КАФЕ ПАУЗА

Tag: разбирање

  • Како да ги поедноставите врските во вашиот живот

    Како да ги поедноставите врските во вашиот живот

    Сѐ што ни се случува е резултат на нашето однесување и нештата кои ги правиме и чувствуваме. Навистина, не може да се влијае на сѐ бидејќи некои работи не се во наши раце, но за сите оние кои се, ние сме тие кои одлучуваме како да се справиме со нив и колку тие ќе влијаат на нас. Ова важи и за врските кои ги градиме. Тие ќе бидат комплицирани колку што сме и ние што повлекува дека навистина ќе почнеме да уживаме во нив дури кога ќе решиме што навистина ни е важно. Понатаму сѐ ќе оди многу полесно. Еве неколку совети како да ги поедноставите работите:rnrnholding handsrn

    Не ја барајте и не ја очекувајте љубовта и поддршката од други кога вие сте тие кои можете да си ја дадете себеси

    rnСамодоверба, самопочит и самољубов пред сѐ.rn

    Прифатете ги своите маани така што ќе се соочите со нив

    rnНиту една врска не може да функционира сѐ додека партнерите не станат свесни за своите доблести и недостатоци.rn

    Престанете постојано да се споредувате со други луѓе

    rnСите сме различни, па логично е сите различно да функционираме и тоа не значи дека нешто не е во ред со вас.rn

    Оставете ги другите да бидат тоа што се

    rnДобрата врска бара две работи, а тие се ценење на сличностите, но и почитување на разликите меѓу партнерите.rn

    Бидете почувствителни

    rnЛаднокрвноста не води никаде, а дури и кога не се чувствувате убаво обидете се да бидете фини со останатите.rn

    Изразувајте љубов почесто

    rnДелата зборуваат многу повеќе од зборовите, а некогаш ни е потребно токму тоа, да почувствуваме нечија љубов и разбирање.rn

    Престанете да ги осудувате другите

    rnЗошто мислите дека сте подобри од другите? Заборавете на момент на осудата која сте ја подготвиле и обидете се навистина да погледнете во некого.rnrnFour Women Friends at the Beachrn

    Почнете да верувате дека правите разлика

    rnВие сте некој и нешто за луѓето на кои им значите, па и тоа што го правите, дури и кога не ви изгледа така, навистина влијае на нив.rn

    Една изгубена битка не значи изгубена војна

    rnАко нешто не ви излегло како што било предвидено и замислено, не дозволувајте да ви го расипе целиот ден. Многу работи не го заслужуваат тоа.rn

    Почнете да го правите тоа што е исправно за вас

    rnВие сте си сами себе на прво место. Потоа останатите. Бидејќи како поинаку можете да му помогнете на некој друг?rn

    Не мора секогаш да сте во право

    rnПрифатете дека не секогаш вашето решение е она вистинското и помирете се со тоа.rn

    Запрашајте се дали тоа што го правите повредува некого

    rnСѐ што правите е во ред сè додека тоа не повредува никого.rn

    Надворешната убавина не е толку важна

    rnФокусирајте се за промена на тоа каква личност сте и дали ако вие бевте на спротивната страна ќе сакавте да бидете со некој како вас?rn

    Посветувајте поголемо внимание на малите нешта

    rnТие се работите кои на крајот на денот нè радуваат така? Кога ќе почнете почесто да ги забележувате и применувате, сѐ некако ќе биде поубаво.rnrn(3)-Kako-da-gi-poednostavite-vrskite-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    Не ги присилувајте другите на нешта кои не им се допаѓаат, а ни вие не ги толерирајте оние кои ви го прават тоа на вас

    rnПрисилувањето и убедувањето на сила само ја зголемуваат јамата меѓу луѓето.rn

    Поддржувајте ги другите повеќе

    rnНекогаш самата поддршка може да смени многу, а е неизмерно потребна секому. Дадете им до знаење на оние кои ви значат дека забележувате и дека сте тука за нив.rn

    Престанете да земате сѐ при срце

    rnОбидете се за промена да ги согледате работите од друг агол. Можеби тоа што ви е кажано или направено нема никаква врска со вас.rn

    Искрените грешки заслужуваат преодна карта

    rnНе мора за секоја можна и најмала грешка да се лутите. Уште ако е и ненамерно направена, тогаш вреди да се занемари.rn

    Не драматизирајте толку

    rnНе е можно сѐ да го заслужува истото внимание ниту, пак, вие мора сѐ да анализирате како да е крај на светот.rn

    Простете си за болката која сте ја нанеле во минатото

    rnЧувството на вина и жал навистина тежи дури и премногу, а ќе се ослободите од него само кога ќе си простите себеси.rn

    Не очекувајте премногу

    rnОчекувањата носат разочарувања, а тие не се никогаш добри. Ценете го тоа што го имате и работете на останатото со надеж, но немојте да очекувате ништо од никого.rnrn(4)-Kako-da-gi-poednostavite-vrskite-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    Бидете искрени за вашите чувства

    rnКога навистина ќе можете да бидете искрени за тоа како вие се чувствувате, тогаш ќе можете да поставите основа за цврста врска.rn

    Тргнете се од луѓе кои ве омаловажуваат

    rnЗа жал, секогаш ќе постојат такви луѓе. Но изборот е ваш дали ќе им дозволите да ве омаловажуваат или ќе заборавите на нив и ќе почнете навистина да верувате во себе.rn

    Дајте си го целото одобрување кое ви е потребно

    rnЗа некои работи ни се потребни неверојатно многу сила, одлучност и секако, нечие одобрување. Вие ги поседувате сите овие работи.rn

    Не кажувајте да ако мислите не

    rnКажувајте го својот став јасно и гласно и изборете се за тоа што го сакате и можете.rn

