Едно истражување при Универзитетот „Џон Хопкинс“ сугерира дека ризикот од развој на шизофренија во подоцнежниот животот бил приближно 24% понизок кај децата под 13 години кои израснале со куче како домашно милениче.rnrn
rnrnИако авторите на студијата посочуваат дека се потребни повеќе истражувања на оваа тема, резултатите од ова истражување сугерираат дека кај децата кои растат со куче од најрана возраст може да се промени имунолошкиот систем на различни начини.rnrnДецата кои имаат куче за миленик реагираат поразлично на алергиските реакции затоа што се во контакт со животински бактерии и вируси, а растењето со куче може да влијае и на промените во микробиомот. Исто така, многу е важно дека растењето со куче го намалува стресот кај децата, што може да влијае и на хемијата на човечкиот мозок, покажала студијата.rnrnПостојат неколку уверливи објаснувања за потенцијално заштитниот ефект кој го има контактот на детето со куче за време на раното детство. Можеби нешто од микробиомот на кучето се пренесува и на луѓето и го зајакнува имунолошкиот систем, истакнуваат истражувачите.rnrnПретходните истражувања покажале дека бактериите кои се наоѓаат во дигестивниот систем на кучето може да бидат корисни за развојот на добрите бактерии во човековото тело.rnrnДобро е познато дека тешките психијатриски нарушувања се поврзани со промени во имунолошкиот систем кои се јавуваат при изложеност на околината во раните години од животот, а бидејќи миленичињата честопати се меѓу првите кои имаат близок контакт со децата, логично било да се испита можната поврзаност на овие два фактори, според Роберт Јолкен, раководител на истражувањето и директор на Одделот за детска неврологија при Детскиот клинички центар „Џон Хопкинс“.rnrnНаучниците се изненадиле кога забележале дека има статистички значајно намалување во наодите со шизофренија, што значи дека не случајно постоел помал ризик за развој на оваа состојба кај личностите кои израснале со куче како миленик.rnrnСтудијата опфатила 1371 лица на возраст меѓу 18 и 65 години, вклучувајќи 396 лица со шизофренија и 381 на кои им било дијагностицирано биполарно нарушување.rnrnУчесниците во истражувањето беа запрашани дали имале куче во текот на првите 12 години од нивниот живот.rnrnКористејќи статистички модел, научниците откриле дека луѓето кои израснале со кучиња пред да наполнат 13 години, имаат дури 24% помала веројатност подоцна во животот да стекнат шизофренија.rnrnНајголем заштитен ефект е забележан кај децата кои веднаш по раѓањето имале контакт со куче како домашно милениче.rnrnКога станува збор за мачките како домашни миленичиња, научниците откриле дека не постои значителна корелација помеѓу растењето со нив и подоцнежниот намален ризик од развој на шизофренија или дијагностицирање на биполарно нарушување.rnrnРезултатите од ова истражување биле објавени во списанието PLOS One.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа дека луѓето повеќе ги бакнуваат своите кучиња отколку партнерите.
Tag: растење
-

Кој не би ги сакал? Откриени се нови позитивни ефекти врз здравјето на децата кои растат со кучиња
-

Зошто бананите растат свиткани?
Додека се зелени, бананите растат надолу, но одеднаш започнуваат со друг процес: се вртат нагоре кон сончевата светлина. И тоа го прават со цел да преживеат.rnrn
rnrnКога бананата ќе достигне одреден развој почнува со процес наречен негативен геотропизам. Ова значи дека наместо да растат постојано надолу, бананите се вртат кон сонцето за да добијат светлина, исто како и сончогледите. Што би се случило кога тие би растеле на страна, во права линија? Растението би ја изгубило рамнотежата и не би ја издржало тежината на плодовите. Според ова, сончевата светлина е клучна за развој на бананите.rnКако изгледа процесот?
