КАФЕ ПАУЗА

Tag: разбирање

  • Што сакаат девојките во врската?

    Што сакаат девојките во врската?

    Признаваме дека сме многу комплицирани и нашиот начин на дејствување не е ни најмалку едноставен. Она што го сакаат девојките, за мажите може да биде вистинска мистерија. Но, доколку се грижите за вашата девојка, ќе се потрудите да ѝ го обезбедите следново во вашата врска:rnrnСигурност и заштита – Девојките сакаат да се чувствуваат сигурно и безбедно. Нема девојка која не сака силен човек покрај неа, кој ќе ја штити од секој кој може да ѝ нанесе болка. Штом девојката ќе ја најде својата заштита во вашата прегратка, бидете сигурни дека ќе ја добиете нејзината љубов.rnrnРазбирање – Дури и да не можете да го разберете нејзиното однесување, трудете се да сфатите како се чувствува. Секогаш нека знае дека ја разбирате и ги почитувате нејзините одлуки. Начинот на кој размислуваат мажите и жените е сосема различен, но луѓето во врска наместо да избувнуваат за секоја ситница, треба да имаат разбирање.rnrnШто сакаат девојките во врскатаrnrnТелесна поврзаност – Можеби најважно е да се разбирате и да имате заеднички ставови и многу теми на разговор, но важноста на телесната поврзаност не треба да се потцени. Дел од секоја здрава и успешна врска е добриот секс. Можеби девојките не размислуваат на оваа тема онолку колку што тоа го прават мажите, но не можат да одречат дека им е потребен добар сексуален живот.rnrnОдговорност – Незрел и неодговорен дечко кој сè сфаќа на шега, може да е интересен само на почетокот. Девојките сакаат одговорни личности кои се грижливи, вложуваат во иднината и ги исполнуваат своите обврски. Тоа им влева чувство на сигурност и безбедност. Никој не сака покрај себе нестабилен човек на кој не може да се потпре кога има проблем.rnrnПоддршка – И кога навидум нешто изгледа како навистина луда идеја, поддржете ја! Верувајте, таа секогаш би ве поддржала вас, па вратете ѝ со иста мера. Поддржете ја во остварување на своите соништа, не ја враќајте назад и не ѝ ја одземајте надежта за успех. Па нели и вие сакате вашата девојка да биде успешна и силна личност?rnrnРамо за плачење – Не сме толку големи плачки колку што вие мислите, но кога ќе се разнежниме сакаме да бидете покрај нас. Бидете ѝ рамо за плачење на вашата љубена, нека осети дека колку и да е лош денот, на крајот од бурното попладне може да се врати кај вас и да најде мир и нега.rnrnМажественост – Бидете џентлмени, со секој ваш гест истакнете ја машкоста. Верувајте, тоа може да направи девојката да полуди по вас. Обрнете внимание на ситниците како: отворање врата, дозволување да седне прва, злобен поглед упатен кон момчето од спротивната страна кој чудно ја гледа…rnrnВнимание за важните датуми – Никогаш не го заборавајте денот кога сте ја запознале, кога сте ја бакнале за првпат, вашата годишнина и слични важни датуми. Сте слушнале за начинот на кој може жената да ве натера никогаш да не ја заборавите вашата годишнина? Само пробајте да ја заборавите еднаш. :)rnrnСмисла за хумор – Човек кој знае да ја насмее и во најтмурните мигови е она што секоја девојка го посакува. Оној кој ѝ носи насмевка на лицето има голема шанса да биде човекот на нејзиниот живот.rnrnПочит – Почит кон нејзините желби и кон нејзините права како жена. Почит кон нејзините соништа и благодарност за она што го вложува во врската. Исто така, бидете свесни дека колку и да ве сака, ќе се откаже од вас доколку немате почит кон нејзиното семејство и најблиските.rnrnДоверба и слобода – Добри се оние знаци дека се грижите за неа и ја сакате за себе, но претераната љубомора нема да ве однесе никаде. Со обид да ѝ ја скратите слободата ќе направите само лошо за вашата врска. Довербата треба да е обострана. Влевајте ѝ доверба и почувствувајте ја истата и од нејзина страна.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Приказната на Џош и Грејс која ќе допре до сечие срце

