КАФЕ ПАУЗА

Tag: разбирање

  • На кои магични зборови паѓа неговиот хороскопски знак?

    На кои магични зборови паѓа неговиот хороскопски знак?

    За секој хороскопски знак постојат комплименти кои за момент целосно ќе го разоружат. Секогаш е убаво да се слушнат комплименти или ласкања на наша сметка и најважно е што не мора да се избираат специјални зборови или поезија. Сè што треба да направите е да ги најдете вистинските зборови со кои ќе покажете разбирање и преку кои на едноставен начин ќе ја искажете вашата љубов и почитување.rnrnНа кои магични зборови паѓа неговиот хороскопски знакrn

    Овен

    rnБрилијантно! Никогаш не сум видела некој да направи нешто такво! Енергичен и полн со идеи, Овенот е секогаш лидер во тимот. И секогаш сака да добие признание за тоа.rn

    Бик

    rnКолку убаво и чувствително! Никој не ја цени убавината повеќе од Бикот. Ова може да побуди нови, уникатни емоции кај него. Ако со вас сака да ги сподели неговите забелешки, не заборавајте да го наградите со позитивен коментар.rn

    Близнаци

    rnШто ќе направиш следниот пат? Близнаците се универзален извор на нови идеи. Креативноста за нив претставува извор на енергија. Затоа, разбудете ја во нив желбата да создадат нешто уникатно.rn

    Рак

    rnМожеш да останеш дома и денес, а јас ќе зготвам вкусна вечера. Покрај фактот што Ракот сака да готви, неговото срце најмногу ужива во храната. Колку повеќе се грижите за него, толку повеќе ќе ви обрнува внимание.rn

    Лав

    rnНе можам да престанам да ти се воодушевувам! Никој не сака повеќе успех и внимание од Лавот. Ако тие комплименти се искрени, тогаш тој ќе ја обожува својата единствена кралица.rn

    Девица

    rnНемам трпение. Те молам помогни ми да разберам. Девиците се олицетворение на смиреноста и сакаат да ја анализираат секоја ситуација. Не постои проблем кој не можат да го решат, па затоа и ќе бидат уште посреќни кога ќе видат дека ви е потребна нивната помош.rn

    Вага

    rnСакам да го чујам твоето мислење. Вагите се најдобри партнери. Дајте им прилика да бидат дел од нешто важно во вашиот живот и веднаш ќе го забележите сјајот во нивните очи.rn

    Скорпија

    rnТи си единствениот со кого можам да зборувам за ова… Скорпиите ја ценат искреноста и почитувањето. Кога со нив ќе споделите некоја тајна, тогаш веднаш го освојувате и нивното срце, како и довербата.rn

    Стрелец

    rnЗошто да не заминеме некаде на краток одмор? Дури и кога патувањето не е испланирано за во блиска иднина, самата помисла на оваа прошетка ќе го стопли срцето на Стрелецот. Тој сака авантури, така што веднаш ќе го освоите со вашата желба.rn

    Јарец

    rnНикој не може да направи нешто повеќе од тебе! Јарецот поседува ретка комбинација од амбиција, трпение и одговорност. Малку ласкање упатено на негова сметка нема да го спречи да продолжи напорно да работи за доброто на својата среќа.rn

    Водолија

    rnМожеби ќе биде подобро да се обидеме на другиот начин? Слободоумните Водолии секогаш ќе најдат причина да бидат различни од толпата. Уверете го дека никој претходно не направил нешто такво и тој ќе биде само ваш.rn

    Риби

    rnКога сум со тебе се чувствувам многу подобро! Сочувствувањето и симпатиите секогаш одат рака под рака со Рибите. Дозволете му колку што може повеќе да ја чувствува емоционалната врска помеѓу вас и тој секогаш ќе најде сила да ве направи среќна.