rnБананите растат од цветот во правец кон земјата. Додека се развиваат, продолжуваат да растат надолу, но во одреден момент почнуваат со процесот негативен геотропизам, односно се вртат нагоре, што ги принудува да се свиткаат во спротивен правец формирајќи блага заобленост. Благодарение на заоблената форма тие преживуваат, а покрај тоа и растението е стабилно за да продолжи да се развива. Кој би претпоставил?!rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnБананите се дефинитивно необични плодови. А би пробале ли од овие сини банани со вкус на сладолед од ванила?rnАвтор: Весна Куковска
-

Научниците нашле начин за одново растење на изгубените заби
Навистина е страшно да изгубите заб додека сте возрасни, но ова е проблем со којшто се соочуваат многу луѓе. Над четвртина од луѓето ги губат сите нивни заби додека да наполнат 74 години. Иако забните инпланти можат да помогнат, тие се навистина неудобни, особено бидејќи не се прилагодуваат на устата со стареењето. Но изгледа дека една нова техника може да им помогне на луѓето да пораснат нови заби, и тоа за само 9 недели, користејќи матични клетки од пациентот.rnrn
rnrnИстражувачите од Универзитетот Колумбија во Њујорк се надеваат дека ќе можат да израснат анатомски правилен заб од матични клетки. Покрај тоа, овој нов заб ќе порасне на празното место на пациентот, па дури и ќе се спои со околното ткиво од непцето. Научниците веќе ја докажале способноста за одново растење заби, но не и кај луѓе.rnrnНаучниците спровеле експеримент во кој учествувале 22 стаорци. Откако биле вградени факторите за раст во устите на стаорците, новиот коскен материјал се регенерирал и интегрирал за 9 недели. Според научниците, ова е прв пат да се регенерира структура слична на заб кај жив организам.rnrnДоколку третманот се покаже успешен и кај луѓето, ќе се појават многу придобивки од новата процедура. Бидејќи забот расте на местото каде што ќе стои, нема потреба да се собираат надворешни матични клетки или да се создава внатрешна околина за растење на забот. Поради ова, научниците се надеваат дека решението ќе биде поевтино за оние кои не можат да си дозволат инпланти. Покрај тоа, забот расте во устата, ќе има пократок период на заздравување, а шансите забот да падне се многу помали.rnrnДотогаш, инплантите се најблиското нешто што им помага на луѓето да ги заменат изгубените заби. За жал, инплантите можат да бидат болни, процесот на заздравување може да биде долг и често не се прилагодуваат кај постарите пациенти. Сето ова може да предизвика паѓање на инплантот.rnrnЗа да го зачувате здравјето на забите што подолго, погледнете кои се грешките што треба да ги избегнувате при миењето заби. -

10 eдноставни совети за да го забрзате растењето на вашата коса
Долгата коса е еден од главните симболи на женственоста. Но, малку жени се задоволни од брзината со којашто расте нивната коса. Бидејќи никогаш не е доволно долга, многу девојки почнуваат да купуваат и да користат разни продукти со кои ќе го забрзаат нејзиниот раст. За среќа, постојат и неколку едноставни совети со кои природно ќе го забрзате овој процес.rnrn
rn1. Масирајте го вашиот скалп
rnДобро знаете дека здравјето на косата започнува од скалпот, односно, ако имате здрав скалп ќе имате и здрава коса. Секој ден одвојувајте по неколку минути за масирање на скалпот со цел да го стимулирате растењето на косата и да ја подобрите нејзината густина.rn
2. Пострижување
rnПостои верување дека мора да одите на фризер на секои 6 до 8 недели. Но тајната е во добрата нега и препаратите за коса што ги употребувате. Ако користите квалитетен шампон и регенератор и редовно нанесувате маска за коса, ќе биде доволно да одите на фризер само два пати годишно.rn
3. Спијте на свила
rnСпиењето на мазна површина го намалува триењето на косата во текот на ноќта, а со тоа го намалува и кинењето на влакната. Заменете ги памучните навлаки со свилени и веднаш ќе ја забележите разликата.rn
