КАФЕ ПАУЗА

Tag: разбирање

  • На кој начин можете да покажете повеќе љубов и разбирање кон себе?

    На кој начин можете да покажете повеќе љубов и разбирање кон себе?

    Според психолозите, сочувството кон себе ни помага да бидеме посигурни. Доколку секојдневно изразуваме љубов кон себе, ќе можеме објективно да ги видиме нашите погрешни чекори и ќе ги научиме лекциите од нашите грешки. Еве на кој начин можете да искажете повеќе љубов и разбирање кон себеси.rnrnНа кој начин можете да покажете повеќе љубов и разбирање кон себе? rn

    1. Зборувајте со себе како со дете

    rnАнализирајте го моментот кога зборувате со себе со критички тон, користејќи изјави како што се „Толку си глупав/а!“ или „Зошто си толку глупав/а?“. Запрашајте се дали би сакале така да разговарате со вашето 5-годишно „јас“. Запрашајте се дали вашето 5-годишно „јас“ би се чувствувало охрабрено или поразено доколку некој би му зборувал на тој начин. Размислете дали постои пољубезен начин на кој можете да зборувате со себе.rn

    2. Охрабрете се самите себеси

    rnОбидете се да разговарате со себе на охрабрувачки начин, слично на начинот на кој сочувствителните тренери комуницираат со своите играчи. Кога користите критички внатрешни монолози, вие сте лош тренер. Овие мисли не се точно мерило за вашите способности и вештини. Тие се обидуваат да ве убедат дека е невозможно да „останете на вистинскиот пат“ без нив. Сепак, тие не ви се потребни.rn

    3. Однесувајте се кон себе како кон пријател

    rnКога некој пријател или член на семејството минува низ предизвикувачки период или тргнал по пат што не ги дал очекуваните резултати, како би разговарале со него? Користете го истиот тон на комуникација полн со поддршка, охрабрување и љубезност во начинот на кој комуницирате со себе. На тој начин ќе можете полесно да ги надминете предизвиците, ќе бидете полни со самодоверба, но и со сочувство кон другите.rnrnОткако прочитавте како можете да искажете повеќе љубов и разбирање кон себе, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 проблеми со самопочитта можат значително да ја намалат самодовербата.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 4 зборови што буквално ќе ви го спасат бракот

    4 зборови што буквално ќе ви го спасат бракот

    Тешко е да се комуницира со луѓето, а особено е тешко да се биде искрен, транспарентен и внимателен кон оние што ви значат. Особено затоа што при разговорот може да дојде и до погрешно сфаќање, недоразбирање и погрешно толкување на кажаното. Доколку не сте искрени, отворени и целосно насочени кон вашиот партнер, не може да се надевате дека вашите односи и понатаму ќе бидат силни?rnrn4 зборови што буквално ќе ви го спасат бракотrnrnВо една статија, авторката и мотивацискиот говорник Брене Браун го открила пред другите својот личен удел при недоразбирањата со партнерот.rnrnВо својата нова книга „Rising Strong“ („Издигни се силно“), таа пишува за лесните животни трикови кој може да му помогнат секому кој е во врска да биде подобро сфатен.rnrnТаа вели дека кога би можела да им даде на мажите и жените во врска, или на лидерите и родителите, еден „клуч“, ќе им ја подари токму  преку зборовите од „Приказната што ја создавам“.rnrnЕдноставните зборови што таа ги предлага како совет може да предизвикаат напната ситуација или да бидат искрен начин да му кажете на лицето со кое зборувате точно што мислите. Ова помага да го проверите наративот во вашата глава.rnrnА, еве како почнало сè. По ужасниот ден, кога ништо не било ниту едноставно ниту лесно, сопругот на Браун го отворил фрижидерот и воздивнал. Тој искоментирал дека немаат намирници дури ниту за ручек. Таа му одговорила дека дава сè од себе, но и дека и тој би можел да испазарува понекогаш. На тоа тој и одговорил дека тој тоа го прави секоја недела и не знае зошто му го кажала тоа со таков тон.rnrnБраун својот одговор го претворила во приказна за тоа како таа била неорганизирана, несигурна партнерка и мајка. Таа се извинила и следната реченица ја започнала со „Приказната што ја создавам е… дека ме обвинуваш дека нема намирници, дека сум уништила сè“.rnrnНа тоа нејзиниот сопруг одговорил дека тој сакал претходниот ден да испазари но немал време и дека не ја обвинува, туку само е гладен.rnrnПриказната која ја создала Браун направила да се чувствува лошо и да помисли дека нејзиниот сопруг ја обвинува, иако реалноста била дека нему му била потребна само малку храна.rnrnКористејќи ги овие зборови и раскажувајќи ја „својата приказна“, таа им овозможила на многумина да ги ослободат своите внатрешни наративи и всушност да согледаат една поинаква перспектива и ранливост на другиот.rnrnОвие зборови може да пробијат низ вашите „внатрешни ѕидови“ и всушност да ви помогнат подобро да се сфатите меѓусебно.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 4-те причини зошто мажите престануваат да комуницираат во бракот и како да им помогнете да се отворат?

