КАФЕ ПАУЗА

Tag: растење

  • 15 знаци дека се претворате во вашите родители

    15 знаци дека се претворате во вашите родители

    Иако додека растеме се бунтуваме против авторитетот на нашите родители, сепак, порано или подоцна сите се претвораме во копија на нашите мајки и татковци. Еве 15 знаци кои упатуваат на тоа дека не само што сме пораснале, туку и веќе почнуваме да наликуваме на нашите „стари“.rnrn15-znaci-deka-se-pretvorate-vo-vashite-roditeli-kafepauza.mkrnrn1. Планирате кога и каде ќе одите да пазарите со цел да ги фатите попустите и акциите во супермаркетите.rnrn2. Имате картички за собирање поени во сите продавници, од оние за прехрана и аптеките, па сѐ до салоните за мебел.rnrn3. Си легнувате во 9 вечер и не мислите дека тука има нешто лошо.rnrn4. Ви пречат соседите кои во текот на работната недела пуштаат гласна музика и собираат пријатели дома.rnrn5. Не ви паѓа на памет да излезете од дома со мокра коса, бидејќи може да настинете.rnrn6. Секогаш користите подлошки за чаши.rnrn7. Длабоко сте шокирани кога ќе видите млади луѓе со гол стомак или без јакна на ветровито време.rnrn8. Обрнувате посебно внимание на рекламите за производи за чистење.rnrn9. Се фаќате себеси како предупредувате некој друг да не направи нешто што е неморално.rnrn10. Во разговор со децата започнувате реченица со: додека си под мој покрив…rnrn11. Појадувате.rnrn12. Во чантата секогаш имате здрави грицки, шише вода и прва помош.rnrn13. Кога одлучувате што да гледате на телевизија, предност им давате на емисиите од наше (или екс-ју) производство.rnrn14. Надокрај ја сфаќате убавината во штедењето.rnrn15. Шегите на вашите родители наеднаш ви стануваат смешни.

  • Сеќавања за детството и моментот кога пораснавме

    Сеќавања за детството и моментот кога пораснавме

    „Не се сеќаваш на моментот кога порасна. Се случи една ноќ додека спиеше, помеѓу денот кога си игравме и денот кога никогаш повеќе не си игравме.“

    rnsekjavanja-za-detstvoto-i-momentot-koga-porasnavme-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 16 нешта за вашата мајка кои не ги ценевте до вашите 20-ти

    16 нешта за вашата мајка кои не ги ценевте до вашите 20-ти

    Тие се супер жени и не постои нешто за што не се способни. Бидејќи наближува денот на мајката, ајде да се потсетиме макар на дел од работите поради кои нашите мајки се неверојатни.rnrn16 нешта за вашата мајка кои не ги ценевте до вашите 20-тиrn

    1. Готви одлично и нејзината храна е највкусна

    rnСè додека не пораснеме и не се одделиме од домот, како на пример поради студирање во друг град, нема да сфатиме колку е прекрасна храната на мама и колку ни фали кога ја нема. Можеби се мрштевте пред супата од брокули и сè што посакувавте беше порција пржени компирчиња, но сега знаете дека кујната на вашата мајка е свето место каде се приготвуваат највкусните јадења. И секако, ни еден ресторан не се грижи да ни обезбеди толку витамини во една порција ручек.rn

    2. Воглавно е во право за голем број нешта

    rnОд совети за љубовни врски до совети за фризури или гардероба, како што растеме сфаќаме дека мајките едноставно биле во право.rn

    3. Забавно е да се зборува со неа

    rnНастрана од лудите години кога ја сметавте за вонземјанин кој не го разбира вашиот начин на живот, сега сфаќате дека вашата мајка е интересна личност и дека кога и двете сте опуштени, може да ви биде многу забавно.rnrn16 нешта за вашата мајка кои не ги ценевте до вашите 20-тиrnrn

    4. Знае премногу за водењето на едно домаќинство

    rnКога ќе се навратите низ годините и кога ќе ви текне макар на третина од сите нешта за кои мајка ви е способна, сфаќате дека треба да ѝ биде врачена диплома за доктор на науки. Вашата мајка ќе се погрижи тогаш кога ќе се осамостоите и ќе почнете да живеете одделно, вашето живеалиште да стане топол дом.rn

    5. Знае да испрати луди пораки

    rnТоа што не умее да се носи со најновата технологија на ироничен начин ја прави најкул личност на цел свет. Знае да испрати по некоја луда порака и секогаш ве засмеваат нејзините повици за помош при раководење со некоја компјутерска програма.rn