4. Правилно фенирајте ја и обликувајте ја косата
rnНемојте никогаш да ја сушите косата и истиот ден да ја обликувате со топлина. Се разбира, најдобро е да ѝ дозволите на косата да се исуши природно, но за некои девојки ова е невозможно. Со цел да ги избегнете оштетувањето и сушењето, немојте да ги правите овие две работи во ист ден.rn
5. Одморете ја косата
rnКолку повеќе ја миете и ја обликувате косата, толку ќе биде пооштетена. Поради ова обидете се понекогаш да ѝ дадете одмор. Сепак, и овде главна улога има квалитетот на продуктите што ги користите. Ако имате пегла за коса која не го оштетува влакното и истовремено користите препарати за заштита од топлина, можете да го зачувате здравјето и убавиот изглед на косата.rn
6. Поретко врзувајте ја во опавче
rnНаместо да ја врзувате косата во високо стегнато опавче, соберете ја долу. Постојаното врзување ги кине и ги кубе влакната.rn
7. Чешлање
rnИнвестирајте во квалитетна четка со природни влакна која нема да ви ја кине косата додека ја чешлате. Исто така треба да знаете дека чешлањето на корењата ја стимулира циркулацијата на главата и ги потхранува фоликулите.rn
8. Фарбање
rnОбидете се да не ја осветлувате косата премногу бидејќи бланшот и светлите фарби го оштетуваат влакното. Најдобро е да одберете или кратка и светла коса, или темна и долга.rn
9. Миење со оцет
rnСтудената вода и јаболковиот оцет по миењето со шампон ќе ги затворат фоликулите на влакната и ќе ја направат косата сјајна. Не грижете се за мирисот на оцетот бидејќи трае многу кратко.rn
10. Избегнувајте надградба за коса
rnДоколку сакате да ја пораснете косата, користете ја надградбата само во посебни прилики и носете ја кратки периоди. Надградбата со штипки е одлична, но само ако можете да ја извадите без кубење на косата. Дополнителната тежина од надградбата може да ја искуби вашата коса.rnrnПробајте ги и овие едноставни маски против опаѓање на косата.
-

Мајка го документирала растењето на син ѝ цели 17 години, а резултатот ќе ве воодушеви
Интернационално признатата фотографка Ани Ванг од Тајпеј, уште одамна сфатила дека воопшто не ѝ одговара стереотипната улога на мајката.rnrn
rn„Моите артистички стратегии се засновани на самоприкажување. Во светот на мајките каде што сè е сокриено, најдобриот начин да се искажете е преку стратегијата на самоприкажување. Јас, како жена и мајка, активно се обидував да се создадам себеси, наместо пасивно да бидат претставена од машки артист, како што е традицијата.“
rnАни го гледа мајчинството како долго и комплексно патување кое не мора да биде само за жртвување и несебичност. Таа наоѓа паралела помеѓу мајчинството и нејзината работа како артист и создава нешто ново низ разните фази на постоење.rnrn
rn„Мајката е како уметник што ја завршува својата работа користејќи ја својата мудрост. Мајката не само што создава живот, туку создава постојана матрица на искуства помеѓу мајката и синот.“
rnНејзиниот проект наречен „Мајката како креатор“ е обид да ја претстави фузијата на мајчинството и уметноста и преку него прикажала како се одвивало растењето на нејзиниот син.rn
„Овде секоја година правам семејна фотографија со мене и со син ми, а следната година се фотографираме пред претходната фотографија. Па разни слоеви од мене и од син ми се појавуваат на површината.“
rnРезултатите се неверојатни и восхитиле многу луѓе ширум светот. Денес нејзиниот син има 18 години и е горд што пораснал со уметноста на мајка му. Погледнете како изгледа крајниот резултат на нејзиниот долгогодишен проект.rn
2001: Денот пред да се породам
rn
rn2002: Заедно фотографираме
rn
rn2003: Ногата на син ми беше во гипс
rn
rn2004: Прославување Божиќ
rn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Како да ја пораснете вашата брада дури и ако тоа ви изгледа невозможно?