  • Овие 4 хороскопски знаци се најтешки за разбирање

    Овие 4 хороскопски знаци се најтешки за разбирање

    Може да има повеќе причини зошто некои луѓе се потешки за разбирање од останатите, но доколку се земе предвид астрологијата, тоа е поврзано со енергијата на секој од знаците. Со други зборови, важно е дали знакот е огнен, воздушен, земјен или воден, вели астрологот Џенифер Лакшми Дав.rnrnОвие 4 знаци се најтешки за разбирањеrnrnСоодветно на нивната енергија, постојат три начини на кои може да се опише односот на секој знак со оние околу него. Овенот, Вагата, Ракот и Јарецот се таканаречени кардинални знаци. Бикот, Лавот, Скорпијата и Водолијата се сталожени, а Близнаците, Девицата, Стрелецот и Рибите се променливи знаци. Според Дав, најтешко е да се разберат знаците кои се во „сталожената“ група.rnrnОвие знаци се весели и љубезни, но понекогаш збунуваат со своето однесување. Тие сакаат да бидат со луѓе, но потребен им е и личен простор. Освен тоа, тие делуваат само кога се подготвени, а знаат да се побунат доколку се под притисок.rn

    Бик

    rnЛуѓето родени во овој знак понекогаш се тврдоглави. Тие може да ви кажуваат нешто што не го мислат и ќе ви биде потребно време да го откриете тоа бидејќи сѐ е споро кај Биковите. Со Биковите владее Венера, но тие понекогаш не им ја даваат целата љубов на партнерите. Имаат нежно срце, но тоа го кријат за да изгледаат храбри.rnrnЗа луѓето кои живеат со Бик се препорачува поставување едноставни прашања кои ќе го поттикнат да се отвори.rn

    Лав

    rnЛуѓето родени во знакот Лав веројатно се најтешки за читање. Со нив владее Сонцето, а имаат репутација дека се екстровертни и секогаш подготвени за забава. Добро се снаоѓаат на сцена и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Меѓутоа, кога ќе се изгаснат светлата, тие се малку срамежливи и се повлекуваат во себе. Тие блескаат во јавноста, но потоа им е потребно време да се вратат во нормала.rnrnЛавовите често знаат да издвојат цел ден кој ќе си го посветат себеси и во кој не сакаат никој да ги вознемирува. Ова однесување може да биде збунувачко.rn

    Скорпија

    rnИндивидуалците родени во овој знак се полни со мистерија. Имаат репутација на луѓе со емоции и тоа е вистина. Но, точно е и дека не можете да им наметнете нешто на Скорпиите. Тие нема да прифатат нешто доколку не го сакаат, без разлика на притисокот.rnrnСкорпијата има силни емоции, но ги чува за себе. Луѓето родени во овој знак имаат емоционална интелигенција и сакаат да се поврзуваат со останатите, но истовремено се и неодлучни кога треба да се отворат. Тешко е да се прочита некој што истовремено има силни емоции и е затворен и оддалечен. За овој знак, верноста е многу важна. За да се отворат, Скорпиите треба да се чувствуваат сигурни и да му веруваат на соговорникот.rn

    Водолија

    rnУран владее со луѓето родени во овој знак. Тоа ги прави разиграни и забавни. Од друга страна, тие сакаат да ги анализираат сите работи и секогаш сакаат да се усовршуваат. Често се двоумат пред да дозволат некому да влезе во нивниот љубовен живот. Тие се ексцентрични и интровертни, што ги прави тешки за читање. Освен тоа, тие постојано бараат промени бидејќи не сакаат монотонија.rnrnОва се луѓе на кои им е потребен простор. Сакаат да покажуваат љубов и приврзаност, но тоа мора да биде во баланс со нивната потреба за самотија.rnrnВрските со секој од знаците се различни, а ова се хороскопските знаци со кои раскинувањето е најболно.

  • Истражување: Мачките го препознаваат своето име, само одбираат да нè игнорираат

    Истражување: Мачките го препознаваат своето име, само одбираат да нè игнорираат

    Веројатно сте забележале дека сопствениците на мачки се колнат во фактот дека нивните миленичиња разбираат што им зборуваат. Многумина се скептици, но изгледа дека мачките се целосно способни да разберат точно што им кажуваме, но едноставно одбираат да нè игнорираат. Сепак, тие се мачки.rnrnИстражување: Мачките го препознаваат своето име, само одбираат да нè игнорираатrnrnНа Универзитетот Софија во Токио било направено истражување според кое мачките можеби не го разбираат човечкиот јазик или концептот за нивното име, но можат да го препознаат нивното име помеѓу низа зборови. Овие откритија се првиот експериментален доказ за способноста на мачките да ги разбираат луѓето.rnrnАтсуко Саито, главната авторка која водела уште едно истражување во 2013-та година, открила дека мачките можат да го препознаат и гласот на сопственикот. Ова предизвикало сомнеж дека мачките колку-толку можат да ја разберат човечката вокализација, слично како делфините, кучињата и папагалите.rn

