КАФЕ ПАУЗА

Tag: разбирање

  • Ситуации што ги разбираат само личностите кои патат од недостаток на социјални вештини

    Ситуации што ги разбираат само личностите кои патат од недостаток на социјални вештини

    Тоа што многу луѓе имаат напади на анксиозност или срамежливост кога треба да комуницираат со непознати личности, да побараат услуга или информација, не е многу утешно. Вам ви изгледа дека сте тотален чудак и дека никому не му е понепријатно помеѓу луѓе од вас.rnrn2-raboti-koi-gi-razbiraat-sami-lichnostite-koi-patat-od-nedostatok-na-socijalni-veshtini-www.kafepauza.mk_rn

    1. Гледањето во очи е болно и скоро невозможно

    rnКонтакт со очи како дел од љубовната игра? Може, но во потполна темница. Кога некој се обидува да ве гледа во очи или инсистира да му го возвратите погледот, кај вас буди чувство на непријатност, страв и одбојност. Што тој сака да види во вашите очи, зошто гледа? Имате чувство дека низ очите навистина гледа во вашата душа, а вие воопшто не сакате да ја запознаете неговата.rn

    2. Телефоните се апсолутен ужас

    rnКако некој може тука така да го напише бројот и да разговара со непознати луѓе? Да закаже кај доктор, да побара некоја информација, да закаже состанок и да звучи собрано и љубезно? Вие постојано барате некој друг да го направи тоа наместо вас и воопшто, телефонските разговори прилично ве избезумуваат, дури и кога се во прашање блиските личности. Попрво би им праќале пораки или веднаш одговарате на нивните, за да не ви се јават и да ве прашаат што се случува со вас.rn

    3. Животните се вашите најдобри пријатели

    rnА вашиот миленик најверојатно е некоја мачка или птица која влегува во својот кафез само кога сака да спие, бидејќи постојано ви стои на рамената. Животните им се најдобри пријатели на сите оние личности кои искусиле колку луѓето може да бидат напорни, неблагодарни и непријатни, па дури и тогаш кога сте им го дале сето она што го побарале и очекувале од вас. Односот со животните е лишен од секоја компликација и секоја препрека во комуникацијата, што е парадоксално, бидејќи тие не зборуваат. И немате никаков проблем да ја гледате вашата преубава мачка во нејзините убави очи, бидејќи во нив во целост го читате нејзиното расположение и намери. Животните појасно и непосредно комуницираат со своето тело, со погледите и звуците кои ги испуштаат, отколку што тоа го прави едно човечко суштество со неверојатна способност за мислење и говор.rnrn1-raboti-koi-gi-razbiraat-sami-lichnostite-koi-patat-od-nedostatok-na-socijalni-veshtini-www.kafepauza.mk_rn

    4. Не ги сакате групните проекти и активности

    rnПопрво би работеле сами, дури и ако тоа е работа за повеќе луѓе, отколку да работите со некого, да се обидувате да разберете што сака да ви каже, а што не открива и што мисли кога ќе го каже тоа и да го објаснувате она што го мислите и воочувате. Тоа е така исцрпувачки и многу потешко, отколку неколку прекувремени часови од работното време за да го завршите она што ви е потребно.rn

    5. Можете да живеете без телефон и компјутер

    rnПонекогаш фантазирате за пуст остров, како во рајот. Нема никој да ве вознемирува на кој било начин, а ќе пронајдете и некои билки за исхрана, но и животни кои ќе можете да ги припитомите. Што повеќе е потребно за да бидете во рајот? Всушност, опкружени сте со толку непотребни работи кои се неопходни за функционирање во современиот живот, што понекогаш ви доаѓа до побегнете.rn

    6. Се поттргнувате кога некој ќе ве допре

    rnДопир без интимност, прашање и јасна цел за вас е агресивно нарушување на вашиот личен простор, па дури и чин на насилство. Вие гледате дека луѓето околу вас постојано се допираат, се тапкаат по рамената, се прегрнуваат, ги спуштаат рацете на нечии мускули и рамена во доверливи разговори, без никому да му пречи тоа. Само вам ви пречи и затоа потскокнувате кога неочекувано ќе ве допрат. Држете ги рацете кон себе, луѓе, каква е таа дрскост и слобода?rnrn4-raboti-koi-gi-razbiraat-sami-lichnostite-koi-patat-od-nedostatok-na-socijalni-veshtini-www.kafepauza.mk_rn

    7. Никој никогаш не слушнал ваш говор

    rnБидејќи никогаш не сте го одржале, дури ни самите на себе пред огледалото. Вие нема што да им кажете на луѓето, односно имате, но сигурни сте дека тие воопшто не сакаат да го слушнат тоа. Никогаш никој нема да ве натера да застанете зад некоја говорница, или да земете микрофон.rn

    8. Не умеете да прифатите комплимент

    rnКомплиментите ве доведуваат до непријатна ситуација, бидејќи не знаете како да возвратите. Се обидувате да не се згрчите и знаете дека веќе сте поцрвенеле и дека на сите им е јасно колку ви е непријатно.rn

    9. Со задоволство ја избирате самотијата

    rnВо самотијата, вие сте со најдоброто друштво. Опуштени сте и се чувствувате сигурно, никој не бара ништи од вас, никој не го нарушува вашиот личен простор, вашиот душевен мир и вашите граници. Најдобро ви е кога сте сами, иако се обидувате повремено да ги прифатите поканите за дружење, бидејќи ви е јасно дека не треба да се однесувате како самотник во светот во кој сите најчесто се плашат од самотијата. Понекогаш се прашувате дали можеби сите други се многу почудни од вас?rnrnМожеби ќе ве интересираат и овие 5 начини да го подобрите вашиот социјален живот?

  • Момците откриваат: Што треба девојките да разберат за нив еднаш засекогаш?