Традиционално, брадите се симбол за мажественост, моќ, сила и мудрост. Но обидувајќи се да ја пораснат својата брада, многу мажи на почетокот се соочуваат со чешање и се откажуваат. Доколку ја пораснат, неправилната нега прави брадата да изгледа запуштено. Ако се обидувате да ја пораснете вашата брада, можеби овие совети ќе ви се најдат.rn
1. Правилото од 4 недели
rn
rnrnПрвата и најтешка фаза, односно првите 4 недели, бара најмногу трпение. Во овој период чешањето е најсилно и многу мажи се откажуваат и се бричат. Брадата го достигнува својот „полн потенцијал“ по еден месец, па потребно е само да издржите.rn2. Не ја заборавајте вашата кожа
rn
rnrnАко сте ги издржале четирите недели, време е за нега на вашата кожа. Важно е редовно да ја чистите брадата, да ги отстранувате мртвите клетки со пилинг за да го спречите зараснувањето на влакната и редовно да ја навлажнувате кожата.rn3. Вежбајте редовно
rn
rnrnНе е тајна дека редовното вежбање ја подобрува циркулацијата на крвта, која пак има позитивно влијание на растот на влакната, како и на нивниот квалитет. Покрај тоа, вежбањето го поттикнува лачењето на тестостеронот кој придонесува во здравјето на фоликулите на влакната.rn4. Избегнувајте стрес
rn
rnrnКолку изненадувачки и да звучи, стресот има негативно влијание на вашата брада. Причината е што кога сте под стрес, вашето тело го лачи хормонот кортизол кој го намалува лачењето на тестостерон. Покрај тоа, кога сте под стрес крвните садови се стегаат, па хранливите материи од крвта потешко стигнуваат до фоликулите на влакната.rn5. Внимавајте на исхраната
rn
rnrnЗдравата исхрана е важна и е од голема помош на сите. Но ако сакате густа брада, се препорачува да консумирате повеќе продукти со протеини. Исто така зголемете го внесот на јаткасти плодови, овошје со витамин Ц и јајца. Не заборавајте да пиете и доволно вода.rn6. Земајте додатоци во исхраната
rn
rnrnДодатоците кои содржат железо, цинк, бакар, витамини Б, Д и Е, како и магнезиум, можат да го поттикнат растењето на брадата. Бидејќи денес ретко ги внесуваме овие материи преку храната, препорачливо е да земате додатоци.rn7. Користете масла
rn
rnrnКористењето масла за брада е навистина корисно, особено ако сте на место со екстремни температури. Тенкиот слој масло ќе ѝ даде сјај на брадата и ќе ја заштити од оштетување. Најдобро е да одберете масло чија главна состојка е јојоба.rn8. Редовно скратувајте ја и оформувајте ја брадата
rn
rnrnМожете сами да ја скратувате брадата, или да одите на бербер. Задолжително направете го тоа после првите 4 недели. Потоа потстрижувајте ја на секои 2 до 3 недели, во зависност од тоа колку брзо ви расте. Немојте да ја потстрижувате брадата по туширање, бидејќи можете да скратите повеќе отколку што сакате.rn9. Употребувајте балсам за коса
rn
rnrnНе само што треба редовно да ја миете брадата со шампон, туку треба да користите и балсами и регенератори за коса. И ова ќе ви помогне да имате густа и сјајна брада. Нанесете го регенераторот по шампонот, оставете го да делува некое време, поминете низ брадата со прстите или со чешел и исплакнете.rnrnДознајте и каква брада ви одговара според формата на лицето. -

Како конечно да пораснете и да станете независна жена?
Нема ништо лошо во тоа да го прифатите вашето внатрешно дете, но секој знае дека штом ќе стигнете до 20-тите, на некој начин веќе сте и возрасни. Понекогаш ова може да биде тешка задача и ќе посакате да се вратите на училиште, да се забавувате и да не се грижите за важните работи. Но важно е да знаете како да пораснете и да станете независни.rnrn
rn1. Сфатете ги нештата сериозно
rnНеодамна се прослави концепт, односно идеја дека толку не сакате да пораснете што не ги сфаќате нештата сериозно. Се шегувате дека повеќе сакате да јадете помфрит наместо да направите хранлив ручек. Исто така се шегувате за состојбата на вашата сметка во банката. Едноставно, посакувате растењето воопшто да не постои. За жал, ако сакате да пораснете шегувањето нема да ви помогне. Можеби ќе направи да се чувствувате подобро, но тоа не е доволно. Почнете посериозно да ги сфаќате нештата и тогаш навистина ќе ви биде подобро. Кога ќе си признаете дека си ја сакате работата и дека сакате да заработувате, ќе се чувствувате навистина гордо.rn