    Комуницирајте појасно

    rnНикој не е видовит и не чита мисли, па мора да ги изразувате мислите и чувствата и да кажувате што ви лежи на душа. Чувањето во себе може да ги влоши работите.rn

    Не сте секогаш вие центарот на случувањата

    rnДозволете им и на другите да дојдат до збор и за промена ислушајте ги вие нив.rn

    Започнете да живеете со 100 проценти интегритет

    rnБидете искрени и верни на својот збор и кон другите. Направете ја исправната работа. Интегритетот е патот кон успехот и многу поедноставниот живот.rnrn(5)-Kako-da-gi-poednostavite-vrskite-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrnrnДобрите врски не паѓаат од небо. Тие се градат од темел и потребни се волја, трпение и разбирање и од двете страни.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на прашањата – Прашувајте, прашувајте, прашувајте…

    Моќта на прашањата – Прашувајте, прашувајте, прашувајте…

    Автор: Калин БабушкуrnrnПоттикнат од една случка на ќерка ми, каде што ѝ било срам да постави прашање, па поради тоа не ја разбрала задачата и автоматски лошо поминала на тестот, увидов дека кога поголемиот број луѓе се срамат да постават прашања на некој начин ги потиснуваат во себе. Да биде уште пострашно, од мали нозе нè учат или ги учиме децата дека поставувањето прашања е срамота или е непотребно и во тој случај што да очекуваме од тие деца кога ќе пораснат?!rnrnmokjta-na-prashanjata-prashuvajte-prashuvajte-prashuvajte-kafepauza.mkrnrnНапротив, да се постави прашање е многу убава работа. Eвe само неколку примери каде што со прашања ќе можете да:rnrnЗапознаете подобро со соговорникот или со ситуацијата – И да знаете со кого разговарате и за што разговарате. Прашањата тука се од општа природа и се чисто информативни.rnrnИмате контрола – Со прашања ја контролирате ситуацијата во разговорот и добивате повеќе информации. Со самото тоа што вие поставувате прашања кон соговорникот, автоматски вршите притисок врз него/нејзе да одговори (не секој сака да одговори на прашања), така што ја владеете ситуацијата.rnrnПодобро слушате – Ги развивате способностите за слушање, нешто што многу малку луѓе кај нас го имаат. А дополнително на тоа, ако не ви се зборува, со поставување на прашање, зборувањето го префрлате кај соговорникот. Отворените прашања тука се повеќе од добредојдени.rnrnМислите – Со поставување прашања активно учествувате во конверзацијата и ситуацијата и тоа ве тера да мислите и да бидете постојано ментално активни.rnrnГо уверите соговорникот – Со поставување на т.н. реторички прашања во ситуација сте да го уверите соговорникот во исправноста на тоа што го зборите.rnrnРазвивате комуникациски вештини – Поставувањето прашања е најубава алатка за развој на овие вештини. Со секое прашање, приморани сте да размислувате, зборувате и да слушате.rnrnПродадете услуга или производ – Што повеќе прашања, полесно ќе можете да дознаете што е вистинската потреба на вашиот клиент, партнер, соговорник и полесно ќе можете да го најдете решението за нивната потреба, а со тоа и да понудите и да продадете услуга или продукт.rnrnРазвиете лидерски способности – И да го контролирате вашиот тим , но и да ја владеете ситуацијата во која сте или ќе бидете, а вашиот тим навремено да ги извршува работите.rnrnРешите проблем – Да дознаете што е проблемот и зошто се случил и да ви овозможи полесно да го решите или да најдете некое решение кое ќе биде задоволително за двете страни.rnrnГо менаџирате времето – Да дознаете до кога треба некоја работа да се заврши или кога треба да бидете на некое место.rnrnПриоритизирате – Со поставување прашање ќе можете да донесете одлука, која работа е приоритетна од другата.rnrnКако што можете да видите, прашањата имаат влијание во многу аспекти од нашите животи (приватни или професионални), а ние уште од самиот старт им велиме на децата дека е срамота да прашуват. Поставувајте прашања што повеќе и поттикнете го тоа кај другите околу вас, ќе видите кави промени ќе се случат кај вас и во околината.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 14 начини да ја изградите најдобрата врска во вашиот живот

    14 начини да ја изградите најдобрата врска во вашиот живот

    Автор: Сања ПетровскаrnrnСите ги обожаваме бајките на Дизни. Нема девојче на овој свет кое не си го замислува својот принц на бел коњ ниту, пак, има момче кое не посакува убава и паметна девојка како некоја од главните хероини. Сите сме заљубени во идеалот за совршената врска и тајно посакуваме да ја имаме и ние. Но, додека на Дизни му е дозволено мечтите и соништата да ги спакува во преубава приказна и добро познатото и си живееја среќно до крајот на животот, реалноста е малку поинаква. На секоја врска треба да се работи и во секоја врска треба да се вложува и од двете страни. Проблемите навистина постојат и тие можат да се решат. Совршена врска не постои, но доколку навистина ѝ се посветите, таа ќе биде најдобра што може.rnrn1-14-nachini-da-ja-izgradite-najdobrata-vrska-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    1. Заборавете дека љубовта е нешто што се случува само од себе

    rnНе е тајна дека првата фаза во секоја врска е заљубеноста. Тоа не е љубов. Меѓусебната љубов се гради и стекнува со тек на време.rn

    2. Обидете се да допрете до саканата личност

    rnНикој не може да функционира сам, па согласно ни врската не може да опстои сама од себе. За секоја врска се потребни двајца, а тие двајца подобро функционираат кога заедно се обидуваат да создадат нешто.rn