    Момците откриваат: Што треба девојките да разберат за нив еднаш засекогаш?

    Сите знаеме дека мажите се од Марс, а жените од Венера и затоа нормално е тоа што не можеме секогаш да се разбереме, особено кога станува збор за љубовните врски. Недоразбирањата можат да предизвикаат многу проблеми во врската, па дури и да доведат до нејзиниот крај. За да не дојде до тоа, време е девојките конечно да ги разберат нивните партнери, а искрените размислувања на овие момци несомнено ќе им помогнат во тоа…rnrnМомците откриваат: Што треба девојките да разберат за нив еднаш засекогаш?rn

    Момците нема секогаш да го прават она што вие сакате да го правите

    rn

    „Немам потреба да си го натрупувам слободното време со еден куп активности и ме нервира кога девојка ми ќе ми набие грижа на совест затоа што не сум сакал да правиме нешто заедно. Само затоа што и двајцата сме слободни во сабота, не значи дека треба целиот ден да го испланираме и да го поминеме заедно. Не ми пречи да правиме работи заедно, но сакам да одвојам време и за одмор и релаксација.“

    rn

    „Попрво би скокнал од тераса отколку да го поминам слободното време со семејството на сестра ѝ и нејзините разгалени дечишта.“

    rn

    Момците сакаат да поминуваат време сами

    rn

    „Понекогаш имам лош ден и не можам да се расположам. Не знам дали некој може да го разбере тоа, но одвреме-навреме имам потреба само да седам и да не правам ништо. Тоа може да трае неколку часа или цела вечер, но навистина ми оди на нерви кога девојка ми се обидува да ми го реши проблемот. Нема што да се поправи, едноставно понекогаш сакам да се ’исклучам’ од светот, а таа не може да ме разбере.“

    rn

    „Понекогаш сакам да поминам време сам еден час или два. Тоа не значи дека нешто не е во ред или дека сум лут. Едноставно ми треба време за да си ги наполнам батериите.“

    rn

    „Мојата потреба да поминувам време сам постои откако знам за себе и нема никаква врска со девојка ми. Но, таа тоа го сфаќа лично и сосема погрешно ја разбира мојата потреба. Не може да разбере дека сакам да бидам сам со себе, а не далеку од неа.“

    rn

    Момците го кажуваат она што го мислат

    rn

    „Јас секогаш го кажувам она што го мислам, но девојка ми постојано се обидува да најде некое скриено значење во моите зборови. Таа секогаш заборава што сум кажал, но се сеќава на нејзиното толкување на моите зборови.“

    rn

    „Сакам да ме разбере дека кога сум кажал нешто, нема шанси да го променам мислењето. Залудно се обидува да ме премисли.“

    rn

    „Без разлика колку време сме заедно, жените секогаш мислат дека ќе се премислиме. Тоа многу ме нервира.“

    rnМомците откриваат: Што треба девојките да разберат за нив еднаш засекогаш?rn

    На момците не им требаат луксузни работи за да бидат среќни

    rn

    „Сакам девојка ми да ме разбере дека не сакам огромни подароци за роденден или за годишнина. Едно обично ’Среќен роденден’ е доволно, но таа секоја година дава сѐ од себе за да ме воодушеви со подарокот и потоа се лути што не ја добила очекуваната реакција.“

    rn

    Момците сакаат да се шегуваат

    rn

    „Сакам да престане да ги сфаќа моите шеги премногу сериозно. Не сакам да се карам, но секогаш започнуваме караница затоа што нејзините чувства биле повредени од моите зборови што сум ги кажал на шега.“

    rn

    Момците сакаат да им дадат до знаење на девојките колку многу им значат

    rn

    „Мислам дека таа полека почнува да ме разбира, но јас навистина можам да се замислам со неа. Не сакам ова да биде од оние врски кога и двајцата вложуваме минимален труд само за да ја зачуваме хармонијата. Сакам да знае дека ќе се посветам целосно и ќе давам сѐ од себе, не затоа што тоа се очекува од мене, туку затоа што така сакам. Не ми е воопшто тешко да се грижам за неа и би сакал да го разбере тоа, а не да мисли дека ми претставува товар.“

    rnКако што можете да забележите, мажите се многу директни и искрени суштества. Ако престанеме да размислуваме и почнеме да слушаме внимателно, можеби еден ден ќе можеме да се разбереме едни со други.rnrnДевојки, доколку навистина сакате да го разберете вашиот партнер, прочитајте ги овие незабележливи начини на кои момците се обидуваат да комуницираат.