2. Престанете со озборување
rnТешко е да созреете кога единственото нешто што го правите со пријателките е озборување. Озборувањето никогаш не е добра идеја, не прави да се чувствувате добро, па нема причина да го правите. Наместо тоа направете вистински разговор со луѓето во вашиот живот. Ќе почнете да размислувате позрело штом ќе престанете да ги критикувате другите. Сепак, и вие не би сакале да зборуваат лошо за вас.rn
3. Престанете да се грижите за ситници
rnКога сте во средно навистина е лесно да помислите дека секоја одлука е од голема важност. Токму поради ова тинејџерите се навистина драматични. Вистинско искушение е да продолжите со тоа однесување и кога ќе пораснете. Но, време е да престанете да се грижите за ситници. Можете да се тренирате да размислувате дека сè ќе биде во ред. Подобро е да мислите дека нема да се случи ништо лошо ако задоцните.rn
4. Правете повеќе работи за другите луѓе
rnДа бидете возрасни значи да мислите за другите повеќе отколку што мислите за себе. Правењето добри нешта за другите е одличен начин да созреете. На овој начин ќе научите да бидете сочувствителни и ќе ги сфатите и нивните проблеми. Ова ќе ви биде потсетник дека секој има проблеми и дека вашите не се толку сериозни колку што ви изгледаат. Нема потреба да купувате скапи подароци за ова. Можете да го проверите пријателот кој не се чувствува добро, или да ѝ понудите помош на вашата мајка.rn
5. Научете да кажувате НЕ и да се слушате себеси
rnНе можете да ја прифатите секоја покана за забава. Всушност можете, но тогаш нема да бидете среќни и нема да уживате. Ако сакате да созреете, почнете да кажувате НЕ. И треба да не чувствувате вина кога го правите тоа. Слушајте се себеси и правете го она што вам ви треба. Да пораснете значи да бидете пријатели и со самите себеси.rnrnДали знаете кои се 10-те фази на созревање во 20-тите?
-

Како да ја направите вашата коса подолга и погуста за само 30 дена?
Секоја девојка бара начин да има сјајна долга коса. Сепак, косата навистина може да го подобри вашиот изглед. Според науката, косата расте од 0,3 до 0,5 милиметри дневно, 1 до 1,5 центиметар месечно и 12 до 15 центиметри годишно. Многу девојки се соочуваат со еден или повеќе проблеми во врска со нивната коса, па можеби овие трикови ќе ви помогнат да решите некои од нив.rn
1. Спријателете се со ножиците
rn
rnrnКога сакате да ја пораснете косата, сигурно не ни помислувате на пострижување. Но важно е да ја кратите косата редовно ако сакате побрзо да ви порасне. Скратувањето не само што ќе ве ослободи од оштетените и распукани врвови, туку ќе ви помогне и да го одржите здравјето на косата. Кога нема распукани врвови штетата нема да влијае на корењата и косата ќе изгледа поздраво. Покрај тоа многу полесно е да ја обликувате скратената коса.rn2. Не заборавајте го регенераторот
rn
rnrnПостои мит за тоа колку долго треба да го оставите регенераторот да делува, и тој мит е лажен. Спротивно на популарното верување, тој веднаш делува на косата. Покрај тоа ја штити косата од пешкирот додека е влажна. Немојте да мислите дека регенераторот е наменет само за некои видови коса. Потребно е да го користат сите.rn3. Магични состојки
rn
rnrnМожете да нанесете и некои состојки директно на косата и скалпот. На пример, сокот од кромид и лук, јаболковиот оцет и кокосовото млеко ја хранат косата и го забрзуваат нејзиниот раст. Покрај тоа тие го подобруваат целокупното здравје на косата и скалпот.rnrnАко мислевте дека пивото е само за пиење, обиде се да го зовриете. Откако ќе зоврие додајте го вашиот шампон во него и измијте ја косата. Можете да го правите ова 2-3 пати неделно. Шампонот со пиво ќе ги отстрани сите нечистотии од косата и е одличен регенератор.rn4. Неделна грижа со масла и маски
rn