    3. Следниот пат кога ќе се чувствувате загрижено, нервозно, тажно, спомнете му го тоа на вашиот партнер или бидете тука за него доколку тој е оној кој се чувствува така

    rnВрската треба да претставува безбедно место каде ќе се чувствуваме сакани и разбрани, каде ќе добиеме поддршка и љубов кога ни се најпотребни.rnrn5-14-nachini-da-ja-izgradite-najdobrata-vrska-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    4. Препознајте ги моментите кога се чувствувате оддалечени еден од друг, не можете да пристапите кон партнерот за некоја работа или ставате одбранбен штит пред себе

    rnКога сте во врска би требало да уживате во слободата да бидете тоа што сте, без да чувствувате потреба некои работи да ги тргате на страна. Но ако тие постојат и успеете да ги препознаете, зборувајте со вашиот партнер за нив и обидете се да најдете решение.rn

    5. Ставете акцент на меѓусебната комуникација

    rnЕдна од најважните работи за да опстои врската е да може да зборувате еден со друг. Така не само што ќе успеете да ги решите проблемите и да ги совладате разликите, туку ќе го подобрите и начинот на кој го правите тоа.rn

    6. Зборувајте со партнерот за тоа како влијаете еден на друг

    rnСигурно сте слушнале дека љубовта ја јакнее мотивацијата. Убавата и стабилна врска влијае позитивно на вас и на вашето функционирање, па влијанието кое го има вашиот партнер на вас и она кое вие го имате на него се исто така меѓу најважните работи во една врска.rn

    7. При расправија, секогаш обидете се да ги согледате работите и од перспективата на партнерот

    rnРасправиите настануваат затоа што дошло до судир на различни ставови за една иста работа. И нормално дека мислиме дека ние сме во право. Но тоа не е секогаш така, па согледувањето на работите од друга гледна точка може многу да помогне во решавање на проблемот.rnrn3-14-nachini-da-ja-izgradite-najdobrata-vrska-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    8. Секојдневно работете на зголемување на меѓусебната блискост преку примена на игри на емпатија

    rnЗамислете некоја случка, по што партнерот според изразот на вашето лице треба да одлучи како се чувствувате во врска со тоа. Ова води кон полесно распознавање на чувствата кај вашиот партнер што само повеќе ќе ве зближи.rn

    9. Пронајдете што ви треба во врската и споделете го тоа со вашиот партнер кој треба да го направи истото

    rnОва ќе ви овозможи да се сконцентрирате на тоа што меѓусебно ви недостасува и да вложите малку повеќе за да го добиете.rn

    10. Бидете свесни дека емоционалните повреди ја разоруваат врската

    rnЛути, тажни или бесни, ништо не ги оправдува лошиот збор и дело. Вашиот партнер ве сака и почитува, се потпира на тоа дека вие сте неговата поддршка и очекува да го добие истото за возврат. Доколку емотивно го повредите и притоа не може да го сподели тоа со вас, тоа полека ќе го разорува однатре, а со тоа ќе се разори и вашата врска.rn

    11. Најдобриот рецепт за секс е отворена комуникација и емоционална поврзаност

    rnКога ќе успеете целосно да се отворите еден пред друг, што ќе го постигнете само со меѓусебно комуницирање, и кога од врската ќе ја добивате потребната слобода на изразување и чувствување, само тогаш вашиот сексуален однос ќе има способност да го достигне врвот. А ретко која врска без него може да опстои.rnrn2-14-nachini-da-ja-izgradite-najdobrata-vrska-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

    12. Зборувајте за тоа како сте научени да се справувате со емоциите

    rnЗа подобро да функционирате како пар, потребно е да се најдете на заедничка подлога на која заедно ќе ја градите врската. Со емоциите, кои се неизбежен дел од врската (на пр. нема шанси да се налутите и едноставно да го игнорирате тоа), секој се справува на различен начин. И тоа е во ред сè додека не претставува проблем. Зборувајте за ова и обидете се да се прилагодите еден на друг.rn

    13. Кажете си еден на друг што си имате зацртано за цел во следниот период и обидете да си помогнете во нивното постигнување

    rnВо врска мора да постои меѓусебна поддршка. Кога вашиот партнер ве прифаќа и од него го добивате потребното разбирање, тогаш тој може да ви помогне во постигнување на некоја цел. Па уште и ако таа цел е заедничка, тогаш и ограничувањата во врската веќе нема да постојат.rn

    14. Почитувајте ја и охрабрувајте ја меѓусебната поврзаност

    rnНајдете кој свесно или несвесно применуван ритуал ја зајакнува вашата врска и одделете време за истиот. Секој пат сè повеќе ќе ве зближува и ќе ја направи вашата врска посилна од кога било.rnrn4-14-nachini-da-ja-izgradite-najdobrata-vrska-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrnrnЗа да изградите убава и силна врска, потребно е целосно да се внесете во тоа. Потребни се откажувања, прилагодувања и вложувања и од двајцата партнери. Потребни се доверба, разбирање и поддршка, а тие несвесно ги градите и стекнувате со меѓусебна комуникација и секојдневно меѓусебно емоционално поврзување. Љубовта е најважна, но само таа не е доволна.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како културното однесување и добрите манири ја јакнат вашата врска?

    Како културното однесување и добрите манири ја јакнат вашата врска?