  • Само еден магичен збор може да го припитоми срцето на секој маж

    Само еден магичен збор може да го припитоми срцето на секој маж

    Ако некогаш сте биле со маж што ви зборувал дека не е подготвен за сериозна врска, тогаш знаете колку може тоа да биде фрустрирачко. Вие сте вложиле толку време, труд и емоции во тој маж, а потоа го слушате како ви вели дека сака да ја прекине вашата врска бидејќи станува сериозна. Ова лесно може да ве доведе до работ на живците и да ве натера да го проколнувате машкиот род.rnrnСамо еден магичен збор може да го припитоми срцето на секој мажrnrnПред да го направите тоа, обидете се да го употребите овој магичен збор. Најпрво, можеби сте во искушение да се расправате со него и да му објасните колку не вредат сите тие причини поради кои тој наводно не е спремен. Но не правете го тоа. Ако почнете да се карате и да му велите дека е незрел, единствено што ќе постигнете е тој да ве доживее како своја мајка и да ја изгуби сета страст што досега ја чувствувал за вас.rnrnНаместо тоа, секој пат кога ќе чуете изговор што звучи како целосна бесмисленост, изговорете го овој магичен збор: „Разбирам“. И не мора да кажете ништо повеќе. По кратката пауза поминат во размислување, тој ќе додаде уште неколку тривијални причини што ќе ве разбеснат дополнително и ќе ве натераат да сакате да се карате. Повторно кажете само „Разбирам“.rnrnЕдинствениот заклучок што тој ќе го извлече од овој разговор е дека вие го разбирате и го цените неговото мислење. Не велиме навистина да се согласувате со него, туку едноставно да го прифатите фактот дека секој има право на свои размислувања и емоции. И покрај тоа што можеби и не го разбирате во целост, кога ќе го изговорите овој збор, вие го признавате неговото право на донесената одлука.rnrnВо овој момент тој веќе ќе почне да сфаќа дека крај себе има личност што го цени и што би можела да го разбира за многу други работи и во иднината. Ако ви предложи да останете на истото, едноставно извинете му се и кажете дека и покрај тоа што го разбирате, вам не ви е пријатно да продолжите на тој начин бидејќи ви е потребно повеќе.rnrnАко тој навистина ве цени и сака, ќе направи голема отстапка за вас и ќе се впушти во врската што толку долго се обидувал да ја избегне. Тој ќе се потруди да ве задржи, затоа што најверојатно никогаш досега не се почувствувал толку разбрано од страна на друга личност. Ова му носи сигурност што ретко кој би сакал да ја одбие. Од друга страна пак, ако ве остави – тогаш подобро што се случило сега, бидејќи тој не е вистинскиот за вас!rnrnПодолго време сте во врска? Прочитајте и за овој еден и единствен збор кој има моќ да ја спаси вашата врска!

  • Хороскопскиот знак ви открива неколку работи кои другите вообичаено погрешно ги разбираат за вас

    Хороскопскиот знак ви открива неколку работи кои другите вообичаено погрешно ги разбираат за вас

    Тешко е да се сфати како функционира една личност, каков е нејзиниот карактер, нејзините очекувања и желби. Па, токму поради тоа, честопати можете да бидете погрешно разбрани, а со тоа и погрешно третирани од страна на другите луѓе. Доколку се прашувате што е она што луѓето погрешно го разбираат за вас, хороскопскиот знак може да ви помогне да добиете одговор на ова прашање.rnrnХороскопскиот знак ви открива неколку работи кои другите вообичаено погрешно ги разбираат за васrn

    Овен

    rnЛуѓето мислат дека вие сте студена личност, само затоа што не се однесувате секогаш пријатно. Знаете како да се одбраните себеси и како да ги заштитите своите соништа, затоа што животот е премногу краток за да не бидете она што навистина сакате да сте. Вие имате чувства, но едноставно не сакате да бидете управувани од нив.rn

    Бик

    rnЛуѓето мислат дека сте личност која воопшто не се грижи, но вие всушност сте премногу грижливи кон оние кои ви значат. Вашата љубов е поголема и поинтензивна отколку љубовта на кој било друг хороскопски знак, но секогаш сте претпазливи, за да не бидете повредени и сакате другите луѓе да ви покажат дека и тие се чувствуваат на ист начин. Вие се грижите, но внимавате кога и како ќе го покажете тоа.rn

    Близнаци

    rnЛуѓето ја мешаат вашата страст со егоцентричност. Вие не ги менувате често вашите хобија затоа што не сте доволно фокусирани на некое од нив, туку затоа што имате страст за постојано развивање. Ја сакате возбудата на запознавање нови луѓе, но тоа не значи дека не ги цените вашите стари пријатели, туку дека секогаш сте возбудени околу тоа каде може да ве однесе животот.rn

    Рак

    rnЛуѓето мислат дека лесно може да имаат влијание врз вас затоа што вие сте љубезни, но не сфаќаат дека сте доволно паметни за да знаете кога треба да заминете. Вие вложувате многу во љубовната врска или во пријателството, но сте првата личност што ќе замине кога ќе дојде време за тоа. Нема да го трошите вашето време во ситуација која е многу подобра за другите, отколку за вас. Луѓето обично се изненадени кога си заминувате, но дефинитивно треба да ве запознаат подобро.rn

    Лав

    rnЛуѓето грешат кога мислат дека сте толку многу самоуверени, што дури не ви треба ни поддршка од некој друг. Вие сте доволно независни за да правите што сакате, но тоа не значи дека не сакате да им признаете на луѓето колку е тоа тешко. Вие ги сакате врските со другите луѓе, а не постои подобар лек за повремената несигурност од неколку комплименти добиени од луѓето кои ги сакате и ги почитувате.rn

    Девица

    rnЛуѓето мислат дека само работите, а не се забавувате, но тие не сфаќаат дека вашата работа за вас претставува забава. Вие имате вистинско задоволство од избраната работа, а тоа е многу ретко. Луѓето би биле многу среќни да имаат толку задоволство во нивната љубовна врска, како што вие имате во вашата работа. Вашиот работен живот е средство преку кое се согледувате себеси и се стремите да бидете личноста што сакате да станете.rnrnХороскопскиот знак ви открива неколку работи кои другите вообичаено погрешно ги разбираат за васrn

    Вага

    rnВие сте многу добри пријатели, па луѓето мислат дека може да бараат што било од вас. Вие би направиле сѐ за луѓето кои ги сакате, но вашиот социјален круг е голем, па грижата за нив не ви остава доволно слободен простор. Понекогаш треба да направите еден чекор назад и да се ставите себеси во прв план. Вие не сте неисцрпен извор на забава и грижа.rn

    Скорпија

    rnЛуѓето за вас мислат дека сте бестрашни и дека не можете да бидете повредени. Но, вистината е дека вие се повредувате, но тоа не го покажувате. Не сакате да се чувствувате слаби и сакате да покажете слика на личност која секогаш е исполнета со цврста доверба. Би сакале да им дозволите на повеќе луѓе да го видат вашиот реален свет, но сметате дека многумина не се достојни за тоа.rn