rnrnМаската или маслото за коса треба да ги користите еднаш неделно. Ова е особено важно ако сакате да ја пораснете косата. Ова ќе ги одржи важните масти на косата кои ќе ја направат поздрава. Маслото нанесете го на сува коса и потоа лесно ќе можете да го отстраните со шампон. Можете да користите состојки како мед, лимон, авокадо, маслиново масло и сок од кромид за да направите маска за коса.rn5. Свилени навлаки за перница
rn
rnrnОва е едноставна промена што може да го забрза растот на косата. Наместо памучни, употребувајте свилени или сатенски навлаки за перница. Причината е што мекоста на свилата е подобра за косата за разлика од памукот. Свилата и сатенот не предизвикуваат триење, а со тоа се избегнува заплеткувањето и оштетувањето на косата.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

9 знаци дека се претворате во мудра и зрела душа
Многу луѓе во светот не знаат како да се развиваат и растат, без оглед на нивните години. Стареењето за некои луѓе може да биде страшно, па затоа многумина се обидуваат да го „одложат“ овој процес на тој начин што се однесуваат незрело. Доколку се чувствувате како возрасни луѓе и ви треба потврда дека успешно сте созреале, следниве 9 знаци ќе ви ја откријат вистината…rnrn
rn1. Се чувствувате како да немате цел
rnОва е првата фаза на созревање, без разлика дали имате 25 или 55 години. Сите понекогаш се чувствуваме малку изгубено, како да не знаеме каде треба да бидеме. Ова чувство е природно и се јавува како последица на сознанието дека сме дел од еден многу голем свет. Немојте да се борите, прифатете ја зрелоста на вашата душа и правете го она што ви носи среќа.rn
2. Имате повеќе трпение
rnЕден од најчестите знаци што укажуваат на духовна зрелост е зголеменото трпение и толеранција. Сте научиле дека не мора сѐ да завршите веднаш. Уживате во вашето патување и не ви е важна само крајната дестинација. Поединците кои имаат зрела душа го користат своето време за да запознаат нови луѓе. Не се вознемируваат поради ситници и уживаат во повремената пасивност.rn
3. Чувствителни сте
rnВо последно време станувате многу чувствителни. Тоа се случува затоа што им се отворате на луѓето и се ослободувате од сите стари бариери. Не се плашите од одбивањето, па затоа не градите ѕидови околу себе. Благодарение на сето тоа, ќе почнете да вложувате повеќе време во емоциите, врските и авантурите. Полесно ќе се расплакувате, но најчесто тоа ќе бидат солзи радосници.rn
4. Лесно простувате
rnЛуѓето со зрела душа секогаш се подготвени да простат. Тие знаат дека држењето лутина најмногу боли. Многу е важно да научите да простувате, бидејќи на тој начин се ослободувате од сите работи што се штетни и бескорисни. Успевате да постигнете внатрешен мир, така што се откажувате од гневот.rn
5. Не ви е потребно туѓото одобрување
rnЕден од знаците на духовна зрелост е намалената зависност од туѓото одобрување. Со други зборови, не ви требаат постојани пофалби за да се чувствувате значајно. Знаете дека вредите поради тоа што го правите и начинот на однесување кон другите луѓе. Вашата вредност е поголема од она што другите можат да ви го дадат, бидејќи започнува од сопственото одобрување. Луѓето со силно и здраво чувство на самосвесност полесно донесуваат одлуки, преземаат ризици и ги користат приликите.rnrn
rn6. Ранливи сте
rnЕдна од најтешките лекции што треба да ги научите е тоа дека не можете да воспоставите целосна контрола врз вашиот живот. Меѓутоа, со текот на годините ова ќе ви станува сѐ полесно, бидејќи постои еден вид задоволство во сфаќањето дека ништо не е сигурно. Можеби нема да можете да влијаете на секој аспект од вашето постоење, но тоа значи дека може да ви се случат неверојатни и возбудливи работи што никогаш не сте ги ни замислувале.rn
7. Вашите односи се посебни
rnДуховната зрелост зависи и од тоа дали знаете како и кога да се ослободите од токсичните односи, без разлика дали се работи за партнери, пријатели или членови од семејството. Животот не се заснова на тоа колку пријатели можете да имате. Многу поважно е да имате мал број лојални пријатели кои ќе ви бидат посветени. Опкружувајте се со ведри, среќни и инспиративни луѓе. Не трошете време на поединци кои сакаат да ги искористат вашите слабости за да ги постигнат своите цели или на луѓе кои не ве поттикнуваат да го извлечете најдоброто од себе.rn