    6. Таа е служба за изгубено и најдено во вашиот дом

    rnЕдноставно на некој магичен начин знае што барате и каде е тоа што го барате.rn

    7. Ги слушала вашите проблеми и ви дала непроценливи совети

    rnЈа ислушала вашата „љубовна драма“ од градинка, а ви дала непроценливи совети за љубовта во средно. Никогаш не е без зборови, секогаш знае што да каже и како да ве утеши, а нејзините зборови секогаш допираат до срцето.rnrn16 нешта за вашата мајка кои не ги ценевте до вашите 20-тиrnrn

    8. Поради одлуките што ги направила додека сте растеле…

    rnВе израснала во она што сте денес. Зборовите се излишни.rn

    9. Знае кога да ве мавне со вистината по чело

    rnТаа не е другарка која сака да ве теши, таа се грижи за вашата иднина и ќе ве натера да се соочите со вистината, па колку и да била сурова.rn

    10. Вложила време и пари на секое ваше детско хоби

    rnСте барале часови по танц или свирење гитара? Иако биле свесни дека можеби нема да станете светски прваци, вашите мајки без збор вложувале во вас.rn

    11. Секогаш ќе биде тука за вас

    rnВие сте нејзино дете, без разлика колку сте возрасни. Секогаш е подготвена да го згазне под нозе оној кој ќе ве повреди.rn

    12. Затоа што не е Ејми од „Злобни девојки“

    rnИ многу сме благодарни поради тоа.rn16 нешта за вашата мајка кои не ги ценевте до вашите 20-тиrnrn

    13. Знае да биде многу кул

    rnДа бидеме искрени, вашата мајка, со добро друштво и одредена доза алкохол, може да биде позабавна од која било комедија помножена со 100.rn

    14. Затоа што ве трпела 24/7

    rnМоже да си замислите колку сте ја нервирале на моменти, колку сте биле фрустрирачки дури и неподносливо размазени во некои ситуации? Таа ве трпела.rn

    15. Воопшто не била гадлива кога станува збор за вас

    rnЧистела по вас и видела сè и сешто кога сте биле мали. Ја пробувала храната за вас, ви менувала пелени, и што уште не.rn

    16. Во реалноста таа е многу повеќе од мајка

    rnКога бевте мали ја викавте „мамо“ и според вас нејзината професија едноставно беше мајка. Кога пораснавте сфативте колку била присутна на многу други полиња во животот и дека едноставно е експерт за мултитаскинг. Сега кога подобро ќе размислите, сфаќате дека треба да ѝ симнете капа.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто треба да си ја следите интуицијата?

    Зошто треба да си ја следите интуицијата?

    Има моменти во животот кога интуитивно знаеме што треба да направиме и кон што треба да целиме, но понекогаш ги игнорираме таквите чувства и решаваме да дејствуваме разумно. Еве зошто тоа не треба да биде така и зошто треба почесто да ја следите интуицијата.rnrnЗошто треба да си ја следите интуицијата?rn

    Пронаоѓање на вистинската личност

    rnКога станува збор за љубовта, лесно може да потпаднете под влијанието на другарите/другарките и да ги следите единствено советите кои тие ви ги даваат. Колку пати ви се случило да излегувате со некого за кој/а тие мислат дека е супер за вас, а на крајот излегува сосема спротивното? За да ги избегнете таквите ситуации во иднина, престанете да се фокусирате на тоа што другите го мислат и послушајте што има да ви каже интуицијата. Таа сигурно ќе ви го покаже патот кон вистинската личност.rn

    Професионална исполнетост

    rnСо следењето на интуицијата ќе почнете да ги следите и сопствените страсти и ќе градите кариера што вистински ве исполнува, а не ви претставува измачување. Само треба да ги почувствувате и следите сигналите и да верувате во себеси.rn

    Истражување на светот

    rnДодека сѐ уште имате време, истражете го светот и пронајдете го местото каде најубаво се вклопувате и кое најубаво ви одговара. Интуицијата самата ќе ви покаже каде треба да се движите бидејќи таа веќе знае каде вистински припаѓате или барем, кои места би требало да ги посетите.rn

    Целосно искористување на потенцијалите

    rnУспехот не доаѓа со седење и чекање. Младоста е период од животот кога најмногу треба да преземате ризици и да ги остварувате зацртаните цели. Потребна е храброст да се почне, но подоцна таквиот потег секако ќе ви се исплати. Вашата интуиција ќе се погрижи правилно да ве насочи на она место каде ќе бидете во можност максимално да ги покажете своите потенцијали и да напредувате како личност.rn

    Себепочитување

    rnАко животот ви се базира на постојано следење на советите од другите, ќе се претворите во личност која воопшто нема да ја сакате и почитувате еден ден. Вашата интуиција веќе сигурно знае што ви е потребно. Доколку научите да ги препознавате таквите сигнали, веројатно е дека ќе бидете многу поисполнети и позадоволни од себеси. Затоа, не ги задушувајте таквите чувства со силата на разумот и дозволете ѝ на интуицијата да ви покаже што е најдобро за вас.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Постои ли детето во тебе?