    Стрелец

    rnЛуѓето грешат ако мислат дека ги имаат сфатено луѓето родени во знакот Стрелец. Овие личности не играат според правилата и не спаѓаат во ниту една категорија. Тие мразат да бидат врзани за нешто и им е потребна слобода за да истражуваат. Штом некој ќе ве опише на некој начин, вие сакате да ги искусите спротивните карактеристики, за да видите како изгледа тоа. Стагнацијата не е наменета за вас.rn

    Јарец

    rnЛуѓето мислат дека вие осудувате, но вистината е дека само имате високи очекувања. Ако самите можете да се придржувате до некои високи стандарди, зошто не би го правеле тоа и другите? Едноставно е: Вие сакате да бидете најдобри и најдоброто го очекувате и од оние луѓе кои сакате да бидат во вашиот живот. Им простувате на луѓето кои прават грешки, но имате желба да се дружите со луѓе кои поседуваат високи квалитети.rn

    Водолија

    rnЛуѓето мислат дека не сте пријатна личност, затоа што не покажувате емоции. Ова е најлошата заблуда во Зодијакот. Вие сакате силно, само не ја разбирате потребата за искажување на внимание и можете да ги сокриете вашите чувства кога не сте сигурни во нив. Вие ја искажувате својата љубов на свој начин и во свое време.rn

    Риби

    rnБидејќи сте тивки, луѓето буквално мислат дека може да ве „газат“. Можеби нема да им се одмаздите со силно соочување, но вие не сте тип личност кој поднесува лошо однесување. Следниот пат кога другите ќе бараат нешто од вас, нема да можат никаде да ве најдат.rnrnХороскопскиот знак ви открива неколку работи кои другите вообичаено погрешно ги разбираат за вас

  • Зошто емпатијата се смета за најсекси особина?

    Зошто емпатијата се смета за најсекси особина?

    Емпатијата се смета за една од најсекси особините што можете да ги поседувате. Сексот, според многумина, е многу повеќе од позите Кама Сутра, а многу е важна и емоционалната поврзаност во врската. Љубовните врски може да бидат преполни со чувства, возбудувања или предизвици. Да се соочите со тие чувства со помош на емпатија помага во покажувањето на грижата за партнерот. Да знаете како да реагирате на чувствата на вашиот партнер е клучна особина на зрелите луѓе. Во повеќето случаи, кога луѓето нешто чувствуваат, потребна им е емпатија, а не стратегија. Кога се негува емпатијата во врската, се негува и меѓусебното разбирање. А тоа е секси. Ние ви носиме 4 начини на кои ќе можете да ја негувате вештината на емпатија.rnrnYoung couple sitting together on a couch and smilingrnrn

    1. Бидете љубопитни и распрашувајте се

    rnЗа да бидеме повеќе емпатични, треба да се запрашаме како се чувствува другата личност и што ѝ се случува. Не треба веднаш да ја осудуваме и проценуваме. Љубопитноста помага да бидеме отворени кон личноста и на некој начин ја повикуваме да ни каже што ја мачи. Негувајте го вашиот инстинкт на љубопитност. Запрашувајте се повеќе, а помалку осудувајте.rn

    2. Немојте да се обидувате да поправите нешто за некој

    rnАко вашиот партнер покажува емоционална нерамнотежа, немојте веднаш да се обидете да го поправите тој проблем и да најдете решение. Тоа може да биде и спротивно од емпатијата. Една од најдобрите дефиниции на емпатија звучи: „Да бидете потполно свесни за нечии чувства без да се обидувате да ги промените.“ Тоа е навистина моќно. Кога можете така да се поврзете со партнерот, тоа изгледа доста секси. Понекогаш едноставно не можете да поправите нешто за некого, без разлика колку вие или таа личност го сака тоа, па затоа доволно е да ја понудите вашата присутност и свесност.rnrn3-zoshto-empatijata-e-edna-od-najseksite-osobini-www.kafepauza.mk_rn

    3. Немојте да слушате и само да го планирате вашиот одговор. Слушајте ги потребите и чувствата на другата личност

    rnЕдна од најголемите грешки која луѓето ја прават во текот на комуникацијата е размислувањето за нешто додека другата личност зборува. Луѓето се фокусираат на својот одговор наместо да ги слушнат зборовите на другата личност. Во обидот да бидеме емпатични кон некого, започнуваме да размислуваме за нашите ситуации во кои сме се чувствувале слично. Понекогаш споделувањето на таквото искуство е од голема помош, особено кога некој се чувствува како да е сам и единствен во некоја ситуација. Но честопати на тој начин го префрламе фокусот од личноста и нејзините чувства кон нас. Емпатијата всушност е повеќе слушање отколку одговарање. Поважно е да бидете со него или неа, отколку она што го мислите за проблемот.rn

    4. Прашајте ја личноста каква поддршка сака

    rnОвде можеби е важна мала стратегија. Откако сте го сослушале проблемот и сте биле тука за таа личност, можете да ја прашате дали сака да направите нешто конкретно за неа и како можете да ѝ помогнете. Ако имате на ум да помогнете, еве неколку предлози: Чаша вода, марамче, самотија или продолжете да слушате. Нека ви каже што ѝ е потребно.rnrnЕмпатијата е супермоќ во комуникацијата. Но, таа треба да се учи и вежба. Не сме родени со неа. Затоа ние ви понудивме да ги испробате овие предлози. Можеби во почетокот ќе биде малку неудобно, но подоцна ќе ви бидат од голема помош за да ги подобрите односите со луѓето во вашиот живот.