  • Нема да верувате: Мажите имаат нешто поважно од сексот

    Нема да верувате: Мажите имаат нешто поважно од сексот

    Иако мажите тоа никогаш нема да го признаат, постои нешто што им е поважно од сексот. И замислете, тоа не е фудбалот. Терапевтот Стив Хорсмон успешно се занимава со животни тренинзи и држи работилници за мажи кои сакаат да ги решат проблемите во своите врски или бракови. После долгогодишно искуство во работата, дошол до интересен заклучок кој би можел да ги изненади жените.rnrnНема да верувате: Мажите имаат нешто поважно од сексотrn

    „Жените би се изненадиле кога би можеле да ги слушнат моите сеанси со мажите. Нашите разговори се потполно контрадикторни од женските сфаќања за мажите. Тие дефинитивно не размислуваат само за секс“, открива Хорсмон.

    rnТочно, постои нешто што им е подраго од сексот. Верувале или не, тој тврди дека во прашање е нежниот допир и комбинацијата од вербално и невербално одобрување.rn

    „Кога жената со прстите нежно го гали партнерот и истовремено му изразува поддршка и доверба во него, тоа е помоќно од сексот, бидејќи во тој момент мажот се чувствува моќно и самоуверено“, тврди терапевтот.

    rnА која е причината поради која мажите никогаш нема да признаат дека ова им е подраго од сексот? Затоа што се сигурни дека жените никогаш не би поверувале во тоа и само со насмевка ќе ги превртат очите. Кој би рекол дека под грубата фасада и мажите се ранливи суштества кои само сакаат да почувствуваат нежен допир и разбирање.

  • 3 знаци дека сте навистина посебни, но не го знаете тоа

    3 знаци дека сте навистина посебни, но не го знаете тоа

    Секој човек на оваа планета е неверојатен, но за жал многумина не го сфаќаат тоа. Затоа и сме строги кон себе, веруваме дека не сме доволно добри и дека не заслужуваме да живееме убав живот. Не се гордееме со себе и секогаш посакуваме да бидеме некој друг, па носиме маски. Така луѓето не можат вистински да ги увидат и разберат нашите мисли и чувства. Сепак, вие сте неверојатни само затоа што сте оние кои вистински сте, а овде ги наведуваме и трите знаци кои покажуваат дека тоа е навистина така:rn

    1. Вие сте единствени

    rn3 знаци дека сте навистина посебни, но тоа не го знаете!rnrnНе само вие, туку секој е единствен. Секоја личност на планетава е поинаква и со таа нејзина единственост која ја нуди, се издвојува од другите. Можеби не сте најубавата и најљубезната личност на светот, но важни сте такви какви што сте. Имате единствени дарови кои само вие можете да му ги подарите на светот.rn

    2. Сте поминале низ тежок период

    rn3 знаци дека сте навистина посебни, но тоа не го знаете!rnrnСигурно сте поминале низ неколку тешки периоди во животот, но сте ги пребродиле. Без оглед на лошите ситуации кои сте ги претрпеле во минатото, вие докажавте дека сте доволно силни за да не се откажете од борбата за она што го сакате и дека сте доволно храбри за да се соочите со какви било предизвици.rn

    3. Непрекинато растете

    rn3 знаци дека сте навистина посебни, но тоа не го знаете!rnrnФактот што го читате овој текст е доволен доказ дека постојано сакате да учите за подобро да се разберете себеси и светот околу вас. Сакате да истражувате, да откривате и да ги разбирате работите, така што секој ден полека се развивате во една подобра верзија од себе. Всушност, тоа е најдоброто нешто што можете да го направите, бидејќи која е смислата на животот, ако не да станете помудри и посреќни? Како што еден од најголемите филозофи, Сократ, еднаш рекол:rn