    Постои ли детето во тебе?

    Автор: Валерија ДамчевскаrnrnПостои ли детето во тебе?rnrnСекој еден од нас заборава на детето во себе. Заборава колку бил среќен, колку сонувал, со кого израснал.rnГи заборава куклите кои биле луѓе за него, ги заборава војните со другарите и топките кои значеле премногу, ги заборава коцките кои ги гледал како згради.rnДали воопшто некој некогаш се сеќава на детството?rnrnДали сега светот е толку шарен и едноставен?rnДали сите луѓе можат да бидат добри и на твоја страна?rnДали топката е само играчка или средство за стекнување богатство?rnДали играта е задоволство или само бизнис?rnДали љубениот е само кукла или вистинско суштество?rnДали љубовните приказни се само на филм или ни се случуваат нам?rnДали им кажуваме сè на родителите како порано или пак многу малку?rnДали ја бакнуваме мама за добра ноќ или пак се караме жестоко со неа?rnДали времето „работи“ на наша страна?rnДали секој ден ни е само игра или вистински се случува?rnДали болката ни е од удрено колено или од скршено срце?rnДали солзите капат заради скршена играчка или пак за заминување на некој другар?rnДали плускавиците ни се од патиките во кои трчаме или пак од штикли кои божем нè прават поубави?rnДали во секого гледаме другар или пак се плашиме од многу погледи?rnДали цигарата е само смрдливо нешто кое го пуши тато или ни служи за да ги смириме и ублажиме страдањата?rnДали пивото е горчливо или сега е премногу добро?rnДали се радуваме на сонцето или се криеме од него?rnДали пишуваме споменари или пак објавуваме песни на Фејсбук?rnДали вредеше да пораснеме, бидејќи кога бевме деца си игравме возрасни? Но дали да влеземе во светот на лаги, омраза, болка, дрога, силување, во светот каде секој ја носи својата маска?rnrnИ денес кога ќе го прочитате ова, запрашајте се дали го исполнивте својот сон или само пораснавте?

  • Дигитализирано цвеќе кое расте без да го посадите

    Дигитализирано цвеќе кое расте без да го посадите

    Click & Grow е креативен изум кој на вашиот дом ќе му даде допир со природата. Најинтересното е тоа што на овие саксии со цвеќиња, не им треба градинар. Во саксијата има електронски систем, кој е способен сам да ја дозира водата, хранливите материи и воздухот, кои му се потребни на цвеќето. Дигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеСѐ што треба да направите е да ставите батерии и вода во садот, а за останатото ќе се погрижат сензорите, софтверот и процесорот. Интересно е тоа што, во „саксијата“ можете да менувате повеќе различни видови цвеќиња. Па ако ви досади од едно, можете да ставите друго растение. Дигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеrnРаботи на сличен принцип како печатач, го заменувате едниот со другиот патрон, но наместо да печатите, ќе ви порасне ново цвеќенце. Се продава на Amazon, а достапни се различни видови растенија: мини домати, лути пиперчиња, босилек, магдонос, цитронела, француски невен, жалфија, колеус (шарена коприва)…Дигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеДигитализирано цвеќе кое расте без да го посадитеПогледнете во видеото како растението магично расте, без да го посадите. :)rnrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што би сакале адолесцентите нивните родители да знаат?

    Што би сакале адолесцентите нивните родители да знаат?

    Во обидот да го изведат своето дете на прав пат, родителите речиси секогаш наидуваат на ѕид поставен од адолесцентот кој е резултат на одредени разидувања во нивните ставови. Кои се оние работи кои родителите треба да ги имаат предвид кога го градат односот со детето-адолесцент?rnrnShto-bi-sakale-adolescentite-nivnite-roditeli-da-znaat-www.kafepauza.mk_rn

    Адолесцентите си ги сакаат родителите

    rnВо периодот на адолесценција детето има потреба да се дистанцира од родителите со цел да изгради свој сопствен идентитет. Тоа родителите го сфаќаат премногу лично и се обидуваат да го решат со рестриктивност. Сепак, дури и кога се чини дека тие не слушаат и само ги превртуваат очите, родителите мораат да продолжат со внимание да ги воспитуваат децата затоа што тоа е единствениот начин да израснат во здрави личности.rn