  • 28 работи кои само сестрите ги разбираат

    28 работи кои само сестрите ги разбираат

    Нема ништо посилно од сестринската љубов и грижа. И покрај сите караници и несогласувања, сестрата е таа која знае да го даде најдобриот совет и да ве заштити кога тоа е потребно. Без разлика дали сте најстарата, најмалата сестра или некаде во средина, постојат некои универзални вистини прифатени од сите сестри. Ова се најточните 28, во кои сигурно ќе се пронајдете…rnrn28 работи кои само сестрите ги разбираатrnrn1. Во вашиот тоалет постојано има еден куп коса за која никој не презема одговорност.rnrn2. Битките против вашите родители ги водите сложно и заеднички.rnrn3. Потајно ви недостасуваат деновите кога мајка ви ве облекуваше исто.rnrn4. И кога моравте да делите соба.rnrn5. И сè уште делите соба кога патувате заедно.rnrn6. Но, исто така и се карате за тоа кој ќе го добие подобриот кревет.rnrn28 работи кои само сестрите ги разбираатrnrn7. Вие секогаш смеете да ја носите нејзината облека (таа не ја ни носи кожната јакна како и да е). Но, истото не важи за неа кога таа без прашање ќе го позајми вашето најново фустанче.rnrn8. Доколку вие сте постарата сестра, секогаш се нервиравте кога родителите ќе ѝ дозволеа нешто на сестра ви, што вам не ви било дозволено. Ако сте помалата, ја искористувавте оваа ситуација и уживавте во секоја секунда.rnrn9. Го имате усовршено суптилното превртување на очите уште од многу рана возраст.rnrn10. Додека растевте, вашите пријатели мислеа дека вашата сестра е многу слатка или многу кул иако вие знаевте колку е всушност досадна.rnrn11. Вашите караници никогаш не биле физички, туку барале совршено обмислена стратегија, напнато чекање и психолошка војна.rnrn12. Имаше еден волшебен период пред да отидете на факултет кога сите жени во куќата добивате менструација истовремено. Кутриот татко!rnrn13. Сакате да ја чуете бруталната искреност на вашата сестра, но обично се лутите откако ќе ја чуете вистината.rnrn14. Вашите родители сè уште ви ги мешаат имињата.rnrn15. И сите ви велат дека многу си личите иако тоа воопшто не е така и вие сте комплетно посебни личности.rnrn28 работи кои само сестрите ги разбираатrnrn16. Си имате ваши филмови, кои од некоја причина никој друг не ги разбира.rnrn17. И таа е единствената личност на која можете да ѝ се заканите да ви ја лајкне сликата на Инстаграм, без да звучите како лудак.rnrn18. Се пронаоѓате во сестрите Кардашијан повеќе отколку што сакате да признаете.rnrn19. Знае премногу засрамувачки приказни за вас, но не ги кажува никому затоа што и вие знаете исто толку за неа.rnrn20. Никој на светот нема да биде толку искрен како неа кога се работи за вашиот сакан. И колку и да не сакате да признаете, таа е обично во право.rnrn21. Можете да ѝ се јавите во кое било време за што било, бидејќи ниту една тема не е забранета.rnrn28 работи кои само сестрите ги разбираатrnrn22. Секогаш знае кога лажете и го препознава тоа додека да трепнете.rnrn23. Поголемиот дел од вашите шеги немаат никаква смисла за останатите луѓе.rnrn24. Кога подобро ќе размислите, вие си имате и свој јазик кој само вие го разбирате.rnrn25. Се разбирате дури и само со поглед.rnrn26. Секогаш имате кому да му пратите порака кога сте сами, а не сакате да изгледате како чудаци.rnrn27. Таа може да биде најдосадната личност во светот, но ако некој каже нешто лошо за неа вие ќе ја браните до смрт!rnrn28. Затоа што, ете, толкава е сестринската љубов!

  • 5 работи што ги разбираат жените кои се потпираат само на себе

    5 работи што ги разбираат жените кои се потпираат само на себе

    Жените кои самите си се потпора, многу често стануваат и потпора на своите најблиски. Независноста и самостојноста звучат гордо, но тоа е само слобода, ограничена со потполна одговорност – најтешка за носење и практикување. Независните жени имаат своја група пријатели, на кои им се обраќаат кога им е потребна помош и во неа уште една исто така независна жена на која сите останати сметаат, како и таа на нив. Сепак, во најтешките периоди, тие самите го носат својот товар, кои во заедницата се дели, па макар и нерамноправно. Ова е „магијата“ на самостојноста, која ја разбираат само жените кои се навикнати да се потпираат само на себе.rnrn1-raboti-koi-gi-razbiraat-zhenite-koi-se-potpiraat-samo-na-sebe-www.kafepauza.mk_rn

    1. Тие најчесто се самохрани мајки

    rnИ кога децата ќе им потпораснат, па можат да земат некои обврски и одговорности, тие и понатаму се трудат да не ги преоптоваруваат, да на им го одземаат детството и безгрижноста. Тие често слушаат разумни коментари од оние кои не се во нивна кожа, од типот: „Децата ти се веќе големи, можат да го направат тоа наместо тебе“. Да, точно, но тие не сакаат да се потпираат врз нивните деца повеќе од она што е неопходно. Сакаат да ги заштитат и да им олеснат, како што и останатите родители прават. Тие имаат своја работа и не треба да бидат оптоварени со обврски кои децата во заедницата ги немаат. Тоа честопати не е можно во онаа мера, во која тие би сакале, па затоа нивните деца се позрели и поспремни да „скокнат“ и да го направат тоа што е потребно. Понекогаш, тие мора да го побараат тоа од нив, бидејќи нема од кој друг.rn

    2. Независноста честопати не е избор, туку комбинација на околностите

    rnДецата, работата, изнемоштените родители, вдовството – животните околности од жената која сакала регуларно семејство, заедништво и партнерство, направиле центар на семејната стабилност. Таа станува една личност на која сите останати наоколу сметаат. Исплашена, загрижена и растргната, жената престанува да се запрашува како ќе направи и што ќе направи, бидејќи тоа се прашања без одговор, кои го повикуваат чувството на беспомошност и помош која нема од каде да дојде. Но, таа ќе зајакне и засекогаш ќе остане јака, секогаш спремна да извлече сила од некаде, одлучност и енергија, да ги заштитат децата, да им помогнат на родителите, борејќи се за кариерата, да заработат и место во општеството, борејќи се за моментите на опуштеност и среќа, свесни дека за слабоста, кукањето, плачењето и самосожалувањето нема место, доколку сака да го зачува своето здравје и здравиот разум.rn