    „Постојат толку многу истражувања за способноста на кучињата да комуницираат со луѓе. Ние сметаме дека е важно да ја покажеме и способноста на мачките“, изјавила Саито.

    rnСо цел да ја тестира нејзината теорија, Саито и нејзиниот тим собрале 78 домашни мачки од јапонските домаќинства. Тие ја тестирале теоријата така што им пуштале на мачките зборови и звуци направени со монотон глас. Одвреме-навреме го кажувале името на мачката со цел да видат дали ќе предизвикаат реакција кај неа.rnrnМачките реагирале со мрдање на ушите и опашката, како и со мјаукање, а кога станале навикнати на снимките, едноставно ги игнорирале.rn

    „Овие мачки ги разликуваа нивните имиња помеѓу општите именки, дури и кога им ги кажуваше непозната личност… Овие резултати укажуваат дека мачките можат да ги познаат нивните имиња помеѓу други зборови.“

    rnВо истражувањето учествувале и мачки кои живееле во кафетерии за мачки и тие не реагирале само на нивните имиња, туку и на имињата на нивните „цимери“.rn

    „Мачките ги разбираат човечките знаци многу подобро отколку што мислат повеќето луѓе.“

    rnИстражувачите истакнале дека иако доказите покажуваат како мачките ги процесираат звуците, нивниот одговор наводно е резултат на условување.rn

    „Мачките можат да разликуваат зборови кажани од други луѓе, особено нивните имиња, бидејќи кажувањето на името на мачката можеби е поврзано со награда како храна, галење и игра.“

    rnИако овие истражувања ја допираат само површината на комуникацијата помеѓу мачките и луѓето, истражувачите се надеваат дека ќе откријат како човечкиот говор може да ги предупреди мачките за опасностите од одредени места или предмети. Тие се надеваат дека нивната работа ќе го подобри животот и на луѓето и на мачките.rnrnЗнаевте ли дека мачките не се добри во ловењето стаорци?

  • Психолог советува: Како да се разберете себеси и другите еднаш засекогаш?

    Психолог советува: Како да се разберете себеси и другите еднаш засекогаш?

    Добриот психолог може да ви каже како да се соочите со многуте тешкотии што ги носи животот. Некои професионалци не само што им помагаат на нивните клиенти, туку ги споделуваат нивните совети и онлајн. Овде спаѓа и психологот Антон Шутов, кој го користи неговиот Твитер профил за да сподели многу важни нешта што ги научил во текот на неговата кариера.rnrnПсихолог советува: Како да се разберете себеси и другите еднаш засекогаш?rn

    Корисни совети

    rn

      rn 011

    • Стресот не е само ваш непријател, туку и ваш сојузник. Ако личноста нема никаков стрес и се чувствува сосема удобно, ќе почне да чувствува здодевност, а неговата животна енергија ќе се намали на нула. Ова може да предизвика депресија. Постојаниот, слаб стрес нè активира.
    • rn 011

    • Застанете за момент и вдишете длабоко. Потоа издишете полека. Бавното дишење и длабоката релаксација овозможуваат поголем проток на кислород во крвта. Ова помага при зголемување на фокусот на важните нешта и при намалување на влијанието на стресот. Исто така и ќе ве врати во сегашниот момент.
    • rn 011

    • За да ја зголемите вашата свесност и да се чувствувате поприсутни, психолозите советуваат да пробувате што е можно повеќе нови работи – нови часови, нови патеки за пешачење, нови теми, нова храна, нови хобија и слично. Ова ја зголемува вашата свесност и ве прави посилни.
    • rn 011

    • Ако треба да се соочите со предавство, не заборавајте дека тоа работи само во една насока. Само предадената личност го чувствува, додека другата најчесто не го разбира. Не трошете го вашиот здив обидувајќи се да објасните што било. Нема да постигнете ништо.
    • rn 011

    • Ако се обидувате да донесете одлука, но немате никаква идеја, престанете со потрагата и фокусирајте се на нешто друго. Анализирањето на разни мислења нема да престане, само ќе се премести на подлабоко ниво – во вашата потсвест. За брзо потсвеста ќе ви го даде одговорот. Важно е само да не се изморите од барањето.
    • rn 011

    • Ако сте креативна личност, не заборавајте дека самотијата е нешто што ви е навистина потребно. Ако редовно се изолирате на одреден период, тишината ја подобрува вашата внатрешна анализа. Најдобрите идеи се формираат во овој период. Па, почесто останувајте сами.
    • rn 011

    • Ако посетувате психолог не кажувајте за сите нешта што ве загрижуваат. Одберете го најважното и започнете со тоа. Една тема во една сеанса. Голема е веројатноста откако ќе се справите со еден проблем да ги гледате другите од целосно нова перспектива.
    • rn 011

    • Понекогаш настојувањето да анализирате сè ви е најголем непријател. Способноста да го исклучите вашиот мозок е неопходна. Ако правите нешто опасно не треба да се фокусирате на опасноста. Ризикот од неуспех значително се зголемува кога сте исплашени.
    • rn 011