    „Неистражениот живот не е вреден да се живее.“

  • Нешта кои паровите кои се во добра врска добро ги прават

    Нешта кои паровите кои се во добра врска добро ги прават

    Најголемиот број добри работи, кои ја сочинуваат добрата врска, се однесуваат на тоа партнерите да бидат свесни и присутни, да обрнуваат внимание, да забележуваат, разбираат, сочувствуваат и да настојуваат да изразат благодарност, како и да се наградат меѓусебно за вниманието што го добиваат. Тоа значи дека навистина работат на тоа да не земаат сè здраво за готово, односно да сфатат кога се случува тоа и да ги обноват вниманието и присутноста.rnrn1-raboti-koi-parovite-koi-se-vo-dobra-vrska-gi-pravat-odlichno-www.kafepauza.mk_rnrnТоа се прости и секојдневни работи… Како она кога тој ќе подготви храна за викендот, а вие ќе го изненадите со тоа што ќе направите голем ручек со неговите омилени јадења преку недела, а на крај ќе ги измиете садовите, бидејќи тој има тешка работна недела. Или пак, кога тој ќе го направи истото за вас.rnrnИсто така, тоа е искажување благодарност за обичните работи кои партнерот ги презема за да ви го олесни секојдневието, а за кои немало потреба да го потсетувате, да го барате тоа од него, па ниту да го замолите. Едноставно, се сетил. Да ја исчисти бањата, да го среди гардероберот, да испланира јадење и да оди во маркет…rnrnОбичните работи, секојдневните услуги и возвраќањето на нив, прават заедничкиот живот да тече без оптоварување дека морате да правите сè сами или дека ако не направите нешто, тоа ќе остане ненаправено додека не пронајдете време и сила за тоа.rnrnПоради тие работи многу жени се преоптоварени со домашните работи и со организирање на нештата, и покрај останатото што го работат, а многу мажи не сфаќаат дека тоа не треба да биде така и дека можат на својата поубава половина да ѝ го олеснат животот и да добијат додатно внимание и благодарност.rnrnНа овој начин и двајцата се во добивка – жената не е жртва на патријархално воспитување, а мажот е вклучен, одговорен и повеќе ценет.rnrnПокрај секојдневните работи, добрите парови одлично ги прават и работите кои се однесуваат на логистиката и славењето на постигнатиот успех.rnrn2-raboti-koi-parovite-koi-se-vo-dobra-vrska-gi-pravat-odlichno-www.kafepauza.mk_rnrnУспешно завршен проект, унапредување на работното место, склучување договор на кој долго се работело, ново работно место – тие не пропуштаат заеднички да ги прослават постигнатите успеси. И тоа не мора да биде начин на кој вообичаено се прославува.rnrnМоже да го промовирате делото на вашиот партнер на интернет, да покажете колку сте горди на неговиот успех. Може да го однесете на вечера, да му закажете спа-третман или да му купите симболичен подарок.rnrnМногу парови паѓаат на испитот за преземање на вкупната одговорност, кога еден од нив е исфрлен од седлото – кога е болен, тажен или на долго службено патување. Во ред е да чувствувате страв од себична причина – како ќе правите сè сами – но единствено нешто што треба да направите е да бидете свесни како се чувствувате и зошто се чувствувате така и тоа да го надминете со несебичната грижа за партнерот и за сè останато.rnrnУспешното партнерство пред сè е несебично пријателство!

  • Домашен рецепт за љубов: Состојките ќе ве воодушеват

    Домашен рецепт за љубов: Состојките ќе ве воодушеват

    Привлечете љубов во вашиот живот

    rnДомашен рецепт за љубов: Состојките ќе ве воодушеватrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 чаша вера
    • rn011

    • 4 чаши љубов
    • rn011

    • 3 чаши трпение
    • rn011

    • 4 чаши разбирање
    • rn011

    • 5 литри нежност
    • rn011

    • 1 литар хумор
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо еден поголем сад ставете ги љубовта и трпението и додека без престан ги мешате постепено додавајте вера сè додека смесата не се изедначи. Во друг сад изматете ја добрината со разбирањето и нежноста. Двете смеси спојте ги во една тава, премачкајте ги со хумор и оставете ги да се печат на сончевите зраци. Послужувајте секојдневно, со насмевка на вашето лице.

  • 10 бјути трендови кои момците никогаш нема да ги разберат за нас

    10 бјути трендови кои момците никогаш нема да ги разберат за нас

    Иако момците за нас мислат дека сме убави без разлика дали носиме шминка или не, сепак постојат некои козметички трендови кои тие едноставно не ги разбираат. И очекувајте тоа никогаш да не се промени. Па, наместо да му објаснувате дека ќе доцните поради тоа што се обидувате да направите совршено нашминкани „зачадени очи“ или дека го нанесувате последниот слој од светкавиот сјај за усни, едноставно уште на почетокот запомнете дека овие 10 бјути трикови тие никогаш нема да ги разберат.rnrn1-10-bjuti-trendovi-koi-momcite-nikogash-nema-da-gi-razberat-za-nas-www.kafepauza.mk_rn

    1. Што било светкаво

    rnБез разлика дали тоа е омилената сенка за очи или лосион за тело – мажите не сфаќаат! Сигурно ќе ги забележи светките и ќе му се допадне ефектот, но и ќе биде загрижен некои од тие прекрасни, мали украси да не завршат на него.rn

    2. Користењето шампон и регенератор

    rnСекој маж ќе го постави прашањето зошто користите шампон и регенератор за коса, кога постои шампон 2 во 1, кој може да се користи за сè? Сега сигурно ви е јасно како тој, секој пат, толку брзо се тушира.rn