    3. Тие знаат дека мора да се стават себеси на прво место

    rnКога се главни и одговорни, мораат да бидат способни да ја извршуваат својата должност, а посебен притисок создава ситуацијата кога се одговорни и за оние кои зависат од нив. Како се носат со стресот? Па најпрво, со став. Тоа што за вас е стрес, за нив е вообичаен, нормален живот. А потоа, свеста за тоа дека мораат да водат сметка за себе, дека секогаш мора да се погрижат за себе, за да останат вклучени и способни да одговорат на сите предизвици. Тие ги знаат своите граници и честопати се принудени да ги преминат. Во таквите периоди, за нив грижата за себе е императив – одморете се доволно, јадете, спијте, движете се, медитирајте, земете додатна доза витамини и секогаш дотерајте се и нашминкајте се. Силата и самодовербата одат заедно, а добрата фасада и тоа како ги поддржува.rnrn2-raboti-koi-gi-razbiraat-zhenite-koi-se-potpiraat-samo-na-sebe-www.kafepauza.mk_rn

    4. Емотивните врски се многу поважни кога сте самостојни

    rnЖените кои се потпираат на самите себеси, добро ја чуваат и негуваат својата љубов. Тие знаат дека е илузорно да бараат пакет топлина, поддршка, вљубен жар и среќа во еден маж, па своите емотивни потреби ги исполнуваат на различни начни. Љубовта кон пријателите, децата и семејството, неизмерно ги исполнува и задоволни се доколку пронајдат партнер кој не им го комплицира животот. Исто така, тие не го чекаат својот принц, туку прифаќаат реални мажи, онолку колку и како ќе им се предадат, не фантазирајќи за среќен крај, бидејќи тие совршено добро ги познаваат краевите.rn

    5. Она што сама ќе го освоиш и стекнеш, те исполнува со најголемо задоволство

    rnПријателите со кои сте опкружени, парите кои ги заработувате, успехот кој никој не ви го обезбедил, ниту пак некој ве поттурнал, децата кои пораснале во навистина прекрасни луѓе, сè што сте постигнале сами, сте го платиле со највисока цена. Но, тоа постигнатото е само ваше, срцето ви е на место, умот ви е мирен, а телесната енергија обновена со длабоко чувство на задоволство за себе и својот живот.rnrn3-raboti-koi-gi-razbiraat-zhenite-koi-se-potpiraat-samo-na-sebe-www.kafepauza.mk_

  • Како да ги прочитате мислите на вашата девојка?

    Како да ги прочитате мислите на вашата девојка?

    Познато е дека женскиот ум е многу комплициран и постојано работи триста на саат. Исто така, вистина е дека многу често она што жените го кажуваат не е во согласност со она што тие навистина го мислат и прават. Тоа многу ја отежнува работата на мажите бидејќи тие имаат голем проблем кога од нив се очекува да ја разберат и поддржат нивната девојка. Колку и да се трудат на крајот секогаш го прават баш тоа што не треба, девојката им се лути уште повеќе, а тие поим немаат каде погрешиле овој пат. Епа момци, доколку се наоѓате во оваа ситуација и сакате да научите да ги дешифрирате зборовите на вашата девојка со кодирано значење, ова се неколкуте начини благодарение на кои вие конечно ќе дознаете какви мисли се вртат низ нејзината глава…rnrnКако да ги прочитате мислите на вашата девојка?rn

    Штом дојде дома, веднаш влегува во спалната соба

    rnОдете по неа! Не е важно дали и вашиот ден бил за никаде. Ако вашата девојка си дојде дома од работа, промрмори нешто за тоа колку е уморна и се упати накај спалната соба, треба да мрднете од каучот и да видите што не е во ред. Не мора да значи дека вие сте виновни за тоа, но очигледно е дека нешто се случува. Можеби вашата девојка нема веднаш да ви се отвори, но дефинитивно ќе запамети дека сте отишле да ја проверите наместо да останете пред телевизорот со пивото во рака.rn

    Кога нарачувате храна, ви кажува дека не сака ништо

    rnСепак нарачајте нешто и за неа. Можеби таа се чувствува виновна ако изеде повеќе од што треба или ако потроши повеќе пари. И тогаш ви кажува дека ќе си спржи јајца или нешто слично. Вистината е дека не сака да пржи јајца, сака вие да нарачате нешто и за неа, за да не биде таа одговорна ако се остварат претходно споменатите стравови. Не мора да ѝ нарачате цела пица, треба само да нарачате доволно за да можете да ја поделите храната. Тоа ќе ѝ покаже дека навистина се грижите за неа. Најлошото нешто што можете да го направите е да си нарачате само за себе и кога таа ќе побара залак, да кажете: „Што?! Па нели рече дека ништо не сакаш?“rn

    Ви кажува дека е „добро“

    rnТоа е исто како некој да ви каже дека е добро додека жив гори! Запрашајте се: Кога велите дека сте добро, како навистина се чувствувате? Истото важи и за вашата девојка. Можеби го имала најлошиот ден на работа. Можеби се соочува со некои семејни проблеми. Можеби се скарала со најдобрата пријателка. Можеби вие нешто сте згрешиле! Особено обрнете внимание на последнава можност. Кога таа ќе ви каже дека е „добро“, оставете сè, седнете ја и пробајте да видите што навистина се случува. Симнете ја нејзината „добро сум“ маска.rn