    • Изгледа дека лекарствата за болка не само што ја намалуваат физичката, туку ја намалуваат и емоционалната болка. Поради ова, бидете внимателни со нив.
    • rn

    rn

    Како подобро да ги знаете другите и себеси?

    rn

      rn 011

    • Кога повторувате една иста задача сигурно сте забележале дека почнува да го губи нејзиното значење. Го имате пробано ова, зарем не?
    • rn 011

    • Замислете си дека сте во кафетерија со колеги и вие први завршувате со оброкот. Ако ви се случува ова, голема е веројатноста да имате анксиозност. Според експертите, колку побрзо јадете, толку повисоко е вашето ниво на анксиозност.
    • rn 011

    • Некои луѓе веруваат дека ако некој брзо го мрда стапалото, сигурно е нервозен. Но ова не е секогаш вистина. Често луѓето кои го прават ова сакаат да ја променат активноста или сакаат да ги натераат другите да работат побрзо.
    • rn 011

    • Ако сте сами на улица и забележите глутница кучиња, голема е веројатноста да ве нападнат за да ги тестираат нивните вештини и да ги научат помалите членови од групата. Луѓето го прават истото нешто и тоа е наречено малтретирање.
    • rn 011

    • Малтретирањето кај тинејџерите е сериозен проблем. Најважниот совет – детето не треба да реагира на малтретирањето бидејќи токму тоа го сакаат оние што напаѓаат. Исто така, родителите не би требало да се мешаат бидејќи можат навистина да ја влошат ситуацијата.
    • rn 011

    • Кога личноста си го допира носот во текот на разговор, не мора да значи дека лаже. Поверојатно е дека се обидува да постави ограда помеѓу неговата уста и соговорникот. Причината е несигурноста.
    • rn

    rn

    За луѓето

    rn

      rn 011

    • Што да правите ако треба да одржите говор, а публиката е гласна? Не обидувајте се да ја смирите. Само застанете на вашето место и бидете мирни. Наскоро вревата ќе престане и вниманието ќе се сврти кон вас.
    • rn 011

    • Постои правило – ако некој ги критикува другите луѓе пред вас, веројатно ве критикува и вам штом ќе му го свртите грбот. Секогаш држете се настрана од овие луѓе.
    • rn 011

    • За да се чувствувате обединето со личноста што ја сакате, обидете се да го синхронизирате вашето дишење. Оваа суптилна промена создава навистина пријатен ефект.
    • rn 011

    • Пробајте го овој експеримент со пријателите или колегите: Дајте им листови хартија на неколку момци и девојки и замолете ги да нацртаат велосипед. Мажите ќе нацртаат механички реален модел, а жените… Ќе видите самите. Ете колку се разликуваат мажите и жените.
    • rn 011

    • За да ѝ се допаднете на личност којашто прв пат ја гледате, поставете ѝ 10 прашања за нешто што го сака. Таа ќе ви одговори, а вие ќе слушате. Ова ќе ја натера да ве засака.
    • rn 011

    • Кога минувате покрај потенцијално агресивна група луѓе, направете го следново:
    • rn

    rn1. Стиснете ги дланките во тупаницаrnrn2. Малку затворете ги очитеrnrn3. Гледајте после групатаrnrn4. Не покажувајте дека сакате да се движите побрзоrnrn5. Не реагирајте без разлика што ќе ви кажатrn

      rn 011

    • Личноста која не ве знае, а ве убедува дека е видовите и почнува да ви кажува работи за вас, го користи ефектот Барнум. Односно, изнесува општи карактеристики кои ви изгледаат вистинити само за вас. На истиот принцип функционира и астрологијата.
    • rn 011

    • Кога родителите, партнерите или пријателите тераат некого да оди на психолог, најверојатно обидот е залуден. Пациентот кој бил присилен да посети психолог нема да се отвори пред терапевтот и ќе пружи отпор на терапијата.
    • rn 011

    • Сè што ви е потребно од другите луѓе е искреност, без разлика дали ви се пријатели, партнери, колеги, семејство, родители, соседи… Ова е целта на секоја врска.
    • rn

    rnПробајте ги и овие психолошки трикови кои ќе ви го олеснат животот.

  • 10 нешта кои треба да ги разберете за девојката што сака да биде сама

    10 нешта кои треба да ги разберете за девојката што сака да биде сама

    На многумина им е чудно што некои луѓе сакаат да бидат сами. Не им е јасно како им е забавно или што воопшто прават додека се сами. Ако познавате девојка која сака да биде сама, важно е да разберете некои работи кои ќе ви помогнат да ја сфатите нејзината желба.rnrn10 нешта кои треба да ги разберете за девојката што сака да биде самаrn