    Приказната на Џош и Грејс која ќе допре до сечие срце

    Од време навреме, се случува да наидеме на едноставна приказна која ќе ни донесе насмевка на лицето и солзи во очите. Приказна која ќе нè натера да сфатиме колку е важно да имаме надеж за иднината, како и разбирање и поддршка од најблиските.rnrnПораката која Џош и Грејс сакаат да ја споделат со сите нас е токму таква – полна со љубов, разбирање, отвореност и почит. Погледнете ги овие фотографии и ќе сфатите за што станува збор…rnrn

    Запознајте ги Џош и Грејс
    Моето име е Џош и имам 18 години!
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Ова е мојата најдобра другарка и постара сестра Грејс.
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Некои велат дека имам хендикеп…
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Грејс вели дека имам способност на која може да ù се завидува…
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Способност да сакам безусловно, да не осудувам.
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    И НЕ се плашам да бидам ЈАС 🙂
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Имам Даунов Синдром
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Имам дополнителен хромозом.
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Грејс вели „Вистинските пријатели не ги бројат хромозомите“
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Луѓето некогаш употребуваат многу лоши зборови, но МНОГУ луѓе ме сакаат.
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Ова значи дека зборовите БОЛАТ, но тие воопшто не ме опишуваат мене.
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    ЈАС СУМ… БУДАЛЕСТ
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    СМЕШЕН
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    ПОЛН СО ЉУБОВ
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    ЖЕЛЕН ДА ПОМАГАМ
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    ПАМЕТЕН
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    И имам чувства исто како вас и вашите пријатели
    rnrn
    Запознајте ги Џош и Грејс
    Ќе ви дадам шанса, ако и вие ми дадете мене.
    rnrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и вашите најдобри пријатели

    Астрологијата и вашите најдобри пријатели

    Какви сакате да бидат вашите најдобри пријатели? Со кои најдобро ќе се журкате и ќе поминувате безброј часови заедно? Кои ќе бидат покрај вас, во моментите кога тоа ви е најпотребно? Дознајте што вели зодијакот за пријателите и карактеристиките кои ги имаат нивните хороскопски знаци.rnrnАстрологијата и вашите најдобри пријателиrn

    Овен

    rnВашиот страстен и енергичен карактер привлекува динамични и интересни пријатели, па во вашето друштво секогаш ќе има некој лав и стрелец. Ќе се чувствувате стабилни и застанати цврсто на земја, ако вклучите бик во вашата екипа, бидејќи тој може да ја урамнотежи вашата импулсивна природа и тенденцијата кон избрзани реакции. Девиците можат да ви помогнат да останете фокусирани и правилно да ја канализирате вашата креативна енергија. Ако во друштво имате јарец, кон него ќе имате најголема почит. Лавот и водолијата одлично ви одговараат за дружба и забава. Најцврста конекција можете да изградите со спротивниот хороскопски знак, милата вага. Ракот и јарецот ја делат со вас иницијативноста и спремноста за акција во секој момент, поради што исто така би можеле да ви бидат добри пријателчиња.rn

    Бик

    rnДа се биде бавен и постојан има свои предности, а тоа најдобро ќе го сфатат оние родени во хороскопските знаци девица и јарец, бидејќи ја делат вашата практична природа. Кога ви е потребен некој да ви каже поинакво мислење од вашето, близнаците ќе ви дадат доволно инспирација за да направите еден „брејнсторминг“. Вагата може да ви помогне да си ги потиснете страстите и потребата од задоволства, кога морате да останете фокусирани на некоја работа и напорно да работите кон нејзино комплетирање. Рибите можат да ви бидат екстремно лојални и верни пријатели. За вас, пријателствата не претставуваат однос „на ти го – дај ми го“, туку очекувате во што е можно повеќе ситуации да биде по ваше, поради што треба да имате пријатели кои ќе можат да ја поднесат таа ваша карактеристика. За среќа, скорпијата е доволно паметна и силна за да ја добие вашата почит, а секогаш ќе се чувствувате удобно во друштво на лав и водолија, бидејќи високо ја цените нивната упорност секогаш да ја завршуваат започнатата работа.rn