    Ви праќа порака која гласи „ОК“

    rnПодобро е целосно да ве игнорирала и ништо да не ви вратила. Можеби не сте вие виновни, но треба да сте свесни дека ако ги видите овие две букви се подготвува таква бура за која вие воопшто не сте спремни. Наместо да прашате „Дали има некој проблем?“, подобро прашајте „Што е проблемот?“. Секако дека постои можност да нема никаков проблем, туку едноставно сте ја начекале во момент кога била многу зафатена. Во секој случај, оваа порака претставува голем знак за предупредување.rn

    Остава вие да одлучите

    rnТука треба да размислите повеќе од тоа што би размислувале кога би го одговарале последното прашање на „Кој сака да биде милионер“. Имајте на ум дека што и да одлучите, последиците ќе ги носите и двајцата. Треба да имате предвид што е тоа што таа го сака исто толку, ако не и повеќе, од она што вие го сакате. Врските се базираат на компромис, па да се надеваме дека сте со некој кој е подготвен да го прави истото и за вас.rn

    Не ѝ се оди на забавата на која сте поканети и двајцата, па ви вели да одите без неа

    rnОва е најголемиот меч со две острици. Не мора да значи дека вашата девојка не сака да си поминете убаво, но мора да бидете свесни што навистина значи тоа да отидете некаде без неа. Размислете убаво дали вреди да се изложите на таков ризик. Кога вашата девојка ви вели дека може да одите без неа, тоа не значи дека не сака да помине време со вас. Понекогаш тоа значи дека сака да останете заедно сами во домашна атмосфера.rnrn(2) Како да ги прочитате мислите на вашата девојка?rn

    Ви вели дека ја боли главата

    rnПаметно би ви било да бидете потивки од Ана Франк кога се криела на таванот. Не е важно зошто вашата понежна половина има главоболка. Единствено важно е дека личноста за која се грижите не се чувствува баш најдобро и треба да направите сè што можете за да биде подобро. Не е доволно само да ѝ понудите апче за глава. Намалете го гласот на телевизорот, затворете ги прозорците и спуштете ги завесите. Гушкајте ја и понудете ѝ масажа со надеж дека наскоро ќе се чувствува подобро. Апчињата се супер, но ништо не може да ги замени грижата и љубовта што ќе ѝ ги пружите.rn

    Ви вели да ја поделите сметката

    rnТоа не значи дека секогаш треба да плаќате по пола. Можеби не останаа многу кавалери, но ако понекогаш преземете иницијатива и ја третирате вашата девојка како принцеза, тоа ќе ви помогне да ја одржите врската среќна и здрава подолго време. Парите може да станат сериозен проблем помеѓу вас, особено откако ќе решите да живеете заедно и затоа најдобро е да одржувате баланс. Нема ништо лошо во тоа да ја делите сметката одвреме-навреме, но немојте премногу да се опуштите и да почнете да се однесувате со вашата девојка како да ви е цимерка.rnrnНареден пат кога ќе се најдете во некоја од овие ситуации сетете се дека женските зборови секогаш во себе носат скриено значење. Ако научите да читате меѓу редови ќе се поштедите себеси од многу непотребни конфликти и непријатни ситуации. Бидете повнимателни и не заборавајте секојдневно да ја искажувате вашата љубов и да покажувате колку таа ви значи. Нема потреба од тоа да ѝ симнувате ѕвезди. Големината лежи во ситниците, а верувајте дека таа ќе знае да ги цени и да возврати на ист начин.

  • Со кој јазик на љубовта зборувате?

    Со кој јазик на љубовта зборувате?

    Кога паровите се жалат еден од друг, често ја користат фразата: „Како да не го зборуваме истиот јазик.“ Многу често, причината што лежи позади недоразбирањата, е фактот што се трудиме да му го дадеме на нашиот партнер тоа што ние го сакаме, а не тоа што тој или таа го сакаат.rnrnrnrnБидејќи веруваме дека разбирањето е клучот за успешна врска, побаравме мислење од неколку експерти на оваа тема. Љубовниот советник, Гери Чепмен, објаснува дека постојат различни начини на кои може да се „зборува“ љубовта, како и дека нашето разбирање на јазикот на партнерот, може да нè направи многу среќни. Па, со кој јазик на љубовта вие зборувате?rn

    Зборови на афирмација

    rnЗборовите се почетокот на сè. Зборовите може да нè инспирираат или да нè расплачат. Доколку тие се начинот на којшто ја искажувате љубовта, тогаш се од витално значење за вас. И тука не станува збор само за комплименти или празни фрази. Она што всушност ви треба е вербална комуникација со најблиските, најотворено да зборувате за своите стравови и надежи. Доколку ова е јазикот на којшто и вашиот партнер ја искажува љубовта, тогаш ќе можете меѓусебно да се разберете само со зборови на благодарност и поддршка. Може да биде малку необично на почетокот на врската, но набрзо ќе можете да ги откриете дури и најситните промени во расположението, само преку зборовите што тој или таа ги користат, и тогаш ќе знаете соодветно да одговорите. А кога ги гледате вашите сакани насмеани, знаете дека сте биле добра потпора за нив.rn

    Квалитетно време

    rnАко едноставно физичкото присуство на саканите ви предизвикуваат радост, тогаш јазикот на којшто вие ја искажувате љубовта е квалитетното време поминато заедно. И навистина е неважно дали сте дома и јадете сладолед или сте на отворање на нова галерија. „Ние сме заедно“ е мотото на вашето срце. Дури и кога знаете дека најблиските не можат да одвојат толку време за да бидат со вас, доволна ви е само една мала средба од неколку минути или телефонски разговор, со цел да се почувствувате навистина сакани. Доколку и јазикот на вашиот партнер е квалитетно време, ставете ги на страна сите други обврски и одвојте време да му/ѝ се јавите. И додека зборувате, обидете се да слушате повеќе. Однесете го вашиот партнер во кино. Верувајте ни – ова ќе го/ја усреќи повеќе од подарок.rn