    1. Не е поосамена од оние кои не сакаат да поминуваат време сами

    rnПоради некоја причина, луѓето веруваат дека ако сте сами, тогаш сте и осамени. Девојките кои се сами немаат потреба постојано да бидат опкружени со луѓе. Сигурно се прашувате зошто сакаат да се изолираат на неколку денови. Навистина е тешко да замислите зошто некој би одбрал да биде сам. Едноставно, тие се поспособни кога поминуваат доволно време со себе. Знаат дека другите луѓе не се причина за осаменост, туку самата помисла дека сте сами го прави тоа. Запомнете, можете да се чувствувате осамено дури и кога сте опкружени со многу луѓе.rn

    2. Креативна е

    rnБез разлика дали чита книги, пишува поезија или се бави со некоја уметност, девојките кои сакаат да бидат сами се навистина креативни. За креативноста потребна е осаменоста. За да бидете сами, потребно е да бидете креативни. Креативноста може да биде многу лична активност поради емоциите кои се ослободуваат. Тие ја сакаат уметноста бидејќи со неа никогаш не се чувствуваат осамено.rn

    3. Нема да се откаже од себе за љубов

    rnОвие девојки нема да се откажат од својата слобода за љубов. Ова не значи дека не сакаат да се заљубат, туку дека им е важно да поминуваат време сами и очекуваат партнерот да го разбере тоа. Често може и да одберат партнер кој го сака истото. Сите врски бараат жртви, но овие девојки не се откажуваат од времето за себе.rn

    4. Станува личноста која треба да биде

    rnКога поминувате многу време со себе постојано размислувате за тоа каква личност сте. Се соочувате со вашите чувства, реалност и соништа со цел да ги споите. Всушност, кога сте сами можете да ја слушнете вашата внатрешна мудрост, или која и да е моќ во којашто верувате, која ќе ви помогне да го најдете вистинскиот пат.rn

    5. Може да биде повредена, иако не го покажува тоа

    rnОвие девојки изгледаат како многу лесно да преболуваат. Сепак, не е така лесно како што изгледа. Едноставно тие се справуваат на поинаков начин со болката. Го користат времето поминато со себе за да ја разберат тагата и лошите емоции. И тие можат да бидат повредени, само се научени самите да се справат со тоа.rn

    6. Кај пријателите важен ѝ е квалитетот, а не квантитетот

    rnОва до некаде е очигледно бидејќи се дружи со малку луѓе. Она што не е очигледно е важноста која им ја придава на луѓето кои ги сака. Ако сте пријател со девојка која сака да биде сама, вие сте посебни. Ѝ значите многу и таа би направила сè за да останете во нејзиниот живот. Сте ја разбрале, а тоа е нешто што малкумина го можат.rn

    7. Најдобро работи кога е сама

    rnТимската работа е важна, па дури и девојките кои сакаат да бидат сами одвреме-навреме ја ценат помошта. Сепак, тие работат најдобро кога се сами. Не сфаќајте лично кога ќе ја одбие вашата помош. Таа знае колку е способна и секогаш ќе ја заврши задачата на време.rn

    8. Има длабоко разбирање за животот

    rnДа поминувате време сами и навистина да уживате во тоа значи дека сте откриле начин да го цените животот и да го гледате подлабоко. Поради ова на овие девојки не им се потребни луѓе или активности со кои ќе го минуваат времето. Седењето во тишина им е сосема доволно за да се чувствуваат задоволно.rn

    9. Губи енергија од социјални собири

    rnОва не значи дека овие девојки не сакаат да се дружат, но најчесто сакаат да се фокусираат на личноста пред нив. Кога се опкружени со многу луѓе нивната енергија се троши. Тие ги впиваат сите информации од луѓето околу нив, па потребна им пауза помеѓу две средби.rn

    10. Трпеливо го чека она што е нејзино

    rnОвие девојки имаат откриено нов начин на чекање. Ова не значи дека не преземаат контрола над нивниот живот кога има потреба од тоа. Тие знаат кога е потребно да се делува, а кога да се чека. Тие не очекуваат животот да им даде сè што сакаат. Самотијата им помага да разберат дека животот не е постојано полн со возбуда и големи успеси. Знаат дека животот е полн со монотони денови, неодговорени пораки и откажани планови.rnrnПогледнете и зошто самотијата е добра за вашето здравје.

  • Мудроста на Тич Нат Хан: Што е поважно од љубовта за да опстои врската?

    Мудроста на Тич Нат Хан: Што е поважно од љубовта за да опстои врската?