    Вашите родители не ве учеле на добри манири и културно однесување само за да не ги усрамите во јавност. Напротив, со годините доаѓа искуството, па така родителите знаат дека доброто однесување носи многу бенефиции општо во животот, во врските кои ги воспоставуваме со пријателите, но и во романтичните врски. Дали се плашите дека целата магија ќе исчезне по првите месеци од врската? Нема потреба од страв. Погледнете ја врската на вашите родители или земете некој друг пример и анализирајте го нивното однесување. Ќе сфатите дека толку долго се во успешен брак токму поради тоа што внимаваат на своето однесување. Еве како добрите манири помагаат во градењето на стабилна и долготрајна љубовна врска.rnrnКако културното однесување и добрите манири ја јакнат вашата врска?rn

    Се почитувате еден со друг

    rnЕден од главните проблеми во една врска е кога партнерите ќе изгубат почит еден кон друг. Да речеме дека вашиот партнер на почеток на врската бил прекрасен, внимавал на своето однесување, секогаш бил културен и со добри манири, но како што минувало времето тој заборавал на манирите и почнал да се ослободува пред вас до толку што ги преминал сите граници. Кога едниот партнер ќе почне да прави нешто што на другиот му пречи и одбива да престане со тоа, покажува колку не се грижи и не ги почитува туѓите чувства. Така тој/таа ќе престане да ги раскрева валканите садови или ќе продолжи да ги остава валканите чорапи на земја или ќе се однесува лошо и некултурно пред пријателите на партнерот. Токму тогаш и двете страни престануваат да негуваат почит еден кон друг. Добрите манири носат почит, а со почитта во пакет одат љубовта и разбирањето. Токму затоа оние кои ги знаеме како „невоспитани“ имаат проблеми во своите врски.rn

    Се вреднувате

    rnКога ќе ви ја отвори вратата од својот автомобил тој покажува дека ве гледа како негова дама, а со тоа што ќе му речете „благодарам“ покажувате дека ги забележувате и вреднувате неговите мали „витешки“ потези. Редовно кажување „те молам“ и „благодарам“ во врската е многу важно. Така покажувате дека го вреднувате вашиот партнер и сè она, дури и најмалите нешта, кои ги прави за вас. Кога ќе речете „извини“ покажувате каење за она што сте го направиле и во никој случај не го земате вашиот партнер здраво за готово туку знаете да го вреднувате она што го имате.rn

    Добрите дела и зборови никогаш не избледуваат

    rnТешко е да почитувате или сакате некој кој не ве почитува вас, а кога еден од партнерите има лоши манири, нема многу што да се почитува или пак вреднува во врската. Не можете да бидете фини со некој кој е безобразен или бесчувствителен. При лош период во врската, моментите кога еден од партнерите покажал непочитување само ќе го разгорат огнот, но моментите на почит и трпеливост се оние кои ќе ја смират тензијата.rnrnКако културното однесување и добрите манири ја јакнат вашата врска?rn

    Добрите манири спречуваат ситни кавги

    rnДали некогаш сте биле сведок на ситни но непријатни кавги кои некои парови ги прават во јавност? Може само да замислите што се случува со нив зад затворени врати ако покажуваат такво непочитување еден за друг во јавност. Ако мажот не знае да ѝ даде комплимент на жената, или жената да го пофали мажот за добрата вечера што ја зготвил, сите тие пропуштени искази на вреднување се пластат еден на друг и често избувнуваат жестоки кавги за мали работи. Никој не сака да се чувствува искористено ниту пак недоволно вреднуван во врската, а токму тоа се случува кога партнерите забораваат да си кажат добри зборови за нешто што едниот го направил за другиот. А без манири, почит и трпение, вакви мали кавги ќе избувнат и во јавност.rn

    Служите како пример за вашите деца

    rnАко сега немате деца, ќе имате некогаш. Тогаш ќе ги учите на добри манири и културно однесување, но доколку тие не ве гледаат како секојдневно го применувате она на што ги учите, не очекувајте тие да постапуваат така. Со добрите манири и почитта еден кон друг служите како добар пример за другите околу вас, а кога ќе дојде време и за вашите деца. Вистински благодет е да се живее во семејство каде родителите се сакаат и почитуваат и после години минати во брак знаат да си дадат комплимент, да речат „благодарам“ и „извини“.rnrnАко родителите упатуваат пцовки еден кон друг, не треба да бидат изненадени кога и нивните деца ќе кажат лош збор, ниту пак кога и нивите деца ќе имаат лоши и нестабилни врски. Врската меѓу родителите е првата љубовна врска што децата ја имаат за пример, зошто би им покажале лоша врска наместо да поставите добар пример?rnrnКако културното однесување и добрите манири ја јакнат вашата врска?rn

    Добрите манири прават да се чувствувате како на почеток на врската

    rnРечиси секој покажува добри манири на почеток од врската, но кога ќе продолжите со таквото однесување вие не дозволувате времето минато заедно да ја уништи вашата љубов ниту почитта која ја имате еден за друг. Кога вашиот дечко ќе ви бакне рака и ќе ви отвори врата, или вашата девојка ќе ви каже убав збор, чувствувате како да сте на почеток на врската и се трудите да ја освоите другата личност.rn

    Вашите семејства ја поддржуваат вашата врска

    rnНе заборавајте дека вашето однесување е набљудувано од страна на вашето семејство и семејството на вашиот партнер. Со културно однесување и добри манири оставате добар впечаток кај вашите семејства и веројатноста е голема дека и од двете страни ќе добиете зелено светло и поддршка.rnrnКако културното однесување и добрите манири ја јакнат вашата врска?rn

    Посреќни сте

    rnКултурата не е стереотипно однесување од 50-тите, ниту пак е преправање пред другите. Оние партнери кои негуваат почит и разбирање и имаат добри манири секогаш се поисполнети и посреќни во врската. Добрите манири во денешно време се речиси истребени, но тоа не значи дека нема такви кои внимаваат на тие мали зборови и постапки во врската. Добрите манири, културните изрази, покажувањето почит, дури и кога никој не ве гледа, ве прави посреќни во друштво на вашиот партнер и поставува стабилни темели за здрава и исполнета врска во иднина.