    Подароци

    rnНе го бунете ова со алчност. Во најголем дел од случаите, самиот подарок не е воопшто важен за личноста која го зборува овој јазик на љубовта. Она за што тие се заинтересирани е искрената желба да даваат и примаат. Доколку наместо вообичаените јајца на око, наутро исечкате срце во јајцето, знајте дека тоа е подарок, а не нешто будалесто. Ако им подарите диво цвеќе додека се шетате, и тоа ќе го сметаат за подарок. Личноста којашто ужива да го прави ова, некаде во своето срце има голема желба да се грижи и да ги усреќува своите најсакани. Доколку ова е јазикот на вашите сакани, посветете им малку повеќе внимание на слатките мали нешта кои ќе ги потсетуваат на вас. Подарете им нешто што рачно сте го изработиле. Дури и разгледница може да заврши работа.rn

    Дела

    rnОвој јазик на љубовта најчесто е користен од родителите за комуникација со нивните деца. Готвење вечера, средување на облеката, помагање со домашната работа. Родителите најчесто го поминуваат целиот ден со домашни обврски, но дали семејството навистина има потреба од ова? Доколку вашите најблиски се грижат за целокупното ваше опкружување како начин на кој ја покажуваат љубовта, мора да се потрудите да им вратите во иста мера. На пример, почнете повеќе да помагате со домашните обврски. Ова ќе го ценат повеќе од скап подарок за роденден.rn

    Физички контакт

    rnСите имаат сопствено мислење за допирање. Некои луѓе сакаат да се држат за рака, да се прегрнуваат, бакнуваат, да ја допираат косата на партнерот, а за други бакнеж во чело е врвот на физичкиот контакт кој го практикуваат. Често можете да слушнете од брачните двојки како еден од нив обожава да готви, додека на другиот доволно му е да гледа филм во прегратката на саканиот или саканата. Доколку физичкиот контакт е јазикот што го зборува вашиот партнер за да ја искаже љубовта, обрнете внимание кон нивните допири и вратете им соодветно. Бакнувајте ги и прегрнувајте ги почесто. Дури и најнежниот допир е манифестација на нивната љубов и нивната желба за вашата љубов, правејќи ја таа личност неверојатно среќна.

  • 4 начини да ја спасите вашата сопруга од ужасниот ден

    4 начини да ја спасите вашата сопруга од ужасниот ден

    Таа со сигурност ќе ви биде благодарна. Ако сте како повеќето мажи, тогаш постојат моменти кога сакате вашата сопруга да доаѓа со упатство за употреба. Вие сигурно сте супер партнери кои навистина сакаат да им помогнат на своите сакани кога имаат лош ден. Сигурно сте се обиделе и да ги решите нивните проблеми, па дури и да го одвлечете нивното внимание од нив. Но, наместо да бидат благодарни, се чини дека вашите напори само ја влошуваат ситуацијата.rnrn4 начини да ја спасите вашата жена од ужасниот денrnrnПрво мора да знаете дека нејзиниот лош ден не е поврзан со вас. Па оттука нема причина за фрустрации откако таа нема да се почувствува подобро и покрај вашите напори. Вашата сопруга ќе се врати во нормала многу скоро, дури и поскоро отколку што мислите ако ѝ понудите вистинска поддршка и љубов. Еве четири едноставни начини како лесно да го подобрите нејзиното расположение.rn

    1. Прашајте ја дали сака да зборува за тоа што ја мачи

    rn4 начини да ја спасите вашата жена од ужасниот денrnrnАко сака, сослушајте ја, соживејте се со неа и во никој случај не обидувајте се да ја решите ситуацијата, освен ако таа не го побара тоа од вас. Па дури и тогаш само внимателно понудете предлози кои можат да ѝ помогнат.rn

    2. Прашајте ја дали сака да биде сама

    rn4 начини да ја спасите вашата жена од ужасниот денrnrnПонекогаш жените сакаат пауза од сѐ. Тоа значи дека можеби сакаат само да легнат во када со топла вода, да одат на масажа или педикир, да вежбаат или едноставно да бидат оставени на мира. Но тоа не значи дека мажите треба веднаш да ја напуштат куќата (освен ако таа не го побара тоа од вас). Тоа значи дека вие треба да се погрижите за нејзините обврски со цел да ѝ олесните, како и да се фокусирате околу децата, вечерата или кучето. Сѐ што требало таа да направи, направете го вие самите со цел да ѝ дозволите простор за себе.rn

    3. Прегрнете ја

    rn4 начини да ја спасите вашата жена од ужасниот денrnrnНежноста и поддршката можат да помогнат многу при смирувањето на нејзините кревки нерви. Немојте да се изненадите ако најпрво е крута и ве одбива, а потоа едноставно почне да плаче. Набрзо таа ќе омекне во вашата прегратка. Само продолжете да ја држите нежно сè додека таа не се повлече.rn

    4. Прашајте ја дали може некако да помогнете

    rn4 начини да ја спасите вашата жена од ужасниот денrnrnАко искрено го поставите ова прашање, големи се шансите дека ќе добиете вистински одговор. Но, без разлика на тоа што ќе ви го каже, направете сѐ за да ја поддржите. Не грижете се ако ги одбива сите ваши понуди првите неколку пати кога се обидувате да ѝ помогнете после лошиот ден. Само бидете сигурни и дајте ѝ до знаење дека сте тука за неа. Кога ќе се навикне на фактот дека вие секогаш сте тука да помогнете, таа ќе се потпре на вас и ќе може да ја искористи вашата сила за да го надмине лошиот ден. Вие ќе се чувствувате подобро знаејќи дека ѝ помагате, а таа ќе се чувствува подобро бидејќи ќе знае дека навистина се грижите за неа и ја разбирате.