    Сигурно честопати се прашувате која е тајната за среќната љубовна врска. Ако размислувате како повеќето луѓе, веројатно мислите дека тоа е љубовта. Доколку партнерите се соочат со некакви проблеми, љубовта што постои меѓу нив ќе им помогне да ги совладаат сите пречки, се согласувате? Зен мастерот Тич Нат Хан има поинакво гледиште на оваа тема. Според него, треба да се случи нешто многу поважно пред да можете навистина да го сакате вашиот партнерот.rnrnМудроста на Тич Нат Хан: Што е поважно од љубовта за да опстои врската?rnrnТич Нат Хан верува дека разбирањето и одвојувањето време за саканите се од големо значење за опстанокот на врската. Во продолжение прочитајте ги неговите мудри зборови за љубовта и врските…rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnНавистина мора да ја разбереме личноста што сакаме да ја љубиме. Ако нашата љубов се состои од желбата да поседуваме некого, тоа не е љубов. Ако мислиме само на себе, ако ги познаваме само нашите потреби и ги игнорираме потребите на другата личност, тогаш не можеме да љубиме. Мора да погледнеме длабоко за да ги видиме и разбереме потребите, амбициите и страдањата на личноста која ја сакаме. Тоа е основата на вистинската љубов. Не можете а да не сакате некого кого целосно го разбирате.rnrnОдвреме-навреме, седете блиску до вашите сакани, држете ги за рака и прашајте ги „Драги/Драга, дали те разбирам доволно? Или пак страдаш поради мене? Те молам кажи ми за да можам да научам да те љубам како што треба. Не сакам да страдаш, но ако дошло до тоа, причината била моето незнаење. Те молам кажи ми го тоа за да можам да те сакам подобро, за да бидеш среќен/среќна.“ Ако го кажете ова со глас што искажува вистинска отвореност и желба за разбирање, другата личност може дури и да заплаче. Тоа е добар знак, бидејќи тоа значи дека вратата кон разбирањето се отвора и сѐ ќе биде повторно возможно.rnrnМожеби еден татко нема доволно време или не е доволно храбар да му го постави ова прашање на син му. Тогаш, нивната љубов нема да биде толку целосна колку што би можела да биде. Потребна е голема храброст за да се постават овие прашања, но ако не ги поставиме, колку повеќе ги сакаме толку повеќе можеме да ги уништиме луѓето кои се обидуваме да ги сакаме. На вистинската љубов ѝ треба разбирање. Со помош на разбирањето, саканата личност несомнено ќе процвета.rnrn[/message_box]rnrnМудроста на Тич Нат Хан: Што е поважно од љубовта за да опстои врската?rnrnТич Нат Хан исто така смета дека ако нема разбирање, ние ќе почнеме да си ги обвинуваме партнерите поради нивните слабости, а тоа ќе создаде негативна енергија во врската. Наместо тоа, доколку сакаме да се смениме и да растеме, мора да имаме разбирање.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnКога ќе посадите растение, ако тоа не порасне како што треба, нема да го обвинувате растението. Ги барате причините зошто растението не расте. Можеби му треба подобра земја или повеќе вода или помалку сонце. Никогаш не го обвинувате растението. Сепак, кога имаме проблеми со нашите пријатели или семејство, секогаш ја обвинуваме другата личност. Но, кога би знаеле како да се грижиме за нив, тие би пораснале правилно, исто како и растението.rnrnОбвинувањето нема никакво позитивно влијание, ниту пак обидите да убедите некого со помош на причини и аргументи. Такво е моето искуство. Ниту обвинувањето, ниту аргументите, ниту убедувањето – само разбирањето. Ако разбирате и покажете дека разбирате, ќе можете да сакате и ситуацијата ќе се промени.rnrn[/message_box]rnrnДоколку сакате да научите уште нешто од учителот Тич Нат Хан, прочитајте ги и неговите 12 зен мудрости.

  • 13 работи што луѓето не сфаќаат дека ги правите за да се ослободите од негативноста во животот

    13 работи што луѓето не сфаќаат дека ги правите за да се ослободите од негативноста во животот

    Понекогаш негативните работи ги надвладуваат позитивните и целосно го обземаат нашиот живот. Тоа не ни дозволува да функционираме како што треба и да уживаме во нештата што порано ни причинувале задоволство. Кога ќе забележите дека ви се случува тоа, треба да се ослободите од негативноста што е можно побрзо. Тогаш сигурно ќе почнете да ги правите следниве 13 работи што другите луѓе нема да можат да ги разберат…rnrn13 работи што луѓето не сфаќаат дека ги правите за да се ослободите од негативноста во живототrn

    1. Станувате пребирливи во однос на дружбите

    rnПорано секогаш сте планирале излегувања и собири, а сега се воздржувате. Наместо постојано да велите „Да“ на секој предлог што ќе го дадат вашите пријатели и семејство, повнимателно ги трошите вашите време и енергија. Во вашиот живот повеќе нема место за работите што не придонесуваат ништо за вашиот напредок и успех.rn

    2. Полесно ги прифаќате промените

    rnВо минатото, сте се плашеле да го кажете вашето мислење, да пробате нови работи или да ја смените рутината за да не создадете негативна енергија. Сега, полесно ви е да се премислите, да размислувате за нови идеи и во нови насоки, бидејќи вашите потреби и желби секогаш ви се на прво место.rn

    3. Не обрнувате внимание на туѓото мислење

    rnПолека почнувате да ставате граница помеѓу вашата перцепција и мислењето на другите. Не се обидувате да им се допаднете на другите, туку сакате да бидете доследни на себе и своите желби.rn

