретот. Во тоа време вентилацијата била слаба, па дамки можеле да се забележат во повеќе куќи, па така и други луѓе почнале да ги покриваат со мали цвеќиња.rnrn
rnrnБрзо потоа сѐ во градот било покриено со цвеќиња, од куќите и плевните, до мостовите и црквите, а секоја пролет почнувајќи од 1948 година во селото се одржувало натпревар за обоени куќи познат како „Malowana Chata“.rnrn
rnrnОригиналната цел на овој натпревар била Полска психички да заздрави од злосторствата кои ги претрпела за време на Втората светска војна.rnrn
rnrnДенес Залипие е далеку од тие мрачни времиња. Тој се наоѓа во југоисточниот дел на Полска, само 90 минути оддалечен од Краков и ова светло и разнобојно место е совршена локација за оние кои се во потрага по уникатно и забавно патување.rnrn
rnrn
rnrnПогледнете уште интересни фотографии од ова необично село, на наредната страница…rn