    Времињата се променети

    rnРодителите често напаѓаат со аргументот дека и тие некогаш биле млади, знаат како е, па денес не можат да се изначудат на однесувањето на младите. Сепак, треба да бидат свесни дека времињата се променети и дека да се биде млад во осумдесеттите години и денес не е исто. Моралот и целокупниот систем на правила за однесување драстично е променет, а адолесцентите не сакаат ниту да помислат да бидат неприфатени од средината.rnrn2-Shto-bi-sakale-adolescentite-nivnite-roditeli-da-znaat-www.kafepauza.mk_rn

    Неопходна им е поддршка да се справат со стресот

    rnНа децата им е потребен таков однос од страна на родителите којшто ќе им овозможи да си ги задоволат сите емоционални потреби, а притоа да научат каде се поставени границите за нивното однесување. Особено на тинејџерите им е неопходна помош да се справат со стресот кој го носат настаните на нивна возраст. Можеби ќе се изненадите, но тие сакаат понекогаш да им се каже „не“. Кога родителите им дозволуваат сешто, децата тоа го сфаќаат како негрижа и ќе се обидат преку лошо однесување да проверат дали родителите сè уште се грижат за нив.rn

    Сакаат повеќе одговорност

    rnВо брзањето да пораснат, адолесцентите се обидуваат да преземат одредени одговорности. Нивното исполнување и задоволството кое доаѓа од тоа се клучни за правилниот развој на личноста на адолесцентот. Затоа, родителите би требало да им даваат достижни задачи на нивните деца и да имаат целосна доверба во нивното исполнување. Сомнежот во нивните способности ќе ја разјаде нивната самодоверба.rnrnШто би сакале адолесцентите нивните родители да знаатrn

    Дури и „добрите“ деца грешат

    rnАдолесцентите сакаат да ги проверуваат границите до каде може да се толерира нивното однесување. Тоа е еден од начините на којшто учат. Во ваква ситуација, родителите не треба веднаш на детето да му залепат „лоша“ етикета, со што и неговото поранешно добро однесување би го оцениле како лошо, туку со мирен разговор да откријат зошто тоа постапило токму така.rnrnШто би сакале адолесцентите нивните родители да знаатrn

    На децата, мислењето на родителите им е најважно на светот

    rnАдолесцентите сакаат родителите да бидат горди на нив и да ги прифатат онакви какви што се. Иако родителите често ги споредуваат нив со другите деца, тоа не дава ефект затоа што тие го мразат тоа. Тие и онака по цел ден се споредуваат со другите и најчесто се чувствуваат несигурни поради тоа. Затоа родителот треба да го прифати своето дете и да му биде најголем поддржувач. Тоа ќе води до многу намален ризик да покаже негативно однесување.rn

    Тинејџерите не сакаат да гледаат како родителите се караат

    rnВо годините кога осознаваат како изгледа една љубовна врска, родителите им го даваат најсилниот пример на своите деца. Не е пожелно тие да гледаат како родителите се во конфликт, затоа што тоа може подоцна да го пресликаат и во своите врски.

  • Филмови со кои секое дете треба да порасне

    Филмови со кои секое дете треба да порасне

    Автор: Горана КоневскаrnrnСите ние си имаме одредени играни или цртани филмови кои нè потсетуваат на детските денови. Има премногу убави и поучни филмови со забавни содржини, но ние подготвивме една кратка листа, па ако некои од овде наведените сте ги пропуштиле, задолжително гледајте ги во текот на викендот кој следува:rnrnФилмови со кои секое дете треба да пораснеrn

    1. Гуниси (Goonies)

    rnФилмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: авантураrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 7 јуни 1985rnrnГлавни улоги: Шон Остин, Џош Бролин, Џеф КоенrnrnВреметраење: 114 минутиrnrnКратка содржина: Откако на стариот таван ќе пронајдат мапа со скриено богатство, Мајкл и пријателите тргнуваат во негова потрага. Бегајќи од тројца криминалци и заплеткувајќи се во неверојатни авантури, оваа дружина ќе ве насмее, разнежни и ќе ве врати во детските денови кога и самите сте сонувале за слични авантури.rnrnrn

    2. Вонземјанин (E.T.)

    rnФилмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: научна фантастикаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 11 јуни 1982rnrnГлавни улоги: Хенри Томас, Дру Баримур, Питер КојотиrnrnВреметраење: 115 минутиrnrnКратка содржина: Кога 12-годишниот Елиот наоѓа вонземјанин во својата гаража, со сите сили започнува потрага по вистинскиот пат за да го врати својот нов пријател на неговата планета, истовремено избегнувајќи ги научниците, властите и полицијата кои сакаат да го пронајдат и да го задржат за експерименти. Стивен Спилберг навистина знае како секој детски сон да го прецрта и пренесе на филмското платно. Ова е уште еден доказ. „Вонземјанин“ е филм кој изобилува со фантазија, љубов, поддршка, сплотеност и најискрено пријателство. И сето тоа без разлика на возраст, раса, земја или уште помалку, планета од која се потекнува.rnrnrn

    3. Враќање во иднината (Back to the Future)

    rnФилмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: авантура, научна фантастикаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 3 јули 1985rnrnГлавни улоги: Мајкл Џ. Фокс, Кристофер Лојд, Леа ТомпсонrnrnВреметраење: 116 минутиrnrnКратка содржина: Сте помислиле ли како би било барем за момент да погледнете во својата иднина? Или можеби да отидете во минатото и да го промените? Во првиот дел од оваа трилогија, во 1985 година, д-р Браун измислува машина за патување низ времето. Неговиот пријател влегува во машината и патува во минатото во 1955 година каде ги сретнува своите родители пред тие воопшто да се запознаат. Сплетките и околностите во кои наеднаш тој се наоѓа го доведуваат во прашање неговото постоење.rnrnrn

    4. Капетан Кука (Hook)

    rnФилмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: фантазија, авантура, фамилијаренrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 11 декември 1991rnrnГлавни улоги: Дастин Хофман, Робин Вилијамс, Џулија РобертсrnrnВреметраење: 144 минутиrnrnКратка содржина: Петар Пан порасна, има деца, заборави на своето минато, но и како да се забавува. Во Недојдија е досадно, па Капетан Кука решава да ги киднапира децата на Петар Пан. Интересна приказна која нè потсетува дека никогаш не смееме да го заборавиме детето во себе, дека семејството секогаш е на прво место, а среќните и позитивни мисли можат да ги остварат и најголемите желби.rnrnrn

    5. Супермен (Superman)

    rnФилмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: научна фантастикаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 15 декември 1978rnrnГлавни улоги: Кристофер Рив, Марлон Брандо, Џин ХекманrnrnВреметраење: 143 минутиrnrnКратка содржина: Дете од друга планета е пратено во отворената вселена за да го спаси својот живот, бидејќи неговата родна планета е уништена. Лутајќи, доаѓа до планетата Земја, каде расте и развива неверојатна моќ…rnrnrn

    6. Војна на ѕвездите, 6 продолженија (Star Wars)

    rnФилмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: научна фантастикаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 мај 1977rnrnГлавни улоги: Харисон Форд, Марк Хамил, Кери ФишерrnrnВреметраење: 121 минутиrnrnКратка содржина: Лук Скајвокер ја напушта својата родна планета и заедно со други бунтовници заминува во потрага и спасување на принцезата Лија од злобниот Дарт Вејдер.rnrnrn

    7. Звукот на музиката (The Sound of Music)

    rnФилмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: фамилијарен, драма, биографскиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 29 март 1965rnrnГлавни улоги: Џули Ендруз, Кристофер Пламер, Еленор ПаркерrnrnВреметраење: 174 минутиrnrnКратка содржина: Калуѓерка го напушта манастирот за да работи како гувернанта во домот на еден капетан во пензија. Доаѓајќи со својата гитара, весел и слободен дух, таа налетува на строго опкружување, седум деца кои растат без мајка и со татко кои ги третира како што ги третира капетанот своите потчинети.rnrnrn

    8. Кралот лав (The Lion King)

    rnФилмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: анимација, авантура, комедијаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 24 јуни 1994rnrnГласови: Метју Бродерик, Џејмс Ерл Џоунс, Џим КамингсrnrnВреметраење: 89 минутиrnrnКратка содржина: Симба расте во преубаво опкружување, со родителска љубов и многу пријатели. Но, еден ден во несреќен случај пред неговите очи загинува татко му, а Симба не само што чувствува грижа дека не успеал да го спаси, туку и неговиот злобен вујко му ја разгорува вината, обидувајќи се да го протера од територијата и да му го одземе престолот на крал наследник.rnrnrn

    9. Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)

    rnФилмови со кои секое дете треба да пораснеЖанр: анимација, романсаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 22 ноември 1991rnrnГлавни улоги: Пејџ О’Хара, Роб Бенсон, Ричард ВајтrnrnВреметраење: 84 минутиrnrnКратка содржина: Таткото на Бела е заробен од еден страшен ѕвер и однесен во занданите на неговиот замок. Бела тргнува да го спаси, нудејќи му го на ѕверот својот живот во замена за слободата на таткото.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.