  • 3 нешта кои мора да ги разберете за спротивниот пол

    3 нешта кои мора да ги разберете за спротивниот пол

    На многу начини, сите ние сме премногу слични. Но, кога станува збор за љубовните врски и за љубовта, мора да се признае дека мажите и жените се комплетна спротивност. Токму затоа мора да ги имате на ум овие разлики доколку сакате да изградите успешна врска…rnrn3 нешта кои мора да ги разберете за спротивниот полrn

    3 нешта кои мажите мора да ги разберат за жените во врските

    rnКонфликтот трае. Жените се многу почувствителни од мажите кога станува збор за конфликтите и проблемите кои настануваат во врските. Жените по караницата со партнерот, дури и по решавањето на самиот проблем, продолжуваат да размислуваат за целата ситуација во наредните неколку дена. Тие едноставно сакаат детално да ја анализираат. Од друга страна пак, мажите кога имаат конфликт со својата партнерка, откако тој ќе се реши, комплетно забораваат на целата работа.rnrnНе ги поправајте нештата. Мажите мора да разберат дека кога жените имаат проблем и кога ќе го споделат со вас, тоа не значи дека бараат начин вие да им го решите. Мажите имаат тенденција да ги поправаат нештата кои сметаат дека жените не можат сами да ги средат. Но, баш напротив, на жените сè што им е потребно е да бидат сослушани и разбрани, а што се однесува до решението на проблемот, тие сакаат самите да го пронајдат.rnrnЖените се поврзуваат преку разговор. Жените се поврзуваат и се чувствуваат многу поблиски до другите луѓе преку разговорите и споделувањето на лични информации. Времето поминато во разговор им делува терапевтски. Токму затоа ако сакате жена да ве чувствува за близок, мора да ѝ дозволите да се отвори, но треба и вие да го сторите истото со неа. Повеќето мажи се поврзуваат преку различни активности (спорт, покер…), но кај жените најмногу помага разговорот.rn

    3 нешта кои жените мора да ги разберат за мажите во врските

    rnПотребна им е афирмација од партнерката. Афирмацијата е степенот до кој сте направиле да се чувствува сакано, згрижено, ценето и посебно. Голем број студии покажале дека долгите врски се оние во кои мажите чувствуваат најмногу афирмација. Жените исто така имаат потреба некој да се грижи за нив, но тие имаат толку многу луѓе од кои го добиваат ова (сестрите, пријателите, мајките, па дури и соседите и колегите), додека пак, мажите најчесто наоѓаат афирмација само од својата партнерка.rnrnВнимавајте што прават, не што зборуваат. Мажите повеќе покажуваат преку постапките отколку со зборовите. Тие имаат потешкотии при вербализирање на своите чувства, па токму затоа им е полесно доколку ви ги покажуваат преку одредени активности и гестови.rnrnРазговорот може да биде проблем. Мажите не сакаат да бидат критикувани. И кога жените ќе предложат некаква промена во однос на врската или пак, во однос на нивното однесување, мажите го сфаќаат ова како критика. И покрај тоа што можеби жените имале само најдобра намера со предлогот, мажите ќе го сфатат тоа како проблем за кој тие се виновни. Токму затоа следниот пат кога ќе бидете во искушение да разговарате за вашата врска, прво фокусирајте се на неговите добри страни, па потоа спомнете ја темата за потребната промена.

  • 5 знаци дека таа е татина ќерка

    5 знаци дека таа е татина ќерка

    Кога би требало да дадеме еден вид урбана дефиниција за поимот „татина ќерка“, или ако сакате „татина галеница“, тоа би звучело вака: девојка која е чувана во стаклено ѕвоно од страна на нејзиниот татко, кој би направил сè за неа. Ако сака да студира на скап универзитет, нема проблем, таа е неговата иднина. Ако момчето ја повредило, нема збор, тој е мртов човек.rnrnШала на страна, тоа што вашата девојка е чувана како зеница во окото на татко ѝ, не мора да значи дека е лоша работа. Таа е девојка чија самодоверба и чија поставеност во љубовните врски наголемо е под влијание на односот со нејзиниот татко. Тоа што е вреднувана и чувана од страна на татко ѝ е само показател за тоа дека токму истото го очекува од вас и нема да се задоволи со ништо помалку од љубов, почит и разбирање.rnrn5 знаци дека таа е татина ќеркаrnrnАко не сте сигурни дали вашата девојка е татина галеница, обрнете внимание на следново:rn

    1. Многу брзо го запознавте нејзиниот татко

    rnНекои девојки би чекале со недели дури и месеци пред да ве запознаат со нивниот татко. Но не и татината ќерка. Таа знае колку е важно мислењето на татко ѝ и ако татичко не ве сака вашата врска нема иднина. Нејзиниот татко е човекот на кого му верува најмногу, па ако сака да провери дали сте „материјал“ за сериозна врска или брак, ќе ве однесе на „тестирање“ многу брзо.rnrn5 знаци дека таа е татина ќеркаrn

    2. Пред брак мора да побарате дозвола од татко ѝ

    rnМожеби не сте традиционални и не ви е ни на крај памет да ја „барате нејзината рака“ од татко ѝ, но татината ќерка пред да ви рече конечно „да“ ќе побара од вас да го направите тој мал и симболичен гест. На тој начин покажувате голема почит кон нејзиниот татко, а неговиот благослов ќе ѝ значи многу. Тоа што татко ѝ го одобрува вашиот брак ѝ влева сигурност, бидејќи знае дека тој умее да процени дали во иднина вие би биле добар сопруг и татко.rnrn5 знаци дека таа е татина ќеркаrn

    3. Секогаш татко ѝ е прв на листата на повици

    rnТешко е да се натпреварувате со нејзиниот татко, бидејќи во нејзините очи татко ѝ е човекот кој едноставно знае сè и е способен за сè. Неретко ако ѝ се расипе колата или ако ѝ треба каква било помош, по автоматизам ќе му се јави на татко ѝ. Иако е веќе возрасна девојка, нејзиниот татко во телефонскиот именик во никој случај не е потпишан по име или едноставно „тато“, туку потпишан е како „татичко“ или со некој прекар од детството.rnrnОва неретко може да ви смета, па дури и да ве повредува. Доколку дојде до тоа едноставно разговарајте со неа, бидејќи во никој случај намерата не ѝ е да ве повреди свесно. Едноставно уште од детството нејзиниот татко е личноста на која ѝ се обраќа за „итна помош“. Кажете ѝ што ве мачи и дека на моменти навистина се чувствувате бескорисно бидејќи сте ставени во втор план. Доколку ве сака, со сигурност ќе ве разбере.rn