    Близнаци

    rnАко вашите пријатели не се динамични и активни, вие брзо ќе го изгубите интересот за нив. Со вагата и водолијата секогаш ќе поминувате многу време заедно, бидејќи тие ја споделуваат со вас смислата за забава и интеракција. Друга цврста врска можете да изградите со некој кој е овен во хороскоп. Вие се воодушевувате на неговата храброст и го следите секој негов чекор со радост. Ракот, може да ви даде една стабилност и здраво влијание, кое знаете дека навистина ви е потребно. Според вас, пријателствата треба да бидат флексибилни и отворени, а тоа никој нема да го разбере подобро од стрелец. Исто така, одлично ќе се согласувате и со рибите, кои умеат да бидат исто толку флексибилни и забавни колку вас.rn

    Рак

    rnВам ви се потребни пријатели кои ќе можат да ја сфатат вашата емотивност и длабочината на вашите чувства и ќе можат да излезат на крај со вашите променливи расположенија. Скорпијата и рибите, секогаш ќе бидат сочувствени со вас кога тоа најмногу ќе ви биде потребно. Обратете се кај пријател со хороскопски знак лав, за да ви помогне да научите да се наметнете и докажете себеси, кога е навистина важно тоа да го сторите. Бикот секогаш ќе ви претставува стабилна основа. Ќе уживате да станете дел од неговите омилени активности, бидејќи знаете дека секогаш можете да сметате на добра забава помината со него. Исто така, можете да имате „лесна“ комуникација и добро пријателство со луѓе со хороскопски знаци вага и овен.rn

    Лав

    rnВие сте силни, динамични и снаодливи, но сепак морате да бидете опкружени со луѓе на кои можете да им верувате. Овенот и стрелецот можат да ви бидат одлични пријатели, со кои секогаш одлично ќе се забавувате, а и со близнаците може да ви биде доста забавно. Бидејќи отсекогаш сте се восхитувале на луѓе кои имаат практичен и амбициозен поглед кон животот, ќе сакате некој јарец исто така да биде дел од вашата екипа. Во секој случај, вашите пријатели треба да бидат достојни за да ја заслужат топлината и страста од ваша страна, па можеби ќе се изненадите ако оформите цврсто пријателство со некоја водолија. Нејзината искулирана, речиси неразбирлива карактерна природа, постојано ќе ве интригира и прави љубопитни. Исто така, водолијата ќе знае точно како да ве спречи да избегате од реалноста. Други луѓе кои можат да извршат добро влијание во вашиот живот, се оние со хороскопски знаци скорпија и бик. Овие пријатели ќе можат да си ги остварат нивните ветувања и да останат услужни кон вашите потреби.rn

    Девица

    rnВие сте сигурни и доволно цврсти да се грижите сами за себе, но сепак обожавате кога имате емоционално стабилни пријатели како бикот и јарецот, кои ќе ве поддржат за сè. Сензибилноста на ракот исто така ве привлекува, дури можете да помислите дека тој е знакот на кој можете да се потпрете дека ќе се грижи за вас во оние ретки мигови кога навистина ви е потребен. Водолијата ви помага да ја видите целосната слика, додека близнаците можат да ви помогнат да ги наредите сите коцки во мозаикот, секоја на свое место. Исто така рибите ги сметате за личности кои ги прифаќаат вашите фантастични совети и кои ви ја пробудуваат имагинацијата и романтичната страна. Храбрите стрелци, а зафатените близнаци можат да ви претставуваат добри, забавни пријатели, затоа што ја споделуваат вашата способност да го смените правецот, кога имате потреба од нешто различно во животот.rn

    Вага

    rnВам не ви е тешко да најдете друштво кое ќе ја цени вашата способност да слушате и да бидете отворени, но кога ќе посакате да направите реален и рационален муабет, секогаш ќе појдете кај вашите пријатели родени во знакот на водолија и близнаци. Скорпијата ви нуди уникатна перспектива на животот, додека пак драматичната имагинација на лавот често може да ви ја разбуди уметничката страна. Сепак, за најдобар пријател најсигурен облог ви е овенот. Предизвикот за скротување на овој див ѕвер и доведувањето на неговата навидум неограничена енергија во рамнотежа, ја истакнува вашата забавна страна. Раковите и јарците со својот став дека можат сè да постигнат и направат, ви нудат фини можности за созревање и проширување на хоризонтите.rn