    3. Сјај за уста

    rnЗа девојките, сјајот за уста преставува основна шминка. За момците – сјајот за усни е некако непозната, леплива маса која главно воопшто не ја сакаат.rn

    4. Омбре фризура

    rnНе постои девојка која не го сака овој популарен тренд на бојадисување на косата – бидејќи тој им стои добро на сите. Ако се бојадисате, постои голема шанса вашето момче да забележи дека сте биле на фризер, а кога ќе дознае, ќе се запраша зошто сте потрошиле толку висока сума пари за коса која се состои од различни бои?rnrn2-10-bjuti-trendovi-koi-momcite-nikogash-nema-da-gi-razberat-za-nas-www.kafepauza.mk_rn

    5. Мачкини очи

    rnНикогаш не ја брзајте девојката која се обидува да ги усоврши своите мачкини очи. Освен тоа, никогаш не ја прашувајте што правела толку долго, бидејќи е очигледен знак дека не сте го забележале ова ремек-дело.rn

    6. Црвен кармин

    rnВашето лудо заљубено момче има голема дилема. Како да ве бакне, а да не се намачка со кармин насекаде по себе?rn

    7. Нашарани нокти

    rnУредните и убави нокти се посакувани, но цветовите, светките или лепенките? Момците никогаш нема да разберат зошто девојките го прават тоа и верувајте дека вечно се прашуваат дали обетката за нокти навистина боли.rnrn3-10-bjuti-trendovi-koi-momcite-nikogash-nema-da-gi-razberat-za-nas-www.kafepauza.mk_rn

    8. Лажни трепки

    rnСигурно сте слушнале дека момците се заљубуваат во нашите очи и поглед. Тогаш ви е јасно дека обожаваат да ги гледаат. Сепак, вештачките трепки тотално ги излудуваат и апсолутно не разбираат зошто имаме потреба да ги ставаме…rn

    9. Балејаж – сонце во косата

    rnСонце, каде? Не обидувајте се да му ја објасните новата техника на осветлување и бојадисување на косата која моментално стана повеќе популарна од омбре и бронде техниката. Нема шанси тој да сфати!rn

    10. Исправување на косата

    rnМомците само претпоставуваат дека нашата коса е природно свиленкаста, права и мазна. Само кога би знаеле дека за тој ефект е потребно да се издвои еден час, производи за исправување на косата и секако – преса без која не може да го замислиме нашиот живот.rnrn4-10-bjuti-trendovi-koi-momcite-nikogash-nema-da-gi-razberat-za-nas-www.kafepauza.mk_