    4. Ќе бара да продолжите од таму каде што застанал нејзиниот татко

    rnТатко ѝ ја научил дека човекот кој вистински ќе ја сака никогаш нема да ги стави своите потреби пред нејзините. Таа го слушнала советот „Вистинскиот маж никогаш нема да те стави после фудбалот, ти ќе му бидеш број 1 приоритет.“ Ова може да ви звучи страшно, но би биле изненадени колку татковците вложуваат грижа и внимание за своите ќерки. Од вас ќе се очекува да продолжите таму каде нејзиниот татко застанал. Вие ќе треба да бидете тој кој ќе ја почитува и вреднува и кој ретко кога ќе се осмели да ѝ рече „не“. Вечера и цвеќе нема да се бара од вас само првите два месеци. Едноставно тоа ќе ви стане рутина.rnrn5 знаци дека таа е татина ќеркаrn

    5. Некогаш и несвесно ве споредува со него

    rnДа се разбереме, татко ѝ е нејзината прва љубов, и бидете сигурни дека таа ве споредува со него. Девојките речиси секогаш во момчето ги бараат карактеристиките на нивните татковци, без разлика дали физички или карактерни особини. Внимавајте на малите знаци. На пример, може да ви рече дека имате слична насмевка со татко ѝ, или дека ѝ се допаѓа тоа што возите внимателно исто како кога татко ѝ ја носел на училиште.rnrnАко ја пронајдовте во сите горенаведени точки, со среќа, бидејќи излегувањето со татина галеница може да биде вистински предизвик. Но од друга страна, бидете сигурни дека ако му се допаднете на татко ѝ и му покажете дека сте заштитнички настроени кон неа, ќе ја имате неговата поддршка, и иако никогаш нема да признае, ќе ве засака како свој син.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Правила кои мажите посакуваат жените да ги знаат

    Правила кои мажите посакуваат жените да ги знаат

    Разликите помеѓу сфаќањата и животниот стил на мажите и жените понекогаш се причина за многу проблеми и недоразбирања, но може да се погледнат и од забавен аспект.rnrnПравила кои мажите посакуваат жените да ги знаатrnrn1. Понекогаш едноставно не сакаме да разговараме. Не го сфаќајте тоа лично.rnrn2. Забележуваме други жени бидејќи сме мажи и живи суштества. Тоа не значи дека планираме да ве откачиме и да ги бркаме нив.rnrn3. Беспомошноста не е слатка.rnrn4. Прејдете на главното.rnrn5. Сфатете дека мажите можат да прават само една работа во моментот. Така што, не зборувајте ни додека правиме нешто друго. Или ќе ве игнорираме бидејќи не ве слушаме (најискрено) или ќе го расипеме она што го правиме бидејќи сте ни го одвлекле вниманието од тоа.rnrn6. Исклучок од претходното правило: Прекинете нè ако нешто гори, некому му треба итна медицинска помош, даваат згодни девојки на ТВ или треба да се заврши некоја херојска задача.rnrn7. Не можете да се жалите дека нема добри дечки, кога некои од нас се сè уште сингл.rnrn8. Кога поставувате прашање од типот „Мислиш дека таа е поубава од мене?“ заборавате на можниот одговор „Да“. И што би направиле тогаш?rnrn9. Не очекувајте дека дури и најдобрата врска може да ги реши сите ваши проблеми. Само затоа што ве сакаме, не значи дека можеме да се избориме со вашиот целулит, со недостатокот од пари или со лошото расположение.rnrn10. Ние не би носеле високи штикли за да ве импресионираме ВАС.rnrn11. Дишете одвреме-навреме за да можеме и ние да кажеме некој збор.rnrn12. За нас возењето не е само начин да стигнеме од точката А до точката Б. Тоа е можност да управуваме со некој тон челик.rnrn13. Ако сакате да забележиме нешто на вас, помогнете ни почнувајќи со реченицата „Денес бев на фризер“.rnrn14. Скријте ги книгите за самопомош кога ви доаѓаме на гости. Нè прават нервозни.rnrn15. Потребно ни е понекогаш да вегетираме.rnrn16. Ние не одиме на шопинг. Кога ни треба нешто, едноставно го купуваме.rnrn17. Веруваме дека нашите телесни функции се сосема нормални, а понекогаш и импресивни.rnrn18. Не ви веруваме кога велите дека парите не ви се важни.rnrn19. Кога гледаме постари и не многу привлечни мажи со помлади згодни девојки ние се чувствуваме горди што сме мажи. Не ни е гајле што не е фер.rnrn20. Не дека ние не сакаме да ве направиме среќни. Едноставно некогаш не знаеме како.rnrn21. Научете да ја користите веце-шолјата. Ако капакот е дигнат, спуштете го.rnrn22. Ако поставите прашање за кое не сакате баш да го чуете одговорот, тогаш очекувајте одговор кој не сакате да го чуете.rnrn23. Пивото е возбудливо за нас колку што за вас се чантите.rnrn24. Кога треба негде да одиме заедно, ОК е да облечете апсолутно што било. Навистина!rnrn25. Имате доволно облека.rnrn26. Имате премногу чевли.rnrn27. Плачењето е уцена.rnrn28. Вашите бивши се идиоти.rnrn29. Недела е ден за спорт, тоа е тоа.rnrn30. Не нè прашувајте за што размислуваме ако не сте подготвени да разговарате за новата GTA, спортски бандажи или за светското првенство во фудбал.rnrn31. Кога сакате нешто кажете,не давајте знаци и навестувања. Едноставно кажете.rnrn32. Не, не знаеме дека е годишнина од нашиот прв бакнеж. Забележете ги важните датуми во нашите календари ако сакате да се сетиме дека требало да ви купиме подарок.rnrn33. Ние не знаеме да читаме мисли и никогаш нема да знаеме. Овој недостаток во нашите способности не е доказ дека не се грижиме за вас.rnrn34. Повеќето мажи поседуваат по 3 пара чевли. Зошто мислите дека би биле добри во избирање на еден од 50 пара колку што имате вие кои најдобро би ви одговарале со фустанот што го носите?rnrn35. „Да“ и „не“ се совршено добри одговори во многу ситуации.rnrn36. Обратете ни се ако имате проблем и ако сакате да го решите. Ние тоа го правиме. Ако сакате сочувство и разбирање, одете видете се со другарките.rnrn37. Не глумете оргазам. Попрво би прифатиле дека сме неефективни отколку измамени.rnrn38. Сè што сме кажале пред  6 месеци не може да се употреби како аргумент против нас во кавга. Сите коментари се поништуваат во рок од 7 дена.rnrn39. Ако нешто што сме го кажале може да се интерпретира на два начини, а едниот од нив ве разлутува или растажува, сме мислеле на другиот.rnrn40. Можете да ни кажете нешто да направиме или како сакате нешто да биде направено. Не двете.rnrn41. Ако ве прашаме што ви е и вие речете „Ништо“, ќе се однесуваме како ништо да не ви е.rnrn42. Мажите гледаат во помалку бои. Праска за нас е само овошје, не и боја.rnrn43. Ако носите вондербра и кратка стегната блузичка, автоматски сте го изгубиле правото да се жалите дека мажи се ѕверат во вашите гради.rnrn44. На Кристофер Колумбо не му требале насоки. Така ни нам.rnrn45. Секогаш кога е можно, гледајте да ги кажете работите што сакате да ги кажете за време на рекламите.