    Скорпија

    rnДали некогаш ќе најдете некој кој ќе ги исполнува вашите стандарди за перфекција? Најверојатно нема, но сепак уживате во друштво исполнето со инвентивни луѓе, како што се ракот и рибите. Со овие емоционално интелигентни влијанија, ја здобивате способноста да се соочите со чувствата и да делувате по нив. Јарецот може да ви помогне да ги искажете тие чувства, додека кај лавот ќе ја почитувате неговата харизма и способноста за лидерство. Кога имате потреба од некој со цврст карактер, кој ќе ве викне да излезете откако ќе заглавите со денови дома, бикот е тука за да настапи. Исто така, ќе забележите дека лавот и водолијата се одлични дипломати во ваша околина, затоа што тие се најкомфорни во обидот да се одржи имиџот на стабилност во друштвото.rn

    Стрелец

    rnВие сте типичен слободен дух и луѓето се воодушевуваат на вашата независност. Ги обожувате луѓето кои ја почитуваат слободата и кои додаваат возбуда во вашиот живот. Такви се лавот и бестрашниот овен. Девицата ви претставува одличен работен партнер, преку кој можете да ја канализирате вашата енергија во нешто продуктивно. Доколку барате некој за придружба или пак некој кој ќе го сметате за најдобар другар, важно ви е тоа да е личност која целосно ќе се посвети на другарството, но која паралелно ќе прави нешто друго во животот подалеку од вас. Близнаците, рибите и девицата се идеалните пријатели за вас.rn

    Јарец

    rnЗа вас неопходно е пријателите да ви се самоуверени, па токму затоа секогаш можете да се потпрете на земјените знаци девица и бик. Вагата исто така е одлична за вас, обезбедувајќи го потребното ниво на влијание на праведност што ви овозможува да го избегнете постанувањето деспот. Некогаш може нема да ви се допадне „мекиот“ пристап, но ќе знаете дека тоа е добро за вас. Кога ќе си дојдете дома и ќе се чувствувате празно, ќе ви биде потребен некој кој ќе ве разгалува безусловно. Воспитувачката енергија на ракот е добра за вас. Вагата и овенот се многу слични на вас, па ќе се пронајдете на истата бранова должина.rn

    Водолија

    rnВистина е, вие сте оригинални и само оние кои ќе го прифатат тоа ќе претставуваат задоволувачка придружба за вас. Знаци со кои најлесно ќе се сложувате се вагата и близнаците, затоа што ја споделувате способноста да ја „спуштите топката“ и да ги решите работите рационално. Сепак, најверојатно скорпијата ќе ја најдете како најзадоволувачки микс на влијанија кои ќе ве научат на лојалност и респект. Раковите ќе бидат од голема помош за прашањата поврзани со вашата кариера и со она што го вели срцето. Бидете сигурни дека во вашето опкружување имате луѓе кои се динамични и бесрамни, кои ве заслужуваат, како што е лавот. Со леснотија ќе се справувате со скорпијата и бикот, поради нивната способност да бидат логични, смирени и конзистентни.rn

    Риби

    rnРибите мораат да бидат внимателни при одбирањето на луѓето во нивното друштво, бидејќи тие ги апсорбираат сите влијанија, и добрите и лошите. Ракот и скорпијата изгледа се најсигурните пријатели, бидејќи ја споделуваат истата емоционална ранливост. Идеалистичкиот стрелец ќе ја разбере вашата потреба да ја користите вашата имагинација и да бидете доволно креативни за да бидете диви. Ќе му се восхитувате на авантуристичкиот јарец. Сепак на крајот на денот, ваши најблиски пријатели ќе бидат оние кои ќе ви помогнат да се справите со илузионистичката реалност, додека сè уште се восхитувате на сопствената способност да избегате од реалноста за момент. Девицата е идеална за оваа работа, но исто така можете да се спогодите и со близнаци и стрелец, кои ја споделуваат вашата способност да пронаоѓате начини за едноставно функционирање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологијата и влијанието врз другите луѓе

    Астрологијата и влијанието врз другите луѓе

    Дали умеете да им дадете доволно поддршка, разбирање и поттик на вашите најблиски и им давате на знаење дека сте секогаш тука за нив? Влијанието кое го остварувате врз другите луѓе, зависи од вашиот хороскопски знак.

    rn

    Астрологијата и влијанието врз другите луѓе

    rn

    Водните знаци (Рак, Скорпија и Риби) се исцелителите во зодијакот, бидејќи се способни да создадат повеќе хармонија и мир во нивното опкружување, отколку што чувствуваат во самите себе. Тие се најчесто претерано сентиментални личности, но имаат навистина голема вештина да направат другите луѓе да се чувствуваат подобро. Тие едноставно знаат кога треба да покажат топлина, љубов и разбирање, а кога треба да се повлечат настрана.