8. Зависни сте од учење
rnНа најзрелите души никогаш не им е доста од знаење. Тие сакаат да научат многу работи. Тоа ги прави креативни и забавни. Тоа им помага да најдат фокус во животот и да ја зголемат својата емпатија и разбирање кон другите луѓе. Никогаш нема да видите зрела душа како пропушта прилика да стекне знаење преку книга, документарци, јазици, патувања и нови хобија.rn
9. Сакате да оставите трага
rnНајважниот знак дека имате зрела душа е духовниот напредок и желбата да оставите нешто значајно зад себе. Знаете дека материјалниот живот е минлив, а духот вечен. Овој живот е само еден дел од вечноста, па затоа вие сте подготвени да ја согледате поголемата слика.rnrnВо продолжение, прочитајте ги и овие 10 знаци дека сте го откриле вашиот духовен пат.rn
-

28 работи што ќе почнат да ви се случуваат откако ќе наполните 25 години
Иако сте сè уште млади, кога ќе наполните 25 години ќе почнете да сфаќате дека всушност растете. Ќе се соочите со многу животни промени кои понекогаш ќе ви изгледаат страшни. Погледнете што ве очекува кога ќе стигнете до оваа возраст.rnrn
rnrn1. Ќе излегувате само една вечер од викендот. Или петок или сабота, речиси никогаш и двата дена.rnrn2. Ако излезете повеќе од 2 дена по ред, потребна ви е цела недела за да закрепнете.rnrn3. Секој кој е на возраст од 20 до 23 години го гледате како бебе, иако сте само 2, 3 години постари од нив.rnrn4. Почнувате да го чистите лицето пред спиење наместо да си легнувате со шминка.rnrn5. Почнувате да користите продукти против стареење и секој ден нанесувате крема за навлажнување на кожата.rnrn6. Почнувате да имате разни хобија наместо само да пиете за викендите.rnrn7. Сметате дека треба да се храните поздраво поради нештото наречено метаболизам.rnrn8. Почнувате да донесувате одлуки кои всушност се добри за вашето здравје. Не излегувате да пиете до 4 наутро веднаш откако сте оздравиле од грип.rnrn9. Почнувате да купувате работи кои се добри за вашето здравје, како на пример 14 вида есенцијални масла кои прават вашиот дом да мириса на лаванда.rnrn10. Вашата почетна на Фејсбук полека се претвора од девојки со кратки здолништа во девојки во венчаници.rnrn11. Сите околу вас почнуваат да се венчаат.rnrn12. Сите магнети на вашиот фрижидер служат како потсетници за важни настани.rnrn13. Повеќе не можете да го користите изговорот „Само што завршив со студирање“ ако сè уште сте невработени.rnrn14. Морате да пресметате пред колку време сте дипломирале, бидејќи сигурно поминале барем 3 години.rnrn15. Не ви е познат јазикот кој го користат децата, а ако го знаете не се чувствувате пријатно кога го користите.rnrn16. Се чувствувате 10 години постаро кога ќе речете: „Јазикот кој го користат денешниве деца…“rnrn17. Помалку се грижите за изгледот, а повеќе за удобноста. Ниските чевли не прават да изгледате добро како оние со високи потпетици, но не ви е грижа за тоа.rnrn18. Почнувате да кажувате работи како: „Не можам да го правам тоа како порано“.rnrn19. Гледате стари фотографии и кажувате работи како: „Тоа беа добри денови“.rnrn20. Секој викенд имате ноќ за себе кога не правите ништо.rnrn21. Веќе сте ги изгледале сите популарни ТВ серии и филмови.rnrn22. Почнувате да купувате работи за чистење, како правосмукалка, бидејќи не можете да живеете во неред како кога сте биле студент.rnrn23. Сфаќате колку се скапи работите за чистење. Вашата правосмукалка може да чини колку месечната кирија.rnrn24. Секогаш размислувате за тоа како ќе ја платите киријата. Многу често не ја купувате облеката која сметате дека не ви е толку потребна.rnrn25. Размислувате за стареење и велите дека никогаш не сакате да имате 26 години, а тоа ќе се случи наредната година.rnrn26. Подобро ви е да купите евтино вино и да го испиете дома наместо да давате пари за скап коктел во некој ресторан.rnrn27. Уживате во купувањето покуќнина.rnrn28. Почнувате да штедите за кога ќе бидете во пензија.rnrnПогледнете ги лошите навики од кои треба да се ослободите пред да наполните 25 години.