  • Поучна приказна: И кога љубовта ќе згасне, споменот останува засекогаш

    Поучна приказна: И кога љубовта ќе згасне, споменот останува засекогаш

    На крајот од едно поле стојат Љубовта и Самотијата и набљудуваат млад заљубен пар. Самотијата ѝ вели на Љубовта: „Се кладам дека ќе ги разделам“, а Љубовта ѝ возвраќа: „Почекај малку, дај ми шанса да проверам само едно нешто кај нив, а после тоа може да одиш колку пати сакаш.“rnrnСамотијата се сложила со тоа, а Љубовта им се приближила на заљубените, ги допрела, им погледнала во очите и го видела сјајот во нив. Кога се вратила назад ѝ рекла на Самотијата: „Ајде, сега тебе ти е редот.“ „Не“ – одговорила Самотијата, „сега ништо не можам да направам, сега нивните срца се исполнети со љубов. Ќе дојдам подоцна.“rnrn0-pouchna-prikazna-za-samotijata-i-spomenot-kafepauza.mkrnrnПоминало некое време, па Самотијата навратила кај куќата на заљубениот пар и видела млад татко и млада мајка со новородено бебе. Самотијата се надевала дека дотогаш љубовта веќе ги напуштила и нестрпливо чекајќи го преминала нивниот праг, но кога погледнала во нивните очи видела само Благодарност.rnrnСе свртила да си замине и рекла: „Ќе дојдам подоцна…“rnrnПоминало уште време и Самотијата повторно се појавила пред нивната врата кога слушнала детски врисок. Таткото само што се вратил уморен од работа, а мајката ги заспивала децата. Самотијата повторно се понадевала дека овој пат ќе може да ги раздели: „Помина многу време, а Љубовта и Благодарноста досега би требало да ги имаат напуштено нивните срца.“ Но, погледнувајќи во нивните очи, таа сега ги нашла Разбирањето и Почитта.rnrn„Ќе дојдам подоцна…“ – рекла таа и се свртила и си заминала.rnrnПовторно поминало уште многу време и Самотијата по обичај уште еднаш се појавува пред домот на заљубениот пар. Овој пат, забележала дека нивните деца веќе биле пораснати. Стариот татко нешто им објаснувал на синовите, а мајката подготвувала вечера во кујната. Загледувајќи им се во очите, Самотијата уште еднаш останала разочарана бидејќи овој пат видела Доверба.rnrnПоминало најмногу време дотогаш и Самотијата уште еднаш навратила во истиот дом. Сега забележала дека внуците заминуваат од куќата, а покрај каминот останува да седи растажена и немоќна старица. Самотијата погледнала и победливо рекла:rnrn„Тоа е тоа, конечно дојде и моето време!“rnrnПотоа уште еднаш ѝ погледнала на старицата во очи за да се увери, но во истиот момент, старицата станала и излегла од куќата. Самотијата тргнала по неа. Наскоро, некогашната млада девојка, а сега стара жена, стигнала до гробиштата и седнала покрај еден од гробовите – гробот на нејзиниот сопруг.rnrn„Сепак, изгледа задоцнив.“ – рекла Самотијата – „Времето ја довршило мојата задача.“rnrnТек сега Самотијата се загледала во очите на расплаканата старица и во нив по прв пат го видела Споменот: Споменот на Љубовта, Благодарноста, Почитта, Разбирањето и Довербата.

  • Работи кои ќе ги разберат само неодлучните луѓе

    Работи кои ќе ги разберат само неодлучните луѓе

    Да бидете неодлучни не значи дека сте неспособни да донесете одлука, туку дека сте несигурни во поглед на исправноста на својата одлука. Неодлучните постојано нешто мерат, се обидуваат да предвидат, да земаат во обѕир, размислуваат и никако да пресечат, иако измериле 30 пати по 3 пати. Понекогаш дозволуваат околностите да ги притиснат и присилат, иако знаат дека тоа не е добар начин да се донесе добра одлука. Неодлучните често се многу свесни, не сакаат никого да повредат и се големи дипломати – баш поради тоа што внимателно размислуваат за сите аспекти на некое делување, наместо да тргнат во акција, па што биде да биде.rnrn1-raboti-koi-kje-gi-razberat-samo-neodluchnite-lugje-www.kafepauza.mk_rnrnРечениците кои ќе ги слушнете од некој кој добро знае дека е неодлучен, гласат:rn

    1. Јас само додека да одлучам, а потоа не запирам.

    rnТоа е точно. Неодлучната личност се мачи сè додека не донесе одлука, но кога еднаш ќе реши, тогаш не постојат препреки до целта. Како сета неодлучност да се акумулира во некоја сила која потоа се губи по инерција. Бидејќи знаат колкав напор е потребен за секоја донесена одлука, неодлучните цврсто се држат до она што си го задале на себе, кога конечно ќе дознаат што е тоа. Знаат да бидат најупорни од сите околу себе, бидејќи ако се откажат, тогаш ќе мора повторно да одлучуваат за нешто. Во секој случај, и откажувањето е одлука која е тешко да се донесе.rn

    2. Не знам колку е тоа паметно.

    rnКога сме неодлучни, знаеме што чувствуваме и што сакаме да направиме, но се плашиме дека тоа не е најпаметно. Да го послушате импулсот е едно, а да се соочите со последиците е друго. Неодлучните се обидуваат да ги предвидат сите последици на сите одлуки и затоа многу им е важно да донесат паметна одлука – а тоа е онаа која ќе има најмалку последици, т.е. онаа која нема никому да нанесе штета.rn

    3. Јас знам што ми е полесно, но тоа можеби не е најдобро.

    rnНеодлучните добро ја познаваат линијата на помал отпор – краткорочни решенија, кои изгледаат едноставно и кои можат лесно да се испланираат и остварат, но кои само ги одложуваат и додаваат тежина на поголемите и долгорочни одлуки. Тие знаат што би било најлесно за нив, но исто така знаат и дека лесното не е истовремено и најдобро. И додека бескрајно нешто одложуваат и на другите им оставаат впечаток дека не се доволно вклучени и заинтересирани, тие всушност многу повеќе размислуваат за посуптилните страни на некоја одлука.rnrnpensive woman biting lipsrn