  • 10 заповеди за посреќна врска

    10 заповеди за посреќна врска

    Иако недоразбирањата и кавгите се составен дел на секоја врска, сè може да се преброди доколку обата партнери се спремни да соработуваат и да најдат компромис. Да ја признаете грешката, да замолчите навреме и да бидете љубезни кога не сакате е навистина тешко. Ова се 10 заповеди до кои треба двајцата партнери да се придржуваат за врската да им трае подолго.rnrn10 заповеди за посреќна врскаrnrn1. Можете да се лутите, но никогаш не бидете лути истовремено.rnrn2. Никогаш не викајте си еден на друг. Секој проблем може да се реши со мирен тон.rnrn3. Ако некој мора да победи во расправија, тогаш попуштете, бидејќи толеранцијата, искреноста и попустливоста се многу важни особини кои гарантираат среќна врска и брак.rnrn4. Доколку сакате да го искритикувате партнерот, направете го тоа на спонтан и нежен начин.rnrn5. Никогаш не навраќајте се на грешки од минатото.rnrn6. Попрво занемарете го целиот свет, отколку вие еден со друг.rnrn7. Не легнувајте да спиете доколку не сте го решиле недоразбирањето.rnrn8. Секој ден најдете време да му кажете по некој убав збор на партнерот.rnrn9. Доколку згрешите, бидете спремни да признаете и да се извините.rnrn10. За кавга секогаш се потребни двајца, а најчесто оној што е погласен е крив.

  • 4 магични фрази кои можат да ѝ бидат од голема помош на вашата љубовна врска

    4 магични фрази кои можат да ѝ бидат од голема помош на вашата љубовна врска

    Заљубувањето е полесниот дел. Ја запознавате личноста од вашите соништа и пред да се свестите – веќе сте на „седмо небо“. Но, што се случува кога тоа интензивно чувство на нова љубов започнува да избледува? Кога ќе се соочите со реалноста и кога конечно ќе почнете да ги забележувате недостатоците на вашиот партнер?rnrn4 магични фрази кои можат да ѝ бидат од голема помош на вашата љубовна врскаrnrnЉубовните врски бараат многу напорна работа. И доколку и двете страни не вложуваат константно многу труд, врската започнува да се распаѓа и во најлош случај целосно завршува. Но, тоа не мора да значи дека истото ќе ви се случи и вам. Доколку сакате да останете во моменталната врска, тогаш погледнете ги овие 4 магични фрази кои ќе ви помогнат многу лесно да ја остварите вашата цел.rn

    Фраза #1 – „Што мислиш ти?“

    rnСите сакаат нивното мислење да биде ценето или барем во најмала рака признаено. Со тоа што ќе ги запрашате вашиот партнер или партнерката за нивното мислење, им давате до знаење дека навистина се грижите за она што тие го мислат. Понекогаш сите ние знаеме целосно да се изгубиме во нашите работи, ги гледаме ситуациите и настаните само од наша гледна точка и не забележуваме дека е можно да постојат и други валидни размислувања.rnrn4 магични фрази кои можат да ѝ бидат од голема помош на вашата љубовна врскаrnrnБарањето размислување од друг може да ви помогне да станете поотворени и покреативни при изнаоѓање нови решенија за вашите проблеми. Ако го/ја запрашате партнерот, односно партнерката за мислење, тој/таа можеби ќе ви понуди сосема различно гледиште од вашето, нешто што вам ни на крај памет не би ви паднало. На тој начин ќе му/ѝ покажете дека го почитувате неговото/нејзиното размислување, дека тоа е важно за вас, ќе ја зацврстите вашата врска, а можеби и ќе научите нешто ново за полесно справување со секојдневните проблеми.rn