    rnЗемјените знаци (Бик, Девица, Јарец) секогаш создаваат чувство на сигурност и безбедност и најчесто се способни да понудат практични решенија во деликатните ситуации или во најмала рака, умеат да си најдат некаква разонода кога се соочени со нерешлив проблем. Земјените знаци се ориентирани кон реалните нешта во животот и поради тоа се многу продуктивни личности, способни да произведат видливи резултати.rnrnВоздушните знаци (Близнаци, Вага и Водолија) се јаки на зборови, но не баш со емоции. Тие преферираат да стојат настрана од емоционалните ситуации и да го анализираат животот, но тоа нивно однесување може да му стане здодевно на нивниот партнер, кога нему му е потребна поддршка и разбирање. Воздушните знаци не дозволуваат емоциите да ги надвладеат. Тие сметаат дека секоја емоција може да биде логички објаснета и разрешена. Не се сигурни во што веруваат, бидејќи нивните желби и гледишта се менуваат, како што се менува времето.rnrnОгнените знаци (Овен, Лав и Стрелец) шират чувство на морал и етика во нивното опкружување, но не се толку сочувствени со другите луѓе. Нивната самоувереност, променливост и страст, можат да имаат различен ефект врз другите луѓе. Тие се духовно дарежливи личности, кои сакаат да остваруваат влијание врз другите. Огнените знаци се создавачите на енергија во зодијакот, кои сакаат да им помогнат да луѓето околу нив целосно да го искористат нивниот потенцијал.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да бидете добар пријател?

    Како да бидете добар пријател?

    Никој не посакува еднострани пријателства, во кои некој вложува и жртвува многу повеќе од другиот, иако на сите ни се случува барем по некое такво искуство во животот. Чувството кога некој ве искористува никогаш не се заборава, меѓутоа ретко кој ја учи тешката лекција од него. Тоа се случува најчесто поради вербата во добрината и чесноста на луѓето, но и поради фактот што сите сакаме да бидеме прифатени како дружељубиви и пријатни личности од страна на останатите. Ова се неколку совети како да успеете да бидете добар пријател, но и да не дозволите некој да го искористи тоа.rnrnКако да бидете добар пријателrn

    Прво и основно, сакајте се себеси

    rnМногупати е невозможно останатите да ве примат во животот како блиски, поради фактот што не покажувате почит кон себе. Како што вели и поговорката, мора да се сакаш себеси, за да сакаш и друг. Епа оваа поговорка важи и за пријателствата, бидејќи почитувајќи се себеси, нема да дозволите некој да се поигрува со вас и вашите принципи.rn

    Донесувајте мудри одлуки

    rnПостојат луѓе, на кои колку и да пробувате да им покажете дека ви значат и дека сакате да бидете блиски со нив, едноставно не дозволуваат да станете дел од нивниот живот. Секое пријателство бара трпение, енергија и време. Пред да се впуштите во зближување со некого, запрашајте се дали и другата личност е подготвена да се посвети, колку и вие. Пријателството е обострана работа и во добро и во лошо, па доколку некој сака да го сврти вниманието целосно кон него, со сигурност не ви е потребен во животот.rn

    Имајте време

    rnКако што веќе напомнавме, за создавање и одржување пријателство потребно е време. Една од многу важните алки во синџирот наречен пријателство, е секогаш да можете да одвоите време за вашите пријатели. Во моменти на радост, тага, досада, за денгубење или за забава, воопшто не е важно, вашето второ семејство секогаш има потреба да поминува време со вас.rnrnКако да бидете добар пријателrn

    Бидете смели

    rnПонекогаш вие треба да го направите првиот потег, без разлика дали допрва планирате да се зближите со некого или да го одржите старото пријателство. За многумина ова е тежок потег и често не се ни осмелуваат да го направат, плашејќи се да не досадуваат или пак да не бидат одбиени. Но, секогаш треба да се има на ум дека за работата да тргне, мора некој малку да ја „подбутне“.rn

    Не прави го некому она, што не сакаш да ти го прават тебе

    rnОва златно правило, кое има примена во многу ситуации во животот, особено важи во пријателствата. Не може да се очекува некој да ве сака и почитува, доколку и вие не го правите истото. На добрина, со добрина се враќа.rn