    4. Нема што друго, но морам уште да размислам.

    rnИ кога решението им се наметнува, бидејќи околностите доволно ги однеле во тесно, тие ќе истрпат уште малку притисок, за да можат уште малку да размислат. Неодлучните се алергични на каење – тоа е потполно погрешно и бесмислено чувство и се обидуваат да го избегнат на сите можни начини.rn

    5. Што би направил ти на мое место?

    rnТие често го поставуваат ова прашање. А после внимателно ги разгледуваат сите одговори. Нема да им помогне ако на многумина им се совпаѓаат одговорите, односно ако повеќе луѓе ја истакнуваат истата опција. Но, ќе им помогне да ја согледаат својата позиција и нејзините специфичности во однос на позицијата на другите и креативно да размислуваат за тоа како да ја променат, со цел полесно да донесат паметна одлука.

  • 11 работи на кои тој помислува кога ќе каже „ништо“

    11 работи на кои тој помислува кога ќе каже „ништо“

    Секоја девојка се нашла во ситуација кога воопшто не можела да го разбере своето момче. Познат ви е оној момент кога тој изгледа сосема мирно додека гледа низ прозорецот на автомобилот? Вие гледате дека има нешто чудно во неговите очи или несвесно намуртување на лицето, но сепак не знаете што се случува во неговата глава. А потоа го прашувате „Што ти стана?“, а тој ви одговара „Ништо“. Е па драги дами, конечно дојде денот кога ќе ви откриеме што всушност се крие зад овој негов одговор.rnrn1-11-raboti-na-koi-toj-pomisluva-koga-kje-kazhe-nishto-www.kafepauza.mk_rn

    1. „Долго размислувам и таа одеднаш ќе ме прекине“

    rnПонекогаш сме тивки и замислени и знаеме дека ќе ни го постават тоа прашање. А потоа следува караница за тоа дали ние навистина можеме да размислуваме „за ништо“ или не.rn

    2. „Морам да смислам добар план за вечера“

    rnКога сме гладни ќе ви го предложиме нашиот втор омилен предлог за јадење, на кој нема да се согласите. Тогаш ќе ја предложиме нашата омилена храна и опцијата да ја земеме за дома или да ја изедеме по пат. Ако одговорите на сите три предлози со „не“, ние веднаш ќе заминеме и ќе го јадеме она што сме го намислиле.rn

    3. „Тој облак личи на задник“

    rnЕдинствената причина зошто не сакаме да ви кажеме на што мислиме е бидејќи тој момент поминал. Па дури и да ви кажеме, вие ќе помислите дека насекаде ги гледаме само женските атрибути. Па, одговорот е „ништо“.rn

    4. „Еден ден во школо кога Ристе ги соблече панталоните пред целиот клас, а ние (заедно со професорот) се смеевме на цел глас“

    rnДенес поразлично би ја доживеале таа ситуација и би се однесувале како што прилега. Сега пораснавме и работиме, но тој ден никако не можеме да го заборавиме.rn

    5. „Сите мислат дека летањето би била најдобрата супермоќ, но навистина би било подобро кога би можеле да го замрзнеме времето“

    rnНие би го искористиле за да спиеме по цел ден. Мажите не сакаат да ви кажат дека размислуваат за тоа, бидејќи нивното срце ќе се скрши кога ќе слушнат дека им кажувате дека се однесуваат како незрели деца.rnrn2-11-raboti-na-koi-toj-pomisluva-koga-kje-kazhe-nishto-www.kafepauza.mk_rn

    6. „Како Џон Меклејн би се снашол во секоја ситуација?“

    rnВо секој момент работите може да тргнат на лошо, исто како во сцената од филмот „Умри машки“, а ние треба да размислуваме за тоа како би ги средиле сите проблематични ситуации. Ако мажите во поголемиот дел од своето време размислуваат за секс, во остатокот од времето размислуваат за тоа како би се бореле простив терористите.rn

    7. „Слично на тоа, како би се бореле ако настапи апокалипса“

    rnАпокалиптичната ситуација исто така поттикнува многу размислувања. Вистинско време е да се разгледа дали зградата во која живееме би била добра тврдина за заштита од зомбите.rn