    4. Се оддалечувате

    rnСе оддалечувате од врските што не напредуваат и ви наштетуваат. Не дозволувате никој да манипулира со вас. Во минатото сте ги прифаќале работите такви какви што сте. Но, сега наместо да ги толерирате нездравите односи, вие се ослободувате од нештата и луѓето кои не ви влијаат добро во животот.rn

    5. Си поставувате предизвици

    rnПостојано се обидувате да бидете подобри, посилни и поисполнети. Не сакате да имате просечен живот и да бидете опкружени со луѓе без амбиција кои влијаат штетно на вашиот развој. Најважно ви е да се фокусирате на сопствениот успех.rn

    6. Поминувате повеќе време сами

    rnПретпочитате да уживате во сопственото друштво наместо да бидете со луѓето кои не ви носат светлина во животот.rn

    7. Ширите позитивна енергија, наместо да озборувате

    rnКога разговарате со некого, се обидувате да ги наметнете темите што се во согласност со вашите цели. Сакате да бидете позитивни и да се ослободите од негативната енергија.rnrn13 работи што луѓето не сфаќаат дека ги правите за да се ослободите од негативноста во живототrn

    8. Се трансформирате во личност која другите не ја препознаваат

    rnПолка се менувате во личноста која ќе ви овозможи да го постигнете сето она што сакате да го имате во иднина. Сте си дале простор, можност да заздравите и сила и тоа ве претворило во моќна личност која не е баш препознатлива на прв поглед.rn

    9. Го слушате гласот во вашата глава и срце

    rnЦелосно ги впивате вашите внатрешни мисли и чувства. Сте го замолчиле гласот на надворешниот свет и сега го слушате само она што се крие однатре.rn

    10. Знаете кога да кажете „Не“

    rnПочнувате да кажувате „Не“ без да се чувствувате непријатно, анксиозно, виновно или несигурно. Полека создавате граници и ги подучувате луѓето како треба да се однесуваат со вас. Без двоумење ги напуштате оние кои не ви одговараат.rn

    11. Се радувате на мали работи

    rnКога ќе почнете да се ослободувате од негативната енергија, ќе забележите дека се радувате на малите работи што не сте ги забележувале претходно, поради тоа што не сте имале време и енергија. Сега ги гледате нештата што сте ги потценувале и ја разбирате нивната вредност.rn

    12. Се грижите за себе

    rnПорано сте се грижеле за себе само тогаш кога целиот живот почнувал да ви се распаѓа. Сега, се оддалечувате од негативните луѓе и навики, па затоа имате повеќе трпение и љубов кон себеси. Секогаш се грижите за вашите потреби, наместо да се обидувате да им угодите на сите околу вас.rn

    13. Се фокусирате на луѓето кои ви пренесуваат позитивна енергија

    rnВашето внимание им го посветувате на луѓето кои ви го разведруваат животот. Помислата на тоа дека можете да изгубите некого не ве плаши толку многу колку порано, бидејќи знаете дека луѓето кои треба да останат во вашиот живот секогаш ќе бидат покрај вас. Оние кои ќе ве напуштат, најверојатно не ни заслужувале место во вашиот живот.rnrnДоколку сакате да си го подобрите животот, прочитајте како да се заштитите од луѓе кои зрачат со негативна енергија.

  • Зошто старите души не се прифатени од семејството и пријателите?

    Зошто старите души не се прифатени од семејството и пријателите?

    „Староста, а не смртта, е контрастот со животот. Староста е пародија од животот, додека смртта го претвора животот во судбина. На некој начин го зачувува давајќи му ја апсолутната димензија.“ – Симон де Бувуар