    Почитувајте

    rnПочитувајте ги пријателите и третирајте ги со добрина. Со тоа ќе им покажете дека тие играат важна улога во вашиот живот, а тие ќе ви бидат благодарни и ќе знаат дека секогаш ги имате на ум. Делете комплименти за ситници и фалете ги нивните предности, тоа многу ќе им значи.rnrnКако да бидете добар пријателrn

    Слушајте внимателно

    rnНајдобрите пријателства се базираат на добро сослушување. Но, не треба да ги слушате само зборовите, туку и да ги следите оние некажаните нешта како фацијалните експресии и говорот на телото. Обидувајте се секогаш да допрашувате, да не прекинувате дур другиот зборува и да не давате совети доколку тоа не носи ништо корисно. Лошиот совет, без разлика  на  добрата намера, може да биде кобен за пријателството.rn

    Имајте разбирање

    rnПонекогаш пријателите можат да се соочуваат со проблем кој вам ви делува смешен и неважен, но потсетете се дека можеби понекогаш и тие го мислат истото за вашите грижи. Секој човек различно ги доживува нештата и на него тие делуваат поинаку и тоа е сосема во ред. Затоа без никакви расправии и тензија, дури и воопшто да не се согласувате, обидете се максимално да ги разберете.rnrnКако да бидете добар пријателrn

    Бидете лојални

    rnОва особено е важно за женските пријателства. Бидете искрени и лојални кон вашите пријатели. Почитувајте ги „женските правила“ и не прекршувајте ги.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да бидете добар цимер?

    Како да бидете добар цимер?

    Студентите кои студираат во друг град или во друга држава, најчесто го делат просторот во кој живеат со еден или со повеќе цимери. Меѓутоа, често се случува да се создаваат конфликтни ситуации помеѓу цимерите, како резултат на недостаток на почитување на правилата за живот во заедница. За да не бидете озборувани и нарекувани „ужасни“ цимери, придружувајте се до следниве совети:rn

    Бидете педантни

    rnСекогаш одржувајте го вашиот дел од собата чист и уреден. На тој начин, ако вашиот цимер секогаш растура предмети околу собата и никогаш не ги средува, ќе имате силен аргумент да се побуните.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Не ги чепкајте туѓите работи

    rnНа некои луѓе едноставно не им се допаѓа да им ја користите облеката, шминката, лаптопот или кој било предмет што е во нивна сопственост. Ако сакате нешто да позајмите, прво побарајте дозвола.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Почитувајте ја приватноста на вашиот цимер

    rnДоколку вашиот цимер спие или учи, немојте да слушате музика, немојте гласно да разговарате на телефон во истата просторија и никако немојте да каните пријатели на кафе.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Создадете правила на игра

    rnДоговорете се за сѐ што сметате дека е битно за вашето заедничко живеење, како на пример дали ќе зборувате на телефон во или надвор од собата, дали внатре може да се пуши или не итн.rn

    Согласност од цимерот за поканување на вашиот партнер

    rnПред да се договорите со вашето момче/девојка да дојде кај вас, морате прво да побарате согласност од вашиот цимер, за да избегнете конфликт. Кога сакате да поминете време насамо со партнерот, замолете го цимерот (доколку е тоа возможно) да си замине од собата 1-2 часа. Ако цимерот има разбирање за вашите потреби, секако дека и вие ќе му ја возвратите почитта во иднина.rnrnКако да бидете добар цимер?rn

    Чистење

    rnОднапред определете дел од седмицата, кога заеднички ќе ја чистите собата и поделете ја работата. Фрлање на ѓубрето и редовно купување заеднички производи се дел од правилата. Ако се придржувате до нив, ќе ги избегнете тензиите помеѓу вас и вашиот цимер.rn

    Сепак…

    rnНе заборавајте дека секогаш ќе има нешта кои ќе ви сметаат во карактерот на вашите цимери, што е нормално и природно. Научете да живеете со туѓите недостатоци и контролирајте ја вашата вознемиреност. Доколку е невозможно да излезете на крај, пријателски поразговарајте со цимерот и посочете ги работите кои сакате да ги промени. Можеби и тој/таа има да каже нешто за работите кои му/ù сметаат кај вас. Ако повторно не ве разбере и си тера по свое, побарајте од одговорните во студентскиот дом, да ве преместат во друга соба и со друг цимер.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.