    8. „Колку си убава“

    rnОва звучи како клише и многупати мажите ја користат оваа реченица за да се извлечат од некоја ситуација. Но сепак, понекогаш таа е навистина искрена. Од друга страна пак, никогаш нема да можете да докажете за што тие размислувале.rn

    9. „Размислуваме дали е паметно да одиме во вашиот тоалет или не“

    rnДали може да издржиме уште малку или не? Дали може да издржиме до својата куќа и да ве спасиме вас (вашите цимерки/браќа/родители) од она што се спрема? Мажите прават сложена листа во својата глава која би им помогнала во оваа сложена ситуација.rn

    10. „Нешто буквално необјасниво“

    rnСте нè затекнале со прашањето среде неповрзани мисли што е воопшто незамисливо да објасниме за што станува збор. Ве молиме, не терајте нè да објаснуваме.rn

    11. „Искрено не се сеќаваме“

    rnНие сме сонувачи и зборот „ништо“ звучи подобро отколку губењето време за објаснување дека нашиот мозок моментално се блокирал.

  • Зошто љубовната врска е толку тешка работа?

    Зошто љубовната врска е толку тешка работа?

    Има ли поголемо задоволство од она кога ќе завршите некоја тешка работа? Предизвиците се менуваат, а вие будни, вклучени, присутни, отворени за да ги согледате работите од сите агли и за сите решенија, се чувствувате енергично и мислите дека правите нешто многу важно за вашиот сопствен живот. Не мора секогаш да го пронајдете најдоброто решение и да се чувствувате успешно, за да бидете успешни во тешката задача.rnrn1-zoshto-ljubovnata-vrskata-e-tolku-teshka-rabota-www.kafepauza.mk_rnrnПонекогаш чувството на пораз е најголемиот успех што можете да го постигнете, бидејќи тој ви покажува дека начинот на кој се обидувате да го решите проблемот не е оној вистинскиот – што не значи дека тој начин не е добар, брилијантен и генијален, туку едноставно не функционира во тој конкретен случај.rnrnДа бидете во долга врска или во некој друг вид заедница, понекогаш бара да бидете делотворни, но тоа не значи дека мора да бидете брилијантни и генијални. Треба да ја ставите капата на скромноста и да излезете од рамките на вашето его, своите убедувања, своите вредности за да се приближите кон другата личност. И треба да го сфатите и да го прифатите тоа во оној момент кога мислите дека другата личност треба да го направи тоа за вас. Но, тоа е тешко, бидејќи вашата интелигенција тука нема да ви помогне.rnrnТука се бараат универзални вредности и индивидуален пристап. Бидете благородни, но бидете свесни. Немојте да дозволите другата личност со која сте во врска да ја искористи вашата добра страна. Немојте со својата големина да му го одземете на партнерот неговото право да се претстави во својата големина. Поедноставно, вам не ви е потребен неспособен партнер за вие да се покажете во вистинското светло, бидејќи врската не се смета за вистинска доколку двајцата не учествувате истовремено и рамноправно во тежините, како и во уживањето.rnrn02=zoshto-ljubovnata-vrskata-e-tolku-teshka-rabota-www.kafepauza.mk_rnrnСекако, ова не значи дека секогаш ќе бидете рамноправни. Напротив, често еден од вас ќе ужива повеќе, а другиот ќе биде повеќе оптоварен, но ова треба да биде во нормален размер. И тоа е тешко. Тешко е да се биде фер и да одолеете да не се извлекувате од таквата ситуација. И не само тоа, туку и да му велите на партнерот да се опушти додека вие го преземате неговиот дел.rnrnСепак, има и потешки работи. Вашата врска не е изолирана и безбедна од влијанието на семејните проблеми и оние од работата. Не е лесно да се биде истраен, добар, полн со разбирање и секогаш спремен да се допре до партнерот ни кога сè е мирно и добро, а особено кога ќе надојдат проблеми и тешки периоди. Тешко е да настапите како тим кон семејствата, да им поставите граници, и да го направите она што е неопходно за да им помогнете и истовремено да ја зачувате стабилноста на врската. Тешко е да останете тим, кога еден од вас напредува на работа, а другиот заостанува. Тешко е да бидете мотор, раце кои ќе веслаат кога тој мотор ќе престане, едро и ветер коj го исполнува, капетан на мала палуба, наизменично или со заеднички сили.rnrnНо, нема поголема авантура која го исполнува вашиот живот со смисла и задоволство.