    rnzoshto-starite-dushi-ne-se-razbrani-od-semejstvoto-i-prijatelite-kafepauza.mkrnrnСамиот факт дека концептот за времето е параметар создаден од луѓето се докажува со тоа дека некои луѓе стареат на 18 години, додека другите се млади дури и на 90. Како и да е, секогаш постоел отпор кон промената која доаѓа со растењето. Сè што е ново, а што сме сакале да го пробаме, се соочува со некој вид отпор, без разлика дали е силен или слаб.rnrnКога се истражуваме самите, многу често се наоѓаме на непозната територија и почнуваме да поставуваме прашања за нашите верувања и вредности. Можеби преку ова истражување ќе откриете дека вашиот „повик“ ве тера да станете уметник, па оставате сè за да го остварите тоа. Или пак, свесни сте за проблемот со глобалната пренаселеност, па се одлучувате да посвоите дете наместо да имате свое биолошко. Многу често, другите луѓе поради овие одлуки ве гледаат како незрели.rnrnЗрелоста, или пак недостатокот од неа е проблем кај многу луѓе. На пример, има еден случај каде што едниот партнер страдал од преголема дебелина, а другиот се грижел за него. Но, кога дебелиот партнер одлучил да живее здрав живот и да ја намали телесната тежина, врската пропаднала. Зошто? Затоа што врската ја држела дебелината на едниот, и негата на другиот. Во одреден момент, перцепцијата која ја создаваме за да ги направиме нашите животи и врски да изгледаат удобно и безбедно, може да се сруши штом некој ќе престане да се однесува „како што треба“. Можеби не сме програмирани роботи, но понекогаш навистина се однесуваме така.rnrnСтарите души ги гледаат како чудни луѓе бидејќи многу често имаат неконвенционални идеали и стандарди на живеење. Тие многу често се чувствуваат одделени од себе и од „реалниот свет“ бидејќи работите како богатство и други материјални добра не ги интересираат. Во свет каде што владее материјализмот, тие се вистински чудаци. Имаат различни очекувања и идеи за животот и сфаќаат дека никој не ги разбира нивните желби.rnrnКако што созревате со текот на времето, вашата свест се зголемува и вие можете да ги препознаете вашите верувања за животот и за овој свет. Проблемот кај старите души е тоа што тие гледаат неколку можности во нивниот живот, и наместо да ги ослободат и да ја создадат судбината која би им прилегала, тие стануваат спречени од слободата која си ја создале.rnrnИнтуицијата е суптилен, софистициран јазик и старите души работат на тоа да се синхронизираат со начинот на кој нивното тело комуницира со нив. „Чувството во стомакот“ е наједноставниот начин да ја забележите интуицијата. Ова најчесто го користиме кога донесуваме некоја важна одлука во нашиот живот. Старите души дозволуваат овој инстинкт да ги води низ сите одлуки, па другите луѓе не разбираат кога ќе им кажат дека „имале чувство“ за нешто.rnrnЕден од најголемите проблеми на старите души е тоа што не можат да почувствуваат дека припаѓаат со другите. Каде и да се, тие се чувствуваат како странци. Многу често имаат потреба да бидат сами за да можат да ги разгледаат своите мисли и чувства. Имаат потреба да се „наполнат“ после напорен ден со луѓе, а ова им е чудно на нивното семејство и на нивните пријатели.rnrnТие сакаат да бидат опкружени со пријатели, но важно е да разберете дека самотијата е нешто кое им помага. На овој начин тие ги решаваат своите проблеми. Понекогаш сакаат да останат дома и да читаат книга наместо да излегуваат. Но ова не значи дека не го сакаат вашето друштво.rnrnПогледнете и како да дознаете дали вашата душа е стара.

  • Интровертите откриваат: 4 работи што им пречат кај екстровертите

    Интровертите откриваат: 4 работи што им пречат кај екстровертите

    Интровертите и екстровертите се многу различни типови луѓе. Но, тоа не значи дека не можат да живеат во совршена хармонија. Сепак, за да се случи тоа, овие различни поединци треба да научат како да се разбираат меѓусебно. Од таа причина, екстровертите треба да дознаат кои нивни начини на однесување ги нервираат интровертите. Во продолжение дознајте за што станува збор…rnrnИнтровертите откриваат: 4 работи што им пречат кај екстровертитеrn

    1. Екстровертите понекогаш ги игнорираат интровертите

    rnНе велиме дека сите екстроверти треба да научат сѐ за интровертноста, но би било добро да се запознаат со начинот на размислување на интровертите. Она што треба да го знаат е дека интровертите претпочитаат да бидат сами или во мали групи, секогаш размислуваат два пати пред да проговорат и тоа што се тивки не значи дека нешто не е во ред со нив. Но, имајте на ум дека ова не важи за сите интроверти. Тие можат многу да се разликуваат едни од други исто како и екстровертите.rn

    2. Екстровертите понекогаш ги омаловажуваат интровертите

    rnВашите интровертни пријатели не ве осудуваат кога се прибирате дома во раните утрински часови, па затоа не е убаво што им префрлате кога сакаат да си отидат порано. Треба да разберете дека интровертите уживаат во различни работи и да го почитувате тоа. Наместо да ги молите да ве придружуваат во одењето од еден до друг бар, само насмевнете се и пуштете ги на слобода. Интровертите се многу самосвесни и знаат кога им е време да си одат дома и да ги наполнат батериите.rn

    3. Екстровертите се обидуваат да ги „поправат“ интровертите

    rnДа, можеби вашата пријателка е срамежлива и не се осудува да го каже своето мислење. Иако не се согласувате со тоа, немојте да ја принудувате да се качи на сцена и да пее со вас на караоке. Тоа е сурово. Интровертите се такви какви што се и залудни се вашите обиди да ги промените. Не би било убаво кога би принудувале некој екстроверт да се затвори дома, се согласувате? Па затоа немојте да го принудувате интровертот да излезе надвор.rn

    4. Екстровертите многу лично ја сфаќаат интровертноста

    rnКога некој интроверт ќе ја одбие вашата покана за излегување, немојте да го сфаќате тоа лично. За интровертите социјализацијата знае да биде многу напорна, па затоа кога нивната енергија е потрошена, не само што им е тешко да се преправаат туку и им треба повеќе време за да си ги наполнат батериите. Во овој случај, не е до вас, туку до нив е. Немојте веднаш да помислувате дека не сакаат да се дружат со вас.rnrnДоколку не сте сигурни во која група луѓе припаѓате вие, направете го овој тест и дознајте дали сте интровертна или екстровертна личност.