    Фраза #2 – „Сакам да разберам“

    rnКога сте во врска, многу често се случува да му се налутите на вашиот партнер поради некое негово постојано однесување кое ве вознемирува или иритира. Најтипичен пример за тоа е оставањето на капакот од веце-школка подигнат од страна на мажот или пак, планирањето на некој друштвен настан од страна на жената за време на спортски натпревар.rnrn4 магични фрази кои можат да ѝ бидат од голема помош на вашата љубовна врскаrnrnКога се случуваат вакви работи, многу лесно може да се сфатат лично. И покрај тоа што има шанси овие работи да се прават намерно, многу почесто тие настануваат поради случаен сплет на околности. Можеби вашиот партнер не знае дека толку ве нервира подигнатиот капак или пак вашата партнерка не е свесна колку ви се важни одредени спортски натпревари.rnrnОбидете се да му/ѝ објасните зошто толку ве иритираат овие ситуации, но направете го тоа на начин со кој ќе покажете дека сакате го разберете нивното однесување, не да ги обвинувате за она што е веќе направено. Исто така откако ќе го кажете своето, дајте им шанса за објаснување и откако ќе ги ислушате, едноставно и смирено објаснете им како тоа делува на вас. Ќе се изненадите што сè можете да решите со едноставна и смирена комуникација.rn

    Фраза #3 – „Извини“

    rnНикој не е безгрешен, сите ние постојано правиме грешки и намерно или ненамерно знаеме да ги повредиме оние кои најмногу ги сакаме. Тоа е во природата на човекот. И токму тогаш кога ова зборче е најпотребно, нам ни е најтешко да го кажеме. Зошто? Можеби не знаете како и кога да го кажете или сметате дека не треба вие да го направите тоа?rnrn4 магични фрази кои можат да ѝ бидат од голема помош на вашата љубовна врскаrnrnПробајте да ја погледнете ситуацијата од малку поинаков агол. Не мора да значи дека секогаш треба да ви биде криво за тоа што сте го направиле, но сепак тоа не ве спречува да се извините за своите постапки со кои сте ги повредиле оние кои ги сакате. Фразата „извини“ не мора да значи признавање на вината. Може да се каже за да покажете дека сфаќате дека сте повредиле некого и дека поради тоа жалите.rn

    Фраза #4 – „Те сакам!“

    rnЖелбата да се биде сакан е една од основните човечки потреби. Таа се појавува уште кога сте дете, барајќи љубов од родителите и продолжува низ целиот ваш живот така што барате љубов и внимание од личноста која го прави вашиот живот целосен. Кога сте во врска и кога ја чувствувате љубовта од другата страна, тоа ви помага да поминете и низ најтешките времиња. Знаењето дека имате целосна поддршка од некој кој многу ви значи и кој е тука за вас и во добро и во лошо, е клучот за поголем успех на секое поле во вашиот живот.rnrn4 магични фрази кои можат да ѝ бидат од голема помош на вашата љубовна врскаrnrn„Те сакам“ може да биде искажано на вербален, но и на невербален начин. Секоја личност е различна. Некои луѓе ги кажуваат овие 2 збора постојано, додека пак други многу ретко. Но, бројот колку пати се кажани не е мерило за љубовта која тој/таа ја чувствува за вас. На некои луѓе едноставно полесно им е да ви кажуваат „Те сакам“ преку одредени постапки, како на пример да ви подготвуваат свежо кафе секое утро. Пронајдете го начинот на кој вашиот партнер вистински ги искажува своите чувства и со тек на време ќе сфатите дека можеби тој/таа ви кажувале дека ве сакаат многу почесто отколку што претходно сте мислеле.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • На жените им треба љубов, а на мажите почит?

    На жените им треба љубов, а на мажите почит?

    Кога во едно истражување на мажите им било поставено прашањето: „Во случај да сте принудени да изберете помеѓу врска во која ќе бидете сакани, но нема да бидете почитувани и врска во која ќе бидете почитувани, но нема да бидете сакани, што би одбрале?“, 74% одговориле дека им е поважно да бидат почитувани. Дали е вистина дека на мажите им треба почит, а на жените љубов?rnrnНа жените им треба љубов а на мажите почит?rnrnЗошто жените копнеат по вистинска љубов? – На секоја жена ѝ е потребна љубов и заштита, чувство дека некој ја сака и дека не е осамена. Но, дали ваквото тврдење ги прави жените слаби и незаштитени личности на кои им е неопходна љубов? Дали на жените не им е неопходна почитта толку колку што се зависни од заштитата на своите партнери?rnrnЗошто на мажите им треба почит? – За мажите пресудно е да бидат почитувани и да имаат улога на авторитет во врската или бракот. Нив им треба почит со цел да си го хранат егото, додека љубовта не ја игра најголемата улога.rnrnДали треба на едно вакво тврдење цврсто да се спротивставиме? Дали и независните современи жени толку копнеат по љубов и заштита што би заборавиле на почитта која ја заслужуваат?rnrnЉубовта и почитта сепак, не можат да бидат толку строго одделени. Да сакате некого значи да го почитувате, а во многу случаи кога почитувате некого го сакате. Не можеме да речеме дека жените се толку зависни од заштитата на мажите и толку исплашени дека ќе останат сами што би заборавиле дека заслужуваат да бидат почитувани. Од друга страна, дали мажите би сакале жена која го почитува нивниот авторитет, но не негува посебни чувства кон него?rnrnЉубовта и почитта одат заедно во пакет и се вртат во круг. Без почит нема љубов и обратно. За врската да биде успешна неопходни се и двата елементи, иако никогаш не би смееле да ја исклучиме можноста дека приоритетите кај двата пола се различни. Можеби навистина стравот од осаменост кај жените е поголем отколку кај мажите.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.